„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

НАТО

media-libraryp3ahatda22828dJtOnc

Руте: Трамп не побара НАТО да се приклучи во кампањата против Иран

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп не побарал Алијансата да се приклучи на воената кампања против Иран.„Претседателот не побара НАТО да се придружи, така што тоа не е точно“, рече Руте, нагласувајќи дека станува збор за воена операција што ја водат САД и Израел.Тој посочи дека повеќе сојузници даваат клучна поддршка во делот на логистиката и пристапот, но дека тоа не значи директно учество во кампањата. Како пример ги наведе шпанските бази, кои, според него, со години имаат важна улога во одбраната на клучни американски интереси.Руте истакна дека чувствува широка поддршка од европските сојузници. Тој изјави дека во текот на викендот и претходните денови разговарал со бројни лидери и дека видел јасна поддршка за, како што рече, „одземањето на нуклеарните способности и капацитетите за балистички ракети“ на Иран, како и за елиминирањето на ајатолахот Али Хамнеи.Според Руте, овие потези биле поздравени од многу негови колеги во рамки на Алијансата, но без формална одлука НАТО да стане директен дел од воената кампања.

Свет | пред 14 минути

Screenshot-2025-01-21-at-17.48.41

Генералниот секретар на НАТО денес во официјална посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денес ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО. Предвидена е и заедничка прес-конференција на претседателката Сиљановска-Давкова и Руте.Генералниот секретар на НАТО ќе има средба и со премиерот Христијан Мицкоски, како и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, по што ќе се обрати пред пратениците во законодавниот дом.Руте ќе ја посети и касарната „Илинден“ каде што ќе присуствува на презентацијата на лесна пешадиска баталјонска група (ЛПБГ) на Армијата и на дел од опремата на оваа единица.На настанот ќе присуствуваат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата и претставници од Министерството за одбрана.Ова е прва посета на Руте како генерален секретар на НАТО на Скопје. Тој беше во земјава во ноември 2021 година како тогашен премиер на Холандија.Во 2023 година во официјална посета на Македонија престојуваше тогашниот прв човек на НАТО, Јенс Столтенберг.На 03.03.2026 година (вторник), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. г. Марк Руте.Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

Македонија | пред 6 часа

rute1

Ќе се вклучи ли НАТО во војната против Иран

Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека Алијансата нема да учествува во воените операции против Иран и дека станува збор за кампања предводена од САД и Израел.На прашање на BBC дали силите на НАТО ќе бидат вклучени во операциите, Руте одговори:Не, јасно е дека ова е кампања што ја предводат Американците и Израелците.“Тој додаде дека сојузниците на НАТО и „пријателите во регионот“ моментално се изложени на „неселективни напади“ од Иран и дека во тие околности прават сè што можат.Руте истакна дека Европа „апсолутно ги поддржува“ американските акции, нагласувајќи дека Иран претставува „закана“ за Европа, Израел и поширокиот регион, и дека Европа „навистина го засилува ангажманот“ по операциите спроведени за време на викендот во Иран.Изјавата следува во време кога конфликтот помеѓу Иран, од една страна, и Израел и САД, од друга, се интензивира. По почетните американско-израелски удари врз цели во Иран, Техеран возврати со ракетни и дронски напади кон израелски и американски цели во регионот.Во конфликтот се вклучи и Хезболах, кој од јужен Либан изврши напади врз Израел, на што Израел возврати со удари врз цели на таа група. Поради влошувањето на безбедносната ситуација, повеќе западни држави, вклучувајќи ги САД, ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан.

Свет | пред 23 часа

media-libraryfikojh3tn0ftbKJnAiI

Од судница до Брисел: Политичките ривали на иста маса во НАТО

Пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, заедно учествуваат на состаноците на Парламентарно собрание на НАТО што се одржуваат во Брисел, по низата јавни препукувања и меѓусебни политички обвинувања во изминатиот период.Двајцата пратеници, покрај соочувањата во Собранието, претходно се најдоа и во судница, откако Петровска поднесе тужба за клевета против Ковачки, поврзана со негови тврдења дека таа поседува хациенда во Бутел.Во објава на социјалните мрежи, Петровска информираше дека учествува на редовните состаноци на Парламентарното собрание на НАТО, оценувајќи дека тоа претставува можност за размена на ставови и за презентација на позициите на претставниците на Алијансата и на Европската унија во контекст на актуелните геополитички движења.„НАТО останува обединето и цврсто посветено на заштитата на безбедноста на граѓаните на својата територија. Сојузниците се свесни за промената на облиците на заканите и континуирано ги прилагодуваат своите безбедносни и одбранбени системи на новите предизвици“, напиша Петровска.Настанот во Брисел се одвива во време на засилени безбедносни тензии на европскиот континент, при што се очекува фокусот да биде ставен на колективната одбрана и одговорот на новите глобални предизвици.

Македонија | пред 2 седмици

media-library3frd439s7pnna3xyNj4

Шефот на НАТО: Русија трпи огромни загуби во Украина

Русија во војната во Украина претрпела „луди загуби“, со околу 65.000 војници во последните два месеци, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, на Минхенската безбедносна конференција.Тој посочи дека приходите на Русија од нафта се намалиле за една третина и дека земјата забрзано го троши државниот фонд. Според него, Алијансата е доволно силна и Москва во моментов не би се осмелила да ја нападне.„Ќе победиме во секоја борба со Русија ако нè нападнат сега и мораме да се погрижиме и за две, четири или шест години да биде така“, изјави Руте на тркалезна маса со новинарите.

Свет | пред 2 седмици

rute1

Подготвеноста на Путин да жртвува војници е лудо однесување, бидејќи Русија не победува, вели шефот на НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека „диктаторот во Москва“ е подготвен да дозволи загинување на голем број свои сограѓани во војната против Украина, оценувајќи дека таквиот пристап мора сериозно да се сфати.„Тие не победуваат. Остваруваат многу мали придвижувања во Доњецк и на други места, толку мали што се речиси без значење“, изјави Руте, осврнувајќи се на актуелната состојба на фронтот.Според него, подготвеноста на рускиот претседател Владимир Путин да ги жртвува сопствените војници претставува сериозен сигнал. „Тоа е лудо однесување на секое ниво“, нагласи генералниот секретар на Алијансата.Руте порача дека меѓународната заедница, а особено земјите членки на НАТО, мора да обезбедат континуирана и засилена поддршка за Украина. „Она што треба да го направиме овде, во оваа сала, е да обезбедиме тие луѓе, кои се истрајни, кои се бранат и кои никогаш нема да се откажат, да ја добијат офанзивната опрема што им е потребна“, истакна тој.Изјавата на Руте доаѓа во момент кога војната во Украина продолжува со висок интензитет, а западните сојузници разгледуваат нови пакети помош и дополнителна воена поддршка за Киев.

Свет | пред 2 седмици

misajlovski-1

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска ќе учествува на состанокот на ниво на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.- Министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на состанокот ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици, информира Министерството за одбрана.

Македонија | пред 2 седмици

nato-zastava

Русија тврди: НАТО се подготвува за војна

Северноатлантскиот сојуз се подготвува за конфликт со Русија, изјави во интервју за TASS Владислав Маслеников, директор на Одделот за европски прашања при Министерството за надворешни работи на Русија.„Русија моментално е дефинирана како ‘најзначајна и најдиректна безбедносна закана’ во сите доктрински документи на НАТО, бидејќи блокот нагласува дека таквата закана ќе остане долгорочно, дури и ако конфликтот во Украина се реши“, рече висок руски дипломат, одговарајќи на прашањето дали Русија и НАТО би можеле да го обноват дијалогот сега или во иднина.„Имајќи го ова предвид, НАТО всушност се подготвува за потенцијален конфликт со Русија со зголемување на воените расходи, градење на своите капацитети долж нашите граници и распоредување дополнителни мисии и операции во Источна Европа“, објасни Маслеников.Дипломатот потсети дека на 15 ноември минатата година германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјавил во интервју за „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ дека војна помеѓу Русија и НАТО наводно би можела да започне пред 2029 година. На неговата изјава, портпаролката на руското МНР Марија Захарова одговори дека веќе нема сомнеж кој е агресор. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров додаде дека Писториус ќе мора да живее со изјавата дека војната помеѓу НАТО и Русија е „неизбежна“.Маслеников истакна дека меѓу Русија и НАТО останал само канал за итна комуникација откако Северноатлантскиот сојуз го прекина контактот со земјата.„Алијансата го прекина секој контакт со нас во 2022 година. Остана само канал за комуникација во итни случаи“, рече висок руски дипломат.Според него, НАТО всушност самоволно го замрзнал дијалогот со Русија уште во 2014 година. „Можевме да разговараме за одредени прашања, но НАТО сè сведоа на прашањето Украина. Нашите иницијативи за деескалација на воените тензии во Европа не беа ценети“, истакна тој.Маслеников додаде дека Русија се обидела да иницира дијалог за меѓусебни безбедносни гаранции. „Предложивме нацрт на такви договори во декември 2021 година, но не добивме позитивен одговор.“

Свет | пред 1 месец

media-libraryflk78kl44c1g0BvleKZ

Руте: Путин би бил задоволен од европска војска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли повиците на дел од европските лидери за формирање посебна европска војска, оценувајќи дека таквата идеја би го ослабнала трансатлантскиот сојуз и би му одела во прилог на рускиот претседател Владимир Путин. Обраќајќи се во Европскиот парламент во Брисел, Руте порача дека заговорниците на европски сили одвоени од НАТО „можат да продолжат да сонуваат“, нагласувајќи дека безбедноста на Европа треба да се зајакнува во рамки на алијансата предводена од САД.Руте истакна дека европските земји треба да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност, како што бара американскиот претседател Доналд Трамп, но предупреди дека создавањето паралелни воени структури би довело до преклопувања, недостиг од кадар и дополнителна компликација на одбранбениот систем. Според него, токму таквото сценарио би било „воодушевување за Путин“.Во изминатите недели, шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Албарес и еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус јавно говореа за можноста од европска војска, но Руте, иако без директно именување, јасно ја отфрли таа идеја.Тој оцени дека доколку Европа навистина сака целосна воена самостојност, трошоците би биле значително поголеми од пет проценти од бруто-домашниот производ, колку што земјите членки на НАТО се обврзаа да издвојуваат за одбрана. Руте предупреди дека тоа би значело и изградба на сопствени нуклеарни капацитети, со трошоци од милијарди евра, како и губење на американскиот нуклеарен чадор, кој го нарече краен гарант на слободата.Покрај тоа, генералниот секретар на НАТО информираше дека со американскиот претседател договорил два „работни правци“ за намалување на тензиите меѓу Европа и Вашингтон, особено во контекст на Гренланд. Првиот се однесува на тоа НАТО колективно да преземе поголема одговорност за одбраната на Арктикот и да спречи зголемено влијание на Русија и Кина во регионот. Вториот правец, според Руте, ќе се одвива надвор од НАТО и ќе опфати продолжување на разговорите меѓу САД, Данска и Гренланд.

Свет | пред 1 месец

kina

Пекинг: „Кинеската закана“ за Гренланд е целосно неоснована

Пекинг соопшти дека идејата оти Кина претставува закана за Гренланд е „целосно неоснована“, реагирајќи на извештаите дека НАТО и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за спречување на Кина и Русија да стекнат влијание на арктичката територија.„Таканаречената ‘кинеска закана’ е целосно неоснована и Кина се спротивставува на практиката да се користи Кина како изговор за остварување себични интереси“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Ѓиакун, на редовна прес-конференција.На настан во Давос во четвртокот, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека тој и Трамп претходно разговарале за тоа како земјите членки на Алијансата можат „колективно да обезбедат Арктикот да остане безбеден и Русите и Кинезите да останат надвор“.

Свет | пред 1 месец

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Поранешниот висок функционер на НАТО бара европска „црвена линија“ поради изјавите на Трамп

Европа мора да заземе значително поцврст став кон, како што ги оцени, „непријателските испади“ на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд, истовремено нудејќи рамка за соработка што ќе вклучува економски и безбедносни договори. Ова го порача поранешниот дански премиер и поранешен генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во авторски текст објавен во „Економист“.Расмусен потсети на долгогодишната воена поддршка што Данска ѝ ја давала на Америка, нагласувајќи дека данските војници со години учествувале во американските воени операции во Авганистан и Ирак. Тој наведе дека во периодот од 2002 до 2021 година, во 52 наврати, ковчези со посмртните останки на дански војници се враќале дома, откако тие ги загубиле животите борејќи се рамо до рамо со американските сили. Според него, Данска, гледано по глава на жител, претрпела поголеми загуби од речиси сите други членки на коалицијата предводена од САД, па дури и поголеми од самата Америка.Поранешниот дански премиер истакнува дека долго време ја сметал Америка за природен лидер на слободниот свет, како во периодот кога бил премиер, така и додека ја извршувал функцијата генерален секретар на НАТО. Сепак, според него, по изјавите и однесувањето на Трамп кон Данска, која ја нарече еден од најлојалните американски сојузници, „време е да се каже дека е доста“.Расмусен потенцира дека Гренланд не претставува закана за Соединетите Американски Држави и дека островот е заштитен од НАТО. Тој наведува дека секој обид на Русија или Кина да распоредат сили на Гренланд би наишол на заеднички одговор од Алијансата, а не само од данските вооружени сили. Потсети и на безбедносниот договор меѓу САД и Данска од 1951 година, со кој на американските сили веќе им е овозможено зголемување на присуството на островот, додавајќи дека на Вашингтон може да му се понудат и дополнителни економски можности, вклучително и инвестиции на американски компании во природните ресурси на Гренланд.Во текстот, Расмусен предупредува дека класичната дипломатија можеби нема да биде доволна во односот со Трамп. Според него, американскиот претседател верува дека може да го анектира Гренланд затоа што ја гледа Европа како поделена и немоќна, убеден дека на крајот ќе се остане само на зборови, додека САД ќе го добијат она што го сакаат.Тој ја повика Европската унија јасно да ги постави границите и најави дека, доколку се направи обид за промена на суверените европски граници, САД мора да се соочат со целосната сила на европската економска „базука“, преку сериозни ограничувања на увозот и извозот и исклучување на американските компании од европските јавни набавки.На крајот, Расмусен заклучува дека Европа има избор: или ќе одговори со сила и решителност на ваквите притисоци, или ќе биде принудена да прифати сè што ќе ѝ биде наметнато, предупредувајќи дека токму сега е моментот да се повлече јасна и непоместлива линија во „снегот на Гренланд“.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2022-02-26-at-23.58.02

Трамп: Да не се појавев јас, денес немаше да постои НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи со нова контроверзна порака на својата социјална мрежа Truth Social, во која тврди дека без неговото појавување денеска немало да постои НАТО.Трамп напиша дека ниту една личност, ниту еден претседател во историјата, не направил повеќе за Алијансата од него, нагласувајќи дека НАТО, според неговите зборови, би завршил „на сметилиштето на историјата“ доколку тој не се вмешал.„Да не се појавев јас, денес немаше да има НАТО. Ќе завршеше на сметилиштето на историјата. Тажно, но вистинито“, напиша Трамп, потпишувајќи ја пораката со иницијалите „Претседател ДЏТ“.Оваа изјава доаѓа во контекст на неговите чести критики кон земјите членки на Алијансата, особено европските, за недоволно издвојување средства за одбраната, како и неговото инсистирање дека токму под негов притисок биле зголемени воените буџети во рамки на НАТО.Изјавите на Трамп и претходно предизвикуваа бурни реакции меѓу сојузниците, а неговото тврдење дека Алијансата опстанала исклучиво поради неговото лидерство повторно отвора дебата за иднината на трансатлантските односи и улогата на САД во колективната безбедност.

Свет | пред 1 месец

media-library1j76j1tsa7va7KsvfO3

Трамп објави приватни пораки од Макрон и шефот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата социјална мрежа Truth Social објави приватни пораки за кои тврди дека му биле испратени од генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, како и од францускиот претседател Емануел Макрон.Во пораката што Трамп ја припишува на Руте, генералниот секретар на НАТО му честита за, како што наведува, постигнатото во Сирија и изразува намера на Светскиот економски форум во Давос јавно да го истакне ангажманот на американскиот претседател во Сирија, Газа и Украина. Во истата порака, Руте наведува дека е посветен на изнаоѓање решение за прашањето со Гренланд и дека со нетрпение очекува средба со Трамп.Трамп објави и порака за која тврди дека ја добил од Макрон. Во неа, францускиот претседател пишува дека двете земји се целосно усогласени околу Сирија и дека заедно можат да постигнат „големи работи“ во однос на Иран, но истовремено наведува дека не го разбира пристапот на Трамп кон прашањето за Гренланд. Макрон, според објавената порака, предлага по завршувањето на форумот во Давос да се организира состанок во Париз во формат на Г7, со можност во неформалниот дел да се вклучат и претставници на Данска, Украина, Сирија и Русија. Дополнително, тој предлага и заедничка вечера со Трамп во Париз, пред неговото враќање во Соединетите Американски Држави.Извор близок до францускиот претседател за американската телевизија Си-Ен-Ен потврдил дека пораката која Трамп ја сподели е автентична и дека нејзината содржина е во согласност со јавните ставови на Макрон. Според истиот извор, францускиот претседател во изминатите денови јавно ги нарекол заканите со царини поради Гренланд „неприфатливи“, а воедно го одбил и повикот на Трамп да се приклучи на таканаречениот „Одбор за мир“ кој би ја надгледувал обновата на Газа.По одбивањето, Трамп изјавил дека „никому не му е потребен Макрон“, при што ја споменал и можноста за воведување царини од 200 проценти за француско вино и шампањ. Изворот близок до францускиот претседател оценил дека заканите со царини со цел влијание врз надворешната политика на Франција се неприфатливи и неефикасни.

Свет | пред 1 месец

media-libraryuh3kggafh3aj9PQiTmj

Данска и Гренланд разговараат за можно распоредување на НАТО на Арктикот

Данска и Гренланд разговарале за можноста за распоредување на НАТО на Гренланд и поширокиот арктички регион, изјави денеска данскиот министер за одбрана Тролс Лунд Поулсен по средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Моцфелд, во Брисел.Поулсен нагласи дека иницијативата била предложена од данска страна и дека генералниот секретар на НАТО ја примил на знаење. Според него, постои надеж дека во наредниот период ќе може да се воспостави јасна рамка за тоа како ваква мисија би можела да се реализира на терен.Тој додаде дека разговорите се целосно усогласени со ставовите и позициите на владата на Гренланд, истакнувајќи дека сите чекори се координираат со локалните власти.Разговорите се одвиваат во чувствителен момент, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги интензивира напорите поврзани со прашањето за суверенитетот над Гренланд, кој припаѓа на Данска. Таквите потези предизвикаа реакции и во Европската унија, каде што, според медиумските извештаи, се разгледува можноста за воведување сопствени мерки како одговор на зголемените притисоци.

Свет | пред 1 месец

media-library11b3gk4h51qq1Vws45J

Поранешниот шеф на НАТО предупредува: Америчко преземање на Гренланд ќе го разниша светот, тоа ќе е крај на светскиот поредок каков што го познаваме

Поранешниот генерален секретар на НАТО и екс-премиер на Данска, Андерс Фог Расмусен, предупреди дека евентуално насилно преземање на Гренланд од страна на САД би претставувало „крај на светскиот поредок каков што го познаваме“.Во изјава за Фајненшл тајмс, Расмусен оцени дека реториката на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд е загрижувачка и ја спореди со јазикот што го користат, како што рече, „гангстери во Русија и Кина“, држави кои, според него, САД треба да се обидуваат да ги контролираат, а не да им наликуваат.„За мене ова е болен процес. Од детството ги гледав Соединетите Држави како природен лидер на слободниот свет. Дури зборував и за САД како за светски полицаец“, изјави Расмусен, потсетувајќи дека токму тој, како дански премиер, испраќал војници да се борат рамо до рамо со Американците во Авганистан.Тој додаде дека денес САД користат реторика која е „премногу блиска до гангстерите во Москва и Пекинг“, предупредувајќи дека ваквите тензии и поделби во рамките на Западот директно ѝ одат во прилог на Русија.„Сигурен сум дека Москва се надева дека Гренланд ќе стане санта мраз што ќе го потопи НАТО“, истакна Расмусен, нагласувајќи дека прашањето далеку ги надминува рамките на Данска и Гренланд.„Ова не е само данско или гренландско прашање. Освојувањето на Гренланд би било крај на светскиот поредок каков што го познаваме“, заклучи поранешниот генерален секретар на НАТО.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања