Промени тема
Контакт

МВР

media-librarynijuna1357va7hWP7vj

Претрес во Куманово: Четири лица лишени од слобода, пронајдена бела грутчеста материја

Четири лица се лишени од слобода по полициски претрес во Куманово, при кој биле пронајдени повеќе пакувања со бела грутчеста материја и други предмети.Според информациите од МВР, на 26 септември во 00:50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.С. (45) од Куманово, Т.К. (45) од село Романовце, Н.А. (39) од Куманово и 39-годишната М.К. од село Биљановце.Претресот бил извршен во домо

Македонија | пред 4 дена

media-library3e1v0ms4evkiehR71y6

Отсеците за управни работи и оружје во Велес привремено се дислоцираат

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека од понеделник, 28 септември 2026 година, Отсекот за управни работи Велес и Отсекот за оружје Велес привремено ќе работат од просториите на Секторот за внатрешни работи Велес.Поради привремената дислокација, приемот на барања и издавањето на личните документи ќе се врши исклучиво во зградата на СВР Велес.Од МВР ги информираат граѓаните да ја имаат предвид променетата локација при користењето на услугите на двата отсека.

Македонија | пред 4 дена

media-library9uakem203nc88ewqwYz

Жена сместена во здравствена установа откако ѝ се заканувала на ќерката

На 25 септември во 12:38 часот во СВР Скопје, 20-годишна девојка од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, нејзината 49-годишна мајка Д.С. ѝ упатувала закани.По преземените мерки од страна на надлежните, жената била сместена во здравствена установа.

Македонија | пред 4 дена

media-library3hotuv4ck15d0VuvNGT

49-годишен маж се заканувал на сестра му и на нивниот татко

На 25 септември во 18:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 49-годишниот Д.П. од Скопје.Тој бил приведен по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Општина Аеродром упатувал закани кон неговата 41-годишна сестра и нивниот татко.За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 дена

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Жена пријавила дека деверот ѝ се заканувал

31-годишна жена од Скопје пријавила дека била изложена на закани од нејзиниот девер на подрачјето на општина Аеродром.Од МВР информираат дека на 25 септември во 12:30 часот во СВР Скопје жената пријавила дека ден претходно, околу 11:45 часот, Р.М. од Скопје ѝ се заканувал.Според пријавеното, Р.М. и претходно упатувал закани кон нејзиното блиско семејство.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 дена

media-librarync6uhlmt48k6b0ulE5B

44-годишен маж ја нападнал сопругата

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 44-годишниот М.Б. од Скопје по пријава за физички напад врз неговата сопруга.Од МВР информираат дека на 25 септември во 17:30 часот, полицајците постапувале по пријава дека на подрачјето на општина Центар, М.Б. физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга.По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryhmkvg0vpnaumefhiBOH

Син агресивно се однесувал и му се заканувал на својот татко

Полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 44-годишниот К.А. од Гостивар, по претходна пријава за агресивно однесување и закани кон неговиот татко.Од МВР информираат дека лицето било приведено на 25 септември во 21:45 часот, откако било пријавено дека се однесувало агресивно и му се заканувало на својот 67-годишен татко.К.А. бил задржан во полициска станица. По целосното документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

Македонија | пред 4 дена

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-1250PM

13-годишник со повреди однесен во болница, бил нападнат од родител на негов соученик

13-годишник од Скопје бил донесен со повреди во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ по физички напад на подрачјето на Општина Аеродром.Од МВР информираат дека на 25 септември во 15:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека детето било донесено во болницата со повреди.Според пријавеното, околу 12:20 часот, 13-годишникот бил физички нападнат од С. Р., родител на негов соученик.Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шестмина возачи приведени низ државата – сите возеле без возачка дозвола

Шест возачи биле лишени од слобода во изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од МВР информираат дека полициски службеници ги привеле лицата на различни локации во државата, при што било утврдено дека сите управувале возила без положен возачки испит.Станува збор за Е.И. (29) од село Црвена Вода, Општина Студеничани, Е.С. (30) од Скопје, Б.Р. (30) од село Радуша, Општина Сарај, Ш.С. (25) од село Порој, тетовско, Б.З. (28) од Тетово и Ф.Т. (23)

Македонија | пред 4 дена

media-library2ic3h82itg505H8rGXl

Запалил сува трева во нива, пожарот зафатил дрва во соседните ниви, приведен 75-годишник

Полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 75-годишниот Б.К. од Кавадарци, откако пожар што го предизвикал во сопствена нива се проширил на соседните ниви.Од МВР информираат дека на 24 септември во 18:45 часот, кај местото „Бегово Поле“, во атарот на село Дреново, кавадаречко, Б.К. запалил сува трева во сопствената нива.Пожарот потоа се проширил и зафатил дрва во соседните ниви. Во настанот нема повредени лица, а пожарот го изгаснал самиот 75-годишник.На местото бил извршен увид

Македонија | пред 4 дена

media-library1bm0jdblcp44fiPxk3i

Возило излетало од патот и се превртело на Стража, двајца повредени

Возач е тешко повреден, а неговата сопатничка се здобила со телесни повреди во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар–Кичево, на превојот „Стража“.Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 25 септември во 20:20 часот во ОВР Кичево. Патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (54) од Кичево, излетало од патот и се превртело.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека неговата 48-годишна сопатничка С.С. од Кичево се здобила со

Македонија | пред 4 дена

media-library8f8pvkckrk5h6Pb4GBy

Тешка сообраќајка на патот Подмоље – Струга, повредени тројца

Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Подмоље – Струга.Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 25 септември во 20:20 часот во ОВР Струга. Во неа учествувале патничко возило „пежо 2008“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.М. (59) од Струмица, и „форд фиеста“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од К.Ш.З. (41) од Кичево.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Ш.З., додека Ј.М. и неговиот сопатник Р.М. (57) од Струми

Македонија | пред 4 дена

media-library1itk12uaagl9agzeQcO

Таблети и марихуана пронајдени кај осуденик во затворот во Велес

Во Отвореното одделение Велес при Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ биле пронајдени таблети и марихуана кај осуденик.Од МВР информираат дека на 25 јуни во СВР Велес било пријавено дека кај К.А. (30) од Велес биле пронајдени таблетите и марихуаната.Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес извршиле службен разговор со осуденикот. Пронајдените предмети биле одземени.По целосното документирање на настанот, против К.А. ќе биде поднесена соодветна приј

Македонија | пред 4 дена

granata-1

Четири неексплодирани гранати пронајдени кај Валандово

Четири неексплодирани гранати биле пронајдени во близина на регионалниот пат Р-1401, кај Валандово.Од МВР информираат дека на 25 септември во 12:50 часот, во Полициската станица Валандово, В.К. (59) од Валандово пријавил дека гранатите биле пронајдени на место викано крстосница „Чалакли“.За пронајдените гранати била известена Дирекцијата за заштита и спасување, која треба да ги подигне.

Македонија | пред 4 дена

kokain

Кокаин пронајден во возило во Радовиш, приведени тројца

Тројца лица биле лишени од слобода во Радовиш откако полицијата при преглед на патничко возило пронашла пакување со кокаин.Од МВР информираат дека на 25 септември во 00:35 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги привеле С.З. (24) од село Ињево и С.А. (38) и Г.О. (23), двете од Радовиш.При преглед на патничко возило „фолксваген“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од С.З., во кое како сопатници биле С.А. и Г.О., било пронајдено пакување со кокаин.За случајот бил извес

Македонија | пред 4 дена

media-library6mqc0onrapse9uiSmlP

15-годишник со „мерцедес“ удрил велосипедист кај Куманово

Во сообраќајна несреќа што се случила на локален пат во селото Лопате, кумановско, тешко е повреден 50-годишен велосипедист.Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 25 септември во 22:30 часот во СВР Куманово. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 15-годишник од село Лопате, и велосипед управуван од И. Х. (50) од истото село.Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот це

Македонија | пред 4 дена

media-libraryf6qn9fv7hoo115m9j1j

Две лица приведени во Центар – кај нив пронајдени бела прашкаста материја и таблета

На подрачјето на општина Центар во Скопје, во текот на ноќта меѓу 25 и 26 септември, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода две лица.Станува збор за 49-годишниот Н.С. од Скопје и 20-годишниот Ј.П., кај кои при полициската проверка биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблета.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на случаите, против двете лица ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 4 дена

media-libraryson3j741kl6g4HIeujs

Ноќна акција во скопски локали: алкохол за малолетници и сомнежи за дрога

Осум лица биле лишени од слобода, меѓу кои и три малолетни лица, при ноќна акциска контрола во повеќе угостителски објекти во Скопје.Контролата ја спровеле Секторот за внатрешни работи Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Во текот на акцијата биле легитимирани вкупно 37 лица.При проверките биле утврдени повеќе неправилности во угостителските објекти. Во два локали било констатирано дека угостителите работеле по истекот на дозволеното работно време.Во еден од објектите било утврд

Македонија | пред 4 дена

media-library1p21i6ps194pdFlBlhY

Мраз со ешерихија коли и колиформни бактерии се продавал во Радовиш, го прозиведувале во подрум во нехигиенски услови, запленети 850 килограми

Двајца жители на Радовиш се соочуваат со кривична пријава откако полицијата утврдила дека повеќе години неовластено произведувале и продавале мраз во импровизирани и нехигиенски услови. При анализите на готовиот производ биле пронајдени ешерихија коли и колиформни бактерии.СВР Струмица-ОВР Радовиш поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство Радовиш против Т.Д. (62) и С.Д. (62), поради сомнение за продолжено кривично дело „производство и пуштање во промет штетни прехранбени и други

Македонија | пред 4 дена

media-library0k48gsf1i2qo4wPssjy

Комбе за ученички превоз имало неисправни сопирачки, а се превезувале и двојно повеќе патници од дозволеното

Полицијата при контрола кај Табановце откри сериозни неправилности кај комбе со кое се вршел организиран превоз на ученици. Во возилото биле превезувани 18 деца, иако според сообраќајната дозвола било дозволено да има најмногу девет лица.Контролата била извршена на 25 септември во 07:20 часот на локалниот пат Куманово-Табановце, во село Табановце, од полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи.Станувало збор за комбе со к

Македонија | пред 4 дена

media-library0r6i399ijv7jfxkwNhH

11 возачи лишени од слобода за „безобѕирно управување“, девет немале возачка дозвола

Единаесет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Според МВР, деветмина од нив управувале возило без да имаат положено возачки испит. Меѓу нив има лица од Скопје, Јурумлери, Студеничани, Гостивар, Неготино, Гевгелија, Прилеп и Битола, а еден од возачите е 17-годишник.Во два случаи биле утврдени други прекршоци. Ј.Т. (36) од село Виничани управувал возило под дејство на алкохол, додека Ф.Г. (20) од Коча

Македонија | пред 5 дена

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Платил 18.000 евра за да му истераат црна магија од домот, а потоа ги пријавил во кочанската полиција оти му текнало дека е измамен

Шеесет и шестгодишен жител на кочанско село останал без 18.000 евра, откако неколку лица го убедиле дека во неговиот дом има „црна магија“ и дека парите му се потребни за да ја отстранат.Тој на 24 септември во 23 часот го пријавил случајот во ОВР Кочани. Според неговото сведоштво, лицата дошле во неговиот дом и со лажни тврдења го довеле во заблуда.Тие му кажале дека во куќата има „црна магија“ и го убедиле да им ги предаде сите пари што ги поседува, со образложение дека средствата се потребни з

Македонија | пред 5 дена

krazbi

Сеф со злато, оружје, муниција и пари: четворица пријавени за 10 тешки кражби

Серија од десет тешки кражби и обиди за тешка кражба во повеќе населени места во Тетовско е расчистена, откако СВР Тетово поднесе кривични пријави против четири лица.Пријавени се Е.В. (43) од село Никуштак, Х.А. (53) од Косово, А.А. (34) од село Отља и Е.А. (34) од село Никуштак, кои се сомничат за четири кривични дела „тешка кражба“ и шест „тешка кражба во обид“.Според МВР, на 19 септември 2026 година во село Долно Палчиште, од куќа на А.А. бил одземен сеф со златен накит, оружје и муниција, чи

Македонија | пред 5 дена

media-libraryfbq946fqnmec5SkHMtl

Кривична пријава за тројца поради организирање и овозможување борба со кучиња во Черкези

СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица поради сомнение за сторено кривично дело „убивање и мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи.Пријавени се С.Р. (35) од село Камењане, Општина Боговиње, А.М. (28) од село Челопек, Општина Брвеница и С.А. (41) од село Черкези, кумановско.Според МВР, на 23 март 2026 година, во објект на поранешен угостителски објект во село Черкези, тројцата организирале и овозможиле борба со кучиња.По целосното документирање на случајот, надл

Македонија | пред 5 дена

media-library61qpmgfaacd59tUJd1h

Двајца малолетници приведени по кражба од деловен објект во Куманово

Двајца малолетници од Куманово се лишени од слобода поради сомнение дека извршиле кражба во деловен објект, информира Министерството за внатрешни работи.На 24 септември околу 17 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги привеле малолетниците, кои се сомничат дека на 21 септември со употреба на сила влегле во деловен објект на улицата „Маршал Тито“ во Куманово.Според пријавеното, од објектот биле одземени пари.Малолетниците биле задржани во полициска станица, а од МВР информираат дека по цел

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања