Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

436379323_753537420250242_4137723493996268395_n-1

Како Мијалкови стигнале до атрактивното земјиште во Охрид каде градат хотел

Фирмите на Мијалкови, земјиштето во Охрид на атрактивна локација со поглед на Охридско Езеро го купиле во 2011 година, а веќе во 2012 година добиле и одобрение за градење. Градоначалникот Кирил Пецаков нема преземено било какво дејствие во врска со предметната парцела.„Во 2007 година од страна на Општина Охрид е предложен план за вон населено место туристички локалитет Горица, кој од мнозинството советници е усвоен. Понатака во 2011 година врз основа на усвоениот план е организирано јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски, а по завршувањето на истото е склучен договор за оттуѓување на градежно земјиште со најповолниот понудувач.Понатака во 2012 година е издадено одобрение за градење на инвеститорот, а во 2013 година е склучен анекс од страна на Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште со кој е предвидено плаќање договорна казна за непочитување на рокови. Исто така анекс на договор е направен и во 2020 година е направен уште еден анекс со ОпштинаОхрид согласно измени во Законот за градежно земјиште – уреденост на градежното земјште согласно УПВНМ.Од погоре наведеното може да се констатира дека целокупната постапка е започната и завршена многу оддамна пред моето доаѓање на позиција градоначалник, па оттука нејасно ми е зошто токму пред избори и зошто токму јас сум повикан за нешто што се случувало оддамна, иако на оваа тема многу пати се зборувало во минатото. Овие факти нека служат како одговор до сите медиуми и иницијативи кои што доставуваа барања за информации од јавен карактер“, вели Пецаков.

Свет | пред 1 година

image-20-03-24-09-03

Објавена илустрација за непотизам во Охрид, се тврди дека се почнува од Зечевиќ па се создавале кластери насекаде

„Единствено што знае СДС е за непотизам, партизација, кронизам, а Охрид е типичен пример за тоа. Наместо борба со корупцијата со СДС имаме протекционизам и клиентелизам“, велат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид и додаваат:„Проектот мрежа за партизација и кронизам се докажува во Охрид каде што главен вработувач е Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДС, а главна на охридската филијала на СДС е неговата роднина, Кристина Крлеска-Деспотоска.Нека се одважат од СДС Охрид и да се појави во јавност Крлеска за оваа афера, а на да молчи и се крие од охриѓани кои чекаат одговор! Никогаш не било полошо, време е да ги поразиме, време е наместо хаосот да завладее ред“.

Охрид | пред 1 година

Screenshot-2024-02-29-at-10.49.48

(Видео) Градежните активности за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се одвиваат интензивно

„Градежните активности за реконструкција на улицата „Гоце Делчев“ се одвиваат интензивно и по утврдена динамика. Во моментов ЈП „Нискоградба“ работи на изградба на атмосферската канализација во должина од 1200 метри. Веќе е завршен приклучокот на новата атмосферска мрежа по кракот на улица „Сатеска“ во населба Далјан“, вели Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.„Екипите на изведувачот АД „Илинден“ вршат партерно уредување и замена на бехатон елементите и рабниците по должината на улицата во населбите Далјан и Воска, а кабелските оператори ЕВН и Телеком работат на спуштање на својата мрежа под земја.Во рамки на проектот за реконструкција на оваа важна сообраќајница, предвидено е поставување на нов асфалт на коловозот како и ново јавно осветлување“, додава тој.

Охрид | пред 2 години

Screenshot-2024-02-24-at-10.45.13

Пецаков трета година со поддршка за кампањата „Ги познаваме ретките болести“

„Во рамки на кампањата „Ги запознаваме ретките болести“ денеска остварив средба со Гордана Лолеска, претседателка на здружението „Ретко е да си редок“. Разговаравме за поддршката која Општина Охрид, трета година по ред ја обезбедува за лицата со ретки болести во вид на редовни стипендии за ученици, студенти и магистранти“, вели Кирил Пецаков - градоначалник на Општина Охрид и додава:„Искрено се надевам дека секој нареден февруари, преку заедничка соработка ќе може да споделиме нови позитивни примери за реална помош низ животните предизвици, кои ги носи ретката болест.Општина Охрид и оваа година активно се вклучи и ја поддржа кампањата „Ги запознаваме ретките болести “ со осветлување на општинската зграда, неколку јавни објекти и споменици во боите на ретките болести“.

Охрид | пред 2 години

Donacija_11082023002

Поставени пловни препреки на реката Сатеска и реката кај Даљан за заштита на Охридското езеро

Во рамки на долгорочната платформа за општествена одговорност „Наша гордост. Наша одговорност“ на Пивара Скопје, поставени се пловни препреки на реката Сатеска и реката кај Даљан кои беа посочени како едни од најголемите загадувачи на Охридското Езеро.Средствата за овие препреки се обезбедени преку иницијативата за издвојување 1 денар од секое продадено стаклено шише со посебна етикета Скопско и Скопско Smooth. Освен пловните препреки обезбедени се и акции за чистење на крајбрежјето и дното на Охридското Езеро и активности за подигнување на еколошката свест кај граѓаните за заштита на животната средина.Градоначалникот Кирил Пецаков упати благодарност до Пивара Скопје и сите инволвирани во имплементацијата на овој проект кој е од големо значаење за заштита на Охридското Езеро.-Она што природата ни го дала како дар, а светот го препознава како светско природно наследство, обврзани сме да го заштитиме. Ме радува фактот што токму овој проект е дел од сите конкретни мерки и координирани активности кои се реализираат во насока на обезбедување на одржливо управување со сливот на Охридското Езеро, како и зачувување на овој уникатен природен басен.Реката Сатеска и реката кај Даљан се детектирани како едни од најголемите загадувачи на езерото со цврст отпад и затоа поставувањето на пловни препреки на овие две реки значително ќе придонесе за заштита на езерската вода. Секако од големо значење ќе бидат и сите акции за чистење на крајбрежјето и дното на езерото, активностите кои се фокусирани на подигнување на еколошката свесност кај граѓаните.Заштитата на животната средина е еден од најважните приоритети на Општина Охрид. Преземаме решителни чекори за обезбедување на поголема заштита на биолошката разновидност и континуирано работиме за унапредување на ресурсите со кои располагаме. Ова особено се однесува на третманот и одведувањето на отпадните води од крајбрежните населби и отстранување на сите критични точки. Токму поради тоа секогаш ќе бидеме подготвени да поддржиме и да бидеме вклучени во вакви проекти, кои се посветени на оваа проблематика и се во насока на зачувување на светското природно богатство кое го поседуваме.Се надевам дека овој проект на Пивара Скопје ќе биде еден убав пример и поттик за останатите големи компании кои може да се вклучат и да помогнат во делот на заштитата и промоцијата на Охридското Езеро, нашиот најскапоцен бисер и нашата најголема гордост, истакна градоначалникот Пецаков на денешната прес-конференција за промоција на активностите за заштита на езерото.Пловните препреки на реките што ги поставија стручните тимови на „Пакомак“ ќе функционираат како физичка бариера која не дозволува пловниот отпад да заврши во Охридското Езеро.Во изминатите неколку недели беа организирани акции за чистење на брегот на Охридското Езеро во Охрид, Струга и Дебрца и на трите локации беа собрани 200 кеси со отпад. Во акциите беа вклучени нуркачките клубови, волонтери, активисти и многу заинтересирани граѓани.

Охрид | пред 2 години

1691823453663

Во Охрид одбележан денот на младите

Во организација на Младинскиот центар од Охрид, синоќа беше одбележан денот на младите. Во рамки на одбележувањето изминатата недела беше исполнета со низа активности во организација на младите од Охрид.На синоќешната свеченост присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски.– Чувствувам искрена радост, затоа што успеавме за помалку од една година од отворањето на Младинскиот Културен Центар, да покажеме дека оваа институција со својата работа ќе биде вистински центар за младите, за нивната креативност и реализација на најразлични проекти.Ние како локална самоуправа, како што ветивме, секогаш ќе бидеме силна потпора на вашите ангажмани за целосна реализација на вашите идеи, со што вие ја добивата вашата професионална сатисфакција, а тоа воедно е и добробит за пошироката заедница.Верувам дека во изминативе четири дена имавте успешна работа на вашите работилници и форуми кои ги организиравте и се стекнавте со нови вештини и знаења, кои успешно ќе ги користите во вашите идни ангажмани.Дозволете ми на крајот од моето обраќање, во името на градоначалникот Кирил Пецаков и во мое лично име да ви го честитам Светскиот ден на младите и да ви посакам добро здравје, лична среќа и освојување на нови хоризонти во вашите мечти и реални остварувања, истакна Божиноски.Синоќешната свеченост беше збогатена со музички настап на бендот Два2 и диџејот Reli Relax. Присутните имаа можност да уживаат во изложбата на фотографии од малата Нина Ангелоска, додека најмладите беа дел од забавни игри, детска атлетика и работилница за цртање на канвас.

Охрид | пред 2 години

IMG-5378fba5d92b915cfe93b6c18bccc964-V

Свечено откриена скулптурата “Раката на поетот”

Со пригодна свеченост, денес, во Велестово беше откриена склуптурата “Раката на поетот” од уметникот Никола Пијанманов, инспирирана од песната „Есен“ на големиот германски поет Рајнер Мариа Рилке.На свеченоста присуствуваше заменик градоначалникот Перчо Божиноски.– Стремежот за убавина на човекот е изразен преку најразлични форми во уметноста распослани на најубавите места.Во Велестово на десетина квадратни метри имаме бујна културно-историска искра од 15 в. до денес. Па така на препознатливата чешма на црковнословенско писмо е амблемот на Поетската ноќ изработен од Славко Упевче, а мозаикот изработен од Никола Упевче, истото писмо од 15 век го имаме и пред нас во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица”. Бронзен релјеф на најгласниот македонски поет од 19 век, Григор Прличев. Во каменопис запишано е времето кога е изградена чешмата, 1892 г. и на мермерната плоча се младичите кои своите животи ги положиле во текот на НОВ. И сега оваа скулптура од Никола Пијанманов ја врзува нишката со сето ова – ,,Раката на поетот” која ја црпи духовата врска на сите векови. Симболиката на значењето на изразот ,,камено срце” додава емоции на самата скулптура од патинирано железо која ги освојува луѓето. Скулпторот го храни каменот со себе си, а срцето се храни со каменот. Спој на страста и нежноста, сега поетот има своја претстава во ова извонредно дело и заедно со Велестово одат рака под рака под закрила на градот Охрид. Како Општина Охрид сме горди на овој момент затоа што нашите заложби се несебична поддршка за културата, рече Божиноски пред присутните.Скулптурата е донација од уметникот за манифестацијата “Поетска ноќ во Велестово”, а реализацијата ја овозможи Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

Zivko_Cingo_14082023004

Се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“

Синоќа во атарот на црквата „Св. Петка“ во село Велгошти, се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, посветена на еден од нашите најпознати литературни великани. Пред присутните свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Општина Охрид, Перчо Божиноски.– Големите писатели не вовлекуваат во својот бесконечен свет на мисли, каде што времето стои, а емотивните доживувања се воскреснуваат од секој ред. Страниците стануваат магични прозорци кон нови хоризонти, а зборовите највкусна храна за душата. Големите писатели носат убавини, ги оживуваат чувствата што тлеат длабоко во нас. Големите писатели создаваат историја и остануваат да живеат во вечноста. Овие метафорички описи се најреалната лика и одлика на еден од нашите најзначајни литературни дејци, нашиот голем и единствен Живко Чинго.Почитувани, навистина се чувствувам гордо и возбудено, што како Македонист, како Охриѓанец и пред се како Македонец ја имам оваа привилегија да зборувам за ваков маркантен лик, кој по својата оргиналност е икона на македонската култура и книжевност.Неговите дела носат незаборавна емоционална интензивност стимулирајќи не на размислање за луѓето, идентитетот и општествените вредности. Тој не учи како да гледаме на светот околу нас од различни аспекти и да го цениме нашета богато наследство. Творештвото на Чинго е феноменално свидетелство на човековата креативност и има големо влијаниe на нашите вистини и верувања.Ние, како генерација треба да продолжиме да се восхитуваме на неговата книжевна моќ, да го чуваме неговиот спомен и соодветно да го вреднуваме. Токму во таа насока е и организацијата на оваа традиционална манифестација, со која му оддаваме достојна почит на неговото име, кое остава неизбришлива трага на нашето национално битие.Во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков, упатувам искрени честитки до Иван Антоновски кој е овогодинешен добитник на наградата „Живко Чинго“, а воедно упатувам и огромна благодарност до сите автори кои зедоа учество на литературниот конкурс на Општина Охрид.Верувам дека оваа традиционална манифестација ќе продолжи да се одржува и во иднина и дека ќе продолжиме да го негуваме и почитуваме делото на Живко Чинго оставајќи го како аманет на идните поколенија. Нека му е вечна слава и нека се чествува уште многу години неговото големо име, истакна Божиновски во своето обраќање.Говор пред присутните имаше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Иван Антоноски, а своја осврт за „Чинго во песните“ имаше Валентина Божиновска.Во рамки на културно- уметничката програма, настапија Петар Паскали, Петар Кочовски, Филип Темелкоски, Христијан Чавкоски, Ангел Трајковски, Вања Танковски,Билјана Буџакоска и Танцов клуб „Соната“.

Охрид | пред 2 години

taekvondo_reprezentacija_15.08-1-scaled-1

Градоначалникот Пецаков им посака успех на охридските таеквондисти кои ќе учествуваат на светско првенство

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска ги прими членовите на Македонската Традиционална Таеквондо Федерација (Таеквондо ИТФ) кои ќе учествуваат на Светското Таеквондо ИТФ првенство што ќе се одржи во Астана–Казахстан од 18-ти до 26-ти август годинава.На охридските репрезентативци Зоран Парулески, Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска, под водство на Марјанчо Лазаревски, градоначалникот Пецаков им посака успешно претставување и постигнување на добри резултати. Гостите истакнаа дека очекуваат солидни резултати по интензивните подготовки кои ги имале во изминатиов период за Светското првенство на кое учество ќе земат над 1 000 натпреварувачи од 90 земји.Македонската Традиционална Таеквондо Федерација заминува во Казахстан под покровителство на Агенцијата за млади и спорт и со поддршка на Општината Охрид.

Охрид | пред 2 години

OHRID-WATER-FESTIVAL-1

17 спортски настани на вода во рамки на Ohrid Water Festival

Од 19-ти до 27-ми август Охрид ќе биде домаќин на 17 спортски настани на вода во рамки на првото издание на Ohrid Water Festival.-Во сабота на 19-ти август на базенот „Атина Бојаџи“ ќе се одржи „ОВФ Пливачки митинг“ во организација на ПК „Акваспирит“ Охрид. Истиот ден во претпладневните часови на Охридското Езеро ќе се одржи „Меѓународна охридска веслачка регата“ во организација на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“.-На 20-ти август во недела предвидени се два настани: „ICF 23 Трета Меѓународна Илинденска регата во кајак и кану на мирни води-Охрид 2023“ во организација на ККК „Стрмец“ и „Триатлон“ во организација на ТК “Три дисциплини” Струга.-Програмата продолжува во понеделник на 21-ви август кога ќе започне „1ва Регатa околу Охридското Езеро“, во организација на „Меч Рејс Клуб“. Истиот ден на базенот „Атина Бојаџи“ во организација на Сојузот за училишен спорт од Охрид ќе се одржат „Водени лудории“, а во Охридското Езеро во организација на „СУП клуб“ Охрид ќе се одржи настанот „СУП јога“.-Во вторник на 22-ри август во организација на ЕК „Акватика Јахтинг“ ќе започне Турнир во едрење ,,ЕКСПРЕС СЕЛИНГ“ кој ќе трае два дена. Истиот ден, ќе се одржи „Трка со СУП“ во организација на „СУП клуб“ Охрид.–Во организација на ПК„Охридски бранови 2008“ на 23-ти август во среда во водите на Охридското Езеро ќе се одржи „Пливачки маратон во далечинско пливање на 5км и 10км на отворени води“.-Во четврток на 24-ти август во организација на Нуркачки центар „Амфора“ ќе се одржи Промоција на рекреативно нуркање за деца.-Наредниот ден, на 25-ти август, петок предвидени се три настани. Во организација на ПК„Охридски бранови 2008“ ќе се одржи „Ревијален Ватерполо турнир 2023“, а ќе биде организирана и „Промоција на водени спортови“. Во организација „Јахтинг клуб ОЛС“ ќе се одржи настанот „Запознај го едрењето, заштити го езерото“.-26-ти август, сабота е датумот, кој е резервиран за најголемиот традиционален спортски настан на вода во Охрид, а тоа е „Охридски Пливачки маратон 2023“ кој ќе се одвива на патеката Св.Наум-Охрид.-Комплетната спортскo-рекреативна програма на вода ќе финишира во недела на 27-ми август со одржување на спортскиот настан „Акватлон“ во организација на АК “Охрид трчаТ” и „Регатата со традиционални охридски кајчиња“во организација на ВК „Горица Ремо“.Повеќе детали за сите настани, за времето и локацијата на одржување може да добиете на следниот линкhttps://ohridwaterfestival.mk/wp-content/uploads/2019/08/Programa-2023-PDF-2.pdf (спортско рекреативна програма) или наwww.ohridwaterfestival.mk

Охрид | пред 2 години

367733637_761187089354641_8502809649218472168_n

Богата социјално-едукативна програма на првото издание на Ohrid Water Festival

Во рамки на првото издание на големата промотивно спортска манифестација Ohrid Water Festival покрај 17-те спортски настани, предвидена е богата социјално-едукативна програма која вклучува низа интересни и забавни содржини кои ќе го привлечат вниманието на публиката.Забавниот дел на фестивалот ќе стартува на 21-ви август (понеделник) со Концерт на поп пеачот Ѓоко Танески.На 22-ри август (вторник) ќе биде организирана Изложба „Флора и фауна од Охридско езеро“ и „Потонато културно историско богатство“, а за музичкиот дел од вечерта ќе се погрижи ДЏ Ванчо Плеј.На 23-ти август (среда) во текот на денот ќе биде организиран Отворен ден во ЈНУ Хидробилошки Завод, а текот на вечерните часови ќе се одржи Панел дискусија на тема „Охридското езеро-валоризација на вредностите како пат кон идните бенефити“. Во рамки на музичкиот дел од вечерта, ќе настапи ДЏ Багзи.На 24-ти август (четврток) ќе бидат поставена Изложба „Почетоците на веслањето во Охрид“ и „Победници на охридскиот пливачки маратон низ времето“, а за музичкиот дел ќе се погрижат „Балканикос Бенд“ и „Жармена Бенд“. На 25-ти август ќе биде поставена изложба „Рибите од Охридското Езеро“. Истиот ден во организација на ОФВ и SLOW FOOD Охрид ќе се одржи промоција на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера ќе се погрижи ДЏ Rootboy Selector.На 26-ти август (сабота), на денот кога е предвидено одржувањето на Охридскиот пливачки маратон ќе продолжи Промоцијата на охридска и македонска традиционална храна и пијалоци, а за добрата атмосфера во вечерните часови ќе биде задолжен „Ансамбл Билјана“.Фестивалот ќе финишира на 27-ми август (недела) со Концерт на Камерниот битолски оркестар „Рок Симфонија“.Сите настани од социјално-едукативниот дел на програмата ќе се одвива пред платото на хотелот „Палас“

Охрид | пред 2 години

366823802_753851313209361_6565720682111788707_n

(ФОТО) Опожарениот терен на депонијата Буково се покрива со повеќе слоеви земја

Јавното претпријатие Охридски Комуналец продолжува со активности за санација на депонијата Буково.„Ј.П.Охридски Комуналец продолжи со активности за санација на состојбата на депонија Буково, која претходно беше опожаренаОпожарениот терен на депонијата се покрива со повеќе слоеви земја кои секојдневно се транспортираат и нанесуваатВо досегашните активности се употребени 1.200 м3 земја“, велат од претпријатието.

Охрид | пред 2 години

366285462_758128602993823_2685972792349870313_n

Пецаков им посака успешна сезона на целокупниот тим од ГРК Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им посака успешни подготовки и успешна сезона на тимот од ГРК Охрид.„Им посакав успешни подготовки и уште поуспешна сезона на целокупниот тим од ГРК Охрид во која цел е излез во Европа, истакнувајќи дека Градот цврсто стои зад клубот од кој во новата сезона се очекуваат добри резултати.Тренерот, Стевче Алушовски ме увери дека подготовките се одвиваат во посакуваниот правец најавувајќи дека претстои финално брусење на формата и воигрување на екипата пред стартот на првенството.Секогаш големи емоции пробудува кај мене клубскиот дрес. Неизмерно сум им благодарен за поклонот, вели Пецаков.Во знак на благодарност за поддршката, капитенот на ГРК Охрид, Иван Тасески, на градоначалникот Пецаков, инаку поранешен ракометен голман, му подари дрес со број 1

Охрид | пред 2 години

Kulturno_leto_Pestani_07082023004

Започна културното лето во Пештани

Вечерва во селото Пештани со пригодна свеченост започна културното лето и ќе трае шест дена. Во име на Општина Охрид присутните ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски и воедно ја прими благодарницата што организаторите ја врачија за градоначалникот Кирил Пецаков, за континуираната поддршка.Љубителите на уметноста ќе можат да уживаат во миксот од серенадите, сериозната и народната музика. Исто така присутните ќе бидат почестени со поезиа и проза како и доза на хумор.“Денеска со почеток во 20.00 часот ќе има гастрономска вечер, каде присутните ќе можат да вкусат од прекрасните традиционални јадења од езерското крајбрежје. Од 08 до 11.август со почеток во 17.00 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце како и изложување на ракотворби од културната работилница.Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение “ ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

Viktor-fridman

Академин Виктор Фридман од САД Светската Награда на Хуманизмот за 2023 година

Светската Награда на Хуманизмот за 2023 година ќе му биде доделена на еден од најголемите американски и светски слависти проф. д-р Виктор Фридман, од Универзитетот од Чикаго, САД.Академик Фридман е седумнаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 9 август, Св Климент летен, во куќата на Уранија на МАНУ, во Охрид, со почеток во 12 часот. Пригодни беседи за Фридман ќе одржат Претседателот на Охридската академија на хуманизмот Јордан Плевнеш и Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој што едновремено и ќе му ја врачи наградата на добитникот, во присуство на поголема меѓународна асемблеја на гости, меѓу кои и претставници и градоначалници од збратимените градови на Охрид од Европа и градовите по покровителство на УНЕСКО. Со своја беседа на присутните ќе се обрати и лауреатот Виктор Фридман.Свечени обраќања ќе имаат и претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и минатогодишниот добитник на Светската награда за хуманизам, академик Далимир Хајко од Братослава, Словачка.На еклузивната промоција на книгата „Седум цркви на Охрид во светското културно наследство“ на англиски јазик, ќе говорат Ролф Ахилес, професор на Уметничкиот институт во Чикаго и д-р Панче Велков, директор на Музејот на Град Скопје.Во рамките на овој свечен настан, ќе се одржи и Меѓународна конференција со наслов:„Охридската школа на хуманизмот од средниот век до денес“, на која меѓу другите, ќе учествуваат и Романо Проди, поранешен Претседател на Европската Комисија и Премиер на Италија, Жан Патрик Конрад, Претседател на Европската Академија на науките, уметностите и книжевностите од “Империјал Колеџ” во Лондон, Велика Британија, Херта Милер, добитник на Нобеловата награда за книжевност од Германија, Хенри Малос претседател на Фондацијата Жан Моне – Таткото на Европа, Франција, Амбасадорот на Словачка, Н.Е. Хенрик Маркуш, Вида Огњановиќ, врвен книжевен и театарски деец од Србија, итн.Имено, добитникот на Светската Награда на Хуманизмот, Светлин Русев кој што ја доби наградата во 2014 година, предложи до Интернационалното жири на Охридската Академија на Хуманизмот да се подигне ваков тип на обележје во Охрид, градот на УНЕСКО. По ненадејното починување на Светлин Русев во 2017 година, Охридската Академија на Хуманизмот се обрати до еден од најголемите скуптори на македонската современа уметност, Жарко Башески, чии што дела се присутни во над 50 музеи на модерната уметност низ цела планета, кој го изработи спомен-обележјето како свој авторски проект.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања