Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

МВР

close-up-man-preparing-steal-from-young-woman

Разбојници од Скопје се обиделе да украдат пари од петмина малолетници

На 25.07.2024 во 20.00 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари.Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица. По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично

Скопје | пред 2 години

pistol

Приведен 51-годишен маж: Со пиштол се заканувал поради недоразбирање, кај него пронајдени и други пиштоли и муниција

На 25.07.2024 во 10.00 часот на улица „146“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(51) од тетовско, затоа што околу 08.50 часот, поради недоразбирање околу паркирање на возила, со пиштол му се заканил на Н.А.(54) од тетовска Мала Речица.При приведувањето, кај А.А. бил пронајден и одземен пиштол кубура, додека подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени пиштол „Црвена застава“ калибар 7.62мм, две рамки за пиш

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-35-6640PM

Несреќа во Скопје: Едно лице тешко повредено, три лица со полесни повреди

Денеска (26.07.2024) во 00.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат с.Драчево-с.Морани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од И.С.(26) од с.Зелениково, скопско и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Ф.И.(43) од с.Страхојадица, скопско, двете со скопски регистарски ознаки.Во несреќата сопатничка од возилото „фолксваген голф“, Х.К.(36) од с.Морани, скопско, се здобила со тешки телесни повреди, а И.С., нејзиниот малолетен сопатн

Скопје | пред 2 години

Soobrakjajka-Kacanicki-1

Возило прегазило пешак, па удрило во друго паркирано возило и во излог од вулканизерска работилница

На 25.07.2024 во 13.25 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар – с.Чегране, кај с.Форино, гостиварско, патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од К.Д.(19) од Австрија, удрило во пешакот Џ.И.(71) од с.Форино, а потоа во паркирано патничко возило „фолксваген пасат“ со германски национални ознаки, сопственост на И.Е.(63) од с.Форино, како и во излог од вулканизерска работилница.Во несреќата со тешки телесни повреди се здо

Македонија | пред 2 години

uapsen

Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна

На 25.07.2024 во 14.40 часот на улица „Живко Брајковски“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Ф.Т.(55) од Гостивар.Тој бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од три години, за сторено кривично дело „трговија со луѓе“ по член 418 - а став 3 од Кривичниот законик.Ф.Т. е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово-Скопје за издржување на затворската казна.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Полициските хеликоптери исфрлија над 65 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“

Денеска (25.07.2024), Одделот за воздухопловни единици при МВР учествуваше со два хеликоптери во гасење на пожарот во реонот на Јасен.Во 12 налети исфрлени се над 65 тони вода со што се локализирани жариштата од едниот реактивиран крак на пожарот и спречено е ширење на огнот кон селото Брезница , селото Тажево и националниот парк Јасен.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претрес во Велес, приведен дилер

На 24.07.2024 во 14.25 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишиле од слобода А.Т.(26) од Велес.При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш, семки од канабис, растение канабис сатива, дигитална вага и пари во различни валути и апоени.А.Т. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и против него е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичнио

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-51-1800PM

Приведени седум странски државјанки, нелегално работеле и престојувале во државата

На 24/25.07.2024, во периодот од 23.00 часот до 03.30 часот, полициски службеници од СВР Тетово - Полициско одделение Галате извршиле акциска контрола во угостителски објект во близина на автопатот Тетово-Гостивар, сопственост на Р.Б.(49) од Гостивар, а со цел пронаоѓање на странски државјани кои илегално престојуваат и работат на подрачјето и на лица кои се бараат по разни основи, присуство во угостителски објекти на малолетници по полноќ, контрола на возила и сл.При контролата биле приведени

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_01-10-2023_05-24-22-7060PM

Сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мотоцикл, двајца малолетници се тешко повредени

На 24.07.2024 во 22.50 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на крстосница од регионален со локален пат, помеѓу струшките села Боровец и Лабуништа, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл, управуван од малолетник од с.Лабуништа и патничко возило „фолксваген пасат“, управувано од Ф.Н.(53) од с.Лабуништа, двете со струшки регистарски ознаки.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мотоциклот и неговиот малолетен сопатник констатирани во Специјалната болн

Македонија | пред 2 години

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-55-5960PM

(Видео) Кривична пријава против тројца полициски службеници: Рафално пукале со автоматска пушка

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против А.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце, Д.Д., полициски службеник во Полициско одделение Теарце и Ј.Б., полициски службеник во Полициската стан

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога

На 24.07.2024 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.Н.(48) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.За настанот бил запознаен јавен обвинител и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

kradec-1

Битолчанец украл накит од 74-годишна жена

На 24.07.2024 во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Р.(23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 15.30 часот влегол во дворот на С.Б.(74) од Битола и со употреба на сила ѝ одзел личен накит.Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 2 години

06

108 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум санкции, десет мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, три мерки за користење на мобилен телефон при возење.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитуваме с

Скопје | пред 2 години

Нема фотографија

Лишени двајца косовски државјани, во автобус криумчареле стока без соодветна документација

Денеска (24.07.2024) околу 03.50 часот на магистрален пат Крива Паланка – Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции запреле автобус, сопственост на компанија за превоз на патници од Косово.При извршениот преглед на возилото и патниците, пронајдени се повеќе кутии со лекови со вкупно 5.942 таблети, 100 пакувања со кафе, 36 чанти со натпис од заштитени брендови, 104 машки парфеми и други предмети за кои немало соодветна док

Македонија | пред 2 години

siluvanje

Нови детали за битолчанецот кој уценувал девојка на секс: Ја принудил да му исплати пари, стекнувајќи се со имотна корист од околу 5.500 евра

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против В.Т.(25) и од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „уцена“, казниво по член 259 и „полов напад и силување“, казниво по член 186 став 1, а во врска со став 4 од Кривичниот законик и против Б.Т.(33) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“, казниво по член 24, во врска со кривично дело по член 259 од Кривичниот законик.Првопријавениот В.Т., во п

Македонија | пред 2 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Скопјанец нападнал маж: Му го оштетил автомобилот и му го украл телефонот

На 23.07.2024 во 13.10 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(34) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 12.45 часот на паркинг простор пред хотел на подрачјето на Центар му го одзел мобилниот телефон на С.Ј.(62) од Пробиштип. Според пријавеното, при обид да си го врати одземеното, С.Ј. бил нападнат со тврди предмети од А.Б., кој му го оштетил возилото.Со А.Б. бил извршен службен разговор во полициска станица и кај него бил пронајден о

Скопје | пред 2 години

velosiped

Удрен велосипедист во Тетово, со тешки повреди однесен во болница

На 23.07.2024 во 11.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од булевар „Видое Смилевски Бато“ со улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(69) од Тетово, удрило во велосипед, управуван од С.У.(28) од Тетово.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Тетово.Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Малолетник со мопед прегазил 57-годишна жена

На 23.07.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„532“ со ул.„526“ во с.Кадино, општина Илинден, мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Кадино, удрил во пешакот О.М.(57) од с.Миладиновци.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила О.М., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 2 години

traktor-1

Загина 60-годишен маж: Изгубил контрола над тракторот и излетал од патот

На 23.07.2024 во 06.55 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на место викано „Цигански рид“ во Виница, В.М.(60) од с.Градец, виничко, додека управувал трактор „масеј фергусон“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот В.М., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.По наредба на Јавен обвинител од ОЈО Кочани телото на починатиот било дадено на обдукција.Извршен бил увид од увид

Македонија | пред 2 години

IMG_5160

Девет млади лица фатени со дрога во Охрид

На 22.07.2024 во 23.45 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Т.М.(19), А.С.(18), Т.Ч.(28), Д.А.(23), К.С.(20), А.С.(18), Х.П.(18) и двајца малолетници, сите од Скопје.При претрес во камп приколка во автокамп на брегот на Охридското Езеро, која ја користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 23 пакувања со бела грутчеста материја, повеќе метални кутии со бела грутчеста материја, марихуана и други предмети

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Приведени две лица од Штип, кај нив пронајдена марихуана и поголема сума на пари

На 23.07.2024 во Штип, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода А.Џ.(36) и Ќ.Х.(22) од Штип.При претрес во домот на А.Џ., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, поголема сума пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.Додека, при претрес во домот на Ќ.Х., извршен исто така со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со о

Македонија | пред 2 години

IMG_5157

Приведени дрвокрадци во Куманово

На 23.07.2024 околу 22.30 часот во населба „Ајдучка чешма" во Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.При преглед на товарно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација. Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведе

Македонија | пред 2 години

policija-policaec-35

110 санкционирани возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (23.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 110 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола седум санкции, седум мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 13 мерки за непочитување на брзината на движење, девет мерки за користење на мобилен телефон при возење.Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Апелираме до граѓаните да ги почитувам

Скопје | пред 2 години

Screenshot-2024-02-03-at-09.58.20

Расчистено убиството во Гостивар: убиениот е пукан со автоматска пушка, а најдено е и возилото

„Расчистено убиството во гостиварско Дебреше, лишени од слобода три лица“, објави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и додава:Полициски службеници од СВР Тетово попладнево (23.07.2024) лишија од слобода три лица и го расчистија убиството кое се случи денеска во гостиварско Дебреше околу 17.15 часот.Веднаш по добиената пријава дека е пукано врз Р.К.(35) од Дебреше воспоставена е оперативна акција “обрач” за пронаоѓање и лишување од слобода на сторителите. По кратко време, сторителите

Македонија | пред 2 години

brza-pomos-51

Почина 19-годишник на забава во Радишани: излегол од базен да пушти музика, паднал по струен спој

На 23.07.2024 во 23.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на домашна забава во Радишани, скопско, од струен удар починал Љ.Љ.(19) од Скопје. Според пријавеното, откако излегол од базенот, Љ.Љ. преку миксетата сакал да пушти музика и во тој момент паднал од краток спој.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Чаир.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања