Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

ОХРИД

media-librarylg7ffncrm6avdmj2b2S

(Видео) Охрид доби нов скејт-парк крај „Студенчишта“

Комплетно е реконструиран скејт-паркот крај пешачката патека од каналот „Студенчишта“ до хотел „Парк“ во Охрид, соопшти Кирил Пецаков.Станува збор за простор што долго време беше запоставен, а сега е обновен и прилагоден за користење од младите и љубителите на урбаните спортови.Со реконструкцијата, скејт-паркот добива нов изглед и подобри услови за рекреација, како дел од напорите на Општина Охрид за унапредување на јавните површини и содржини за младите.

Настани | пред 3 дена

media-libraryo44pt48v7euf0UOxYNR

Посебен сообраќаен режим во Скопје за Велигден, ќе се затвораат улици

Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен во Скопје по повод празникот „Воскресение Христово – Велигден“, при што дел од улиците во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, ќе бидат привремено затворани, соопшти Министерството за внатрешни работи.„По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром“, соопшти МВР.Во периодот од 18 часот, па до завршување на празничните активности, дел од клучните булевари ќе бидат затворени по потреба.„Утре (11.04.2025) во периодот од 18:00 часот па до завршувањето на манифестацијата... во центарот на град Скопје по потреба за сообраќај ќе бидат затворени: бул. „Партизански Одреди“ од крстосница со ул. „Франклин Рузвелт“ до крстосница со бул. „ВМРО“, бул. „Св. Климент Охридски“ од крстосница со бул. „Илинден“ до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски“, како и ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ од крстосница со ул. „9-ти Мај“ до кружна крстосница со ул. „Св. Кирил и Методиј““, соопшти МВР.Измени ќе има и во движењето на јавниот превоз, особено за автобусите што минуваат низ централното подрачје.„На возилата од јавниот градски сообраќај... по потреба ќе им се менува трасата на движење... ќе се движат по бул. „Илинден“ и преку ул. „Франклин Рузвелт“ ќе се вклучуваат на бул. „Партизански Одреди“...“, соопшти МВР.Дополнителни ограничувања се предвидени и во други делови од градот.„Во општина Ѓорче Петров по потреба за сообраќај ќе се затвори ул. „Македонска Војска“ пред црквата „Свети Петар и Павле“... Во општина Аеродром по потреба за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон с. Лисиче“, соопшти МВР.Полицијата најавува дека по потреба ќе бидат затворани и други улици во близина на верските објекти и апелира до граѓаните да ги почитуваат насоките.„По потреба за сообраќај ќе бидат затворени и други сообраќајници кои гравитираат околу верските објекти. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници“, соопшти МВР.

Македонија | пред 4 дена

pecakov

Охрид со највисок резултат за интегритет меѓу 44 општини

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, информира дека општината е рангирана како најуспешна во државата според Извештајот за 2025 година на Државната комисија за спречување на корупција, во делот на примената на системот за интегритет.Според објавените податоци, Општина Охрид постигнала исполнетост од 87,87%, со што е сместена во категоријата „многу добра усогласеност“ и е на прво место меѓу сите општини во државата.„Овој резултат е највисок што Општината го има постигнато досега и претставува јасен показател за континуираното унапредување на транспарентноста, отчетноста и одговорното управување“, наведува Пецаков.Проценката на Комисијата се темели на три клучни сегменти: воспоставување на систем за интегритет, спроведување на мерките и механизмите, како и следење и известување за нивната примена.Во анализата биле опфатени 44 единици на локалната самоуправа, што, според Пецаков, дополнително ја потврдува тежината на постигнатиот резултат.Тој додава дека ваквиот успех е резултат на посветена работа и најавува дека општината ќе продолжи со унапредување на стандардите за интегритет и транспарентно управување.

Македонија | пред 6 дена

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Ешерихија коли и недостиг на хлор – забрана за пиење вода во осум охридски села

Водата од локалните водоводи во осум охридски села е забранета за пиење, откако лабораториските анализи покажале сериозни недостатоци во дезинфекцијата и микробиолошко загадување. Забраната се однесува на селата Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта.Според објавата на Општина Охрид, проблемот не е ист во сите села. Во сите осум е констатирано отсуство на резидуален хлор, што значи дека водата не била соодветно дезинфицирана. Во четири села – Свиништа, Куратица, Речица и Опеница – анализите покажале и присуство на бактеријата ешерихија коли.Тоа ја прави состојбата посериозна, бидејќи станува збор не само за слабост во третманот на водата, туку и за потврдена бактериолошка неисправност.Одлуката е донесена со решение на државен инспектор за храна, а жителите се повикани да не ја користат водата за пиење додека не се отстранат недостатоците и не се потврди нејзината безбедност.

Охрид | пред 1 седмица

media-librarym6q2tkg92krv5HM1s5T

Диви депонии низ Охрид: Камери, казни и нови мерки во најава

Иницијативата Збогум Буково алармира дека проблемот со дивите депонии во Охрид останува сериозен и недоволно санкциониран, откако на работен состанок со институциите биле констатирани низа системски слабости.Минатата недела, претставници на иницијативата одржале состанок со Општина Охрид, инспекциските служби, одделението за животна средина и комуналното претпријатие, при што биле утврдени клучни проблеми во справувањето со нелегалното одлагање отпад.„Инспекциските служби работат континуирано на терен, но се соочуваат со сериозни опструкции од државни институции при спроведување на казнени мерки за правни и физички лица кои нелегално одлагаат отпад“, соопштија од „Збогум Буково“.Дополнителен проблем претставува постапувањето на приватни имоти, каде е потребен судски налог.„Постапувањето на приватни имоти е дополнително отежнато, бидејќи е потребен судски налог, кој не секогаш е навремено достапен“, соопштија од иницијативата.Како решение, беше истакната потребата од измени во законската рамка.„Потребни се измени во законската регулатива или локални одлуки со цел да се забрза и поедностави процесот на санкционирање“, соопштија од „Збогум Буково“.Воедно, најавена е и едукативна кампања за подигање на свеста кај граѓаните.„Ќе се спроведе едукативна кампања, во соработка со граѓански организации, за информирање и едуцирање на населението за незаконското одлагање отпад“, соопштија од иницијативата.Покрај тоа, планирано е поставување на камери на критични локации за подобар надзор.„Со поставување на камери на критични локации ќе се овозможи подобар надзор, а добиените материјали ќе се доставуваат до инспекциските служби за понатамошно постапување“, соопштија од „Збогум Буково“.Особено беше нагласена потребата од вклучување на полицијата.„Според достапните информации од јавен карактер, полицијата во текот на 2025 година нема поднесено ниту една пријава ниту изречено казна во оваа област“, соопштија од иницијативата.Дополнително, беше истакната и потребата од инфраструктурно решение.„Итно е потребно забрзување на процесот за изградба на собирен центар, каде граѓаните ќе можат да одлагаат кабаст, зелен и опасен отпад“, соопштија од „Збогум Буково“.Според проценките, на територијата на Охрид постојат околу 60 диви депонии, што бара системски пристап и дигитално мапирање.Иницијативата најави дека ќе продолжи активно да учествува во решавањето на проблемот, потенцирајќи ја улогата на граѓаните.„Особена благодарност до граѓаните кои пријавуваат диви депонии – нивната поддршка е клучна“, соопштија од „Збогум Буково“.

Охрид | пред 1 седмица

media-librarydqjqh0dult3r9QFfhty

Охридската полиција со засилени контроли: Малолетници возеле без дозвола, одземени им се возилата, ќе има и кривични

Сектор за внатрешни работи Охрид најави засилени контроли во сообраќајот, со фокус на возачите на мотоцикли, мопеди и други лесни моторни возила, со цел подобрување на безбедноста на патиштата.Од полицијата информираат дека ќе се преземаат репресивни мерки против сите кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.„СВР Охрид ја известува јавноста дека, со цел подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот, полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе ги интензивира контролите кон сите возачи на моторни возила а посебно кон возачите на моторцикли, мопеди, велосипеди со помошен мотор, трицикли и четирицикли и према оние возачи кои, не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, ќе презема репресивни мерки согласно законските овластувања“, соопшти СВР Охрид.Полицијата потсетува дека управувањето возило без положен возачки испит претставува кривично дело.„Согласно Кривичниот законик, управување моторни возила без положен возачки испит ќе се санкционира согласно членот 297-А и возилата, во содејство со ОЈО-Охрид ќе се одземаат согласно член 300-Б по што, против возачите ќе биде поднесена кривична пријава“, соопшти СВР Охрид.Од таму предупредуваат дека во изминатиот период биле затекнати малолетници и млади лица кои управувале мопеди и мотоцикли без дозвола, при што предизвикувале сообраќајни незгоди со сериозни последици.„При сообраќајните контроли извршени во изминатиот период, затекнати се малолетници и младинци како управуваат мопеди и моторцикли без положен соодветен возачки испит и учествуваат во сообраќајот а неретко, поради невнимание предизвикале сообраќајни незгоди кои завршиле со смрт или тешки телесни повреди“, соопшти СВР Охрид.Полицијата апелира до родителите и наставниците да влијаат врз младите за почитување на правилата.„Апелираме до родителите или старателите во семејната заедница, како и од страна на наставниот кадар во средните и основните училишта, на младите лица да им се укаже на последиците од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи, односно децата да не управуваат моторни возила, моторцикли и мопеди без да имаат положено возачки испит“, соопшти СВР Охрид.Воедно, се потенцира и задолжителното користење заштитна опрема.„Тие што имаат положено возачки испит да ги управуваат моторциклите и мопеди со носење на заштитен шлем кацига, со почитувањето на сообраќајните правила и прописи“, соопшти СВР Охрид.Во рамки на контролите спроведени вчера, полицијата веќе презела конкретни мерки.„При сообраќајни контроли извршени вчера (31.03.2026) од 11 до 17 часот, СВР Охрид, согласно членовите 297 и 300 од Кривичниот законик, одзеде три мопеди а против возачите ќе поднесе кривични пријави“, соопшти СВР Охрид.

Охрид | пред 1 седмица

media-librarykj6n1m3depk8bloFG3Y

(Видео) „Христијанско братство“ застана зад осомничениот за убиство во Охрид: Не судете пред време

Од организацијата Христијанско братство, чиј член е Жарко Гроздановски, осомничен за убиство на охриѓанецот Климе Митрески поради користољубие, излегоа со јавна поддршка за него.Во кратко обраќање објавено на социјалните мрежи, член на организацијата порача дека тие „цврсто стојат зад братот Жаре“ и апелираше до јавноста да не носи заклучоци пред да се утврди вистината во постапката.„Ние како членови на Христијанско братство цврсто стоиме зад братот Жаре и ве молиме не го осудувајте човекот пред време, се додека не се докаже спротивното“, се наведува во објавата.

Македонија | пред 2 седмици

media-library9nr1bcc6bebi40be2s6

(Видео) Мицкоски најавува 2.000 гости дневно во Охрид, надвор од сезоната

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата е во напредна фаза на разговори со тур-оператори за значително зголемување на бројот на туристи на охридското крајбрежје, особено надвор од главната туристичка сезона.Според него, се работи на договор кој треба да донесе околу половина милион ноќевања во вонсезонскиот период, што би значело просечно околу 2.000 гости дневно.Анализите, како што посочи, покажуваат дека овие туристи трошат во просек по 170 евра дневно, вклучително и за сместување, што би генерирало приближно 85 милиони евра приходи надвор од сезоната.„Ова е сериозен економски импакт, но и можност за хотелиерите да го задржат персоналот во текот на целата година, наместо да се соочуваат со сезонски отпуштања“, изјави Мицкоски.Тој додаде дека во наредниот период ќе се работи и на унапредување на сместувачките капацитети, со цел да се одговори на очекуваниот раст на побарувачката.Најавите доаѓаат паралелно со инвестициите во Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, што треба дополнително да ја зајакне туристичката понуда и поврзаноста на регионот.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryg4qotlelsv989kKIZ4A

(Видео) Николоски: Следната година таргет – 4 милиони патници од двата аеродрома

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски најави сериозна надградба и реконструкција на Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, оценувајќи дека станува збор за значаен чекор кон зголемување на туристичкиот и транспортниот капацитет на земјата.Тој посочи дека по претходната модернизација на пистата по доделувањето на концесијата на ТАВ Македонија, сега следува нова фаза на развој со проширување од околу 2.500 квадратни метри.„Ова ќе значи повеќе патници, подобра поврзаност и директен поттик за туризмот“, истакна Николоски, додавајќи дека паралелно се реализираат и други инфраструктурни и безбедносни проекти.Во таа насока, ги посочи активностите на М-НАВ во делот на воздушната безбедност, како и изградбата на патниот правец Охрид–Кичево, со што се подобрува пристапноста до аеродромот.Според него, целта е веќе следната година двата македонски аеродроми да достигнат над 4 милиони патници, што би претставувало значителен раст на воздушниот сообраќај.Николоски најави дека реконструкцијата треба да заврши во текот на летото, со очекување во јули да биде организирано и свечено отворање, по што охридскиот аеродром ќе функционира со „комплетно нова приказна“.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryaucqh3qv0hmfdSLKd2J

Голема реконструкција во Охрид која завршува пред јуни: Нов изглед и поголем капацитет на аеродромот

ТАВ Македонија инвестира 2,7 милиони евра во неколку клучни подобрувања на Аеродром Свети Апостол Павле Охрид, со цел зголемување на капацитетите и подобрување на условите за патниците и вработените.Како што соопшти генералниот директор Неџат Курт на ТАВ Македонија, проектот предвидува проширување на патничкиот капацитет, зголемување на просторот за безбедносна контрола на патници и багаж, како и проширување на административната зграда.Во рамки на инвестицијата ќе бидат изградени нови канцеларии за граничната полиција, паркинг за вработените и кафетерија, со што значително ќе се подобрат условите за работа и престој на аеродромот.„Оперативноста на аеродромот ќе продолжи додека се изведуваат градежните работи, а се очекува тие да завршат кон крајот на мај. Овој проект ќе му даде сосема нов лик на охридскиот аеродром и ќе овозможи подобро секојдневие за сите што се дел од воздушниот сообраќај“, изјави Курт.Дополнително, беше најавено дека Визер започнува со нова авиолинија од Охрид до Милано, што го означува почетокот на летната сезона. Со ова се надополнуваат постојните линии кон европските дестинации, меѓу кои и Братислава и Виена.Инвестицијата доаѓа во период кога се очекува зголемен број патници во текот на летната туристичка сезона, при што модернизацијата на инфраструктурата треба да одговори на растечките потреби на воздушниот сообраќај.

Настани | пред 2 седмици

media-libraryun5kpsb8ue559Ki37yl

Се огласи синот на осомничениот убиец: Наместо разбирање, медиумски линч! Македонија знае кој е мојот татко

По убиството на Климе Митревски во Охрид, случај кој предизвика силни реакции во јавноста, се огласи Божидар Грозданоски, син на осомничениот Жарко Грозданоски, упатувајќи јавна поддршка за својот татко.Во објава на социјалните мрежи, тој реагира на, како што вели, односот кон неговото семејство во јавноста.„Во овие исклучително тешки моменти за моето семејство, чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот татко, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија. За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што им ја пружил и животите кои ги спасил“, напиша Божидар Грозданоски.Тој во пораката истакнува дека, според него, јавноста има поинаква перцепција за неговиот татко.„Брвенчани, тетовчани, но и граѓаните низ цела Македонија многу добро знаат кој е Жарко – не само како доктор, туку и како човек“, наведува тој.

Македонија | пред 2 седмици

vojo-dimoski-696x401-1

Адвокат за убиството во Охрид: „Никој не заслужува ваков крај, којзне уште колку Палчовци има“

Адвокатот Војо Димоски, кој во минатото бил правен застапник на убиениот Климе Митрески, остро реагираше по трагичниот настан во Охрид, посочувајќи на сериозни системски слабости и небезбедност во општеството.„Покојниот Климе Митрески, жртвата на убиството во Охрид, ми беше клиент уште од првите денови на мојата адвокатска пракса. Никој не заслужува да го заврши животот на таков начин“, напиша Димоски.Тој во својата реакција посочува дека состојбите во државата се загрижувачки, обвинувајќи за отсуство на систем и институционален капацитет.„Чудо едно е во каква средина се има претворено оваа наша Македонија, која наизменично им ја доверуваме на владеење на луѓе на кои не би им ја довериле ни главата на шишање“, наведува адвокатот.Димоски тврди дека поради нефункционалноста на системот, опасни лица не само што остануваат на слобода, туку и се организираат.„Поради отсуството на систем, не само што психопатите се на слобода, туку истите се организираат во полулегални милитантни секти. Којзнае уште колку Палчовци чучат во темни подруми“, пишува тој.Во реакцијата, тој упатува критика и кон институциите, посочувајќи дека постои недостиг на јасни приоритети во борбата против криминалот.„Листата на задачи кои Премиерот му ги издиктира на Државниот обвинител укажува на немањето компас за приоритетите на борбата со криминалот“, наведува Димоски.Сепак, тој завршува со порака дека одговорноста не е само кај поединците.„Ама пак ќе речам: не се тие криви“, напиша адвокатот Војо Димоски по убиството на Климе Митрески.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryv56l2e6i41vp0V18zQz

Снимки го откриле осомничениот за убиството во Охрид, жртвата ја убил со бокс и задушување

Основното јавно обвинителство Охрид отвори истражна постапка против 53-годишен маж од тетовска Брвеница, осомничен дека од користољубие го убил охриѓанецот Климе Митрески, со кого имал договор за доживотна издршка.Според обвинителството, делото било извршено на 25 март во домот на жртвата во Охрид, откако осомничениот сакал да го спречи Митрески да го раскине договорот склучен кај нотар во февруари 2025 година, со кој по неговата смрт требало да стекне значителен имот.По вербална расправија, осомничениот го нападнал жртвата од зад грб.„По вербална расправија околу одлуката на оштетениот да го раскине договорот, осомничениот од зад грб физички го нападнал, го совладал на подот и го удрил со бокс неколку пати во главата. За цело време го држел оштетениот со едната рака преку устата и носот со што му го спречил дишењето и кај него предизвикал смрт“, соопштува обвинителството.Откако се уверил дека жртвата не дава знаци на живот, осомничениот го напуштил местото на настанот.Неговото присуство и движење се документирани преку видео надзор.„Присуството и дејствијата на осомничениот во критичниот период се евидентирани на снимки од видео надзор поставен во куќата на оштетениот, а во текот на претходната постапка обезбедени се и други снимки од видео надзор за неговото движење, како и други материјални докази“, информираат од обвинителството.Станува збор за особено тешко кривично дело – убиство од користољубие, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.Поради сериозноста на делото и ризикот од бегство, како и можноста осомничениот да влијае врз сведоци или да прикрие докази, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка за определување мерка притвор.

Македонија | пред 2 седмици

media-library4ltldth2hh88bWkHgZM

Парковите и зеленилото во Охрид секојдневно одржувани во пролетниот период

ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на парковите и зеленилото во пролетниот период. Се врши тековно сезонско одржување на зелениот појас покрај магистралниот пат, на потегот Билјанини Извори – Свети Стефан.Во овој период се интензивира машинското косење на тревните површини во градскиот парк, на улицата „АСНОМ“ и на кружните сообраќајници на улицата „Јане Сандански“. Паралелно се одржуваат и другите хортикултурни уредени парковски содржини преку кроење, садење, наводнување и плевење.Со овие редовни активности, ЈП „Охридски комуналец“ го одржува уредениот и зелен изглед на јавните површини, обезбедувајќи пријатна средина за граѓаните и посетителите.

ОО | пред 2 седмици

media-library4utgefij1v4adzHFxwI

Отворен спомен-парк на хероите во Охрид

Со поддршка  на Општина Охрид денеска во Касарната „Михајло Апостолски“ беше свечено отворен Спомен паркот посветен на хероите од Шестата Македонска бригада и Генералот Михајло Апостолскии.На настанот присуствуваа Претседателите   на Здружението на ветерани од областа на одбраната и безбедноста на Р. Македонија и од охридскиот огранок проф. д-р Темелко Ристески и  Добре Велјаноски, Претседателот  на Генерал штабот на АРМ, претставници од  АРМ и МВР, од Воената академија, претставници од дипломатскиот кор и градоначалници од неколку македонски градови.Пред присутните се обрати Заменик градоначалникот на Охрид, Ана Крстеска.– Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес сме домаќини на овој  настан после  кој важно катче  во Охрид   станува Спомен паркот посветен на хероите кои своите животи ги вградија во темелите на солободна и независна Македонија.  Спомен паркот ќе биде одраз на нашата почит кон историските горостаси кои беа дел од Шестата македонска бригада   и  генерал Михајло Апостолски.  На овој начин ние  постојано, а не само еднаш годишно   ќе се потсетуваме на  случувањата од далечната  1992 година кога се формира Генералштабот, Шестата  пешадиска бригада, касарната го доби името на  Генерал Михајло Апостолски, а пристигна и првиот регрут во Охридскиот Гарнизон од АРМ, велешанецот Панче Јамандиев. На ваков начин ја оддаваме нашата должн почит кон хероите кои ги испишаа најсветлите страни од нашата историја и станаа симбол за она што значи љубов и преданост кон својата татковина, верба дека она што сме го добиле од претходните генерации треба како светост и  светлина во очи да го чуваме и предаваме на идните генерации,  а тоа е слободна  суверена Македонија со свој јазик, култура и традиции.Денес сме слободни и чекориме напред под сино слободно небо, го градиме и разубавуваме Охрид, создаваме подобри услови за нас и нашите деца кои својата иднина треба да ја живеат и градат во  нашата држава. Горди на она што сме и кои сме цврсто чекориме во нашата убава татковина не заборавајќи на храброста на борците и безбедносните структури кои се бессмртен пример за патриотизам и светол потсетник за цената на слободата- подвлече Крстеска.Организатор на настанот беше Здружението на ветерани и резервисти од одбраната и безбедноста на Р. Македонија.

ОО | пред 2 седмици

media-library9n20i3u77qh07k3S1s7

Човекот кој се закануваше кон Заев е осомничениот за убиството во Охрид, неофицијалниот мотив е побрзо стекнување со имот

Жарко Гроздановски од Брвеница е лицето уапсено под сомнение дека го убил пензионерот Климе Митрески во Охрид. Двајцата се познавале од претходно, а Митрески, според неофицијални информации од истрагата, склучил и договор за доживотна издршка со Гроздановски. Токму ова, според првичните информации од истрагата, е причината за Гроздановски да го убие Митрески. Од МВР, досега Гроздановски бил гонет за едно дело – закани преку социјални мрежи.Според договорот, Гроздановски требало да се грижи за охриѓанецот Митрески, кој бил на возраст од 76 години. По смртта, требало да го наследи неговиот имот. Според истрагата и досегашните докази, Гроздановски го убил Митрески со цел веднаш да го наследи имотот.Гроздановски во минатото, во јавноста беше познат како „лидер“ на организација наречена „Христијанско братство“. Тој беше апсен и во 2019 година кога преку „Фејсбук“ му се закануваше на тогашниот премиер Зоран Заев кому му порачуваше: „Немој да ми чепкаш ни еден од моите браќа по вера… Двапати те пуштив, ако не ми веруваш, прашај ги твоите луѓе во УБК. Првпат во Македонски Брод, вториот пат во Јасен и Козјак… Два пати имав прилика да ја запалам Македонија, но се повлеков затоа што дадов збор: На Македонец пушка не дигам… Жими еден крст и вера ќе ве снема и тебе и СДСМ и ДПМНЕ и сите лидери во Македонија… Јас сум Жарко Гроздановски. Момче, ти си предавник!“.„Скопје1“ побара информации од МВР за криминалното досие на Гроздановски, од каде велат дека освен кривичното дело за загрозување на сигурност со заканите, нема друго дело.„Според официјалните податоци и евиденциите на СВР Тетово, досега против лицето Ж.Г. е евидентирано само едно кривично дело „загрозување на сигурноста преку компјутерски систем“. Освен овој конкретен случај, за лицето не постојат записи за други претходни санкции или кривични постапки со правосилен исход“, велат од МВР за „Скопје1“.Гроздановски е семеен човек, татко на три деца. Тој е магистер на медицински науки, дипломиран дефектолог.Од друга страна, Митрески при гостување во „Јади Бурек“ во 2018 година, себеси се опишува како „Климе удбашот“ и „Климентов конак“. Посочува дека се занимавал со многу работи тука и во Австралија, а се претставува и како еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ.Засега нема дополнителни информации од охридското Обвинителство, кои најавија детали за подоцна.

Охрид | пред 2 седмици

media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd

Убиство во Охрид: убиениот пронајден утрово, уапсен осомничен од Брвеница

Полицијата го приведе осомничениот за убиството на 76-годишен маж во Охрид, откако бил пронајден мртов во својот дом утрово.„Денеска (27.03.2026) во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г.(53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело ‘убиство’ по член 123 од кривичниот законик“, соопшти МВР.Претходно, случајот бил пријавен утринава во Охрид.„Имено, денеска во 08:24 часот во СВР Охрид е пријавено дека во неговиот дом на улицата ‘Нада Филева’ во Охрид, без знаци на живот бил пронајден К.М.(76) од Охрид. На местото на настанот извршен е увид од надлежен јавен обвинител и полициски екипи, а лекар од Итната медицинска помош констатира смрт по што, по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција“, информираат од МВР.По преземените мерки и распишаната потерница, осомничениот бил лоциран и лишен од слобода во тетовско.„По целосно расчистување на случајот против Ж.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава“, додаваат од полицијата.Истрагата за случајот е во тек.

Охрид | пред 2 седмици

media-libraryv77jo2d1nloh5moX5YP

Градоначалникот Пецаков оствари средба со босанскиот амбасадор Јаќимовиќ

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.На средбата, градоначалникот Пецаков му додели Благодарница на амбасадорот Јаќимовиќ за неговиот посветен ангажман и значајниот придонес во продлабочувањето на соработката помеѓу Амбасадата на Босна и Херцеговина во Република Македонија и Општина Охрид.Градоначалникот Пецаков особено ја истакна улогата на амбасадорот во отворањето на Почесниот конзулат на Босна и Херцеговина во Охрид, како важен исчекор во унапредувањето на пријателските и билатералните односи помеѓу двете држави.На средбата градоначалникот и амбасадорот разговараа за заложбите за продлабочување на соработката во повеќе области, како и за промоција на потенцијалите на Охрид на туристичкиот пазар во Босна и Херцеговина.

ОО | пред 2 седмици

information

Забрана за пиење вода од артериски чешми

Се известуваат граѓаните дека е забрането пиење вода од четири артерски чешми во градското подрачје. Според Агенцијата за храна и ветеринарство по извршениот инспекциски надзор, констатирана е микробиолошка контаминација, со зголемен вкупен број на колонии на 37 и 22 степени.Посочените артерски чешми се наоѓаат на следниве локации: На пресекот на Бул. „Туристичка“ и улицата „Даме Груев“, во близина на ОУ „Григор Прличев“, во населбата Воска и чешмата до градскиот пазар.

ОО | пред 3 седмици

media-library97390g7p20nh33tzuU3

Започнува реконструкцијата на улица „Партизанска“ кај Охридати

Денеска започнаа градежните активности за реконструкција на линиски инфраструктурен објект  на дел од улица „Партизанска“ во населба Охридати.Надлежните општински служби упатуваат апел до  жителите од овој дел на градот да бидат повнимателни при сообраќање или движење во оваа патна и пешачка зона. Автомобилите уредно да се паркираат само на приватен простор  надвор од јавната површина што треба  да се реконструира.Изведувач на активностите е  ИНТ „Глобл Инженеринг“ од Битола.

ОО | пред 3 седмици

media-library71v7eienrlvqd6eXeGu

Охрид SOS бара заштитни зони околу Билјанини извори: Ризикот по питката вода не е хипотетички - туку реален и растечки

Денес невладината организација Охрид SOS поднесе иницијатива до Министерството за животна средина и до Министерството за здравство за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј бунар. Според организацијата, ова не е само апстрактно правно прашање, туку реална опасност за водата и здравјето на граѓаните.„Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат.Билјанини извори не се само симбол на Охрид. Тие се воден ресурс во чувствителен регион, жариште на биолошка разновидност, во простор кој граничи со заштитени подрачја како Студенчишко Блато и Охридско Езеро, а кој наместо да се штити, масовно и насилнички се урбанизира. Без јасно утврдени заштитни зони, ризикот по питката вода за Охрид не е хипотетички - туку реален и растечки.Законот е јасен: ваквите зони мора да постојат. Прашањето е зошто сè уште, со децении не се воспоставени. Со оваа иницијатива бараме итен ангажман на интитуциите, а не откако ќе има последици по здравјето на луѓето и животната средина. Заштитата на водата не смее да биде реакција - таа е должност“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarynjens3bq7oh69MZmiPW

Честитка на градоначалникот Пецаков за Рамазан Бајрам

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до  Муфтијата Самет Ајдари, до членовите  на Исламската верска заедница во градов   и до  сите граѓани    од исламска вероисповед.– Ова се денови од неизмерно големо значење за Вашата заедница и духовна посветеност. Честитајќи Ви го празникот, Ви посакувам и сите други месеци од годината да ви бидат исполнети со вредностите и благодетите на најблагородниот и најсреќниот месец за Вас, месецот Рамазан. Вербата во Бога да нè води кон вистинскиот пат и постојано меѓу луѓето да владее слога и почитување без разлика на  верската или каква било друга определба.Рамазан Бајрам е празник кој нè потсетува на важноста на солидарноста, толеранцијата и заедништвото. Чествувајќи го празникот ја потврдуваме  столетната традиција на пријателство, единство и хармонија во нашава татковина.Посакувам празничните денови да ги поминете во мир и хармонија исполнети со среќа и радост,  споделувајќи љубов со ближните. Во духот на Рамазан да даруваме, помагаме и шириме добра волја. Без разлика на верската, етничката и политичката припадност да имаме разбирање и почит кон сите наши сограѓани. Заедно, сплотени и солидарни да работиме на напредокот и благосостојбата на Охрид и Македонија – стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryhd1q4485pracaOA39pm

Охрид во чест на Григор Копров: музичка вечер со емоции, хитови и хуманитарна мисија

На концертот со наслов „Охрид знае љубов што е“, охридската публика уживаше во дел од богатиот музички опус на еден од најзначајните македонски автори – Григор Копров. Со оваа концертна вечер, Охрид уште еднаш ја потврди својата посветеност кон негувањето на вредностите на македонската музика и оддавањето почит на уметниците чие творештво оставило неизбришлива трага.Григор Копров е автор на повеќе од 500 композиции, а присутните имаа можност да се потсетат на незаборавните хитови што ги изведуваа најголемите музички имиња од македонската сцена. Меѓу нив беа песните на Тоше Проески: „Усни на усни“, „Во коси да ти спијам“, „Излажи ме“, како и дуетот со Каролина „Немир“, потоа хитовите на Маја Оџаклиевска „Сребрени улици“ и „Лидуду“, Калиопи – „Остани во мене“, Владо Јаневски – „Не зори зоро“, „Црно тиквешко“ и „Чаирска романтика“.На сцената настапија: проф. Љупчо Аслимоски, Андреј Нически, Јане Тодороски, Мартин Мацкоски, како и вокалните солисти Исабела Димовска, Анастасија Таневска, Фросина и Деспина Белистојаноски и Димитар Веслиевски, кои со своите интерпретации донесоа силни емоции и вистинска музичка магија.За неговите извонредни музички достигнувања и значајниот придонес во македонската музичка култура, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски, му врачи плакета на Григор Копров.Настанот имаше и хуманитарен карактер. Во Центарот за култура беа поставени кутии за донации, а собраните средства беа наменети за лекување на малата Ева, која се бори со тешка болест.„Охрид знае љубов што е“ не е само концертен наслов, туку и идеја што ќе продолжи да живее и понатаму – како музичка платформа посветена на големите музички имиња од Охрид, кои со своето творештво оставиле траен белег врз охридската и македонската музичка сцена. Преку вакви вечери, Охрид со љубов и почит ќе се сеќава, ќе слави и ќе им оддава заслужено признание на своите уметници, чие дело останува како културно наследство за идните генерации.Проектот е целосно финансиран од Општина Охрид!

ОО | пред 3 седмици

ohrid-carsija-policija

Брутален напад во Охрид: 52-годишник претепан и ограбен

Полицијата приведе две лица осомничени за физички напад и грабеж врз 52-годишен охриѓанец, информира Министерството за внатрешни работи.Станува збор за Ј.М. (31) од Скопје и С.К. (30) од Охрид, кои биле лишени од слобода во 02:35 часот во населбата Плитишта во Струга.Според информациите од МВР, нападот се случил околу 00:20 часот на улицата „Момчило Јордановски“ во Охрид, по претходна расправија. Осомничените физички го нападнале А.К.С. (52) од Охрид.Жената В.М. (41) успеала да го заштити нападнатиот и да го внесе во својот стан, но напаѓачите повторно влегле и продолжиле со нападот, при што употребиле тврд предмет и му нанеле тешки телесни повреди.Повредите биле констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.Напаѓачите избегале откако била повикана полиција, а жртвата подоцна забележала дека му недостасуваат пари и личен накит од паричникот.Двете лица се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Охрид | пред 3 седмици

media-library7irtds89db2s1YxxcGg

Парковите и зеленилото во Охрид подготвени за пролетта

ЈП „Охридски комуналец“ продолжува со редовни и вонредни активности за одржување на парковите и зеленилото пред официјалниот почеток на пролетта. Во тек е подготовка за засадување на летната цветна реколта во расадникот, а поволните временски услови се искористени за кроење на дрворедот по улицата „7-ми Ноември“ и косење на зелениот појас.На „Булевар Туристичка“ е извршено тековно одржување на украсните форми во бетонските жардињери и косење на тревниот дел. Во зелениот дел кај Холандскиот Парк се спроведува адаптивно одржување и се нанесува плодна земја за унапредување на квалитетот на зеленилото.Со овие активности, ЈП „Охридски комуналец“ ги подготвува јавните површини за пролетната сезона, обезбедувајќи уреден и зелен град за граѓаните и посетителите.

ОО | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања