Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

media-library4hsa32qf750t0nUjNfA

Орце Ѓорѓиевски „сели” дел од администрацијата од Кисела Вода во Град Скопје

Со одлука за преземање, радоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски одлучи својот тим да го зајакне со 12 лица со кои работел додека беше градоначалник на Кисела Вода.Иако е вообичаено кај нас секој функционер да доаѓа со тим во кој има доверба, сепак сите 12 лица доаѓаат од исто место, а меѓу нив има тројца раководители на сектори: за животна средина, сообраќај и поодршка на Кабинет:четворица помошници на раководители: урбанистичко планирање, поддршка на здруженија и граѓани, поддршка на градоначалникот и општи работи. Меѓу преземените ќе има и двајца возачи, од кои едниот ќе биде за претседателот на Советот и секретарот на градот, потоа двајца инспектори и еден референт за документација.Градот се уште нема нов секретар, но според прописите, најверојатно тоа ќе биде еден од преземените, бидејќи секретарот доаѓа од редовите на администрацијата.Финансиски средства за овие 12 трајни преземања на вработени, како што е наведено во предлог одлуката, се предвидени во Буџетот на Град Скопје за 2025 година.За одлуката советниците ќе се изјаснат во среда, но со оглед на мнозинството кое го има ВМРО-ДПМНЕ, потпомогнато од ВРЕДИ и ЗНАМ нема да има проблеми одлуката да помине. Нејасно е што со административците кои до сега ја извршуваа функцијата, дали ќе бидат распределени на други места.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryu735hh25ldna6ZCx9dk

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски волонтира на терен со Црвениот крст: Порака за солидарност и човечност

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес се приклучи на активностите по повод Светскиот ден на волонтерството, заедно со претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски. Во соработка со Црвениот крст на Република Македонија–Црвен крст на Град Скопје, тие учествуваат во низа хуманитарни и социјални активности насочени кон поддршка на најранливите категории граѓани.Овој ден претставува силен потсетник за важноста од волонтерството и институционалната поддршка која таа благородна мисија ја заслужува. Во продолжение ја пренесуваме изјавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски:Денес, на Светскиот ден на волонтерството, со гордост се приклучувам како волонтер во активностите на Црвениот крст. На 5 декември, целиот свет оддава признание на волонтерите, на сите оние кои несебично го даруваат своето време, енергија и добрина за да ги зајакнат нашите заедници.Овој ден е силен потсетник за важноста на волонтерството, но и повик до институциите и граѓаните да ги поддржат волонтерските организации и нивната хумана мисија. Токму затоа, денес заедно со претседателот на Советот на Град Скопје, Даме Димитровски, се приклучуваме на активностите организирани од Црвениот крст на Република Македонија - Црвен крст на Град Скопје.Заедно со група пратеници од Собранието на Република Македонија, ќе учествуваме во хуманитарни и социјални активности низ градот, посветени на оние кои најмногу имаат потреба од наша поддршка. Овој чекор е јасен показател за институционалната поддршка која волонтерството ја заслужува, една од темелните вредности на Црвениот крст и клучен двигател за создавање посилни, похумани и поотпорни заедници.Преку активности за поддршка на стари и изнемоштени лица, помош за ранливи категории како бездомните и лицата со попреченост, како и преку учество во хуманитарни иницијативи, испраќаме порака дека волонтерството е чест и привилегија. И оваа година, Град Скопје стои рамо до рамо со волонтерите како поддржувач, сојузник и активен учесник во создавањето на поодговорно, похумано и посолидарно општество.

Скопје | пред 2 месеци

media-libraryjoc5i9tijl1pcteMLkF

Добра одлука на Ѓорѓиевски за забраната да се фрла ѓубре по 22 часот: Софија Куновска посочи пример од Швајцарија

Според Софија Куновска, поранешта советничка во Град Скопје од СДСМ, одлуката на градоначалникот, Орце Ѓорѓиевски, да забрани фрлање ѓубре во контејнерите по 22 часот е добра одлука. Таа направи споредба со регулативата во Швајцарија.„Во Швајцарија пред 40 години првпат видов поставени камери кои набљудуваат кога и какво ѓубре одложува секој станар во или (скраја да е) покрај контејнерите.Ако е оставено несоодветно спакувано или вон предвиденото време ви го враќаат на врата со љубезен поздрав и прашање дали знаете дека тоа ѓубре се фрла тогаш и тогаш, таму и таму, спакувано во таква и таква боја на најлон.И тоа е прва и последна опомена пред да ви стигне казна по пошта“, напиша таа.

Скопје | пред 3 месеци

media-library0h3e56972igs7cu4dfh

Скопје со 70.000 евра ќе го украси градот и ќе организира новогодишна и прослава

Со ребалансот на буџетот за 2025 година, град Скопје новогодишно ќе го украси и ќе организра новогодишна програма. За оваа цел ќе се потрошат 70.000 евраСо буџетот за 2025 година не беа планирани средства за оваа намена, за што имаше реакции од скопјани.Според најавите на новогодишната ноќ, граѓаните ќе ги забавуваат македонски музички ѕвезди.рационален.„За прослава на Нова година ќе има 70.000 евра. Сметам дека тоа не е премногу и дека е сосема нормално за да имаме една достоинствена прослава за скопјани”, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој најави дека, годинава, и тој со семејството ќе ја дочека Новата година на скопскиот плоштад.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryttiderlk9qgkcz4vYLV

Скопје ќе го добие првото „подземно чудо“ - Ѓорѓиевски најави изградба на подземна сообраќајница од Лимак до Кисела Вода

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска ја потпиша одлуката за јавна набавка за изградба на почетната фаза од првата подземна сообраќајница во Скопје која ќе биде реализирана од потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода, односно на булеварот „Македонија“.„Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под ‚Лимак‘, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо“, истакна Ѓорѓиевски, додавајќи дека ова е еден од најзначајните проекти за градот и симбол на новото време за Скопје.„По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа“, соопшти градоначалникот, нагласувајќи дека оваа инвестиција ќе го растовари сообраќајниот метеж во централното градско подрачје и ќе донесе нова динамика во срцето на градот. Проектот предвидува изградба на шест ленти, од кои четири се за двосмерен автомобилски сообраќај, две за јавен превоз, како и дополнителни пешачки патеки.Дополнително, ќе бидат изградени нов кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“.Според Град Скопје, со завршувањето на подземната сообраќајница, централниот дел на градот ќе стане побезбеден, покомфорен и поуреден, а сообраќајот ќе се одвива непречено.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryg00bvbfghsidfFgc3s0

Градоначалникот Ѓорѓиевски со порака за 13 Ноември: „Нашата должност е да ја чуваме жртвата на хероите“

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски утрово одржа традиционална средба со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, каде што им оддаде признание за зачувувањето на споменот на хероите што го донесоа слободниот град.Утрово ја одржавме традиционалната средба по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, со претставници од Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.Им се заблагодарив за нивната пожртвуваност и храброст да го чуваат жив споменот на борците кои го положија животот пред олтарот за слободно Скопје.На денешен ден, Скопје ја дочека слободата донесена од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор.Тие херои се бореа за идеја, за достоинство, иднина, за Скопје какво што денес го имаме. Нашата должност е да ја чуваме нивната жртва жива, со тоа што ќе го градиме Скопје како град на слободни, горди и обединети луѓе.Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември!Слава на борците за слободно Скопје!, напиша градоначалникот.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryesbm7s1q8ihqaBgJ5pd

Ѓорѓиевски: Имав средба со Финансиската полиција, барам одговорност за злоупотребите во градските претпријатија

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека веќе имал состанок со претставници на Финансиската полиција, откако државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вчера побара од него да пријави доколку располага со докази за злоупотреби во градските јавни претпријатија.Ѓорѓиевски изјави за МТВ1 дека не може да открива детали во интерес на истрагата, но нагласи дека стои зад сите информации што досега ги обелодени во јавноста. Тој потсети дека од списоците на вработени биле избришани околу 500 лица кои земале плата без да доаѓаат на работа, што, како што рече, претставува сериозно кршење на Законот за работни односи и на работната дисциплина.„Станува збор за луѓе кои не биле ангажирани на реални работни задачи, туку им било дозволено да ја злоупотребуваат институцијата. Градот се доведе во ситуација да губи по пет милиони евра годишно, што за четири години изнесува околу 20 милиони евра – колку што чини новиот Луна Парк, кој го чекаат генерации скопјани“, рече тој.Градоначалникот посочи дека на средбите со надлежните побарал не само индивидуална, туку и командна одговорност – односно, освен лицата кои земале плата без работа, да одговараат и оние кои ги потпишувале нивните исплати и директорите што го одобрувале таквото постапување.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarym8vfukbt0br163EBES8

„Да го вратите Ѓорѓи Галетановски за директор на ЗОО Скопје“, му порача зоонегувателот Војо Иванов на скопскиот градоначалник

Зоонегувателот Војо Иванов преку објава на ФБ го повика новиизбраниот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски до градоначалникот да ја посети скопската Зоолошка градина и да се запознае со состојбата во која се наоѓа институцијата, а истовремено му порача за директор да го назначи Галетановски.Следната година треба заедно да славиме 100 години постоење, не сум сигурен со сегашнава состојба дали нешто има за славење, за жал ние управуваме со институција во која енергијата на дневна основа многу се рефлектира на животните и секако посетителите можат исто така да ја почувствуваат.Ние вработените „долу“, зоонегувателите, имаме специфична работа – од една страна ним да им придонесеме за благосостојба секој ден, од друга страна да мотивираме и едуцираме публика да сака и почитува природа, директорите само треба да ни бидат „сенка и ветер во грб“ за да може ние да си ја завршиме работата.Ве замолувам и предупредувам од ризик на нови експерименти, институцијата ни е во многу тешка состојба!Целиот мој живот го фокусирав на работа со животни.Целата моја енергија ја посветувам таму на Илинденска, сега веднаш до вашата канцеларија.Кога имате време, посетете не па и ќе не запознаете како тим.Претходно ме мотивиравте со интервју во кое се трудите да ја добиете довербата со изјавата дека директно ќе се вклучите во работата на секоја јавна установа, иако да признам не гласав за Вас, се надевам дека коректно ќе постапите и дека ќе ме уверите дека сум згрешил!Би сакал да не води човек кој ќе не слуша, кој ќе има пасија и желба да научи првично за нашата работа, а потоа (неопходно) добар менаџер.Мој предлог беше да го вратите Ѓорѓи Галетановски.Зашто навистина немаме време и капацитети да експериментираме – а тој се надевам ќе се откаже од сегашните ангажмани и ќе се врати? Тука сме истите луѓе, истиот простор и животни, само таа позиција е различна – покажавме дека од институцијава може да направиме добра приказна.П. С. мислам дека со годините покажав доволно дека немам апсолутно никакви амбиции да бидам на таа функција! Затоа и молам статусов да не се доживее за таков – уживам денот да го поминам во штала, во базен, да мирисам на бара, риба, по малце на камили, да бидам искасан од пингвини, а во џебовите да перам кликери и таблети, витамини – уживам да шетам и раскажувам на деца за природата, па дури и да урлам и се карам за викенди со публика (господо).Барам / замолувам – само да можеме да работиме!!!Благодарам.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryesbm7s1q8ihqaBgJ5pd

Нови сомнежи за злоупотреби во „Комунална хигиена“, Ѓорѓиевски побара истрага од институциите

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа рече дека до него пристигнале нови информации поткрепени со документи кои, како што рече, укажуваат на можни финансиски злоупотреби во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Побара надлежните институции веднаш да реагираат и да ги испитаат наводите.Добив извештај придружен со документација која покажува дека во последниот период биле ангажирани возила за чистење, а исплатите за нив се вршеле на сметка на физички лица под изговор дека се работи за интелектуални услуги, со износи меѓу пет и десет илјади евра. Јавно ги повикувам сите релевантни органи да се вклучат и детално да ја проверат состојбата. Веќе најавив ревизии и одговорност, а новите информации потврдуваат дека има сериозни индиции за прекршување на законите, особено во работењето на ‘Комунална хигиена’“, истакна градоначалникот.Ѓорѓиевски најави и дека во наредниот период ќе бидат извршени дополнителни контроли и во другите јавни претпријатија под надлежност на Градот Скопје, со цел да се утврди дали има слични неправилности и таму.

Скопје | пред 3 месеци

media-library99a9ue74s9ercrb3iwO

Орце влезе во Град Скопје: Од вечерва ќе чисти, за 72 часа треба градот да светне

Новoизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес официјално го доби уверението за функцијата и најави дека веднаш започнува со првите активности во главниот град.„Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје, но и голема обврска да работам одговорно, посветено и со јасна визија. Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална или партиска припадност. За мене поделбите не постојат“, порача Ѓорѓиевски.Тој најави дека уште вечерва во 20:30 часот започнува првата голема акција за чистење на Скопје, со цел градот да се исчисти во рок од 72 часа.„Скопје го менуваме од корен. Почнуваме веднаш – прво со чистење, а од утре и со реорганизација на јавните претпријатија за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат“, додаде тој.Ѓорѓиевски најави и нови инфраструктурни, еколошки и образовни проекти, како и целосна транспарентност во работата на Градот Скопје.„Скопје ќе биде отворен град. Благодарен сум на секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите. Почнуваме!“, заврши градоначалникот.

Скопје | пред 3 месеци

media-librarycgnv1rurq9840sIK6eq

Орце влезе во Град Скопје: Од вечерва ќе чисти, за 72 часа треба градот да светне

Новoизбраниот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес официјално го доби уверението за функцијата и најави дека веднаш започнува со првите активности во главниот град.„Денешното уверение е симбол на довербата што ми ја дадоа граѓаните на Скопје, но и голема обврска да работам одговорно, посветено и со јасна визија. Ќе бидам градоначалник на сите, без разлика на верска, национална или партиска припадност. За мене поделбите не постојат“, порача Ѓорѓиевски.Тој најави дека уште вечерва во 20:30 часот започнува првата голема акција за чистење на Скопје, со цел градот да се исчисти во рок од 72 часа.„Скопје го менуваме од корен. Почнуваме веднаш – прво со чистење, а од утре и со реорганизација на јавните претпријатија за градот конечно да функционира како што скопјани заслужуваат“, додаде тој.Ѓорѓиевски најави и нови инфраструктурни, еколошки и образовни проекти, како и целосна транспарентност во работата на Градот Скопје.„Скопје ќе биде отворен град. Благодарен сум на секој скопјанец што препозна искреност, посветеност и дела зад зборовите. Почнуваме!“, заврши градоначалникот.

Македонија | пред 3 месеци

media-librarycick7ar1iu8i1vkJrNo

Ѓорѓиевски: На 2 ноември масовно да излеземе на гласање и заедно да му го вратиме сјајот и редот на нашето Скопје

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков град сакаме да имаме ние и во каков град сакаме да живеат нашите деца. Нашиот град е уморен од хаос, уморен е од нечистотија, од сообраќаен метеж во кој губиме часови од нашиот живот, од празни ветувања и од неспособност, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на денешниот митинг во Скопје во рамки на изборната кампања под слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ за вториот круг од локалните избори во недела на 2 ноември.Ѓорѓиевски посочи дека Скопје е град со сериозни, длабоки и наталожени проблеми и овие проблеми не се решаваат со учење во од и со празни фрази, туку бараат сериозни, искусни и итни решенија.„На Скопје, почитувани, не му требаат експерименти, на Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа. Не му требаат луѓе кои допрва ќе откриваат што е тоа Генерален урбанистички план, што е Детален урбанистички план, што е физибилити студија, што е главен проект, а што е буџетско планирање“, истакна Ѓорѓиевски.Тој вели дека градот бара човек којзнае што прави уште од првиот ден, затоа што Скопје нема време за губење, ниту пак за учење.„Немаме време некој допрва да учи колку училишта има во Скопје, да учи колку претпријатија има, да учи кои се булеварите во главниот град, да ги учи каде се скопските населби. Ние во изминатите четири години докажавме како се работи, а пред неколку дена на дуел, нивното незнаење, лажната скромност и преголемата амбиција и доживеа целосен дебакл“, рече Ѓорѓиевски.Во обраќањето до скопјани, Ѓорѓиевски истакна дека сега пред нив ја бара довербата со дела оставени зад него, посочувајќи дека за Кисела Вода вети 70 километри асфалтирани улици, и испорача, вети нови градинки, и тоа го реализиравме, и листите на чекање ги сведуваме на нула.Ѓорѓиевски рече, имаме јасен план, со стотици проекти во нашата програма и знаеме како да го решиме сообраќајниот колапс.„Ќе ја одблокираме клучката Момин Поток, ќе го пробиеме булеварот Хрватска за да ги споиме Гази Баба и Бутел, ќе го завршиме булеварот АСНОМ со новиот мост за да ги споиме Аеродром и Гази Баба, ќе го прошириме булеварот Цветан Димов во Чаир со шест ленти. Ќе го изградиме Февруарски Поход со нов мост преку Вардар, со кој Аеродром добива целосно нов коридор, ќе воведеме трета лента на булеварот Александар Македонски за да нема повеќе хаос на источниот дел од градот. Ова не се само линии на хартија, ова се артерии кои ќе го оживеат градот“, истакна Ѓорѓиевски.

Македонија | пред 3 месеци

media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

За скопската градоначалничка фотелја копјата ќе се кршат меѓу Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ

Скопјани в недела ќе бираат градоначалник во втор изборен круг. Во Град Скопје право на глас имаат 474 394 гласачи кои треба да бираат меѓу Орце Ѓорѓиевски, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и Амар Мециновиќ од Левица.Според официјалните резултатите од ДИК во првиот круг Ѓорѓиевски освои 91 663 гласови, а Мециновиќ 30 665 гласови.Уште во 4 скопски општини ќе има втор изборен круг. Ќе се гласа во Карпош, Центар, Аеродром и во Шуто Оризари.Во Карпош, 56 856 избирачи ќе одлучуваат меѓу Стевчо Јакимовски од ГРОМ, подржан од Коалицијата „Искуство за успех“ и кандидатот поддржан од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, кој на 19 октомври освои 10 284 гласови, а Јакимовски 8 761. Во првиот круг имаше уште тројца кандидати кои на свое конто имаа околу 3 000 гласови.Во Аеродором изборот е меѓу Дејан Митески поддржан од ВМРО-ДПМНЕ кој во првиот круг од изборите имаше 16 357 гласови, и Александар Трајановски од СДСМ со 6 881 глас. Тука право на глас имаат 68 772 избирачи.Очите на партиите се вперени и во скопски Центар.Горан Герасимовски од СДСМ во првиот круг освои 8.535 гласови, а Мирослав Лабудовиќ ЗНАМ 5707 гласови. Тука има 44 109 гласачи.За Шуто Оризари битка ќе има меѓу Курто Дудуш од Унија на Ромите кој во првиот круг освои 3 223 гласови и Ерџан Демир поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, кој освои 1 841 глас.Во Шуто Оризари, според Избирачки список, гласаат 23 893 избирачи.

Скопје | пред 3 месеци

media-library8kga55jjm1pr4aANDEw

Левица: „Ако победи Амар, Орце вети дека ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира Советот на Град Скопје“

Синоќешната дебата на Канал 5, Левица вели дека ќе остане запаметена по историскиот пресврт, првото директно соочување меѓу нивниот кандидат Амар Мециновиќ и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.Од Левица посочуваат дека дебатата за првпат по повеќе од две децении ја замени традиционалната политичка дихотомија меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а дека највпечатлив момент бил одговорот на Ѓорѓиевски, кој, како што тврдат, признал дека хаосот во Скопје е последица на блокадите што ги спроведувала неговата партија.„Јас сметам дека не е фер што медиумите кои се блиски до вашата партија ревносно ја туркаат приказната дека Скопје повторно ќе биде блокирано и нема да функционира, дека ќе се случи нова Данела ако победи Амар Мециновиќ. Дали вие пред граѓаните на Република Македонија и Скопје можете да кажете дека доколку демократскиот процес нѐ доведе до моја евентуална победа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивно за јавниот интерес на граѓаните и нема да го блокира градот?“, праша Мециновиќ.На ова прашање, како што пренесуваат од Левица, Ѓорѓиевски одговорил: „Кој и да победи ќе биде конструктивен и ВМРО да победи ќе биде конструктивно“, со што, според партијата, ја побил реториката на сопствената партија која, како што наведуваат, преку наратив дека доколку не биде избран нејзиниот кандидат, Скопје ќе остане нефункционално.Од Левица нагласуваат дека дебатата го отвори прашањето за новиот политички сооднос на силите во земјава, кој, според нив, е резултат на разочараноста на граѓаните од бипартискиот систем и на нивната желба за вистинска промена.„Сега имаме други околности, втор круг каде што за првпат нема да се ВМРО и СДСМ, туку имаме натпревар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и сметам дека со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија, многу граѓани ќе се охрабрат и допрва ќе излезат во вториот круг“, изјави Мециновиќ, реплицирајќи на Ѓорѓиевски, кој, според партијата, оценил дека ниската излезност е причината што не победил во првиот круг.Во остатокот од дебатата, двајцата кандидати, како што наведуваат од Левица, разговараа за темите поврзани со градскиот превоз, решавањето на проблемот со ѓубрето, загадувањето во Скопје и дивоградбите.„Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите, Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите“, изјавил Мециновиќ.Во врска со загадувањето, еден од најгорливите проблеми на Скопје, Мециновиќ изјави дека тоа е прашање на политичка волја и дека е време да се престане со префрлање на вината врз граѓаните.Од Левица оценуваат дека дуелот меѓу двајцата кандидати симболично го потврдил крајот на долгогодишниот политички монопол и најавил промена на климата во земјата. „За првпат наспроти ВМРО не стои старата опозиција, туку нов глас на генерацијата израсната надвор од двопартиското милје“, велат од партијата.

Скопје | пред 3 месеци

media-libraryj995ma2jqce83FL8CRh

Мециновиќ кон Орце: Твојот мандат е окарактеризиран со пазар - дивоградба и чекате да дојдат избори за да собирате ѓубре

„Твојот мандат е окарактеризиран со дивоградбата - пазарот во Драчево. Имаш дивоградба - пазар, имаш други дивоградби", се обрати кандидатот за градоначалник од Левица за Град Скопје, Амар Мециновиќ, во дуелот на ,,Канал 5" кон противкандидатот од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.„Првото нешто што ти го направи како кандидат за градоначалник на Град Скопје, г. Орце Ѓорѓиевски, во вториот круг е тоа што се сретна со Изет Меџити, кој е озлогласен по дивоградбите. Вашиот премиер вели дека нема да руши дивоградби", дообјасни Амар Мециновиќ, обраќајќи се кон Орце во дуелот. „Спектакл е вие да чекате да дојдат избори, за да чистите ѓубре. Четири години не ви беа под ингеренција контејнерите! Значи, четири години ти не можеш да излезеш од своите ингеренции да им ги чистиш улиците. Но кога дојде Скопскиот маратон, тогаш можеше да бидеш ,градоначалник на Град Скопје'. Така сега со Лабудович снимате рилови во центар дека собирате ѓубре", рече Амар Мециновиќ во однос на штетата од нечистотијата што ја трпат скопјани подолг период и во однос на кампањското чистење на ѓубрето од страна на Орце на само неколку дена пред избори.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања