Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Crven-Krst20250310020

На пригодна свеченост која се одржа денеска во Големата сала на Општина Охрид беше одбележан јубилејот 80-години делување на Црвен Крст, Охрид.

На пригодна свеченост која се одржа денеска во Големата сала на Општина Охрид беше одбележан јубилејот 80-години делување на Црвен Крст, Охрид.Пред присутните гости, хуманисти, крводарители, активисти и млади волонтери свое обраќање имаше градоначалникот Кирил Пецаков.Crven-Krst20250310019– Секое добро дело што ќе го направиме, прави разлика во нечиј живот. Нема поголема радост од тоа да помогнеш без да очекуваш нешто за возврат.Почитувани присутни, драги гости, ценети хуманисти. Голема е честа и гордоста што како градоначалник на Охрид имам можност да бидам дел од свечениот настан со кој се одбележуваат осум децении од солидарноста и првите организирани активности за помош на најранливите во нашиот град.Црвен крст Охрид не е само организација – тој е пулсот на човекољубието, светлина во мракот и силна надеж за тие што ја изгубиле. Овој значаен јубилеј е доказ дека хуманоста е темел што не обединува. Бројни се волонтерите и активистите, кои низ годините го оставиле своето срце во секој гест на добрина. Со длабока почит се поклонуваме пред сите што ја испишаа оваа приказна. Пред оние кои беа тука пред нас, пред оние кои денес ја продолжуваат мисијата и пред сите што во иднина ќе го носат овој аманет.Денес, кога охридскиот Црвен Крст одбележува 80 години од своето постоење, Општина Охрид изразува искрена благодарност за долгогодишната плодна соработка. Нашето партнерство е сведоштво за заедничката заложба, да обезбедниме помош онаму каде што е најпотребна.Преку бројни акции, проекти и поддршка на ранливите категории, заедно создадовме мост на надеж и човечност. Општина Охрид и во иднина ќе ја продолжи оваа соработка, уверени дека заедно можеме да направиме уште повеќе за доброто на нашите сограѓани.Ви благодариме за вашата несебична работа и ви посакуваме уште многу успешни години во исполнување на вашата возвишена задача. Нека оваа јубилејна година биде поттик за уште повеќе добри дела, за уште посилна хуманост!Почитувани, ова мое обраќање до вас ќе го завршам со зборовите на нашата најголема хуманистка Мајка Тереза „Секој од нас чувствува дека она што го прави е само една капка во океанот. Но ако не правиме ништо, океанот ќе биде посиромашен за таа една капка.“ Нека оваа мисла биде наша водилка, која ќе ни го покаже патот кон позитивните промени кои сакаме да ги видиме во Светот и во нашиот Охрид, истакна Пецаков во своето обраќање.Во знак на благодарност за досегашната успешна соработка со Општина Охрид, од страна на Црвениот Крст, на градоначалникот, Кирил Пецаков му беше доделено јубилејно признание.Свечениот настан беше отворен со видео презентација за историјата на функционирањето на Црвениот Крст во Република Македонија, а беа прикажани и видео материјали во кои беа претставени активностите и успешните проекти на оваа хуманитарна организација на државно ниво и на ниво на Општина Охрид. На настанот свое обраќање имаше претседателот на ОО Црвен Крст, Охрид, Сашо Точков и претседателот на Црвениот Крст на Република Македонија, Ромел Велев.Во рамки на настанот беше отворена и кратка дискусија со присутните, во чии рамки дел од волонтерите и активистите на организацијата го споделија своето искуство од работењето на бројните програми кои се имплементираат од страна на Охридскиот Црвен Крст.https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d0%b1%d0%b5%d0%bb%d0%b5%d0%b6%d0%b0%d0%bd-%d1%98%d1%83%d0%b1%d0%b8%d0%bb%d0%b5%d1%98%d0%be%d1%82-80-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d1%86%d1%80%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%ba%d1%80%d1%81/?fbclid=IwY2xjawJPnAFleHRuA2FlbQIxMQABHZzlpHlDA3TLu6F2E2Y8H-PCPy9aQTdYyDX6RnaDx6CK0BmR8ehCrBFSGw_aem_neIWN-r1bnE9Xn5h16LtCg 

ОО | пред 11 месец

ikona-ohrid

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕФИЦИТАРНИ ЗАНАЕТИ И ЗАНАЕТИ КОИ БЕЛЕЖАТ НАМАЛУВАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ВО КОНТИНУИТЕТ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД

Согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2025 година, Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Охрид за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општина Охрид, со бр.09-2519/1 од 24.02.2025 година објавува:https://ohrid.gov.mk/%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%83%d0%b1%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%80%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d0%b5%d1%84/?fbclid=IwY2xjawJPm9lleHRuA2FlbQIxMQABHeMs6ZS8bVekETFYQBgmSPf-FTeAmghgShYtQ8OSodbAVgYrjNtVPiyy2g_aem_Uf7H8KDwlFdE1j2YjBLodA

ОО | пред 11 месец

8-mi-Mart20250308010-1

Културни настани за 8-ми март

Со богата културно уметничка програма што вечерва се одржа во ЦК „Григор Прличев“ Општина Охрид, Женскиот Центар „Бисера“ и фото клуб „Охрид“ го одбележаа 8-ми Март – Меѓународниот ден на жената.„Жени во фокусот“ беше изложбата на фотографии од 12 жени на Нина Ангелоска, а на настанот пригодно обраќање имаше Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиноски:8-mi-Mart20250308001 -Драги дами, прекрасни суштества без кои не може да се замисли овој Свет, верувајте ова е настан на кој е најтешко да се одржи говор да се најде збор со кој ќе се опише вашата суштина и лик. Вие сте идеален склоп на нежни, кревки и грациозни суштества од една и силни, непобедливи и горди лавици од друга страна. Нежни сопруги, пожартвувани мајки и силни личности кои најдобро се справуваат со сите животни предизвици.Мајки , жени, тетки, баби…., кралици нека ви е честит 8-ми март – Меѓународниот ден на жената.Ако вас ве немаше ќе ја немаше и суштината на овој Свет, не ќе постоеше човештвото и убавината што вие ја дарувате. Не случајно матријархатот преовладувал во старо време, а вербата во мајката Божја е доминантна и над се во што ние веруваме и го негуваме.Чест ми е што присуствувам на отворањето на оваа изложба „Жени во фокусот“, преку вас 12 жени кои доаѓате од различни општествени сфери овој настан го посветуваме на сите припаднички на понежниот пол. Бројот 12 е само симболика. На вашите животни приказни се восхитуваме сите ние. Но секоја жена, домаќинка, работничка на машина, учителка или адвокат е подеднакво вреедна и ценета за сите нас.„Вистинската убавина не е поврзана со бојата на вашата коса или бојата на вашите очи. Вистинската убавина е поврзана со вас и вие како човечко суштество, со вашите принципи и вашиот морален компас“ .Секогаш наоѓајте причини за насмевки , а ние ќе се трудиме да создаваме поводи за тоа затоа што „Една жена чијашто насмевка е отворена, и чијшто израз е мил има убавина без разлика на тоа што облекла на себе“.Бидете ни здрави радосни и секогаш среќни затоа што Светов без вас е невозможен– рече Божиноски.Во рамки на случувањето се одржа и музичко – поетска вечер „Мевлем“, а учесници беа Марко Виденовиќ на пијано, Памела Велкова и Верица Ајтовска на виолина и Енис Аљи на виолончело.Претходно Здружението на жени „Бисера“ со изложба од жени сликарки ја одбележа 30 годишнината од своето постоење, а беа доделени и благодарници на успешни жени. Во рамки на празнувањето беа изложени и слики „Фрагменти на таа што создава“ од Фото клуб – Охрид.https://ohrid.gov.mk/%d0%ba%d1%83%d0%bb%d1%82%d1%83%d1%80%d0%bd%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-8-%d0%bc%d0%b8-%d0%bc%d0%b0%d1%80%d1%82/?fbclid=IwY2xjawJPm5JleHRuA2FlbQIxMQABHcXehgKIhAQCUi61hAmluoZfo8ucHV3rmDCaC9PB5y4-y9VqM4AIYCNY6A_aem_XLgN4ZX17u8a06iFKPvO3A

ОО | пред 11 месец

Screenshot-2025-03-25-at-15.22.04

Изложба на фотографии ,,Жени во фокусот" и музичко-поетски рецитал ,,Мевлем"

Изложба на фотографии ,,Жени во фокусот" и музичко-поетски рецитал ,,Мевлем"

ОО | пред 11 месец

debata_bezbednost20250307001

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со учесниците на „Школата за безбедност 2025“

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари средба со учесниците на „Школата за безбедност 2025“ која се одржува во Охрид и Скопје од 6-ти до 8-ми март.На средбата беше отворена кратка дискусија на која градоначалникот Пецаков ги запозна студентите со мерките и активностите кои Охридската локална самоуправа ги презема во делот на справувањето со кризи. Тој потенцираше дека формиран е Штаб за заштита и спасување на Општина Охрид кој е постојана соработка со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување. Исто така, ги информираше гостите дека општината има донесено Програма од областа на заштита и спасување, управување со кризи и ревитализација по елиминирање на кризи,  а со новата систематицација во рамки на Локалната самоуправа е формирано Одделение за заштита и спасување и управување со кризи.На средбата беше потенцирано дека Општина Охрид веќе е дел од Иницијативата за отпорни градови  Making Cities Resilient 2030 (MCR2030) во рамки на Канцеларијата на ООН за намалување на катастрофи, а беше разговарано и за иницијативата за формирање на комунална полиција, која значително ќе придонесе за безбедноста во Охрид, особено во периодот на летната туристичка сезона.Градоначаникот Пецаков одговори и на низа прашања поврзани со актуелените теми за безбедност и заштита од природни непогоди на локално ниво, актуелните проекти и предизвиците со кои се соочува Општина Охрид во неколку области од работењето.„Школата за безбедност 2025“ е во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“ и на неа учествуваат студенти од Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Факултетот за политички студии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Софија, Бугарија и Факултетот за политички науки при „Белградскиот универзитет“ од Белград, Србија.

ОО | пред 11 месец

ikona-ohrid

ОДЛУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА ЗА ПЛАНСКИОТ ДОКУМЕНТ ДУП ЗА УЗ 8 УБ 8.1 ОПФАТ 4, ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15,  129/15, 39/16 ,  99/18, 89/22 и 171/22 ), Општина Охрид,  на ден 06.03.2025 година,  донесе:https://ohrid.gov.mk/%d0%be%d0%b4%d0%bb%d1%83%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%b3%d0%b8%d1%81%d0%ba-21/?fbclid=IwY2xjawJPmrZleHRuA2FlbQIxMQABHWXxYcBrx32eKh-C4rywLmnnOF8toYHpQXDR04d6ig05lV5ZytKlsdfIGA_aem_Q4y00filoNluaNmloO00-w

ОО | пред 11 месец

IMG-93f193319a57e8866b757aab739ebe59-V

Спортски ден во ООУ „Живко Чинго“

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески претпладнево во спортската сала Тодор Александров во с. Велгошти се обрати на отворањето на Спортскиот ден што го организира ООУ „Живко Чинго“ и Сојузот на училишен спорт од Охрид , а по повод 144 години од раѓањето на македонскиот револуционер и великан Александров.Во своето обраќаање Секретарот Китески истакна:– Охрид во изминатите неколку години прерасна во партнер на спортот во Охрид. Континуираното инвестирање во спортот, во спортската инфраструктура, во поединците веќе вродува со плод, за кое што лично можам да кажам дека сум многу горд. Охрид живее во духот на спортот.Во оваа прилика сакам да изразам благодарност до оранизаторите на овој настан, бидејќи нивните активности за афирмација и подигање на спортската култура особено кај најмалдите се во корелација со заложбите на Општина Охрид.Незимерна е радоста да се гледа во деца чии лица ги краси насмевка и задоволство. Токму такви се лицата денес на учесниците на овој спортски ден. Она што го прави посебен овој настан е тоа што преку спортска игра ќе научите дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе ви помогнат така да се однесуваат и во сите други области во понатаможниот живот.Дополнителен бенефит на ваквите манифестации е тоа што придонесуваат за правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата. Со правилен психо-физички и социјален развој градиме здрава иднина, како што вели народната поговорка, „Во здраво тело – здрав дух“.За крај од моето обраќање дозволете ми да ги употребам зборовите од американскиот спортист Џим Валвано, „Никогаш не се откажувајте, Падовите и неуспесите се првиот чекор кон успехот!“-подвлече Китески.Младите спортски таленти се натпреваруваа во дисциплините фудбал, баскет за машки и женски екипи, пинг понг и шах за мажи и жени. Подобрите во натпреварувачкиот дел ќе бидат наградени со пехари и медали.

ОО | пред 11 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-4810PM

Скопјанец тешко повреден, по несреќа на влезот од Охрид

Денеска (23.03.2025) во 00.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – село Подмољје, патничко возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 11 месец

policacec-ohrid

Судир меѓу мопед и автомобил: малолетничка е со тешки повреди

На 10.03.2025 во 19.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека во с.Велгошти, охридско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од с.Велгошти и мопед „лонгиа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Лешани, општина Дебрца.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мопедот, а со телесни повреди се здобиле малолетникот кој го управувал мопедот и возачот Д.Ш., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница - Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 11 месец

480745582_1106612814599874_954231698112237861_n

„Охридски Комуналец" заедничка акција со Н.П. Галичица и волонтери за расчистување на диви депонии во Трпејца

„По иницијатива на Ј.П.,,Охридски Комуналец" заедничка акција со Н.П. Галичица и волонтери за расчистување на диви депонии во Трпејца“, објави Ј.П. „Охридски Комуналец“-Охрид и додаваат:Во координирана заедничка акција со Н.П. Галичица и волонтери - месно население и членови од Здружението на љубители и подржувачи на Н.П. Галичица, денес се расчистија мапираните диви депонии на три локации во с.ТрпејцаСо вонреден ангажман на сите учесници во оваа акција беа подигнати 22 м3 отпад, каде најзастапен беше кабаст отпад. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме во подигнувањето на јавната еко-култура за зачувување на природно богатство, а како експлицитен пример е рибарското село Трпејца кое со својата местоположба, сместено во подножјето на планината Галичица, покрај брегот на Охридското Езеро, никого не остава рамнодушен“.

Охрид | пред 1 година

ohrid

Охриѓанец агресивно се однесувал со полицајци

На 09.02.2025 во 01.45 часот во близина на угостителски објект на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, приведен е  Р.М.(30) од Охрид затоа што агресивно се однесувал кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 1 година

Нема фотографија

(Видео) Пецаков: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

„Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и туристички потецијали е многу значаен центар на Македонија и затоа заслужува да сјае како вистински бисер на развојот, во секоја сфера од живеењето“, кажа Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид.„Со големо задоволство, можам да кажам дека како посветена локална власт, во изминатите три години гордо чекориме по зацртаниот пат за напредок и обезбедување подобри услови во сите урбани и рурални средини.Од десетте приоритетни проекти кои ги ветивме на почетокот на мандатот, девет проекти се финализирани или се во напредна фаза на реализација. Ова претставува исклучителен успех кој ја потврдува мојата доследност и големата ангажираност на тимот со кој работам.Како прво и најважно, би сакал да потсетам дека Општина Охрид беше најзадолжена општина во државата, но со голем труд и финансиска дисциплина, успеавме да го завршиме процесот на раздолжување и да ја одблокираме сметката. Сега општината може да гради буџет на здрава основа и е подготвена за капитални инвестиции, големи проекти и користење на средствата од меѓународни фондови.Реализиравме низа проекти за изградба и реконструкција на комуналната и сообраќајната инфраструктура. Дваесетина градски улици и голем број локални патишта добија нова функционалност, симболизирајќи ја обновата на Охрид како урбана и модерна заедница. Современ лик добија улиците „Македонски Просветители“ и „7-ми Ноември, а улицата „Гоце Делчев“ е во завршна фаза од реконструкцијата. Поставивме асфалт на педесетина локации во сите рурални средини, изградивме потпорни ѕидови, поставивме нови водоводни линии и системи за отпадни води. Го ставивме под контрола урбанистичкото планирање и завршивме илјадници предмети за легализација кои беа заглавени со години.Особено внимание посветивме на образовните институции, знаејќи дека се тие камен-темелник за иднината. Тука се голем број проекти за реконструкција на објектите од средното образование, економското училиште и гимназијата, каде што се инвестирани значителни средства. Исто така, го решивме проблемот со ООУ „Кочо Рацин“ кое наскоро ќе биде дислоцирано во нови современи простории во Охридската касарна. Градиме нова спортска сала во ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец и извршивме комплетна реконструкција на ООУ „Свети Наум Охридски“ во Пештани.Во насока на обезбедување на подобри услови за спортскиот развој на децата, изградивме нови спортски и детски игралишта и комплетно ги реконструиравме постоечките. Отворањето на првиот Младински центар во Охрид ја покажува вистинската грижа која ја имаме за младите. Со овој проект нашата општина стана лидер и пример за креирање на младински политики во Македонија.Бевме исклучително посветени на културната дејност и развојот на спортот и поддржавме низа важни манифестации и настани. Тука би сакал да ги издвојам Фестивалот на вино, Ohrid Water Festival и Охридскиот џез фестивал, како нови содржини кои ја збогатија туристичката понуда на Охрид, надвор од шпицот на летната сезона.Со знаење, чесна и транспарентна работа, промените, проектите и победите јасно се гледаат во Охрид. Изразувам длабока благодарност на сите граѓани за довербата, соработката и за поддршката која секојдневно ни ја даваат. Пред нас стојат нови предизвици и со заеднички сили, продолжуваме да работиме за подобра иднина на Охрид, за нашите семејства и за сите генерации што доаѓаат“, изјави Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-05-at-13.31.09

Од печат излезе археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“

Под мое покровителство од печат излезе археолошкиот труд „Охридска археолошка азбука“ што денес се промовираше во големта општинска сала, велат од Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид и додаваат:Ова големо по значење дело за мали ученици е бесплатно доделено на 700 третоодделенци од охридските основни школи. “Охридската археолошка азбука“ со бројни илустрации и шаренило на околу 80-ина страници е богата со скапоцени содржини. Нашите дечиња ќе се сретнуваат со досега нечуени но битни термини и поими средени од А до Ш. Ќе разберат што е тоа Археологија, Базилика, Византија, Глаголица, Дасарети, Ѓакон, Евангелие, Житие, Залив на коските, Свонлик кратер, Имарет, Јазик старословенски, Кадмо, Лихнидос и ред други поими.Автори на „Охридската археолошка азбука“ се факултетските професори Антонио Јакимовски, Елизабета Томевска-Илиевска, Маја Јаневска и младиот археолог, Иван Малезанов.Во трудот има 89 археолошки поими, а 26 се однесуваат за Охрид.

Охрид | пред 1 година

469045869_1086307603509253_910978491683819118_n

Триесет и пет дрва од видот „чинар“ покрај Охридското Езеро

„Триесет и пет дрва од видот „чинар“, денес, беа засадени покрај Охридското Езеро со цел да се збогати зеленилото на пешачката патека од плажата Куба Либре до плажата Горица“, вели Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид и додава:Оваа акција ја спроведовме заедно со менаџментот и вработените од ТАВ Македонија и подружница на ТАВ Аеродроми. Во подготовката на теренот и садењето учествуваа и вработените од ЈП „Охридски комуналец“.Садниците се донација од ТАВ Македонија како дел од нивната програма за корпоративна општествена одговорност, што ја поздравувам и се надевам дека во иднина оваа соработка ќе ја издигниме на уште повисоко ниво.

Охрид | пред 1 година

Нема фотографија

Општина Охрид ги потсетува фирмите да си платат фирмарина

Општина Охрид ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата во Законот за даноци на имот (Сл. весник на РМ бр. 61/2004…151/21, 118/24”) и согласно одредбите во Законот за комунални такси ( сл. весник на РМ бр. 61/04 … 23/16,) во тек е постапка за присилна наплата по основ на комунална такса за фирмарина за 2022 година.Сите обврзници на комунална такса –фирмарина кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, да ги подмират своите обврски, најдоцна до 06. 12.2024 год. Воедно, Ве информираме дека секое регистрирано лице како трговец поединц или правно лице има достапен увид во неговата финансиска картица, увид во изготвените решенија по кои се задолжени и истите може да ги платат електронски преку линкот за е-даноци на официјалната веб страна на Општина Охрид (https://edanoci.ohrid.gov.mk/), велат од Општина Охрид.Потсетуваат дека во месец септевмри и октомври годинава, Општина Охрид испрати електронски Опомени за неплатена комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица (т.е. трговци поединци и занаетчии) кои вршат дејност на територија на Општина Охрид.Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Општина Охрид е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници. Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение се изготвува решение за блокада на банкарсктие сметки на обврзниците, додаваат од Општина Охрид.

Охрид | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања