Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Fotoizlozba_12072023003

Изложба на фотографии „Охрид1940-1945“

Заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиноски синоќа во куќата на Уранија присуствуваше на отворањето на изложбата на стари фотографии на Јонче Поп Стефанија коишто го „оживеаја“ Охрид во периодот 1940 до 1945 година. Изложбата е на универзитетскиот професор Роберт Јанкулоски и е изработена од негативите на познатиот охридски сликар, пред скоро еден век. Изложените фотографии се сведоштво на животот на обичниот човек во Охрид пред почетокот на Втората светска војна и потоа.Изложени се 33 вредни фотографии отпечатени на архивска хартија, кои имаат документарна вредност и претставуваат вредно културно богатство.Изложбата „Охрид 1940-45“ ќе биде претставена и во Битола, а во иднина се планира да се дополни колекцијата со вредните фотографии од Јонче Поп Стефанија и да се изработи монографија. Како дел од овој проект беа исчистени, препакувани, дигитализирани и дигитално реставрирани 1.025 негативи од фотографската збирка на Поп Стефанија.

Охрид | пред 2 години

360081858_740331338106883_7317959336133279995_n

Пецаков на средба со Британскиот амбасадор Метју Лосон

Остварив официјална средба со Британскиот амбасадор Н.Е. Метју Лосон. Ова е прва официјална посета на британскиот амбасадор на Охрид, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков„На разговаравме за предизвиците со кои се соочува Охрид. Истакнав дека како Локална самоуправа сме подготвени за справување со истите и воедно паралелно реализирање на зацртаните проекти. На амбасадорот му ги презентира тековните и проектите кои ќе се реализираат во наредниот период.Разговаравме и за УНЕСКО и исполнувањето на препораките. Го уверув амбасадорот дека Охрид се движи во правилна насока и се надевам дека со ангажирање на сите засегнати страни ќе се добие посакуваниот резлутат. Разговаравме и за заштитата на животната средина и заштитата на Охридското езеро.Се разговараше за продлабочување на соработката во областа на туризмот преку организирање на промоции во Британија, како и за проширување на директните авио линии.Заедно со Амбасадорот ја потенциравме веќе добро воспоставената меѓусебна соработка и заклучивме дека кај двете страни има воља за надоградување“, додава тој.

Охрид | пред 2 години

22-1-768x509-1

На 19 јули театарска претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот” во Охрид

Општина Охрид во рамките на програмата за култура оваа година активно работи на програма за нашите најмлади охриѓанчиња.На 19 јули на сцената кај ТЦ Амам најмладите ќе имаат прилика да ја проследат театарската претстава за деца ,,Во домот на Волшебникот”. Претставата е работена наменски и е посветена на децата. Токму овој период кога во регионот сериозно е видливо насилството помеѓу децата, а и кај нас, нужна е потребата преку театар да се прикаже дека за секој проблем и недоразбирање не е решение насилството, туку разговорот, меѓусебното подавање на рака, искреното пријателство. Низ низа драмски ситуации во кои главната нитка е мудроста на волшебникот, наспроти денешното однесување на децата, ќе упатиме јасна порака: Со насилство НЕ, со дружба може СЕ!Во претставата има многу комичнини, едукативни, педагошки елементи, но што е најважно интеракцијата на децата од публиката е многу присутна. Важноста заедно со актерите ќе дојдат до главната порака на претставата, а притоа да увидат дека само преку искрен и другарски пристап можеме да успееме во се.Претставата изобилува со преубава музика, сценографија и костимографија. Во неа играат актерите кои децата ги познаваат од народните приказни: Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски, а покрај нив игра и младата Тамара АнгелескаУлогата на Волжебникот ја игра актерот Сашо Ристовски, а улогата на помошничката ја игра актерката : Магдалена Ризова-Черних ,улогата на девојчето ја игра Тамара Ангелеска.

Охрид | пред 2 години

Sport_11072023001

Интензивни подготовки на првото издание на Ohrid Water Festival

Интензивно се одвиваат активностите за подготовка на првото издание на големата промотивно-спортска манифестација Ohrid Water Festival, која ќе се одржува во Охрид од 18-ти до 27-ми август.На координативен состанок кој се одржа денеска, претставниците на охридските клубови за водени спортови информираа за деталите за сите 17 спортски настани кои се предвидени во рамки на официјалната програма.Како пропратен дел на фестивалот планирани се и голем број социјално-забавни настани на повеќе локации во градот, музички концерти, промоција на реквизити за водени спортови, промоција на традиционална храна, изложби на фотографии, панел дискусии и други културни и едукативни содржини.Во финална фаза е и подготовката на официјалната веб страница на Ohrid Water Festival на која ќе бидат поместени сите информации и детали за времето и местото за организирање на десетте фестивалски денови.Фестивалот е под целосно покровителство на Општина Охрид, а неговата основна цел е промоција на водените спортови, афирмација на уникатноста на Охридското Езеро и туристичките потенцијали со кои изобилува нашиот град.

Охрид | пред 2 години

359342811_739768044829879_1386188475731252065_n

(ФОТО) Општина Охрид изгради детско игралиште на плажата во Пештани

Во рамки на реализацијата на Градската плажа во Пештани, започнавме да работиме на изградба на детско игралиште. Денес, се работи на поставување на детските реквизите, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Изведувач на активностите е ЈП „Градски пазар“ и компанијата „Дион градител“.Средставата за изградба на игралиштето се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

354761317_217759297487865_1361187255703160656_n-1440x959-1

Започна Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид

Синоќа во ЦК „Григор Прличев“ свечено беше отворено 62-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на Охрид, Перчо Божиновски.– Вечерва тука, заедно во нашиот убав Охрид ја продолжуваме долгогодишната традиција, со одржувањето на оваа манифестација на највеличествен начин да го прославиме значењето на танцот и музиката како универзални вредности на народите. Облечени во боите на својата земја, со сјај во очите и нескротлива енергија учесниците од повеќе европски земји ја претставуваат својата култура, традиции и обичаи кај нас, а со тоа потврдуваат дека најдобрата врска меѓу народите е музиката и танцот. А токму прек нив од дамнина се изразувала тагата или радоста, гордоста или очајот на Балканските народи. Преку фолклорот се отсликува генетскиот код на еден народ и токму затоа Балканскиот Фестивал кој е најстара културна манифестација од ваков тип на Балканот е толку значаен и го зазема фестивалскиот примат.Полека но сигурно ја ситниме седмата деценија од првото заиграно оро и отпеана песна на сцената на Доллни Срај. Оттогаш почнува магијата, а до денес на фестивалот учествувале неколку десетици илјади учесници, инструменталисти, играорци, пејачи од сите континенти во Светов. Сите тие дефилирајќи низ охридската чаршија најавуваат долго топло лето во Охрид со надеж за плодна туристичка сезона.Јас верувам дека уживавте на синоќешната изложба од „Љубанишча до Дебор“ од колекцијата на Љупчо Милошески, а повеќе од сигурен сум дека ќе уживате и во претстојните фестивалски ноќи.На крај им се заблагодарувам на вработените од ЦК „Григор Прличев“ за одличната организација на фестивалот. На учесниците им посакувам најубаво фестивалско претставување со желба да понесат убави впечатоци од древниот Охрид и повторно да се вратат кај нас– рече Божиновски.Свое обраќање пред присутните имаше и Заменик претседателот на македонското Собрание, Горан Мисоски. Настанот е во организација на Министерството за култура на Р. МакедонијаВлезот за фестивалските ноќи е слободен.

Охрид | пред 2 години

356931700_735953285211355_2434612720682893971_n

Отстранети кајчињата од плажата во Пештани, се уредува просторот

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на Фејсбук сподели фотографија од уредувањето на плажата во Пештани.„После отстранувањето на кајчињата од плажата во Пештани, денес, започнаа активностите за уредување на просторот.Со тоа жителите во Пештани, но и туристите ќе добијат уредена плажа која ќе можат да ја користат“, објави Пецаков.

Охрид | пред 2 години

Нема фотографија

Општина Охрид објави конкурс за најдобар расказ по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“

По повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, Општина Охрид го распишува годинешниот:КОНКУРС ЗА НАЈДОБАР РАСКАЗУслови за учество на Конкурсот:Право на учество на Конкурсот со свој расказ има секој полнолетен граѓанин на Република Македонија;Трудовите треба да се достават во печатена форма во три примероци, под шифра, без лични податоци за авторот, на адреса:ОПШТИНА ОХРИД, ул. „Димитар Влахов“ бр.57, со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА РАСКАЗ;Авторското право се докажува со четвртиот примерок;Краен рок за доставување на трудовите е 31.07.2023 г.;Жири – комисијата ќе ги објави резултатите од Конкурсот во дневниот печат најдоцна до 08.08.2023 г.Наградата за најдобар расказ е една и изнесува 30.000 денари, а истата ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, која во негова чест традиционално, секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.Доставените трудови не се враќаат.

Охрид | пред 2 години

JAPONSKA_DONACIJA_23.06-5-scaled-1

Официјално примопредавање на комуналното возило од јапонската амбасада за Општина Охрид

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во придружба на амбасадорот на Јапонија во земјава Н.Е. Оцука Казуја и директорот на ЈП „Нискоградба“, Александар Трпеноски присуствуваше на церемонијата со која се официјализира примопредавањето на комуналното возило кое е донација од јапонската влада за Општина Охрид . Возилото е наменето за чистење на канализационата мрежа во градов и ќе го користи ЈП „Нискоградба“.Градоначалникот Кирил Пецаков укажа на значењето на оваа вредна донација која доаѓа во вистинско време имајќи ја во предвид заложбата на Општина Охрид за заштита на животната средина и Охридското Езеро.-Станува збор за голема донација на Јапонската влада вредна 60,640.00 EUR. Имајќи ја предвид заложбата на Општина Охрид за заштита на животната средина, акцентирајќи ја заштитата на Охридското Езеро, оваа донација доаѓа во вистински момент. Со новото комунално возило се врши брза и навремена санација на дефктите на канализационата мрежа при што многу ефикасно започнавме да се справуваме со загадувањето. Секако тука има уште доста работа, но сум сум уверен дека претходните средби со делегациите од Јапонија и поддршката што Јапонската амбасада и лично Амбасадорот ја даваат на Општина Охрид ќе резултира со скоро решавања на овој проблем.Убеден сум дека веќе добрата меѓусебна соработка која ја негуваме ќе придонесе и во иднина да бидеме дел од вакви настани, кои по своето значење се повеќе од локални, бидејќи заштитата на животната средина е светска обврска, не само локална.Во оваа прилика од мое и од името на сите охриѓани се заблагодарувам на оваа вредна донација. Пријателска Јапонија во неколку наврати донирала општи блага во Охрид и со тоа ни покажавте дека Охрид има посебно место кај Вас. Впрочем тука би цитирал една народна изрека која вели „Штом еднаш го посетиш Охрид, повторно ќе се вратиш со уште повеќе пријатели“. Во таа насока нека се развива и оваа наша понатамошна соработка- рече градоначалникот Пецаков.Директорот на ЈП „Нискоградба“ Александар Трпеноски заедно со вработени во претпријатието извршија презентирање на статистиките и мала демонстрација на работењето на возилото.-Донираното возило веќе еден месец е пуштено во употреба и успеа да санира приближно 200 дефекти во канализационата мрежа од кои голем дел се во стариот дел на градот којшто претставува специфичен терен за работа– рече Трпеноски.Со денешниот настан се комплетира GGP – проектот на јапонската амбасада. Пред официјалното примопредавање, градоначалникот Пецаков и амбасадорот Казуја имаа протоколарна средба на која беа изразени заложбите на двете страни да продолжи и да се зацврсти континуираната соработка помеѓу Македонија и Јапонија.

Охрид | пред 2 години

MLADI_DISKUSIJA_23.06-1-scaled-1

Во Охрид се одржа дискусија за зајакнување на локалниот младински совет

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска се вклучи на дискусијата за зајакнување на Локалниот младински совет, која се одржа во Младинскиот центар во Охрид, како дел од проектот „Од ЕУ за Вас: Опремување на локалните младински совети со најдобрите европски практики #TeamEurope“. Дискусијата ја организираше Центарот за меѓукултурен дијалог (CID) и Амбасадата на Хрватска во Република Македонија.На дискусијата присуствуваше амбасадорката на Република Хрватска во Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, која со младите охриѓани разговараше за перспективите на локалната младина и сите потреби и предизвици, како и за начинот на делување на Локалниот младински совет во Охрид.По завршување на официјалниот дел на настанот, градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорката Тигањ на која се разговараше за можноста за воспоставување на соработка на Охрид и градот Дубровник, како и за неколку заеднички теми и проекти од заеднички интерес на двата града.

Охрид | пред 2 години

nevreme-1

Настанатите штети од невремето во Охрид може да се пријават до петок

Се информираат жителите на Општина Охрид дека настанатите штети од невремето може да ги пријават до 30.06.2023 година (петок).Барањата за пријава на штети се подигаат во архивата на Општина Охрид, а кон барањето задолжително се приложува имотен лист и лична карта.Настанати штети може да се пријават само за недвижен имот и за земјоделски култури.

Охрид | пред 2 години

20230624_140835

Одбележан денот на балканските Египќани во Охрид

Со средба на претставниците на Египќаните од Македонија, Албанија и Косово, денес во Охрид се одбелжува 24 јуни – Денот на Балканските Египќани. Градоначалникот Кирил Пецаков оствари средба со претставниците на Египќаните, меѓу кои присуствуваше и Елберт Красниќи, министер за локална самоуправа во Косово.Градоначалникот Пецаков, истакна дека како локална самоуправа, Охрид има преземено многу работи, со кои недвосмислено се покажува дека нашите сограѓани Египќани, се нераскинлив дел од заедничкото живеење во Охрид, со сите други етнички заедници. Верувам дека и како држава ќе продолжиме да ги унапредуваме правата на Египќаните во заедничкиот дом – Македонија, за заедно да градиме просперитетна заедница за сите граѓани –истакна Пецаков.Според здруженијата на Египќаните од Албанија и Косово, нивниот број е далеку поголем од официјалните пописни резултати во овие земји. Па така, во моментв во Косово живеат околу 20 илјади, а во Албанија над 200 илјади Египќани. Претставниците на оваа заедница во Косово имаат едно загарантирано пратеничко место во Косовскиот парламент, а во Албанија во моментов се во фаза на формирање на политичка партија.

Охрид | пред 2 години

IMG-e5d98dd48342f2debe9fe92cce804758-V

Меѓународен турнир во таеквондо во Охрид

Денес во спортската сала „Билјанини извори“, започна меѓународен турнир во Таеквондо. Пред присутните натпреварувачи се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.– Како голем поддржувач на спортот, секогаш ми е посебно драго да бидам дел од вакви спортски случувања, кои оставаат траен белег во спортскиот живот на нашиот град и се позитивен пример за афирмација и промоција на различни спортски дисциплини.Таеквондото е вековна боречка вештина која со своите правила и техники е вистински психички и физички предизвик, па затоа на сите натпреварувачи им честитам за нивната посветеност и ентузијазам да бидат истрајни во сите борбени подвизи.Оваа можност би сакал да ја искористам и да истакнам дека сум особено горд што Охрид веќе има неколку истакнати имиња кои на наша голема радост имаат остварено врвни резултати во оваа боречка дисциплина.Помеѓу нив е и европската златна титула на младата Христијана Парулеска која ја прославивме пред два месеци. Верувам дека во подем се и нови генерации на успешни таеквондисти, од кои во иднина очекуваме уште поголеми достигнувања.Се надевам, дека овој спортски настан ќе продолжи да се одржува и во иднина, со уште поголем број на учесници и дека значително ќе придонесе за промоција на потенцијалите за развој на спортскиот туризам во Охрид.Ви посакувам успешни натпревари и одлични резултати, како и многу нови пријателства. До сите гости упатувам покана да го искористат својот престој тука, за да уживаат во убавините на нашиот туристички бисер Охрид – исткана Пецаков.

Охрид | пред 2 години

353809504_649890993661133_1721272234083163112_n

Промоција на книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро и пошироко во Македонија“

Во сабота ( 01. 07. 2023 г.) со почеток во 12:30ч. во кафе бар „Босфор“ во охридската чаршија ќе се одржи промоција на книгата „Пловните објекти и веслањето низ историјата на Охридското Езеро и пошироко во Македонија“ од Здравко Тупаре.Книгата е издадена со поддршка на Општина Охрид.

Охрид | пред 2 години

Evropeizacija300623004

Во кафе барот „Кадмо“ одржана дебата на тема: „Европеизација на Македонија-дали сме на добар пат“

Во организација на Паневропската Унија на Македонија, денес во кафе барот „Кадмо“, се одржа дебата на тема: „Европеизација на Македонија-дали сме на добар пат“. Свои излагања имаа претседателот на Паневропската Унија на Македонија Андреј Лепавцов, универзитетските професори Љубомир Кекеновски и Марјан Бојаџиев, екс амбасадорот Марјан Ѓорчев, Огнен Цубалевски,менаџер во ОДВ Електрик и Олег Маленко од компанијата Вис Пој од Охрид.Гостите од името на локалната самоуправа ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков.– Денешната тема се провлекува низ политичко- општествениот живот на Македонија повеќе децении, а деновиве стана особено актуелна со последните потези што ги влече владата. Претпоставувам дека сите ќе се согласиме, а тоа е политички консензус кој трае –европеизацијата на Македонија никогаш не била доведена во прашање, само начините, методите и политичките средства како тоа се остварува, биле различни.Благодарност до Паневропската унија на Македонија за реализација на денешната дебата, на која се надевам дека ќе има плодни дискусии, погледи и размислувања, која ќе фрлат нова светлина на европската перспектива за Македонија и ќе покажат дали сме навистина на добар пат – истакна во своето обраќање Пецаков.Заедничко именител во излагањето на сите панелисти беше дека, на патот за полноправно членство во Европската Унија, грешките се во недоволниот капацитет што го покажавме како држава, но и не секогаш принципиелните и конзистентни ставови на Европа кон нашата земја.

Охрид | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања