Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Screenshot-2024-07-29-at-23.12.17

(Видео) Охриѓани ептен револтирани: таксистите сакаат да возат само странци!

Охрид е преполн за Илинден, а особено атрактивен поради бројните концерти. Но истовремено, охриѓани освен со гужвите, се справуваат и со таксистите.На страницата „Охриѓани“ е објавена снимка од која се гледа како жител не може да дојде до такси оти таксистите сакаат да возат странци за да им земат повеќе пари.„Бате ни го прати видеово, таксисти не го возеле од центар до кј црногорци за 500 денари зш била кратка релацијата“, велат од „Охриѓани“.

Охрид | пред 1 година

pozar-ohrid

(Видео) Црн чад над Охрид: повторно запалена депонијата на влез од градот

Во една недела, по вторпат е запалена депонијата кај Мауцхер, на самиот влез од Охрид. Ова се случува среде туристичка сезона, кога градот е преплавен со туристи.Со оглед дека времето не е со екстремно високи температури, предизвикувач на пожарот веројатно е човечки фактор.Противпожарната единица на Охрид од ноќеска го гасне пожарот, но сепак, чадот се гледа од сите делови на Охрид бидејќи надвиснува над градот.

Охрид | пред 1 година

zaliv_na_koskite

Скопјанка настрада: се качила на ограда кај охридскиот “Залив на коски” и паднала во провалијата

На 06.07.2024 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди.Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2024-06-27-at-14.31.02

Турист паднал во амбис во Охрид: спасувачка акција со среќен крај

Охридската Противпожарна служба имаше спасувачка акција. Турист паднал во амбис, а тое го извлекоа и пренесоа на безбедно.„Уште една успешна спасувачка акција на нашите пожарникари-спасители ! Интервентната екипа на Тппе Охрид изврши извлекување на повреден турист паднат во амбис ,во близина на х.Десарет.Повреденото лице е лоцирано и безбедно е транспортирано на пловен објект за понатамошно лекување“, велат од Противпожарната бригада.

Охрид | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-42-7280PM

Холандски турист каснат од змија со итна помош однесен во Дебар зашто во Охрид немале серум

Турист од Холандија бил каснат од отровна змија, но во болницата во Охрид немале серум па со санитетско возило бил транспортиран во болницата во Дебар каде му бил спасен животот. Директорот на дебарската болница вели дека многупати спасуваат животи на лица каснати од змија, често пати се работи и за жители од Албанија кои живеат блиску до границата, бидејќи нив болницата во Пешкопеја им е подалеку од дебарската болница.Во изминатите неколку дена во Општата болница со прширена дејност во Дебар, антивиперин, серум против змиски отров, добиле две лица странски државјани, со што се спасени нивните животи.„Во едниот случај станува збор за лице од соседните албански населени места, во чии амбуланти во моментот немало серум, а додадено на тоа поради фактот што нашата болница е поблиску од регионалната во Пешкопеја, потребната помош се дава побрзо и навреме. Доколку во период од 3 до 4 часа не се добие ваков серум настапува смрт“, вели за МИА, директорот Јетлумт Пашоли.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-53-0220PM

Трагедија: Маж се удави во Охридско Езеро

На 07.06.2024 година во 20.50 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на месноста „Баден“ во близина на охридското село Љубаништа, удавен пронајден е Л.М.(54) од Неготино.

Охрид | пред 1 година

Foto-2

Претседателката Сиљановска Давкова ги врачи наградите за најуспешните на годинашното издание на „Охрид трчаТ“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска, во Охрид, ги врачи наградите за најдобро пласираните учесници на осмото издание на атлетскиот викенд „Охрид трчаТ“.Милјана Ристиќ од Македонија во женска и Дарио Ивановски од Македонија во машка конкуренција, се првопласирани на главната трка на 21 километар, а Мирослав Спасов од Бугарија го освои првото место на трката на 5 километри.Претседателката изрази задоволство од високиот потенцијал и посветеност на годинашните натпреварувачи, кои што несомнено ќе придонесат за нивните идни значајни маратонски подвизи. Особена благодарност упати и до организаторите на годинашниот Охрид трчаТ“, за успешно реализираниот атлетски викенд, со рекордни 2200 учесници од 31 земја.

Македонија | пред 1 година

ohrid6

Охридската територијалната противпожарна единица го одбележа денот на пожарникарите

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска присутвуваше на пригодниот настан во Територијалната противпожарна единица во Охрид, по повод 20-ти мај, Денот на пожарникарите.Тој упати голема благодарност и честитки до пожарникарите за нивната пожртвуваност во извршување на работните задачи и потенцираше дека Локалната самоуправа во континуитет работи на подобрување на условите за работа на службата, набавка на дополнителна опрема и возила.Командирот на Територијалната противпожарна единица, Борко Јанкулоски истакна охридската противпожарна единица брои вкупно 39 пожарникари и е една од најекспедитивните, скоро најдобро опремена и подготвена во секое време да реагира на било каква интервенција.Од почетокот на оваа година до денес охридските пожарникари имале вкупно 202 интервенции од кои 152 пожари на објекти, отворен простор и пожари на сообраќајни средства.

ОО | пред 1 година

ohrid5

Генералка викенд во Охрид

Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ Охрид, се приклучуваат кон големата aкција за чистење „Генералка Викенд“ која ќе се одржи утре, на 17.05.2024 година (петок) со почеток во 9 часот.Оваа еколошка акција е во организација на компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и „НУЛА отпад“.Според планираното, во Охрид ќе се чистат плажите од хотел „Метропол“ до камп „Елешец“, „Горица“, „Св.Стефан“ и село Пештани. Во акцијата ќе земат учество и „Шпаркасе Банка“ и „Kостал Македонија“ Дооел. Основните училишта од Охрид и градинката ќе учествуваат со чистење на своите дворни места.Целта на акцијата е подигнување на еколошката свест за одговорност кон животната средина и природата. Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани граѓани да земат учество во акцијата.Оваа година во акцијата „Генералка Викенд“ ќе се чисти во сите општини и на околу 300 локации. Во акцијата се очекува да учестуваат повеќе од 16.000 волонтери, над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и повеќе од 300 образовни институции.

ОО | пред 1 година

ohrid4

Едукативната кампања „Крени глас против врсничко насилство“ се реализира и во Охрид

Ученици од 6-то до 9-то одделение од сите охридски основни училишта беа дел од работилниците кои се одржаа денеска во Големата сала на Општина Охрид, во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“ поддржана од компанијата „Макпетрол“.Активнистите од оваа едукативна кампања се рализираат врз основа на Mеморандум за соработка, кој беше склучен помеѓу оваа компанија и Општина Охрид.Целта на работилниците e директно вклучување на младите во процесот на спречување на физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството. Учениците имаа можност разговараат за другарството и соработката со своите врсници, но и за насилството и начините на кои може да се спречи појавата на конфликтите.Во рамки на кампањата ќе биде опфатен и наставниот кадар, кој преку конкретни насоки ќе треба да рализира дополнителни активности во самите училишта.

ОО | пред 1 година

ohrid3

Финале на ,,Боксерски опен балкан куп" и Меморијален боксерски турнир „Алексо Огненовски“

На боксерски ринг поставен на отворено во близина на кејот на Охридското Езеро, вчеравечер во Охрид се одржа Финалето на Опен балкан купот во бокс и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“.Организатор на овој спортски настан е охридскиот Боксерски клуб „Алексо Огненовски“ со поддршка на Боксерскиот сојуз на Србија и Општина Охрид.На свеченото отворање на натпреварот свое обраќање имаше градоначалникот, Кирил Пецаков.По вторпат присуствуваме на спортскиот настан, посветен на големиот спортски учител и педагог, родоначалникот на боксот во Охрид, незаборавниот Алексо Огненовски. Племенитата вештина во Охрид, ја донесе човекот кој беше и племенита и благородна душа. Нема охриѓанец, кој што барем малку се бавел со било кој спорт, а да не го знае името на “Алексо боксерот“, како што беше познат меѓу охриѓани, легендарниот спортски работник Алексо Огненовски.Упатувам искрени честитки до БК кој го носи неговото име, за вложениот напор за организација на ваков ревијален меѓународен натпревар, кој претставува уште една значајна манифестација во севкупната понуда на Охрид, рече градоначалникот Пецаков и упати покана до сите гости и учесници на настанот, да го искористат престојот во нашиот најголем туристички центар и да уживаат во природните и културните убавини.

ОО | пред 1 година

ohrid2

Охрид домаќин на Државното првенство во атлетика за основни и средни училишта

Вкупно 220 ученици од основните и средните училишта од Република Македонија се натпреваруваа на Државното првенство во атлетика, кое се одржа денеска во Охрид.На свеченото отворање на настанот, во името на Локалната самоуправа се обрати советникот во Советот на Општина Охрид, Горан Маркоски.Ни претставува голема чест и задоволство што Охрид е домаќин на овогодинешното издание на Државниот натпревар во атлетика, кој го организира Федерацијата на училишен спорт.Овој спортски настан им овозможува на младите атлетичари да ги презентираат своите способности, да се мотивираат и да се инспирираат за поголеми спортски успеси. Спортот, а особено атлетиката им помага на младите да изградат дисциплина, тимски дух и самодоверба, што се важни квалитети во секој аспект на нивниот живот.Особено сме горди што Охрид е пример за град кој дава значителна поддршка на спортот, а особено на атлетиката.Преку инвестирањето во спортската инфраструктура и организирањето на големи атлетски настани, им овозможуваме на атлетичарите достоинствени услови за спортски развој. Овој вид на поддршка не само што го зголемува интересот за спорт кај локалната заедница, туку и го зголемува престижот на градот како спортска дестинација.Атлетиката отсекогаш, заслужено го носи епитетот „Кралица на спортовите“, затоа што атлетичарите се вистински симбол на брзина, сила и издржливост. Во мое лично име и во името на Општина Охрид Ви посакувам да остварите високи резултати во сите дисциплини на овој натпревар и да покажете дека атлетиката може да застане на заслужен пиедестал во македонскиот спорт, истакна Маркоски во своето обраќање.Државниот натпревар во атлетика го организира Федерацијата на училиштен спорт, а Општина Охрид го отстапи користењето на стадионот “Билјанини Извори”.

ОО | пред 1 година

ohrid

Во Охрид се одржа отворен ден на Универзитетот „Свети Климент Охридски“

Презентирање на можностите кои ги нудат студиските програми, условите за студирање и воспоставување на соработка помеѓу сите чинители во локалната зедница, беше целта на денешниот Отворен ден на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ кој се одржа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.Мотото на овогодинешниот промотивен настан, кој се организира по трет пат беше „Повеќе од образование“. Во рамки на програмата беа предвидени две панел дискусии, а беше одржан и „Изложбен ден-ден на кариера“ на кој со свои штандови се претставија единиците на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ и компании.Во името на Општина Охрид на една од панел дискусиите свое обраќање имаше заменик градоначалникот Перчо Божиновски.,,Образованието е најсветлата ѕвезда која ја осветлува патеката за истражување и откривање нови хоризонти, а образовните институции се седиште на мудроста, каде што професорите, учениците и студентите споделуваат знаење и искуства, кои се основа за развој и напредок на едно општество.Големо е задоволството да се биде дел од ваков прекрасен настан, кој има за цел да ги промовира студиските програми на нашиот престижен Универзитет „Свети Климент Охридски“. Почестени сме што токму Охрид и Факултетот за туризам и угостителство, оваа година се ваши домаќини и што ќе имаме можност одблиску да се запознаеме со повеќе детали околу можноста за уписи и начинот на студирање.Универзитетот „Свети Климент Охридски“ е еден од најпрестижните универзитети во нашата држава, со богата историја и има исклучително важна улога во развојот на образованието во Пелагонискиот и Југозападниот регион.Оваа високообразовна институција се гордее со голем избор на студиски програми на различни факултети, кои се приспособени според потребите на денешното време и современите предизвици на пазарот на труд. Покрај тоа што универзитетот обезбедува квалитетно образование, нуди и соодветни ресурси кои можат да гарантираат успешна кариера во соодветната област.По мотото „Повеќе од образование“, денешниот настан не само што го одбележува изборот на студентите за нивната идна кариера, туку го истакнува и значењето на високото образование во нашето општество.Преку панел дискусијата која е предвидена во денешната програма, ќе може да споделиме и да слушнеме различни идеи, мислења и предлози во насока на подобрување на условите за студирање и подобри можности за студентите.Истакнатиот светски филозоф Жан Жак Русо рекол „Учењето е светлината на умот, а образованието е огледало во кое што можеме да видиме рефлексија на светот“. На сите идни студенти им посакувам да бидат водени од оваа мисла, да ги остварат своите соништа, да изградат успешни кариери и да ги исполнат своите амбиции.Нека знаењата и искуствата од овој универзитет ве одведат на врвот на успехот, а нашата држава да биде горда на вашите имиња и постигнувања!Во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков ви посакувам успешен настан, со надеж дека Охрид повторно ќе биде домаќин на вакви важни случувања, кои се посветени на младите и образованието, истакна Божиновски.На панел дискусијата свои обраќања имаа Ректорот на универзитетот, Игор Неделковски, деканот на Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, Проф. д-р Снежана Дичевска и деканот на Економскиот факултет од Прилеп, Проф. д-р Драгица Оџаклиеска.

ОО | пред 1 година

272067057_431505738662636_2065607634234971798_n

Поплави и пожари во Охрид: поројниот дожд бил пресилен, колекторскиот систем не можел да ја прими целата вода

Поројните локални дождови имаше на повеќе места во државата. Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека по добиени пријави на граѓани во ЦУК за поплавување на подруми и гаража на две куќи на ул. „Стив Наумов“, во Охрид,од страна на Општина Охрид е контактирано со ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Колекторски систем“ дека колекторскиот систем не можел да ја прими во целост количината на вода која поради обилните врнежи од дожд, бидејќи во тој период на пороен дожд количината вода била голема. За кратко време состојбата е санирана.Потсетуваме за голема внимателност при појава на локалните нагли метео промени и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. И секако да потсетиме за внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Охрид | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-01-2150PM

Бебе почина во Охрид: било неконтактибилно, случајот кај полицијата

Вчера во СВР Охрид, пријавено е дека во 8.10 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе.Тоа било донесено со Брџа помош, но било неконтактибилно.Ова е втор смртен случај на бебе во Охрид за краток период. Во мај почина седуммесечно бебе од Вевчани во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“.

Охрид | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања