ОХРИД

pecak-1

Пецаков „удри“ по СДСМ: Уште еднаш го докажавте вашиот аматеризам

Ме повикале од ОО СДСМ Охрид во соопштение во врска со информацијата дека се потребни околу 50 милиони денари плус од предвидените за реализација на проектот за реконструкција на булеварот „Македонски просветители", вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Господо од СДСМ,Со ова уште еднаш го докажавте аматеризмот и класичното непознавање на работоте, па вие додека ја раководевте Локалната власт немавте никаков есап и ете затоа сега се соочуваме со проблеми.Да, за жал затоа што не се испланирало како што треба сега Општината веќе обезбедува и ќе мора да обезбеди дополнителни средства за реализација.Не знам каде биле вашите советници на денешната 10-та седница на Советот кои требало да ви пренесат, но како и секогаш во интерес на сите мои сограѓани транспарентно посочувам за што се потребни дополнителни трошоци:- Улично осветлување, посебен тендер каде е избран економски оператор- Канални водови во должина од 1,4 км- Дренажна цефка- Поставување странично водовод- Нова водоводна линија со нови приклучоци- Измешана канализација, потребно беше девијација односно одвојување на водоводна и канализациона мрежа- Дислокација на ЕВН високонапонски кабел по цела должина- Уште 800 метри од трасата не се влезени во целиот проект, односно е потребна нова траса- Обврска за нови садници- Армирана бетонски плочи на тротоарите кај Рамстор, кај Судот, кај Стоковна куќа Билјана и кај пресекот за Чинарот- Нови сливници кои се поправени- Сигнализација за паркинзи, систем кој не беше решен- Осветлување и хортикултурно уредување- Дополнителен паркинг простор...Ех, мои драги од СДСМ,Сето ова требало да биде решено, но за жал не се сработило, па затоа само досега се платени 15 милиони денари. Иако проектот е со финансиска поддршка од Светска банка тоа не значи дека обврските на Општината не треба да се спроведат.Заврши времето на крадење на парите од граѓаните и времето кога граѓаните беа манипулирани и излажани од СДСМ.Сега е време на јавно, отчетно и транспарентно работење во интерес на сите охриѓани“, вели Певаков.

Македонија | пред 3 години

278293031_435342918393537_5724543489596612859_n

Со цистерна исчистени улиците низ Охрид

ЈП Охридски Комуналец синоќа со цистерна ги чистеше улиците низ градот Охрид.„ЈП Охридски Комуналец синоќа беше на терен. Со цистерната се чистеа улиците низ градот со цел обезбедување на чисти, проодни и пред се, безбедни улици за одвивање на сообраќајот и непречено движење на пешаците“, велат од претпријатието.

Македонија | пред 3 години

272460415_1404278773336696_2465730208885557802_n

Извлечено мртво тело од Охридското Езеро

На 11.04.2022 околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро, кај комплексот „Св.Наум“, забележано е безживотно машко тело.-Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство, информираат од СВР Охрид.Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција.СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.

Актуелно | пред 3 години

278118471_432256518702177_3423686386003279099_n

Засадени 160 декоративни грмушки на кружни токови во Охрид

Екипите на ЈП Охридски Комуналец на терен. Во изминатите денови беа посадени вкупно 160 декоративни грмушки.„Хортикултурно уредување на кружни токови од Бул.Туристичка до спојувањето со ул.Бистрица и од Бул.Туристичка до спојување со ул.Стив Наумов посадени вкупно 160 декоративни грмушки од сопствено производство од Расадникот при ЈП Охридски Комуналец кои ќе формираат зелен ѕид од видот "viburnum", "eleagnus", "pirokanta" и "tisa".Косење на тревата во градскиот парк и Бул.Туристичка“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

zaedno-7-tima

Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ доби грант од 10 000 денари

Младинската заедница од ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид е прогласена за една од трите најгласни во земјава и доби грант од 10 000 денари за спроведување на нивната иницијатива - културата меѓу младите.Од 29 до 31 март во Велес, Наталија Танеска, Димитар Назифовски и Љубица Јованоска од Младинската заедница, под менторство на педагогот Кристина Танеска, беа дел од натпреварот „НајГЛАСНИ!“ организиран од Фондација Конрад Аденауер и LEAD (Лидери за едукација, активизам и развој). Во конкуренција од уште шест Младински заедници од Радовиш, Скопје, Прилеп, Велес и Крива Паланка тимот од Охрид ја претстави работата на својата заедница и иницијативата за одржување на манифестацијата „МАНИКУЛТ“ планирана за мај, годинава.„Се чувствувам исполнето и задоволно како ментор на исклучително амбициозни, активни, талентирани и мотивирани ученици со цел да направат некоја позитивна промена која ќе придонесе за доброто на сите во нашето училиште. Желбата и мотивот кај учениците да се активира младинската заедница беше резултат на затвореноста и изолираноста на учениците во време на Ковид пандемијата и онлајн учењето со што беше оневозможено нивното меѓусебно дружење. Воедно, од големо значење за нивниот социјален и интелектуален развој се активностите и настаните од културно-забавен и едукативен карактер, кои за жал како воннаставни активности, многу ретко се одржуваа. Поради оваа причина, сегашната генерација на средношколци, пројави интерес кај голем бројиницијативи со кои овозможивме вклучување на младите во одредени активности од различен карактер“, вели Кристина Танеска, педагог во охридската гимназија. ладинската заедница во гимназијата беше обновена пред околу четири месеци како желба на најголем дел од средношколците за проактивност и можност да си ги покажат своите способности надвор од училишните клупи.Претставниците на тридневниот настан, кои го посетија и Собранието на Република Северна Македонија, се здобија со многу нови искуства кои ќе им помогнат да ја развијат младинската иницијативност во училиштето. ДимитарНазифовски, претседател на Младинската заедница, вели: „Во ова невреме во кое монотоното образование преовладува, овој настан ни претставуваше едно многу корисно и одлично искуство реализирано во различна насока од самата формална едукација. Споделувањето на практики, начинот на функционирање и самите активности кои другите младински ги имаат ни овозможија да размислуваме во повеќе правци, да ги прошириме нашите видици и да ја зголемиме амбициозноста за нешто повеќе.“Слично размислува и ученичката Наталија Танеска, која беше дел од тимот: „Овој настан ми беше позитивно искуство, овозможи да имам посебна перспектива кон ваквите настани како и за тоа како е да се прави нешто ново и предизвикувачко. Не само што ми овозможи да се надоградам себеси, туку и да стекнам нови познанства, да слушнам различни мислења и конструктивни критики.“Натпреварот заврши и во рамките на календарот на активности е вметната и наградената инцијатива.„Од самиот почеток па до денес, раководството на Младинската заедница вешто се обидува да ги лоцира проблемите и недостатоците кај средношколците. Надвор од забавата и неформалната едукација, она што навистина не засега енедостатокот на културниот дух кај младите. Токму поради тоа, добиениотпаричен фонд ќе го искористиме за одржување на нашиот еднодневен настан „Маникулт“ преку кој Охрид ќе слушне за квалитетите на гимназијалците и уште еднаш ќе се докаже дека нашите средношколци умеат да иницираат, креираат и организираат. Вклучувањата во проекти налик на овој и очекуваната поддршката од младите активисти и возрасни од Охрид, ќе се мотив плус да продолжиме со остварување на нашите цел“, објаснува Љубица Јованоска, координатор на делот за промоција во наградениот тим.

Охрид | пред 3 години

277579131_282267920758017_5971345330965646024_n

(ФОТО) Кровови „летаа“ низ Охрид, силниот ветер направи хаос

Силниот ветар откорна кров од зграда на улица „Галичица“ во Охрид.За среќа во моментот кога кровот паднал долу немало минувачи. Оштетен е само еден паркиран автомобил.Под влијание на циклонска активност и на влажен воздушен бран денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели, а ќе дува и умерен до засилен, на некои места СИЛЕН ветер од јужен правец со брзина од над 80 км/час.

Актуелно | пред 3 години

Нема фотографија

Пецаков го уредува Охрид: Дворед, велосипедска патека, ново осветлување на „Македонски просветители“

Утрово започна поставувањето на гранитни камени коцки со димензии 10/10/10 см, на улицата „Македонски просветители“ чија реконструкција е во тек. Гранитни камени коцки ќе бидат поставени и на тротоарите со димензии 5/5/8см.„Веќе е поставена атмосферска канализација, а според планираното, улицата ќе има две одвоени коловозни ленти, со тротоари од двете страни, велосипедска патека и ново улично осветлување. Во должина на улицата планирано е изведување на среден разделен цветен појас, а ќе биде подигнат и нов дрворед од двете страни“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Охрид | пред 3 години

181257320_817311222207816_3725446425244184758_n

Започнува вакцинацијата во Охрид, пунктот доби вакцини

Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ утре ќе започне масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево. Вакцинирањето ќе се одвива според протоколот за имунизација утврден од страна на Министерството за здравство и согласно закажаните термини.„Денеска пристигна првата пратка од 7200 вакцини од производителот "Синофарм". Дистрибуцијата на предвидените дози наменети за регионалниот центар ќе се одвива последователно во зависност од капацитетот и условите за чување. Регионалниот центар во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Опремен е со 14 паравани, ладилник за вакцините, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните. Упатувам посебна благодарност до вработените во Локалната самоуправа кои ќе бидат ангажирани во редарската служба и ќе бидат задолжени за логистичка поддршка на компјутерскиот центар, како и до сите здравствени работници кои ќе работат во центарот“, пишува градоначалникот Константин Георгиески.

Македонија | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања