Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

media-library37lnm274he5p9R8F3YX

(Видео) Ѓорѓиевски: Нема подобар кандидат за Скопје од мене

Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, гостуваше во подкастот „Претрес кај Ландов“. Тој изјави дека, според него, во моментов нема подобар кандидат за Скопје од него.„Па не гледам дека засега има подобар. Перински ми е добар соработник, со Боби од Гази Баба сме другари. Покажав четири години како конструктивно се делува,“ рече Ѓорѓиевски.На новинарското прашање дали славата не му се одразила, Ѓорѓиевски одговори дека „славата удира на било која позиција“.Запрашан зошто не останал да продолжи како градоначалник на Кисела Вода, тој нагласи дека во моментов е потребен на градот и на скопјани.

Студио | пред 5 месеци

orce-pretres

(Видео) „Претрес“ на Орце Ѓорѓиевски: Од празните „ќе“ до преполните контејнери, до кога „ќе“ се гушиме во Скопје?

Од фотелјата што заслепува, до дивоградбите што никој не ги руши. Од празните „ќе“, до преполните контејнери. Вардариште, Дрисла, „Егзит“, „Охис“. Зошто срамот е заменет со оправдувања?Но и за тоа што вети, а што остави во Кисела Вода..

Скопје | пред 5 месеци

orce-gjorgievski142

„Главна тема им е загадувањето“ – Ѓорѓиевски со сомнеж за политичка кампања преку пожарите

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори беше гостин во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер. Меѓу останатото, Ѓорѓиевски зборуваше за актуелните случувања околу пожарите.„Ние имаме прво борба со нелуѓе коишто за да профитираат политички се во состојба да загрозат и човечки животи. Треба објективно да погледнеме. Тоа и претседателот на Владата го кажа вчера, кој од сето ова профитира, и на кого му одговара ваква состојба да го доведе народот во заблуда и ова да биде главна тема“, рече Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски истакна дека доколку беше еден ваков случај, тогаш може да се прават разни претпоставки, но според него, иако тој додаде дека има институции надлежни за истото, истрагата треба да биде насочена и да се открие кој профитира од овие настани.„Еве ако немаше на другите позиции материјален доказ, сега има материјален доказ. И евидентно е дека треба истрагата да оди во насока да се види на кого сето ова му одговара. Да се случеше еден случај ваков, и да имаше снимка од тој случај тогаш можеме ние разни претпоставки да имаме која е причината за сето тоа“ кажа Ѓорѓиевски и додаде:„Последователно во период од 20 дена кадешто на одредени политички партии и групации, главна кампања им е загадувањето во Скопје за којшто имаа шанси години наназад да извлијаат и да ја подобрат состојбата. Тоа да им биде целодневна преокупација, и само за истото да говорат и да имаат по неколку јавни настапи, тогаш мислам дека јасно треба да ни е на сите. Само објективно согледувам кои се фактите и кој од ова може да профитира. На кого ова му оди во прилог“, заклучи Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 6 месеци

viber_image_2025-09-13_12-52-21-441

Ѓорѓиевски ја поднесе кандидатурата за градоначалник на Скопје

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска официјално ја поднесе својата кандидатура пред Државната изборна комисија.„Со голема чест и уште поголема одговорност, ја поднесов мојата кандидатура за градоначалник на Скопје пред ДИК. Овој ден е нашата заедничка борба за Скопје какво што сите го сакаме: достоинствено, модерно, чисто и полно со живот,“ изјави Ѓорѓиевски.Тој им се заблагодари на својата матична партија и на претседателот Христијан Мицкоски за поддршката, како и на граѓаните кои, како што нагласи, веруваат дека Скопје може и мора да биде подобро.„Подавам рака на сите кои Скопје го сакаат како свој град. Подавам рака да го направиме Скопје симпатично, пристојно и убаво место за живеење. Подавам рака за Скопје на сите негови граѓани,“ порача кандидатот.Ѓорѓиевски најави дека ќе ја води кампањата со енергија, визија и решителност, со цел, како што рече, „да изградиме град кој ќе биде гордост и дом за сите генерации“.

Скопје | пред 6 месеци

orce

„Зборот е збор, EXIT во Скопје“! Орце Ѓорѓиевски останува на своето тврдење

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски останува на своето тврдење дека фестивалот „EXIT“ во иднина би се организирал и во Македонија, или поточно во главниот град, Скопје.- Уште една потврда дека кај мене зборот е збор!Скопје е мора да биде град кој живее и навечер, град во кој младите ќе имаат простор за ноќен живот, забава и култура.Град кој пулсира и дава енергија.И заедно ќе успееме во тоа! - напиша на Фејсбук, споделуваќи линк до фестивалот, но и со напомена, најдоброто доаѓа.

Скопје | пред 6 месеци

545430717_1320837866336166_1810243248184777504_n

Ѓорѓиевски: Ќе победиме силно, затоа што граѓаните нé препознаваат по работа и резултати

„Ќе победиме силно!“ , вели Орце Ѓеорѓиевски и додаде:Вечерва сме во Ѓорче Петров, помеѓу својот народ, на завршниот настан од караванот за идеи и предлози.Со моите драги пријатели и силна поддршка уште од самиот почеток - сегашниот и иден градоначалник Александар Стојкоски и Бојан Стојаноски, заедно со нивниот одличен тим, убеден сум дека тука во Ѓорче ќе оствариме историска победа.Она што го видов вечерва, масовноста, енергијата и искрената поддршка е најголем доказ дека сме на вистинскиот пат.Ќе победиме секаде, а најсилно во Скопје, затоа што ние нудиме работа, а не празни флоскули.Ќе победиме силно, затоа што граѓаните нѐ препознаваат по работа и резултати!Оваа победа ќе биде победа на народот, на чесноста и на вистинските вредности.Заедно ќе изградиме Скопје кое ќе биде симбол на развој и гордост.Секој од нас е дел од оваа приказна, секој од нас е сила за најдоброто што доаѓа!

Скопје | пред 6 месеци

vardariste-OJO

Шукова: Го повикувам Ѓоргиевски на дуел, Вардариште е резултат на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Кандидатката на СДСМ за градоначалничка на Скопје, Каја Шукова, обвини дека ВМРО-ДПМНЕ со години ја игнорирале својата надлежност и обврска за решавање на проблемот со Вардариште, нарекувајќи го случајот „екоцид“.„Доста беше бегање од одговорност. Законот е јасен – отпадот е локална надлежност. ВМРО-ДПМНЕ четири години ја игнорираа својата обврска да го решат овој проблем,“ изјави Шукова.Таа посочи дека градоначалниците се директно одговорни за управување со отпадот, јавната чистота, селекција и транспорт на отпадот, како и реализација на проекти и задолжителна соработка со други општини и Градот Скопје.„Орце Ѓоргиевски и ВМРО-ДПМНЕ или го немаат прочитано законот за управување со отпад, или свесно го игнорираат за да ја префрлат вината кога јас бев министер за животна средина. Тоа само зборува колку Ѓоргиевски е неук, а сака да раководи со Скопје,“ рече Шукова.Таа додаде дека Вардариште денес изгледа како „црна еколошка дупка“ поради неработењето на градската администрација и, како што рече, неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска.„Јас и СДСМ знаеме како да го решиме Вардариште – со итно оградување, 24-часовен надзор, расчистување и забрана за пристап, а потоа изградба на затворена, еколошка претоварна станица со систем за селекција, контрола и транспарентност,“ истакна таа.Шукова го повика својот противкандидат, Орце Ѓоргиевски, на јавен дуел за Вардариште. „Нека ги донесе сите негови ‘аргументи’ дека од Вардариште ќе направи парк. Јас ќе ги донесам фактите, законите и резултатите. Граѓаните ќе судат кој има решение, а кој има само празни ветувања и пропаганда,“ порача кандидатката на СДСМ.

Скопје | пред 6 месеци

orce-gorgjievski

Ѓорѓиевски во Љубљана: стигнува експертска поддршка за јавниот превоз и чистотата во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со долгогодишниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ, на која бил постигнат договор словенечката престолнина да стане град-партнер за развојот на Скопје.Средбата се одвивала во пријателска атмосфера, со размена на искуства и визии за идната соработка меѓу двата града. Ѓорѓиевски истакна дека добил драгоцени совети и поддршка од Јанковиќ, кој вети дека експертски тимови од Љубљана ќе бидат континуирана помош за Скопје, особено во решавањето на предизвиците со јавниот превоз и чистотата, но и во други области каде ќе биде побарана поддршка.Договорена е и интензивна соработка за зајакнување на капацитетите на Град Скопје во креирање, планирање и спроведување европски проекти. Ѓорѓиевски нагласи дека преку ова партнерство верува во изградба на поефикасен и поевропски главен град, достоен за своите граѓани.Во таа насока, тој упати и официјална покана до Јанковиќ за посета на Скопје, со потврда на статусот на побратимени градови.

Скопје | пред 6 месеци

orce-i-misko

Орце Ѓорѓиевски објави фотографија со Мишко Ралев: Посакуваниот кандидат за градоначалник на СДСМ му се приклучи во тимот за Скопје

Иако долго време се шпекулираше дека професорот Мишко Ралев ќе биде кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, партијата пред десетина дена ја избра Каја Шукова како свој официјален кандидат. Ралев, кој важеше за еден од најпосакуваните избори внатре во СДСМ, сега ѝ се приклучи на кампањата на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за престолнината.Со тоа, Ралев направи остар политички пресврт и се позиционира како поддржувач на противкандидатот.„Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас... Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина!“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, објавувајќи и фотографија со него.Ралев е декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и поранешен член на Извршниот одбор на СДСМ во времето на Димитар Ковачевски.

Скопје | пред 7 месеци

orce-gorgievski

Ѓорѓиевски: Верувам во поддршката од моите сограѓани, следува реорганизација на комуналната хигиена и голема генералка на градот Скопје

Во „Вести Плус“ на Канал 5 телевизија гостуваше Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, за Град Скопје. Тој истакна дека како што се вложувал изминатите четири години како градоначалник на Кисела Вода така ќе продолжи и понатаму, со визија за решавање на сите проблеми кои ги има градот Скопје како нефункционалноста на комуналната хигиена, депониите и се она со кое се соочуваат граѓаните, се со цел за едно поубаво и почисто, зелено Скопје.На почетокот на емисијата тој истакна дека умее и сака да работи за граѓаните, потенцирајќи дека ќе остане на зборот да градот Скопје го направи поубаво место за живеење, со што првично би го решил проблемот со нефункционалноста на комунална хигиена за почист и среден град како што доликува.„На градот Скопје најмногу од се му недостасува ред, она коешто е базично и коешто прво ќе се зафатам да го работам тоа е да направиме генералка на градот, Скопје никогаш не бил по нечист од тоа што е денес, она што најмногу ги тишти нашите сограѓани со години наназад е состојбата со нефункционалноста на комуналната хигиена, така да ако бидам утре градоначалник на Град Скопје а верувам во поддршката од сите мои сограѓаните, прбо нешто со кое ќе се зафатам е реорганизација на комуналната хигиена и една голема генералка на главниот град“, рече Ѓорѓиевски.Истакна дека сето она што го сработил изминативе четири години како градоначалник, е доволен показател за сериозноста искрените и чесни намери кои ги има за Скопје, наведувајќи дел од проектите кои ги има остварено во Кисела Вода, истакнувајќи дека со иста мера ќе се вложува и ќе даде се од себе, за да се смени состојбата во градот.„Јас дадов се од себе, заедно со мојот тим изминативе четири години за да ја сменам состојбата во мојата општина и мислам дека успеавме сериозно во напредокот којшто го обезбедивме, еве утринава имавме отварање на еден објект нов, градинка во општина Кисела Вода каде што листите од над 450 дечиња на чекање ги сведивме на 20-тина во моментов но во наредниот период ќе се отворат уште две градинки нови“, вели Ѓорѓиевски.Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека ќе понуди долгорочни решенија за проблемите со депониите и комуналната хигиена, притоа образложи модел кој е применет и се покажал како успешен во општина Кисела Вода, каде на местата на депониите се градат паркови и спортски комплекси, со што воедно се овозможува рекреација на граѓаните и почист воздух.„Имав многу успешен модел во Кисела Вода на местата на депониите градиме современи паркови или пак спортски комплекси или онаму каде што имаше потреба паркинзи. Истото планирам да го воведам и во град Скопје, на Скопје му недостасуваат нови бели дробови, нови места каде што народот ќе може да се рекреира. Во првите месеци од мојот мандат проблемите ќе ги сведам на нула, односно ќе останат позади нас и ќе почне нормално да функционира комуналната хигиена“, заклучи Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 7 месеци

Orce-Gorgievski

Ѓорѓиевски: На Скопје му треба развојна стратегија која ќе овозможи граѓаните тековно да ги добиваат услугите од јавните претпријатија

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на град Скопје за претстојните локални избори, беше гостин во емисијата ,,За или против“ на Алфа телевизија. Тој се осврна на состојбата со пожарите во земјава, и притоа истакна дека има доверба во институциите по однос на оваа ситуација.„Многу одговорно на територија на Скопје Противпожарната бригада ја врши и совесно својата работа. Одговараат навремено на ваква појава, и благодарение на нив спречени се многу непријатни ситуации изминатиов период. Треба модернизација и на опремата која што ја поседуваат пожарникарите. Треба законски регулативи да се донесат и да се променат. Верувам во институциите моментов, и верувам дека правдата ќе излезе на виделина“, рече Ѓорѓиевски.Според него, програмата за Град Скопје треба да произлегува од потребите и проблемите на граѓаните со цел да се задоволат елементарните услови за функционирање на граѓаните. Тој се осврна и на неговите теренски посети низ општините во градот Скопје, и истакна дека според него, правилен начин да се изработи програмата е предлозите да доаѓаат од страна на граѓаните.„Започнавме една фаза каде што имам средби со граѓаните и прибираме идеи за креирањето на програмата, заедно со граѓаните. Според мене е единствен правилен начин да креирате програма, е кога ќе ги слушнете, изворно од нив ќе потекнуваат идеите и предлозите“, рече Ѓорѓиевски.Тој се осврна на состојбите во јавните градски претпријатие како ЈСП, како и ЈП за комунална хигиена, и дека она што треба да се промени, е процесите да се планираат долгорочно.„Во топ 5 приоритети на граѓаните е токму ЈСП Скопје и нефункционалноста на истото. Она што треба ние да го промениме , е да има состојба на долг рок да се планираат сите процеси во градот. Да не се доведува претпријатие во колапс. Истото важи и за комунална хигиена“, истакна Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски додаде дека програмата за Град Скопје ќе биде изработена прецизно и темелно со рокови.„Ќе има развојна стратегија, според која што ќе има постојано обновување на возниот парк. Многу е важно да имаме сериозен пристап на долг рок. Сега сме во фаза на изготвување на програмата, која што ќе биде темелно изработена, ќе биде прецизно со рокови и ќе ги содржи решенијата за најгорливите проблеми. Особен фокус ќе има тоа што значи задоволување на елементарните услови за функционирање на нашите сограѓани“, заклучи Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 7 месеци

gjorgievski

Ѓорѓиевски: Програмата ќе ја градиме заедно со граѓаните преку теренски посети и отворена комуникација

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Дневникот на телевизија Сител. Ѓорѓиевски кажа дека веќе започнал со теренски посети и дека програмата ќе ја гради заедно со граѓаните, со цел да се одговори на сите нивни потреби. Тој ја истакна високата реализација на програмата во Кисела Вода, која е резултат на конкретни проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните.„Ова е еден од правилните начини, од една страна граѓаните подолго време ќе можат да слушнат за мојот концепт мојата визија за Скопје, за сето она што треба да го направиме. Од друга страна, од денеска започнав со теренски посети. Тоа ќе го правам во наредниот период, каде што програмата заедно со граѓаните ќе ја креираме. На овој начин, поблиски ќе бидеме до граѓаните и нема да испуштиме одредени делови во програмата да вметнеме што се од исклучително значење за граѓаните“, вели Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски изрази благодарност за поддршката од граѓаните и ја потенцираше нивната улога во изборниот процес.„Силно верувам во поддршката на мојата политичка партија, но од друга страна верувам во сето она што со мојот тим го сработивме изминатиот период во општина Kисела вода. Граѓаните како и обично пресудуваат во овие процеси. Јас им се заблагодарувам на сите скопјани, на сите граѓани коишто и во оваа фаза ми дадоа огромна поддршка. Се чувствува силната поддршка од страна на граѓаните, и тоа дека верувам дека скопјани ќе ми дадат шанса да го водам главниот град“, рече Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски истакна дека неговиот фокус е на резултати, а не на споредби со минатото. Тој ја истакна и високата реализација на програмата за општина Кисела вода и нагласи дека граѓаните можат да препознаат што е сработено.„Не би го трошел времето на граѓаните да ги правам споредбите и паралелите со минатото. Реализацијата на мојата програма е над 90% и тоа сите го знаат добро во Кисела Вода. Тоа што сум го реализирал во Кисела Вода заедно со мојот тим, заедно со советниците, се проекти за граѓаните и секогаш наидувале на позитивна реакција од страна на Советот и секогаш сум ја добивал колективната поддршка“, истакна Ѓорѓиевски.Тој ја потенцираше својата посветеност да го води главниот град за доброто на сите граѓани.„Вчера бев категоричен на моето излагање, кратко, во присуство на претседателот на моја политичка партија кога ја побарав поддршката на сите скопјани, без разлика на политичка припадност, без разлика на вера, без разлика на нација“, речен Ѓорѓиевски и додаде:„За мене се подеднакво важни сите, за мене постојат само граѓани коишто си го сакаат градот или не го сакаат градот. И по тој основ јас ќе функционирам“.

Скопје | пред 8 месеци

1-3

Ѓорѓиевски: В понеделник Бадникови поворки во чест на Христовото раѓање

Подготвени се повеќе од 3500 коледарски пакетчиња за дечињата од Бадниковите Поворки. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани сите да бидат дел од досега најдолгата поворка која ќе финализира на плоштадот ,,Македонија” во Скопје, каде е поставена импозантна Божикна пештера.„Голема е мојата чест, што заедно со Премиерот Христијан Мицкоски сме помагатели на овогодинешните Бадникови поворки. Се потрудивме и плоштадот „Македонија” да го краси најимпозантната Божикна пештера во регионот.На 6-ти јануари, во 12 часот заедно со дечињата кои ќе го најават Христовото раѓање ќе ја формираме досега најдолгата поворка, на која ве поканувам сите да бидете дел од овој ден за паметење. Претходно, дечињата од Кисела Вода во 10:20 часот ќе ја посетат општината и ќе бидат дарувани со пакетчиња, а потоа заедно, пеејќи ја ,,Вечниот Бог” ќе се упатиме кон центарот на Скопје на досега највеличествениот Божикен настан. Ова се дефинитивно најрадосните денови во годината што посакувам да траат во текот на целата, а она што ме прави исклучително горд е што младите повторно живеат во духот на вистинските вредности и ја продолжуваат традицијата. Бог нека дарува здравје и љубов на сите. Се гледаме“, изјави градоначлникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Ѓорѓиевски: Потребни се законски измени во насока градоначалник да може да биде отповикан пред истек на мандат за да не ни се случи повторно Данела Арсовска

На денешното гостување на „Телевизија 24“ присуствуваше градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски кој ја истакна потребата од носење на законски измени во врска со одземањето на ингеренциите на градоначалниците.„Се залагам за законски измени кои што би го регулирале статусот на градоначалникот односно согласно законската регулатива на државата единствен функционер избран од граѓаните кој што не може да биде отповикан пред истекот на неговиот мандат е градоначалникот што на некој начин му дава апсолутна моќ и власт на градоначалникот или во превод да не се случуваат состојби како што се случуваат состојби со Град Скопје во моментов“, рече Ѓорѓиевски.Ѓорѓиевски посочи дека одредени градоначалници избрани од страна на граѓаните знаат дека четири години никој не би можел да ги отповика и поради таа можност тие избираат четири години да ги поминат во хибернација и нагласи дека ред мора да се воспостави а единствен суверен кој ја има моќта да даде и земе власт е граѓанинот.„На некого му е доволно да биде избран од граѓаните да стане градоначалник знае дека четири години никој не може да го отповика од таа позиција има можност да ги помине тие четири години во хибернација наместо да работи во интерес на граѓаните. Ред мора да има и единствен суверен кој што ја има моќта и да даде власт но и да земе власт е единствено граѓанинот затоа сметаме дека е добра ова законска измена да се направи час поскоро“, изјави Ѓорѓиевски.Претседателот на ЗЕЛС посочи дека во Македонија години наназад се случувале брзи законски решенија кои ги решавале состојбите на краток рок и дека за овој проблем е потребна темелна реформа која ќе го реши проблемот на долг рок и дека оваа законска измена нема да овозможи манипулација спрема граѓаните од било кој политичар во локалната самоуправа.„Во Република Македонија години наназад се случуваат брзи законски решенија кои што можеби ги решаваат состојбите на краток рок, нас ни треба темелна реформа поврзана со оваа законска измена и нешто што на долг рок ќе ни предизвика состојба во која што ќе биде дадена моќта повторно во рацете на граѓаните и нема тогаш да ни се случуваат примери какви што имаме сега. Но за жал би споменал дека ние во 21 век говориме за многу општини за решавање на проблеми со фекална водоводна мрежа, за паркови, спортски сали, училишта, недостаток на градинки што значи дека триесетина години наназад некој ги лажел граѓаните, ова законска измена нема да овозможи простор за манипулација према граѓаните на било кој политичар во локална самоуправа“, дециден е Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

orce-cereb-1

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се дружеше со дечињата со церебрална парализа

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес се дружеше со дечињата со церебрална парализа во нивниот клуб во Расадник. Заедно поминаа неколку часа во кој сликаа, украсуваа глинени вазнички, предмети, а средбата ја надополнија и со песна и смеа.- Денеска со големо задоволство поминав неколку незаборавни часови со дечињата со церебрална парализа во нивното катче за дружење, едукација и социјализација во Расадник. Заедно сликавме, украсувавме, а овој ден го збогативме со песна, смеа и искрени насмевки.Ова катче, кое постои веќе трета година, претставува мал, но значаен простор каде што децата со церебрална парализа можат да се изразат, да создаваат и да се чувствуваат прифатени. Лицата со попреченост се рамноправни членови на нашето општество, а ние имаме обврска да создадеме услови каде што секој поединец ќе може да го достигне својот потенцијал. Само преку заеднички напори можеме да изградиме општина и заедница во која секој ќе има еднакви можности и право на среќа и успех.Денеска од овие прекрасни дечиња добив бесценети моменти на инспирација и сила. Им благодарам и на нив и на нивните семејства за гостопримството и за тоа што ни покажуваат колку е важна човечката топлина и емпатијата. Заедно ќе продолжиме да работиме за општество без бариери и заедница која инспирира-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.Катчето за дружење, едукација и социјализација деца заболени од церебрална парализа во Расадник функционира веќе трета година. За овој простор и за тековните трошоци, средствата ги обезбедува лично градоначалникот и неговиот кабинет.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања