„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ohrid

hotel

(ВИДЕО) И денеска се рушеше хотелот дивоградба во Охрид

Денеска продолжи акцијата за рушење на хотел дивоградба кој се наоѓа на самиот брег на Охридското Езеро. Акцијата ја спроведува општина Охрид.Акција за уривање на овој хотел првично имаше на 30 септември 2019 год, но општинските екипи тогаш се повлекоја по ветувањето на сопственикот дека сам ќе си го урне објектот. Тогаш општината му даде рок од 20 дена, но сопственикот не само што не го испочитува овој рок, туку до ден денес, немаше отстрането ни една штица од објектот.Хотелот се наоѓа на самиот брег на Езерото и истиот е во близина на бетонската база изградена од советникот Нефи Усеини. Објектот е изграден на земјиште во приватна сопственост без никакво одобрение добиено од Општина Охрид.Инаку ова е дел од акцијата која локалната самоуправа ја спроведува по препораките на УНЕСКО, и со која се отстранува урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро.Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.Објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичко-планска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Македонија | пред 5 години

Novi-Pazar

Северна Македонија и Охрид ќе испратат помош за Нови Пазар!

На иницијатива на заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, г-дин Неџад Мехмедовиќ и градоначалникот на Охрид, г-дин Константин Георгиевски, на следната седница на Советот на општина Охрид ќе биде предложена точка за испраќање на помош за градот Нови Пазар, како знак на солидарност во борбата против пандемијата на Ковид 19, во која овој најпогоден град во Република Србија се наоѓа.Двата прекрасни града кои се на листата на заштитни подрачја на УНЕСКО се во процедура на збратимување од 2019 година. Во текот на месец август 2019 на седница Советот на општина Нови Пазар се изгласа Одлука за збратимување на градот Нови Пазар со општина Охрид. Во текот на годината се очекува општина Охрид да ја донесе одлуката за збратимување со општината Нови Пазар, со што овие два града и формално ќе ја зацврстат меѓусебната соработка. 

Македонија | пред 5 години

Zivko_Cingo_1

Општина Охрид објави конкурс за најдобар расказ

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗ Услови за учество на Конкурсот: Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Северна Македонија;Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса: ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57 со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ; Авторското право се докажува со четвртиот примерок;Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2020 г.;Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 07.08.2020 г.Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари. Доставените трудови не се враќаат.

Македонија | пред 5 години

Antic

Општина Охрид со поддршка за новоформираниот градски кошаркарскиклуб „Охрид“

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателот на кошаркарската федерација на Република Северна Македонија, Перо Антиќ на денешната средба изразија голема благодарност до групата ентузијасти за формирањето на градскиот кошаркарски клуб Охрид и се обврзаа за обезбедување на помош за непречено функционирање на клубот.Претседателот на КФСМ, Антиќ истакна дека е задоволен што постојат ентузијасти кои се борат да ја продолжат кошаркарската приказна во градот и што му овозможуваат на охриѓани повеќе спортски доживувања.Градоначалникот Константин Георгиески, како голем љубител на спортот не себично ја истакна својата поддршка кон новоформираниот клуб и се обврза во скоро време да им обезбеди и финансиска помош.Претставниците на клубот информираа дека ќе се посветат максимално со работа во младинските категории и охридските кошаркарски таленти, и чекор по чекор да  одат напред и од наредна година да се натпреваруваат во прва лига. 

Македонија | пред 5 години

asfalt

Асфалтирани краци од ул. „Момчило Јорданоски“ во Охрид

Деновиве заврши асфалтирањето на краци од ул. „Момчило Јорданоски“во должина од 340 метри односно површина од  2000 метри квадратни. Станува збор за проект кој е дел од годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности  и сообраќај и улици  при општина Охрид. Вредноста на проектот е 3 000 000 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Охрид.  Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга.Со реализација на проектот се решава деценискиот проблем на жителите од овој дел на градот кои се движеа и сообраќаа во неадекватни услови. 

Македонија | пред 5 години

kosta-1

(ФОТО) Сугаревски во Охрид, лично да ги види инфраструктурните проекти кои општината ги реализира со поддршка на Министерството

Градоначалникот Константин Георгиески денеска оствари средба со Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој беше во работна посета на Општина Охрид. На средбата беше разговарано за  инфраструктурните проекти кои општината ги реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, како и за идните планови за заедничка соработка.Исто така, на средбата беше разговарано и за посветеноста на локалната и централната власт во насока на уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во согласност со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и неселективното применување на законските прописи, во делот на исполнување на препораките на УНЕСКО.Министерот и градоначалникот извршија увид на градежните работи  за реконструкција на улицата „Абас Емин“ каде што во моментов се изведуваат работни активности во рамки на првата фаза од проектот, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“.Проектот за реконструкција на оваа улица е поделен на два дела, првиот дел, за изведба и реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на оваа улицата се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската банка за обнова и развој. Вториот дел од инвестицијата кој ќе опфати комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Железничка“ ќе се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари.за транспорт и врски, како и за идните планови за заедничка соработка.Исто така, на средбата беше разговарано и за посветеноста на локалната и централната власт во насока на уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро во согласност со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и неселективното применување на законските прописи, во делот на исполнување на препораките на УНЕСКО.Министерот и градоначалникот извршија увид на градежните работи  за реконструкција на улицата „Абас Емин“ каде што во моментов се изведуваат работни активности во рамки на првата фаза од проектот, на потегот од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Македонски Просветители“.Проектот за реконструкција на оваа улица е поделен на два дела, првиот дел, за изведба и реконструкција на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на оваа улицата се реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски и со средства од Европската банка за обнова и развој. Вториот дел од инвестицијата кој ќе опфати комплетна реконструкција на коловозната лента и тротоарите во должина од 1100 метри, од крстосницата со булевар „Туристичка“ до крстосницата со улицата „Железничка“ ќе се реализира со средства од Буџетот на Општина Охрид. Вредноста на вкупната инвестиција е околу 40 милиони денари.

Македонија | пред 5 години

7-dena

Што работеа Охридските Јавни претпријатија во изминативе 7 дена

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на својот ФБ профил ги објави реализираните активности на Јавни претпријатија:📌 ЈП „Водовод“▶️Работни активности за нови приклучоци и санација на дефекти на водоводна линија во населба „Рача“ и дирекција на ЈП „Охридски Комуналец“.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Хортикултурно уредување на паркот „Мазија“;▶️Aктивности за чистење и уредување на просторот во делот на поранешниот полигон за мали спортови;▶️Aктивности за уредување на јавното зеленило во село Пештани и дел од крајбрежјето на Охридското Езеро;▶️Активности за расчистување на манастирскиот комплекс „Свети Наум“.📌ЈП „Нискоградба“▶️ Изведба на атмосферска канализација на крак од улица „Стив Наумов“;▶️Изработка на шахти за фекална канализација на „15-ти Корпус“;▶️Чистење на сливници и шахти за атмосферска канализација на улица „Македонски Просветители“;▶️Работни активности во делот на расчистување и уредување на Охридското крајбрежје.📌ЈП „Градски гробишта“▶️ Работни активности во делот на расчистување и уредување на Охридското крајбрежје.📌ЈП „Градски пазар“▶️Работни активности во делот на расчистување и уредување на Охридското крајбрежје.▶️Тековни активности за поставување на ограда во ЈЗУ „Општа Болница“ Охрид, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.629661437639463/629661344306139/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

cestitka

Георгиески упати најискрени честитки по повод 4 Јули Денот на независноста на САД

Во мое лично име и името на Општина Охрид упатувам најискрени честитки по повод 4 Јули Денот на независноста на Соединетите Американски Држави #IndependenceDayОваа можност ја користам уште еднаш да упатам огромна благодарност до Амбасадата на САД во Република Северна Македонија за целокупната поддршка на Охрид во текот на изминатиот период. Изразувам надеж, дека и во иднина ќе продолжиме да го градиме нашето пријателство и стратешко партнерство.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/628956734376600/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

aktivnosti

Седмичен преглед на реализирани активности од страна на општина Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески објави седмичен преглед на реализирани активности од страна на Локалната самоуправа. На социјалната мрежа Фејсбук Георгиески напиша:📌Започнаа градежни активности за реконструкција на улица „Охридска Бригада“ во должина од 527 метри;📌Се изврши асфалтирање на краци на улица „28 Април“ и уличка во село Орман;📌Завршија работните активности за реконструкција на тротоарот и велосипедската патека на булеварот „Туристичка“ на потегот од ОУ „Григор Прличев“ до крстосницата со улица „Даме Груев“;📌На улица „15-ти Корпус“ се изврши асфалтирање на пешачката и велосипедската патека од едната страна на улицата;📌На улицата „Прва Македонска ударна бригада“ се реализираат активности за уредување на пешачките патеки од двете страни на улицата;📌На улицата во поранешната касарна се вршат подготвителни работи за тампонирање на пешачките патеки и коловозот;📌На улицата „Абас Емин“ се изведуваат тековните активности за поставување на атмосферска канализација;📌 Во тек се работни активности уредување на тротоарите на краци од улицата „Даме Груев“ во населбата „Христо Узунов“.📌Општина Охрид започна со реализација на проектот „Ваш реонски општинар“.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.628801501058790/628801457725461/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО)Георгиески: Во тек се интензивни градежни активности за реконструкција на неколку важни сообраќајници

Ги препознаваме најважните потреби на граѓаните и особено сме посветени на вложувања во инфраструктурата, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.До сега реализиравме голем број квалитетни проекти, а во тек се интензивни градежни активности за реконструкција на неколку важни сообраќајници, со кои Охрид добива улична мрежа според сите современи стандарди.Со темелен пристап и голема сериозност, продолжуваме да работиме одговорно и домаќински за да обезбедиме подобри услови за сите жители на општината, напиша градоначалникот на ФБ. https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.628360781102862/628360377769569/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Ohridska_brigada

Започнува реконструкцијата на улица „Охридска бригада“

Надлежните служби на Општина Охрид, денес започнуваат со градежни активности за реконструкција и асфалтирање на ул. „Охридска Бригада “ во должина од 527 метри. Во рамки на градежните активности предвидено е замена на стариот тампон со нов, вадење   на стариот асфалт и асфалтирање по целата должина  на улицата. Проектот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште  за 2020 година и е вреден 2 000 650 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид.Изведувач на  работите  е АД  „ Илинден “ – Струга.Поради започнување на градежните активности надлежните служби  упатуваат апел до граѓаните  за внимателно движење на  оваа улица. https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.628201397785467/628201314452142/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Donacija

Општина Охрид доби донација на заштитна опрема од делегацијата на ЕУ

Во насока на заштита и превенција од Корона вирусот Ковид 19, Општина Охрид доби донација од заштитни средства и заштитна опрема од страна на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, како дел од програмата “Preparatory Actions for IPA2020 Municipal Support Programme in North Macedonia”. Донацијата содржи 36 парчиња средства за дезинфекција на раце, 24 парчиња средства за дезинфекција на површини и 900  заштитни маски за еднократна употреба.Општина Охрид упатува благодарност до Делегацијата на Европската Унија за нејзината постојана поддршка и помош во сите сфери на општественото живеење во Општина Охрид.

Македонија | пред 5 години

kosta-5

(ВИДЕО) Силна поддршка за отстранувањето на дивоградбите во Охрид од Европската Унија

Денес амбасадорот на Европската Унија Самуил Жбогар заедно со градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски одржа прес конференција на плажата „Горица 3“ која околу 10 години беше узурприана и при чие отстранување се случија помали инциденти.„Плажата е слободна за користење од граѓаните, а посетата на амбасадорот токму на оваа плажа е јасна порака до сите. Особено сум горд што нашите заложби како локална и централна власт во делот на управувањето со крајбрежјето на Охридското Езеро и зачувување на природното и културното наследство на овој регион, денеска добија поддршка, лично од амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар, истакна градоначалникот Константин Георгиески.Тој додаде:“Оваа можност ја користам уште еднаш јавно да му ја искажам мојата огромна благодарност и почит за неговата заинтересираност и информираност во врска со актуелните состојби во овој регион.Ме радува фактот што нашите стратешки партнери од ЕУ, кон кои се стремиме да се интегрираме како држава, ги препознаваат и ги ценат нашите богатства кои се под закрила на УНЕСКО и се трудат да го помогнат целокупниот процес.Освен за темата околу имплементацијата на Планот за управување на светскотото природно и културно наследство, во делот на крајбрежјето и соодветно спроведување на постоечките законски прописи, со амбасадорот Жбогар разговаравме и за актуелниот проект за враќање на реката Сатеска во старото корито. Ова е проект кој е многу значаен за Охридското Езеро и истиот се имплементира со помош на средства од ЕУ фондовите. Амбасдарот потенцираше дека ЕУ фондовите се секогаш отворени за поддршка на проекти кои се во насока на заштита на животната средина.Го разбирам интересот на јавноста и на медиумите во врска со сите актуелни прашања деновиве, но со должна почит, би сакал да упатам еден јавен апел до сите охриѓани, до сите засегнати страни во целокупниот процес, да покажат поголемо разбирање и да дадат поддршка на мерките кои се спроведуваат и кои се во насока на сопирање на самоволието и импровизациите кои се случувале со години наназад.Даваме максимални напори да ја поправиме целокупната слика, која години наназад му нанесе големи штети на имиџот на охридскиот туризам, а најмногу во строго заштитената зона на крајбрежјето на Охридското Езеро. Треба сите да сфатиме дека таков тип на урбанизација на крајбрежјето повеќе нема да има.Ве повикувам сите заедно да ја запраме деградацијата на уникатните аспекти на регионот, да го штитиме нашето духовно и материјално наследство и да го чуваме за идните генерации. Само така ќе може да имаме подобри услови за развој на туризмот и подобра иднина, која Охрид ја заслужува“, истакна градоначалникот.ВИДЕО ОД ИЗЈАВАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕОРГИЕВСКИ„Колку што цениме дека владеењето на правото ќе биде спроведено од оваа страна на езерото, исто така очекуваме дека владеењето на правото ќе важи и за другата страна на езерото па и за целото езеро. Јас сум овде за да помогнам на самиот град Охрид да го зачува статусот на УНЕСКО, но и да се заштити тој статус, односно езерото. Јас гледам и разбирам дека има некои поединци во Охрид но исто така и во околината на Охрид, кои не се грижат многу за статусот на УНЕСКО, туку на прво место ги ставаат нивните приватни интереси“, рече Жбогар.

Македонија | пред 5 години

sv-naum-4

Охридскиот кризен штаб со апел: Воздржете се од масовни собити за утрешниот празник Св. Наум Охридски Чудотворец

Во пресрет на православниот празник „Свети Наум Охридски Чудотворец“, Кризниот штаб на Општина Охрид упатува апел до верниците да се воздржат од масовни собири во предвечерието и денот на самиот празник и да ги почитуваат сите препораки за заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.📢Исто така се упатува АПЕЛ до сите жители и посетители во градот, максимално да се придржуваат до сите мерки за заштита.🔹Да се носат заштитни маски;🔹Да се одржува потребна дистанца;🔹Да се одржува лична хигиена според препораките;🔹Да не се организираат семејни собири и други слични групирања.❗Да бидеме одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/a.351826178756325/627187014553572/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

ASNOM

(ФОТО) Заврши реконструкцијата на тротоарите на неколку улици во Охрид

Деновиве завршија работните активности за реконструкција на тротоарот и велосипедскaта патека на булеварот „Туристичка“ на потегот од ОУ „Григор Прличев“ до крстосницата со улица „Даме Груев“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Беше извршено поплочување на пешачката патека со бехатон и се изврши асфалтирање на велосипедската патека. Исто така во рамки на реконструкцијата, беше извршена замена на стариот дрворед со нови садници и извршено е соодветно хортикултурно уредување.Реконструкцијата на тротоарот е дел од Програмата за уредување на градежно земјиште за 2020 година. Според планираното, во текот на наредниот период ќе биде извршено и уредување на тротоарот на булеварот „Туристичка“ на потегот од крстосницата со улица „Јане Сандански“ до крстосницата со улица „АСНОМ“, напиша градоначалникот на ФБ.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.627111204561153/627111067894500/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања