Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

Screenshot-2025-08-27-at-10.05.12

Изгорел „мерцедес“ во Ѓорче Петров, запален во три часот по полноќ

Пожар зафатил патничко возило во скопската општина Ѓорче Петров, при што нема повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 11 јануари 2025 година во 02:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Б. (27) од Скопје.На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го изгаснала пожарот. Како што соопштуваат од МВР, во инцидентот нема повредени лица.Извршен е увид од надлежните служби, а се преземаат мерки за утврдување на причините за настанувањето на пожарот.

Скопје | пред 1 месец

zena-apsenje-lisici-700x465

Дошла пред полициска станица и натепала полицаец: уапсена скопјанка во Гази Баба

Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.Според соопштението на МВР, на 10 јануари 2026 година во 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Е.Д. (52) од Скопје. Инцидентот се случил пред Полициската станица Гази Баба, каде таа нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија, при што му упатувала и закани.По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 1 месец

bebe

Починато бебе во Шуто Оризари, наредена обдукција

Бебе било пронајдено починато во семеен дом на подрачјето на Шуто Оризари, информира Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 10 јануари 2026 година околу 08:00 часот, во СВР Скопје од Итната медицинска помош било пријавено дека во дом на ова подрачје има починато бебе. На местото на настанот излегол лекар кој констатирал смрт без видливи траги на насилство.Полициски екипи извршиле увид, а по наредба на надлежен јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.Надлежните институции продолжуваат со постапување по случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryjog501egeaap2ZyyQQo

(Видео) Спасувачка акција над Лазарополе: заглавени работници изгубиле и телефонски контакт, полицајци цела ноќ ги барале и извлекувале

Двајца вработени во мобилниот оператор А1 биле успешно извлечени откако синоќа останале заглавени во длабок снег над селото Лазарополе, во близина на базна станица на операторот, информира Министерството за внатрешни работи.Случајот бил пријавен во СВР Тетово вчера околу 23:30 часот, при што било наведено дека со лицата не може да се воспостави контакт поради отсуство на мобилна мрежа. Веднаш по пријавата, информацијата била проследена до Полициското одделение Ростуше и биле активирани специјализирани спасувачки екипи.Во акцијата учествувале припадници на Одделот за специјални полициски операции, униформирана полиција при МВР, како и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување. Со две теренски возила опремени со санки за снег и соодветна спасувачка опрема, тимовите се упатиле кон тешко пристапната локација.Денеска околу 08:30 часот, лицата биле пронајдени и безбедно извлечени во добра здравствена состојба. Станува збор за Г.Н. (47) и М.М. (37), двајцата од Скопје, кои се движеле со теренско возило „VW Amarok“ со скопски регистарски ознаки.Тие биле лоцирани на местото познато како „Коритник“, во близина на предавателот на мрежата на А1, на атарот на селото Лазарополе.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryaghfv2svf1fi7Ja0A1g

Позната возраста на лицата кои силувале и уценувале малолетничка

СВР Куманово денеска (10 јануари 2026 година) до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против Н.А. (31) од селото Слупчане, Општина Липково, за сторени кривични дела „полов напад и силување“ и „уцена“, како и против Ќ.М. (28), исто така од селото Слупчане, за сторено кривично дело „полов напад и силување“.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Н.А. спротивно на јасно изразената волја извршил полови дејствија врз малолетна девојка на подрачјето на липковскиот регион, а потоа ја принудил на полови дејствија и со вториот пријавен, Ќ.М.По извршените кривични дела, Н.А. ѝ се заканувал на малолетничката дека ќе објави нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати сума од 20.000 евра. Под притисок и закани, девојчето било принудено да зема пари од домот без знаење на родителите, како и да позајмува од други лица, по што во повеќе наврати му ги предавала парите на пријавениот.Од МВР информираат дека случајот е целосно документиран и предаден на надлежното обвинителство, кое ќе постапува понатаму согласно законските процедури.Во интерес на истрагата, како и поради потребата од целосна заштита на малолетната жртва, Министерството за внатрешни работи апелира до медиумите и јавноста за внимателно, одговорно и етичко известување за настанот, без откривање на идентитетот на жртвата и без шпекулации, исклучиво врз основа на официјални информации.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjsahk42s1lfveGFSTj5

Пешак тешко повреден откако бил удрен од автомобил во Визбегово

Педесет и четиригодишен пешак од Велес се здобил со тешки телесни повреди откако бил удрен од патничко возило во скопското село Визбегово, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според полицијата, несреќата се случила на 9 јануари 2026 година околу 21:20 часот на улицата „4“ во Визбегово, кога патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р. (20) од Визбегово, удрило во пешакот Ц.Ц. (54) од Велес.Пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде повредите му биле констатирани од лекарска екипа. На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на СВР Скопје, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

avtobus-2

Возач на автобус физички нападнал 79-годишен патник во Бањани, кој со тешки повреди завршил во болница

Седумдесет и деветгодишен жител на скопското село Бањани се здобил со тешки телесни повреди откако бил физички нападнат од возач на автобус на јавен превоз, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 9 јануари 2026 година околу 08:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека М.В. (79) од село Бањани бил нападнат од Г.Г., возач на автобус на линијата број 61, во кој оштетениот претходно се превезувал. По симнувањето од автобусот, меѓу двајцата настанала расправија, која ескалирала во физички напад.Како последица на нападот, М.В. се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје.Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против сторителот.

Скопје | пред 1 месец

mobilen-telefon

Телефонска измама во Виница: Жена останала без над 12 илјади евра

Шеесет и седумгодишна жена од Виница пријавила дека била жртва на телефонска измама, при што ѝ биле одземени 12.400 евра, информираат од Министерството за внатрешни работи.Според пријавата поднесена на 9 јануари 2026 година во 15:00 часот во ОВР Виница, оштетената била телефонски контактирана од лице кое се претставило како лекар. Тој ѝ соопштил дека нејзината снаа наводно се здобила со тешка повреда на работното место и дека итно биле потребни пари за хируршка интервенција.Како што е пријавено, жената подигнала пари од банка и ги оставила на локацијата што ѝ била посочена од лицето, верувајќи дека помага во лекувањето. Подоцна сфатила дека станува збор за измама и случајот го пријавила во полиција.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителот.

Македонија | пред 1 месец

policija-2457

Пронајден починат 48-годишен маж во стан во Скопје

Починато лице е пронајдено во стан во централното градско подрачје на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Случајот бил пријавен на 9 јануари 2026 година во 17:07 часот во СВР Скопје.Според официјалната информација, во стан на улицата „Рајко Жинзифов“ бил пронајден починат А.М. (48) од Скопје. На местото на настанот интервенирал лекар, кој констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.По насоки на надлежен јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryljufqr7phict3xdoBRS

18-годишник ја усмртил жената во Капиштец, па веднаш со татко му избегал од државата: автомобилот најден пред нивната куќа

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 11:30 часот на улицата „Народен фронт“ во центарот на Скопје, во која животот го загуби 79-годишна жена.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (18) од Скопје, удрило во пешакот Љ.Ј. (79), која од здобиените повреди починала во Ургентниот центар. По несреќата, возачот го напуштил местото на настанот без да ѝ укаже помош на повредената жена.По пријавата за несреќата, полициските службеници веднаш презеле интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и возилото. Преку системот „Безбеден град“, камерите од околните објекти и изјави од сведоци, било утврдено дека станува збор за возило сопственост на Б.С. (45) од Скопје, управувано од неговиот син С.С. (18).Возилото било пронајдено пред домот на сопственикот, каде бил затекнат С.С. (69), кој бил приведен и со него бил извршен службен разговор. Дополнително било утврдено дека возачот С.С. (18) и неговиот татко Б.С. (45), со помош на Ш.П. (45) и А.Ј. (53) од Скопје, ја напуштиле државата во текот на истиот ден.Лицата Ш.П. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“, додека против 18-годишниот возач е поднесена кривична пријава за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и за „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“.По возачот и неговиот татко е распишана потерница, а во рамки на истрагата се пронајдени и одземени двете возила – „фолксваген пасат“, со кое била удрена жената, и „мерцедес“, со кое осомничените ја напуштиле државата. За целиот случај е известен јавен обвинител, а истрагата продолжува.Трагедијата предизвика силни реакции во јавноста, особено поради фактот што сторителот го напуштил местото на несреќата и, со помош на други лица, се обидел да избегне одговорност за загубениот човечки живот.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryonns35rivjtp1on1dLa

Се собрале четири кавадарчани за да крадат ламинат од магацин, ама ги уапсија

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кавадарци, на 9 јануари 2026 година, во периодот од 16:00 до 19:35 часот, лишиле од слобода четири лица од Кавадарци, осомничени за сторено кривично дело кражба. Станува збор за Е.О. (32), И.С. (28), К.Ј. (26) и Ѓ.К. (26), кои, според полициските информации, одзеле ламинат од магацински простор во сопственост на правно лице од градот.Дел од одземениот материјал бил пронајден и вратен на сопственикот. По приведувањето, осомничените биле задржани во полициска станица, а за настанот бил известен надлежен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfnj5faddj1623AC394u

Почина жената што утрово беше прегазена на „Народен фронт“ во Скопје

Жената која денеска беше прегазена на улицата „Народен фронт“ во центарот на Скопје, починала попладнево во Ургентниот центар, каде што беше пренесена по сообраќајната несреќа, информираат здравствени извори.Според Министерството за внатрешни работи, станува збор за жена на возраст од околу 75 години, а возачот кој го удрил пешакот и го напуштил местото на настанот и е во бегство.На местото на несреќата напладне беа забележливи траги од крв и скршен ретровизор од возилото. Полициски екипи и понатаму вршат увид и преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.

Скопје | пред 1 месец

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

Работник починал по пад од зграда во изградба во Дебар

На 08.01.2026 околу 11:35 часот во ОВР Дебар, од Итна медицинска помош е пријавено дека на пат кон болницата во Дебар починал С.К.(40) од Дебар. Според пријавеното, околу 11:15 часот тој паднал од зграда во изградба на ул.„Братство единство“ во Дебар, каде што работел, и на пат кон болницата починал. На местото излегле трудов инспектор и јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција. Увид на местото извршила екипа од ОВР Дебар, соопшти МВР.

Македонија | пред 1 месец

media-librarypinaq9vv1e5u3Ce2AG3

Пријава за физички напад од партнерка во Центар

На 08.01.2026 во 00:00 часот во СВР Скопје, 36-годишен маж од Скопје пријави дека на 04.01.2026 во неговото патничко возило на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од неговата 36-годишна партнерка И.В. од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР

Скопје | пред 1 месец

IMG_0085

Уапсен државјанин на Турција и гостиварец оти платиле нафта со 50 евра за кои постои сомнеж дека се фалсификувани

Две лица се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“ на автопатот Гостивар–Тетово, кај селото Жеровјане, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според информациите од МВР, на 6 јануари 2026 година околу 21:35 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле С.С. (31) од Гостивар и Ч.Ј.Б. (24) од Република Турција, по претходно пријавен настан поврзан со користење сомнителна банкнота.Имено, во 17:15 часот во Полициското одделение Жеровјане, А.Р. (22) од селото Жеровјане, вработен на бензинска пумпа во истото село, пријавил дека околу 15:40 часот две лица со патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски таблички точеле гориво и му дале банкнота од 50 евра, за која се посомневал дека е фалсификувана.По преземените мерки, двете лица биле пронајдени и лишени од слобода, а во моментов се задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања