„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

охрид

20230624_140835

Одбележан денот на балканските Египќани во Охрид

Со средба на претставниците на Египќаните од Македонија, Албанија и Косово, денес во Охрид се одбелжува 24 јуни – Денот на Балканските Египќани. Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со претставниците на Египќаните, меѓу кои присуствуваше и Елберт Красниќи, министер за локална самоуправа во Косово.Градоначалникот Пецаков, истакна дека како локална самоуправа, Охрид има преземено многу работи, со кои недвосмислено се покажува дека нашите сограѓани Египќани, се нераскинлив дел од заедничкото живеење во Охрид, со сите други етнички заедници. Верувам дека и како држава ќе продолжиме да ги унапредуваме правата на Египќаните во заедничкиот дом – Македонија, за заедно да градиме просперитетна заедница за сите граѓани –истакна Пецаков.Според здруженијата на Египќаните од Албанија и Косово, нивниот број е далеку поголем од официјалните пописни резултати во овие земји. Па така, во моментв во Косово живеат околу 20 илјади, а во Албанија над 200 илјади Египќани. Претставниците на оваа заедница во Косово имаат едно загарантирано пратеничко место во Косовскиот парламент, а во Албанија во моментов се во фаза на формирање на политичка партија.

Охрид | пред 2 години

IMG-e5d98dd48342f2debe9fe92cce804758-V

Меѓународен турнир во таеквондо во Охрид

Денес во спортската сала „Билјанини извори“, започна меѓународен турнир во Таеквондо. Пред присутните натпреварувачи се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.– Како голем поддржувач на спортот, секогаш ми е посебно драго да бидам дел од вакви спортски случувања, кои оставаат траен белег во спортскиот живот на нашиот град и се позитивен пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини.Таеквондото е вековна боречка вештина која со своите правила и техники е вистински психички и физички предизвик, па затоа на сите натпреварувачи им честитам за нивната посветеност и ентузијазам да бидат истрајни во сите борбени подвизи.Оваа можност би сакал да ја искористам и да истакнам дека сум особено горд што Охрид веќе има неколку истакнати имиња кои на наша голема радост имаат остварено врвни резултати во оваа боречка дисциплина.Помеѓу нив е и европската златна титула на младата Христијана Парулеска која ја прославивме пред два месеци. Верувам дека во подем се и нови генерации на успешни таеквондисти, од кои во иднина очекуваме уште поголеми достигнувања.Се надевам, дека овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, со уште поголем број на учесници и дека значително ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам во Охрид.Ви посакувам успешни натпревари и одлични резултати, како и многу нови пријателства. До сите гости упатувам покана да го искористат својот престој тука, за да уживаат во убавините на нашиот туристички бисер Охрид – исткана Пецаков.

Охрид | пред 2 години

353809504_649890993661133_1721272234083163112_n

Промоција на книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро и пошироко во Македонија“

Во сабота ( 01. 07. 2023 г.) со почеток во 12:30ч. во кафе бар „Босфор“ во охридската чаршија ќе се одржи промоција на книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро и пошироко во Македонија“ од Здравко Тупаре.Книгата е издадена со поддршка на Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

Evropeizacija300623004

Во кафе барот „Кадмо“ одржана дебата на тема: „Европеизација на Македонија-дали сме на добар пат“

Во организација на Паневропската Унија на Македонија, денес во кафе барот „Кадмо“, се одржа дебата на тема: „Европеизација на Македонија-дали сме на добар пат“. Свои излагања имаа претседателот на Паневропската Унија на Македонија Андреј Лепавцов, универзитетските професори Љубомир Кекеновски и Марјан Бојаџиев, екс амбасадорот Марјан Ѓорчев, Огнен Цубалевски,менаџер во ОДВ Електрик и Олег Маленко од компанијата Вис Пој од Охрид.Гостите од името на локалната самоуправа ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков.– Денешната тема се провлекува низ политичко- општествениот живот на Македонија повеќе децении, а деновиве стана особено актуелна со последните потези што ги влече владата. Претпоставувам дека сите ќе се согласиме, а тоа е политички консензус кој трае –европеизацијата на Македонија никогаш не била доведена во прашање, само начините, методите и политичките средства како тоа се остварува, биле различни.Благодарност до Паневропската унија на Македонија за реализација на денешната дебата, на која се надевам дека ќе има плодни дискусии, погледи и размислувања, која ќе фрлат нова светлина на европската перспектива за Македонија и ќе покажат дали сме навистина на добар пат – истакна во своето обраќање Пецаков.Заедничко именител во излагањето на сите панелисти беше дека, на патот за полноправно членство во Европската Унија, грешките се во недоволниот капацитет што го покажавме како држава, но и не секогаш принципиелните и конзистентни ставови на Европа кон нашата земја.

Охрид | пред 2 години

355966295_153526174402035_4225623486245508142_n

Поплавени се куќи, уништени се кровови, објавува Пецаков за состојбата во Охрид

„Веднаш после завршувањето на состанокот на кризниот штаб при Општина Охрид, комисијата за проценка на штети излезе на терен. Во моментов се врши проценка каде што имаме сознанија дека се најголеми штетите, односно каде што има големи оштетувања на домовите“, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Најпогодени се домовите во населбата Видобишта каде на поголем број куќу се оштетени крововите и е дојдено до поплавување. Се постапува и по пријавите за штети кои што се пристигнати и до Територијалната противпожарна единица и јавните претпријатија. Веднаш на терен излегува екипа и врши проценка дали станува збор за поплави и врши достава на пумпи или е за нешто друго“, додаде тој.Посочи и: „Постојано сме на терен и работиме на санација на оштетувањта кои се во голем обем. Сите граѓани кои имаат штети треба да ги пријават до Центарот за урпавување со кризи на телефонскиот број 112“.

Охрид | пред 2 години

Screenshot-2023-06-24-at-12.54.00

(ВИДЕО) Страшното невреме направи поплави во Охрид, поплавени се и подруми

Невремето во Охрид остави последици во градот. Дел од улиците се поплавени, а има и штети. Веќе има поплаки за оштетени автомобили, поплавени простории во руралните делови.Водата од улиците, се излева и по тротоарите. Има и паднати дрвја. Додека траеше невремето, градот беше парализиран.„Инаку водата од поројниот дожд во Охрид се слеала најмногу на булеварот ,,АСНОМ", од каде што е можно да се прелева во околните дворови, приземја и подруми на куќи“, вели ЦУК.Силното невреме ги зафати Охрид, Струга, Дебрца и Кичево. Пороен дожд и грмотевици, проследени со ветер повеќе од еден час има во охридско-струшкиот регион.Според прогнозата на УХМР, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.Невреме се очекува и во Скопје.

Охрид | пред 2 години

DJI_0486.00_05_42_00.Still004

(Видео) Авион со патници не може да слета во Охрид поради невремето, кружи над градот

Авион од компанијата „Визер“ кој патува од Малме, Шведска, не може да слета на охридскиот аеродром. Причината е силното невреме кое го погоди градот. Авионот кружеше околу границата Албанија-Македонија, потоа и над Струга.Имаше и обид за слетување, но наместо тоа, пилотот помина само преку аеродромот „св. Петар и Павле“ во Охрид. Авинот направи круг и над селата Оровник, Горенци, Требеништа, Мислешево. Бидејќи немаше услови да слета, го надлетуваше и Охридското Езеро.Планирано време за слетување било во 11 часот.

Охрид | пред 2 години

KLIME_SADILO_22.06-10-scaled-1

Охрид домаќин на културниот настан „Заборавениот звук – во спомен на Климе Садило“

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков синоќа во предворјето на ЦК “Григор Прличев“ присуствуваше на културниот настан „Заборавениот звук – во спомен на Климе Садило“, што се реализира со поддршка на Општина Охрид и Министерството за култура.Во своето обраќање пред присутните градоначалникот Пецаков се осврна на музичките достигнувања на Садило и културниот придонес што тој го имал за Охрид.–Огромно е задоволството да се присуствува на овој културен настан посветен на најпознатиот трубадур и чалгаџија на сите времиња, Климе Садило чија музика сведочи за традицијата и културата што се негувале во 19-от и 20-от век на овие простори. Секако нема охриѓанец, а верувам и Македонец кој не слушнал и не посакал да ги чуе убавите звуци отсвирени на садиловото ќемане. Дека станува збор за невиден музички талент и гениј кој ја исцрта чалгиската традиција во Охрид говори и фактот што тој на најспецифичен начин, држејќи го гудалото во левата рака успевал на единствен препознатлив стил да ги отсвири нотите на најубавите охридски песни. Вечерва под месечевата светлина слушајќи ги препевите од Садиловци нурнуваме во нашето дамнешно минато, горди сме на нашата традиција и култура кои во суштина се генетскиот код на еден народ. Еден век по Садило се родиле нови трубадури, нови музички таленти кои тргнале по неговиот пат, па дури и го опеале овој врвен музички мајстор. Но ниту еден од нив не успеал да ги дофати неговите височини. Тајфата на Садило која ја сочинувале Наум Курте на виолина, Паско Пепелко на лаута, Димче Карче на лаута, Кирил Кузманов- Катиљ на виолина, Ме(х)мет Исмаил-Утчи на ут, Ѓорѓи Чочег/овски на дајре и прерано починатиот син, Димче Садило кој свирел виолина, уште пред еден век докажале дека музиката нема граници. Тие биле една од ретките тајфи која свирела на забави и семејни веселби надвор од Македонија во Србија, Албанија, Бугарија, Америка, а дискографската куќа “Југотон“ издала грамофонска плоча со нивна музика. Да, музиката е најголемата универзална вредност, не познава простор и време. Се што е убаво е безвременско, а такви се песните од тајфата на Садило. Тие не враќаат во едни убави времиња на серенади кога се пеело под пенџерите на своите сакани дами, кога се негувале вистинските вредности. И ноќва ќе се вратиме во тоа убаво време . Ќе уживаме во чалгиските песни на Садило изведени од нашите добри музичари. Упатувам срдечни поздрави до Ѓоко Алоски кој е организатор на овој прекрасен музички настан и до Здружението за култура и уметност „Арт Вивенди” – Охрид. Верувам дека сите заедно ќе уживаме во музичките содржини кои вечерва ни се нудат во рамки на „Заборавениот звук – во спомен на Климе Садило“, кој како проект стана исклучително допадлив за Општина Охрид. А се што е убаво и квалитетно и го промовира градов на најдобар начин и во иднина ќе биде поддржувано од Локалната власт – рече градоначалникот Пецаков.Организатори на настанот се културниот работник Ѓоко Алоски и членовите на Здружението за култура и уметност „Арт Вивенди” – Охрид во соработка со етно -музикологот Александра Кузман.

Охрид | пред 2 години

ohridski-ucilista

Наградени ученици и ментори од основните и средните училишта во Општина Охрид

Врз основа на член 50 став 1 точки 5, 11 и 16 од Законот за локална самоуправа (Службен весник на Р.М. бр.5/2002), член 34 став 1 точки 4, 10 и 15 од Статутот на Општина Охрид (Службен гласник бр.08/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14 и 10/2019), програмите Н1 – основно образование и Н2 – средно образование, препораките за видовите, критериумите, висината и начинот на спроведување на постапки за финансиска поддршка од средствата предвидени во буџетот на општина Охрид и во годишните програми за работа од Секторот за образование, детска, здравствена и социјална заштита за учебната 2022/23 година наменети за ученици, студенти и наставници број 08-9420/3-1 од 12.07.2022 година донесени од страна на Советот на општина Охрид, Правилникот за начинот, постапката, условите и критериумите за доделување на парични награди за постигнати успеси на учениците и нивните ментори од општинските основни и средни училишта во општина Охрид како и избор на првенец на генерацијата број 09-5578/1 од 07.04.2023 година како и записникот со предлог од работата на стручната комисија број 28-9084/1 од 21.06.2023 година, Градоначалникот на општина Охрид донесе решение со кое одобри исплата на учениците и нивните ментори од основните и средните училишта во општина Охрид кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпревари во знаење. Со оваа активност општина Охрид е првата општина во Република Македонија која на овој начин ги наградува своите талентирани ученици. Дополнително оваа година и превозот за учество на натпреварите на учениците и нивните ментори комплетно беше обезбеден од општина Охрид. Учебната година завршува со промоција на најуспешните! Честитки до учениците и нивните ментори за постигнатите успеси!Повеќе на линкот

Охрид | пред 2 години

Foto-10

Општина Охрид ги повика сопствениците на пловни објекти во „Сараиште“ истите да ги отстранат

Општина Охрид ги повикува сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетот „Сараиште“, истите да ги отстранат, најдоцна до петок, 23 јуни.Во спротивно од сабота 24.06.2023 година, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

Охрид | пред 2 години

239999228_351218676548885_1676183981868361389_n

Од 1-ви јули забрана за градежни работи во Охрид

Во период од 1-ви јули до 31 август 2023 година се забранува изведување градежни работи од типот висока и ниска градба, прекопувања на улици, тротоари и патеки на подрачјето на Општина Охрид.Оваа забрана важи за просторот под булевар „Туристичка“ до Охридското Езеро и тоа на потегот од „Билјанини извори“ до реката Даљан, просторот над булевар „Туристичка“ во длабочина од 50м и туристичките локации на потегот од каналот Студенчишта до манастирскиот комплекс „Св. Наум“.Одлуката за забрана за изведување градежни работи во летниот период во Охрид е во согласност со член 62 од Законот за Локална самоуправа и член 83 од Статутот на Oпштина Охрид.

Охрид | пред 2 години

ohrid

Општина Охрид: Сите обврзници на комунална такса –фирмарина кои имаат заостанати и неплатени обврски, да ги подмират

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАПЛАТА НА ДАНОК НА ФИРМА –ФИРМАРИНАјуни 21, 2023 0Општина Охрид ги потсетува сите граѓани дека во согласност со одредбите за присилна наплата во Законот за даноци на имот (Сл. весник на РМ бр. 61/2004…151/21) и согласно одредбите во законот за Комунални такси ( сл. весник на РМ бр. 61/04 … 23/16) во тек е постапка за присилна наплата по основ на комунална такса за фирмарина за 2020 /2021 год.Сите обврзници на комунална такса –фирмарина кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, да ги подмират своите обврски.Воедно, Ве информираме дека секое регистрирано лице како трговец поединц или правно лице има достапен увид во неговата финансиска картица, увид во изготвените решенија по кои се задолжени и истите може да ги платат електронски преку линкот за е-даноци на официјалната веб страна на Општина Охрид ( https://edanoci.ohrid.gov.mk/).Потсетуваме дека во месец април –мај минатата 2022 година, Општина Охрид испрати електронски Опомени за неплатена комунална такса за фирмарина до сите правни и физички лица (т.е. трговци поединци и занаетчии) кои вршат дејност на територија на Општина Охрид. Од причина што рокот во кој требаше да се изврши наплатата по доставената опомена е поминат, Општина Охрид е во постапка на изготвување решенија за присилна наплата кои ќе бидат доставени до даночните, односно таксените обврзници.Доколку даночните и таксените обврзници не постапат по ваквото решение се изготвува решение за блокада на банкарсктие сметки на обврзниците.

Охрид | пред 2 години

VINSKI_FESTIVAL_21.06-3

Денес започнува второто издание на „Ohrid Wine Festival“

Денес со почеток од 18 часот, на улица „Кеј Македонија“ започнува Второто издание на „Ohrid Wine Festival“. По тој повод, денеска, градоначалникот Кирил Пецаков и Пане Темов, претставник на организаторите одржаа прес конференција.-Овогодинешниот фестивал започнува на 22 јуни, и ќе трае до 24. Охриѓани и гостите ќе имаат можност да вкусат квалитетно, да уживаат во закуските и да уживаат во одличниот избор на музичките перформанси. Учество ќе земат повеќе од 20 винарии и други учесници од Македонија од повеќе различни региони. Овогодинешната музичка програма е составена исклучиво од домашни изведувачи и на тој начин даваме поддршка до домашните изведувачи кои се навистина квалитетни. Првиот ден е резервиран за бендот „Баклава“, добро прочуениот Миле Кузманоски и безвременскиот Дарио. Во петок ќе настапат „Лугер“, „Брас брадарс“, „Бак дор бенд“ и „Нокаут“, а во сабота охриѓанецот Александар Јосифовски, Фиц и „Д инвизибалс“ со најголемите хитови од Студени нозе, и „Фанк Шуи“. Сите дена како резидент дџ ќе биде „РутБој“. Убеден сум дека музичката програма ќе ги задовли сите вкусови на посетителите. Со почетокот на Вино Фест, практично го означуваме почетокот на летната туристичка сезона пред која ни претстојат безброј настани. Забавата започнува од 18 часот и ќе трае до 01 часот по полноќ. Ги поканувам Охриѓани, гостите, но и сите оние кои не се во Охрид во моментов, да дојдат и заедно да уживаме во фестивалот, кажа градоначалникот Пецаков.Покрај познатите македонски вински компании, ќе се претстават и мали семејни винарии како од Охрид така и од Македонија.-Посетителите по релативно добри и ефтини цени ќе може да пробаат различни вина. Ќе може да се дегустираат македонски сорти на вино, како станушина, вранец, темјаника…Ќе ги промовираме нашите македонски музичари, се надевам дека ќе биде посетено како и лани, рече Темов и додаде дека интересот кај македонските винарии бил поголем годинава, а за одредено време овој фестивал има шанси да стане регионален, истакна Темов.Се очекува овој фестивал да изгради убава традиција и бројот на винарии од година во година да се збогатува.

Охрид | пред 2 години

Finalno-asfaltirawe-Lazar-Licenoski-5

Утре и задутре затворена за сообраќај улицата Марко „Цепенков“ во Охрид

Поради градежни активности за асфалтирање во петок 23.06.2023 година и сабота 24.06.2023 година, согласно времениот режим, ќе биде затворена за сообраќај улицата „Марко Цепенков“.Се известуваат жителите кои што живеат на улицата „Марко Цепенков“ и во населбите „Видобишта“ и „Гоце Делчев“ дека сообраќајот ќе се одвива по споредни улици.

Охрид | пред 2 години

271390768_373459804110139_5169398056754971612_n

Општина Охрид со повик за отстранување на пловните објекти од крајбрежјето во Пештани

Општина Охрид ги повикува сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас во село Пештани, истите да ги отстранат, најдоцна до петок, 23 јуни.Во спротивно од сабота 24.06.2023 година, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања