Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

МВР

brza-pomos

Малолетник со автомобил удрил пешак во Скопје

На 14.01.2026 околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Скопје | пред 1 месец

aerodrom-skopje-1

Тепачка во авион што слетал од Германија на аеродромот во Скопје

На 14.01.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР

Скопје | пред 1 месец

media-library9hgvvo1eq8ub52ZiCEb

Удрил со автомобил во полицаец, па и го натепал и избегал: драма во кумановско, имало пукање

Полициски службеници од Министерството за внатрешни работи, односно од СВР Куманово, на 14 јануари 2026 година во 23:30 часот во селото Романовце, кумановско, лишиле од слобода 28-годишно лице од истото село, поради сериозно нарушување на јавниот ред и напад врз полициски службеник.Според информациите од МВР, околу 22:30 часот во селото Отља, липковско, лицето не застанало на даден знак за запирање од страна на полицијата и со патничко возило „ауди А3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувало, удрило во полициски службеник, по што продолжило со движење.Во близина на селото Романовце, возачот застанал, го напуштил возилото и се обидел да побегне пеш. При обидот за бегство, еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух, по што осомничениот бил стигнат и фатен. При приведувањето, лицето пружало отпор и физички нападнало полициски службеник.Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiqhfr5sq9egc1XgoYzT

Осомничениот за смртната несреќа во Капиштец имал досие во МВР уште како малолетник

Осумнаесетгодишниот Саит Саитов, кој е во бегство по сообраќајната несреќа со смртен исход во скопската населба Капиштец, има досие во Министерството за внатрешни работи, потврдуваат од полицијата. Според МВР, Саитов уште минатата година, кога бил малолетен, бил санкциониран поради управување моторно возило без положен возачки испит, исто како и во случајот кога ја усмрти Љуба Јаковлеска.Од МВР за „Скопје1“ информираат дека за Саитов, по барање на СВР Скопје, во 2025 година му била изречена санкција по член 225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за управување возило без положен возачки испит. Истовремено, за неговиот татко Берти Саитов била поднесена прекршочна пријава по член 317 став 14, поради давање возило на управување на лице без возачка дозвола.Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18-годишниот осомничен за кривичните дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, поврзани со несреќата што се случи на 9 јануари на улицата „Народен фронт“ во Капиштец. Според обвинителството, осомничениот управувал патничко возило „фолксваген пасат“, извршил непрописно поместување налево, навлегол во лента од спротивен правец и возел со брзина неприлагодена на условите, при што немал важечка возачка дозвола.Во тие околности, со возилото удрил во пешакот Љуба Јаковлеска, која го преминувала коловозот, а по ударот и падот на асфалтот таа се здобила со тешки телесни повреди. Наместо да ѝ укаже помош, осомничениот го напуштил местото на настанот. Повредената била пренесена во Ургентниот центар, каде подоцна починала и покрај укажаната медицинска помош.Обвинителството информира и дека уште две лица, маж и жена, се осомничени дека му помогнале на возачот по извршувањето на кривичното дело, пренесувајќи го со свој автомобил преку граничниот премин Табановце и овозможувајќи му да ја напушти државата. По нивното враќање во земјата тие се лишени од слобода, а за нив е побарана мерка притвор.Притвор е побаран и за осомничениот возач, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, а мерката ќе започне да се спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Во меѓувреме, врз основа на прибраните докази, по него е распишана централна и меѓународна потерница по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за кривично дело казниво по член 300 од Кривичниот законик.Од надлежните институции упатуваат апел до граѓаните, доколку имаат какви било сознанија за движењето или престојот на осомничениот, веднаш да ја известат полицијата.

Скопје | пред 1 месец

bolnica-tetovo

Во пожар во стан во Тетово загинал 76-годишниот сопственик, неговиот син се здобил со изгореници

На 13.01.2026 во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.,,180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на О.С.(76) од Тетово, кој починал на местото. Лекар констатирал смрт.При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово,кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош. Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово, соопшти МВР

Македонија | пред 1 месец

media-libraryid83gcu8ab0d0PYykaJ

Осум возачи приведени поради „алкохол зад волан“, еден во Битола предизвикал сообраќајка

На 14.01.2026 во 00:32 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип втори македонски“ и ул.„Батаљон Стив Наумов“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд ескорт“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(36) од Битола и патничко возило „дачиа сандеро“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(61) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од патничкото возило „дачиа сандеро“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките Ј.Т.(24) и Ф.Т.(24) од возилото „дачиа“, двете од Битола, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола и по преземени мерки е констатирано дека возачот на патничкото возило „форд ескорт“ го управувал возилото под дејство на алкохол, односно во организмот имал 1,81 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода.На 13.01.2026 во 23:35 часот на крстосница од ул.„Лесковачка“ и ул.„Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.П.(28) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,55 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 14.01.2026 во 00:52 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода В.О.(50). При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „шевролет“ со италијански национални ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 14.01.2026 во 02:50 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Б.(38) од Неготино. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,54 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 13.01.2026 во 19:30 часот на ул.„28 Август“ во Македонска Каменица, полициски службеници од ОВР Македонска Каменица го лишија од слобода Д.Р.(72) од Македонска Каменица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,27 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 13.01.2026 во 21:40 часот на магистралниот пат А2 во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода И.К.(44) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,84 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 13.01.2026 во 21:13 часот на ул.„Јусуф Багери“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Љ.М.(60) од Дебар. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,83 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.На 13.01.2026 во 20:58 часот на ул.„Довлеџик“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Д.А.(58) од Битола. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „киа“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,92 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryiqhfr5sq9egc1XgoYzT

(Фото) Објавен идентитетот на момчето кое ја усмрти жената во Капиштец и избега преку Табановце, распишана потерница

На официјалната интернет-страница на Министерството за внатрешни работи е објавена централна и меѓународна потерница за лицето осомничено за сообраќајната несреќа со смртен исход што неодамна се случи во скопската населба Капиштец.Станува збор за Саитов Саит, роден на 6 април 2007 година во Скопје, од татко Берти и мајка Ганимете, со последна пријавена адреса на улицата „Дом Ндуе Битичи“ во Скопје. По него се трага по барање на Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, казниво по член 300 од Кривичниот законик.Потерницата е распишана откако осомничениот, по сообраќајната несреќа во која беше смртно прегазена жена, го напуштил местото на настанот и станал недостапен за органите на прогонот. Надлежните институции апелираат до граѓаните, доколку имаат сознанија за неговото движење или престој, веднаш да ја известат полицијата.Од МВР информираат дека потрагата се води интензивно, во координација со домашни и меѓународни служби, со цел осомничениот да биде лоциран, лишен од слобода и изведен пред лицето на правдата.Детали за несреќата:

Македонија | пред 1 месец

media-library4s83ii19s4ni5A8aajh

Син си ја убил мајката во Богданци, со повеќе убоди во пределот на главата

Маж од Богданци е лишен од слобода поради сомнение дека со остар предмет ја усмртил својата мајка, а по извршувањето на делото самиот се пријавил во полиција.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 12 јануари 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го уапсиле П.С. (39) од Богданци. Според првичните сознанија, претходната вечер околу 21 часот, во станот каде што живееле, избувнала расправија меѓу него и неговата мајка М.С. (58), која ескалирала во физичка пресметка. Во текот на конфликтот, осомничениот со остар предмет ѝ нанел повеќе убодни рани во пределот на главата.Жената починала од здобиените повреди, а смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Гевгелија.Од МВР дополнуваат дека утрото, во 07:05 часот, осомничениот сам се пријавил во Полициската канцеларија во Богданци и го признал настанот.Увид на местото на злосторството извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и екипа од ОВР Гевгелија. По наредба на обвинителот, телото на починатата е предадено на обдукција, а против осомничениот во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело убиство.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqlvl9dht1apaeMC5OOl

Уапсено лицето го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници денеска го лишија од слобода 54-годишниот Ш.А. од Скопје, осомничен дека го оштетил стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во главниот град.Како што информира Министерството за внатрешни работи, приведувањето било извршено денеска во 12:40 часот на улицата „Кирил и Методиј“, од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар. Според полицијата, Ш.А. се сомничи дека вчера, на 11 јануари 2026 година, го извршил оштетувањето на објектот на бугарската дипломатска мисија во Скопје.Од МВР наведуваат дека веднаш по пријавувањето на инцидентот биле преземени интензивни мерки и активности за идентификување и пронаоѓање на сторителот, по што лицето било приведено.По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Двајца малолетници од Скопје уапсени откако со мотор удриле во полицаец

На 09.01.2026 во 00:45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода и приведоа двајца 16-годишници од Скопје. При вршење службени дејствија, околу 00:10 часот на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, полициски службеници забележале мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал еден од малолетниците, но тој не застанал на знак за запирање, по што со мотоциклот удрил во еден полициски службеник и му нанел повреди. Набргу, по преземени мерки мотоциклот е запрен и тие се фатени, при што малолетниот сопатник агресивно се однесувал кон полициските службеници.По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Скопје | пред 1 месец

IMG_6897

Струмичанец со автомобил удрил во полицаец, оти се обидел да го легитимира, па го бркале до патарина

Шеесет и осумгодишен жител на Струмица е лишен од слобода откако со возило удрил полициски службеник и го напуштил местото на настанот на наплатна рампа кај Миладиновци, информираат од Министерството за внатрешни работи.Од МВР соопштија дека на 11 јануари 2026 година во 18:40 часот, на наплатната станица Преод, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.П. (68) од Струмица. Приведувањето следело по настан што се случил околу 17:50 часот на наплатната станица Миладиновци, кога полициски службеници сопреле патничко возило „фиат браво“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.П., со намера да извршат легитимирање.Според информациите од полицијата, наместо да постапи по наредбите, возачот го стартувал возилото и удрил еден од полициските службеници, по што го напуштил местото на настанот. По преземените мерки и активности, тој бил пронајден и приведен на друга наплатна станица.Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежните органи.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryas06l1tddm73bNDOdNr

МВР трага по лицето кое искрши стакло од амбасадата на Бугарија во Скопје

Министерството за внатрешни работи информираше дека денеска, 11 јануари 2026 година, во 15:55 часот, во СВР Скопје бил пријавен инцидент во објектот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.Според МВР, пријавата била доставена од Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при МВР, откако офицерот за безбедност на амбасадата, преку системот за видео-надзор, забележал дека едно лице оштетило стакло на влезната врата од дипломатското претставништво.Од Министерството наведуваат дека веднаш се преземени мерки и активности за целосно расчистување на случајот, при што се работи на утврдување на идентитетот на сторителот и на сите околности поврзани со настанот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarystgi4tu0tsqr3HEbMzZ

(Видео) Пет лица повредени во сообраќајната несреќа на патот Тетово–Скопје

Пет лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила денеска попладне на патниот правец Тетово–Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи за „Скопје1“Несреќата била пријавена во 15:50 часот во СВР Тетово, а во неа учествувале патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ. (35) од Струга, и патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Б. (46) од селото Долна Лешница.Во судирот телесни повреди добиле возачот на „мерцедесот“ и еден сопатник од истото возило, како и тројца сопатници кои се превезувале во „голфот“. Повредите им биле констатирани во Клиничката болница во Тетово.На местото на настанот извршен бил увид од страна на екипа на СВР Тетово, а причините за сообраќајната незгода се утврдуваат.

Настани | пред 1 месец

Screenshot-2025-08-27-at-10.05.12

Изгорел „мерцедес“ во Ѓорче Петров, запален во три часот по полноќ

Пожар зафатил патничко возило во скопската општина Ѓорче Петров, при што нема повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи.Според пријавата, на 11 јануари 2025 година во 02:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров настанал пожар на патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Б. (27) од Скопје.На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го изгаснала пожарот. Како што соопштуваат од МВР, во инцидентот нема повредени лица.Извршен е увид од надлежните служби, а се преземаат мерки за утврдување на причините за настанувањето на пожарот.

Скопје | пред 1 месец

zena-apsenje-lisici-700x465

Дошла пред полициска станица и натепала полицаец: уапсена скопјанка во Гази Баба

Жена од Скопје била лишена од слобода откако физички нападнала полициски службеник и му упатувала закани пред Полициската станица Гази Баба, информира Министерството за внатрешни работи.Според соопштението на МВР, на 10 јануари 2026 година во 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле Е.Д. (52) од Скопје. Инцидентот се случил пред Полициската станица Гази Баба, каде таа нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија, при што му упатувала и закани.По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања