Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Delegacija_germanija_21072023001

Градоначалникот на германскиот град Хурт во посета на Општина Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Дирк Бројер, градоначалник на градот Хурт, кој е сместен во областа Северна Рајна-Вестфалија во Германија.Главна тема на средбата беа можностите за зајакнување на соработката помеѓу Охрид и Хурт на повеќе полиња. Градоначалниците разговараа за позитивното влијание на германските странски инвестиции во Охрид, врз локалната економија и стандардот на граѓаните. Исто така, во рамки на средбата се дискутираше и за даночната политика на локалните самоуправи во Македонија и Германија.Градот Хурт е лоциран на околу 6 километри југозападно од центарот на градот Келн, на североисточната падина на природниот резерват Котенфорст-Вил. Градот се состои од тринаесет области и е распространет на релативно голема површина.

Охрид | пред 2 години

ohrid

Свикана дваесет и деветтата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ДВАЕСЕТ И ДЕВЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ дваесет и деветтата седница на Советот на општина Охрид на ден 28.07.2023 година ( петок ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДУсвојување на Записникот од 25-та седница, Записникот од 27-та седница иЗаписникот од 28-та седницаПредлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООМУ „Методи Патче“- Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Братство Единство“- Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Ванчо Николески“ Лескоец за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Григор Прличев“ – Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Живко Чинго“ с. Велгошти за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Кочо Рацин“- Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Св.Климент Охридски“- Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Св.Наум Охридски“ с. Пештани – Охрид за 2024 година.Предлог-oдлука за давање согласност на годишниот план за вработување во ООУ „Христо Узунов“- Охрид за 2024 година.Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметка на бруто плата за вработените во ЈП „Водовод“ Охрид.Предлог-одлука за задолжување на ЈП „Водовод“ Охрид за изработка на Елаборат за определување граници на заштитни зони околу извориштата за водоснабдување на градот Охрид и околните населени места.Предлог-програма за измени на програмата други комуналн услуги за 2023 година.Предлог-програма за измени на програмата за уредување на градежно земјиште во 2023 година.Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата на буџетот на општина Охрид за 2023 година.Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2023 година.Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на плоштадите и друг простор во градот и другите населени места.Предлог-одлука за разрешување и именување член во управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Охрид.Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Ресен.Предлог-одлука за отстапување на времено користење простор на ФК „Св.Троица 2021“ Охрид.Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на товарно возило – кипер марака „ISUZU“ сопственост на општина Охрид на ЈП „Водовод“ Охрид.Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на возило – трактор со кабина марка „SOLIS 75 RX“ со цистерна (приколка) за шмукање фекалии – марка „FIMAKS FST 6000“ сопственост на општина Охрид на ЈП Нискоградба Охрид.Предлог-одлука за пренесување на правото на користење на возило – трактор со кабина марка „SOLIS 75 RX“ со плуг за чистење снег марка „AGRIMAK“ и соларка марка „YI 200“ сопственост на општина Охрид на ЈП „Охридски комуналец“ Охрид.Предлог-одлука за прифаќање донација на движни ствари – училишна опрема од Министерство за образование и наука на општина Охрид, наменети за општинските основни училишта.Предлог-одлука за давање на трајно користење движни ствари – училишна опрема сопственост на општина Охрид на општинските основни училишта.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.7249/3 КО Охрид 1.Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр. 1197/7 КО Велгошти.Предлог-одлука за одобрување на програмата за изградба на покриено повеќенаменско спортско игралиште на КП 2000/1 КО Лескоец – општина Охрид.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за поместување на границите помеѓу соседни градежни парцели за ГП_3.5 со намена А1-домување во куќи и ГП_12.3.7 со намена А2-домување во згради, во ДУП за УЗ 12, дел од УБ 12.3-опфат 1, КО Охрид 4, општина Охрид со тех.бр.03/22 од Јуни 2023, изработен од ДПУП„Полог проект-про“ ДОО Гостивар.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за градежни парцели ГП_58, ГП 2.55, ГП 2.56 И ГП 2.57, во ДУП за 6-та урбана заедница, урбан блок 6.2, опфат 1, општина Охрид со намена А1-домување во куќи, со техн.бр.09/22 од Јули 2023, изработен од друштво за проектирање и градба „СНЕГАР КОМПАНИ“ ДООЕЛ Охрид.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за ГП 2.17 И ГП 7.2.16 со ДУП за УЗ 7, блок 7.2, опфат 2-Охрид, општина Охрид, со техн.бр.0212-05/22 од Јуни 2023, изработен од Друштво за градежништво, промет, посредување и услуги „ТИПИНГ“ ДООЕЛ Велес.Предлог-одлука за донесување урбанистички проект со план за парцелација за градежни парцели за ГП 3.37 со намена А2.1-згради за домување со споен ѕид и ГП 2.3.28 со намена А1.3 семејни куќи во низа, споени ѕидови на меѓа од двете страни, во ДУП за УЗ 2, блок 2.3-опфат 2, КО Охрид 3, општина Охрид со тех.бр.79/21-23 од Јуни 2023, изработен од ДУПУ„Полог проект-Про“Гостивар.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 780 и 781/1 КО Косел.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект бр.35 и 36 на Кп.бр. 869/1 КО Охрид 4.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1385 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2331 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2351/1 КО Лескоец.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 68/2 КО Велгошти.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 987/18 и 988 КО Оровник.Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 8954/1 КО Охрид 2.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателСашо Донев

Охрид | пред 2 години

ohrid

Свикана триесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ТРИЕСЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ триесеттата седница на Советот на општина Охрид на ден 28.07.2023 година ( петок ) со почеток во 12,00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е Д1.Советнички прашања.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателСашо Донев

Охрид | пред 2 години

356936670_243079828531081_4199669427805334321_n-1440x959-1

Се одржа третиот пливачки натпревар „Охрид Опен 2023

Денес на пливачкиот базен „Атина Бојаџи“, во организација на пливачкиот клуб „Акваспирит“, а со поддршка на Општина Охрид, се одржа третиот пливачки натпревар „Охрид Опен „2023“. Во името на локалната самоуправа се обрати советникот Перчо Божиноски.– Денес сме на градскиот базен “Атина Бојаџи“, за да присуствуваме на третиот по ред меѓународниот пливачки натпревар “Охрид Опен“, со што докажуваме дека сме искрено посветени на охридското пливање да му го вратиме стариот сјај.Ги упатувам моите честитки до Пливачкиот Клуб “Акваспирит“, кој за овие три години успева да организира пливачка манифестација, во која сите ќе уживаме.Ние како локална самоуправа, остануваме доследни на нашите заложби за континуирано помагање на спортот и спортистите. Верувам дека пливачкиот митинг “Охрид Опен“ во иднина ќе расте и во квантитет и во квалитет и Охрид ќе го направи центар на македонското пливање – истакна Божиноски.На годинашниот „Охрид Опен“ настапија 187 натпреварувачи од 19 клубови од Македонија и еден претставник од Франција. На најуспешните пливачи им беа врачени медали и пехари.

Охрид | пред 2 години

Foto-12

Објавен повик за учество на ревијална веслачка регата со кајчиња

Веслачки клуб “Горица Ремо” од Охрид објавува:ПОВИКЗа учество на ревијална веслачка регата со традиционални метални кајчиња, која ќе се одржи во Охрид, на 27 август 2023 година со почеток во 17:00 часот. Регатата ќе биде завршен настан на фестивалот на водните спортови кој ќе се одржи во периодот од 18 до 27 август 2023. Регатата ќе се одржи во близина на охридскиот кеј, на потегот од каналот до пристаништето.Пропозиции:Трките ќе се одржат во машка и женска конкуренција во 2 категории, и тоа:едносед, со должина на кајче 4-4.5 метридвосед, со должина на кајче 5-6 метриНаграден фонд:за I место: 5000 денари и резба традиционален охридски чунза II место: 3000 денариза III место: 2000 денариПријавување на email: gorica.remo@gmail.comТелефон за контакт: 078472482Краен рок за пријавување: 19 август 2023 година

Охрид | пред 2 години

Ohridsko_leto_13072023001

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на отворањето на 63-то издание на фестивалот „Охридско Лето“

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на отворањето на 63-то издание на фестивалот „Охридско Лето“ што синоќа се одржа на Античкиот театар во Охрид.Светската оперска дива Ангела Георгиу, придружувана од симфонискиот оркестар на Националната опера и балет под диригентската управа на Чипријан Теодорашку, приредија ноќ за паметење изведувајќи ги најпознатите арии на Паучини, Верди, Прокофјев, Брамс.Наредните 40 дена ќе се одржат атрактивни културни настани на сцените на Атичкиот театар, црквата „Св. Софија“ , „Долни Сарај“, Центарот за култура „Григор Прличев“, но и на други интересни локации низ градот.Програмата нуди настапи на светски познати имиња и ансамбли од музичката, драмската уметност, програма за сите вкусови и генерации, сето вклопено во неповторлив природен и духовен амбиент каков што е Охрид. Вљубениците во уметноста ќе имаат прилика да уживаат во 34 концерти и седум театарски претстави, а програмата ќе биде збогатена и со балет, изложба на фотографии и промоција на книга. На фестивалот ќе настапат повеќе од илјада уметници од над дваесет земји од светот – Србија, Чешка, Италија, Словенија, Полска, Франција, Турција, Израел, САД, Украина, Шпанија, Црна Гора, Грција, Германија, Романија, Португалија, Египет, Русија и Северна Македонија.

Охрид | пред 2 години

ohrid-turisticka-1

Се дислоцира автобуската постојка за туристи на улица „Кузман Јосифоски- Питу“ во Охрид

Се известуваат сите Тур – оператори и туристички водичи од градов дека автобуската постојка за туристи која беше лоцирана на улица „Кузман Јосифоски- Питу“ кај факултетот за Информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од денес (13.07. 2023г.) се дислоцира на улица „Партизанска“ кај студентскиот дом „Никола Карев“.Од Општина Охрид, упатуваат апел до превозниците, автобуската постојка да се користи исклучиво за качување и слегување на туристи, а не за паркирање на автобуси.

Охрид | пред 2 години

Ambasador_Srbija_13072023003

Амбасадорката на Србија во посета на Општина Охрид

Во официјална посета на Општина Охрид, денес, беше амбасадорката на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ.На средбата градоначалникот и амбасадорката ги истакнаа добрите и пријателски односи помеѓу македонскиот и српскиот народ. Изразија желба и подготвеност ваквите односи дополнително да се надоградат со остварување на соработи во повеќе полиња. Потенцирано беше дека отворањето на сезонската авиолинија Охрид – Белград е од големо значење за развојот на туризмот во Охрид.Соговрниците разговараа и на актуелни теми кои го засегаат регионот.

Охрид | пред 2 години

Delegacija_Uchisar_150723003

Пецаков оствари средба со делегација на турската општина Учхисар од Кападокија

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со Осман Суслу, градоначалник на општина Учхисар, која е сместена во областа Кападокија во Република Турција.На средбата се разговараше за можностите за зајакнување на соработката меѓу Охрид и Учхисар во повеќе општествени сфери пред се во делот на туризмот, културата и образованието. Во фокус на средбата беше и темата за збратимување на двете општини.Учхисар е општина во историскиот и туристички регион Кападокија, кој припаѓа на провинцијата Невшехир и административниот регион Централна Анадолија во Турција. Ова е еден од најтипичните градови во Кападокија кој поседува уникатни културни и природни знаменитости кои го привлекуваат вниманието на туристите од целиот свет. Најпрепознатлива туристичка атракција е замокот „Учхисар“ кој е сместен во карпа, на 1300 метри надморска височина и нуди неповторлив пејзаж на целата област.

Охрид | пред 2 години

Saraevo_18072023001

Инвестициските можности на Охрид дел од „Реал Експо 2023“ во Сараево

Инвестициските можности и бизнис потенцијали на Охрид ќе бидат претставени на Саемот за бизнис инвестиции „Реал Експо 2023“ кој од денеска до 20-ти јули се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.Во текот на првиот ден од саемското претставување, штандот на Општина Охрид беше посетен од неколку потенцијални инвеститори помеѓу кои беше и Шеикот Мохамед бин Сакр Ал Касими од Обединетите Арапски Емирати. Со бизнис можностите на Охрид се запозна и премиерот на Кантонот Сараево, Нихад Ук.Градоначалникот Кирил Пецаков пред заинтересираните посетители изврши презентација на можностите за инвестирање во Охрид и оствари продуктивни бизнис средби, од кои во иднина постои можност да се вродат конкретни инвестиции во ОхридНа Саемот за бизнис инвестиции „Реал Експо 2023“ кој се одржува во изложбениот простор од 3.000 метри квадратни, во хотелот „Хилс“ учествуваат инвеститори, изведувачи, технолошки компании и бизнис експерти од 12 држави.

Охрид | пред 2 години

358067616_747446530714516_5056556584435559535_n

Шесто издание на Beach Film Festival во Охрид

Од 19-ти до 23-ти јули во Охрид ќе се одржува шестото издание на Beach Film Festival. Овогодинешната програма нуди многу филмски проекции, мастер класови и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински Центар Охрид.Љубителите на филмот ќе имаат можност да погледнат 8 долгометражни играни филмови, 16 краткометражни, 9 студентски, 5 француски (земја во фокус Франција) и 4 специјални проекции. Фестивалот се отвора со краткометражниот филм „Сценарио“ на Александра Кардалевска и долгометражниот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова, а ќе се затвори со словенечкиот филм „Нешто слатко“.

Охрид | пред 2 години

plakat-2023

12. издание „На зајдисонце“ во Трпејца

Во организација на Здружението „За Трпејца со љубов“ и под покровителство на општина Охрид од денес до 28 јули во селото Трпејца ќе се одржи културно-забавната манифестација „На зајдисонце“.Утре, четврток 20 јули, приустните ќе можат да ја видат изложбата на дела од Интернационалната уметничка колонија која се одржува во Трпејца, а во музичкиот дел ќе настапат Влатко Броз и диџеј Марама.Во петок во истиот термин публиката ќе може да се запознае со минатото на дел од околината на Трпејца. Младиот Петар Симоноски ќе прикаже видео презентација на тема: „Тврдина Осој од VI век“.Викендот е резервиран за документарни филмови. Во сабота навечер публиката ќе го гледа документарно – туристичкиот филм „Трпејца на дланка“ работен по сценарио на Милчо Јованоски.Следната вечер од 20:30 часот публиката ќе се запознае со Љупчо Паункоски и неговиот документарен филм „Охридските пливачки легенди“.Неделното утро е резервирано за традиционалната прошетка на домаќините и гостите по патеката Чоколско.Во понеделник на 24 јули во Трпејца ќе гостува бендот 3.0 ( три промили ) а денот потоа е резервиран за традиционалната Кајакарска регата „Номче Митрески“ и натпреварот во пливање.Вечерта е резервирана за прошетката „Со кајче по езерото“.Во среда на 26 јули од 19:30 часот посетителите на манифестацијата „На зајдисонце“ ќе можат да учествуваат на атрактивната трка со куфери по скалинадата во Трпејца.Час подоцна ќе следи интересната видео презентација „Пчелите ќе го спасат светот“ од Петар Стојаноски од фирмата „Органски природен мед“ од Трпејца.Претпоследната вечер од културното лето во Трпејца е резервирана за Драмското студио „Цвет 75 “ од Охрид под раководство на Драгана Боцевска. Младите актери ќе ја одиграат претставата „Пепелашка од Охрид“.На крајот од дванаесеттото издание на „зајдисонцето“ охридскиот сликар, фотограф и филмофил Ѓоко Симјаноски ќе гостува со изложбата на портрети „Беше еднаш Холивуд“.Летото во свој стил со пародијата „Дојдете во Трпејца“ ќе го затворат познатата македонска актерка Марија Кондовска и угостителот Марјан Митрески – Мац.

Охрид | пред 2 години

360096207_742210117706814_6172924032305739893_n

Темелно машинско миење на чаршијата во Охрид

Од раните утрински часови се спроведе темелно машинско миење на чаршијата, објави Охридски Комуналец.„Беше употребено и дезинфекционо средство, а на одредени места каде имаше потреба беше дополнето со рачно чистењеСогласно Програмата за работа за 2023 год. машинско миење на коловозите во летната сезона се спроведува секојдневно, според категоризација на улици, во периодот од 22 часот до 5 часот наутро“, велат од претпријатието.

Охрид | пред 2 години

360157690_741703961302954_84053894811323617_n

Пецаков: Ја подобруваме ефикасност на општинските јавни претпријатија

Со набавка на неколку нови комунални возила ја подобруваме ефикасност на општинските јавни претпријатија и обезбедуваме поквалитетни услуги за граѓаните, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„За ЈП „Нискоградба“ набавени се• Tрактор SOLIS 75 PH со кабина и најсовремена цистерна за фекалии со носивост од 6000l во вкупна вредност од 1.623.600,00 денари со вклучен ДВВ. (Програма за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“)• Комунално возило - Комбе Фургон со агрегат за чистење на канализација во товарен простор со вкупна вредност од 60.640,00 евра без ДДВ. ( „Проект за обезбедување на Општина Охрид со комунално возило“ - гранд од Јапонска амбасада)За ЈП „Охридски комуналец“ набавен е• Трактор со кабина и плуг со ширина од 2,5 m за чистење на една коловозна лента и соларка од 1200 l со современи хидраулични решенија за ефикасно справување при падавини на снег и појава на голомразица во вкупна вредност од 1.513.638,00 денари со вклучен ДДВ. (Програма за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“)За ЈП „Водовод“ набавено е• Возилото Камион кипер – марка ИСУЗУ - со двојна кабина со кој се очекува поефикасно и поекономично извршување на работните обврски на Секторот за водоснабдителни објекти. Во вредност од 4.350.000,00 денари со вклучен ДДВ. (Програма за „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“)“, додава тој.

Охрид | пред 2 години

360087904_741072771366073_7476526718326904270_n

Општина Охрид обезбеди ново товарно возило за потребите на ЈП „Водовод“

Општина Охрид континуирано работи во насока на подобрување на условите во Јавните комунални претпријатија и овозможува поголема ефикасност во работењето.„Само во текот на оваа година инвестиравме значителни средства во набавка на опрема и обезбедивме повисок квалитет на услугите за граѓаните.Денеска го промовиравме новото товарно возило за потребите на ЈП „Водовод“. Се работи за Камион кипер – марка ИСУЗУ - со двојна кабина кое е набавено преку проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП преку набавка на опрема“, одобрен од страна на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, а реализиран од Центарот за развој на Југозападниот плански регион во партнерство со Општина Охрид.Новото возило се очекува да придонесе за подобра ефикасност на Секторот за водоснабдителни објекти, производство и третман на вода за пиење во ЈП „Водовод“. Ќе се обезбеди поефикасно и поекономично извршување на работните обврски, потребите за транспорт на вработените, пропратниот алат и полесните градежни машини до местото каде е потребно да се вршат одредени интервенции, како и за одведување на ископаниот материјал од градилиштето до депонија за градежен шут.Би сакал да упатам благодарност до Центарот за развој на југозападниот плански регион за соработката на проектот за подобрување на капацитетите на општинските претпријатија, преку кој обезбедивме опрема за ЈП Водовод, Охридски Комуналец и Нискоградба во вкупен износ од 7,5 милиони денари. Овој проект општина Охрид и финансиски го поддржа издвојувајќи значаен износ на средства од буџетот на општината.Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме да работиме на имплементација на уште многу значајни проекти во Охрид и сите населени места во општината“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања