Промени тема
Контакт

МВР

media-library6mqc0onrapse9uiSmlP

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје

Тешко е повреден 68-годишен велосипедист во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата меѓу улиците „Јордан Мијалков“ и „Герман“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во 12 часот во СВР Скопје. Во неа учествувале возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишен маж од Охрид со живеалиште во Скопје, и велосипед управуван од 68-годишен скопјанец.Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телес

Македонија | пред 5 дена

media-libraryjlkrl227bpj5fgpWK4M

25-годишен штипјанец тешко повреден откако паднал со мопед

25-годишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот.Според МВР, несреќата се случила на 24 септември околу 20:30 часот на улицата „Радански пат“ во Штип. О.Ј. од Штип, управувајќи мопед, изгубил контрола над возилото, по што паднал на коловозот.Во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип.При извршениот увид било утврдено дека 25-годишникот го управувал мопедот без да поседув

Македонија | пред 5 дена

media-library3pkgnj9dhmu91UTHyX2

46-годишна жена ги нападнала родителите

46-годишна жена од Струмица е лишена од слобода по пријава дека физички ги нападнала своите родители во семејниот дом, информира Министерството за внатрешни работи.На 24 септември во 21:20 часот, полициски службеници од СВР Струмица ја привеле В.Т. (46) од Струмица, постапувајќи по претходно пријавен случај.Таа е задржана во Полициската станица Струмица. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 дена

media-librarynm3johoqrvpsb3kk1wg

(Видео) МВР го расчистува случајот во Капиштец каде малолетно лице со петарда предизвика пожар

На 24 септември околу 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во парк во скопската населба Капиштец малолетно лице фрлило пиротехничко средство, по што избувнал пожар.Пожарот бил изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 дена

traktor-1

Тешко повреден 68-годишник откако се превртел со тракторот

На 24 септември во 09:23 часот во ОВР Делчево било пријавено дека е потребна медицинска помош за 68-годишен жител на селото Стамер, кој бил повреден во несреќа со трактор.Според пријавеното, Љ.В. управувал трактор со делчевски регистарски ознаки во близина на местото „Брана Петрашевец“, во атарот на селото Чифлик, кога изгубил контрола над возилото. Тракторот се превртел, при што тој се здобил со тешки телесни повреди.Повредите биле констатирани во болницата во Кочани. За случајот бил известен ј

Македонија | пред 5 дена

media-libraryh1kupeguu06ub6wArzg

По расправија за паркинг, со автомобил тргнал кон две лица и им турнал метална порта врз нив

На 24 септември во 18:20 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишиле од слобода Д.Д.(28) од Свети Николе поради инцидент што следел по претходна расправија околу паркинг.Според пријавеното, Д.Д. со патничко возило „форд“ со светиниколски регистарски ознаки тргнал кон Р.Б. и Ј.Б., двајцата од Свети Николе. Притоа, со возилото турнал метална порта од дворното место на двајцата, која паднала врз нив и им нанела повреди.За настанот бил известен јавен обвинител, а по цел

Македонија | пред 5 дена

media-libraryvi23ecleuju93chcR5Z

14-годишник нападнат од соученик со остар предмет во училишен тоалет на Бит Пазар

На 24 септември во 13:00 часот во СВР Скопје, 43-годишна скопјанка пријавила дека нејзиниот 14-годишен син бил нападнат од соученик во тоалетот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар.Според пријавеното, инцидентот се случил околу 09:00 часот, при што соученикот го нападнал малолетникот со остар предмет и му нанел расекотина на раката.Од СВР Скопје преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 дена

car-fire

Опожарено возило „мазда“ во Драчево

На 25 септември во 02:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево избувнал пожар во патничко возило „мазда“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 23-годишен скопјанец.Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Во настанот нема повредени лица.Од СВР Скопје преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 дена

media-library5oep8ieapb7s0iMliQB

Група малолетници соблекле и снимале шест годишно дете во училишна соблекувална во Кочани

На 24 септември во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен жител на Кочани пријавил дека неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато во соблекувална на спортска сала во основно училиште во градот.Според пријавеното, детето било соблечено и снимано со паметен часовник од неколку други малолетни деца, кои биле постари од него.За случајот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа. Од ОВР Кочани преземаат мерки за расчистување на настанот.

Македонија | пред 5 дена

klinikimajka-tereza

35-годишен скопјанец починал откако бил донесен во бессознание на клиника

На 24 септември во 16:54 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив бил донесен 35-годишен скопјанец во бессознание.Ф.Р. набргу починал, а лекар констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Македонија | пред 5 дена

ambulanta

Кобен удар од гранка кај Ораовица, почина 77-годишен маж

Трагичен настан се случил во атарот на радовишкото село Ораовица, каде 77-годишен жител на Радовиш го загубил животот откако бил погоден од гранка од топола.Според МВР, на 24 септември околу 10:30 часот, Т.Б. (73) од Радовиш со моторна пила сечел топола на нива во атарот на селото. Откако дрвото паднало, гранка го погодила Н.Т. (77) од Радовиш, кој заедно со Т.Б. бил на нивата.Од здобиените повреди Н.Т. починал на местото на настанот. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Рад

Македонија | пред 5 дена

media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Подметнат пожар во радовишко Калаузлија, приведен 68-годишник

Жител на радовишкото село Калаузлија е лишен од слобода под сомнение дека подметнал пожар во атарот на селото, соопшти Министерството за внатрешни работи.На 24 септември околу 12:30 часот, на местото викано „Голема река“, пожарот зафатил нискостеблеста шума и сува трева. По интервенцијата на Територијалната противпожарна единица Радовиш, огнот бил изгаснат, а во пожарот нема повредени лица.Неколку часа подоцна, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А. (68) од

Македонија | пред 5 дена

media-library7dk9hfnjg8siaW5YfEh

Возел без возачка дозвола во Гостивар, уапсен 47-годишник

На 25 септември 2026 година, во 00:40 часот, на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода К.Д. (47).Тој бил затекнат како управува патничко возило „сеат ибица“ со гостиварски регистарски ознаки, без да поседува возачка дозвола.Од МВР информираат дека постојат основи на сомнение за сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.Возилото било одземено, а по целосното документирање на случајот п

Македонија | пред 5 дена

media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Пет кражби на тутун и земјоделска механизација расчистени во Радовишко, приведени две лица

Во Радовишко се расчистени пет кражби, при што две лица се лишени од слобода, а уште едно е повикано на службен разговор.На 24 септември во 14 часот во село Конче, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода Б.У. (20) од селото. Тој се сомничи дека во текот на 2024 и 2025 година, заедно со Д.А. (20), исто така од Конче, извршиле четири кражби на тутун од сушари во сопственост на жители на Конче и Тополница.Д.А. бил повикан во Полициската станица Радовиш, каде што двај

Македонија | пред 5 дена

media-librarygthq9c7omc304jnbUrj

Тројца прилепчани уапсени, пронајдени 18 пакувања марихуана

На 24 септември во 12 часот на местото викано „Три багреми“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода тројца прилепчани.Станува збор за А.А. (45), Е.А. (46) и Н.А. (19). При извршен преглед кај нив, кај А.А. била пронајдена марихуана.Дополнително, во дворното место од куќата на Е.А. биле пронајдени 18 пакувања марихуана.Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 дена

media-library17k4rgcrt7s4diaywL3

Двајца возачи уапсени во Битола и Прилеп – управувале мопеди без дозвола

Во одделни случаи во Битола и Прилеп, полицијата лишила од слобода две лица кои управувале мопеди без да поседуваат возачка дозвола.На 24 септември во 17:30 часот кај селото Бистрица, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода 48-годишниот К.Д. од Битола. При сообраќајна контрола бил запрен мопед без регистарски ознаки, кој го управувал К.Д., при што било утврдено дека нема возачка дозвола.Истиот ден во 18:50 часот на улицата „Прилепски бранители“ во Прилеп, полициски служ

Македонија | пред 5 дена

media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH

26-годишник го нападнал татко му и му нанел повреди

На 24 септември во 22:20 часот на улицата „Гостиварска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода 26-годишен прилепчанец.Според МВР, У.К. физички го нападнал својот татко, при што му нанел повреди.Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 5 дена

media-librarydhkkfotnnaahcZo8kQq

Претрес во Тетово, пронајдена марихуана – приведени две лица

На 24 септември во Тетово полициски службеници лишиле од слобода две 20-годишни лица поради сомнение дека сториле кривично дело поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.Станува збор за С.И. од село Лисец и Р.Џ. од Тетово, кои биле приведени во 20:25 часот од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово.По судска наредба бил извршен претрес во домот и помошните простории на Р.Џ. во Тетово. При претресот

Македонија | пред 5 дена

media-library3i20nhhgf8a46Z9a23V

17-годишник уапсен во Охрид, полицијата пронашла дрога и дигитална вага

Седумнаесетгодишник од Охрид бил лишен од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом и помошни простории пронашла повеќе предмети и материи поврзани со дрога.Од МВР информираат дека на 24 септември, во 13:55 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид извршиле претрес во домот на малолетникот, со наредба од Основниот суд Охрид.При претресот биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и бела прашка

Македонија | пред 5 дена

media-libraryvo0qqe4h52a392pOjWG

Имотен спор прераснал во напад, три лица повредени со остар предмет

Соседски спор во Скопје прераснал во физички напад, при што со остар предмет биле повредени три лица.Од МВР информираат дека на 23 септември околу 23:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот Ј.Ј. од Скопје.Според пријавеното, по претходна расправија поради нерасчистени имотно-правни односи, Ј.Ј. во домот на неговиот 38-годишен сосед А.Ш. го нападнал со остар предмет. При нападот биле повредени А.Ш., неговата сопруга Ѓ.У. и нивната сосетка Д.Д., која се обидел

Македонија | пред 6 дена

media-libraryj722lahbhm831KAEh2p

Сува трева се запалила во Визбегово, огнот зафатил два објекти

Пожар избувнал во село Визбегово, скопско, при што огнот од запалената сува трева се проширил и зафатил два објекти во изградба.Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 23 септември околу 11:30 часот. На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита – Скопје, чија екипа го изгаснала пожарот.Во инцидентот нема повредени лица. Увид извршила увидна екипа на СВР Скопје, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH

Внук го нападнал својот 68-годишен дедо

Случај на семејно насилство е пријавен во СВР Скопје, откако 68-годишен жител на скопско пријавил дека бил физички нападнат во својот дом.Според пријавеното, инцидентот се случил на 23 септември околу 18 часот, а како напаѓач е посочен неговиот 46-годишен внук.Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 6 дена

media-library058aoc01up9143gPwQ0

Му зел 338.000 денари за изградба на куќа, па исчезнал без трага

Во СВР Скопје е пријавен случај на измама во кој 46-годишен жител на скопско тврди дека бил оштетен за 338.250 денари.Според пријавеното, во декември 2025 година тој усно се договорил со Б.Р. од село Горна Матка да му изгради куќа за однапред договорен паричен надомест.Откако му предал дел од договорените средства, пријавителот повеќе не можел да стапи во контакт со Б.Р. Потоа сфатил дека, како што тврди во пријавата, бил измамен.Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случ

Македонија | пред 6 дена

media-librarytg231nvnmkn2eOsI9RT

Му го украле ранецот во кој имал лаптоп и мобилен телефон додека седел покрај Вардар

Во СВР Скопје е пријавена кражба на ранец со лаптоп, мобилен телефон и други предмети, која се случила во текот на вчерашниот ден покрај реката Вардар.Според пријавеното, 32-годишен државјанин на Германија околу 16 часот седел на клупите покрај Вардар во Скопје, кога едно лице му го одзело ранецот со личните предмети.Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 20 часот. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на сторителот.

Македонија | пред 6 дена

media-libraryq5u4hu2k7ibf5WxP36M

Маж ја нападнал сопругата

Во СВР Куманово е пријавен случај на семејно насилство, откако 41-годишна жена од градот пријавила дека била физички нападната од својот сопруг.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 23 септември во 19 часот.Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.

Македонија | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања