Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

општина охрид

IMG-19ab80c62d18c18b46cebaa22852e719-V

Предновогодишен хуманитарен настан „Новогодишен сон“

На 18.12.2024 година (среда) на плоштадот „Крушевска Република” (кај Стариот Чинар) со почеток во 12 часот ќе се одржи предновогодишен хуманитарен настан „Новогодишен сон”.Настанот е во организација на Црвен Крст Охрид во соработка со Општина Охрид со цел да се приберат средства кои ќе бидат наменети за разубавување на новогодишните празници на социјално загрозените семејства во Охрид.На настанот со музички точки ќе настапат ученици од второ и трето одделение од основните училишта во општина Охрид, а воедно ќе се продаваат производи изработени од нивните вредни рачиња.Настанот ќе го води Жанко З`ш Голабоски и ќе биде присутен Дедо Мраз.За секој купен производ на базарот ќе се извлекуваат симболични награди.

ОО | пред 1 година

Nagradi-Sv.Kliment-202420241208008

Доделени наградите од литературниот конкурс посветен на Свети Климент Охридски

Градоначалникот Кирил Пецаков на пригодна свеченост која се одржа денеска пред споменикот на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад ги врачи наградите на учениците кои се автори на најдобрите литературни творби на литературнуот конкурс посветен на патронот.Награди им беа доделени на:-Климент Колески, ученик во трето одделение во ООУ „Григор Прличев“, добитник на првата награда во прва категорија (за ученици од одделенска настава од прво до петто одделение)-Изабела Томановска, ученичка во деветто одделение во ООУ „Кочо Рацин“-добитник на првата награда во втора категорија(за ученици од предметна настава од шестто до деветто одделение)-Јана Сиљаноска, ученичка во четврта година во ОСУ „Свети Климент Охридски“ – добитник на првата награда во трета категорија, за ученици од прва до четврта година)

ОО | пред 1 година

Polaganje_Cveke_20241208014

Охрид се поклони во чест на заштитникот „Св. Климент Охридски“

Со поклонение пред моштите на Свети Климент Охридски во истоимениот манастир на Плаошник утрово продолжија чествувањата посветени на заштитникот на Охрид.Делегација од општината положи свежо цвеќе на споменикот на светителот во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“ по што делегации од локалната власт, од збратимени градови со Охрид како и останати претставници од политичкиот и јавниот живот во државава се поклонија и положија цвеќе пред момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад.

ОО | пред 1 година

Svecana_Akademija_20241208024

Изложба по повод 𝟣𝟢𝟢 години од раѓањето на Вангел Наумоски и традиционална изложба на фото клубот Охрид

Во рамки на честувувањата посветени на патронот на Охрид, Свети Климент Охридски, вчеравечер во Центарот за култура “Григор Прличев” беше отворена изложбата ” 100 години од раѓањето на Вангел Наумоски”.Љубителите на уметноста имаа можност да ја видат уникатната збирка на овој еминентен сликар, која е во сопственост на ЈЗУ Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо Охридски“ – Охрид.Промотор на изложбата беше проф.д-р Димитар Пандев. Пред присутните своe поздравно обраќање имаше и Рубенс Наумовски, син на Вангел Наумовски.Исто така, во рамки на честувувањата посветени на патронот вчеравечер на Центарот за култура „Григор Прличев“ беше отворена и традиционалната изложба на фотографии на Фото клубот „Охрид“, на која беа прикажани фотографии од убавините на градот.

ОО | пред 1 година

Svecana_Akademija_20241208082

Со свечена академија одбележан 𝟪 декември, празникот на Свети Климент Охридски – патрон на градот

Синоќа со свечена академија во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одбележа 8 декември, празникот на Свети Климент Охридски – Патрон на градот. Пред бројните сограѓани и гости, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.„Почитувани присутни. Вечерва го славиме Свети Климент Охридски, нашиот заштитник, светител и првоучител чија дејност и мисла лежи во темелите на постоењето и на културната доблест на македонскиот народ. И по повеќе од 11 века, делото, мислата и поуките на нашиот светител, имаат ист сјај со кој ни го осветлува патот кон иднината, а тоа е беспрекорно морално однесување, крајна човечка доследност, издржливост и исполнителност и беспоговорна чистота на замислата и творбата.Свети Климент е првиот словенски епископ, создавач на кирилицата и основач на првиот словенски универзитет во Охрид, во кој обучил 3.500 ученици да ја шират верата и просветата. Заедно со Свети Наум, ги основале првите словенски манастири како културни и животни центри. Напоредно со величенственото дело, импозантно е неговото лично беспрекорно однесување. Свети Климент бил одличен организатор, плодотворен творец, беседник и писател, силен педагог. Имал извонредно чувство за должноста, се грижел за луѓето, а неговата љубов за Охрид е ненадмината, над кого воспоставил Божји благослов, кој го чувствуваме и денес. Свети Климент не е само најумниот и најдобриот од сите нас, ами според временската линија, според делото, доблеста и угледот и влијанието врз нашиот развиток, тој е првата личност кај македонскиот народ. Тој е првиот и најдобар етичар во нашата култура. Неговите философско –теолошки расправи и беседи за целите на Бога, за смислата на Христовото дејстување, за идејата на човековиот престој на земјата, имаат морална нишка која е актуелна и ден денес и го сврстуваат во редот на најспособните христијански беседници, светите Јован Златоуст и Василиј Велики. Како водач на својот народ, Свети Климент не подучува дкеа „нема ништо полошо од морална несвесност, нема спасение од моралната пропаст бидејќи неморалноста е спротивна на човечноста“. Затоа благодарноста на Свети Климент кон својот учител, Свети Кирил, не е само за описменувањето „кое му го избркало неразумното слепило од очите“ туку и за моралните поуки „кои му го разгонија слепилото на срцето“. За Свети Климент правилниот живот се води како единство на мудроста и етичноста. За да се опстане на тој пат, Свети Климент јасно и недвосмислено ни ја дава најважната поука и порака : ТРГАЈ СЕ ОД ЗЛОТО И ПРАВИ ДОБРО – што претставува наш македонски категорички императив.Почитувани, Деновиве звукот на камбаната од Плаошник празнично бие, за да не потсети на едно дамнешно време, кога нашиот Свети Климент ги просветувал и просветлувал луѓето и бил нашата најчиста поврзаност со Бога. Ние охриѓани, веруваме дека и денес Свети Климент се уште со фенер во рацете шета низ Охрид и го чува нашиот град и сите нас.Та затоа како народ треба да бидеме вечни чувари на Свети Климентовото дело и како што не учи нашиот светител „Да го прославуваме Господа наш со добри дела и да се надминуваме еден со друг со добрина“.Нека ни е честит и вековит Светиклиментовиот ден“, истакна во своето обраќање Пецаков.Највисокото општинско признание, наградата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“ му беше врачена на проф. д-р Павле Митрески, долгогодишен научник и истражувач на историското минато на Охрид и Македонија. Искрено заблагодарувајќи се за високото признание,во своето обраќање професорот Митрески се осврна на својот научен опус, споменувајќи ги своите научни истражувања за Христо Узунов и Михајло Пупин, а како посебен момент го истакна:„Во мојата работа покрај другото имам и податок, многу вреден за мене, кој се однесува на Спаса Вишенска, монахиња и нејзиниот брат Спасе од Вишни да ги прогласиме за светци. Благодарение на охридското и македонското свештенство успеавме годинава да бидат прогласени. Тоа е голема работа не само за овој крај, туку и за цела Македонија“.Добитници на повелбата „Патрон на градот – Свети Климент Охридски“ се клубот за подводни дејности „Охрид“ и здружението на граѓани „Независна аматерска театарска група Аматер, односно Културолошка иницијатива 5 до 12“Во името на Општинското средно училиште што го носи името на светецот, кратко обраќање имаше директорката Светлана Велкоска. Чествувањето продолжи со прекрасен музичко сценски перфоманс на децата од училиштето, рецитал на бардот на македонското глумиште Петре Темелкоски и настап на поп ѕвездата Влатко Лозаноски.

ОО | пред 1 година

Sv.Kliment-OOU20241206007

ООУ „Св. Климент Охридски“ го одбележа својот патронат

Со богата свечена програма учениците и наставниот кадар од основното училиште „Св. Климент – Охридски“ вечерва во ЦК „Григор Прличев“ го одбележаа својот патрон празник.Свеченоста започна со националната и химната посветена на заштитникот по што беше изведена „Песна за Охрид“, а третооделенците настапија со „Лебедово Езеро“. Петтооделенците ја одржаа Охридската визита, а во режија и сценарио на Никица Мишева учениците од петто, седмо и деветто оделение ја изиграа претставата, „Денот бел ни беше сон“.Во рамки на одбележување на патрониот празник, делегација од училиштето во недела во 10:00 часот ќе положи цвеќе пред бистата на Св. Климент Охридски во школскиот двор.

ОО | пред 1 година

Promocija_kniga_06122024003

Промовирана книгата „Охридски драмски писатели“

Во рамки на свечената програма за чествување на Патронот на Охрид, Свети Климент Охридски денеска беше промовирана книгата „Охридски драмски писатели“ од Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски. Оваа книга е десеттото издание на едицијата „Охридско книжевно наследство“ која се реализираше со поддршка на Општина Охрид.Во рамки на промоцијата свое обраќање пред присутните гости имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.-Во Охридското книжевно наследство драмските дела имаат неоспорно трајни естетски врености. „Охридски драмски писатели“ од проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски се надоврзува на претходните книги од оваа едиција и таа го освежува охридското гледалиште со драмските текстови на охриѓани кои биле и останале авангарда на македонскиот, балканскиот и европскиот театар. Богатата македонска драмска традиција го одржа континуитетот на својот развој низ респективен временски период од преродбата со појава на чинот, преку вистинскиот квалитетен почеток врзан со името на Чернодрински, се до денешни дни. Општина Охрид си даде пред себе огромна задача за афирмација на охридското книжевно наследство и тоа доследно го следи, затоа што Охрид и охриѓани го заслужуваат тоа, истакна Божиновски во своето обраќање.Осврт кон творештвото на охридските драмски писатели, за нивното значење во националната Македонска историја даде промоторот на книгата, проф. д-р Валентина Божиновска. Таа упати честитки до авторите на ова дело, при што истакна дека се додека има вакви дејци кои умеат да се држат кон Македонштината и кон Македонскиот јазик, ние треба да бидеме спокојни, мудри и едноставно да се потпираме на она што го прават.-Охрид давал дејци и дејци, но ако не ги меморираме тие дејци, ако не се потсетуваме постојано и ако не ги читаме, заборавот и прашината секогаш се тука да навлезат и во нашите сетила но и во книгите кои ги имаме….Лично сметам дека ова е една ретка скапоценост, прво на мислата, на умислата, како се досетија да ги вкоричат, … Оваа решеност е голема и затоа ние треба да ја препознаеме како публика, како конзументи на драмското дело. Секогаш велам дека е добро кога некои од ваквите луѓе ги имаме денес и се дејци на новиот век. Замислете, како се досетиле да го вреднуваат мигот, а тоа се 150 години од раѓањето на Војдан Чернодрински, 110 години од раѓањето на Иван Точко, 150 години од раѓањето на Борис Бојаџиски и 90 години од раѓањето на Живко Чинго, истакна меѓудругото, Божиновска во промотивниот осврт.Уредникот на ова издание и на едицијата „Охридско книжевно наследство“, Митре Велјаноски упати честитки до авторите и голема благодарност на Општина Охрид, при што го потенцираше значењето на оваа едиција во чувањето на Охридскиот и Македонскиот идентитет.-Нашата сила, нашето оружје е културата и образованието. И токму со тоа сме и најзначајни и најголеми. И тоа не можат да ни го простат. Не можат да ни го простат Свети Климент, не можат да ни го простат Свети Наум, не можат да ни го простат Охрид, кој е културно светилиште. Едноставно, ние го имаме Светиклиментовиот аманет и таа аура не може никого да остави рамнодушен, рече Велјаноски, кој истакна дека е горд што денес има вакви луѓе кои ја продолжуваат мисијата на Свети Климент.Авторите на книгата „Охридски драмски писатели“ проф.д-р Димитар Пандев и македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски, упатија благодарност за поддршката и изразија надеж дека ова дело ќе биде промовирано во повеќе институции од културата и во македонските театри и дека ќе придонесе во зачувување и промовирање на Македонската драмска уметност.Во изведба на младите талентирани актери од охридското детско-драмско струдио „Цвет 75, во рамки на промоцијата беше изведена сцена од „Благословена земјо Климентова“, од охридскиот драмски писател, Коста Фортомар.Книгата „Охридски драмски писатели“ е објавена во тираж од 300 примероци, кои беа поделени на библиотеките од културните и образовните институции во Охрид.

ОО | пред 1 година

gashi-pecakov

Претседателот на Собранието Гаши во посета на општина Охрид

Претседателот на Собранието на Р. Македонија, Африм Гаши денеска оствари протоколарна средба со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.На средбата градоначалникот го информира гостинот за начинот на функционирање на локалната власт. Како еден од најбитните проекти на актуелното раководство беше издвоено целосното раздолжување на Општината која од втора најзадолжена на ниво на држава, во моментов има позитивно салдо. Стана збор и за останатите крупни проекти за кои во тек се постапките за градба, катна гаража, основно училиште, прочистителна станица кај село Трпејца, изградба на плоштадот „Крушевска Република“ и спортска сала во село Лескоец.Претседателот Гаши покажа интерес за работата на канцеларијата на охридските пратеници.Двете страни разменија мислења за Охрид како посебна општина во однос на останатите, како најбитен туристички центар заштитен од УНЕСКО кој одлично ја промовира државава во Светов.

ОО | пред 1 година

Poetska-tvorba-2023

Познати добитниците на наградите за најдобри поетски творби посветени на Свети Климент Охридски-патронот на Охрид

По завршувањето на распишаниот Награден ученички литературен конкурс за најдобра поетска творба по повод 8 Декември – Свети Климент Охридски – Патрон на градот, жири комисијата во состав: м-р Перчо Божиновски (претседател), проф. Светлана Велкоска (член), проф. Светлана Огненова (член), донесе одлука за избор на најдобрите литературни творби посветени на Свети Климент Охридски.Жири –комисијата одлучи ПРВИ НАГРАДИ да им бидат доделени на следниве творби:Во I категорија за ученици од одделенска настава (од прво до петто одделение) поетска творба: „Животот и делото на Св. Климент Охридски” шифра: СветлинаВо II категорија за учениции од предметна настава (од шесто до деветто одделение) поетска творба: „За учителот” шифра: Климентов УниверзитетВо III категорија за ученици во средно образование (од прва до четврта година) поетска творба: „Климент Охридски – Патрон на градот Охрид” шифра: 1840Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура најдоцна до 6.12.2024 година (16.00 часот) и со себе да го понесат примерокот од творбата со која конкурирале за да го докажат своето авторство.

ОО | пред 1 година

DSC0206

Промовирана „Охридска археолошка азбука“

Под покровителство на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков од печат излезе археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“ што денес се промовираше во големта општинска сала. Ова големо по значење дело за мали ученици со заложба на градоначалникот Кирил Пецаков е бесплатно доделено на 700 третоодделенци од охридските основни школи.На промоцијата на книгата градоналникот Кирил Пецаков имаше пригодно обраќање:– Почитувани автори на „Охридската археолошка азбука, ценети професори, уредници, рецензенти, почитувани археолози, дами и господаДозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес се собравме тука за да го промовираме ова скапоцено археолошко дело за деца кое е добра водилка за осознавање на нашите корени кои продираат во дамнина, во античка и царска Македонија. Зошто нема опстојување во сегашноста и гледање кон иднината ако не си го познаваме минатото.Древниот Охрид е бедем на македонскиот национален идентитет, научен и културен центар кој ја промовира Р. Македонија како земја која доследно се грижи за своето, минато, сегашност и иднина. А токму со пишување на вакви дела се грижиме за своето минато. Преку оваа книшка нашите сакани деца побрзо и посликовито ќе разберат кои сме и што сме. Осознавајќи и почитувајќи се себеси дозволуваме да не сакаат и почитуваат и останатите.Велт дека ништо на светов, значајно и големо, ниту започнува ниту завршува без голема љубов и без голема посветеност. Затоа упатувам голема благодарност до сите ценети автори кои ја вложија целата своја љубов, посветеност, ентузијазам и знаење во испишување на „Охридската Археолошкла азбука“.Ние као локална власт пак го поддржавме и застанавме позади овој важен проект. Се потрудивме книгата да стигне до рацете на секој третоодделенец од Охрид. “Охридската археолошка азбука“ со бројни илустрации и шаренило на околу 80-ина страници е богата со скапоцени содржини. Нашите дечиња ќе се сретнуваат со досега нечуени но битни термини и поими средени од А до Ш. Ќе разберат што е тоа Археологија, Базилика, Византија, Глаголица, Дасарети, Ѓакон, Евангелие, Житие, Залив на коските, Свонлик кратер, Имарет, Јазик старословенски, Кадмо, Лихнидос и ред други поими.Подобро ќе разберат дека нивниот Охрид е град на испреплетена култура, историја и личности важни за регионалната и европската цивилизација, јадро на словенската писменост и кутурара. Тука твореле и создавале нашите светители и просветители Климент и Наум. Чиниш сеуште во глува доба го слушаш гласот на Ловороносецот Прличев како се движи по охридските сокаци или ако нурнеш подлабоко ќе стигнеш до времето на Пердика и Самуил. Да, во тоа време низ страниците на „Охридската археолошка азбука“ ќе нурнат нашите деца, кои верувам дека ќе станат уште погорди на самите себе осознавајќи го своето минато– подвлече Пецаков.Автори на „Охридската археолошка азбука“ се факултетските професори Антонио Јакимовски, Елизабета Томевска-Илиевска, Маја Јаневска и младиот археолог, Иван Малезанов.Промотор на трудот беше археологот Паско Кузман.– Оваа „Археолошка азбука“претставува една бајковита приказна за археолошки поими , бидејќи археологијата како наука колку што е егзактна, толку е и поетична. Ако овде треба да се изразиме со детска речничка сликовитост, тогаш оваа мала детска археолошка енциколопедиска „прчка“ наликува на мала напудрена принцеза која сака да се вгнезди во детската љубопитност– рече Кузман.Професор д-р Маријан Јованов во улога на рецезент посочи дека:– Ако сакаме квалитетно образование, а сакаме, ако сакаме нашите најмили малечки да израснат во вистински џинови, а сакаме, ако сакаме од мали нозе да почнат да се запознаваат со огромните содржини и вредности на нашето културно наследство , а и тоа го сакаме, тогаш е дојден часот до почнеме да правиме нешто за нив, нешто што ќе допринесе да израснат и се изградат во здрави личности и да се вљубат во својата земја, да стојат мирно кога се свири нашата химна, да го почитуваат, проучуваат и презентираат нашето огромно богатство наталожено во слоевите под нас од изминатите векови , пред нас и пред целиот свет-рече Јованов.Свои обраќања имаа и авторите и проф.д-р Ана Фрицханд. Во трудот има 89 археолошки поими, а 26 се однесуваат за Охрид.

ОО | пред 1 година

Sv.KlimentOhridski_2019

Познати добитниците на повелбата-патрон на градот „Свети Климент Охридски“

Клубот за подводни дејности Охрид и Здружение на граѓани НАТГ „Аматер“ – Охрид (Културолошка Иницијатива 5 до 12) се годинешни добитници на Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“.Оваа одлука ја донесе Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија при Општина Охрид врз основа на Конкурсот за доделување Повелба – Патрон на градот „Св.Климент Охридски“ за 2024 година.Клубот за подводни дејности Охрид – најстар активен нуркачки клуб во Македонија. Со своето 40 годишно постоење го промовирал градот Охрид и Македонија насекаде низ светот. Клубот е носител на огромен број на проекти и активно учествувал како носител на проекти, хуманитарни експедиции и пред се во еколошки акции.Со своите активности, Културолошка Иницијатива 5 до 12 го промовира Охрид како град на културата, го збогатува културниот живот на Охрид и отвора нови перспективи за локалната заедница. Настаните создаваат можности за креативна изразност, создаваат уникатни искуства за локални и меѓународни посетители, ги вклучуваат младите, ја зголемуваат видливоста на млади уметници и поттикнуваат иновативност и социјална интеграција, а го негуваат и духот на заедништво и припадност.До Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија, согласно објавениот конкурс биле пристигнати 9 пријави. Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во развојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.

ОО | пред 1 година

Sv.KlimentOhridski_2019

Проф. д-р Павле Митрески е годинешен добитник на наградата „Патрон на градот-Св. Климент Охридски“

Проф.д-р Павле Митрески е годинешен добитник на највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2024 година. Стручната комисија за доделување општински награди и признанија во состав: Перчо Божиновски, претседател и членовите, проф.д-р Татјана Димоска, Славе Ѓорѓо Димоски, Горан Стојаноски и Горан Патчев, одлуката ја донесоа едногласно и го доставија предлогот до градоначалникот Кирил Пецаков.Според Стручната комисија, биографијата на проф. д-р Павле Митрески се издвојува поради неговото големо високовредносно и величествено делување, темелно и темелито проучување на историјата, културата и традицијата на Охрид и Охридско.– Проф.д-р Павле Митрески е неуморен раскажувач на минатото на Охрид и Охридско, неговата посветеност и заложба со пишани материјали и книги да се збогатуваат македонските библиотеки се од големо значење за нашиот Охрид, а преку претставувањето на охридските хроники кои денес постојат за Охрид како значајна историска лулка и центар на сите општествено политички и културни збиднувања, тој го афирмира Охрид во меѓународни рамки бидејќи од неговите книги учат најголемите промотори на Охрид и охридското културно наследство. Неговото име е длабоко врежано во современата македонска историографија. Неговото дело посветено на историјата на Македонија и македонскиот народ, со посебен акцент на Охридско – струшкиот регион, заземаат сосема заслужено и значајно место.Ако се знае дека тој и припаѓа на втората генерација македонски историчари научници, тогаш со право можеме да истакнеме дека Митревски доследно и темелно се потпира и инспирира од делата на првата генерација македонски научници – историчари на чело со академик Љубен Лапе, потоа академик Александар– Цанко Христов, Данило Заграфски, Методија Соколовски и други, кои заслужено и одговорно ги удрија (за првпат) темелите на современата слободна македонска историска научна мисла.Неговото творечко кредо, поточно неговото трајно вјерују засекогаш остана забележано дека само со сочуваните (а толку многу уништувани документи низ вековите за Македонија и за македонскиот народ) може да се проникне во суштината, поточно во срцевината на историската вистина што патувала и патува низ времето.Павле Митревски ја збогати македонската историографија со над петнаесетина наслови на свои книги, но кога кон нив ќе се додаде и податокот дека тој напиша и објави во списанија и зборници уште стотина научно-стручни прилози од историјата на Охридско-струшкиот регион, тогаш целосно се комплетира неговото дело и правилото дека зад човекот останува само напишаното, односно оттргнатото од заборавот на времето, пишува во решението за доделување на наградата од градоначалникот Кирил Пецаков.Највисокото општинско признание наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2024 година ќе биде врачена на Свечената академија која ќе се одржи на 7-ми декември во Центарот за култура „Григор Прличев“.

ОО | пред 1 година

Holandski-ambasador20241129001

Холандската амбасадорка Џанел во посета на општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска во својот кабиент ја прими амбасадорката на Холандија во Р. Македонија Н. Е. Узлем Џанел, која е во прва официјална посета на Охрид по нејзиното именување на функцијата.На средбата се зборуваше за економскиот развој на општината и туризмот како една од најважните стопански гранки во Охрид. Се разгледуваа можностите за развој на мас туризам, за еко туризам и поголема промоција на локалните производи на меѓународните пазари. Стана збор и за инфраструктурните проекти на општината кои би допринеле во зголемување на странските посетители вклучувајќи ги и холандските туристи.Амбасадорката Џанел упати благодарност до градската власт за подигнување споменик на холандскиот писател А. Ден Долард и за холандскиот парк во Охрид.

ОО | пред 1 година

7-Noemvri20241106042

(Видео) „𝟪𝟢 години слободен Охрид“

По повод јубилејот, „80 години Слободен Охрид“, вчеравачер во Центарот за култура „Григор Прличев“ се одржа свечена академија која беше пропратена со богата културно-уметничка програма и креативен сценски перформанс.Пред бројните гости и граѓани свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.„Неописливо е чувството на родољубие, чест и гордост што ми е доделена оваа голема привилегија да говорам пред вас за еден исклучително значаен јубилеј, со кој ја славиме слободата на нашиот Охрид и им оддаваме почит на сите херои, кои ги положија своите животи на браникот на татковината.Охрид, градот на светлината, духовна и културна претсолнина на Македонскиот народ, пред осум децении е ослободен од фашистичкиот окупатор. Овој историски момент не е само воен чин – тоа е победа на духот, победа на народната храброст, решителност и неизмерна љубов кон родната земја.Зад секој херој, зад секоја борба, стои голема жртва и непокорност. Со нивната силна решителност, борците на фронтот не барале почести и награди- тие барале правда, барале слобода и подобра иднина за Охрид и Македонија.Во овие мигови на чествување и прослава, многу е важно да потенцираме дека 7-ми Ноември не е само историски датум, тоа е нашиот аманет, да ги водиме новите поколенија по патот на слободата, правдата и солидарноста.Искрено верувам дека херојските стремежи на нашите предци, ќе бидат наш силен мотив во денешната политичка и дипломатска борба, да го сочуваме достоинството на нашата татковина и се што е македонско.Во текот на изминатите 80 години, бројни наши сограѓани, долга низа на охриѓани, вложиле своја енергија, знаење и труд во унапредувањето на Охрид. На овие простори, благодарение на големите дела, на неизмерната мудрост и културните достигнувања, создаден е град, кој денес е признат и ценет не само во Македонија, туку и во целиот свет.Сите наши претходници оставиле значаен печат, а ние свесно и одлучно си поставуваме цел да продолжиме кон уште поголеми остварувања.За мене лично, празникот на градот и месецот ноември имаат важна симболика и лично ги поврзувам со моментот кога бев избран и назначен за градоначалник. Да се биде предводник на Охрид, да се работи за неговите интереси, да се чува неговото уникатно богатство, за мене е возвишено и бесценето уважување.Воден од вистински идеали, горд сум што во текот на изминатите три години, оваа локална власт покажа дека со труд и со посветеност, може да се постигнат значајни резултати. По принципот на транспарентност и отчетност пред граѓаните, овие резултати се сублимирани и наскоро ќе бидат презентирани.Еден од најголемите светски лидери, Томас Џеферсон рекол:„Заштитата на слободата е највисоката должност на секој народ“, па затоа посакувам овој мудар цитат да биде основна инспирација и мисла водилка во сите наши понатамошни чекори за обезбедување на посветла иднина.Како што Охридското Езеро неуморно бранува низ милениумите, посакувам да продолжиме да брануваме со нашата сплотеност и заедно да испишеме нова историја за Охрид, која ќе биде позитивно вреднувана и пренесувана.Нека ни е честит јубилејот на слободата! Нека им е вечна слава на хероите! Нека е вечен- слободен Охрид!“, истакна Пецаков во своето обраќање.Во рамки на свечената програма беше изведен перформанс во кој преку креативна сценска изведба беа прикажаа сите значајни периоди од историјата на Охрид. Исто така, беа прикажани важни личности и случувања, а беа споменати дел од бројните истакнати охриѓани, кои дале свој придонес за развојот и напредокот на Охрид на повеќе општествени полиња.На крајот на свеченоста на сцената беа поканети дел од значајните личности кои се уште творат, работат и го промовираат нашиот Охрид. Во името на сите нив свое обраќање пред присутните имаше охридскиот поет Славе Ѓорго Димоски кој упати честитки за големиот празник на градот со желби за уште поголеми достигнувања, на кои ќе бидат горди идните генерации.Историскиот осврт кој беше користен за мултимедијалната изведба го подготви м-р Михаил Патчев, а на сцената настапија околу 500 учесници од сите општински основни и средни училишта. Перформансот беше придружуван од членовите на Охридскиот градски оркестар под раководство на Љупчо Аслимоски, Охридскиот градски хор под диригентската палка на маестро Бурим Хидри и членовите на КУД „Ѓердан од бисери“. За видео проекцијата со историски материјали од Охрид се погрижи Даниел Наумоски, а воведниот дел од настанот започна со проекцијата „Охрид од високо“ на младата фотографка Нина Ангелоска.

ОО | пред 1 година

IMG-c12b16a2632b3d571a2bd317ae79eb9c-V

Четвртоодделенците во посета на општина Охрид

Четвртоодделенците од основните училишта „Христо Узунов“ и „Св. Климент Охридски“ денеска беа во посета на Општина Охрид. Во улога на домаќин ги прими градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од секретарот, Александар Китески.Учениците со интерес ги слушаа одговорите на градоначалникот и секретарот за работата и начинот на функционирање на локалната власт.Посетата во општината е дел од предвидената наставна програма за основците.

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања