„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

охрид

Нема фотографија

Претрес во Охрид, приведен дилер

На 08.08.2024 во 14.00 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишиле од слобода М.Ч.(47) од Охрид.При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од канабис, стебло од растението канабис, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и грендер со остатоци од марихуана.По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Македонија | пред 1 година

3-1

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода врз пожарот кај Косел

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР и хеликоптерот Х215 од хеликоптерската единица на Српското министерство за внатрешни работи дејствуваа на пожарот кај с.Косел, охридско.Во 29 циклуси хеликоптерот Бел 412 исфрли над 43 тони вода , со што дел од краците на пожарот беа ставени под контрола.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-01-at-20.22.59

(Видео) Километарски колони кон Охрид!

Продолжениот викенд традиционално ќе го наполни Охрид. Колони возила се упатија кон туристичкиот центар на Македонија.Веќе има поплаки од возачи дека од патарина до патарина на патниот правец има и по пет километри колони.Гужвите почнаа од попладнево, а ги има и вечерва. Задржувањата се подолги особено на патарините при наплата.

Охрид | пред 1 година

IMG_0602-1

(Фото) „Интервентна полиција прекина забава во Охрид“, српскиот рапер се пожали дека го симнале од сцена

Познатиот рапер Војаж кој наполни охридски клуб до последно место, морал да го прекине настапот. За ова соопшти самиот на социјалните мрежи. Тој посочува дека причината е интервенција на полицијата. Неточни се шпекулациите за било какви инциденти со убиства.„Поради претераната посетеност и безбедносната проценка на државните органи, Интервентната едниница реагираше и го прекина мојот настап и ме симна од сцена“, објави тој.Војаж и се заблагодари на публиката.„Охрид, бевте прекрасни, навистина ми е жал што настапот беше прекинат бидејќи енергијата беше неверојатна. Но не можеме против одлуките на државните органи. Јас се надевам дека наскоро ќе можеме да го надохнадиме ова, и да направиме поголем спектакл“, додаде тој.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-07-29-at-23.12.17

(Видео) Охриѓани ептен револтирани: таксистите сакаат да возат само странци!

Охрид е преполн за Илинден, а особено атрактивен поради бројните концерти. Но истовремено, охриѓани освен со гужвите, се справуваат и со таксистите.На страницата „Охриѓани“ е објавена снимка од која се гледа како жител не може да дојде до такси оти таксистите сакаат да возат странци за да им земат повеќе пари.„Бате ни го прати видеово, таксисти не го возеле од центар до кј црногорци за 500 денари зш била кратка релацијата“, велат од „Охриѓани“.

Охрид | пред 1 година

pozar-ohrid

(Видео) Црн чад над Охрид: повторно запалена депонијата на влез од градот

Во една недела, по вторпат е запалена депонијата кај Мауцхер, на самиот влез од Охрид. Ова се случува среде туристичка сезона, кога градот е преплавен со туристи.Со оглед дека времето не е со екстремно високи температури, предизвикувач на пожарот веројатно е човечки фактор.Противпожарната единица на Охрид од ноќеска го гасне пожарот, но сепак, чадот се гледа од сите делови на Охрид бидејќи надвиснува над градот.

Охрид | пред 1 година

zaliv_na_koskite

Скопјанка настрада: се качила на ограда кај охридскиот “Залив на коски” и паднала во провалијата

На 06.07.2024 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди.Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-14.31.02

Турист паднал во амбис во Охрид: спасувачка акција со среќен крај

Охридската Противпожарна служба имаше спасувачка акција. Турист паднал во амбис, а тое го извлекоа и пренесоа на безбедно.„Уште една успешна спасувачка акција на нашите пожарникари-спасители ! Интервентната екипа на Тппе Охрид изврши извлекување на повреден турист паднат во амбис ,во близина на х.Десарет.Повреденото лице е лоцирано и безбедно е транспортирано на пловен објект за понатамошно лекување“, велат од Противпожарната бригада.

Охрид | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-7280PM

Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум

Турист од Холандија бил каснат од отровна змија, но во болницата во Охрид немале серум па со санитетско возило бил транспортиран во болницата во Дебар каде му бил спасен животот. Директорот на дебарската болница вели дека многупати спасуваат животи на лица каснати од змија, често пати се работи и за жители од Албанија кои живеат блиску до границата, бидејќи нив болницата во Пешкопеја им е подалеку од дебарската болница.Во изминатите неколку дена во Општата болница со прширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи.„Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-53-0220PM

Трагедија: Маж се удави во Охридско Езеро

На 07.06.2024 година во 20.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на месноста „Баден“ во близина на охридското село Љубаништа, удавен пронајден е Л.М.(54) од Неготино.

Охрид | пред 1 година

Foto-2

Претседателката Сиљановска Давкова ги врачи наградите за најуспешните на годинашното издание на „Охрид трчаТ“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, во Охрид, ги врачи наградите за најдобро пласираните учесници на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.Милјана Ристиќ од Македонија во женска и Дарио Ивановски од Македонија во машка конкуренција, се првопласирани на главната трка на 21 километар, а Мирослав Спасов од Бугарија го освои првото место на трката на 5 километри.Претседателката изрази задоволство од високиот потенцијал и посветеност на годинашните натпреварувачи, кои што несомнено ќе придонесат за нивните идни значајни маратонски подвизи. Особена благодарност упати и до организаторите на годинашниот Охрид трчаТ“, за успешно реализираниот атлетски викенд, со рекордни 2200 учесници од 31 земја.

Македонија | пред 1 година

ohrid6

Охридската територијалната противпожарна единица го одбележа денот на пожарникарите

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска присутвуваше на пригодниот настан во Територијалната противпожарна единица во Охрид, по повод 20-ти мај, Денот на пожарникарите.Тој упати голема благодарност и честитки до пожарникарите за нивната пожртвуваност во извршување на работните задачи и потенцираше дека Локалната самоуправа во континуитет работи на подобрување на условите за работа на службата, набавка на дополнителна опрема и возила.Командирот на Територијалната противпожарна единица, Борко Јанкулоски истакна охридската противпожарна единица брои вкупно 39 пожарникари и е една од најекспедитивните, скоро најдобро опремена и подготвена во секое време да реагира на било каква интервенција.Од почетокот на оваа година до денес охридските пожарникари имале вкупно 202 интервенции од кои 152 пожари на објекти, отворен простор и пожари на сообраќајни средства.

ОО | пред 1 година

ohrid5

Генералка викенд во Охрид

Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат кон големата aкција за чистење „Генералка Викенд“ која ќе се одржи утре, на 17.05.2024 година (петок) со почеток во 9 часот.Оваа еколошка акција е во организација на компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.Според планираното, во Охрид ќе се чистат плажите од хотел „Метропол“ до камп „Елешец“, „Горица“, „Св.Стефан“ и село Пештани. Во акцијата ќе земат учество и „Шпаркасе Банка“ и „Kостал Македонија“ Дооел. Основните училишта од Охрид и градинката ќе учествуваат со чистење на своите дворни места.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.Оваа година во акцијата „Генералка Викенд“ ќе се чисти во сите општини и на околу 300 локации. Во акцијата се очекува да учестуваат повеќе од 16.000 волонтери, над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и повеќе од 300 образовни институции.

ОО | пред 1 година

ohrid4

Едукативната кампања „Крени глас против врсничко насилство“ се реализира и во Охрид

Ученици од 6-то до 9-то одделение од сите охридски основни училишта беа дел од работилниците кои се одржаа денеска во Големата сала на Општина Охрид, во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“ поддржана од компанијата „Макпетрол“.Активнистите од оваа едукативна кампања се рализираат врз основа на Mеморандум за соработка, кој беше склучен помеѓу оваа компанија и Општина Охрид.Целта на работилниците e директно вклучување на младите во процесот на спречување на физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството. Учениците имаа можност разговараат за другарството и соработката со своите врсници, но и за насилството и начините на кои може да се спречи појавата на конфликтите.Во рамки на кампањата ќе биде опфатен и наставниот кадар, кој преку конкретни насоки ќе треба да рализира дополнителни активности во самите училишта.

ОО | пред 1 година

ohrid3

Финале на ,,Боксерски опен балкан куп" и Меморијален боксерски турнир „Алексо Огненовски“

На боксерски ринг поставен на отворено во близина на кејот на Охридското Езеро, вчеравечер во Охрид се одржа Финалето на Опен балкан купот во бокс и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“.Организатор на овој спортски настан е охридскиот Боксерски клуб „Алексо Огненовски“ со поддршка на Боксерскиот сојуз на Србија и Општина Охрид.На свеченото отворање на натпреварот свое обраќање имаше градоначалникот, Кирил Пецаков.По вторпат присуствуваме на спортскиот настан, посветен на големиот спортски учител и педагог, родоначалникот на боксот во Охрид, незаборавниот Алексо Огненовски. Племенитата вештина во Охрид, ја донесе човекот кој беше и племенита и благородна душа. Нема охриѓанец, кој што барем малку се бавел со било кој спорт, а да не го знае името на “Алексо боксерот“, како што беше познат меѓу охриѓани, легендарниот спортски работник Алексо Огненовски.Упатувам искрени честитки до БК кој го носи неговото име, за вложениот напор за организација на ваков ревијален меѓународен натпревар, кој претставува уште една значајна манифестација во севкупната понуда на Охрид, рече градоначалникот Пецаков и упати покана до сите гости и учесници на настанот, да го искористат престојот во нашиот најголем туристички центар и да уживаат во природните и културните убавини.

ОО | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања