НАТО

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Руски МиГ-ови во естонскиот простор: НАТО активира консултации, Трамп предупредува на „голем проблем“

Три руски борбени авиони МиГ-31 во петокот навлегле во естонскиот воздушен простор над Финскиот залив, каде што останале 12 минути без дозвола, соопштија естонските власти.Москва ги демантираше наводите, но Талин го оцени инцидентот како сериозно нарушување на суверенитетот и првпат во последниве 34 години побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Естонија, истовремено, активираше консултации со НАТО според Член 4 од Северноатлантскиот договор, кој предвидува вонредни разговори кога држава-членка смета дека и е загрозена безбедноста.Министерот за одбрана на Естонија, Хано Певкур, изјави дека реакцијата на НАТО покажала ефикасност и спремност дури и за крајни мерки.„Видовме дека НАТО функционира многу ефикасно... до точка на подготвеност за употреба на сила, доколку сме принудени“, рече тој.Певкур додаде дека руските провокации имаат цел да го одвлечат вниманието на Западот од поддршката за Украина.Портпаролот на НАТО потврди дека земјите-членки ќе одржат состанок оваа недела. Освен во Естонија, слични инциденти се пријавени и во Полска и Романија. Полските сили неодамна дури соборија руски дронови кои навлегоа во нивниот воздушен простор, што беше прв директен пресрет на НАТО над територија на алијансата.Истовремено, во Полска два руски авиони се доближиле до платформа за дупчење во Балтичкото Море, а Романија крена ловци Ф-16 поради навлегување на дрон кој потоа се вратил да бомбардира цели во Украина.Американскиот претседател Доналд Трамп изрази загриженост.„Не ми се допаѓа кога тоа се случува. Тоа може да биде голем проблем“, изјави тој.Чешкиот претседател Петр Павел предупреди дека на „руските провокации мора да се одговори цврсто, вклучително и со воена опција доколку биде потребно“.Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека Кремљ тестира колку НАТО е подготвен да продолжи со поддршката за Киев: „Русија ги испитува границите и одлучноста на алијансата.“Министерот Певкур нагласи дека настаните не можат да се гледаат изолирано.„Ова е дел од поширок план – од дроновите во Полска до руските авиони над нашите води. Се работи за систематски обид да нè исцрпат и поделат“, порача тој.Со тоа, НАТО се соочува со тешка одлука – како да одговори на руските акции што постојано се движат на тенката линија меѓу провокација и отворена ескалација.

Свет | пред 4 месеци

w_57602642

Дали НАТО е подготвен за модерната ера на војување?

Речиси две недели по ноќта кога сирените за воздушна опасност и бучавата на НАТО-авионите ја прекинаа тишината на истокот од Полска, клучното прашање во Европа не е само дали Москва намерно испрати повеќе од 20 дронови во воздушниот простор на НАТО, туку и што воениот одговор открива за долгорочната способност на Алијансата да се справи со ваквата закана.Според полските власти, остатоците од дроновите што паднале се евтини модели „Гербер“, изработени од шперплоча и стиропор, со цена околу 8.500 евра по парче. Истовремено, НАТО реагирал со авиони Ф-16 и Ф-35 вредни милиони, што значи дека акцијата чинела десетици илјади евра само за гориво и одржување.„Асиметријата на трошоците едноставно не функционира,“ предупредува Роберт Толаст од британскиот тинк-тенк RUSI.Иако НАТО покажа ефикасност против масовниот напад со ирански дронови врз Израел во април, експертите предупредуваат дека долгорочната цена на ваквата одбрана е неодржлива.„Повеќето западни армии пред Украина воопшто не ја разгледуваа асиметричната закана од дронови,“ вели Толаст.Дека технологијата постои сведочи британската компанија MARSS, која веќе произведува пресретнувачки дронови управувани со вештачка интелигенција. Но, директорот Јоханес Пинл тврди дека НАТО системите за набавка се „заглавени во осумдесеттите“.„Во Европа сè уште пишуваат спецификации за систем кој ние веќе со години го користиме во операции,“ нагласува тој.Војната во Украина создаде забрзани процедури за набавка, кои им овозможуваат на државите директно да купуваат опрема за Киев.„Ако опремата е за Украина – добивате веднаш. Ако е за вашата армија – ќе чекате процедура,“ објаснува Сијете Хаминга од Robin Radar Systems, чија технологија детектира ирански „Шахед“ дронови на 12 километри.Пример за ваква трансформација е португалскиот стартап Tekever. Од 2022 година, британската влада инвестираше речиси 300 милиони евра во нивните извидувачки дронови AR3 за Украина. Почетоков на годината, RAF најави дека ќе ги интегрира во својот нов електронски систем StormShroud – за само шест месеци од тестирањето до оперативна употреба.Текевер неодамна отвори нова фабрика со илјада работни места во Велика Британија, четврта по ред, најавувајќи масовно производство на дронови.„Ризикот мора да се дели меѓу индустријата и владата,“ вели Карл Бру од одделот за одбрана на компанијата.Со оглед на тоа што Украина стана вистинско тестно поле за нови технологии, јасно е дека НАТО мора да се приспособи многу побрзо отколку досега. Прашањето што останува е: ќе успее ли Алијансата да го направи тој чекор пред да биде предоцна?

Свет | пред 4 месеци

media-librarypg7pu9dtc8n29LA4U7I

НАТО потсетува на 2015: Дали Естонија може да стане нова Турција за Русија?

НАТО и Европа остро реагираа на вчерашното нарушување на естонскиот воздушен простор од страна на три руски авиони МиГ-31, кои според Талин останале вкупно 12 минути над територијата на земјата. Министерот за надворешни работи Маргус Цахкна го оцени инцидентот како „невидено дрзок“ и четврто вакво прекршување годинава. Русите биле пресретнати од италијански авиони Ф-35 стационирани во базата во Естонија.Најострата реакција стигна од литванската министерка за одбрана Довиле Шакалиене, која порача дека овој случај е уште еден доказ за потребата од операцијата „Источна стража“ и додаде:„Североисточната граница на НАТО се тестира со причина, мора да го сфатиме тоа сериозно.“ Таа потсети и на 2015 година, кога Турција постави преседан со уривањето на руски авион.Инцидентот на кој се повика литванската министерка се случи на 24 ноември 2015 година, кога турски Ф-16 урна руски авион Су-24 на турско-сириската граница. Анкара тврдеше дека авионот навлегол во турскиот воздушен простор и бил предупреден 10 пати во рок од пет минути, пред да биде погоден со ракета воздух-воздух. Според Турција, рускиот Су-24 влегол два километри внатре во нејзиниот простор и таму останал 17 секунди. Москва, пак, инсистираше дека авионот летал исклучиво над сириска територија и не примил никакви предупредувања.Од двочлената посада, пилотот потполковник Олег Пешков беше убиен од сириски бунтовници додека се спушташе со падобран, додека навигаторот Константин Мурахтин беше спасен и вратен во руската база Хмејмим во Латакија. Во обидот за спасување загина и руски маринец, кога хеликоптер Ми-8 беше погоден од оган.Инцидентот предизвика голема дипломатска криза меѓу Москва и Анкара, а рускиот претседател Владимир Путин тогаш изјави дека американската војска била запознаена со локацијата и времето на летот. Вашингтон го демантираше тоа, нагласувајќи дека постојат докази оти авионот навистина накратко влегол во турскиот воздушен простор.Потсетувањето на тој случај денеска е предупредување дека НАТО би можел да реагира остро ако руските прекршувања продолжат, што дополнително ја зголемува тензијата на источниот фронт на Алијансата.

Свет | пред 4 месеци

kineski-voeni-avioni-6

Германија: Пресретнат руски воен авион Ил-20 близу воздушниот простор на НАТО

Германската делегација при НАТО соопшти дека денеска пресретнале руски воен авион Ил-20 кој летал во близина на воздушниот простор на Алијансата без летен план и без активиран транспондер.Како одговор, германски ловец „Eurofighter“ полетал од воената база Лааге за да го следи леталото и да обезбеди контрола на ситуацијата.Овој инцидент се случува само неколку часа по нарушувањето на естонскиот воздушен простор од три руски МиГ-31 авиони, што дополнително ги зголемува тензиите меѓу НАТО и Русија.

Свет | пред 4 месеци

nato-mrezi

НАТО: Рускиот упад во Естонија е неприфатлив и непрофесионален

Главното командно седиште на Обединетите европски сили на НАТО во Белгија (SHAPE) објави дополнителни информации за инцидентот со нарушувањето на естонскиот воздушен простор.Потврдено е дека три руски борбени авиони МиГ-31 навлегле во естонскиот воздушен простор, со оценка дека „ова не е однесување какво што се очекува од професионално воено воздухопловство“.Од НАТО нагласуваат дека реакцијата била навремена во рамките на мисијата „Источна стража“, при што биле подигнати италијанските борбени авиони F-35 стационирани во Естонија. Дополнително, и Шведска и Финска подигнале свои авиони во знак на подготвеност.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-17.48.41

НАТО со решителна реакција по инцидентот со руските авиони

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти дека Алијансата реагирала брзо и решително на денешното руско нарушување на естонскиот воздушен простор.Во објава на социјалната мрежа Х, Руте информира дека имал разговор со естонскиот премиер по инцидентот, нагласувајќи: „Одговорот на НАТО во рамките на мисијата ‘Истоčna стража’ беше брз и одлучен.“

Свет | пред 4 месеци

nato-zastava

Естонија го активира Член 4 од НАТО поради руско нарушување на воздушниот простор

Естонија официјално побара консултации согласно Член 4 од НАТО поради денешното нарушување на нејзиниот воздушен простор од страна на Русија, соопшти премиерот Кристон Михаел.Во објава на социјалната мрежа Х, тој потврди дека три руски борбени авиони МиГ-31 влегле во естонскиот воздушен простор, по што биле пресретнати од авиони на НАТО и „присилени да се повлечат“.„Таквото кршење е целосно неприфатливо,“ нагласи Михаел.

Свет | пред 4 месеци

dron1

НАТО ќе го затвори небото над западна Украина?

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски смета дека Русија „ја загубила конфронтацијата“ што ја започна со упадот на дронови во Полска на 10 септември. Во интервју дадено на маргините на конференцијата Јалта Европска Стратегија (YES) во Киев, Сикорски изрази оптимизам во врска со одговорот на НАТО и понатамошниот развој на настаните, пишува Kyiv Independent.„Мислам дека Русија ја загуби оваа конфронтација“, изјави Сикорски.Тест за НАТОЗа време на нападот, Полска успеа да собори само три или четири од вкупно 19 дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор, а еден од нив падна речиси 400 километри западно од украинската граница. Инцидентот ги принуди сојузниците на НАТО да подигнат борбени авиони вредни милиони долари за да се соочат со дронови чија вредност се мери во илјадници.Варшава по нападот формално побара консултации според Член 4 од Договорот на НАТО, кој им овозможува на членките да дискутираат кога сметаат дека нивната безбедност е загрозена. Тој чекор сепак не ја достигнува тежината на Член 5, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите. НАТО на 12 септември најави нова операција за одвраќање под името „Источен стражар“, но Сикорски објасни зошто Русија не се соочи со одмазда: „затоа што имаше само помала материјална штета и никој не загина.“На прашањето дали „смрт на луѓе“ или напад врз аеродромот Жешов, клучно логистичко јадро за помош на Украина, би било доволно за активирање на Член 5, Сикорски се согласи. „На тоа Русија опасно се доближува“, додаде тој. „Некои медиуми шпекулираат дека патеката на некои дронови водела кон Жешов, главниот аеродром низ кој минува опрема за Украина. Нашата прва должност е да го заштитиме тоа од руска саботажа, шпионажа и кибер напади.“Јакне соработката со УкраинаПолскиот министер смета дека рускиот напад бил обид за тестирање на одбраната и решителноста на НАТО на источниот фронт. Иако одговорот на Полска го оцени како успешен, тој призна дека земјата мора подобро да се подготви за идни напади. Заканата се потврди само неколку часа по интервјуто, кога руски дрон влезе во воздушниот простор на Романија.Украина понуди помош на Полска во зајакнување на способностите за електронско војување и пресретнување дронови, користејќи поевтина опрема за нивно соборување. Полското министерство за одбрана потврди на 12 септември дека експерти од двете земји ќе вежбаат користење на системи против дронови на полска територија.„Тоа е уште една работа што (рускиот претседател Владимир) Путин ја постигна со овој напад. Нашата јавност сега бара поблиска соработка со Украина, бидејќи вие имате најново, најрелевантно искуство“, рече Сикорски, додавајќи дека Путин „можеби ја забрза полско-украинската соработка во производството на оружје.“„Затворањето на небото над Украина повторно е на маса“Сикорски потврди дека по нападот врз Полска повторно би можела да се разгледа идејата за затворање на дел од украинскиот воздушен простор со користење на противвоздушна одбрана стационирана во земјите членки на НАТО. „Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, повторно ја потврди оваа украинска понуда... мислам дека со своите постапки претседателот Путин можеби ја унапреди оваа идеја затоа што ние заедно управуваме со нашиот простор, а мислењето се движи кон таа идеја“, рече тој.И покрај сè, Сикорски верува дека НАТО покажа единство и подготвеност. „Верувам дека ѝ покажавме на Русија дека НАТО е подготвен и обединет“, заклучи тој.Од другата страна, изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп не беа толку охрабрувачки. Трамп за Fox News, коментирајќи го нападот врз Полска, рече дека „нема да брани никого.“ Подоцна додаде дека би ја погодил Русија со „големи“ санкции само ако сите членки на НАТО се обединат, престанат да купуваат руска нафта и воведат царини кон Кина.Сикорски го поддржа барањето на Трамп за прекин на увоз на руска енергија, прозивајќи ја при тоа Унгарија, но беше повнимателен околу прашањето за царини кон Кина. „Треба да го санкционираме агресорот. А агресор е Руската Федерација. Ние во Европа воведовме 18 пакети санкции. Работиме на 19 пакет“, рече Сикорски.Што би значело затворање на небото?Кога се зборува дека НАТО би можел „да го затвори небото“, се мисли на воведување зона забранета за летање (no-fly zone) над одредено подрачје.Во пракса тоа би значело дека НАТО би распоредио противвоздушна одбрана и борбени авиони за да спречи непријателски авиони, проектили или дронови да влезат во тој воздушен простор. Ако некоја летелица сепак влезе, би била соборена.Во контекст на Украина, затворањето на небото би значело дека НАТО би ја презел контролата над дел од украинскиот воздушен простор, користејќи системи за противвоздушна одбрана стационирани во земјите членки на НАТО (на пр. Полска, Словачка или Романија), со што Украина би била дополнително заштитена од руските ракетни и дронски напади.Ако НАТО го затвори небото над Украина или барем дел од него (на пример долж границата со Полска и Романија), тоа би значело де факто влез во војна со Русија, бидејќи сојузниците би морале да ги соборуваат руските авиони и ракети. Поради огромниот ризик од поширока војна, оваа опција досега секогаш била одбивана, но со зачестените инциденти како нападите со дронови врз Полска и Романија, таа повремено се враќа во политичките расправи.

Свет | пред 4 месеци

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Прва реакција од Русија: Ако НАТО го затвори небото над Украина, тоа значи војна со НАТО

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски даде на знаење дека НАТО планира да воведе забранета зона за летање над западна Украина, поради честите руски напади при кои дронови навлегуваат и во земји членки на НАТО што се граничат со Украина. На оваа идеја пристигна и првата реакција од Русија.„Идиоти, тоа би значело војна меѓу НАТО и Русија“Заменик-претседателот на руското Совет за безбедност Дмитри Медведев изјави дека спроведувањето на идејата за воспоставување забранета зона за летање над Украина и можноста земјите од НАТО да уриваат руски дронови би значело војна меѓу алијансата и Русија.„Сериозно, спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите идиоти за создавање ‘зона забрана за летање над Украина’ и дозволувањето земјите на НАТО да ги соборуваат нашите дронови ќе значи само едно: војна на НАТО со Русија“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за воведување на ваква зона.Политичарот се осврна и на посетата на украинската престолнина од страна на естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. „Во Киев пристигна естонскиот министер за одбрана. Се заканува. Колку е земјата помала, толку нејзините лидери се посклони кон агресија и глупост“, наведе Медведев.

Свет | пред 4 месеци

putin-oresnik-nuklearka-

Се зголемува тензијата: Русија и Белорусија со воени маневри покрај границите на НАТО

Испраќањето на дронови-мамци во полскиот воздушен простор пред само два дена беше тест за одбраната на НАТО и подготвеноста на Полска да одговори на заканите од исток. Само неколку часа подоцна, Русија и Белорусија ја започнаа долгoочекуваната воена вежба „Запад 2025“, која трае од 12 до 16 септември и која предизвикува сериозна загриженост кај источните членки на Алијансата.Иако Кремљ тврди дека маневрите се одбранбени и „не се насочени против никого“, сценаријата вклучуваат и симулации за употреба на новиот руски балистички проектил Орeшник, способен да носи и нуклеарни боеви глави. Западните разузнавачки служби предупредуваат дека ваквиот тренинг силно потсетува на „Запад 2021“, кој му овозможи на Кремљ под параван на „обука“ да размести трупи во близина на Украина, пред инвазијата во февруари 2022 година.Полска и Литванија, како одговор на зголемената закана, го затворија целосно или делумно воздушниот простор на своите источни граници и распоредија дополнителни војници и противвоздушни системи. Полска испрати 40.000 војници на границата со Белорусија. Францускиот претседател Емануел Макрон најави испраќање три борбени авиони за заштита на полскиот воздушен простор, со порака: „Нема да попуштиме пред руските закани.“И покрај уверувањата од НАТО дека не постојат директни индикации за напад, на источниот фронт расте вознемиреноста. Аналитичари предупредуваат дека симулациите за користење на Орeшник – проектил со дострел од 2000 до 5000 километри и брзина од 10 маха – претставуваат отворена демонстрација на сила кон ЕУ.Белорускиот лидер Александар Лукашенко се обидува да ја претстави вежбата како „шоу“ и отвори врата за странски набљудувачи. Истовремено, во обид да испрати порака на добра волја, неговиот режим пушти 52 политички затвореници, меѓу кои и познати опозициски фигури. Сепак, повеќе од 1100 политички затвореници остануваат зад решетки, што ја одржува сликата за Белорусија како последна европска диктатура.Рускиот воен аналитичар Василиј Кашин предупредува дека ваквите паралелни маневри – руски и на НАТО – ќе станат редовна пракса, слично на периодот на Студената војна. Во меѓувреме, руските пропагандисти го слават фактот што НАТО користи скапи воздушни системи за пресретнување на евтини дронови, што, според нив, ја покажува „слабоста“ на Алијансата.„Запад 2025“ се одвива во момент кога Москва нема намера да ја деескалира војната во Украина, а демонстрацијата на ново оружје и координираните вежби со Белорусија дополнително ја зголемуваат нервозата во Варшава, Вилнус и Рига. За НАТО, тоа е нов тест на единството и способноста да одговори на заканите што доаѓаат директно на неговите источни врати.

Свет | пред 4 месеци

polska-granica

Полска го активира членот 4 од НАТО - што значи ова?

Полска официјално го активираше членот 4 од Северноатлантскиот договор, откако во средата беа забележани 19 повреди на нејзиниот воздушен простор од руски беспилотни летала. НАТО борбени авиони урнаа дел од дроновите што навлегоа на територијата на земјата за време на нападот врз соседна Украина, а полските власти го оценија настанот како „руска провокација“.Министерството за внатрешни работи на Полска потврди дека вкупно 16 дронови биле пронајдени на различни локации низ земјата. Полскиот премиер Доналд Туск упадите ги нарече „повреда без преседан“ и истакна дека голем дел од дроновите дошле од Белорусија.Членот 4 од НАТО овозможува државата членка да побара консултации во Северноатлантскиот совет кога е загрозен нејзиниот територијален интегритет, политичка независност или безбедност. Засега не станува збор за членот 5, кој предвидува автоматска воена реакција.По итниот состанок во Брисел, генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека сојузниците ја изразиле својата солидарност со Полска и го осудиле „неодговорното однесување на Русија“.Полските вооружени сили воведоа ограничувања на воздушниот сообраќај во источниот дел на земјата до 9 декември, а Варшава најави и барање за итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Москва пак демантира дека имала намера да таргетира цели на полска територија и го нарече инцидентот „мит што Полска го шири“.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Зеленски: Усогласивме заеднички ставови со ЕУ и НАТО пред средбата со Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека непосредно пред состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, одржал координациска средба со европските лидери и генералниот секретар на НАТО во амбасадата на Украина.„Мора да ги запреме убивањата и им се заблагодарувам на нашите партнери кои работат на тоа, и на постигнување сигурен и достоинствен мир“, напиша Зеленски на „Телеграм“.Тој појасни дека со лидерите на Финска, Велика Британија, Италија, претседателката на Европската комисија и со генералниот секретар на НАТО, биле усогласени заедничките ставови пред средбата со Трамп.„Украина е подготвена за вистинско примирје и за воспоставување нова безбедносна архитектура. Мирот ни е потребен“, додаде Зеленски.Оваа средба доаѓа во моменти кога растат тензиите околу барањата на Трамп за територијални отстапки и неговите пораки дека членството на Украина во НАТО не доаѓа предвид.

Свет | пред 5 месеци

ARMIJA

Армијата го прослави Денот со визија за НАТО клинички центар во Штип, во мирнодопски услови би бил достапен за македонските граѓани!

Армијата на Македонија денеска прослави 33 години од своето постоење со пораки за иднината и најави за модернизацијаЦентрална свеченост што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип, беше проследена од државниот и воениот врв, а во фокусот беа пораките за безбедност, стабилност и нови планови за модернизација.Претседателката и врховен командант на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, истакна дека Армијата повеќе од три децении ја гради својата улога како чувар на татковината и гаранција за стабилноста. Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Армијата е основа за развој и создавање на сигурна иднина за граѓаните. И опозициската СДСМ го честиташе празникот, нагласувајќи дека армиските припадници се симбол на безбедност и сигурност.Модернизација и нов кадарМинистерот за одбрана, Владо Мисајловски, најави продолжување на процесот на модернизација, кој ќе опфати набавка на нови возила, униформи и хеликоптери. Дополнително, е планиран прием на 300 нови професионални војници. Овие мерки се дел од континуираните напори за усогласување со НАТО-стандардите, во кои е вклучена и набавката на оклопни возила од САД.Безбедносни ризици и евроинтеграцииСиљановска-Давкова предупреди дека застојот во евроинтеграциите претставува сериозен безбедносен предизвик не само за Западен Балкан, туку и за Европската Унија. Таа подвлече дека државата мора да ги развива своите капацитети за кризен менаџмент и да ги усогласи со оние на НАТО, имајќи предвид глобалните нестабилности.Предлог за НАТО клинички центарНа свеченоста, претседателката предложи Штип да биде избран како локација за изградба на хибриден клинички центар на НАТО. Според идејата, центарот во мирнодопски услови би бил достапен за македонските граѓани, додека во услови на конфликт би имал функција во рамките на Алијансата.ФОТО: ФБ

Македонија | пред 5 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-20.07.26

Трамп од „Ер форс уан“: Долг повик со Зеленски, па разговори со НАТО лидерите

Претседателскиот авион „Ер форс уан“ на Доналд Трамп се врати од Анкоридж и слета во Вашингтон околу 02:00 часот по локално време (07:00 BST), јавуваат новинарите кои патуваа со американскиот претседател.Според портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, за време на летот Трамп остварил долг телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.По слетувањето, Трамп веднаш стапил во контакт и со лидерите на НАТО, информираат од Белата куќа.

Свет | пред 5 месеци

nato-zastava

Лавров: Зголемувањето на воените трошоци може да доведе до распад на НАТО

„Катастрофалното зголемување на буџетот за одбрана кај НАТО-државите може да доведе до распад на таа организација“, изјави Лавров, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер Радослав Сикорски дека трката во вооружување може да го собори Путин.Изјавата доаѓа по самитот на НАТО во Хаг, каде што лидерите поддржаа зголемување на одбранбените трошоци до 5% од БДП до 2035 година, на иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп.Лавров додаде дека Москва разгледува опција за намалување на воениот буџет во 2026 година, и покрај тоа што годинава тој изнесува 6,4% од БДП – највисоко ниво од Студената војна.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања