Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

општина охрид

media-librarytsd3pera9qr97cJLx58

Пецаков: Општинскиот долг го намаливме за над 10 милиони евра, работиме на нови сообраќајни решенија, како и ново училиште

Кандидатот за градоначалник на општина Охрид, Кирил Пецаков, во гостување на МТВ, говореше за големите предизвици со кои се соочил изминатите години откако седнал на градоначалничката функција. Тој истакна дека како еден од клучните моменти за него е намалувањето на долгот од 14,5 милиони евра на 3,5 милиони.Пецаков наброја голем дел на реализирани проекти како што се велосипедски патеки, реконструкција на плоштади, фотоволтаици, основно училиште, спортска сала во Лескоец и други. Во однос на тоа што да се очекува од него следните 4 години, Пецаков ги истакна неговите ветувања.„Уредување на булевар „Туристичка“ во пресек со улицата Стив Наумов до Јане Сандански, уредување на кејот Македонија, на кејот во Пештани, реконструкција на културните домови во Љубаништа, Кочишта и во Црногорци, продолжување на фекалната канализација, започнавме со проект за одобрение на втора катна гаража, но и уште еден проект за одобрение за уште едно училиште“, посочи Пецаков.Градоначалникот Пецаков најави и стратегија за туризмот во наредните 10 години и како што кажа во соработка со централната власт ќе работат на зголемување на туристите во Охрид.„Стратегијата која ќе биде направена за наредните 10 години, заедно со централната власт би можеле заеднички да ја спроведеме. Синергијата помеѓу локалната и централната власт, со добивањето на посебно Министерство за култура и туризам, сметам дека ќе даде добри резултати, не само по однос на зголемување на бројот на туристи, што е основен императив за еден туристички центар, туку и во квалитетот на туризмот во иднина“, потенцираше Пецаков.

Македонија | пред 3 месеци

Kiril-Prlicev20250228011

𝟣𝟧𝟢 години од раѓањето на Кирил Прличев

Со свечен настан што се одржа во спомен куќата на Христо Узунов, денес Општина Охрид ја одбележа 150 годишнината од раѓањето на Кирил, синот на Григор Прличев, познат македонски револуционер, публицист, новинар, идеолог и учител.Во рамки на случувањето пред присутните се обрати Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.– Денес гордо се поклонуваме по повод 150 години од раѓањето на Кирил синот на Григор Прличев истакнат македонски револуционер, учител, новинар, публицист, писател и преведувач. Кирил е од редовите на оние охридски револуционери како што се Христо Узунов и Методи Патче кои несебично се вложуваа себе си за денес ние да уживаме во благодетите на слободна и самостојна Македонија.Токму затоа што и да се каже за овој великан е премало, сувишно, а споменот за него ќе остане вечен.Во колективната маморија на македонците Кирил Прличев нема да остане запомнат само како револуционер туку и како сестран општественик кој до своите пензионерски денови работи во Охридскиот музеј и ги открива моштите на словенскиот светител и просветител Климент Охридски.Повеќе од очигледно дека Прличевата лоза и се што е врзано со неа оставила силен печат во охридското и македонско време испишувајќи битни делови во македонската култуара и историја. Ако по книжевниот великан Григор кој со Сердарот ги затвори злите усти на светските елити кои меѓусебе шепотеа за достигнувањата на скромниот охриѓанец и покажа дека духовната слобода е наша, тогаш неговиот син Кирил докажа дека ние мора и територијално да биде саамостојни и свои.И кога се раѓаат вакви великани како што е Кирил Прличев тогаш помеѓу двете дилеми, да се има или да се биде секогаш се избира второто, ДА СЕ БИДЕ и по цена на својот живот. Зошто луѓе од ваков калибар задоени со вредностите на македонскиот јазик и слово не размислуваат за личните туку интересите на својата татковина Македонија. Ова се ретки примери на луѓе со револуционерен дух кои се свесни за силината на знаењето, затоа што „Во тајната на зборовите е заклучена тајната на Светот.“Затоа денес и секој нареден ден се заблагодаруваме на сето она што за нас го направил големиот Кирил Прличев – подвлече Божиноски.Свое обраќање имаше и неговиот внук што го носи неговото име Кирил.Преку драмата „Борба за иднината“ беа претставени блиски сцени помеѓу Григор и Кирил Прличев, неговото револуционерно и учителско дело. Изведувачи беа учениците Андреј Цветкоски, Давид Целески, Мартин Мацкоски, Елена Павлеска, Симеон Костадиноски, Јон Ѓоргиевски, Димитар Велкоски, Анастасија Треноска и Анастасија Атлесенко, а под менторство на професорот по историја Михаил Патчев.Пред присутните музичка точка со инструментална изведба на македонски песни имаа и професорот Љупчо Аслимоски и Кирил Белистојаноски.

ОО | пред 10 месеци

Nacrt-SOZS-Izvestaj-NSUT-Draft-SEA-Report-NWMS_MK-2

Јавен увид за национална стратегија за управување со тиња и извештај за стратегиска оцена

Ве информираме дека согласно обврските дадени во член 65 од Законот за животна средина и донесената Одлука за спроведување на стратегиска оцена на животната средина (11-7663/1 од 10.12.2024 год), Управата за животна средина при МЖСПП, подготви нацрт извештај за стратегиска оцена на животна средина (СОЖС) за планскиот документ нацрт Национална стратегија за управување со тиња (НСУТ) за период 2024 – 2034.Нацрт СОЖС и НСУТ се достапни за јавен увид на интернет страната на МЖСПП и во прилог на оваа порака во текот на периодот за јавен увид (24.02.2024 – 24.03.2025).Во текот на перидот за јавен увид, предвидени е јавна презентација и расправа воОхрид, 12.03.2025, во 12.00 – 14.00 часот, во малата салаВе покануваме да ги погледнете двата документи и да ги доставите Вашите мислења, и воедно да земете учество на некоја од јавните презентации.Сите коментари може да се достават на следниот начин:електронски на следните адреси: a.mazneva@moepp.gov.mk и m.mihajlov@maneko.com.mk,по пошта на следната адреса: Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје, (со назнака до Сектор отпад).

ОО | пред 10 месеци

145-36

Дигитализирана „Едицијата охридско книжевно наследство“

Општина Охрид преку Програмата за култура во делот на Издавачка дејност го реализира проектот Охридско книжижевно наследство. Приредувачи на проектот се проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а главен и одговорен уредник е Митре Велјаноски.Едицијата: „Охридско книжевно наследство“ започна во 2018-тата година и опфаќа 11 книги.Во рамките на оваа едиција се книгите:„Дојди во Охрид“(Антологија на песни за Охрид), 2018 г,„Антологија на ловорот“, 2020 г.„Книга за Чинго“, 2021 г.,Охридски раскажувачи, 2022 година,Книга за светите браќа Кирил и Методиј, 2022 г.Книга за светите бража Климент и Наум Охридски, 2022 г.„Охридскиот XIX век“, 2023 г.,„Охридски поети“, 2023,Охридските писатели за деца и младинци, 20254 г,„Охридските драмски писатели“, 2024 г,„Охридските писатели во книжевната критика“, 2025Во текот на 2025 година ќе бидат издадени книги Охридски фолклористи, Охридска историографија и Охридска книжевна школа. Целта на проектот е да се соберат на едно место сите охридски духовници, преродбеници, револуционери и други општествени дејци кои оставиле свој траг во целокупната охридска меморија.Должност на Општина Охрид е да го чуваме македонскиот јазик, македонските великани и да го зачуваме споменот на сите кои пред нас го трасирале патот на македонската култура и општество.Со Дигиталната форма, оваа едиција станува подостапна за научната јавност, како и на помладата генерација која работи или ќе работи на истражувања поврзани со познатите охридски имиња.Преку дигиталната верзија на оваа едиција Општина Охрид како издавач овозможува истата да стане подостапна за целокупната јавност, читајќи, прелистувајќи , превземајќи содржини за сите читатели.

ОО | пред 10 месеци

DSC00838-scaled-1

Охрид презентиран на Меѓународниот саем за туризам во Белград

Богатото културно наследство и уникатните природни потецијали на Охрид како автентична туристичка дестинација се презентираат на 46. Меѓународен саем за туризам во Белград, Србија кој се одржува од 20-ти до 23-ти февруари.Општина Охрид заедно со претставниците на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, претставниците на ХОТАМ и останатите туристички чинители, ја претстави својата богата туристичка понуда, привлекувајќи големо внимание од туристички оператори, агенции, медиуми и посетители.Градоначалникот, Кирил Пецаков оствари средба со Весна Видовиќ, заменик градоначалник на градот Белград, на која се разговараше за продлабочување на соработката во областа на туризмот и заедничките иницијативи за привлекување повеќе туристи. Исто така, беше остварена средба и со амбасадорот на Република Македонија во Србија, Никола Тупанчески, кој го посети штандот на Општина Охрид.Во рамки на програмата за туристичка промоција на Охрид, вчеравечер во познат белградски ресторан беше организирана „Охридска вечер“ на која беа остварени средби со голем број туристички работници од Србија и регионот.Слоганот на овогодинашното издание на Меѓународниот саем за туризам во Белград е „Една мапа, безброј светови“. На саемот зедоа учество околу 400 излагачи, меѓу кои водечки туристички агенции, хотели, воздухопловни компании, туристички центри и меѓународни тур-оператори.

ОО | пред 10 месеци

Polaganje-cveke20250214001

Свежо цвеќе во чест на Андон Дуков

Делегација Локалната самоуправа, предводена од претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски денеска положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Андон Дуков, по повод годишнината од неговата смрт.Свежо цвеќе положија и претставници на Сојузот на борци од Охрид и Дебарца и граѓани.Андон Дуков бил резбар од првата генерација на современи македонски уметници, воедно и сликар и борец во НОБ. Тој бил роден во Охрид на 20-ти јануари 1909 година. Во родниот град завршил копаничарско училиште, а во Белград студирал на Уметничката академија. Работел како учител по цртање во гимназијата во Врање.Во 1941 година, по капитулацијата на Кралството Југославија, се вратил во Охрид каде се вклучил во борбата против бугарската окупација. На 27-ми ноември 1941 година е осуден во отсуство на 12 и пол години затвор. Според историските податоци, починал од измрзнување во февруари или март 1944 година на планината Кожуф.

ОО | пред 10 месеци

145-35

Јавен повик за промовирање на туристичко-угостителски услуги: хотели, апартмани и други сместувачки капацитети, ресторани и винарии

Ве известуваме дека општина Охрид креираше нова веб-страница – www.visitohrid.com.mk посветена на промовирање на туризмот и угостителството во нашиот регион. Како дел од оваа иницијатива, ги покануваме сите сопственици на хотели, апартмани, приватни сместувачки капацитети, ресторани и винарии да се регистрираат и да ги презентираат своите бизниси пред пошироката публика.Зошто да се придружите?Со регистрирање на вашиот бизнис на нашата нова платформа, ќе имате корист од:Зголемена видливост и онлајн присуство, директна врска со потенцијални гости и клиенти, подобрени можности за маркетинг преку насочени промоции, учество во настани за вмрежување и соработка.Кој може да аплицира?Овој повик е отворен за сите бизниси поврзани со угостителството и туризмот, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:Хотели, мотели и хостелиАпартмани, куќи за гости и приватни сместувањаРесторани, традиционални меани и кафулињаВинарии и места за дегустација на вино.Ве молиме доставете ги следните информации:Име на вашите капацитети (објект) и опис,Локација и детали за контакт,Фотографии и други промотивни материјали,Достапни услуги и специјални понуди.Краен рок за пријавување 15.03.2025.За повеќе информации и за поднесување на вашата регистрација, ве молиме контактирајте не на:Мејл: maja.ivanchich@ohrid.gov.mk

ОО | пред 10 месеци

DSC_1650-scaled-1

Прогласени најдобрите од спортот во општина Охрид за 𝟤𝟢𝟤𝟦 година

Во рамки на манифестацијата „Најдобрите од спортот“, Општина Охрид ги додели наградите и признанијата за најуспешните спортисти во индивидуален и во клупски спорт за 2024 година. На пригодната свеченост која се одржа вечерва во Големата сала на Општина Охрид пред присутните се обрати градоначалникот, Кирил Пецаков.–Спортот е многу повеќе од медали и трофеи. Спортот е борба со себеси и со своите потенцијали, вистинско училиште за животот, каде што се учат најважните лекции за дисциплина и истрајност.Почитувани спортисти, тренери, спортски работници, ценети гостиНавистина ми претставува голема чест и задоволство што четврта година по ред сме собрани тука за да ги прославиме оние кои љубовта кон спортот ја претвораат во резултат, а желбите во победа. Горди на нивните големи успеси, вечерва ги славиме најдобрите спортисти на Охрид за 2024 година, кои се симбол на непоколебливиот дух и храброст. Од срце им честитам за големите успеси и верувам дека нивните имиња ќе остават неизбришливи траги во охридската спортска историја.Драги спортисти, знам дека е неописливо чувството на спортскиот успех, кога срцето забрзано чука, а звукот на аплаузот ве носи на највисокиот врв од среќата. Но што и да постигнете секогаш вреднувајте ја поддршката што ја добивате од вашите тренери, клубови и најважно од се, од вашите семејства. Тие се секогаш тука за вас, за да ве охрабрат кон вистинскиот пат.Како верна публика и ваши големи поддржувачи, Општина Охрид во континуитет продолжува да вложува во спортот, да ги поддржува младите таленти, да создава услови за уште поголеми достигнувања. Токму во таа насока и оваа година од општинскиот буџет издвоивме над 70 милиони денари, кои ќе бидат наменети за развој на спортот.Почитувани,Еден од најдобрите атлетичари на сите времиња Усеин Болт рекол „Нема граници. Колку повеќе сонувате, толку подалеку ќе стигнете.“ Нека оваа мисла биде инспирација за сите вас – и за оние што денеска ќе добијат награди, и за сите оние кои сонуваат, еден ден да бидат на нивно место.Уште еднаш во мое лично име и во името на охриѓани, упатувам срдечни честитки до најдобрите, нека спортскиот дух ве води кон нови успеси и постигнувања. Продолжете да тренирате и да победувате! Да сме здрави и живи и да честитаме за уште поголеми спортски резултати во 2025 година, истакна Пецаков во своето обраќање.За своите значајни успеси на бројни домашни и меѓународни натпревари во таеквон-до, за спортист на годината беше прогласен Давид Крстески од Таеквон-до клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид.За Охридска спортска легенда -за посебни заслуги во спортот беше прогласена Соња Думбалоска Делова (професор,тренер,спортски работник).За спортски подвиг на годината признание му беше доделено на Љупчо Танески – како прв Охриѓанец на возраст над 50 години кој учествувал и го завршил тешкиот IRONMAN 70.3 во Белград, Србија.За Спортска екипа на годината беше прогласен Градски Ракометен Клуб„Охрид“.За тренер на годината беше прогласена Александра Џамтоска (ракомет) од Градски Ракометен Клуб„Охрид“.Признание за Јубилеј од 45 години му беше доделено на „Илинденски Пливачки Маратон“ – Клуб за спортови на вода „Охридски Бранови 2008“.За Охридска спортска надеж во инивидуален спорт, во машка категорија, признание му беше доделено на атлетичатот Дамјан Митревски (карате) од Карате Клуб „Кун-Су-То“ – Охрид.За Охридска спортска надеж во индивидуален спорт, во женска категорија беше прогласена Анастасија Смилевска (карате) од Карате Клуб„Кун-Су-То“ – Охрид.За Спортист странец кој настапува во екипа од Охрид, признание му беше доделено на Рудолф Звонимир Шафранко (ракомет) од Градски Ракометен Клуб „Охрид“.За најдобар спортист од Охрид кој настапува во клуб надвор од територијата на Општина Охрид беше награден Мартин Ѓоргиевски (фудбал) од Фудбалски Клуб „Брера“ – Струмица.За најдобра спортистка од Охрид која настапува во клуб надвор од територијата на Општина Охрид, беше прогласена Теодора Колческа (пливање) од Пливачки Клуб „Младост“ – Скопје.Признание за спортист со најдобар остварен резултат во водените спортови му беше доделено на Атанасиј Фанкоски (спортски риболов).

ОО | пред 10 месеци

Grigor-prlicev-skolo20250207001

ООУ „Григор Прличев“ го одбележа својот патронен празник

Со богата свечена приредба која се одржа вчеравечер, ООУ „Григор Прличев“ го одбележа својот патронен празник.Пред бројната публика, на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ беа изведени бројни музички композиции подготвени од оркестарот и хорот на училиштето. Исто така, публиката имаше можност да ги слушне првонаградните литературни творби на училишниот конкурс посветен на патронот и да ја проследи монодрамата „Јас, Деспина Каваја“.Во рамки на свечената програма беше изведен мјузиклот „Шеќерна приказна“, како и неколку танцувачки точки, на кои настапија учениците од одделенска и предметна настава, подготвени од страна на нивните наставници.На свеченоста во името на Локалната самоуправа присуствуваше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

ОО | пред 10 месеци

Polaganje-bista-Grigor20250206011

Венец и визита во чест на охридскиот Хомер

По традиција во рамки на одбележувањето на годишнината од смртта на Григор Прличев беа положени лавров венец и свежо цвеќе пред спомен – бистата на Прличев во паркот пред НУ Библиотеката „Григор Прличев“. Пригодно обраќање имаше Претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Живко Грозданоски по што во библиотеката со богата културна програма се одржа Прличевата визита.Годинешните свечености во чест на Прличев завршуваат вечерва со свечената приредба по повод Патрониот празник на ООУ Григор Прличев што ќе се одржи во Центарот за култура. Почетокот на приредбата е закажан за 19:00 часот.

ОО | пред 10 месеци

Spomen-kuka-Grigor20250206011

Свеченост во спомен куќата на Прличев

По традиција во рамки на „Прличевите беседи“ и годинава се одржа свеченост во родната куќа на Прличев, којашто пред 20 години беше реновирана и повторно отворена за посетителите. На настанот беа претставени и наградени најдобрите творби по распишаниот литературен конкурс на ООУ „Григор Прличев“ од ученичките Катја Крстаноска и Нина Кузманоска.Пред присутните се обрати градоначалникот, Кирил Пецаков:– Со поглед кон иднината поносни на минатото и културните епохи во кои го втемеливме културниот идентитет денес ги продолжуваме чествувањата за еден од најмаркантните ликови во Македонската книжевност и литератиура, просветител, преродбеник, книжевник и литератутрен деец, Григор Прличев. Горди и поносни на Вториот Хомер, на охриѓанецот Григор кој со поемата „Сердарот“ во некогашна Атина не вознесе до небесите и го стави нашиот културен жиг, денес сме тука во неговата родна куќа за да се радуваме на неговите современици, млади поетски таленти во кои живее современиот Прличев. Младите поетси Нина Кузманоска и Катја Крстаноска кои се првонаградени во двете категории по распишаниот литературен Конкурс на ООУ „Григор Прличев“, а по повод патрониот празник, се потврда дека се Прличеви деца и негови следбеници. На двете девојченца им посакувам успешна иднина со надеж дека нивните вредни раце ќе создадат дела налик слични и вредни на „Сердарот“ и „Скендербег“. И да јас верувам дека ќе го сторат тоа и тие и младите поети на кои ќе им се воахитуваме на наредните наши средби затоа што тие и сите ние во себе ги носиме гените на големиот Григор Прлилчев, на скромниот човек кој пред 165 години со грандиозната поема „Сердарот“ ги замолкна злите јазици на сите намерници кои во стара Грција го негираа постоењето на Македонија и се што е Македонско. Григор сам по себе е едно време, една културна епоха, затоа што докажа дека духовното, а не материјалното е вистинското богатство, дека темнината не може да се изгони со темнина, туку само со светлина, како што омразата не може да се отстрани со омраза, туку само со љубов. Денес 165 години по неговото упокојување жив е духот на пожартвуваната прличева мајка која скромно и чесно го изгледала својот син, а неговиот дедо на четири годишна возрас го научил да пишува и чита зошто „Умот кој еднаш бил просветлен, не може повторно да стане мрачен“. Ете уште тогаш во старо време нашиот духовен водач Прличев знаел дека слбоден е само оној што е образован зошто „Сѐ што ќе научите станува ваше богатство, богатство што не може да ви биде одземено, без разлика дали ќе учите во зградата наречена училиште или ќе учите од животниот учител. Учењето нови работи е безвременско задоволство и бесценето богатство.“ 195 години по раѓањето на Прличев тука во неговиот дом јавно се заветуваме дека нема да скршниме од неговиот пат. Ако тој, скромниот охриѓанец со острината на своето перо и големината на напишаната реч, ги наведна главите на „пците гладни“ на богатите, а празни глави, тогаш и ние можеме да направиме скромни, а големи дела. Никогаш да не дозволиме или допуштиме некој да го коментира нашиот свет македонски јазик, нашето писмо и реч затоа што тие се втемелени во нашиот генетски код и се основа на македонскиот идентитет. За овие свети работи не смее да се зборува или преговара, тие се нашето постоење од времто на Климента, Миладиновци, Прличев, Шапкарев, Рацин и многу други културни дејци. Тие се нашата СВЕТОСТ- потенцира Пецаков.На средбата беше промовиран најновиот труд„Охридските писатели во книжевната критика“ од проф.д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо -Димоски. Промотор беше Бранко Цветкоски, а уредник на книгата е Митре Велјаноски.

ОО | пред 10 месеци

Pologanje_cveke_20250206_0001

Цвеќе во чест на Прличев

Во рамки на чествувањата посветени на Григор Прличев утрово беше положено цвеќе пред неговата спомен биста во дворот на ООУ „Григор Прличев“ по што се одржа Панихида на неговиот гроб во близина на црквата Св. Богородица – Перивлепта.

ОО | пред 10 месеци

ohrid

Соопштение до туристичките водичи и туристичките придружници на територијата на општина Охрид

Според член 3 став 2 од Законот за туристичка дејност на Република С. Македонија сите физички лица кои вршат туристичка дејност, а во случајов, туристички водичи и туристички придружници, имаат законска обврска да се регистрираат во регистарот кој го води градоначалникот на општината во која се водат според адреса на живеење.Општина Охрид ги повикува сите погоре споменати даватели на туристички услуги (туристички водич и туристички придружник), да се регистрираат доколку не го сториле тоа претходно и да ја ажурираат својата регистрација доколку во меѓувреме ги обновиле своите легитимации или имаат промени од предходната регистрација.Рокот за регистрирање и ажурирање ќе биде до 15.03.2025 година.Вашата регистрација или ажурирање можете да ги извршите секој работен ден во Сектор за ТЛЕР одделение за Туризам при општина Охрид.

ОО | пред 10 месеци

DSC09756

Охрид празнува во чест на Прличев

Со свеченост псветена на лауреатот на наградата „Григор Прличев“ денеска во центарот за култура започна традиционалната манифестација „Прличеви беседи“.Андреј Ал Асади со поемата „Никогаш пред ил потем“ објавена под шифра „Хидаспес“ е добитник на високото признание Повелба за 2024 година.На свеченоста во име на градоначалникот Кирил Пецаков се обрати Заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска:– Исклучително горди и поносни како Прличеви поколенија по кој знае кој пат се собравме да ја одбележиме годишнината од смртта на најголемиот македонски книжевник и преродбеник кој со величенствените „Сердарот“ и „Скендербег“ стана народен трибун за национална самосвест и културно самоидентификување. Сам по себе охриѓанецот Григор беше едно „големо време“ во кое се постави максимата дека „само со просветение се добива спасение“.Со своите величествени поетски творби оваа најмаркантна фигура во македонската книжевност и литература не направи толку големи во светски рамки што и најубавиот израз или збор станаа сувишни и мали за неговиот величествен лик.Оваа средба посветена на големиот Григор Прличев кој за поемата „Сердарот“ во стара Атина пред очите на светската јавност беше окитен со Ловоров венец е само можност јавно да ветиме дека продолжуваме по патот што тој ни го осветли жестоко спротиставувајќи се на сите оние кои во тие бурни времиња сакаа да и наштетат на Македонија. Следбениците и современиците на Прличев велат дека тој е најгоростасна преродбеничка фигура, со дело кое се рангира на врвот на светската литература. Нашата култура ќе беше посиромашна без „Сердарот“ и „Скендербег“, но и без досегашните и идните поеми на учесниците на конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“Дипломираниот економист младиот, а сериозен по поетска реч Андреј Ал-Асади, е добитник на Повелбата за најдобра поема за 2024 година. Комисијата за доделување на наградата “Григор Прличев” едногласно одлучи да ја прогласи неговата поема “Никогаш пред ил’ потем” под шифра “Хидаспес”, за најдобра.На годинешниот лауреат на наградата „Григор Прличев“ му го честитам ова високо признание и му посакам многу творечка енергија и нови книжевни рожби.Ал-Асади е добитник и на многу други меѓународни награди и признанија за напишаната поетска реч, а негови песни се преведени на англиски, арапски, српски, хрватски, босански, грчки и на италијански јазик. Наградата е достоинствен и високовреднуван дел од современата македонска книжевност.Прифаќајќи го сето она што Прличев ни го оставил како свет завет денес ја продолжуваме неговата мисија докажувајќи дека со знаење невозможното станува возможно, а недостапното достапно. Секое време носи нов Прличев и нова поема со суштински пораки за современиот Свет. На таков начин сите ние докажуваме дека чекориме по Прличевите стапки создавајќи посреќна сегашност и иднина за Охрид и Македонија кои се негови „….и љубов и судба и болка и очај и неопходност и тага и лулка и гроб…..“Оваа средба е можност гласно да ветиме дека ќе ја продолжиме Прличевата традиција и секој на свој начин ќе придонесуваме за подобра иднина на својот народ и на Македонија, подвлече Крстеска.На настанот се обрати и претставник од центарот за култура, а беше претставена и артистички изведена и поемата по што следеше и обраќање на лауреатот Ал-Асади.Свеченостите за Прличевите беседи се во организација на Општина Охрид, Националните установи, Центар за култура и Библиотека „Григор Прличев“, Охридскиот Завод и музеј и Друштво на писатели на Македонија.Претходно во Центарот за култура беше отворена изложбата на ликовни дела во сопственост на институцијата, а настапи и нивниот хор.Чествувањата посветени на Прличев продолжуваат утре.

ОО | пред 10 месеци

opstina-Ohrid

Известување за изменет возен ред

Поради градежните активности кои се изведуваат на локалниот пат од село Долно Лакочереј кон село Горно Лакочереј, ги известуваме граѓаните дека општинскиот линиски превоз на патници на линијата Охрид – Горно Лакочереј – Охрид од ден 05.02.2025 година (среда) ќе се одржува со изменет возен ред.Во периодот од 08:00 – 16:00 часот, автобусите нема да сообраќаат до Горно Лакочереј и истите ќе сообраќаат само до училиштето во Долно Лакочереј. Во останатиот период од денот автобусите на наведената релација ќе сообраќаат согласно постојниот возен ред.

ОО | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања