Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

media-library3aa06colspuk2KkCjME

Ѓорѓиевски: Мециновиќ лажно се претставувал како политиколог, самиот потврди дека нема завршено високо образование

Во вечерашната емисија „На дуел кај Иван“ на Канал 5 телевизија, гостуваше кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој се осврна на својот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ наведувајќи дека Мециновиќ потврдил дека нема завршено високо образование за политиколог како што се претставувал во јавноста изминатиот период.„Вие се претставувате во јавноста цел изминат период како тој во кој што треба да се идентификуваат младите, човекот којшто е високо образован, па вечерва дознаваме дека немате високо образование тоа е првата работа, втората работа дека сте дете на транзицијата, понатаму вие алудирате на тоа дека сте дете на транзицијата но вашите двајца родители работат во државни институции целиот свој живот, така да и тоа што го кажувате не кореспондира со ралноста“, вели Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryfugehmae4e3u8BUgYRr

Ѓорѓиевски: За 72 часа Скопје ќе биде чисто

На дуел кај Иван, кандидатот за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски потенцираше дека ветувањето за чисто Скопје во рок од 72 часа е реално и остварливо.„Јас стојам зад тоа што сум го ветил дека градот може за 72 часа да биде чист, убеден сум дека 117 камиони има, а само 17 се исправни, 46 има метлачки и камиони за перење на улици, а само 6 се исправни, имам добар план и визија како ќе го направам тоа”, појасни Ѓорѓиевски.Освен градските и општинските власти, Ѓорѓиевски рече дека и граѓаните и општествено одговорните компании ќе помогнат во овој процес.“Одговорно тврдам со општествено одговорни компании со помош на нашите колеги не само во Скопје, туку надвор од Скопје, добро ќе биде исчистен градот не само на микролокациите туку секаде, и конечно исто така после долги години за прв пат ќе ги испереме улиците“, вели Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynbttsfo1nuvt6BJu0NY

Ѓорѓиевски: Промените во Карпош ќе се случат со Сотир Лукровски

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес од маалската средба во општина Карпош и порача дека со поддршка на Сотир Лукровски и ВМРО-ДПМНЕ, Карпош и Скопје конечно ќе расчистат со нефункционалноста на јавните претпријатија. Тој најави дека веднаш по изборите ќе следува акција за чистење на градот во првите 72 часа, стабилизирање на работата на ЈСП и почеток на реализацијата на мостот Љубљанска, со цел воспоставување на поуреден и функционален град.,,Kарпош има шанса еднаш засекогаш да расчисти со остатоците од транзицијата, а тоа е со актуелниот градоначалник, Стевчо Јакимовски. Нашата светла опција е од другата страна, а тоа е нашиот Сотир Лукровски, којшто ќе ги направи промените заедно со мене и во Скопје, но и во општина Карпош“, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски истакна дека Скопје се соочува со целосен хаос и колапс на јавните претпријатија, а најголем проблем претставува нефункционалноста на Комунална хигиена и ЈСП Скопје. Тој додаде дека, и покрај ваквите услови и неактивноста на актуелниот градоначалник кој се занимава со самопромоција, заедно со Сотир Лукровски вложуваат максимални напори Карпош да биде почист и поуреден.,,Во Скопје имаме целосен хаос и колапс на сите јавни претпријатија. Но она најмногу што не мачи изминатиов период е нефункционалноста на комунална хигиена и проблемите кои што ги имаме со нефункционалноста на ЈСП Скопје. Изминатиов период дека со Сотир даваме се од себе, да колку толку се амортизираат состојбите, во услови кога комунална хигиена не функционира, во услови кога вашиот актуелен градоначалник овде изиграва инфлуенсер и оди на поткасти што сам си ги прави со договорени негови прашања, вашиот Сотир кој што е вистинската опција за Карпош од 6 часот и пред 6 часот цел изминат период, помага за Карпош да биде почист“, вели Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски најави дека веднаш по вториот круг од локалните избори, кога очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ во Карпош, прв приоритет ќе биде акцијата за целосно чистење на Карпош и Скопје во првите 72 часа.,,Во првата недела ќе имаме нормализирање на состојбите со ЈСП Скопје, но и ќе започнеме конечно да го откочуваме процесот за мостот Љубљанска да стане функционален, а вие да имате, нов начин на движење овде во Карпош“, кажа Ѓорѓиевски и додаде:,,Тоа ќе бидат нашите први чекори, а сето она што го имаме ветено во нашата предизборна програма, се обврзав за истото и одговорно стојам зад тоа дека во наредните 4 години ќе биде заеднички со Сотир реализирано овде во Карпош. И секако со поддршка на нашиот претседател, Христијан Мицкоски кој што изминативе година и пол покажа како се сакаат граѓаните, и покажа што значи кога премиерот и Владата стојат зад локалната самоуправа“.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynitnpmtp25v96k9jqwW

Ѓорѓиевски: Скопје се чисти за 72 часа, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци

Во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денеска гостуваше кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски кој на самиот почеток истакна дека градот Скопје за 72 часа ќе биде исчистен колку и тоа да звучи и изгледа неостварливо.„Јас одговорно тврдам и стојам зад тоа дека за 72 часа ќе го исчистам градот, колку и тоа да не изгледа остварливо за поединци или да не сакаат да им изгледа тоа остварливо“, рече Ѓорѓиевски и додаде:„Од надмудрувања граѓаните во 21 век немаат основни хумани услови за живот, тоа нема да го дозволам јас во мојот мандат. Во Кисела Вода можете да ги прошетате сите населби, последната инвестиција ни е водоводна мрежа во населено место Стаклара каде претходно направив канализација, секаде каде недостасуваше подземна инфраструктура ја решив, нема населено место без вода за пиење и без подземна инсталација. Што подразбира тоа, 30 години требало да поминат за да дојдам јас и да го завршам тој процес“.Ѓорѓиевски истакна дека во план е набавка на 50 камиони за чистење отпад, 30 машини за перење на улиците како и 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во самиот процес на чистење.„Јас кога ќе влезам во градот Скопје ќе видите какви непродуктивни трошоци имало изминатите четири години, за првите 72 часа она што граѓаните треба да го очекуваат е да има околу 50 камиони за чистење на отпад, триесетина машини за перење на улиците и околу 1.000 луѓе коишто ќе бидат приклучени во процесот. Многу ми е едноставно во оваа кампања аргументирано да говорам затоа што имам нешто сработено позади себе, а тоа нешто е многу сериозен успех за се што сме постигнале четири години во Кисела Вода, еден од тие успеси е транспарентноста“, дециден е Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryo6l0a0plns8geBmvtIx

Василевска: Гласот за Орце Ѓорѓиевски е глас за достоинство и враќање на урбаниот живот во градот Скопје

Иванка Василевска, пратеник во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во емисијата Аргумент+ на телевизија 24.Пратеничката Василевска посочи дека процесот на подготовки за локални избори во секоја сериозна политичка структура почнува многу порано затоа што е многу важно  што ќе добијат граѓаните како политичка понуда на претстојните локални избори.„Поддршката кон Орце Ѓорѓиевски не е само поради припадноста во ист политички субјект и иделошка, туку е и суштинска, бидејќи е докажан и којшто помина низ повеќе филтри на докажување и оттаму сум сигурна сум дека многу скоро навистина ќе почнеме да функционираме малку попристојно, нели не може преку ноќ да се случи се, но она што го очекувам  е дека ќе имаме подобрување во тој дел“, вели Василевска.Василевска  ги повика граѓаните масовно да излезат во вториот круг и да му дадат поддршка на Орце Ѓорѓиевски, за уште една голема победа и оправдување на довербата која што ја добиваме од граѓаните.„Македонските граѓани  масовно да излезат на вториот круг и да му дадат поддршка на Орце Ѓорѓиевски во Скопје, гласот за Орце Ѓорѓиевски ќе значи глас за достоинство и враќање на урбаниот живот во градот“, рече Василевска.

Македонија | пред 4 месеци

media-librarye8cuf7knun3a5qYJvGG

Ѓорѓиевски: Со изградба на булеварот „Февруарски поход“ со нов мост преку Вардар ќе ги поврземе Аеродром и Гази баба со нов коридор

На денешниот народен митинг во Аеродром во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ за изборите во недела на 19 октомври, се обрати и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски претставувајќи ги проектите од програмата кои ќе се реализираат во општина Аеродром.Ѓорѓиевски истакна дека, во соработка со градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески прво ќе се зафатат со решавање на сообраќајниот хаос и поврзување на Аеродром како никогаш досега.„Конечно ќе го завршиме булеварот „АСНОМ“ и ќе ве поврземе со Гази Баба преку новиот мост. Ќе го изградиме и булеварот „Февруарски поход“ со нов мост преку Вардар, со што отвораме целосно нов коридор кон Гази Баба и кон новиот мега парк Вардариште. Предвидуваме реконструкција на улицата Фрањо Клуз, и пробивање на булеварот Борис Кидрич. Аеродром нема повеќе да биде сообраќаен остров, туку најповрзаната општина во Скопје“, рече Ѓорѓиевски.Додаде дека ќе го решат секојдневниот урбан хаос и дека, пред сè, ќе се воведе ред со ставање крај на опасниот сообраќај кај „Тобако 2“ со изградба на модерен двоен кружен тек, зошто безбедноста на децата кои одат во училиште е на прво место.„И конечно, го решаваме хроничниот проблем со паркирањето. Ќе изградиме монтажни катни гаражи во Ново Лисиче, Јане Сандански и Мичурин. Доста е со кружење и нервози, време е за ред и за слободни тротоари“, истакна Ѓорѓиевски.Исто така, додаде Ѓорѓиевски, ќе инвестираме во здрава животна средина, за здравјето на нашите семејства.„Ќе го решиме деценискиот еколошки проблем со Усјанскиот канал, со негово целосно затворање и претворање во уредена, зелена пешачка зона со нова урбана опрема. Ќе го решиме проблемот со Вардариште. Јас ви ветувам на сите аеродромци дека, конечно, проблемот со Вардариште ќе биде во нашиот четири годишен мандат. На крајот на мојот мандат тоа ќе биде модерен парк, а кејот на Вардар ќе биде направен до Долно Лисиче“, се заложи Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryqnc844g1m39n6QoZbeh

Емил Николовски: 90% лаги на Орце, од 30 каптални ветувања нема остварено ниту едно

Со остра критика кон досегашното работење на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска се обрати Емил Николовски, обвинувајќи го за целосен неуспех во реализацијата на предизборните ветувања и за манипулација со јавноста.„Продолжуваме со разобличување на лагите на Орце Ѓорѓиевски – човекот кој четири години неуспешно управува со Кисела Вода, а сега сака да ја прошири својата неработа кон цело Скопје“, изјави Николовски на денешната прес-конференција.Тој ги демантираше тврдењата на Ѓорѓиевски за, како што вели, „90% реализација на програмата“, посочувајќи низа неисполнети проекти како доказ за неговата, според СДСМ, неспособност.„Орце ветуваше ‘Туристичко Драчево’, ревитализација на старата чаршија, пешачки зони и културна понуда. Четири години подоцна, таму нема ниту една реконструирана фасада, нема осветлување, нема сигнализација, нема туристичка понуда – само запуштеност и заборав“, рече Николовски.Тој посочи и дека ниту еден зелен покрив, иако ветен како дел од борбата против загадувањето, не е реализиран: „Не само што не постои ниту еден зелен покрив, туку не постои ниту еден јавен повик за нив. Една голема нула“, нагласи тој.Според податоците презентирани од СДСМ, од 30 капитални проекти влезени во програмата на Ѓорѓиевски, ниту еден не е реализиран – вклучително и ветувањата за велосипедски патеки, катни гаражи, базени и спортски сали, кои, како што велат од партијата, останале само на рендери и промотивни материјали.„Во меѓувреме, јавните пари се трошат на сомнителни тендери и скапи ПР кампањи, додека граѓаните живеат меѓу депонии, прашина и мрак. Кисела Вода е симбол на застој и корупција“, додаде Николовски.СДСМ порачува дека Скопје не смее да стане следната жртва на, како што ја нарекуваат, „празната ПР политика“ на Ѓорѓиевски.„Скопјани не се наивни. Главниот град не е експериментална зона за нови лаги. Скопје заслужува визија, реални проекти и луѓе што навистина работат за граѓаните“, заклучи Николовски.Партијата најави дека ќе продолжи со презентација на, како што велат, факти и аргументи што ја разоткриваат реалната слика зад ветувањата на актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryuftn6eqm3jji94qsNrw

Ѓорѓиевски: Градскиот воз тргнува од Драчево – договорот се потпишува утре

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, вечерва во Драчево одржа средба со граѓаните која, како што истакна, прераснала во вистински митинг.„Она што требаше да биде мала средба, вечерва прерасна во вистински митинг,“ напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.Тој додаде дека во присуство на вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, како и министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, пред граѓаните ја претставиле визијата за „достоинствено Скопје“.Посебно, како што нагласи, е горд на најавата од Николоски дека утре ќе се потпише договорот за почеток на проектот „Градски воз“.„Првата линија ќе минува токму низ Драчево и за само 7 до 11 минути ќе се стигнува до центарот на Скопје. Ова е историски чекор што ќе го промени секојдневието на илјадници граѓани,“ порача Ѓорѓиевски.Тој додаде дека силната поддршка од Владата е доказ дека заедно може да се изгради подобра иднина. „Доаѓа време кога нема да се прашуваме дали може подобро, туку тоа подобро реално ќе го живееме,“ заклучи кандидатот за градоначалник на Скопје.

Скопје | пред 4 месеци

media-library0h3e56972igs7cu4dfh

(Видео) Орце Ѓорѓиевски им ветува „скопско“ Скопје на сограѓаните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави видео порака до сограѓаните, во која вели дека Скопје ќе биде уредено по скопски.Подоброто реално ќе го живееме, вели тој обраќајќи им се на скопјани.

Скопје | пред 4 месеци

media-libraryrbllfqii01210LDvFzm

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ќе ја претстави програмата пред скопјани

Денеска почнува изборната трка за локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ ја стартува кампањата со митинг во Скопје. Вечерва во 19:00 часот, во Спортскиот центар „Јане Сандански“, партијата го одржува почетниот собир.Говорници ќе бидат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски и носителот на листата на советници за Град Скопје Даме Димитровски.Првиот круг од локалните избори ќе се одржи на 19 октомври.

Скопје | пред 4 месеци

media-library37lnm274he5p9R8F3YX

(Видео) Ѓорѓиевски бара дебата 15 на 1 на Бихаќка: Мицкоски го почитувам како родител, со Мијалков и Груевски немам контакт

Гостувајќи во „Претрес со Ландов“, кандидатот за градоначалник на Скопје и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, зборуваше за својата партиска припадност и односите со поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ.„Орце е ВМРОвец. Јас, ако така гледаме, сум од Љупчо Ѓорѓиевски. И, сега што правиме? Јас сум ВМРОвец и секогаш ќе бидам ВМРОвец“, рече Ѓорѓиевски.Тој истакна дека со актуелниот лидер на партијата има блиски пријателски односи:„Христијан ми е многу близок личен пријател. Го почитувам... Го почитувам како родител, како родител го почитувам, но јас сум ВМРО-ДПМНЕ и никогаш не менувам дрес во животот.“На прашање за наводни контакти со Никола Груевски и Сашо Мијалков, Ѓорѓиевски беше дециден:„Сашо Мијалков и јас немаме никаква комуникација. Ниту пак имам некаков контакт со Никола Груевски. Јас прво не сум имал близок контакт со Никола Груевски, но бил претседател на мојата политичка партија. Со Христијан Мицкоски, да, сум близок пријател и човек кој што го познавам најдолго од сите претседатели на ВМРО-ДПМНЕ.“Тој упати критики и кон политичките противници: „Цела Бихаќка нека постави петнаесет столчиња, толку им останаа од активно членство. Јас сам ќе застанам пред сите медиуми да направиме дебата, ама сите таму. Сам по сам не можам. Многу ми се едноставни.“

Настани | пред 5 месеци

media-libraryrbllfqii01210LDvFzm

“Прво човек, потоа градоначалник на Скопје”, Ѓорѓиевски ја промовираше кандидатурата за Скопје

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода, денеска официјално ја претстави својата кандидатура за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.„Време е за нов почеток! За нашето Скопје, за најдоброто кое го заслужувате“, порача Ѓорѓиевски на својата промоција пред скопјани, истакнувајќи дека влегува во трката „прво како човек, па како градоначалник“.Тој пред граѓаните зборуваше за својата визија за главниот град, нагласувајќи дека Скопје мора да се издигне од сегашните проблеми и да стане место „каде што младите ќе ја гледаат својата иднина, постарите ќе имаат мир, а сите ќе живеат достоинствено“.„Не сум тука да ветувам чуда, туку да бидам човек што дише ист воздух и се соочува со истите проблеми како вас. Прво човек, потоа градоначалник“, истакна тој.Како приоритети ги наведе нови паркови и зелени коридори, модерен јавен превоз со булевари и катни гаражи, подобри училишта и дигитални услуги за граѓаните.„Скопје заслужува повеќе – чист воздух, современи училишта, функционален јавен превоз и уреден урбанизам. Ова не е само моја борба, ова е наша заедничка мисија. Најсилниот збор во демократија е – ние, скопјани“, рече Ѓорѓиевски.На крајот им се заблагодари на сите поддржувачи, особено на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за довербата и поддршката.„Заедно ќе победиме“, порача Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 5 месеци

media-library37lnm274he5p9R8F3YX

(Видео) На депонија со метан да никне парк: Ѓорѓиевски раскажа за планот и уверува „Ќе шетам таму со моето дете“

Кандидатот за градоначалник на Скопје и актуелен градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Претрес со Ландов“ зборуваше за својата идеја на местото на депонијата Вардариште да изгради голем парк, кој, како што рече, ќе стане „новите бели дробови на Скопје“.„Откако ќе го направам паркот, да, јас ќе застанам таму лично со моето дете. Ќе отидеме и нема да ми смета почесто за викенди да одам таму“, изјави Ѓорѓиевски.Тој објасни дека првиот чекор е целосно одгаснување на депонијата, за што веќе бил во контакт со специјализирани странски компании, бидејќи во Македонија такви нема.„Прво треба Вардариште да се одгаси. Има метан таму. Но, одгасувањето не го попречува процесот да се започне со деконтаминација на просторот, односно чистење на депонијата“, рече тој.„Кога ќе влезам во градот Скопје, првите неколку дена ќе започнам со соодветен третман на Вардариште. Потоа ќе следи повеќеслојно поставување земја, а најгоре ќе биде хумус. Садиме трева“, додаде Ѓорѓиевски, притоа нагласувајќи дека претоварната станица не претставува пречка.„Триста илјади квадрати површина од која што се труделе и јас, и ти, и нашите родители. Одговорно тврдам дека на Вардариште ќе никне нов парк – новите бели дробови на Скопје“, истакна кандидатот.На прашањето од новинарот Ландов дали би ја повлекол идејата и извинил на граѓаните доколку експертите проценат дека теренот останува опасен за деца и рекреација, Ѓорѓиевски одговори:„Откако ќе исчистам депонијата? Да. Но не постои простор да не биде така. Јас ќе го завршам. Не сум спремен после мојот четиригодишен мандат граѓаните пак да се гушат со тоа што се случуваше на Вардариште повеќе од триесет години. Не може цело време да одбегнуваме од проблемот.“

Скопје | пред 5 месеци

media-library37lnm274he5p9R8F3YX

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема подобар кандидат за Скопје од мене

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во подкастот „Претрес кај Ландов“. Тој изјави дека, според него, во моментов нема подобар кандидат за Скопје од него.„Па не гледам дека засега има подобар. Перински ми е добар соработник, со Боби од Гази Баба сме другари. Покажав четири години како конструктивно се делува,“ рече Ѓорѓиевски.На новинарското прашање дали славата не му се одразила, Ѓорѓиевски одговори дека „славата удира на било која позиција“.Запрашан зошто не останал да продолжи како градоначалник на Кисела Вода, тој нагласи дека во моментов е потребен на градот и на скопјани.

Студио | пред 5 месеци

orce-pretres

(Видео) „Претрес“ на Орце Ѓорѓиевски: Од празните „ќе“ до преполните контејнери, до кога „ќе“ се гушиме во Скопје?

Од фотелјата што заслепува, до дивоградбите што никој не ги руши. Од празните „ќе“, до преполните контејнери. Вардариште, Дрисла, „Егзит“, „Охис“. Зошто срамот е заменет со оправдувања?Но и за тоа што вети, а што остави во Кисела Вода..

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања