Промени тема
Контакт

МВР

noz-ubistvo-napad

Малолетник нападнал 14-годишник со остар предмет на Бит Пазар

Четиринаесетгодишно момче било физички нападнато и изложено на закани со остар предмет на подрачјето на Бит Пазар во Скопје.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 28 септември во 00:30 часот во СВР Скопје од таткото на малолетникот, 34-годишниот М.И. од Скопје.Според пријавеното, инцидентот се случил околу 21:20 часот, кога малолетно лице, кое било заедно со други лица, физички го нападнало 14-годишникот и му упатувало закани со остар предмет.Од полицијата преземаат мерки за расчистува

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvfitn7r6hsp001zvOAO

Хаос во казино во Кисела Вода: оштетен инвентар, активирани противпожарни апарати

Инцидент се случил во казино на подрачјето на Кисела Вода, каде две лица ги вознемирувале гостите, а потоа бил оштетен и дел од инвентарот.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 28 септември во 02:35 часот во СВР Скопје. Според пријавеното, едно од лицата фрлило мобилен телефон кон жена, но не ја погодило.Двете лица, според пријавата, оштетиле дел од инвентарот во објектот и активирале противпожарни апарати. Поради проблеми со дишењето, неколку гости и вработени биле пренесени во Компл

Македонија | пред 2 дена

zatvor

Пронајдени пари и мобилен телефон кај осуденик во затворот „Скопје“

Пари и мобилен телефон со полнач биле пронајдени и одземени од осуденик во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.Од МВР информираат дека на 27 септември во 19:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај осуденикот В.Т. (40) биле пронајдени и одземени пари и мобилен телефон со полнач.Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Малолетна девојка физички нападната со тврд предмет од партнерот во Центар

Малолетна девојка била физички нападната и удрена со тврд предмет од нејзиниот партнер во центарот на Скопје.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен на 27 септември во 16:30 часот во СВР Скопје од 54-годишниот Ш.Х. од Скопје.Според пријавеното, инцидентот се случил околу 00:30 часот на подрачјето на Центар, кога малолетната ќерка на пријавителот била физички нападната од нејзиниот партнер, кој ја нападнал и со тврд предмет.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 2 дена

media-library53vipbsbvjguaM3KcrB

46-годишна скопјанка пронајдена почината во стан во Кисела Вода

На 27 септември во стан на подрачјето на Кисела Вода била пронајдена почината 46-годишна жена од Скопје.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен во 10:00 часот во СВР Скопје. На местото пристигнал лекар од Итната медицинска помош, кој констатирал смрт без видливи траги на насилство.По насоки на јавен обвинител, телото на починатата Т.Д. било предадено на обдукција, со која треба да се утврдат околностите и причината за смртта.

Македонија | пред 2 дена

pozar

83-годишен маж почина од последиците од вдишување чад по пожар во куќа во Берово

Трагедија се случила утрово во Берово, каде во пожар во куќа починал 83-годишен маж.Од МВР информираат дека пожарот бил пријавен во 06:25 часот во ОВР Берово. Огнот избувнал во куќата на С.Б. (83), а бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Берово.Според пријавеното, С.Б. починал како последица на интоксикација од чад. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Берово.На местото извршиле увид јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Берово.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryt99h4t306e1u5cc8a0J

63-годишник пријавил дека бил нападнат со тврд предмет од две лица, потоа го пријавиле него дека нападнал малолетник со остар предмет

Две пријави поврзани со инцидент биле поднесени во СВР Битола од жители на селото Саждево, Крушевско.Од МВР информираат дека на 27 септември во 18:41 часот, С.А. (63) пријавил дека пред неговиот дом бил физички нападнат со тврд предмет од С.М. и О.М., двајцата од село Саждево.Истиот ден, во СВР Битола, О.М. (36) пријавил дека неговиот малолетен син бил упатен закани со остар предмет од С.А., кој, според пријавеното, му го оштетил и велосипедот.По целосното документирање на настанот, од МВР најав

Македонија | пред 2 дена

media-libraryj0h8k113kh8g7Qh36PC

43-годишен маж уапсен во Прилеп по напад врз сопругата

43-годишен прилепчанец бил лишен од слобода откако во семејниот дом физички ја нападнал својата сопруга.Од МВР информираат дека на 27 септември во 03:20 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.А. (43) од Прилеп.Според пријавеното, тој во семејниот дом физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryl57p2o6jkug75UUGPVk

56-годишна скопјанка пронајдена почината во автомобил на автопатот Гевгелија-Велес

Трагичен настан се случил синоќа на автопатот Гевгелија-Велес, каде што 56-годишна жена од Скопје била пронајдена без знаци на живот во автомобил покрај патот.Од полицијата било пријавено дека случајот се случил во 19:40 часот. Во патничко возило „Фолксваген Пасат“ со скопски регистарски ознаки била пронајдена М.Д. од Скопје.На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош, при што лекарот констатирал смрт. Според првичните информации, на телото немало видливи траги на насилство.Увид извр

Македонија | пред 2 дена

media-library946ngmkpnkfo2kaR0rR

По сообраќајна незгода настанала расправија, па дошло и до физички напад

По сообраќајна незгода меѓу две возила дошло до физички напад кај местото викано „Врбица“, на патот Пршовце-Јегуновце.Како што информира МВР, на 27 септември во 13 часот во Полициското одделение Теарце, 65-годишниот А.Е. од село Шемшево пријавил нарушување на јавниот ред и мир.Според пријавеното, околу 11:15 часот, по сообраќајката, А.Е. се обидел да спречи вербален напад врз една од учесничките во незгодата. Во тој момент, вториот учесник во сообраќајката, И.Р. од село Пршовце, го удрил А.Е.При

Македонија | пред 2 дена

media-libraryih13c1opq9qb7UhBKlJ

16-годишник затекнат како управува мопед без возачка дозвола во Тетово, бил со неговиот родител

Полицијата во Тетово лишила од слобода 16-годишник кој бил затекнат како управува мопед без возачка дозвола.Од МВР информираат дека на 27 септември во 21:30 часот, на улицата „Љубо Божиновски Пиш“ во Тетово, полициски службеници го затекнале малолетникот како управува мопед „Априлија“. Тој бил во присуство на својот родител.Малолетникот бил лишен од слобода, а мопедот бил одземен.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 2 дена

media-libraryvut6hq0duq8h8GX4mxU

Фатен со половина кубик огревни дрва и без возачка дозвола кај Камењане

33-годишен жител бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува возило без возачка дозвола, а во багажникот му биле пронајдени и огревни дрва.Од МВР информираат дека на 27 септември во 14:40 часот, на клучката Камењане, полициски службеници сопреле патничко возило „Шкода“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (33).При прегледот во багажникот биле пронајдени околу 0,5 кубни метри огревни дрва. Дополнително било констатирано дека А.Д. управувал со возилото без стекн

Македонија | пред 2 дена

media-libraryi2jjk0075tur6rBG75F

Акцијата сè уште трае: Пронајдени автоматско оружје и симболи на ИСИС, има апсења и одземање на уреди

Автоматско оружје, муниција, ножеви и тактички елек се само дел од предметите пронајдени во утринската полициска акција која сè уште е во тек, дознава „Скопје1“.Според неофицијалните информации на „Скопје1“, Министерството за внатрешни работи постапува по претходно добиени оперативни сознанија од Агенцијата за национална безбедност.Акцијата следувала по сознанија дека на територијата на Македонија дејствува група, по што биле преземени активности и претреси. При нив, покрај оружјето и другата оп

Македонија | пред 2 дена

media-library442u516q70206nazeAm

Тешко повредено дете во сообраќајка во Скопје

Малолетен пешак од Скопје се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила вчера попладне на улицата „Славеј Планина“.Според информациите од МВР, незгодата се случила вчера, на 27 септември околу 16 часот, кога се судриле патничко возило „ауди“, управувано од 25-годишниот Б.С. од Скопје, и малолетниот пешак.По незгодата, пешакот бил пренесен со возило на Итната медицинска помош во Ургентниот центар „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.За слу

Македонија | пред 2 дена

media-librarysaanip7689lebpRyjLn

Му побарале 300.000 денари за да ѝ ги покажат на сопругата на еден од измамниците, а како гаранција му оставиле чанта со наводни 10.000 евра – која била празна

Двајца жители на Велес се пријавени за измама откако, според МВР, во Струга довеле во заблуда 88-годишен маж и му одзеле 300.000 денари.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднела кривична пријава против А.С.(67) и Д.С.(42), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.Случајот се случил на 6 август во Струга. Според пријавата, двајцата побарале од 88-годишникот да им донесе 300.000 денари, со образложение дека треба

Македонија | пред 3 дена

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Полицијата заплени дрога на повеќе локации низ Македонија, приведени повеќе лица

Полициски службеници во текот на 26 и 27 септември на повеќе локации во Македонија лишиле од слобода и привеле повеќе лица поради пронајдена дрога.Во Куманово, на 26 септември во 22:35 часот, припадници на Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово го лишиле од слобода 18-годишниот П.Д. од село Долно Којнаре. При преглед кај него била пронајдена бела грутчеста материја.Истиот ден во 22:20 часот во Штип бил лишен од слобода 31-годишниот И.М

Македонија | пред 3 дена

media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Влегле во станица за технички преглед во Чаир, украле ресивер од видеонадзорот

Во СВР Скопје во текот на ноќта било пријавено дека со употреба на сила било провалено во објект на станица за технички преглед на улицата „Александар Урдаревски“ во Чаир.Според пријавата, провалата се случила во периодот од 15 часот на 26 септември до 2:42 часот на 27 септември. Од канцеларијата на раководителот бил одземен ресиверот од системот за видеонадзор.Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека со употреба на сила било влезено и во експозитура на банка, како и во канцел

Македонија | пред 3 дена

media-libraryuv02ob277vl9cvGB1hd

Маж ја нападнал сопругата, па пробал да избега од полиција

Скопската полиција привела 44-годишен маж од Скопје откако, според пријавеното, физички ја нападнал сопругата, а потоа повторно ја нападнал пред полициско одделение во Шуто Оризари.Од МВР информираат дека на 26 септември околу 15:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Д.(44). Претходно, тој физички ја нападнал својата 42-годишна сопруга.Откако жената дошла во Полициското одделение Шуто Оризари за да го пријави случајот, 44-годишникот дошол по неа. Според МВР, тој се

Македонија | пред 3 дена

media-libraryhrn0avup678g38aUTLX

31-годишен маж украл детски четрицикл

Скопската полиција привела 31-годишен маж под сомнение дека одзел детски четирицикл на подрачјето на Гази Баба.Од МВР информираат дека на 26 септември во 21:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.Б.(31) од Скопје.Четирициклот бил пронајден и вратен на сопственикот.По целосното документирање на случајот, против 31-годишникот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 дена

media-libraryc05j9ok1bkh9c2brs1N

Скопјанец сместен во здравствена установа откако со остар предмет ѝ се заканувал на сопругата

Во СВР Скопје во раните утрински часови било пријавено дека 43-годишен маж во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром ѝ упатувал закани на сопругата со остар предмет.Од МВР информираат дека случајот бил пријавен денеска (27 септември) во 3:24 часот.Лицето било сместено во здравствена установа. По целосното документирање на случајот, од МВР најавуваат дека ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 3 дена

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-1250PM

60-годишник повреден на работното место, пренесен во „Св. Наум Охридски“

Во СВР Скопје било пријавено дека 60-годишен жител на Марино бил донесен со повреди во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје.Според пријавеното, Т.Н.(60) се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во Јавното комунално претпријатие „Водовод – Илинден“.Случајот бил пријавен на 26 септември во 8:41 часот, а за настанот бил известен и трудов инспектор.

Македонија | пред 3 дена

mrtov

Човечки леш пронајден во канал во близина на здравствена установа во Бардовци

Во Полициската станица Карпош било пријавено дека во канал во близина на ограда на јавна здравствена установа во Бардовци бил пронајден човечки леш.Случајот бил пријавен на 26 септември во 16 часот. На местото излегла екипа на СВР Скопје, која извршила увид.Лешот бил подигнат и предаден на обдукција, по што треба да се утврдат околностите поврзани со случајот.

Македонија | пред 3 дена

media-library41ji43kvqb3jcna5ThH

Уапсен 26-годишник баран со потерница за изнуда и насилство

Полициски службеници денеска го лишиле од слобода 26-годишниот Ц.А., кој бил баран со централна потерница и централен распис поради сторени кривични дела.Како што информира МВР, апсењето било извршено во 9:30 часот во дворот на неговиот дом од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка, во координација со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.Ц.А. бил баран по централна потерница распишана на 6 август 2026 година од Основниот суд Скопје 1, со изречен

Македонија | пред 3 дена

media-libraryt0vb9c1h1fssecfheQB

Без возачка дозвола или под дејство на алкохол: уапсен 21 возач

Во текот на изминатото деноноќие полицијата на различни локации низ државата лишила од слобода 21 возач, додека со уште едно лице бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од приведените, 11 лица управувале возила без положен возачки испит. Меѓу нив се Н.М. (41) од Сарај, А.Р. (25) од Батинци, Х.Ш. (35) од Неготино, Гостиварско, 16-годишник од Видуше, Општина Маврово и Ростуше, А.С. (31) од Ковач, Македонски Брод, А.Д. (32) од Корошишта,

Македонија | пред 3 дена

media-library0fj48ckr4tifbBHeYY7

(Видео) Уапсен 62-годишен маж кој силувал дете помало од 15-години на јавно место во Тетово

На 25 септември во 21:45 часот, 62-годишен маж од тетовско село сам се пријавил во Полициската станица Тетово, откако претходно на социјалните мрежи било објавено видео.По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, лицето било лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, според член 188 од Кривичниот законик.Мажот е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, како и за целосно расчистување и д

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања