Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

ОХРИД

media-libraryirc78uq2ogdo0W16T8u

(Видео) Се урива стогодишна куќа со уникатна архитектира во Охрид

И покрај поднесеното барање за итна привремена заштита,од вчера започна уривањето на стара куќа на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, објект кој се наоѓа во непосредна близина на старото градско јадро.Претходно, до Секторот за заштита на културното наследство при Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Завод и музеј Охрид било доставено барање за итна привремена заштита на објектот.Подносителите на иницијативата сметале дека куќата има културно и историско значење и дека пред каква било интервенција потребно е надлежните институции да ја разгледаат можноста за нејзина заштита.Сепак, и покрај поднесеното барање, механизацијата вчера започнала со уривање на објектот.Засега нема информации дали надлежните институции донеле одлука по доставеното барање, ниту дали ќе бидат преземени дополнителни мерки во врска со случајот.

Настани | пред 4 дена

media-library2550king5a1i3BWp031

Армијата со венец пред споменикот на Светите Кирил и Методиј во Охрид

Делегација на Армијата на Македонија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Охрид учествуваше на одбележувањето на празникот на Светите рамноапостоли Кирил и Методиј.Од Армијата соопштија дека делегацијата, на покана на претседателот на Владата, положила венец со свежо цвеќе пред споменикот на „Св. Кирил и Методиј“ на кејот во Охрид.„Со положување венец со свежо цвеќе пред споменикот на ‘Св. Кирил и Методиј’ на кејот во Охрид, делегацијата на Армијата оддаде почит и признание кон делото на Светите Кирил и Методиј, кои се творци на писменоста и културата“, информираа од Армијата.Во соопштението се наведува дека нивното наследство и денес претставува симбол на знаење, културен напредок и духовно богатство.Во рамки на одбележувањето на празникот, армиската делегација присуствувала и на свечената церемонија „Од слово до вечност“, која се одржала во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarye6rml7ek4pvidGwNx7G

Доделени признанија на најуспешните основци и средношколци во Охрид

Како дел од свечената програма за чествување на  24-ти мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени признанија на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари.‎Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.– На ова уникатно место, покрај нашето прекрасно езеро, каде што историјата, верата и просветителството со векови оставаат неизбришлива трага, имаме привилегија да одбележуваме еден од најсветлите датуми во македонската и словенската историја, празникот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј.‎Со својата просветителска и духовна мисија, овие наши апостоли не оставија зад себе само букви, тие ни оставија непроценливо цивилизациско наследство. Му дадоа глас на словенскиот народ и можност да учи, да создава и да се препознава себеси преку својот јазик и својата култура. Нивното дело е темел на Македонскиот идентитет, но и наша трајна обврска, да го чуваме знаењето, да вложуваме во образованието и да ги поддржуваме младите генерации. А токму денес, овде, пред споменикот на светите браќа, најголемата чест им ја оддаваме на охридските ученици, кои со својот труд и успех покажуваат дека Охрид и понатаму живее како центар на писменоста и знаењето.‎Драги деца,‎Вашите награди не се само лични успеси. Тие се гордост за нашиот град, за вашите семејства и за сите нас. Зад секој ваш успех стојат посветеност, труд и верба во сопствените можности. Денес, гледајќи ве тука, во толку голем број, сигурен сум дека духот на просветителството продолжува да расте.‎Вие сте една нова генерација, која треба да ја носи иднината на Охрид и Македонија. Генерација која треба да знае дека вистинските вредности не се минливи и дека знаењето е најсилната моќ што еден човек може да ја поседува.‎Како градоначалник, чувствувам особена чест што денес имам можност лично да ви честитам и да ви посакам да продолжите да верувате во себе, во своите квалитети и таленти.‎Почитувани, поради името кое го носам, за мене овој празник секогаш предизвикува силни емоции и искрено се радувам што и оваа година имам можност да ги поделам овие убави чувства заедно со Вас!‎Ви посакувам да бидете здрави и среќни и да остварите уште многу значајни успеси во иднина! Нека продолжи да живее делото на Светите Кирил и Методиј! Нека ни е честит и вековит 24-ти Мај!, истакна Пецаков во своето обраќање.‎На настанот, беа доделени околу 380 признанија на ученици од сите основни и средни училишта од Општина Охрид кои освоиле 1-во,2-ро,3-то место на официјални натпревари, по повеќе наставни предмети.‎‎Во рамки на чествувањата по повод празникот во ЦК „Кирил и Методиј“ во населба Кошишта се одржа панихида и  фолклорен концерт, а на плоштадот Свети Климент Охридски се одржа Фестивалот за поезија за деца „Стихувалки“.

ОО | пред 1 седмица

media-libraryshouhflvntvu9J4T7Je

Свежо цвеќе во чест на светите браќа Кирил и Методиј

По повод 24 Мај – Денот на Сесловенски просветители Кирил и Методиј, делегација на Општина Охрид предводена од градоначалникот Кирил Пецаков денеска положи свежо свеќе пред нивниот монументален споменик на кејот на Охридското Езеро.‎Во чест на Просветителите пред нивниот споменик се поклонија и бројни делегации на образовни институции и претставници на Владата на Република Македонија, чии централни чествувања по повод празникот се одржуваат и во Охрид.

ОО | пред 1 седмица

media-library4g9udkdsgkas7emDxYR

Охрид ги награди најдобрите ученици: „Вие сте гордост на градот“

По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, додели признанија на најуспешните основци и средношколци од градот, кои постигнале врвни резултати на државни и регионални натпревари.Според информациите од Општина Охрид, признанија добиле околу 380 ученици од сите основни и средни училишта во општината, за освоени први, втори и трети места по различни наставни предмети.„Вашите успеси се гордост за Охрид, за вашите семејства и за целата наша заедница. Вие сте доказ дека Охрид продолжува да живее како град на писменоста, културата и знаењето“, порача Пецаков.Тој им посака на учениците да продолжат да веруваат во себе, да ги развиваат своите таленти и со иста посветеност да чекорат кон нови успеси.„Нека ни е честит и вековит 24 Мај! Нека вечно живее делото на Светите Кирил и Методиј“, напиша градоначалникот.

Охрид | пред 1 седмица

media-libraryllsss7oirqsg0cGMGf8

Научна конференција во чест на Светите Кирил и Методиј

Во рамки на чествувањата посветени на Светите браќа Кирил и Методиј денеска во Охрид  започна научна конференција „Континуитетот на кирилометодиевската традиција изразен во Охридската книжевна школа“.Пред присутните се обрати Заменик градоначалничката на Охрид, Ана Крстеска. – Возвишено е чувството  во древниот Охрид, колевката на  писменоста и духовноста  да се одржуваат вакви научни собири во моменти кога градот го  дочекува  сиот  описменет  Свет  во Деновите  посветени на големите Кирил и Метидиј.  И по многу изминати столетија од кирилометодиевите мисии за описменување, возвишени ни се чувствата за нив затоа што слепи прогледавме, глуви слушнавме и неми прозборевме.Уште посилно е нивното присуство меѓу нас, а ние исклучително горди затоа што  нашиов убав Охрид преку охридската книжевна  школа и дејноста на нашите Климент и Наум Охридски  стана  светски центар  на писменоста. Св. Климент Охридски  со својот преродбенски дух  претставува еден од најмаркантните ученици и продолжувачи на визионерското дело на светите солунски браќа Кирил и Методиј чија просветителска мисија ги изведе словенските народи на културно- цивилизациската сцена на Европа.Охридската книжевна школа  со повеќе од 3 500 ученици претставува најрепрезентативен духовен центар на сите времиња.  Со својата црковна, културно- просветителска и книжевно – филозофска дејност, со столетија е извор  од кој се напојуваат словенските култури.Сето ова доволно кажува каков книжевен и  духовен центар е нашиот прекрасен Охрид, древнината на Светот во која се описменувале илјадници Словени. Мене ми останув уште да ви посакам успешна работа и пријатен престој во градов.Со добра мисла и чисто срце, побогати на духовен план повторно ве очекуваме во Охрид- рече Крстеска.На настанот се обратија и проф.д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и проф. д-р Наташа  Аврамовска од Институтот за Македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје како и проф. д-р Александар Василевски,  директот на Институтот за старословенска култура во Прилеп.

ОО | пред 1 седмица

markica

Честитка на градоначалникот Пецаков по повод Меѓународниот ден на Власите

Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до Влашката заедница во Охрид и Македонија по повод Меѓународниот ден на Власите.-Почитувани припадници на влашката заедница, Ви упатувам срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на Власите. Овој ден е потсетник на богатата традиција, култура и духовно наследство што Власите со векови го вградуваат во мозаикот на македонското општество. Во Охрид, град кој отсекогаш бил раскрсница на култури и идеи, влашката заедница има значајно место во општествениот, културниот и економскиот живот. Со својата посветеност, труд и љубов кон традицијата, Власите го збогатуваат духот на нашиот град и придонесува за неговата препознатливост.Нека овој празник биде повод за заедништво и нова инспирација за зачувување на јазикот, обичаите и културниот идентитет, како богатство што се пренесува на идните генерации. Во мое лично име и во името на Општина Охрид, Ви посакувам добро здравје, мир, лична среќа и многу успеси, стои во честитката на Пецаков.

ОО | пред 1 седмица

media-libraryl74joi5nmekefivNmhx

Во Охрид одбележан Денот на мултикултурата: Младите испратија порака за соживот и почит

Во Регионалниот центар за средно стручно образование „Ванчо Питошески“ во Охрид денеска беше одбележан Денот на мултикултурата, настан посветен на промоција на соживотот, толеранцијата и културната разноликост.Настанот е поддржан од Општина Охрид во рамки на Годишната програма за финансирање проекти од областа на културата за 2026 година, а во име на Општината присуствуваше претседателот на Советот, Перчо Божиновски.Ученици од различни етнички заедници, облечени во традиционални носии, ги претставија своите култури, обичаи и јазици, испраќајќи порака за мир, почит, пријателство и меѓусебно разбирање. Тие истакнаа дека различностите треба да се негуваат, бидејќи токму тие го збогатуваат општеството и ги поврзуваат луѓето.Во рамки на настанот беше организирана и мултикултурна трпеза со традиционални специјалитети од македонската, албанската, турската, ромската, влашката и други кујни, подготвени од учениците и професорите од угостителското училиште.Од училиштето посочија дека младите имаат клучна улога во градењето толерантно и хумано општество, а ваквите настани придонесуваат за зачувување на традицијата, културната разноликост и соживотот.Ова е втора година по ред како во Охрид се организира одбележување на Денот на мултикултурата.

ОО | пред 1 седмица

ohrid-info

Забрането пиење на водата од артерската чешма „Џамија“

Со решение на Агенцијата за храна и ветеринарство од 22 мај 2026 година , се забранува за пиење водата од артерска чешма „Џамија“на улица „Даме Груев“.Претходно преку ЈЗУ „Центар за јавно здравје – Охрид“, земена е вода за лабараториска анализа, при што е утврдено дека истата не е исправна за пиење .

ОО | пред 1 седмица

media-libraryiuq6pqu7fnni2RlXZd4

„Паркови и зеленило“ го разубави Холандскиот парк со нови украсни растенија

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ и во изминатата седмица реализирале повеќе активности за одржување и уредување на јавните зелени површини во Охрид и околината.Од претпријатието информираат дека Холандскиот парк е разубавен со нови содржини од украсни растенија.Покрај редовното косење во градскиот парк, биле спроведени активности за косење, отстранување ниска вегетација од пешачки патеки и расчистување на неуредна вегетација во селото Трпејца, околу црквата во селото Љубаништа, како и кај сообраќајната клучка – Петља на влезот во Охрид.Интервенции биле извршени и кај Саат-кулата во стариот дел од градот, околу домот „Св. Кирил и Методиј“ во населбата Кошишта, како и на улиците „Булевар Туристичка“ и „7 Ноември“.

ОО | пред 2 седмици

media-libraryjhe87rlggq3n3oxOccP

Матурска парада Охрид 2026

Охрид денес танцуваше и се радуваше на младоста и успесите  на годинешните матуранти кои ја одржаа  традиционалната манифестација Матурска парада. Точно на пладне на штраусовата опера „Лилјакот“ на плоштадот „Св. Климент Охридски“,  тие  го одиграа танцот Квадрил.На почетокот на настанот матурантите ги поздрави Претседателот на Советот на Општина Охрид,  Перчо Божиноски  кој посака да бидат добри и одговорни луѓе.-Денеска ја испишавте  последната страница и ја затворате книгата на вашето средно образование.  Високо сте искасчени на школскиот  врв, но тука вашите предизвици не завршуваат. Колку ќе ги раширите крилјата кои ние ви ги дадовме преку образовниот процес, колку и каде ќе слетате зависи само од  вас  и никој друг. Доволно сте воспитани и едуцирани да процените дека што и да изберете, каде и да застанете,   на пониска или повисока гранка најбитно е да бидете добри луѓе, со добра мисла, чисто срце, чесни и без пороци.Не можете сите да бидете  академски граѓани, потребни ни се и занаетчии, само така заедницата е цело, но најбитно од се е да бидете ЛУЃЕ. А големи се само оние  кои не скривнуваат од прав пат кои чесно со труд ја градат иднината.Младоста е пролет во која се сее семето за староста. Како ќе се насочите сега  таков ќе ви биде целиот живот. Слатки се  младешките плодови. Уживајте во нив,  другарувајте, заобиколете  го Светот, пронајдете ја љубовта на вашиот живот но никогаш не се откажувајте од големите  сонови.   Летајте високо, бидете вредни, вложувајте се себе си и не се откажувајте од целта. Упорните и трудољубивите секогаш стигнуваат до нејзе.  Добро размислете дали ќе станете идни академски граѓани или нова работна сила. Што и да изберете бидете задоволни и исполнети од изборот. Само така ќе бидете среќни, успешни и ќе можете да допринесувате во здраво градење на општеството кое останува на вас..  Бевте генерација за пофалба, вредни, одговорни и  послушни. Се надевам дека подготвени и самоуверени ќе  зачекорите по  патеките што водат кон  високо образование, професионални ангажмани и нови работни места.Ние остануваме тука да ве бодриме и  да се радуваме на секој ваш нареден успех.Здрави и среќни со високо крената глава успешно патувајте во животот! – рече Божиноски.Манифестацијата „Матурска парада“се одржа и во   Скопје, Струга,Струмица, Гевгелија и Куманово како и во  градови во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

ОО | пред 2 седмици

media-libraryjbbomqvtefhuc8gnbRS

Средба на градоначалникот Пецаков со германската амбасадорка Дрекслер

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, денес оствари протоколарна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер.На средбата се разговараше за повеќе теми од заеднички интерес, со акцент на досегашната соработка, можностите за нејзино понатамошно унапредување, како и поддршката на локалниот економски развој и инвестициите.Градоначалникот ја информираше амбасадорката за актуелните инфрастуктурни и капитални проекти на кои работи општината. Исто така беше разговарано и за функционирањето на Општинските јавни претпријатија како и за теми од комуналната сфера и локалниот економски развој.Во разговорите беше истакнато и значењето на германските компании во Охридскиот регион, меѓу кои и „Костал Македонија“, која денеска одбележува 10 години успешно работење.

ОО | пред 2 седмици

media-library78o97s74vei24R2fLQw

Одбележан Денот на пожарникарите

 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска присуствуваше на  свеченост во просториите на ТППЕ во Охрид, а по повод  20 Мај – Денот на пожарникарите.Во рамки на настанот тој му  врачи плаќета  на најдобриот пожарникар, Темелко Колоски.Утрово пожарникарите  со вклучени сирени  го  одржаа традиционалното  дефиле низ охридските улици.

ОО | пред 2 седмици

markica

Свикана десеттата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ДЕСЕТТАТА  СЕДНИЦА   НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ десеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 26.05.2026 година ( вторник ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н   Р Е ДУсвојување на Записникот од 9-та седницаПредлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Водовод“ Охрид  за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работењето на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот  од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2026 годинa.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП„Охридски комуналец“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за работaта на ЈП„Билјанини извори“-  Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за изменет Годишен план за вработување за 2026 година на ЈП „Градски пазар“ – Охрид.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2026-2028 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за спорт и рекреација за 2026 година за периодот од  01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за млади и невладини организации за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2026 година (Н1) за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2026-2028 (НА) за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2026 година (Н2) за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2026-2028 (НБ) за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2026 година (В1) за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2026-2028 (ВА) за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма за здравствена и социјална заштита за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасување, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на годишната програма на општинскиот совет за превенција на детско престапништво на општина Охрид за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за работа на општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во општина Охрид за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата други комунални услуги за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за одржување  јавна чистота за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата урбана опрема-изградба и одржување за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2026 година за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за уредување на градежно земјиште во 2026 година за период од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата ЈD изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2026 година и подпрограми JDA, JDB, JDH, JDI, JDJ, JDK, JDL, JDM, JDN, JDO, JDP, JDR и JDQ за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата ЈЕ изградба на простор за паркирање за 2026 година подпрограма JЕА реализација на основен  проект „Изградба на катна гаража во општина Охрид“ за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата ЈG изградба на системи за водоснабдување за 2026 година Подпрограми JGA, JGB и JGC за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата ЈИ изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води за 2026 година, Подпрограма ЈИА реализација на проектот „Реконструкција на линиски инфраструктурен објект за фекална и атмосферска канализациона мрежа за дел од улици „Малесија“, „Александар Гушо“, „Трајче Дојчиноски“, „Први мај“, „Вангел Николоски“, „Дебарца“ и „Момчило Јорданоски“ за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за реализација на Програмата ЈМ капитални расходи за паркови и зеленило за 2026 година, Подпрограма ЈМА реализација на проект „Проект за употреба и одржување на урбан простор и парк на дел од „Кеј Македонија“ за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за усвојување на извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2026 година.Предлог-одлука за давање согласност на измени на Годишниот План за вработување на општина Охрид за 2026 година.Предлог-одлука за давање согласност за склучување договор за измени и дополнувања на Колективниот договор на општина Охрид.Предлог-одлука за усвојување на иницијативата за изготвување на локален еколошки акционен план за животна средина (ЛЕАП) за подрачјето на општина Охрид 2026-2032.Предлог-одлука за именување координатор и заменик координатор и формирање локален управен комитет за ЛЕАП за подрачјето на општина Охрид.Предлог-одлука за изменување на одлуката за определување на ширина на крајбрежен појас на дел од река Сушица во село Велгошти, опфатен со општ акт за село Велгошти, општина Охрид.Предлог-одлука за определување на ширина на крајбрежен појас на водотек река Сушица опфатен со ДУП за УЗ 13 УБ 13.3 – опфат 2, општина Охрид.Предлог-одлука за донесување на  детален урбанистички план за ГП 1 на дел од КП.бр.9883/1, КО Охрид 2, УЗ 10, дел од УБ 10.3 – Охрид, во плански опфат на дел од КП.бр.9883/1 и дел од КП.бр. 9870/1, плански период (2014-2029).Предлог-одлука за донесување на техничка исправка за ГП 3.40 и ГП 3.41 во ДУП  за УЗ 9, УБ 9.2 – Охрид, општина Охрид.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 8.12 и ГП 8.5 формирана во ДУП за дел од II УЕ, МЗ 4 Долна Влашка Маала – Охрид, општина Охрид.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на КП.бр.1395/3, КП.бр.1395/4, дел од КП.бр.1394/1, дел од КП.бр.1392/1, КП.бр.1392/2, дел од КП.бр.1373/1, дел од КП.бр.1372 и дел од КП.бр.1394/2 сите во КО Влгошти.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на дел од КП.бр.468/1, дел од КП.бр.469/1, дел од КП.бр.470/1, дел од КП.бр.470/2, дел од КП.бр.471/5, дел од КП.бр.472/2, дел од КП.бр.473/1, дел од КП.бр.473/2, дел од КП.бр.1203, дел од КП.бр.1204, дел од КП.бр.1205, дел од КП.бр.1210, дел од КП.бр.1211/1, дел од КП.бр.1211/2, дел од КП.бр.1197/1, дел од КП.бр.1197/2, дел од КП.бр.1197/3, дел од КП.бр.1197/4, дел од КП.бр.1197/5, дел од КП.бр.1197/6,   дел од КП.бр.1197/7, дел од КП.бр.497/1, дел од КП.бр.497/2, дел од КП.бр.497/15, дел од КП.бр.497/3 сите во КО Велгошти.ОПШТИНА ОХРИДЛОКАЛНА САМОУПРАВАБрој 08-6644/119.05.2026 год.О х р и д

ОО | пред 2 седмици

media-library8ivupv9q7ain0KWvCiF

Светски познатиот готвач Филип Ондрушек ќе престојува во Охрид

Од утре, 19-ти мај, Охрид ќе биде домаќин на еден од највозбудливите гастрономски настани годинава. Во организација на мрежата на Слоу Фуд (Slow Food) во Македонија, во градот пристигнува светскиот патник и кулинарски виртуоз, Шеф Филип Ондрушек.​Ондрушек, кој во својата богата кариера готвел во престижни ресторани со Michelin ѕвезди и подготвувал специјалитети за кралски семејства, денес е предводник на движењето за одржлива гастрономија. Неговата посета на Македонија е посветена на откривањето на автентичните македонски производи и промоција на концептот „Zero-Waste” (кујна без отпад).​За време на престојот во Охрид, Ондрушек ќе го посети зелениот пазар во Охрид, каде ќе се запознае со локалните производители и автохтоните намирници, а на ​ на Факултетот за туризам и угостителство  – Охрид, ќе одржи мастерклас каде студентите и професионалците ќе имаат уникатна можност да учат за современите техники на готвење и одржливоста во угостителството.​Во Винаријата „Манастир” ќе се одржи панел дискусија за иднината на зеленото угостителство и потенцијалот на македонската гастрономија.​Како круна на престојот, во ресторанот „Кај Каневче” (Bavča Kaneo), Шеф Филип ќе подготви ексклузивно мени инспирирано токму од охридските и македонските вкусови.​„Иднината на кујната е во балансот помеѓу традицијата и иновацијата. Македонија има неверојатно богатство од вкусови кои заслужуваат да бидат претставени на светската сцена,” вели Ондрушек пред својот почеток во Охрид.​Настанот е поддржан од Секторот за култура при Општина Охрид, Факултетот за туризам и угостителство, како и бројни локални партнери кои веруваат во моќта на локалната храна и одржливиот развој.​Ги покануваме сите љубители на добрата храна и професионалци од секторот да го следат ова гастрономско патување кое го слави најдоброто од нашата земја. За повеќе информации за овој екслузивен настан е задолжена Проф. д-р Ангела Паскуале.

ОО | пред 2 седмици

media-libraryf294gm3snpo35TjvVsz

„Паркови и зеленило“ со засилени активности за уредување на зелените површини во Охрид

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ и во изминатата седмица спроведувале повеќе активности за одржување и уредување на јавните зелени површини во Охрид.Од претпријатието информираат дека било извршено тековно одржување на хортикултурните содржини во паркот „Мазија“.Воедно, била уредувана неуредна вегетација покрај пешачката патека кај каналот „Студенчишта“, како и долж крајбрежниот појас во населбата Лагадин.Во дневните активности доминирале и работите за косење тревни површини во централното градско подрачје, во селото Рача, покрај патниот правец кон селото Рамне и во населбата „Гоце Делчев“ – Бараки.Косење било извршено и кај детското игралиште на „Булевар Туристичка“, како и на улиците „Мирка Гинова“, „Ариф Мустафа“, „15-ти Корпус“ и „Прва Македонска ударна бригада“.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryu77u109s76a1auQF0jj

„Охридски комуналец“ повторно расчистува диви депонии во урбани средини

Екипите на ЈП „Охридски комуналец“ повторно интервенирале за расчистување на диво создадени депонии во урбаните средини во Охрид.Од претпријатието информираат дека станува збор за деградација на јавниот простор кој треба да им служи на сите граѓани.Во рамки на акцијата биле подигнати околу 24 метри кубни кабаст отпад и градежен шут од Осмата урбана заедница, поточно од улиците „Мирче Ацев“, „Никола Карев“ и „Галичица“, како и од населбата „Даме Груев“.Дополнително, бил подигнат и зелен отпад од улицата „Сирма Војвода“.Од „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните совесно да постапуваат со отпадот и да придонесат кон зачувување на јавната чистота и животната средина.

ОО | пред 3 седмици

media-libraryhiq71v7g4n3eby7IJJp

Автопатот Охрид–Кичево ќе биде готов до крајот на годинава или почетокот на следната, вели Николоски

Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. Според него, проектот бил оставен во целосен застој, а Владата затекнала состојба без ниту еден метар асфалт и со сериозни проблеми во реализацијата и финансирањето.„Ако тргнувате од Кичево, тогаш на крајот на оваа година или почетокот на следната година, автопатот ќе биде завршен. Кога бевме изгласани како Влада имаше нула метри асфалт", истакна Николоски, додавајќи дека активната работа на терен започнала дури од октомври 2024 година.Тој посочи дека за година и половина биле реализирани повеќе активности отколку во целиот претходен период и потенцира дека Владата се соочила со сериозни проблеми со финансирањето од страна на ЕКСИМ Банка.„Реков дека за проблемите ќе зборувам кога ќе го завршиме, но морам да споменам еден проблем со кој што се соочивме, а тоа е дека имавме класична опструкција од финансиерот на проектот. Имено, овој проект кога е договаран, е договорен да се финансира со кредит од кинеската "Ексим Банка". Имајќи предвид дека ние ги зголемивме активностите, побаравме оваа банка да ослободи средства во вредност од 175 милиони евра и за истото бевме одбиени. Најдоа образложение преку допис од претходната влада, дека не се потребни дополнителни средства. Точно, затоа што тогаш не се работело и не биле потребни. Затоа заедно со премиерот и министерката за финансии, ние веќе имавме сработено сценарио, а тоа е финансирањето да го обезбедат домашните комерцијални банки. Така што ова беше еден голем удар за проектот, но не дозволивме да се почувствува во реализацијата", истакна Николоски.Во однос на цената, тој нагласи дека проценетата вредност изнесува 13,5 милиони евра по километар, што според вицепремиерот сè уште го прави најевтиниот автопат што моментално се гради во Македонија и регионот.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarys0da18sjuv3g1EgQkIv

Екипите на „Паркови и зеленило“ секојдневно работат на уредување на јавното зеленило

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ секојдневно се на терен и работат на уредување на јавните зелени површини во градот.Од претпријатието информираат дека во пролетниот период активностите се засилени поради интензивниот раст на вегетацијата.Покрај редовното одржување на градскиот парк и централните дрвореди, деновиве биле реализирани активности за косење на тревните површини во населбата „Христо Узунов“ и на улиците „Јане Сандански“, „Гоце Делчев“, „Сирма Војвода“, „АСНОМ“, „Марко Цепенков“ и „Прва Македонска Ударна Бригада“.Активности биле спроведени и во селото Рача, како и на детските игралишта кај Лескајца и Видобишта.Воедно, екипите отстранувале ниска вегетација на „Булевар Туристичка“, улицата „Аџи Мустафа“, „Никола Карев“ и во населбата Исток.

ОО | пред 3 седмици

media-librarynhv9nuanbm3g8h4LOZb

„Охридски комуналец“ апелира: Градинарскиот отпад да не завршува на депонии

ЈП „Охридски комуналец“ апелира до граѓаните правилно да го селектираат и третираат градинарскиот отпад, предупредувајќи дека неговото одлагање на депонии создава сериозни последици врз животната средина и здравјето на луѓето.Од претпријатието посочуваат дека кога лисјата, тревата и гранките завршуваат на депонии како Буково, тие се распаѓаат без присуство на кислород и создаваат метан – гас што значително придонесува за климатските промени.Воедно, при распаѓањето се ослободуваат непријатни мириси, штетни честички и микроорганизми кои можат да предизвикаат иритации на дишните патишта, алергии и влошување на хроничните заболувања кај населението.Дополнително, мешањето на органскиот со друг отпад создава течности што можат да ја загадат почвата и подземните води.Како решение, од „Охридски комуналец“ го посочуваат компостирањето, со кое градинарскиот отпад се претвора во природно ѓубриво богато со хранливи материи.Со тоа се намалува количината отпад што завршува на депонија, се намалуваат штетните гасови, се подобрува квалитетот на почвата и се намалува потребата од хемиски ѓубрива.„Отпадот е прашање што нѐ засега сите. Селектирај правилно“, апелираат од претпријатието.

ОО | пред 1 месец

media-libraryuaoccrkkn6m8c9M7XrB

„Охридски комуналец“ во четврток ќе подигнува селектиран отпад од повеќе улици

ЈП „Охридски комуналец“ информира дека на 7 мај 2026 година (четврток) ќе се врши подигнување на селектиран отпад од пластика, хартија и картон од кантите за селекција на повеќе улици во Охрид.Акцијата ќе ги опфати улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8 Март“.Од претпријатието посочуваат дека, согласно измените во Календарот за 2026 година, ќе се собира пластика од жолтите садови, како и хартија и картон од сините садови.Од „Охридски комуналец“ апелираат граѓаните да го почитуваат распоредот за подигнување на селектираниот отпад и правилно да го одлагаат отпадот во соодветните канти.„Нашата иднина зависи од секој еден од нас. Селектирај правилно“, порачуваат од претпријатието.

ОО | пред 1 месец

ujp_smetki

Сметките во Охрид растат до 50%: Поскапуваат услуги и такси-превоз

Граѓаните на Охрид во наредниот период ќе се соочат со значително повисоки сметки за дел од основните комунални услуги, откако Советот донесе одлуки за зголемување на цените од 30 до 50 проценти.Со новите тарифи, поскапуваат услугите на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Билјанини Извори“, „Градски гробишта“ и „Охридски Комуналец“. Паркингот ќе биде поскап за околу 30 проценти, гробарината за дури 50 проценти, додека дел од комуналните услуги ќе бележат раст од околу 30 проценти.Од локалната власт и раководствата на претпријатијата велат дека корекцијата е неизбежна поради зголемените трошоци за гориво, материјали и плати, оценувајќи ја мерката како неопходна за одржување на нивното функционирање.Од друга страна, опозициската советничка група реагира дека одлуките доаѓаат во време на висока инфлација и претставуваат дополнителен товар за граѓаните, особено бидејќи станува збор за основни режиски трошоци.Паралелно, донесени се и нови цени за такси-превозот, кои ќе стапат во сила од 6 мај. Стартот ќе изнесува 50 денари, а цената по километар исто така 50 денари, додека ноќната тарифа ќе биде 100 денари старт.Надлежните најавуваат и мерки за поголема транспарентност, како задолжително баждарење на таксиметрите и јавно истакнување на ценовниците, со цел спречување злоупотреби.Со овие одлуки, градот влегува во период на повисоки цени, додека јавноста останува поделена меѓу аргументите за економска оправданост и загриженоста за животниот стандард.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysj096kv96968ca4diJ0

Охрид со модерна пумпна станица: над 20% заштеда на електрична енергија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, најави дека во рамки на тековните инфраструктурни проекти ќе биде финализирана новата модерна пумпна станица „Метропол“, која обезбедува над 80 проценти од водата за пиење во градот, при што се очекуваат значителни заштеди на електрична енергија и дополнителни инвестиции во водоснабдителниот систем.„Ќе го посетиме и завршувањето на проектот на новата, модерна пумпна станица, од која преку 80% од водата за пиење во Охрид се обезбедува буквално од пумпната станица „Метропол“.Станува збор за модерно снабдување, при што во моментов се поставуваат и нови филтри, кои ќе бидат приклучени на самата пумпна станица, и во суштина ќе имаме нешто повеќе од 20% заштеда на електрична енергија. Оваа година имаме уште една постапка за уште 4 помали пумпни станици, каде што се очекува вкупната заштеда на електрична енергија — во зависност од самата берза — да биде помеѓу 25% и 30%“, изјави Пецаков.Тој додаде дека Охрид во моментов буквално е градилиште, се спроведуваат и се реализираат проекти кои, во комбинираното финансирање помеѓу Владата и локалната самоуправа, изнесуваат отприлика 15 милиони евра.

Македонија | пред 1 месец

media-librarysneprjdpn2nj2ecTpAy

Мицкоски за „Плаошник“: Конечно ќе го завршиме тој проект, кој за жал не бил во приоритетите на многу влади претходно

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека дел од инфраструктурните и развојните проекти во Охрид се веќе реализирани или се во фаза на реализација, најавувајќи продолжување на работите на автопатот Кичево–Охрид и посилна динамика за довршување на проектот „Плаошник“.„Дел од приоритетите коишто ги имаше општината и дел од проектите коишто ги предложија и пратениците се или реализирани или се во фаза на реализација или ќе отпочнат да се реализираат. Многу е важно кога патувате накај Охрид и кога ќе можете да го видите прогресот на автопатот којшто е пуштен во сообраќај и којшто очекуваме, согласно претходните најави, да биде целосно пуштен од Кичево до Охрид, еве најдоцна, да речеме, првиот квартал од 2027 година.Знаете со какви предизвици се соочувавме. Беше откажан кредитот од страна на кинеската „Ексим“ банка, па со домашните комерцијални банки направивме синдикат и проектот ќе биде реализиран целосно до крај.Следен проект што мислам дека треба многу внимателно да му се посвети внимание овде во Охрид е „Плаошник“. Конечно да го завршиме тој проект, почнат од пред многу време. За жал, не бил во приоритетите на многу влади претходно.Оваа година, имајќи ги предвид можностите на буџетот, одвоивме скромна сума средства, но важно е да се подготви проектната документација и следната година многу посилно да се излезе на терен и мислам дека со проектите коишто сега се реализираат и оние проекти за коишто претходно зборуваа и градоначалникот и потпретседателот на Владата ќе дојдеме до една, би рекол, физиономија којашто ја заслужува Охрид и охридското крајбрежје“, изјави Мицкоски.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryfe0g2lkm4rfe5a5Sw20

Охрид добива 200 нови паркинзи: Пецаков очекува новата катна гаража да се отвори до следната туристичка сезона

Денеска премиерот Христијан Мицкоски заедно со градоначалникот на Охрид присуствуваше на поставување камен-темелник на изградба на катна гаража (зад Градски пазар) во Охрид.Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, изјави дека почетокот на изградбата на катната гаража претставува историски момент за градот, со кој се заокружува циклусот на приоритетни инфраструктурни проекти реализирани во изминатите години.„Со ова се заокружува она што, како локална самоуправа и јас како градоначалник, го започнавме уште во првиот мандат, а потоа го продолживме и во вториот, преземајќи реализација на проекти кои, без исклучок, во секое јавно испитување на мислењето на граѓаните, беа врвен приоритет.Ова е проект за кој се боревме, би рекол, повеќе од 3,5–4 години документациски да ја завршиме работата, со 300 проблеми. Знаете, имавме изјави на некои поранешни министри за култура дека катната гаража не била јавен интерес. Меѓутоа, имаме Влада која е силно посветена на потребите на граѓаните и документацијата буквално ја завршивме за кратко време. Дојде време, заедно со проектите што ги аплициравме во Општина Охрид — вкупно, на двата повика, 24 проекти — катната гаража да биде дел од финансирањето со средства од кредитот што Владата го обезбеди за инфраструктурен развој на општините“, изјави Пецаков.Тој додаде дека ќе има околу 200 нови паркинг места.„Околу 200 паркинзи, приземје плус пет спрата. Проектот чини нешто над 2 милиони евра, а рокот за изградба е отприлика година и пол. Меѓутоа, лично се надевам дека со почетокот на наредната туристичка сезона би можеле да го отвориме“, додаде Пецаков.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања