Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

pecakov-4

Охрид воведе забрана за градежни работи во централното градско подрачје

Од први јули (вторник) стапува на сила одлуката за забрана за изведување градежни работи во централното градско подрачје. Забраната се однесува на просторот јужно од булевар „Туристичка“ на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, на просторот над булевар „Туристичка“  во длабочина од 50 метри, туристичките локалитети од каналот Студенчишта до „Свети Наум“.Забраната ќе биде на сила до 31 август 2025 година.

Охрид | пред 8 месеци

IGRALISTE-DRON-1-scaled-1

Пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште „Гоце Толески“

Со пригодна свеченост што се одржа вчеравечер беше пуштено во употреба реконструираното спортско игралиште на булевар „Туристичка“, во станбениот комплекс на влезот во Охрид.Игралиштето кое е реконструирано со поддршка на општествено одговорната компанија „Моцарт“  ќе го носи името на познатиот охридски фудбалер Гоце Толески.Пред присутните гости на настанот, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.-Навистина ми претставува посебно задоволство и чест да бидам дел од овој пригоден настан за свечено пуштање во употреба на уште едносовремено и целосно реконструирано спортско игралиште во нашиот град.Спортската инфраструктура е основаза градење на здрава заедница. Без соодветни спортски терени, нема услови за развој на спортскиот потенцијал кај младите.Секој нов квадратен метар од спортска површина, не носи чекор поблиску до здрави генерации. Колку повеќе вложуваме во спортските капацитети, толку повеќе вложуваме во спортската иднина на нашите деца.Ова игралиште под отворено небо, ќе биде место каде што децата ќе учат на победа и пораз, дисциплина и пријателство. Ова ќе биде простор каде што ќе се градат нови спортски соништа.Оваа можност ја користам да упатам, голема благодарност до општествено одговорната компанија „Моцарт“, чија инвестиција е позитивен пример како бизнис секторот може да даде свој придонес во локалниот развој.Општина Охрид ќе продолжи и понатаму да дава голема поддршка на спортот, спортските клубови и новите спортски надежи, со една единствена цел, Охрид да биде град кој ќе слави големи спортски успеси и ќе се гордее со врвни спортски имиња.Посакувам ова игралиште да биде место на многу насмевки, позитивна енергија и место каде што ќе се изградат нераскинливи спортски другарства, истакна Пецаков.Игралиштето беше официјално отворено со натпревар во мал фудбал помеѓу екипите на „Некст левел“ и „Еуро фудбал“.

Охрид | пред 8 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-56-6010PM

Македонија бележи туристички бум - ова се топ пет земји од каде доаѓаат најмногу туристи

Македонија бележи значаен пораст на странски туристи – дури 21,6% во првата половина од 2025 година во однос на истиот период минатата година, покажуваат најновите податоци од Министерството за култура и туризам. Според проценките, ако ваквиот тренд продолжи, до крајот на годината се очекуваат околу 1,5 милиони странски посетители, што би можело да генерира приходи до 500 милиони евра.Зголемениот интерес за земјава, велат од Министерството, е резултат на засилената меѓународна промоција, развојот на туристичката инфраструктура и понудата што нуди автентично доживување на македонската култура, природа и гастрономија. Туризмот расте и надвор од пик-сезоната, што укажува на успешна диверзификација.Најмногу туристи пристигнуваат од Турција, Србија, Германија, Грција и Хрватска, со стабилен интерес и од САД, Холандија и Италија.За да се одговори на зголемениот интерес и да се подобри ефикасноста на туризмот, Владата започна институционални реформи. Со законски измени испратени до Собранието, се предвидува укинување на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, основана во 2013 година, а нејзините надлежности преминуваат на Министерството за култура и туризам.Министерството ќе го координира системот на субвенции за организиран странски туризам, ќе формира советодавен Совет за промоција и ќе го преземе целиот капацитет, архиви и вработени од Агенцијата. Целта е централизирана и поефикасна промоција, како и подобро управување со средствата, откако ревизорски извештаи утврдија сериозни слабости во досегашното работење.Надлежните порачуваат дека земјава е на добар пат да се позиционира како водечка туристичка дестинација во регионот.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Пешак загина во сообраќајка во Охрид – двајца млади пријавени, возачот бил без дозвола

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С. (22) од Прилеп, со престој во Охрид, и К.М. (19) од селото Лескоец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.Несреќата се случила на 19 јуни 2025 година, кога К.М., иако знаел дека И.С. нема возачка дозвола, му дозволил да управува со неговото возило марка „Голф“. При движење по охридските улици, И.С. удрил двајца пешаци. Едно од лицата им подлегнало на повредите, додека второто е хоспитализирано.По преземените мерки, на двајцата осомничени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 8 месеци

slika-za-najava-igralishte

Фудбалот оживува во Охрид! Mozzart ја започнува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – токму од бисерот на Македонија!

Со голема гордост ви најавуваме дека Охрид е првиот град во кој започнува оваа голема акција, преку која ќе се изградат бројни фудбалски терени низ целата држава – места каде ќе се раѓаат нови спортски соништа.Новоизградениот терен ќе го носи името на легендарниот охриѓанец и македонски фудбалер Гоце Толески, како симбол на посветеност, успех и локална гордост.📅 Четврток 🕗 20:00 часот 📍 ОхридСо оваа иницијатива, Mozzart го претвора спортот во сила на заедништво, мотивација и надеж. Вложувањето во спортот е повеќе од цел – тоа е визија што оживува преку оваа акција.Ајде заедно да покажеме дека фудбалот не е само игра. Тој е љубов, страст, желба и инспирација. Затоа – бидете дел од оваа нова ера. Фудбалот е повеќе од игра!(ПР текст)

Охрид | пред 8 месеци

ohrid

Земјотрес во Албанија почувствуван и во Македонија – потреси и минатата недела во Охридско-Струшкиот регион

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала утринава во 5:04 часот ја вознемири југозападна Македонија, откако потресот со епицентар во Албанија се почувствува во повеќе погранични делови на земјава. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот бил лоциран на околу 158 километри југозападно од Скопје.Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) прецизира дека земјотресот се случил 16 километри северозападно од Тирана, на длабочина од само 5 километри – што го прави потресот повлијателен и на површината.Во Македонија, земјотресот е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, особено во југозападниот регион – Охрид, Струга, Ресен и околината.Инаку, слични сеизмички активности беа забележани и минатата недела. На 16 јуни беше регистриран земјотрес со јачина од 3,8 степени, со епицентар во подрачјето Пештани-Охрид-Струга, кој во Охридската котлина се почувствува со интензитет од V степени.Според податоците на ЕМСЦ, утрово се регистрирани и неколку послаби потреси во Албанија, што укажува на засилена сеизмичка активност во регионот. Македонските институции ги следат состојбите и апелираат на смиреност.

Охрид | пред 8 месеци

IMG_6796

Екипите на „Охридски Комуналец“ веднаш на терен по невремето – нормализиран водниот сообраќај на каналот Студенчишта

По попладневното невреме што го зафати охридскиот регион, проследено со пороен дожд, град и силен ветер, екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ веднаш излегоа на терен за санација на штетите и расчистување на јавните површини.Најсериозната интервенција била на каналот Студенчишта, каде падната гранка го блокирала движењето на пловни објекти. На тешко пристапниот терен интервенирале екипите на „Паркови и зеленило“ и ЈП „Билјанини Извори“, по што пречката е целосно отстранета, а водниот сообраќај е нормализиран.Паралелно, комуналните служби работеле на расчистување на наноси од земја и песок на фреквентни пешачки површини низ градот, а со цистерна било интервенирано и кај колективна зграда каде што поради обилните врнежи дошло до излевање на канализација.Од ЈП „Охридски Комуналец“ информираат дека нивните екипи остануваат на терен сè додека целосно не се санира состојбата и упатуваат апел до граѓаните да пријавуваат евентуални проблеми.

Охрид | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-09.56.19

Вонредна акција за кабаст отпад во Пештани на 18 јуни

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ најави дека во среда, на 18 јуни 2025 година, ќе спроведе вонредна акција за собирање кабаст отпад во селото Пештани.Во рамки на акцијата, ќе се подигнува стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписи и друг крупен отпад. Од претпријатието апелираат до жителите на Пештани навреме да го депонираат отпадот – најдоцна до 07:00 часот на 18 јуни, уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за собирање комунален отпад.Дополнително, сите граѓани кои имаат ваков отпад треба предходно да ја пријават локацијата на дежурниот телефонски број 075-495-428, кој е достапен секој ден од 07:00 до 21:00 часот.Од „Охридски Комуналец“ потсетуваат дека ваквите акции се дел од заложбите за одржување на чиста и уредна животна средина, и ги охрабруваат граѓаните активно да се вклучат и придонесат.

Охрид | пред 8 месеци

mijalkov-hotel-

(Видео) Со кои пари Мијалкови го градат хотелот во Охрид и што ќе се прави со него

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, во поткастот „Претрес со Ландов“, рече дека хотелот, сопственот на семејството Мијалкови, бил мета на инспекциски контроли и утврдена е состојбата. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ расчистило со него.Отвори и прашање - како е можно толкави средства да се инвестираат во хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад и хотелот во Охрид.„Направија спогодба, ги легализираа финансиските средства“, рече меѓудругото Николоски.На самиот брег на Охридското Езеро, каде зеленилото од летувалиштето Горица се спушта кон водата, никнува нов хотел на парцела од 15.787 метри квадратни. Не би било ништо необично, доколку локацијата не беше дел од заштитено природно и културно наследство под УНЕСКО.Фирмата Дивелоп Груп, која сега е една третина во сопственост на Јордан Мијалков - синот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, во 2011 година победува на јавно наддавање за продажба на тогаш државното земјиште.Таа година Сашо Мијалков сè уште е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), а наддавањето за земјиштето го објавува Министерството за транспорт и врски предводено од неговиот сопартиец Миле Јанакиески.ЦЕЛ РАЗГОВОР:

Македонија | пред 8 месеци

pecakov

Пецаков: За средствата од Владата за општините аплициравме со 24 проекти и добивме околу 9 милиони евра

-Охрид долги години беше позната како општина која е една од најзадолжените заедно со Тетово и нашиот долг околу 2013 го достигна пикот и беше околу 36 милиони евра. На прес излегов со пресек дека блокадата, заедно со тековни работи и фактури коишто се завршени долгот е 14.5 милиони евра. Со кого и да разговарав во Охрид сите знаеја дека функционираме под блокада, во 2024 година ја одблокиравме општината, а во 2025 година пренесовме 4 милиони евра на сметка. Така да позитивното финансиско работење е едно од работите на кои што сум посебно горд, рече Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид во своето гостување во поткастот ВМРО-ДПМНЕ зборува со вашиот градоначалник“.Градоначалникот Пецаков во текот на своето гостување се осврна и на тоа што може да очекуваат граѓаните на Охрид до крајот на неговиот мандат каде наброја неколку проекти.-Почеток на плоштадот Чинар, почеток на катната гаража, повеќе инфраструктура во руралните средини и ќе ја превршиме онаа динамика која што веќе сме ја започнале и наметнале во изминатите 4 години. Јас само можам да замислам како би било да настапивме со позитивна сметка или без долгови или со многу ситно нешто, укажа тој.Пецаков го истакна и планираниот проект за стратешко водоснабдување по гравитационен пат каде околу 60% од територијата на општина Охрид преку Плакенска планина ќе се снабдува со вода без да се потроши електрична енергија.-Ние сме спремни наредната година да го започнеме стратешкото водоснабдување на градот Охрид по гравитационен пат. Околу 60% од територијата на општина Охрид преку Плакенска планина ќе се снабдува со вода без да потрошиме електрична енергија. Дури може и да го искористиме сиот тој потенцијал кој што самиот извор го носи и за нас ќе претставува голема помош за нормалното водоснабдување на градот, кажа тој.На крај градоначалникот Пецаков ја посочи и помошта од Владата каде истакна дека како општина аплицирале со 24 проекти и добиле помош од околу 9 милиони евра.-Ние аплициравме за 24 проекти на двата повици од Влада и тоа е некаде околу 9 милиони евра. Тоа е огромна помош, порача тој.

Охрид | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-11.45.57

Акција за собирање кабаст отпад во три охридски населби

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ на 5 јуни (четврток) ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во урбаните заедници 10 и 6, односно во Горна Влашка маала, Карабегомала и населбата „Христо Узунов“.Граѓаните кои живеат во овие делови од градот се замолуваат својот отпад – стар мебел, душеци, шпорети, телевизори, теписи и слични предмети – да го изнесат уредно покрај контејнерите или на предвидените места за собирање комунален отпад, најдоцна до 07:00 часот на денот на акцијата.За поефикасна организација, се препорачува претходно пријавување на локацијата каде што ќе биде оставен отпадот, преку дежурниот телефонски број 075/495-428, кој е достапен секој ден од 07:00 до 21:00 часот.Со оваа акција, „Охридски Комуналец“ продолжува со напорите за одржување на чиста и уредна животна средина во урбаните и приградските населби.

ОО | пред 9 месеци

Screenshot-2025-06-09-at-11.43.34

„Охридски Комуналец“ започна со летните активности за одржување на јавната хигиена

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ ги започна сезонските активности за одржување на хигиената на јавните површини, со посебен акцент на охридските плажи.На јавната плажа „Горица 3“ поставени се 10 канти со капацитет од 240 литри за ситен отпад, а дежурните екипи секојдневно се грижат за чистотата на просторот. Од месец јули, канти за отпад ќе бидат поставени и на плажите кои не се под концесија, на потегот од Лагадин до Пештани.Покрај тоа, се врши темелно чистење на плочникот околу клупите и корпите за отпадоци долж патеката од каналот Студенчишта до Горица, каде се отстрануваат тврдокорни остатоци.Од претпријатието информираат дека сите активности се во согласност со Програмата за работа за 2025 година.

Охрид | пред 9 месеци

500557241_1270439817774346_1380968827352760672_n

(Фото) По четири децении – целосно обновен патот од Охрид до Св. Наум

„Завршува во рок рехабилитацијата на патот Охрид-Свети Наум која за прв пат се случува по четири децении. Рехабилитиравме 24,3 км и инвестиравме 11,7 милиони евра, средства обезбедени од буџет на ЈППД“, објави директорот на ЈПДП, Коце Трајановски.Тој додава: „Ја подигнавме безбедноста во сообраќајот, го подигнавме квалитетот на туристичкиот и економскиот потенцијал и развој во охридскиот регион, и обезбедивме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Св. Наум, но и до соседна Република Албанија. Извршивме растоварување на косините од нестабилен карпест материјал и монтиравме заштитна челична мрежа на косините. На овој начин се подобри прегледноста на патот што е најзначаен сегмент за учесниците во сообраќајот.Привршуваме со поставувањето на вертикалната сигнализација, односно сообраќајните знаци, како и со означувањето на хоризонталната сигнализација т.е боење со патарска боја. Привршува и поставувањето на еластичната одбојна ограда. Овој магистрален пат е исклучително значаен не само затоа што е главна туристичка сообраќајна делница, туку и затоа што не поврзува регионално. Реализараме проекти со кој ја подобруваме патната мрежа во охридскиот регион и во нашата убава Македонија!“

Македонија | пред 9 месеци

aerodrom-ohrid

Новата линија Базел - Охрид стартува 4 месеци порано

Новата линија Базел - Охрид стартува 4 месеци порано.„'Европскиот аеродром' како што е името на аеродромот помеѓу градовите Базел, Мулуз и Фрајбург е многу важен аеродром затоа што е на тромеѓе на три држави - Швајцарија, Германија и Франција. Раскрсница која ќе донесе многу туристи, но и ќе го олесни патувањето на нашата дијаспора“, вели министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.Од компанијата WizzAir објавија дека веќе може да се купат карти за новата авиолинија Охрид - Базел. Првиот лет на оваа линија која е дел од програмата за субвенционирање на нови авиолинии е закажан за 27 Октомври.„Имаме интензивни разговори за други нови авиолинии со што македонските аеродроми ќе бидат одлично поврзани со целиот свет“, додава министерот.

Охрид | пред 9 месеци

policacec-ohrid

Домашен терор во Охрид: маж натепал жена, друг фрлал со покуќнина

Два случаи на семејно насилство се пријавени во охридската полиција на 23 мај. Во едниот случај, маж од Скопје физички ја нападнал својата невенчана сопруга, а во другиот, охриѓанец бил приведен поради агресивно однесување кон семејството и оштетување на покуќнина. Полицијата презема мерки, а по целосно документирање, ќе следуваат соодветни пријави против напаѓачите.„На 23.05.2025 во 10.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека Д.Д.(42) од Скопје физички ја нападнал неговата невенчана сопруга од Охрид“, велат од МВР.И друг случај е пријавен.„На 23.05.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Ј.А.(35) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од покуќнината“, додаваат од МВР.По целосно документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања