„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

podgotovki

Координирани подготовки пред почетокот на новата учебна година во Охрид

Како дел од координираните активности за навремено спроведување на сите потребни подготовки во пресрет на новата учебна година, градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески заедно со надлежните општински служби денеска одржа состанок со директорите на основните и средните училишта од подрачјето на општината.На состанокот се разговараше за сите тековни инвестиции и реконструкции кои се реализираат во училишните објекти, како и за идните проекти кои Општина Охрид ги планира во насока на подобрување на условите во образовните институции.Освен за одредбите од Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година, кој го утврди Министерството за образование и наука, на состанoкот се разговараше и за сите интервенции кои треба да се преземат за осовременување на постоечката интернет инсталација во училишните објекти и за набавка на дополнителна компјутерска опрема согласно потребите.Инаку, Општина Охрид веќе подготви Преглед за спроведување на воспитно-образовниот процес според сите протоколи за време на пандемија и врз основа на барањата од училиштата за настава со физичко присуство, за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците од средните училишта. Овој преглед со барања, општината го достави до Комисијата фoрмирана од Владата на Република Северна Македонија, која треба да донесе одлука во кое училиште ќе може да се организира наставата со физичко присуство. Барањата за организирање на настава со физичко присуство, охридските училишта ги имаат направено врз основа на просторните услови, бројот на ученици и анкетите на родителите, кои биле спроведени во текот на изминатиот период.Следејќи ги протоколите и мерките за заштита од „КОВИД 19“, Општина Охрид веќе започна постапка за набавка на средства за дезинфекција, термометри и сите други потребни материјали за здравствена безбедност на учениците и наставниот кадар, а пред почетокот на учебната година планирано е да биде извршена целосна дезинфекција на сите училишни објекти. 

Македонија | пред 5 години

SPOMENIK_GRIGOR_1109-1-e1599822383677

Започнаа активностите за преместување на на спомен - обележјето на Григор Прличев во Охрид

Во тек се работни активности за преместување на спомен обележјето на Григор Прличев на нова локација, во непосредна близина на НУ Библиотека „Григор Прличев“ и НУ Центар за култура „Григор Прличев“.Овие активности се реализираат согласно одлуката бр.08- 815/4 од 31.01.2020 година за преместување на спомен- обележјето на Григор Прличев и одлуката за утврдување локација за поставување на истото бр.08-5333/11 од 29.06.2020 година кои ги усвои Советот на Општина Охрид.Покрај поставувањето на споменикот, на новата локација (КП 15443/1 во КО Охрид 3) со површина од 25м2 е предвидено партерно и хортикултурно уредување, без нарушување на автентичноста на просторот. Спомен- обележјето се преместува поради тоа што во близина на претходната локација се наоѓаат подземни контејнери.Градежните активности за преместување на споменикот ќе ги изведува ЈП „Градски гробишта“ Охрид.

Македонија | пред 5 години

Krstosnici

Се уредува нов зелен појас на крстосниците на „Туристичка“ во Охрид

Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве започнаа работни активности за партерно уредување на тротоарските рабови на кружната крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Јане Сандански“ каде што ќе биде засаден нов зелен појас.Според планираното, на местото на постоечката метална ограда на сите четири заоблени тротоарски рабови, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе засадат соодветен зелен појас и ќе биде поставен наменски систем за наводнување.Ваква ограда од зеленило ќе биде засадена и на тротоарските рабови од останатите кружни крстосници на булеварот „Туристичка“.  

Македонија | пред 5 години

Ograda

Поставена нова ограда на дворот во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид

Екипите на ЈП „Градски гробишта“ деновиве спроведоа работни активности за поставување на нова ограда во дворот од  СОСУ „Свети Кирил и Методиј“.На местото на отстранетата ограда од зеленило, изведен е бетонски ѕид на кој е поставена соодветна метална ограда. За оваа намена од буџетот на Општина Охрид се издвоени 450.000 денари.Во текот на наредниот период во СОСУ „Свети Кирил и Методиј“ планирано е да биде извршена промена на дограмата во целиот училишен објект.

Македонија | пред 5 години

pod

Реконтрукција на подовите во подраќното училиште во Коњско и во дел од ОУ „Григор Прличев“

Во подрачниот училишен објект на ОУ „Свети Наум Охридски“ во селото Коњско деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подовите во три училници и една канцеларија.Поставувањето на новиот ламинатен под е овозможено преку донацијата која Општина Охрид ја обезбеди од една локална компанија за трговија со градежни материјали.Како дел од истата донација деновиве беше извршена и реконструкција на подовите во неколку училишни простории во ОУ „Григор Прличев“.Во текот на наредниот период со средства од буџетот на Општина Охрид планирана е комплетна реконструкција на подовите во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“, во ОУ„Христо Узунов“ и подрачниот објект на ОУ„Кочо Рацин“ во село Лакочереј.

Македонија | пред 5 години

tableti

Доделени 50 таблет компјутери на ученици од социјално -ранливи семејства во Охрид СЕМЕЈСТВА

Секретарот на Општина Охрид Игор Бежоски денеска ги додели таблет компјутерите кои компанијата „Еколог Интернешнл“ ги донираше за учениците од социјално-ранливите семејства од Охрид.Вакви електронски уреди добија 41 ученик од основните и 9 ученици од средните училишта во општината, кои се соочуваа со недостиг на соодветни услови за следење на далечинска настава и користење на„онлајн“ апликации.Оваа донација е во насока на соодветно и успешно спроведување на наставата по електронски пат, согласно утврдените протоколи за заштита од вирусот „КОВИД 19“ и правилата кои ги утврди Министерството за образование и наука за одвивање на наставата во текот на претстојната учебна година.Инаку, компанијата „Еколог Интернешнл“ донираше неколку илјади таблет компјутери и во други општини од Република Северна Македонија.  

Македонија | пред 5 години

silos-1

(ФОТО) Срушен и последниот силос од бетонската база на советникот од ДУИ Нефи Усеини

Полека но сигурно власта става ред со дивоградбитеГо снема и последниот силос од добро познатата бетонската база на советникот од ДУИ Нефи Усеини.Полека но сигурно, со многу тешкотии , пречки и опструкции државата почна да става ред во хаосот со дивоградбите и денес ја гледаме сликата која до пред некој месец беше незамислива, посебно ако се има предвид дека политичарите со децении во Македонија важеа ( и повеќето сеуште важат ) за недопирлива категорија на граѓани кога е во прашање спроведувањето на законите.Клучна улога во борбата за справување со дивоградбите и спас на Охрид и езерото имаа дел од медиумите од Скопје и Охрид кои скоро две години непрекинато алармираат и укажуваат дека состојбата со дивоградбите  во Охрид е алармантна и неодржлива и едноставно мора да биде променета. ЕКОЛОГИСТИТЕ СТАНАА ПРОДУКЦИЈА ЗА ЛАЖНИ ВЕСТИСекако дека не треба да се занемари и придонесот на еколошките организации, пред се на оние кои официјално постојат и се регистрирани како субјекти, но неодминливо останува горкиот впечаток дека поедини организации преминаа во пропагандни Фејсбук гласила кои почнаа дури и да шират лажни вести.Таков е случајот со Охрид СОС кои објавија лажна вест за советникот Нефи Усеини, постирајќи на Фејсбук булдожер и тврдејќи дека тоа е механизацијата на Нефи која вадела песок од езерото за потребите на бетонската база, што се покажа како неточно, беше демантирано од семејството Усеини , а Охрид СОС не се извини за ова ширење лажни вести.Со ова не само што го поткопаа процесот на обелоденување на вистината за проблемите со екологијата и дивоградбите туку ја доведоа во прашање и досегашната релевантност на тоа што го објавувала оваа непостоечка организација која дејствува на Фејсбук, а не се знае кој се лицата кои во име на Охрид СОС постираат, напаѓаат и обвинуваат во јавноста.Акција за отстранување на  бесправно поставена урбана опрема, шанкови и објекти од плажите, хотели и објекти  на самото крајбрежје, започна во месец јуни. Акцијата ја спроведува Општина Охрид со полициска асистенција. Акцијата продолжува есенва, а Општина Охрид е категорична дека во спроведување на истата нема селективност.

Македонија | пред 5 години

turnir

Ревијален турнир во ватерполо

По повод Денот на независноста на Република Северна Македонија, од 5ти до 6ти септември, на малото пристаниште пред хотел „Палас“ ќе се одржи ревијален турнир во ватерполо. Турнирот е во организација на здружението за спортови на вода „Охридски бранови“, а учество ќе земат повеќе екипи од Република Србија и Република Северна Македонија.Настанот се одржува под покровителство на општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Нова ограда во дворот на ОМУ „Методи Патче“

Екипи на ЈП Градски Пазар  по налог на   локалната самоуправа деновиве работат на  реконструкција на постоечката  и дооградување со нова ограда во дворот на ОМУ ,, Методиј Патчев“.Проектот се реализира непосредно пред почетокот на школската година, а неговата вредност е 376.326,00 средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

Igraliste_kasarna

(ФОТО) Привршува изградбата на баскет игралиштето во населба „Црногорци“

Во завршна фаза е изградбата на  Баскет игралиштето   што го градат  општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Република Северна Македонија. Игралиштето е сместено во делот за млади и спорт и е   со димензии 22м на 22м и површина од 422 м2. На него е поставена  специјална подлога за играње кошарка,  рефлектори, соодветни спортски реквизити, канти за отпадоци и клупи.Игралиштето е  наменето за спорт и рекреација на жителите од населба „Црногорци“. Општина Охрид  во иднина планира  овој дел на градот да го разубави и со останати спортски содржини.

Македонија | пред 5 години

15-Korpus_09042020005

(ФОТО) Се уредуваат тротоарите на улица „15ти Корпус“

Деновиве започнаа активности за уредување на тротоарите од улицата „15ти Корпус“.  Во тек е уредувањето на левата страна од улицата, а по завршување ќе се продолжи со уредување и на другата страна.Активностите се во рамки на проектот за реконструкција на улицата „15ти Корпус“ во прва фаза која се заокружува со изведувањето на активностите за уредување на тротоарите. Претходно, во рамки на овој потег се изврши поставување на нова атмосферска канализација, асфалтирање и се вршеше уредување на пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата.Втората фаза од реконструкцијата е веќе започната, со изградбата на три потпорни ѕидови. Според проектот следни зафати се поставувањето на атмосферска канализација на потегот до влезот од село Лескоец.Буџетот предвиден за овој проект е 58 милиони денари. Од нив 30 милиони денари се обезбедени од буџетот на Општина Охрид, а 28 милиони денари од ЈП „Државни Патишта“. Вкупната должина на улицата „15-ти Корпус“ е 1900 метри.

Македонија | пред 5 години

kolonija

Во Трпејца по трет пат ќе се одржи „Уметничка колонија“

Здружението  „За Трпејца со љубов“ најавува  дружба на неколку уметници од Охрид и Скопје.– Идејата ни беше како и минатата година и оваа во Трпејца да организираме Меѓународен уметнички камп, но Ковид -19 ни ги смена плановите, сепак не успеа да ја одложи колонијата, таа ќе го задржи континуитетот, вели уметникот Ѓоко Симјаноски, кој  по трет пат ќе учествува и годинава ќе раководи со колонијата.Трпејца е повеќе од податливо место за инспирација и уметност, а на листатата на учесници покрај Симјаноски се и Наташа Попоска – Карче и Хава Реџепи, двете од Охрид и Ристо Андреев  и Горан Јованов од Скопје.Со силна поддршка за колонијата свое симболично, но драгоцено учество ќе имаат и познатите уметници Ставре Димитров – Стадим и Живко Поповски – Цветин кои со децении се дел од слични уметнички колонии ширум земјава.Традиционално – уметниците ќе творат во просториите на Подрачното основно училиште „Наум Охридски“, а ќе се дружат и со мештаните.Уметничката колонија и годинава ќе се одржи под покровителство и со финансиска поддршка на Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

Ohridski_biseri_08312020002

Заврши 19- от меѓународен натпревар „Охридски бисери“

Советникот  во  Советот на Општина Охрид, Мишел Силјановски во црквата Св. Софија присуствуваше на концертот со којшто се означи крај на годинешниот интернационален музички натпревар „Охридски бисери“.Силјановски  ја додели „Златната маска“  што општина Охрид секоја година ја подарува на најдобриот музичар во натпреварувачкиот дел со уверување дека и во иднина локалната власт ќе поддржува вакви музички случувања.– Огромно е задоволството да се присуствува на вечерашниот концерт со кој се крунисуваат најдобрите музички таленти  на интернационалниот натпревар  „Охридски Бисери“ што изминативе неколку дена се одржуваше во Охрид.   Културното  наследство изразено преку музиката  претставува импозантна лична карта на секоја земја во Светот.  Токму затоа  вакви средби се особено значајни за сите нас,  затоа што преку нив се промовира и негува културното богатство и традиции кои се пренесуваат од генерација на генерација. Иднина имаат само државите кои во континуитет се придржуваат кон историското наследство во сите облици. Токму затоа овие културни случувања имаат особено значење за сите нас. Високите  професионални стандарди кои се пропишани  за учесниците на овој меѓународен натпревар  влијаат на сериозноста на меѓународните натпревари  како  и на неопходноста за високо реноме на членовите на жирито .  Натпреварувајќи се во дисциплините, виолина, пијано и  камерна музика младите учесници   ја потврдија моќта на музиката која ги руши сите бариери. Сите тие беа многу добри во своите настапи, а на првиот меѓу најдобрите  ќе му ја подарам оваа „Златна Маска “ во знак на внимание од Општина Охрид која и понатака ќе продолжи да ги  подржува ваквите културни случувања кои ја збогатуваат туристичката разгледница на Охрид – рече Силјановски .„Охридски бисери“  годинава се одржува по 19-ти  пат и е единствен меѓународен натпревар, член на меѓународната асоцијација ЕМСИ -Европска асоцијација на музички натпревари, од 2005 година, во која членуваат педесетина други натпревари од 30 европски земји. Токму членувањето во ова здружение го издвојува натпреварот  „Охридски бисери“ во однос на бројни други натпревари кои се одржуваат во нашата земја и во регионот. Идејата на асоцијацијата ЕМСИ уште од основањето, 1970 во Брисел, е афирмација на посебно надарени млади уметници и нивна промоција на професионалните концертни подиуми во Европа и во светот. Таа се остварува и преку организирање на семинари и мастеркласи со еминентни педагози и репродуктивни уметници, концертни турнеи, настапи со оркестри и вредни стипендии од универзитети во Европа и САД. 

Македонија | пред 5 години

Ohrid_TrcaT

Охрид подготвен за четвртото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчат“

Професионални атлетичари, рекреативци и љубители на спортот од нашата држава и од регионот, ќе бидат дел од четвртото издание на спортскиот атлетски настан „Охрид Трчат”, кој викендов ќе се одржува во Охрид.Организатор на оваа тридневна спортска манифестација е атлетскиот клуб „Охрид Трчат“ со поддршка на Општина Охрид. Целокупната програма, условите и прописите на трките ќе бидат во согласност со сите утврдени мерки и протоколи за превенција од вирусот „КОВИД 19“.Според програмата, предвидени се две трки, кои ќе се одржат во недела на 30-ти август. Покрај трката од 5 километри, оваа година за прв пат ќе биде органиизран и полумаратон од 21 километар.Трката на 21 километри е тркачкиот професионален дел од настанот и е наменета за активните рекреативци и професионални атлетичари, а трката на 5 километри претставува рекреативна трка која е наменета за сите возрасти и која има за цел да го афирмира трчањето и да го промовира здравиот начин на живот.За време на атлетската манифестацијата, на 30-ти август во периодот од 07:00 до 10:30 часот ќе биде организиран посебен сообраќаен режим во градот и ќе бидат затворени за сообраќај дел од уиците во централното градско подрачје. Ораганизаторите упатуваат апел до граѓаните на Охрид и туристите кои престојуваат во градот да покажат разбирање и да го поддржат одржувањето на настанот. 

Македонија | пред 5 години

Kliment_osvetluvanje

(ФОТО) Ново осветлување доби ОУ„Св. Климент Охридски“

Училишниот двор, пристапот од страна на игралиштето и споменикот на Св. Климент Охридски од денес се со ново осветлување. Дотраените и неекономични  светилки се заменети со лед кои што се штедливи, а целокупната инвестиција е финансирана од општина Охрид.Претходно во училиштето беше замената  старата и дотраена дограма со нова и енергетско ефикасна, а дополнително  беше поставен под од ламинат. Во подрачното училиште во населба Даљан, деновиве беше извршена комплетна реконструкција на подот со поставување на нов ламинат, а во наредниот период се планира и промена на дограмата. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања