Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

општина охрид

DSC0336

Советот на општина Охрид се вклучи во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 𝟤𝟢𝟤𝟧“

По повод месецот на ретки болести, претседателот на советот на Општина Охрид Перчо Божиновски и советниците на Советот на Општина Охрид се вклучија во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2025“, која започна денеска и ќе трае до крајот на месец февруари.Со боење на дланките како симбол на пациентите со ретки болести кои имаат пристап до лекови, охридските советници испратија порака за поддршка и изразија надеж дека ќе се обезбедат подобри услови за лекување и третман на сите лица со ретки болести.Поддршка на кампањата даде и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески. Инаку, Локалната самоуправа и оваа година активно ќе се вклучи во кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2025“ со осветлување на општинската зграда, јавни објекти и локации во боите на ретките болести.

ОО | пред 11 месец

korica-ohridska-kritika-scaled-1

Излезе од печат книгата „Охридските писатели во книжевната критика“

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе книгата „Охридските писатели во книжевната критика“, што ја приредија авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.Оваа книга е единаесетто издание на едицијата „Охридско книжевно наследство“ и опфаќа избор на дневно-публицистичка и популаризаторска критика за охридските писатели. Во неа се нагласува високото место на писателите од охридскиот крај во македонската книжевност. Книгата има 298 страници и е објавена во тираж од 200 некомерцијални примероци.Промоцијата на изданието „Охридските писатели во книжевната критика“ ќе се одржи во рамки на годинешното издание на Прличевите беседи, на 6.02.2025 (четврток) со почеток во 11:30 часот во Спомен куќата на Григор Прличев. Промотор на книгата ќе биде Бранко Цветкоски.

ОО | пред 11 месец

POSETA_AMBASADOR_AVSTRIJA-1-scaled-1

Градоначалникот Пецаков оствари средба со австрискиот амбасадор Памер

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер.Амбасадорот беше придружуван од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на Покраинската противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.На средбата на која присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид се разговараше за можноста за воспоставување на соработка, во делот на противпожарната заштита. Особено беше потенцирана потребата од активна волонтерска служба за противпожарна заштита, која треба да биде соодветно опремена за делување при поголеми пожари на отворено. Исто така, стана збор и за можни проекти кои би обезбедиле дополнителна опрема и обуки за противпожарната единица во Охрид.Градоначалникот изрази големо задоволство од посетата на австриската делегација и надеж дека од оваа средба ќе произлезе конкретна идна соработка.Во рамки на денешната посета, австриската делегација имаше средба и со вработените во ТППЕ Охрид, каде гостите имаа можност да се запознаат со техничката опременост, капацитетите и ресурсите со кои располага противпожарната единица. Беше остварена посета и на просториите кои ги користи доброволно противпожарно друштво „Ентузијаст“. Членовите на оваа волонтерската организација во текот на изминатиот период беа дел од многу значајни теренски интервенции за гаснење на пожари во Охридскиот регион.

ОО | пред 11 месец

Vodici-202520250119016

Мартин Гоџо е фаќачот на Чесниот крст за големит празник „Богојавление – Водици“

Во духот на традицијата и верата, Охрид го одбележа големиот и значаен празник за градот, Богојавление – Водици.По осветувањето на езерските води и положувањето на Светиот крст, најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин Гоџо кој го фати Светиот крст.– Оваа година како што доликува ја имавме честа архиепископот г.г. Стефан да ја освети водата и да го положи крстот во Охридското Езеро. Голем број на претставници и државниот врв, претседателката на Македонија се присутни. Во Охрид секоја година е централната манифестација, но годинава по сите параметри беше и најпосетена и како што доликува на Балканскиот Ерусалим. Му посакувам многу здравје, среќа и успех на фаќачот на крстот Мартин кој по вторпат го фаќа крстот. Од Општина Охрид за фаќачот на крстот има икона и рачно изработен филигран традиционално како и секоја година, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.На среќниот фаќач Дебарско – кичевската епархија го дарува со ланче со златен крст, а градоначалникот со рачно изработена икона и филигран во вид на крст.Прославата на големиот христијански празник Богојавление Водици продолжува на Градскиот плоштад со настап на Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“ и со групно крштевање на Сараиште.Рано утринава градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на осветување на водите од Охридското езеро во Пештани.

ОО | пред 11 месец

Vasilica_13012025010

Василичарски појадок во општина Охрид

Вера Рауник, Валентина Мургоска и Игор Петрески се најсреќни меѓу вработените во Општина Охрид. Тие ја пронајдоа паричката на заедничкиот традиционален појадок што се организира во општинската зграда по повод утрешниот празник Православна Нова Година – Василица.Појадокот беше организиран од минатогодишните кумови, Секретарот Александар Китески, Елена Јанковска – Цветаноска и Никола Прангоски.Новите и минатогодишните кумови беа дарувани со сребрени парички од страна на градоначалникот Кирил Пецаков.

ОО | пред 11 месец

Vodici-koordinativen_10012025002

Прв координативен состанок за Богојавление – Водици

Градоначалникот Кирил Пецаков претпладнево го одржа првиот координативен состанок со Организцискиот одбор за подготовка на најмасовната културно- верска манифестација кај нас Богојавление- Водици. Очекувањата се дека и годинава празникот ќе биде одбележан на највисоко ниво со бројни посетители од земјава и странство.Во согласност со традицијата , Богојавленските чествуавања ќе бидат составени од два дела. Првиот дел е црковниот, за кој е задолжена Дебарско-кичевската епархија при МПЦ и вториот е граѓански и го координира Општина Охрид, а се однесува на целокупната празнична програма.На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро. Годинава Свети Литургии со почеток во 8:15ч. ќе се одржат во четири парохиски цркви; Успение на Пресвета Богородица – Каменско, Св. Никола-Геракомија, Св. Никола- Долна Влашка Мала и Св. Георгија- Горна Влашка Мала. Литијата кон градското пристаниште ќе се упати во 9:45 часот. Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од градското пристаниште, а чинот на полагањето ќе го изврши Митрополитот тетовско –гостиварски Јосиф.Во сите парохиски цркви во Охрид веќе е започнато пријавувањето на капачите кои сакаат да бидат дел од настанот. До сега покрај охриѓани, своето учество го пријавиле и голем број верници од други градови на Македонија.Истиот ден во 12 часот на месноста Сараиште ќе биде организирано групно крштевање во Охридското Езеро. И годинава во организација на Црвен Крст ќе се одржи традиционалната крводарителска акција.Како дел од подготвителните активности и логистиката на настанот во недела на 12-ти јануари и покрај најавените снежни врнежи охридските нуркачи ќе спроведат чистење на дното од Охридското Езеро, на просторот каде ќе се одржува фрлањето на Светиот крст. Исто така, предвидени се и низа активности за уредување на пристаништето и крајбрежниот дел на Охридското Езеро, соодветно украсување на градот со зеленило и верски знамиња, како и низа значајни активности кои се поврзани со безбедноста на капачите и посетителите.Прославата за Водици во Охрид, продолжуваат на 20-ти јануари со уникатната манифесатција Денот на рибарите во чест на празникот Свети Јован Крстител.

ОО | пред 11 месец

DSC0269-1

Македонските карате репрезентативци на прием кај градоначалникот Пецаков

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска ги прими петмината карате репрезентативци, Анастасија Смилевска, Дамјан Митревски, Козма Митревски, Тамара Ѓурчиноска и Сара Цикуш од КБС „КУНСУТО”-Охрид кои го освојуваат врвот на националните првенства и обезбедуваат учество во големите меѓународни карате сцени.На надежните млади спортисти градоначалникот им посака понатамошни успеси посочувајќи дека локалната власт во рамки на своите ингеренции ќе ги поддржува и следи нивните успеси.Охридските репрезентативци на Македонија, Анастасија Смилевска и Дамјан Митревски учествуваа на Светското првенство за кадети, јуниори и У21 кое се оддржа на 09-13.10.2024 година во Венеција, Италија.Тамара Ѓурчиноска учествуваше на Медитеранското првенство кое се оддржа во периодот од 20-22.09.2024 година во Олбиа, Сардинија, Италија.На Балканско Првенство за кадети, јуниори и У21 кое се оддржа во периодот од 08-10.11.2024 година во Сараево-Босна и Херцеговина учествуваа охридските репрезентативци: Анастасија Смилевска, Козма Митревски, Дамјан Митревски, Тамара Ѓурчиноска и Сара Цикуш, при што Дамјан Митревски стана Балкански вицешампион освојувајќи го второто место во категорија кадети борби -52 кг, а Анастасија Смилевска како дел од екипата кадетки го освоија 5-тото место.Анастасија Смилевска, освојувајќи го првото место на Плеј-оф турнирот за кадети, јуниори и У21 обезбеди учество на Европското првенство за кадети, јуниори и У21 кое ќе се оддржи во периодот од 07-09.02.2024 година во Бјалско-Бјала-Полска.Селекцијата за избор во карате репрезентација на Македонија и обезбедување на учество на Балканско, Медитеранско, Европско и Светско превенство е процес кој започнува со постигнување на резултат од прво до трето место на државно првенство на Македонија, а продолжува преку плеј-оф турнири на кои од прво до трето пласираните се натпреваруваат меѓусебно и само прво пласираниот обезбедува учество на Светско или на Европско Првенство. За учество на Балканското првенство се избираат од прво до петто пласираниот на државното првенство, а за учество на Медитеранско првенство се избираат од прво до трето пласираниот на државното изборно првенство.

ОО | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-04-135341

Се одржува јавната чистота на повеќе локации во Охрид

Согласно богатата програма која ја организира Општина Охрид по повод новогодишните празници, се одржува јавната чистота на повеќе локации каде се реализираат настаните.Секојдневно чистење на кејот и крајбрежниот појасЕкипите на Паркови и зеленило продолжија со чистење на обраснато зеленило на патот кон месноста Навис и во градски парк, како и чистење на обраснато зеленило кај касарната

ОО | пред 11 месец

KATOLICKI_BOZIK_21122019-e1577190409946

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод католички Божиќ

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповед по повод големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.„Почитувани сограѓани од католичка вероисповед, Со најискрени желби за мир, здравје и благосостојба, дозволете ми во мое лично име и во името на Општина Охрид да ви го честитам– Раѓањето Христово-Божиќ.Ви посакувам овој голем празник, со својата благодат и спокој, да ги донесе Божјите милости во вашите домови и срца. Божиќ е светлина која го осветлува патот на човештвото, тој е гласник на љубовта и милосрдието. Како што Христовото раѓање донесе спасение, нека и секој нов ден биде надеж за нов почеток и нова среќа.Во ова време на радост и празнување, да си подадеме рака еден со друг и да ги чуваме вредностите што не поврзуваат. Нека пораките за човекољубието и почитувањето не водат кон заедништво и разбирање. Среќен Божиќ!“, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

ОО | пред 1 година

IMG-8659354b8f5377ee6d229fd9218e8666-V

Одбележани 𝟣𝟢𝟢 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев

Вчера во „Спомен куќата на Христо Узунов“ беа одбележани јубилејни 100 години од смртта на Петар Чаулев, истакнат охридски револуцинер и војвода. Во името на локалната самоуправа пред присутните се обрати претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.– Денес е исклучителен ден, во кој се одбележува 100-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски револуционер Петар Чаулев. Во славната Илинденска епопеја, младиот Чаулев бил војвода и раководител на Охридскиот револуционерен комитет, учествувал во Балканските војни и Тиквешкото востание, а бил и креатор на Охридско –дебарското востание.Личноста на Петар Чаулев е цвстро врзана за автономна и автентична борба на македонците за слободна Македонија. Во таа смисла тој до крајот на својот живот останал верен на својот потпис на Мајскиот манифест, кој предвидувал обединување на сите партии и фракции во борбата за ослободување на Македонија.Многу години подоцна, идеалите на Чаулев за слобода, ќе се реализираат преку големата антифашистичка победа во Втората светска војна и конечното ослободување на Македонија. Ние како генерација и оние кои ќе дојдат после нас, секогаш со посебен пиетет ќе се сеќаваме на големото револуционерно дело на великот Петар Чаулев – истакна Божиновски.Настанот беше збогатен со историски осврт кон ликот и делото на револуционерот преку драмата „Последниот лет на Чаулев“, во изведба на учениците од Охридската гимназија, во адаптација на проферот Михаил Патчев.

ОО | пред 1 година

Turski_gradonacalnik_23122024002

Високи гости од Турција во посета на општина Охрид

Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска беа во протоколарна посета на Општина Охрид.На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков, гостите од Турција го изразија својот восхит од убавините на Охрид и гостопримливоста на охриѓани.Заеднички се разгледуваа можностите за соработка на двете општини во повеќе области. Се разговараше и за начинот на функционирање и ингеренциите на локалнта власт, а стана збор и за процесот на децентрализација на власта по чие целосно завршување под капа на општината би биле неколку културни институции, примарното здравство и полиција.

ОО | пред 1 година

Untitled-4-scaled-1

Поделени новогодишни пакетчиња за најмладите

Општина Охрид и Здржението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА спроведоа голема донаторска акција во Охрид во која беа поделени околу 3000 новогодишни пакетчина за најмладите.Традиционално беше посетена Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ Охрид, каде што со подароци беа израдувани дечињата кои се згрижени на лекување или третман.Новогодишни пакетчиња беа поделени и на дечињата од градинките во населбата Радојца Новичиќ, Лескоец, Велгошти и Пештани. Централната хуманитарна манифестација се одржа пред зградата на Општина Охрид, каде што од страна на Дедо Мраз беа подарени новогодишни пакетчина на најмладите.

ОО | пред 1 година

PETAR-CAULEV

𝟣𝟢𝟢 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев

Во понеделник, на 23.12.2024 година во куќата на Христо Узунов во 15 часот, ќе се одржи пригоден настан по повод јубилејот 100 години од смртта на охридскиот револуционер Петар Чаулев.Предвидено е обраќање на претставник од локална самоуправа како и изведба на театарска претстава „Последниот лет на Чаулев“ авторско дело на Михаил Патчев, професор по историја. Претставaта ќе ја изведат ученици од охридската гимназија.

ОО | пред 1 година

NG-PROGRAMA-2025

Богата забавна програма за новогодишните празници во Охрид

Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници.На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 20 часот публиката ќе може да го проследи стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак и охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.Новогодишната програма оваа година го вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна“ кој ќе започне на 24-ти декември и има 20 забавни настани посветени на најмладите. Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови.

ОО | пред 1 година

OPREMA_GRADINKA-4-e1734445100540

Нова опрема во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“

Во ЈОУДГ „Jасна Ристеска” набавена е нова опрема и машини, со кои значително ќе се подобри квалитетот на храната за 1200 дечиња во градинката и ќе се олесни работењето на персоналот во кујна кои секојдевно ја приготвуваат храната.Целосно е реновирана централната кујна која ја подготвува храната за сите објекти на градинката. Набавени се и нови индустриски машини за перење и сушење во пералната, кои не биле обновени од отварањето на градинката.Обезбедени се машина за миење чинии, фрижидер за замрзување 700л, фрижидер за замрзнување 1400л, фрижидер за одржување 700л, шпорет со 4 рингли и фурна, индустриска машина за перење облека 15кг, индустриска машина за сушење облека 14 кг, дебуратор 12л и подлога инокс.За оваа инвестиција се обезбедени 1.126.216 денари од блок дотација и 520.110 денари од сопствени средства.

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања