Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

media-libraryesc166ius7ee6bDPcdr

Орце планира во јуни наредната година да сече лента за новиот Луна парк

Градоначалникот на Скопје најави дека новиот Луна парк во Градскиот парк во Скопје ќе биде отворен во јуни наредната година. Тој истакна дека паркот ќе претставува модерна и забавна дестинација за младите, која ќе биде гордост не само за Скопје, туку и за целата држава.„Луна паркот наредната година до јуни месец, мислам дека ќе биде погоден месец да сечеме лента да и конечно новата генерација млади граѓани не растат како ние во минатото да немаме можност да посетиме Луна парк туку една нова приказна на градскиот парк да дадеме со тој нов Луна парк. мене ми е жал што ете неколкумина не ја препознаваат потребата да имаме вакво нешто во градскиот парк, па негодуваат изминатиов период, но тоа се поединци кои не се согласуваат да има Луна парк. Таму ќе има Луна парк тоа ќе биде нешто со кое ќе се гордее не само градот, туку и државата, тоа ќе биде еден најубав забавен парк во целиот регион, не само во Македонија“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 часа

media-librarys2h0eh7nlkrb7lZJ06o

Ѓорѓиевски најавува строги контроли за намалување на загадувањето на воздухот во Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави засилени контроли и конкретни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во главниот град. Тој истакна дека, иако не е директно надлежност на градот, ќе соработува со Министерството за животна средина за спроведување строги контроли врз индустриските и потенцијално загадувачки објекти, со цел заштита на амбиенталниот воздух и јавното здравје.„Чекорите наши се во насока да има строги контроли. На долг рок, ние мораме да работиме кон тоа да сите потенцијални загадувачи, цела потешка индустрија на некој начин, ние да ја отстраниме од Централното градско подрачје.Знам дека тоа е приватна сопственост, знам дека имаат и од другите страни аргументи, не е само, УСЈЕ единствен којшто би требало да се споменува на ова тема, има уште неколку такви во градот Скопје, но многу е важно што сега, за разлика од минатото, не се молчи. Јас како градоначалник дадов поддршка на таа иницијатива и не престанав да давам поддршка и понатаму, и ќе давам до крајот на мојот мандат, но не само да давам декларативна поддршка, туку и ќе се борам во целиот процес.Она што е освен контроли, а треба да биде јасна регулатива, е да си најдат алтернативен начин на загревање таму и алтернативен начин на производство. Затоа што и она што го посочуваат граѓаните како проблем, а тоа е сите оние работи кои излегуваат во јавност и коишто се согоруваат дел од нив таму, е сериозен проблем и треба да стане минато. Зборам ако треба ние да се грижиме за животната средина и тие декларативно не го прават тоа, декларативно се грижат со садење на дрвца по општините, тогаш треба барем системот на загревање и преработка на материјали таму да се сведе на еколошки горива.И тоа е нешто од коешто не отстапуваме, драго ми е што повторно ќе кажам, и владата е на иста линија, и со мене, со градот Скопје, со советниците, но и со граѓаните, и тука по нас на тоа прашање ќе правиме сериозен притисок, институционален, нормално во рамките на законот. Сето она што би значело отпор поврзан со тоа прашање, би значело и друг пристап кон вршење на активностите таму, и тоа е прашање на коешто понатаму нема да се повлечеме ни јас, како градоначалник на градот Скопје, ниту советот на градот Скопје, ниту па кој било од службите на Министерството за животна средина“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 2 часа

media-librarykplf96e8mim9bvsfGjy

Ѓорѓиевски најавува промена на возниот ред на ЈСП

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски во гостувањето на Сител изјави дека во периодот којшто следи неопходно е да се спроведе промена на возниот ред на ЈСП„Повеќе децении возниот ред во Скопје не е променат. При тоа, во моментите кога е правен во минатото, не се предвидени некои нови населби коишто во меѓувреме се прошириле или пак никнале на територија на градот Скопје, некаде каде што имало засилени потреби од автобуси, веќе е намалена потребата од автобуси, што значи дека тоа ќе биде еден процес којшто ќе го водиме во наредниот период, но не сакам јас тоа да биде процес којшто ќе го направиме преку ноќ, брзоплето, и повторно да имаме пропусти во системот. Затоа, кога велам дека тоа ќе го правиме прецизно, подразбира, и да ги вклучиме максимално и граѓаните со своите забелешки“, изјави Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 часа

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

СДСМ со иронично „извинување“ до Орце Ѓорѓиевски за тендерите

СДСМ со иронична реакција упати „извинување“ до градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, откако тој ги демантираше дека чантата на неговата сопруга чини илјадници евра.„Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема, каде завршуваат парите на граѓаните од тендерите кои ги добиваат двете омилени фирми на власта, Пирамид билдинг и Ленди груп.За два месеци 96 милиони денари или 1,56 милиони евра добиле омилените фирми на Орце и на ВМРО-ОКГ од Град Скопје каде тој е градоначалник.20 милиони денари е тендерот за Пирамид Билдинг со склучен договор на 05.12.2026 година.76 милиони денари е тендерот за Ленди Груп со склучен договор од 28.01.2026 година.Едни исти фирми, на централно и на локално ниво добиваат тендери и ние да им се извиниме?Да не треба да му се извинуваме на Орце и за 56те тендери на Пирамид билдинг, каде е татко му на шефот на Кабинет на Мицкоски, Нелоски?Или да се извинуваме и 74-те тендери на Ленди груп вредни 17.5 милиони евра?Вие да делите тендери и да се луксузирате на грбот на народот со авиони, часовници, чанти а народот кој не може да врзе крај со крај да ви се извинува?Извини Орце, да не се малку тендери, да не треба повеќе?А што се однесува до чантата, следниот пат кога ќе објавуваат слика, прво нека ја проучат разликата од таа што неговата сопруга ја носи на промоцијата со онаа којашто ја објави денеска, очигледна е.Да да, и ние и граѓаните веруваме дека чантата е 944 денари. Веруваме да“, стои во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 3 дена

media-library8or03dufbgj969sVn5x

Ѓорѓиевски и даде рок од 24 часа на СДСМ да се извини: Нема да отворам теми за златни визи, станови и згради во Дубаи и Козле

По објавата на СДСМ дека чантата на сопругата на градоначалникот на Скопје чини 30.000 евра, на социјалните мрежи се огласи Орце Ѓорѓиевски. Тој побара од партијата во рок од 24 часа да се извинат на нивниот официјален фејсбук профил каде беше објавена информацијата.„СДС, ташната не е реалност, ама златните визи и зградите во Дубаи и Козле, се!СДС повторно докажа дека нема ден без сопствено „лизгање“. Очигледно, тоа им е последната преостаната дисциплина. Во обид да привлечат внимание и барем накратко да го прикријат политичкиот дебакл во кој се наоѓаат, повторно пуштаат лажни вести кои се нивен заштитен знак, стара навика и очајнички обид да останат релевантни.Сето ова можеби ќе беше само уште една евтина манипулација, доколку не продолжија по најниската можна линија, а тоа е мешање на моето семејство.Истата матрица ја гледавме и за време на кампањата, кога мета на анонимни и нереализирани ботови беше мојот син.Денес, без срам и без граници, ја продолжија приказната преку мојата сопруга.Во своето соопштение тврдат дека на вчерашната промоција на отчетот за 100 дена од сработеното таа носела чанта од „луксузен бренд“. Очигледно заборавиле дека денес сè е проверливо и дека граѓаните одамна не се наивни. И, удрија во ѕид. Повторно.Фактите се едноставни и кристално јасни, чантата што ја носи мојата сопруга чини 945 денари купена од македонска продавница. Не 30.000 евра. Туку 945 денари. Толку од нивната сензација и „ексклузива“.Кога не можат да најдат ниту една сериозна замерка за работата на Скопје, кога гледаат дека градот повторно се исправува на нозе и дека резултатите се видливи, тогаш се служат со вакви лаги. Со ниски удари, со фабрикувани приказни и со напади врз семејството, затоа што политика и аргументи одамна немаат.Јас нема да паѓам на нивното ниво и да потсетувам во какви луксузи живеат семејствата на нивните челници и функционери.Нема да отворам теми за златни визи, за станови и згради во Дубаи, во Козле „подарени“ луксузни Q8-ци и слични симболи на нивната лажна скромност.Ќе го задржам нивото на комуникација, иако јавноста многу добро знае кој како живее и од што.За разлика од нив, јас водам скромен живот. Живеам во стан.Возам сопствен автомобил. Ништо повеќе и ништо помалку. И мојот народ тоа го знае.Јас ќе продолжам да работам за моите скопјани. Секој ден и секоја ноќ. Беспоштедно. А тие нека тонат во сопствената мизерија и во лагите со кои со години се обидуваат да опстанат.Барам јавно извинување од СДС во рок од 24 часа, објавено на истата Фејсбук-страница каде што ја пласираа лажната вест, како и во медиумите.Доколку тоа не се случи, ќе поднесам пријава и ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на мојот и угледот и честа на моето семејство.Политиката може да биде жестока, но не смее да се води преку лаги, подметнувања и лични дискредитации.Времето на валкани игри, завршува“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 3 дена

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски вечерва во Филхармонија ќе го презентира отчетот за првите 100 дена од мандатот

Вечерва, со почеток во 19:00 часот, градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.На настанот ќе бидат презентирани реализираните проекти, тековните активности и приоритетите во насока на развој и модернизација на градот, информираат од Град Скопје.„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните.Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното.Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ.Она што го постигнавме е само почеток.Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните.Ова не е само мој успех.Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку.Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат.И да, пред нас има уште многу работа.Ќе има и предизвици.Но ние не се откажуваме!Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно.За секој еден од вас.За достоинствен град“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 5 дена

media-librarybi0odh8prsb2eFEdEfP

(Видео) Со три гребалки и 30 камиони интензивно се работи на улицата „Перо Наков“, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вчеравечер објави фотографии и видеа од работните активности на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба.„Се работи и навечер, за наше Скопје!Додека градот мирува, машините не запираат.Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба - за првпат од постоењето на градот со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери.Ова е јасна порака дека кога се работи за Скопје, нема пауза и нема одлагање.По речиси три децении запоставеност, значајната сообраќајна артерија „Перо Наков“, на потегот од булеварот „Киро Глигоров“ до улицата „Вера Радосавлевиќ“, конечно добива третман каков што заслужува.Делница што секојдневно ја користат илјадници жители, а со години беше во катастрофална состојба и претставуваше сериозен предизвик за безбедно и нормално одвивање на сообраќајот.Тоа време завршува.За Гази Баба започнува нова ера на уредна општина, безбедност и достоинствено секојдневие.Реконструкцијата е темелна и сеопфатна и опфаќа изградба на нови тротоари од двете страни на улицата, доизградба на атмосферската канализација, целосна замена на асфалтните слоеви на површина од 11.050 метри квадратни, поставување современо улично осветлување и подземно поставување на операторските мрежи.Дополнително, просторот се оплеменува со џебови за паркирање и уредени позиции за контејнери.Со овие зафати, целосно се менува ликот на овој дел од населбата и се создава современ, функционален и безбеден урбан простор, по мерка на граѓаните.Продолжуваме со силно темпо и со целосна посветеност, затоа што секој реализиран проект е чекор поблиску до подобар, поуреден и посовремен град.Скопјани заслужуваат улици по кои се движат со сигурност, со гордост и со чувство дека градот навистина се грижи за нив.Најдоброто, доаѓа“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 5 дена

media-library606cc1unvdqu1634jJM

Се деблокира експропријацијата, 850 метри „голгота“ заминуваат во минатото - до крајот на годината четири ленти и нова патека на „Борис Трајковски“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е постигнат договор за довршување на булеварот „Борис Трајковски“, еден од најфреквентните сообраќајни правци во градот, кој секојдневно го користат повеќе од 100.000 жители.Ѓорѓиевски информира дека одржал средба со стопанствениците долж трасата, при што бил постигнат договор за забрзано спроведување на експропријацијата – процес што, како што наведе, во минатото останал недовршен. Со тоа, според него, се отвора патот за реализација на проектот кој со години бил најавуван, но не и реализиран.Булеварот „Борис Трајковски“ е еден од приоритетите во рамки на капиталните инфраструктурни зафати, а градоначалникот оцени дека неговата недовршеност претставувала сериозен проблем за жителите на овој дел од градот.Во најскоро време се очекува објавување на јавната набавка, а проекциите, според најавата, се дека изградбата ќе биде завршена до крајот на оваа календарска година.Станува збор за делницата од околу 850 метри, од трафостаницата во Пинтија до кружниот тек во Драчево, која треба да добие современо решение со четири коловозни ленти и безбедна пешачко-велосипедска патека.Градоначалникот апелираше за трпение од граѓаните за време на градежните активности, оценувајќи дека привремената непријатност ќе резултира со трајно и безбедно сообраќајно решение.

Скопје | пред 6 дена

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски: Интензивна инфраструктурна офанзива во Скопје, продолжува реконструкцијата на „Фрањо Клуз“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека градежните активности во главниот град се одвиваат со засилена динамика, оценувајќи дека реализацијата на проектите е доказ дека ветувањата се претвораат во конкретни дела.Тој посочи дека во тек е втората фаза од реконструкцијата на улицата „Фрањо Клуз“, една од клучните сообраќајници во општина Аеродром. По, како што наведе, децениска запоставеност, улицата добива нов двослоен асфалт, нови рабници и целосно уредени тротоари, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста за сите учесници во сообраќајот.Паралелно, интензивни градежни зафати се реализираат и на улицата „Никола Парапунов“, каде се поставуваат нови, пошироки и побезбедни тротоари, со подобрена пешачка пристапност и современо урбано уредување. Според Ѓорѓиевски, со овие интервенции просторот добива нов лик, а жителите – поквалитетни услови за секојдневно функционирање.Тој најави дека со подобрување на временските услови, од пролет ќе започне реализацијата на повеќе капитални проекти кои, како што истакна, ќе придонесат за засилена инфраструктурна трансформација на градот.„Ова е новото време за Скопје. Време на работа, резултати и одговорност“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека активностите ќе продолжат со засилено темпо во наредниот период.

Скопје | пред 1 седмица

media-librarya1d5ulkd5lsgdFLmOqC

Ѓорѓиевски: Депонијата кај гробиштата Бутел се чисти по третпат, ќе бараме повисоки казни

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека депонијата во близина на гробиштата Бутел се чисти по третпат откако тој ја извршува функцијата и најави зголемување на казните со цел да се воведе ред.Тој посочи дека просторот со години бил запуштен и дека станува збор за место кое треба да биде уредено и достоинствено, особено во пресрет на верските празници кога граѓаните ги посетуваат гробиштата. Според него, во изминатите четири дена повторно се спроведува акција за расчистување, во координација со Општина Бутел.Ѓорѓиевски нагласи дека градот повеќепати троши ресурси за истата намена, ангажирајќи вработени, камиони и механизација, наместо тие средства да се насочат кон изградба и развој. Најави дека во наредниот период ќе следува посериозно постапување против несовесните граѓани.Како претседател на ЗЕЛС, тој побара што поскоро да се донесат законските измени поврзани со комуналната полиција, во кои е предвидено и зголемување на глобите, со цел, како што рече, конечно да се воспостави ред и во овој сегмент.

Скопје | пред 1 седмица

media-library6cin2kbp0uh497FNC3b

Орце тврди дека ќе воведува ред: На Бит Пазар ќе го урива „Али тобако“ оти е на велосипедска и пешачка патека

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите истакна дека мора да се воведе ред со дивопоставените објекти низ градот.„Дивопоставените објекти насекаде низ градот граѓаните бараа ред, бараа 30 години наназад, јас кажав дека ред ќе има. Јас знам дека во одредени процеси некој нема да го прими тоа позитивно, затоа што му го нарушувам комодитетот којшто 30 години некој му го дозволил да го има на сметка и на грбот на граѓаните и на градот Скопје и општините. Тоа се луѓе коишто немаат никаков документ за поставеноста таму. Тоа се генерално објекти коишто узурпираат велосипедски, пешачки зони но и многу градски зелени површини. Има неколку примери во одредени општини. Пример општината од кај што доаѓам јас, во сред амбуланта има поставено времени објекти без никаков документ. Тоа е редот и достоинството кое граѓаните го заслужуваат? Не. Ред мора да има. На Бит Пазар има едно тобако коешто невозможно е да се функционира од тоа тобако, на сред велосипедска и пешачка патека, ќе биде отстрането. Секаде каде што имаме узурпација на државен простор и невозможно функционирање на граѓаните. Таму ќе постапуваме. Мораме да градиме систем во кој ќе има ред. Вие како новинар и вашите родители, во овие 30 години и повеќе независност на државата, ви дозволил некој да поставите во сред градски парк објект? Не ви дозволил. На некого му го дозволиле тоа. Е сега треба да го направиме редот“, вели Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 седмица

media-library7sujn196t63d8lAgr1J

(Видео) Мустафаоглу контра Ѓорѓиевски: Во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позиции

Советничката во Град Скопје, Дарја Мустафаоглу, од редовите на опозициската Левица, по седницата на град Скопје, од која градоначалникот се пофали дека спречил непотребно вработување во градската администрација, излезе со сосема спротивен став.- Добро сум проценила дека ќе си извади рил градоначалникот за “храбриот потег” да не дозволи 21 вработување во Градската администрација по распишан јавен оглас од претходното раководство.Но, реалноста е поинаква, а согласно годишниот план за 2026 (предложен од актуелниот градоначалник) во Градската администрација ќе имаме не 21, туку 44 нови вработувања за 42 позицииПиарот навлегува во лага кога ги имаме фактите… - пишува во објавата на Мустафаоглу.Tаа сподели и видео во кое се обраќа од градското собрание и истакнува дека во планот за вработување во градот за оваа година се планираат многу позиции, од кои дел биле пополнети со преземање луѓе од општина Кисела вода, но посочи и на позиции кои нејзе и звучат како непотребни.„Од овие вработувања коишто се предвидени во ова предлог одлука, делумно ги имате исполнатo со на преземање од Kисела Вода. Значи, на некоја позиција нема да бидат според јавниот оглас.Морам да напоменам дека годишниот план за вработување во град Скопје за 2026 година го имавме поддржано, исклучиво поради пожарникарите коишто беа предвидени дека ќе се вработуваат во 2026 година, меѓутоа, овдека е убаво да се истакне фактот што имаме 42 позиции коишто предвидуваме дека треба да се пополнат.На пример, ева градоначалникот нека ми објасни дали е потребно и колку е потребно помлад соработник за превод на англиски јазик во годишната програма за 2026 година, раководител на одделение за управување со квалитет, советник за давање на информации за градоначалникот, раководител на одделение за координација на активностите на градоначалникот, советник за подготовка на материјали и документација за заштита од бучава., раководител на одделение за техничко регулирање на сообраќај, советник за контрола над работите во доменот на изведба на одржувањето на хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација, виш, соработник за категоризација и менување на улици, самостоен референт за документација, помлад соработник во занаетчиство и трговија, самостоен референт за документација, самостоен референт за административна поддршка, самостоен референт за персонална евиденција“, изјави Мустафаоглу.

Скопје | пред 2 седмици

jsp

Казните за сообраќајни прекршоци на товар на возачите на ЈСП и јавните претпријатија

Возачите на автобусите на ЈСП и на возилата на останатите јавни претпријатија во Скопје отсега самите ќе го сносат трошокот за сообраќајните прекршоци, а доколку не може да се утврди кој точно возел, одговорноста ќе ја сносат шефовите на возниот парк, соопшти градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.„И во Град Скопје и во сите јавни претпријатија одговорноста е пред се кај оној кој што го вози возилото. Целиот трошок ќе биде на сметката на тој којшто направил прекршок. Онаму каде што не знаеме кој е возачот, дал ие тоа механизација или лесно возило одговорноста оди кај шефот на возниот парк“, изјави Ѓорѓиевски„Возилата нема да можат да стартуваат без картичка од возачот, за точно да знаеме кој управува во секој момент“, појасни Ѓорѓиевски.Покрај сообраќајната дисциплина, градот ќе инсталира и специјални мерачи на гориво и ГПС-уреди. Системот веднаш ќе алармира доколку се забележи потрошувачка поголема за само еден литар, со цел, како што вели градоначалникот, да се спречат долгогодишните злоупотреби и кражби на нафта од тешката механизација и автобусите.

Скопје | пред 2 седмици

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

(Видео) Над 1,5 милиони евра месечно губи Комунална хигиена поради девијантни појави од минатото, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на прес-конференција истакна дека над 1,5 милиони евра месечно има загуби во ЈП Комунална хигиена поради како што вели тој девијантни појави од минатото.„Изминатиов период, девијантните појави од минатото ги исклучуваме да бидат опција. Пример, над 130.000 квадрати во Комунална хигиена се упишани површини коишто, за мене и за раководството сегашно, од нејасни причини во минатото не биле вкалкулирани во пресметките за ѓубретарина наплата. Тоа е над 1,5 милиони евра загубен приход на месечно ниво во претпријатието, велиИ тоа како се спроведувало? Имате индустриска зона, процена си направил некој во минатото дека на 5 објекти треба да им се пресмета целата квадратура и површина, ама на некои не треба, или па треба по малце од тоа што го имаат да им се пресмета. Тоа претпоставувате од какви причини е правно,  е сега нема да може така.Сега ќе има електронска база во која ќе има точни податоци и сето тоа ќе го вкрстуваме со катастар. Секој кој ќе се обиде да направи таква појаваќе биде строго санкциониран. Е ова е само комунална хигиена. Кога сме кај водовод и канализација во тек е акција во многу правни субјекти каде што има сериозна злоупотреба на вода. Каде што дупли водомери се поставувани во минатото, каде што не се регулира состојбата како што треба и тоа се должи, исто така, на дел од генерираните загуби на претпријатието, дел се должат на односите поврзани со и закоченоста со пречистителната станица, каде што имаме сериозно придвижување напред, но и со ненаплатата на сметки. Ние имаме како лица коишто носиме одговорност пред граѓаните, но и пред законот, да постапуваме и да не доведеме состојба во којашто ќе застарат долгови, знаете и самите.Тоа е свесно доведување на состоеба да вие го однесете во колапс, претпријатие, град или која било установа. Е, некој го дозволил и тоа во минатото“, вели Ѓорѓиевски

Скопје | пред 2 седмици

media-librarya84nk75a4bhvdTbDh8f

Ѓорѓиевски „ќе даде се од себе“ за годинава да започне изградбата на булеварот „Цветан Димов“

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски рече дека „ќе даде се од себе“ проширувањето на булеварот Цветан Димов во Чаир да започне до крајот на годината.-Убеден сум дека оваа година ќе го поставиме камен-темелникот таму и ќе дадеме сè за да започне изградбата, изјави денес Ѓорѓиевски. Тој рече дека проектот ќе го изведува Општина Чаир, додека ќе го финансира Градот Скопјe.„Обврските за спроведување на проектот ќе бидат одговорност на Општина Чаир, ова го направивме вчера со одлуката на Советот, со воспоставување меѓуопштинска соработка, додека ние ќе го финансираме, ќе ја извршиме и експропријацијата за целиот проект. Никогаш нема да дадам ветување што нема да го одржам, тоа нема да биде проект што ќе го завршиме за неколку месеци, таму нè очекуваат сериозни активности, првично во однос на експропријацијата, чистењето на оската и сè што подразбира имплементација. И за овој дел, секако, ќе имаме 3Д рендери за целата оска. Имаме дрвја што треба да ги заштитиме, зелениот појас, нов зелен појас. Зеленило во средината, за да можеме да видиме како ќе изгледа, но што и да е, убеден сум дека оваа година, таму ќе го поставиме камен-темелникот и ќе дадеме сè од себе “, рече Ѓорѓиевски, меѓу другото.Претходно, беше објавено дека околу 2,5 милиони евра или 150 милиони денари ќе чини проширувањето на улицата Цветан Димов во Чаир. Град Скопје и Општина Чаир ќе потпишат договор за меѓуопштинска соработка за старт на проектот за проширување на оваа делница, која е тесно грло во градот.

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања