Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Screenshot-2025-07-17-150442

Момчето кое загина со мопед во Охрид било млад фудбалер, клубот се збогуваше: Почивај во мир ангелу

Oд редовите на Охрид потврдија дека момчето кое загинало утрово со мопед откако се удрил во столб е млад фудбалер на нивниот клуб.Станувало збор за Анастас Каровски кој имаше само 16 години. Несреќата се случила на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, а случајот во полиција бил пријавен околу 1.40 по полноќ.Каровски се здобил со тешки телесни повреди, а им подлегнал на повредите откако бил однесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охирд.Неговиот другар кој бил со него на мопедот се здобил со тешки телесни повреди.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5168

Загина 16-годишен мопедист на патот Охрид-Свети Наум, излетал од патот

Во текот на ноќта во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите.Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.По овластување на јавен обвинител, увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.

Македонија | пред 7 месеци

IMG_5168

Жена тешко повредена во сообраќајка во Охрид – петмина се тепале сред Кичево

Во изминатите два дена, полицијата регистрираше низа инциденти на подрачјето на СВР Охрид и Кичево, вклучувајќи сообраќајна несреќа со тешко повредено лице, пожари во возила и случаи на семејно и јавно насилство.На 12 јули, во 06:40 часот, на кружниот тек кај улиците „15-ти Корпус“, „Железничка“, „7 Ноември“ и „Ристо Чадо“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно патничко возило „Рено“, управувано од 53-годишниот О.Ф. од с. Лескоец, и велосипед управуван од 56-годишната В.Л. од Охрид. Жената се здобила со тешки телесни повреди и била хоспитализирана во Општата болница во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.Истиот ден, во 17 часот, во СВР Охрид било пријавено семејно насилство – А.А. од Охрид физички ја нападнал својата сопруга во семејниот дом. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Во текот на денот биле регистрирани и два одделни пожари во возила. Првиот се случил во 13:45 часот на улицата „Дејан Војвода“ во Охрид, кога запалено било возило „Форд“, управувано од 65-годишниот Н.П. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица.Вториот пожар бил пријавен во ОВР Струга на 11 јули во 14 часот. Возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М. од Охрид, се запалило на магистралниот пат Охрид–Струга. И во овој случај нема повредени.Во Кичево, регистрирани се две тепачки и нарушувања на јавниот ред и мир. На 11 јули во 22:20 часот, на булеварот „Ослободување“, три лица – А.Ќ. (24), Н.В. (47) и едно малолетно лице – се степале меѓу себе. Претходно, на 12 јули во 00:30 часот, на улицата „Партизански одреди“, уште пет лица, сите од Кичево, учествувале во меѓусебна пресметка. Во двата случаи, полицијата најави соодветни пријави по целосно документирање на настаните.Од СВР Охрид информираат дека се преземаат дополнителни мерки за расчистување на сите случаи.

Македонија | пред 7 месеци

1L3A3247

(Видео) Пијаното на Хуангчи и духот на Пајдушкото ја отворија фестивалската магија на Охридското лето

Со гала-концерт на светски познатата пијанистка Клер Хуангчи и извонредните уметници од Националната Филхармонија на Република Северна Македонија, а под диригентката палка на маестро Едвин Оутвотер, во магичниот амбиент на Античкиот театар вчеравечер беше отворено 65. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во духот на годинешното мото „Трансформација на сетилата“, виртуозноста на уметниците беше оплеменета со 3Д мапинг на португалскиот сценарист Рафаел Карико. Охрид имаше вечер кога класиката ја запозна традицијата. На сцената на Охридско лето, светски познатата пијанистка Клер Хуангчи го изведе Пајдушко оро заедно со Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Едвин Аутвотер од САД. Пајдушкото – македонски ритам со душа, доби ново пијано руво.Прогласувајќи го за отворен, покровителот на фестивалот, Претседателката на Р.С. Македонија, Гордана Силјановска-Давкова потсети дека токму кога се отвора фестивалот и додека трае програмата, Охрид се отвора како волшебна школка и како што рече, од него излегува највредниот бисер-уметноста.-Шеесет и пет години „Охридско лето" е нашето скапоцено уметничко огледало, престижен уметнички центар! Шеесет и пет години уметноста влегува низ охридските порти и кружи низ градот! Секоја нота, секој стих и мисла, секој глас и чекор се слеваат во охридската летна симфонија! Како што древниот Охрид е вечен со своите напластени културни, духовни и цивилизациски слоеви, така и фестивалот „Охридско лето" прераснува во препознатлива традиција, никната врз цврсти темели и доградувана преку уметнички мостови на обединување, будејќи го убавото, хуманото и културното! Охрид е еден, Охрид е Охрид! Не постои уметничко лето како охридското! Не постои фестивал како охридскиот, рече Претседателката Силјановска-Давкова.Обраќајќи се пред преполното гледалиште на Античкиот театар, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, нагласи дека „Охридско лето“ не е само фестивалска програма, туку е хроника на незаборавни уметнички средби, духовен календар на едно народно живеење што, како што додаде, секое лето блеска во својата најчиста форма.-Оваа фестивалска година не ја одбележуваме само со бројки и големина, туку со созреаност на духот и визија за иднината. Не сме овде само за да се восхитуваме, тука сме за да ја потврдиме нашата верба дека културата е темел, а не додаток. Таа не е украс, туку јадро на нашето постоење. Уметноста е нашата најмоќна потврда дека сме народ што памети, што чувствува, што се стреми кон повисоки вредности, рече министерот Љутков.Директорот на НУ „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски изради огромна благодарност за покровителството на најзначајната музичко-сценска манифестација која според него, во наредните денови ќе биде исполнета со настани што имаат врвна естетика и уметничка совршеност.-Под мотото „Уметноста трансформира“, годинава создадовме една нова, модерна и креативна културна вредност како дел од вековната традиција на Фестивалот.Посакувам незаборавни вечери на уметничка трансформација како и безброј емотивни сензации затоа што впрочем токму тоа е и мисијата на фестивалот „Охридско лето“, да сплотува, да инспирира, да трансформира, кажа првиот човек на фестивалот „Охридско лето“.Уметничката порака годинава ја пренесе актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски кој низ годините како селектор ја градеше и успешната театарска приказна на фестивалот.-Бертол Брехт вели: „Уметноста не е огледало што ја рефлектира реалноста, туку чекан што ја обликува.“ Во тој контекст, секој концерт, секоја претстава, секој збор на сцената — не е одраз на светот таков каков што е, туку обид да стане подобар. Живееме во време на војни, каде што човечкиот живот е девалвиран, а политичката реторика е театар без катарза. Во таков свет, уметноста не е луксуз — таа е нужност. Нужност и апел да се потсетиме што значи да се биде човек, истакна Јолевски.Гала-концертот на свеченото отворање го проследија дел од државниот врв на Македонија предводен од премиерот Христијан Мицковски, министри, амбасадори и дипломатски претставници во земјава, градоначалникот на Општина Охрид, како и претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај.Фестивалот „Охридско лето“ се одржува под покровителство на Претседателот на државата, финансиски поддржан од Владата, Министерството за култура и туризам и Општина Охрид, а огромна заслуга за успесите имаат и верните пријатели, генералниот спонзор А1 Македонија, бројни спонзори и помагатели, љубители на уметноста и поддржувачи на културните вредности.

Магазин | пред 7 месеци

guzva-ohrid

(Видео) Гужви и застои на влезот во Охрид, револт и негодување кај возачите

Долги колони возила, чекање од над еден час и половина и револт кај возачите – така изгледа утрово влезот во Охрид, откако беше воведен посебен сообраќаен режим поради работната посета на албанскиот претседател Бајрам Бегај.Според информации од терен, сообраќајот е значително успорен на влезната точка на Охрид, каде се врши контролирано пропуштање на возила, а во одредени интервали и целосно стопирање на сообраќајот заради безбедносни процедури.„Веќе 70 минути стоиме во место. Никој не објаснува ништо. Луѓето се нервозни, има и деца и стари лица во колите. Надвор е 40 степени“, вели за „Скопје1“ еден возач заглавен на влезот.Полицијата е присутна со засилени патроли.Албанскиот претседател Бегај ќе престојува во Охрид како дел од неговата работна посета на Северна Македонија, при што се предвидени средби со државниот врв, како и посета на културно-историски објекти.

Охрид | пред 7 месеци

485150325_1076043764550888_2255758733319942525_n

„Ој љубов, љубов“ повторно ќе заплови по Охридското Езеро – вечерва шесто издание на староградската пловидба

Еден од најавтентичните културни настани во Охрид последниве години – староградската пловидба „Ој љубов, љубов“ – ќе се одржи вечерва по шести пат, во рамки на Алтернативното културно лето, во организација на Културолошката иницијатива „5 до 12“.Традиционално, собирот на сите пловни објекти, исклучиво со веслање, е закажан за 17:30 часот на плажата Канео, од каде што ќе се заплови до Старото пристаниште – Островче. Настанот ќе биде достапен и за посетители од копно од 18:30 часот.„Дојдете и оваа година, во еден глас да ги испееме охридските и македонските песни и да останеме доследни на нашето, од традицијата подарено“, велат организаторите.За безбедноста на присутните ќе се грижат Езерската полиција, Капетанијата на пристаништата и Црвениот крст – Охрид.Важно известување до учесниците и посетителите:Строго е забранета употреба на пиротехнички средства за време на пловидбата.Сите пловни објекти со мотор мора да се држат на безбедно растојание од веслачите и чамецот со ансамблот.Апел за коректно и одговорно однесување, за настанот да помине во духот на традицијата и со максимална безбедност.Оваа уникатна пловидба, која низ годините прерасна во симбол на културното лето во Охрид, привлекува сè поголемо внимание и се смета за едно од највредните културни освежувања во градот.

Охрид | пред 7 месеци

ohridsko-ezero

УНЕСКО даде дополнителна една година за спроведување корективни мерки за Охридскиот Регион

Македонија доби дополнителна една година од УНЕСКО за да ги спроведе неопходните корективни мерки за заштита на Охридскиот Регион и да го зачува неговиот статус на светско природно и културно наследство.Како што посочуваат од Минстерството за култура, одлуката предвидува дополнителна временска рамка од една година за реализација на активностите за заштита на вредностите на регионот, врз основа на препораките од реактивните мисии на УНЕСКО од 2020 и 2024 година и Стратегискиот план за рехабилитација.„Оваа одлука е резултат на заедничките заложби на Владата на Република Македонија и на Владата на Република Албанија, кои беа препознаени од членките на Комитетот и другите надлежни инстанци“, изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков на денешната прес-конференција, додавајќи дека станува збор за силна мотивација институциите најсериозно да пристапат кон итна имплементација на мерките.Министерот Љутков потенцираше дека Владата, преку максимален ангажман и координација на сите надлежни институции – Министерството за култура и туризам, Министерството за животна средина и просторно планирање, Управата за заштита на културното наследство, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и домашните експерти – ќе работи на зачувување на статусот на Охридскиот Регион.„Не смееме да дозволиме однос кон светското наследство како во минатото. Последните седум години речиси ништо не беше реализирано од препораките на УНЕСКО. Наместо заштита, бевме сведоци на игнорирање на експертските извештаи и системско разнебитување. Граѓаните имаат право да знаат дека токму претходната власт го доведе Охрид на работ на губење на својот статус“, рече Љутков.Од Министерството за култура изразија голема благодарност до тимот од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како и до членовите на делегацијата на Министерството за култура и туризам за успешно спроведената дипломатска мисија на сесијата во Париз.фото:Unsplash

Македонија | пред 7 месеци

nesrekja

(Видео) Тешка сообраќајна несреќа кај Охрид – едно лице загинато

Ужасна сообраќајна несреќа се случи вечерва на влезот во Охрид, близу Аеродромот односно селото Оровник.Според првичните неофицијални информации, има едно загинато лице. Интервенираше противпожарна екипа и Брза помош.Повеќе детали се очекуваат од МВР во текот на утрешниот ден.

Македонија | пред 8 месеци

ohridsko-ezero

Македонскиот бисер во голем ризик – УНЕСКО предлага Охридскиот регион да биде впишан на листата на светско наследство во опасност

Охридскиот регион се соочува со нов сериозен притисок од УНЕСКО – во нацрт-документ усвоен на 47. сесија на Комитетот за светско наследство, која се одржува во Париз, се предлага мешовитото природно и културно наследство на Охридскиот регион да биде впишано на Листата на светско наследство во опасност.Причината, како што се наведува, е продолжената деградација на заштитените вредности, вклучително и урбанистичкиот хаос, неконтролираната изградба и несоодветното институционално управување со регионот. Во документот се констатира дека државата не презела доволни мерки за спроведување на претходните препораки од УНЕСКО и не обезбедила ефективна заштита на објектите, просторот и екосистемите што се дел од светското наследство.Комитетот повторно укажува на потребата од подготвување Стратешка еколошка проценка која ќе ги опфати сите кумулативни влијанија врз заштитеното подрачје – нешто што се очекува од македонските институции веќе подолго време. Во меѓувреме, се бара целосна суспензија на измените на деталните урбанистички планови, како и одобрувањето на нови развојни проекти, особено надвор од населените места, сѐ додека не се завршат сите неопходни проценки.Во документот се нотира и стагнацијата во подготовката на новите генерални урбанистички планови за Охрид и Струга, како и отсуството на соодветни инструменти за просторно планирање на неизградените зони. Од властите се бара итна систематска проценка на негативното влијание од постојните нелегални градби, со можност за нивно отстранување или ублажување на последиците.Посебно внимание е посветено на Студенчишкото Блато, за кое УНЕСКО бара итна забрана на сите градежни активности во неговата околина, вклучително и кај комплексот „Горица 3“, сѐ додека не се направат сите релевантни проценки.Во делот на трансграничната соработка, УНЕСКО ги повикува Северна Македонија и Албанија да го зајакнат дијалогот на институционално и оперативно ниво, со цел да се обезбеди координирано и одржливо управување со целиот регион.Комитетот бара и изработка на нова студија за крајбрежната зона на македонскиот дел од езерото, како и префизибилити студија за алтернативна траса на железницата од Коридорот 8, со сите потребни еколошки и инфраструктурни анализи. Се препорачува прекин на сите активности поврзани со изградба на делниците, додека не се достават и разгледаат студиите.Во заклучокот на нацрт-одлуката се потсетува дека постојните и кумулативни влијанија – меѓу кои се еутрофикацијата на езерото, лошото просторно планирање, несоодветните интервенции и големите инфраструктурни зафати – довеле до сериозно нарушување на клучните вредности на регионот, што претставува реална закана за неговиот статус.Доколку нацрт-одлуката биде усвоена, тоа нема да значи дека Охридскиот регион се брише од листата на заштитени подрачја, туку ќе биде класифициран како регион во опасност. За дел од експертите, ваквиот чекор е можност да се добијат дополнителна поддршка, експертиза и ресурси од УНЕСКО за справување со децениските проблеми.фото: Unsplash

Македонија | пред 8 месеци

SLIKA-1-OHRID-IGRALISHTE

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини-пич терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Од срцето на македонскиот бисер Охрид, започна инспиративниот проект „Фудбалот е повеќе од игра“, чија цел е да изгради мрежа од фудбалски мини-терени низ државата.Првиот терен, гордо го носи името на охриѓанецот и поранешен македонски репрезентативец Гоце Толески — симболично признание за неговиот придонес кон спортот.„Непроценлива е честа и радоста што токму јас сум дел од овој исклучителен проект, а особено што овој прекрасен фудбалски терен го носи моето име. Искажувам искрена благодарност до компанијата Mozzart, која преку своите ангажмани постојано го поддржува развојот на спортот и го негува спортскиот дух кај младите генерации. Сѐ додека постојат вакви општествено одговорни компании што вложуваат во спортската инфраструктура, ќе постои и надежта за нови фудбалски ѕвезди. Делото на Mozzart треба да биде пример и инспирација за сите останати.” изјави македонската фудбалска звезда, Гоце ТолескиМладите фудбалски надежи на Охрид имаа чест први да го испробаат теренот, играјќи рамо до рамо со својот идол Толески. Атмосферата беше навистина спектакуларна – полна со емоции, насмевки и аплаузи од публиката.Натпреварот имаше хуманитарен карактер – секој добар потег на теренот, било да е мајсторска асистенција, одлична одбрана или погодок, ја зголемуваше донацијата што Mozzart ја упати кон здружението „Тајните на моето срце“, кое се грижи за деца со посебни потреби од Охрид.„Преку овој проект, од Охрид започнуваме приказна со срце. Задоволството е огромно кога ќе ги видиш младите спортисти со сјај во очите и желба за игра. Тие ни ја потврдуваат исправноста на нашиот избор. Првиот чекор е направен – и не застануваме тука“, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.Следни на ред за ваква спортска благодет се Велес и Свети Николе. А приказната само што започна…Фудбалот е повеќе од игра! Првиот мини-пич терен од проектот на Mozzart е веќе реалност – токму во Охрид! Теренот го носи името на фудбалската легенда Гоце Толески, а младите охридски фудбалери заедно со својот идол приредија вистински спектакл. Натпреварот имаше хуманитарен карактер – секој добар потег значеше поддршка за децата од „Тајните на моето срце“. Следни: Велес и Свети Николе! (ПР текст)

Охрид | пред 8 месеци

514615591_1209431644317990_2712395302426611115_n

„Охридски Комуналец“ со неделни активности за уредување и чистење на јавните површини

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ информира дека нивните екипи биле ангажирани на повеќе локации низ Охрид и околината во рамки на редовните активности за одржување на јавната хигиена и зеленилото.Во текот на трите фестивалски денови, службите активно учествувале во одржувањето на хигиената и зелените површини околу хотелот „Палас“ и „Кеј Македонија“, како дел од логистичката поддршка на Охридскиот вински фестивал 2025.Дополнително, хортикултурно бил уреден просторот околу новоотвореното спортско игралиште на булевар „Туристичка“, а биле реализирани и активности за косење и уредување на јавните површини на неколку улици: АСНОМ, Прва македонска ударна бригада, Лазо Трповски и 7-ми Ноември, како и на потегот кај плажите Лагадин и Пештани, во селата Лескоец и Орман, детското игралиште кај „Стобекс“, патниот правец Охрид–Свети Стефан и дрворедот на улицата „7-ми Ноември“.Паралелно, продолжуваат и акциите за цветно уредување, при што биле засадени нови цвеќиња долж пешачката патека од каналот Студенчишта до Горица, во градскиот парк, како и во село Пештани.Од претпријатието најавуваат континуирана ангажираност со цел обезбедување на почиста и поуредена животна средина за охриѓани и посетителите.

Охрид | пред 8 месеци

5E80E0E9-E96E-4E05-AE30-4C84E6D44F60

Детали за запалениот глисер: Пожарот избувнал при спуштање, оштетени се и други два-три пловни објекти

Глисерот кој утрово гореше во каналот Студенчишта се запалил при спуштање, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, за „Скопје1“. Тој посочува дека веднаш било реагирано, повреднеи дена, а пожарот оштетил и други пловни објекти.„Пожарот е настанат во момент на спуштање на глисерот во каналот. Пријавено е во 10:30 часот. Настанал пожар во пловило-глисер. Веднаш имаат интервенирано припадниците од езерската и сообраќајната полиција, како и припадниците од Армискиот центар за обука на вода. Потоа се придружуваат и пожарникарите. Повредени лица нема, предизвикана е материјална штета на глисерот на кој настанал пожарот и два-три други пловни објекти. Увидот е завршен. Јавен обвинител има добиено информација, повратно се добиени насоки за постапување“, велат од МВР.

Охрид | пред 8 месеци

5E80E0E9-E96E-4E05-AE30-4C84E6D44F60

(Видео) Изгаснат пожарот кој избувна во глисерот паркиран во Студенчишкиот канал во Охрид

Пожарот што денеска попладне избувна во глисер на Студенчишкиот канал во Охрид е изгаснат.Со брза реакција е локализиран огнот. Во инцидентот, според првичните информации, нема повредени лица.Причините за пожарот сѐ уште се утврдуваат.

Охрид | пред 8 месеци

Screenshot-2025-06-30-at-11.29.07

(Видео) Гори глисер во каналот Студенчишта во Охрид, околу него паркирани десетина други

Попладнево избувна пожар на глисер во каналот Студенчишта, во близина на Охридското Езеро. Пожарот предизвика вознемиреност кај присутните туристи и граѓани, а густ црн чад се издигаше над езерото. Околу глисерот имаше и други паркирани пловни објекти.На местото интервенираа граѓани, а има присутна и полиција. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причината за пожарот. Очевидци велат дека глисерот бил закотвен кога почнал да гори.Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

Охрид | пред 8 месеци

kaneo-1

Јапонска туристка се повредила при пад кај Канео во Охрид

Попладнево околу 14 часот, туристка од Јапонија се повредила при пад на скалите кај црквата „Свети Јован Канео“ во охридската населба Канео. Се работи за повозрасна жена која, при движење покрај карпите над јужниот брег на Охридското Езеро, изгубила рамнотежа и паднала, при што се здобила со полесни повреди.Според информациите од СВР Охрид, веднаш по пријавата на терен реагирале полициска патрола и екипа на Итна медицинска помош. Жената, која била во бесознание, била пренесена во Специјалната болница „Свети Еразмо“, каде што ѝ била укажана лекарска помош и ја стабилизирале состојбата.Увидот на полицијата покажал дека нема индиции за насилство, па случајот се води како несреќен пад.

Охрид | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања