Промени тема
Контакт

ОХРИД

media-libraryllsss7oirqsg0cGMGf8

Научна конференција во чест на Светите Кирил и Методиј

Во рамки на чествувањата посветени на Светите браќа Кирил и Методиј денеска во Охрид  започна научна конференција „Континуитетот на кирилометодиевската традиција изразен во Охридската книжевна школа“.Пред присутните се обрати Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска. – Возвишено е чувството  во древниот Охрид, колевката на  писменоста и духовноста  да се одржуваат вакви научни собири во моменти кога градот го  дочекува  сиот  описменет  Свет  во Деновите  посветени на големите Кирил и Ме

ОО | пред 4 месеци

markica

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод Меѓународниот ден на Власите

Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Охрид и Македонија по повод Меѓународниот ден на Власите.-Почитувани припадници на влашката заедница, Ви упатувам срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на Власите. Овој ден е потсетник на богатата традиција, култура и духовно наследство што Власите со векови го вградуваат во мозаикот на македонското општество. Во Охрид, град кој отсекогаш бил раскрсница на култури и идеи, влашката заедница има значајно место во општествен

ОО | пред 4 месеци

media-libraryl74joi5nmekefivNmhx

Во Охрид одбележан Денот на мултикултурата: Младите испратија порака за соживот и почит

Во Регионалниот центар за средно стручно образование „Ванчо Питошески“ во Охрид денеска беше одбележан Денот на мултикултурата, настан посветен на промоција на соживотот, толеранцијата и културната разноликост.Настанот е поддржан од Општина Охрид во рамки на Годишната програма за финансирање проекти од областа на културата за 2026 година, а во име на Општината присуствуваше претседателот на Советот, Перчо Божиновски.Ученици од различни етнички заедници, облечени во традиционални носии, ги претст

ОО | пред 4 месеци

ohrid-info

Забрането пиење на водата од артерската чешма „Џамија“

Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година , се забранува за пиење водата од артерска чешма „Џамија“на улица „Даме Груев“.Претходно преку ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, земена е вода за лабараториска анализа, при што е утврдено дека истата не е исправна за пиење .

ОО | пред 4 месеци

media-libraryiuq6pqu7fnni2RlXZd4

„Паркови и зеленило“ го разубави Холандскиот парк со нови украсни растенија

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ и во изминатата седмица реализирале повеќе активности за одржување и уредување на јавните зелени површини во Охрид и околината.Од претпријатието информираат дека Холандскиот парк е разубавен со нови содржини од украсни растенија.Покрај редовното косење во градскиот парк, биле спроведени активности за косење, отстранување ниска вегетација од пешачки патеки и расчистување на неуредна вегетација во селото Трпејца, околу црквата во селото Љ

ОО | пред 4 месеци

media-libraryjhe87rlggq3n3oxOccP

Матурска парада Охрид 2026

Охрид денес танцуваше и се радуваше на младоста и успесите  на годинешните матуранти кои ја одржаа  традиционалната манифестација Матурска парада. Точно на пладне на штраусовата опера „Лилјакот“ на плоштадот „Св. Климент Охридски“,  тие  го одиграа танцот Квадрил.На почетокот на настанот матурантите ги поздрави Претседателот на Советот на Општина Охрид,  Перчо Божиноски  кој посака да бидат добри и одговорни луѓе.-Денеска ја испишавте  последната страница и ја затворате книгата на вашето средно

ОО | пред 4 месеци

media-libraryjbbomqvtefhuc8gnbRS

Средба на градоначалникот Пецаков со германската амбасадорка Дрекслер

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денес оствари протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер.На средбата се разговараше за повеќе теми од заеднички интерес, со акцент на досегашната соработка, можностите за нејзино понатамошно унапредување, како и поддршката на локалниот економски развој и инвестициите.Градоначалникот ја информираше амбасадорката за актуелните инфрастуктурни и капитални проекти на кои работи општината. Исто така бе

ОО | пред 4 месеци

media-library78o97s74vei24R2fLQw

Одбележан Денот на пожарникарите

 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска присуствуваше на  свеченост во просториите на ТППЕ во Охрид, а по повод  20 Мај – Денот на пожарникарите.Во рамки на настанот тој му  врачи плаќета  на најдобриот пожарникар, Темелко Колоски.Утрово пожарникарите  со вклучени сирени  го  одржаа традиционалното  дефиле низ охридските улици.

ОО | пред 4 месеци

markica

Свикана десеттата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ДЕСЕТТАТА  СЕДНИЦА   НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ десеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.05.2026 година ( вторник ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охри

ОО | пред 4 месеци

media-library8ivupv9q7ain0KWvCiF

Светски познатиот готвач Филип Ондрушек ќе престојува во Охрид

Од утре, 19-ти мај, Охрид ќе биде домаќин на еден од највозбудливите гастрономски настани годинава. Во организација на мрежата на Слоу Фуд (Slow Food) во Македонија, во градот пристигнува светскиот патник и кулинарски виртуоз, Шеф Филип Ондрушек.​Ондрушек, кој во својата богата кариера готвел во престижни ресторани со Michelin ѕвезди и подготвувал специјалитети за кралски семејства, денес е предводник на движењето за одржлива гастрономија. Неговата посета на Македонија е посветена на откривањето

ОО | пред 4 месеци

media-libraryf294gm3snpo35TjvVsz

„Паркови и зеленило“ со засилени активности за уредување на зелените површини во Охрид

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ и во изминатата седмица спроведувале повеќе активности за одржување и уредување на јавните зелени површини во Охрид.Од претпријатието информираат дека било извршено тековно одржување на хортикултурните содржини во паркот „Мазија“.Воедно, била уредувана неуредна вегетација покрај пешачката патека кај каналот „Студенчишта“, како и долж крајбрежниот појас во населбата Лагадин.Во дневните активности доминирале и работите за косење тревни по

ОО | пред 4 месеци

media-libraryu77u109s76a1auQF0jj

„Охридски комуналец“ повторно расчистува диви депонии во урбани средини

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ повторно интервенирале за расчистување на диво создадени депонии во урбаните средини во Охрид.Од претпријатието информираат дека станува збор за деградација на јавниот простор кој треба да им служи на сите граѓани.Во рамки на акцијата биле подигнати околу 24 метри кубни кабаст отпад и градежен шут од Осмата урбана заедница, поточно од улиците „Мирче Ацев“, „Никола Карев“ и „Галичица“, како и од населбата „Даме Груев“.Дополнително, бил подигнат и зелен отпад од

ОО | пред 4 месеци

media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов до крајот на годинава или почетокот на следната, вели Николоски

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. Според него, проектот бил оставен во целосен

Македонија | пред 4 месеци

media-librarys0da18sjuv3g1EgQkIv

Екипите на „Паркови и зеленило“ секојдневно работат на уредување на јавното зеленило

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ секојдневно се на терен и работат на уредување на јавните зелени површини во градот.Од претпријатието информираат дека во пролетниот период активностите се засилени поради интензивниот раст на вегетацијата.Покрај редовното одржување на градскиот парк и централните дрвореди, деновиве биле реализирани активности за косење на тревните површини во населбата „Христо Узунов“ и на улиците „Јане Сандански“, „Гоце Делчев“, „Сирма Војвода“, „АСНО

ОО | пред 4 месеци

media-librarynhv9nuanbm3g8h4LOZb

„Охридски комуналец“ апелира: Градинарскиот отпад да не завршува на депонии

ЈП „Охридски комуналец“ апелира до граѓаните правилно да го селектираат и третираат градинарскиот отпад, предупредувајќи дека неговото одлагање на депонии создава сериозни последици врз животната средина и здравјето на луѓето.Од претпријатието посочуваат дека кога лисјата, тревата и гранките завршуваат на депонии како Буково, тие се распаѓаат без присуство на кислород и создаваат метан – гас што значително придонесува за климатските промени.Воедно, при распаѓањето се ослободуваат непријатни мири

ОО | пред 5 месеци

media-libraryuaoccrkkn6m8c9M7XrB

„Охридски комуналец“ во четврток ќе подигнува селектиран отпад од повеќе улици

ЈП „Охридски комуналец“ информира дека на 7 мај 2026 година (четврток) ќе се врши подигнување на селектиран отпад од пластика, хартија и картон од кантите за селекција на повеќе улици во Охрид.Акцијата ќе ги опфати улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8 Март“.Од претпријатието посочуваат дека, согласно измените во Календарот за 2026 година, ќе се собира пластика од жолтите садови, како и хартија и картон од сините садови.Од „Охридски комуналец“ апелираат гра

ОО | пред 5 месеци

ujp_smetki

Сметките во Охрид растат до 50%: Поскапуваат услуги и такси-превоз

Граѓаните на Охрид во наредниот период ќе се соочат со значително повисоки сметки за дел од основните комунални услуги, откако Советот донесе одлуки за зголемување на цените од 30 до 50 проценти.Со новите тарифи, поскапуваат услугите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Билјанини Извори“, „Градски гробишта“ и „Охридски Комуналец“. Паркингот ќе биде поскап за околу 30 проценти, гробарината за дури 50 проценти, додека дел од комуналните услуги ќе бележат раст од околу 30 проценти.Од локалната

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysj096kv96968ca4diJ0

Охрид со модерна пумпна станица: над 20% заштеда на електрична енергија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, најави дека во рамки на тековните инфраструктурни проекти ќе биде финализирана новата модерна пумпна станица „Метропол“, која обезбедува над 80 проценти од водата за пиење во градот, при што се очекуваат значителни заштеди на електрична енергија и дополнителни инвестиции во водоснабдителниот систем.„Ќе го посетиме и завршувањето на проектот на новата, модерна пумпна станица, од која преку 80% од водата за пиење во Охрид се обезбедува буквално од пумпната

Македонија | пред 5 месеци

media-librarysneprjdpn2nj2ecTpAy

Мицкоски за „Плаошник“: Конечно ќе го завршиме тој проект, кој за жал не бил во приоритетите на многу влади претходно

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека дел од инфраструктурните и развојните проекти во Охрид се веќе реализирани или се во фаза на реализација, најавувајќи продолжување на работите на автопатот Кичево–Охрид и посилна динамика за довршување на проектот „Плаошник“.„Дел од приоритетите коишто ги имаше општината и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците се или реализирани или се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат. Многу е важно кога патувате накај Охрид и кога ќе

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryfe0g2lkm4rfe5a5Sw20

Охрид добива 200 нови паркинзи: Пецаков очекува новата катна гаража да се отвори до следната туристичка сезона

Денеска премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Охрид присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража (зад Градски пазар) во Охрид.Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, изјави дека почетокот на изградбата на катната гаража претставува историски момент за градот, со кој се заокружува циклусот на приоритетни инфраструктурни проекти реализирани во изминатите години.„Со ова се заокружува она што, како локална самоуправа и јас како градоначалник, го започн

Македонија | пред 5 месеци

media-library0kp2iu5jcvobbXCM3gM

Нов напредок на патот Охрид–Кичево: Од денес во функција клучката Требеништа

Министерот за транспорт Александар Николоски информира дека изградбата на автопатот Охрид – Кичево се одвива со засилена динамика, при што работите продолжуваат и во вечерните часови со цел проектот да биде завршен во предвидениот рок.„На автопатот Охрид - Кичево се работи и доцна навечер имајќи предвид дека временските услови се поволни, со што ја потврдуваме нашата решителност и посветеност да го доизградиме автопатот во рокот што е предвиден.Од утре во сообраќај се става и клучката Требеништа

Македонија | пред 5 месеци

media-library7anppq1nl3bv5dbsCUI

ЈП „Охридски комуналец“: Повторно мапирани диви депонии во Воска и Даљан – подигнати 55 кубни метри отпад

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека повторно се мапирани диви депонии во населбите Воска и Даљан, каде што несовесно однесување на поединци довело до деградирање на јавните површини.Како што посочуваат од претпријатието, на вкупно шест локации во овие населби биле евидентирани диво создадени депонии, од каде што со интервенција на екипите се подигнати околу 55 кубни метри кабаст и зелен отпад.Од „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните за поголема одговорност во заштитата

ОО | пред 5 месеци

markica

Се одржа деветтата седница на Советот

Градските советници денес ја одржаа деветтата седница. Во првиот дел од седницата се разгледуваа и беа донесени повеќе одлуки за работењето на општинските јавни претпријатија, а во вториот дел се усвоија повеќе одлуки од урбанистичката сфера.Дневниот ред беше дополнет со точка за формирање на локален совет за превенција и изработка на студиски документ за модел за управување со адреналински парк. Во продолжение се сите точки од денешната седница:Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за

ОО | пред 5 месеци

media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Од утре затворени дивите приклучоци на автопатот Охрид–Кичево

СВР Охрид информира дека од утре, 29 април 2026 година, за сообраќај ќе бидат затворени сите споредни влезови и излези кои привремено функционираа на автопатската делница Охрид–Кичево, во близина на селата Требеништа и Мешеишта, во општина Дебрца.Со оваа мерка, како што посочуваат од полицијата, се воведува единствен режим за безбедно приклучување на автопатот. Возачите ќе мора исклучиво да го користат пристапниот пат кај клучката во близина на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, до кој вод

Охрид | пред 5 месеци

media-librarykdvj8m00iao97yfI69Y

ЈП „Охридски комуналец“ со дежурни екипи на терен за почист и поуреден Охрид

Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информира дека дежурните екипи се секојдневно ангажирани на различни локации со цел реализација на активности за одржување на јавното зеленило и јавната чистота.Екипите се распоредуваат во централното градско подрачје, периферните делови и приградските населби, каде интензивно се врши косење на тревни површини, уредување на дрвореди, отстранување на ниска и дива вегетација од тротоари, коловози и пешачки патеки.Посебен акцент е ставен и на активности над

ОО | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања