Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Поранешниот висок функционер на НАТО бара европска „црвена линија“ поради изјавите на Трамп

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

Европа мора да заземе значително поцврст став кон, како што ги оцени, „непријателските испади“ на американскиот претседател Доналд Трамп поврзани со Гренланд, истовремено нудејќи рамка за соработка што ќе вклучува економски и безбедносни договори. Ова го порача поранешниот дански премиер и поранешен генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, во авторски текст објавен во „Економист“.

Расмусен потсети на долгогодишната воена поддршка што Данска ѝ ја давала на Америка, нагласувајќи дека данските војници со години учествувале во американските воени операции во Авганистан и Ирак. Тој наведе дека во периодот од 2002 до 2021 година, во 52 наврати, ковчези со посмртните останки на дански војници се враќале дома, откако тие ги загубиле животите борејќи се рамо до рамо со американските сили. Според него, Данска, гледано по глава на жител, претрпела поголеми загуби од речиси сите други членки на коалицијата предводена од САД, па дури и поголеми од самата Америка.

— реклама —

Поранешниот дански премиер истакнува дека долго време ја сметал Америка за природен лидер на слободниот свет, како во периодот кога бил премиер, така и додека ја извршувал функцијата генерален секретар на НАТО. Сепак, според него, по изјавите и однесувањето на Трамп кон Данска, која ја нарече еден од најлојалните американски сојузници, „време е да се каже дека е доста“.

Расмусен потенцира дека Гренланд не претставува закана за Соединетите Американски Држави и дека островот е заштитен од НАТО. Тој наведува дека секој обид на Русија или Кина да распоредат сили на Гренланд би наишол на заеднички одговор од Алијансата, а не само од данските вооружени сили. Потсети и на безбедносниот договор меѓу САД и Данска од 1951 година, со кој на американските сили веќе им е овозможено зголемување на присуството на островот, додавајќи дека на Вашингтон може да му се понудат и дополнителни економски можности, вклучително и инвестиции на американски компании во природните ресурси на Гренланд.

— реклама —

Во текстот, Расмусен предупредува дека класичната дипломатија можеби нема да биде доволна во односот со Трамп. Според него, американскиот претседател верува дека може да го анектира Гренланд затоа што ја гледа Европа како поделена и немоќна, убеден дека на крајот ќе се остане само на зборови, додека САД ќе го добијат она што го сакаат.

Тој ја повика Европската унија јасно да ги постави границите и најави дека, доколку се направи обид за промена на суверените европски граници, САД мора да се соочат со целосната сила на европската економска „базука“, преку сериозни ограничувања на увозот и извозот и исклучување на американските компании од европските јавни набавки.

На крајот, Расмусен заклучува дека Европа има избор: или ќе одговори со сила и решителност на ваквите притисоци, или ќе биде принудена да прифати сè што ќе ѝ биде наметнато, предупредувајќи дека токму сега е моментот да се повлече јасна и непоместлива линија во „снегот на Гренланд“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

mark-rute

НАТО: Ќе преземеме сè за одбрана на Турција

Свет | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx

НАТО пресретна руски бомбардери над Балтикот

Свет | пред 4 дена

nato-mrezi

НАТО ќе стане „поевропски“: расте загриженоста за улогата на САД

Свет | пред 1 седмица

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Напнатоста околу Иран ја турна НАТО во најголема криза

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања