Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

orce-gjor

Ѓорѓиевски: Со одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, испраќаме порака за поддршка, почит и заедништво

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, присуствуваше во Владата на Република Македонија, на настан по повод денешниот 5 ноември, Светски ден на ромскиот јазик.-Денес, на 5 ноември, го одбележуваме Светскиот ден на ромскиот јазик, посветен на промоцијата и зачувувањето на ромскиот јазик, култура и образование. Ромската заедница е значаен дел од нашето општество. Нивната историја, традиции и јазик додаваат непроценлива вредност во културното ткиво на Македонија, што ја прави уште побогата и поразновидна. ЗЕЛС, има за цел да поддржува иницијативи и програми кои ќе ја унапредат инклузијата на ромската заедница, ќе обезбедат поддршка во образованието и ќе помогнат во зачувувањето на ромскиот јазик како дел од културното наследство на Република Македонија. ЗЕЛС се залага за силна соработка со сите општини, институции и организации за креирање можности за ромската заедница, во образованието, културата, и рамноправниот развој на локално и национално ниво. Оттука, со одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик, испраќаме порака за поддршка, почит и заедништво. Денес ги одбележуваме не одбележуваме не само нивниот јазик и култура, туку ја славиме и ромската заедница како битен дел од нашето општество-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

orce-gh

​Ѓорѓиевски: Фокусиран сум на барања решенија, Арсовска е завршена приказна за скопјани

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ги коментира нападите кон него од страна на градот Скопје и градоначалничката Арсовска, рече дека избегнува да ја коментира и дека таа е завршена приказна за скопјани:- Избегнувам да ја коментирам Арсовска искрено, бидејќи сметам дека е завршена пријазна за Скопје и скопјани. Го видовме нејзиниот потенцијал и она што го направи во Скопје. Јас повеќе сум фокусиран на барање решенија и алтернативи за година дена од сега и начини како би го решавале транспортот во градот, како би ја средувале хигиената, какви проекти му недостасуваат на Скопје и што ќе треба да преземеме во тој дел, така да повеќе сум фокусиран на тоа прашање на перспективите и иднината на главниот град, отколку на политиканството на Арсовска – истакна Ѓорѓиевски за ТВ Сител.

Скопје | пред 1 година

1-3

Ѓорѓиевски: Поради неспособноста на Арсовска учениците не можат да стигнат до училиштата

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на МТВ посочи дека состојбата во Град Скопје предводен од Данела Арсовска, како и во градските претпријатија е катастрофална, нагласувајќи дека тоа, за жал, преку Јавното сообраќајно претпријатие го чувствуваат сите патници, меѓу кои и учениците.-Со постоечката законска регулатива во делот на јавниот транспорт не постои можност за одземање на таа надлежност. Сите градоначалници од скопските општини на заедничка прес -конференија упативме апел и загриженост за состојбата во ЈСП. Ние обезбедуваме финансии за превоз на ученици, а тој не е редовен, а некаде и воопшто го нема. Конкретно, во Усје за тоа пред неколку дена имаше протест од жителите. Покрај проблемите со хигиената, со ЈП Паркови и зеленило, сега сме сведоци дека градоначалничката Арсовска преку ЈСП продолжува да се изживува со сите скопјани, меѓу кои се и најмладите ученици, со тоа што не обезбедува соодветни услови за транспорт за да стигнат до своите училишта, изјави Ѓорѓиевски.Тој потенцираше дека во рамки на ЗЕЛС, во координација со Владата и со ресорното министерство се подготвуваат законски измени кои би овозможиле одземање на ингеренции на одреден градоначалник, додавајќи дека се подготвува и законски механизам за предвремено отповикување на одреден градоначалник доколку не ја оправдува довербата дадена од граѓаните на локални избори.

Скопје | пред 1 година

vec1

Ѓорѓиевски: Идеите за сработеното ги црпам од граѓаните и нивните потреби

Граѓаните се непресушен извор на идеи и од средбите со нив произлегоа голем број на проекти, изјави за Вечерното шоу на Богдан Илиевски градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, говорејќи за промените што и се случија на општина Кисела Вода во неговиот мандат. Потенцираше дека е потребна волја и желба да се менуваат нештата на подобро и дека најважното нешто за еден политичар е да остави зад себе дела кои го подобриле животот на граѓаните.-Доволно е да имате близок контакт со граѓаните, да ја живеете и да ја познавате материјата, да ги познавате проблемите, да знаете што е фокус и што е она што со години ги мачи нашите граѓани. Кисела Вода беше една општина каде што минатите избори кога јас бев кандидат, сеуште во многу населени места приоритет беше фекална канализација, водоводна мрежа, проблеми кои беа предизвик да се решат. Можам да кажам дека на крајот на денот, кога ќе го завршам мандатот, а јас имам уште година и еден месец, тоа повеќе тоа нема да се споменува и ќе остане зад нас како едно од тешките, горливи прашања кои се надминале.Доволно е да сакате да ги промените работите во оваа работа, секогаш ќе има идеи, секогаш ќе има некој граѓанин кој на приемните денови кој ќе истакне некоја идеја која мене на мене и а мојот тим не ни била приоритет, имаме и такви проекти кои се реализирани. Раководење на општина е жива материја, можеби вие кога ја правите програмата до вас допираат идеи на малкумина граѓани, но кога навлегувате во материјата детално сфаќате дека тоа што сте го предвиделе во програмата за одредено населено место не е до толку голем приоритет, наспроти она што е вистинска потреба на граѓаните. Има и нови проблеми кои тековно се појавуваат, но најважно од се’ е да се има волја, да се даде се’ од себе. Jас така ја имам разбрано политиката, еден ден ќе завршам со политика и важно е зад себе да оставам дела-истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

Скопје | пред 1 година

IMG_4966

Ѓорѓиевски: Доста беше толеранција, поднесена пријава против ЈП ,,Комунална Хигиена”

,,Скопје не смее да биде жртва на вашата неспособност!Скопје со недели изгледа на голема депонија и се дави во отпад!Ова се влошува со високите температури, односно од отпадот што не се собира редовно се шири неподнослива миризба во секоја општина. Кисела Вода не е исклучок, кај нас сликата се полни контејнери и страшна миризба.Ова е резултатот на несовесното работење на ЈП ,,Комунална хигиена” и градоначалничката на Скопје кои се грижат за хигиената во главниот град!Досега неколку пати алармирав до градските институции, со дописи, телефонски, но очигледно нашите реакции како општина и оние на граѓаните на Кисела Вода не успеаа со проактивност од страна на ЈП ,,Комунална хигиена” кое сите граѓани на Скопје го плаќаме.Бевте сведоци кога како градоначалници лани се обидовме да со собереме сметот што со недели стоеше на улиците, нема да дозволиме да се случи ова повторно.Бидејќи во нормална комуникација немаме никаква реакција, во текот на изминатите денови испративме комунален инспектор да ја провери состојбата на терен.Увидовме дека ситуацијата е катастрофалната и поради тоа понесовме прекршочна пријава до Комунална хигиена и ова ќе биде наша пракса и следните денови ако состојбата на се подобри.Секое непостапување ќе значи нова прекршочна пријава.Граѓаните се на прво место, Скопје мора да биде повторно горд град!”, напиша Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода.

Скопје | пред 1 година

danela-orce

Арсовска може да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да почне да казнува народ на улиците и да ги апси, вели Ѓорѓиевски

Неспособноста и агресивноста на Арсовска кулминира во последните 24 часа. Освен тоа што на очиглед на целата јавност може да се забележи дека таа нема капацитет, некадарна е и неспособна за водење на градот Скопје, со последната нејзина активност и обидот да се пише казна по џебот на граѓаните на Кисела Вода, покажува дека ниту си ги знае своите надлежности ниту си ги знае своите ингеренции и што е најстрашно – не знае која е територијата што истата ја администрира, обвини на денешната прес-конференција градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.Во неделата неколку градоначалници со камиони со отпад беа попречени да го одложат во „Дрисла“.„Како општини и градоначалници излеговме со наши колеги од соседни општини од Македонија да се справиме со проблемот што го создаде Град Скопје, Данела Арсовска, ‘Комуналната хигиена’. Со денови не знаеше да го реши. Токму затоа се самоорганизиравме, почнавме сами да си ги чистиме улиците. Откако неколку камиони беа наполнети со отпад, се упатија кон ‘Дрисла’, каде што за одлагање нема потреба од никаков договор, одлуката е донесена од 2005 година. Сите општини може да одлагаат отпад во ‘Дрисла’ за тоа да им се изработи фактура и да се наплати“, рече градоначалникот.Тој обвини дека лажат оти нема договор и приложи влезни фактури до Општина Кисела Вода.„Додека се спречуваше камионите од Кисела Вода и Сопиште да одложат отпад во ‘Дрисла’, возила со италијански регистарски таблички, селективно, но и други возила, се пуштаа да одлагаат отпад. Замислете, возилата на граѓаните на општина Кисела Вода, сопственост на Општината, биле попречувани да го одложат отпадот во ‘Дрисла’. Само нашите камиони беа задржани еден и пол час. По неколкупати повикување на разум од наша страна да го внесеме отпадот во ‘Дрисла’, немавме друга опција, освен да го одложиме пред јавното претпријатие ‘Дрисла’. Втората опција беше отпадот да го вратиме во Кисела Вода. Отпадот го одложивме пред ‘Дрисла’. Со ова Арсовска покажа дека, освен тоа што не си ги врши работите, туку и нè попречува ние да си ги завршиме работите за кои таа не е способна да ги изврши“, додаде тој.Градоначалникот објасни дека депонијата „Дрисла“ се наоѓа дел од Сопиште и дел од Студеничени, општини надвор од ингеренциите на Град Скопје.„Сакам да ја прашам Арсовска дали ги знае своите надлежности кога испраќа инспектори од Град Скопје да казнуваат надвор од границите на градот. Дали оваа постапка значи дека Арсовска може да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи, па да почне да казнува народ на улиците и да ги апси. Госпоѓата не знае кои ѝ се надлежностите и ингеренциите. Таа нема капацитет за водење на институцијата, не знае да се справи со ниеден проблем. Ниту ги знае своите ингеренции ниту ја знае територијата со која администрира“, рече тој.Ѓорѓиевски праша зошто новото раководство на „Комунална“ две години ги штитело луѓето што не оделе на работа, а примале плата.Во однос на казната, градоначалникот објасни дека нема никаков основ, а правниот тим на Општината ќе постапи против неа.„За оваа казна нема ниту еден денар да биде потрошен од буџетот на Кисела Вода, за оваа казна нема основ. Во која било ситуација во иднина, доколку се појави проблем, а не е во моја надлежност, никогаш нема да бидам нем набљудувач. Нашиот правен тим ќе постапи против казната, не е стигната, а имаме информации дека е изречена од Град Скопје. Казната е за одлагање отпад во неделата. Изречени се казни и за Општина Сопиште и 86 илјади евра на Кисела Вода за одложување отпад на јавна површина. Ингеренциите се на Општина Сопиште и на Општина Студеничани“, додаде тој.

Скопје | пред 2 години

orce

Орце Ѓорѓиевски доби казна од 90.000 денари поради непрописно одлагање на отпад, најави детали на прес конференција

Од Општина Кисела Вода, пристигна известување за прес-конференција која ќе се одржи денес на пладне, во врска со последните случувања поврзани со отпадот и информација дека е пишана казна за градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во вредност од речиси 90.000 евра поради непрописно одлагање на наталожениот отпад собран од улиците во општина Кисела Вода По тој повод, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Кисела Вода, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес конференција.Инаку, Ѓорѓиевски, заедно со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, во неделата вечерта, го истурија насобраниот отпад од двете општини пред Дрисла, откако од депонијата одбија да им дозволат ѓубрето да го истурат внатре.Засега нема информации дали казна заработил и Муцунски.

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања