„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

охрид

plakat-2023

12. издание „На зајдисонце“ во Трпејца

Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на општина Охрид од денес до 28 јули во селото Трпејца ќе се одржи културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.Утре, четврток 20 јули, приустните ќе можат да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.Во петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видео презентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.Викендот е резервиран за документарни филмови. Во сабота навечер публиката ќе го гледа документарно – туристичкиот филм „Трпејца на дланка“ работен по сценарио на Милчо Јованоски.Следната вечер од 20:30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.Во понеделник на 24 јули во Трпејца ќе гостува бендот 3.0 ( три промили ) а денот потоа е резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.Во среда на 26 јули од 19:30 часот посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе можат да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.Час подоцна ќе следи интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.На крајот од дванаесеттото издание на „зајдисонцето“ охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески – Мац.

Охрид | пред 2 години

360096207_742210117706814_6172924032305739893_n

Темелно машинско миење на чаршијата во Охрид

Од раните утрински часови се спроведе темелно машинско миење на чаршијата, објави Охридски Комуналец.„Беше употребено и дезинфекционо средство, а на одредени места каде имаше потреба беше дополнето со рачно чистењеСогласно Програмата за работа за 2023 год. машинско миење на коловозите во летната сезона се спроведува секојдневно, според категоризација на улици, во периодот од 22 часот до 5 часот наутро“, велат од претпријатието.

Охрид | пред 2 години

360157690_741703961302954_84053894811323617_n

Пецаков: Ја подобруваме ефикасност на општинските јавни претпријатија

Со набавка на неколку нови комунални возила ја подобруваме ефикасност на општинските јавни претпријатија и обезбедуваме поквалитетни услуги за граѓаните, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„За ЈП „Нискоградба“ набавени се• Tрактор SOLIS 75 PH со кабина и најсовремена цистерна за фекалии со носивост од 6000l во вкупна вредност од 1.623.600,00 денари со вклучен ДВВ. (Програма за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“)• Комунално возило - Комбе Фургон со агрегат за чистење на канализација во товарен простор со вкупна вредност од 60.640,00 евра без ДДВ. ( „Проект за обезбедување на Општина Охрид со комунално возило“ - гранд од Јапонска амбасада)За ЈП „Охридски комуналец“ набавен е• Трактор со кабина и плуг со ширина од 2,5 m за чистење на една коловозна лента и соларка од 1200 l со современи хидраулични решенија за ефикасно справување при падавини на снег и појава на голомразица во вкупна вредност од 1.513.638,00 денари со вклучен ДДВ. (Програма за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“)За ЈП „Водовод“ набавено е• Возилото Камион кипер – марка ИСУЗУ - со двојна кабина со кој се очекува поефикасно и поекономично извршување на работните обврски на Секторот за водоснабдителни објекти. Во вредност од 4.350.000,00 денари со вклучен ДДВ. (Програма за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“)“, додава тој.

Охрид | пред 2 години

360087904_741072771366073_7476526718326904270_n

Општина Охрид обезбеди ново товарно возило за потребите на ЈП „Водовод“

Општина Охрид континуирано работи во насока на подобрување на условите во Јавните комунални претпријатија и овозможува поголема ефикасност во работењето.„Само во текот на оваа година инвестиравме значителни средства во набавка на опрема и обезбедивме повисок квалитет на услугите за граѓаните.Денеска го промовиравме новото товарно возило за потребите на ЈП „Водовод“. Се работи за Камион кипер – марка ИСУЗУ - со двојна кабина кое е набавено преку проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а реализиран од Центарот за развој на Југозападниот плански регион во партнерство со Општина Охрид.Новото возило се очекува да придонесе за подобра ефикасност на Секторот за водоснабдителни објекти, производство и третман на вода за пиење во ЈП „Водовод“. Ќе се обезбеди поефикасно и поекономично извршување на работните обврски, потребите за транспорт на вработените, пропратниот алат и полесните градежни машини до местото каде е потребно да се вршат одредени интервенции, како и за одведување на ископаниот материјал од градилиштето до депонија за градежен шут.Би сакал да упатам благодарност до Центарот за развој на југозападниот плански регион за соработката на проектот за подобрување на капацитетите на општинските претпријатија, преку кој обезбедивме опрема за ЈП Водовод, Охридски Комуналец и Нискоградба во вкупен износ од 7,5 милиони денари. Овој проект општина Охрид и финансиски го поддржа издвојувајќи значаен износ на средства од буџетот на општината.Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да работиме на имплементација на уште многу значајни проекти во Охрид и сите населени места во општината“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Охрид | пред 2 години

Fotoizlozba_12072023003

Изложба на фотографии „Охрид1940-1945“

Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски синоќа во куќата на Уранија присуствуваше на отворањето на изложбата на стари фотографии на Јонче Поп Стефанија коишто го „оживеаја“ Охрид во периодот 1940 до 1945 година. Изложбата е на универзитетскиот професор Роберт Јанкулоски и е изработена од негативите на познатиот охридски сликар, пред скоро еден век. Изложените фотографии се сведоштво на животот на обичниот човек во Охрид пред почетокот на Втората светска војна и потоа.Изложени се 33 вредни фотографии отпечатени на архивска хартија, кои имаат документарна вредност и претставуваат вредно културно богатство.Изложбата „Охрид 1940-45“ ќе биде претставена и во Битола, а во иднина се планира да се дополни колекцијата со вредните фотографии од Јонче Поп Стефанија и да се изработи монографија. Како дел од овој проект беа исчистени, препакувани, дигитализирани и дигитално реставрирани 1.025 негативи од фотографската збирка на Поп Стефанија.

Охрид | пред 2 години

360081858_740331338106883_7317959336133279995_n

Пецаков на средба со Британскиот амбасадор Метју Лосон

Остварив официјална средба со Британскиот амбасадор Н.Е. Метју Лосон. Ова е прва официјална посета на британскиот амбасадор на Охрид, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков„На разговаравме за предизвиците со кои се соочува Охрид. Истакнав дека како Локална самоуправа сме подготвени за справување со истите и воедно паралелно реализирање на зацртаните проекти. На амбасадорот му ги презентира тековните и проектите кои ќе се реализираат во наредниот период.Разговаравме и за УНЕСКО и исполнувањето на препораките. Го уверув амбасадорот дека Охрид се движи во правилна насока и се надевам дека со ангажирање на сите засегнати страни ќе се добие посакуваниот резлутат. Разговаравме и за заштитата на животната средина и заштитата на Охридското езеро.Се разговараше за продлабочување на соработката во областа на туризмот преку организирање на промоции во Британија, како и за проширување на директните авио линии.Заедно со Амбасадорот ја потенциравме веќе добро воспоставената меѓусебна соработка и заклучивме дека кај двете страни има воља за надоградување“, додава тој.

Охрид | пред 2 години

22-1-768x509-1

На 19 јули театарска претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот” во Охрид

Општина Охрид во рамките на програмата за култура оваа година активно работи на програма за нашите најмлади охриѓанчиња.На 19 јули на сцената кај ТЦ Амам најмладите ќе имаат прилика да ја проследат театарската претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот”. Претставата е работена наменски и е посветена на децата. Токму овој период кога во регионот сериозно е видливо насилството помеѓу децата, а и кај нас, нужна е потребата преку театар да се прикаже дека за секој проблем и недоразбирање не е решение насилството, туку разговорот, меѓусебното подавање на рака, искреното пријателство. Низ низа драмски ситуации во кои главната нитка е мудроста на волшебникот, наспроти денешното однесување на децата, ќе упатиме јасна порака: Со насилство НЕ, со дружба може СЕ!Во претставата има многу комичнини, едукативни, педагошки елементи, но што е најважно интеракцијата на децата од публиката е многу присутна. Важноста заедно со актерите ќе дојдат до главната порака на претставата, а притоа да увидат дека само преку искрен и другарски пристап можеме да успееме во се.Претставата изобилува со преубава музика, сценографија и костимографија. Во неа играат актерите кои децата ги познаваат од народните приказни: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, а покрај нив игра и младата Тамара АнгелескаУлогата на Волжебникот ја игра актерот Сашо Ристовски, а улогата на помошничката ја игра актерката : Магдалена Ризова-Черних ,улогата на девојчето ја игра Тамара Ангелеска.

Охрид | пред 2 години

Sport_11072023001

Интензивни подготовки на првото издание на Ohrid Water Festival

Интензивно се одвиваат активностите за подготовка на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 18-ти до 27-ми август.На координативен состанок кој се одржа денеска, претставниците на охридските клубови за водени спортови информираа за деталите за сите 17 спортски настани кои се предвидени во рамки на официјалната програма.Како пропратен дел на фестивалот планирани се и голем број социјално-забавни настани на повеќе локации во градот, музички концерти, промоција на реквизити за водени спортови, промоција на традиционална храна, изложби на фотографии, панел дискусии и други културни и едукативни содржини.Во финална фаза е и подготовката на официјалната веб страница на Ohrid Water Festival на која ќе бидат поместени сите информации и детали за времето и местото за организирање на десетте фестивалски денови.Фестивалот е под целосно покровителство на Општина Охрид, а неговата основна цел е промоција на водените спортови, афирмација на уникатноста на Охридското Езеро и туристичките потенцијали со кои изобилува нашиот град.

Охрид | пред 2 години

359342811_739768044829879_1386188475731252065_n

(ФОТО) Општина Охрид изгради детско игралиште на плажата во Пештани

Во рамки на реализацијата на Градската плажа во Пештани, започнавме да работиме на изградба на детско игралиште. Денес, се работи на поставување на детските реквизите, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Изведувач на активностите е ЈП „Градски пазар“ и компанијата „Дион градител“.Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

354761317_217759297487865_1361187255703160656_n-1440x959-1

Започна Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид

Синоќа во ЦК „Григор Прличев“ свечено беше отворено 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски.– Вечерва тука, заедно во нашиот убав Охрид ја продолжуваме долгогодишната традиција, со одржувањето на оваа манифестација на највеличествен начин да го прославиме значењето на танцот и музиката како универзални вредности на народите. Облечени во боите на својата земја, со сјај во очите и нескротлива енергија учесниците од повеќе европски земји ја претставуваат својата култура, традиции и обичаи кај нас, а со тоа потврдуваат дека најдобрата врска меѓу народите е музиката и танцот. А токму прек нив од дамнина се изразувала тагата или радоста, гордоста или очајот на Балканските народи. Преку фолклорот се отсликува генетскиот код на еден народ и токму затоа Балканскиот Фестивал кој е најстара културна манифестација од ваков тип на Балканот е толку значаен и го зазема фестивалскиот примат.Полека но сигурно ја ситниме седмата деценија од првото заиграно оро и отпеана песна на сцената на Доллни Срај. Оттогаш почнува магијата, а до денес на фестивалот учествувале неколку десетици илјади учесници, инструменталисти, играорци, пејачи од сите континенти во Светов. Сите тие дефилирајќи низ охридската чаршија најавуваат долго топло лето во Охрид со надеж за плодна туристичка сезона.Јас верувам дека уживавте на синоќешната изложба од „Љубанишча до Дебор“ од колекцијата на Љупчо Милошески, а повеќе од сигурен сум дека ќе уживате и во претстојните фестивалски ноќи.На крај им се заблагодарувам на вработените од ЦК „Григор Прличев“ за одличната организација на фестивалот. На учесниците им посакувам најубаво фестивалско претставување со желба да понесат убави впечатоци од древниот Охрид и повторно да се вратат кај нас– рече Божиновски.Свое обраќање пред присутните имаше и Заменик претседателот на македонското Собрание, Горан Мисоски. Настанот е во организација на Министерството за култура на Р. МакедонијаВлезот за фестивалските ноќи е слободен.

Охрид | пред 2 години

356931700_735953285211355_2434612720682893971_n

Отстранети кајчињата од плажата во Пештани, се уредува просторот

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на Фејсбук сподели фотографија од уредувањето на плажата во Пештани.„После отстранувањето на кајчињата од плажата во Пештани, денес, започнаа активностите за уредување на просторот.Со тоа жителите во Пештани, но и туристите ќе добијат уредена плажа која ќе можат да ја користат“, објави Пецаков.

Охрид | пред 2 години

Нема фотографија

Општина Охрид објави конкурс за најдобар расказ по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗУслови за учество на Конкурсот:Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса:ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;Авторското право се докажува со четвртиот примерок;Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2023 г.;Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 08.08.2023 г.Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.Доставените трудови не се враќаат.

Охрид | пред 2 години

JAPONSKA_DONACIJA_23.06-5-scaled-1

Официјално примопредавање на комуналното возило од јапонската амбасада за Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во придружба на амбасадорот на Јапонија во земјава Н.Е. Оцука Казуја и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски присуствуваше на церемонијата со која се официјализира примопредавањето на комуналното возило кое е донација од јапонската влада за Општина Охрид . Возилото е наменето за чистење на канализационата мрежа во градов и ќе го користи ЈП „Нискоградба“.Градоначалникот Кирил Пецаков укажа на значењето на оваа вредна донација која доаѓа во вистинско време имајќи ја во предвид заложбата на Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро.-Станува збор за голема донација на Јапонската влада вредна 60,640.00 EUR. Имајќи ја предвид заложбата на Општина Охрид за заштита на животната средина, акцентирајќи ја заштитата на Охридското Езеро, оваа донација доаѓа во вистински момент. Со новото комунално возило се врши брза и навремена санација на дефктите на канализационата мрежа при што многу ефикасно започнавме да се справуваме со загадувањето. Секако тука има уште доста работа, но сум сум уверен дека претходните средби со делегациите од Јапонија и поддршката што Јапонската амбасада и лично Амбасадорот ја даваат на Општина Охрид ќе резултира со скоро решавања на овој проблем.Убеден сум дека веќе добрата меѓусебна соработка која ја негуваме ќе придонесе и во иднина да бидеме дел од вакви настани, кои по своето значење се повеќе од локални, бидејќи заштитата на животната средина е светска обврска, не само локална.Во оваа прилика од мое и од името на сите охриѓани се заблагодарувам на оваа вредна донација. Пријателска Јапонија во неколку наврати донирала општи блага во Охрид и со тоа ни покажавте дека Охрид има посебно место кај Вас. Впрочем тука би цитирал една народна изрека која вели „Штом еднаш го посетиш Охрид, повторно ќе се вратиш со уште повеќе пријатели“. Во таа насока нека се развива и оваа наша понатамошна соработка- рече градоначалникот Пецаков.Директорот на ЈП „Нискоградба“ Александар Трпеноски заедно со вработени во претпријатието извршија презентирање на статистиките и мала демонстрација на работењето на возилото.-Донираното возило веќе еден месец е пуштено во употреба и успеа да санира приближно 200 дефекти во канализационата мрежа од кои голем дел се во стариот дел на градот којшто претставува специфичен терен за работа– рече Трпеноски.Со денешниот настан се комплетира GGP – проектот на јапонската амбасада. Пред официјалното примопредавање, градоначалникот Пецаков и амбасадорот Казуја имаа протоколарна средба на која беа изразени заложбите на двете страни да продолжи и да се зацврсти континуираната соработка помеѓу Македонија и Јапонија.

Охрид | пред 2 години

MLADI_DISKUSIJA_23.06-1-scaled-1

Во Охрид се одржа дискусија за зајакнување на локалниот младински совет

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска се вклучи на дискусијата за зајакнување на Локалниот младински совет, која се одржа во Младинскиот центар во Охрид, како дел од проектот „Од ЕУ за Вас: Опремување на локалните младински совети со најдобрите европски практики #TeamEurope“. Дискусијата ја организираше Центарот за меѓукултурен дијалог (CID) и Амбасадата на Хрватска во Република Македонија.На дискусијата присуствуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, која со младите охриѓани разговараше за перспективите на локалната младина и сите потреби и предизвици, како и за начинот на делување на Локалниот младински совет во Охрид.По завршување на официјалниот дел на настанот, градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорката Тигањ на која се разговараше за можноста за воспоставување на соработка на Охрид и градот Дубровник, како и за неколку заеднички теми и проекти од заеднички интерес на двата града.

Охрид | пред 2 години

nevreme-1

Настанатите штети од невремето во Охрид може да се пријават до петок

Се информираат жителите на Општина Охрид дека настанатите штети од невремето може да ги пријават до 30.06.2023 година (петок).Барањата за пријава на штети се подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето задолжително се приложува имотен лист и лична карта.Настанати штети може да се пријават само за недвижен имот и за земјоделски култури.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања