Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Kiril-Pecakov-03.12.2022

Пецаков спремен за Охрид да блесне идната година, на прво место се жителите

Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид на денешната негова изјава на настанот „Твојата идеја за промени“ каде што граѓаните предлагаат проекти и идеи кои ќе бидат вклучени за следната буџетска година истакна дека граѓаните се организирани на ниво на месни заедници, имаат свои предлози со суштински потреби за нивните населени места и сите проекти се на нивно барање.-Очигледно граѓаните се организирани на ниво на месни заедници, имаше неколку прашања кои побараа да влезат во програмите во Буџетот односно во изгласувањето на самиот буџет, меѓутоа месните заедници како што кажав се организираа, имаат свои предлози и би рекол дека принципот кој што создадовме во минатата година секако кога нешто е битно да се направи без разлика дали е тоа асфалтирање на некакви улици, проблеми со водата, нова водоводна линија, канализациона мрежа или било каква потреба да е, ние сме биле во комуниакција со нив. Не била лична моја желба или на секторот туку нивните долгогодишни проблеми ги решававме и ова е повик го сфатија буквално така, тие се дојдени би рекол спремни за она кое што се нивни суштински потреби, побарувања за да влезат во буџетот во наредниот период. Овој принцип би рекол на функционирање го воведовме, а сме поблиску до граѓаните и овие отворени денови каде што повторно ќе бараме од граѓаните одредени предлози за буџетот, така ќе продолжи да функционира и понатаму затоа што ние како локална власт ја црпиме силата исклучиво од граѓаните, рече градоначалникот Пецаков.Тој посочи дека во централното градско подрачје има места кои што сеуште не се поврзани со канализациона мрежа.-Во централното градско подрачје има места кои што сеуште не се поврзани со канализациона мрежа, така да тоа е една од основните работи и секако пристапот до вода до секој граѓанин не е еднаков посебно во летниот период кога ние како град имаме голем проблем заради зголемувањето на бројот на туристи, кажа градоначалникот Пецаков.На крај градоначалникот Пецаков додаде:-Многу е тешко за реализирање на она кое ние го имаме како замисла, но дополнителна тежина ни претставуваат јавните претпријатија кои што сами по себе функционираат со блокирана сметка и нивните основни потреби за материјали, за работа за она кое што треба да го сработат на терен, а е зададено од локалната самоуправа се голем проблем за нив. Но оваа година ние сработивме преку 30 милиони заедно со јавните претпријатија што не е случај со минататa година и сме му дале можност наместо она кое било во 2021, 8 милиони сега да сработи околу 30 милиони, значи сме му дале на прeтпријатијата да живеат односно да ја извршуваат нивната работа, да можат да плаќаат плати и да ги сервисираат сите оние тековни обврски кои што ги имаат.

Актуелно | пред 3 години

Poseta_skolarci_25112022004

Ученици во посета на Општина Охрид

Учениците од четврто одделение при OОУ „Христо Узунов“, OОУ „Братство Единство“ и ООУ „Ванчо Николески“ денеска беа во посета на Општина Охрид.Градоначалникот Кирил Пецаков придружуван од секретарот на Општина Охрид, Александар Китески и реководителот на Секторот за образование и детска заштита, Димитар Спасески ги прими младите гости во големата општинска сала и ги запозна со основните информации околу начинот на функционирање на локалната самоуправа и главните општински симболи.Ученичките посети се дел од наставната програма по предметот Општество.

Охрид | пред 3 години

Lihnida_261122002

Поменета старата столарија во објектот на детската градинка „Лихнида“

Во изминатиот период во објектот „Лихнида“ на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ се работеше на промена на надворешната столарија. Старата и дотраена столарија се замена со нови енергетски ефикасни ПВЦ-прозорци.Со овој зафат значително се подобруваат условите за престој на децата.Вредноста на оваа инвестиција изнесува 451 704 денари, а средствата се обезбедени преку буџетот на Општина Охрид.

Охрид | пред 3 години

SOUND-OF-EGYPT_271122002

Охрид домаќин на фестивалот „Sound of Egypt“

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков се обрати на отворањето на фестивалот „Sound of Egypt“ што вечерва се одржа во Охрид. Пред присутните градоначалникот рече:– Дозволете да го изразам моево задоволство што Охрид е домаќин на овој прекрасен културен настан преку кој доаѓаат до израз нашите заеднички заложби за негување на културата, традициите и обичаите на Египќаните. Тие се важна алка во градење на соживот и меѓусебно почитување и разбирање во општеството. Мултикултурализмот и еднаквоста треба да бидат важен приоритет во нашето секојдневно делување, а унапредувањето на правата на египќаните наша заедничка цел и предизвик. Веселиот дух и темперамент на Египќаните се преточени во нивната песна и музика кои се примамливи за очи и уши и секако битен дел од мултикултурната лепеза на нашава земја. Сите сограѓани независно од верска, етничка или расна припадност се рамноправни и еднакви за мене. Битен е човекот, неговата добронамерност и вредностите кој тој ги негува, а се во насока на општествен развој и напредок. Затоа и понатака ќе работиме на зајакнување на економската и социјалната вклученост на Египќаните во секојдневните општествени текови. Неопходна е продуктивна коегзистенција меѓу верниците и меѓусебно почитување во едно мултирелигиско и мултикултурно општество какво што е нашето. Вакви настани и случувања особено се битни за нас. Тие се уникатна културно- забавна понуда во пост летниот период од годината и привлекуваат гости кај нас, затоа и во иднина ќе ја добиваат нашата поддршка – подвлече градоначалникот Пецаков.

Охрид | пред 3 години

20-Sednica-2022

Заврши дваесетата седница на Советот на oпштина Охрид

На денешната 20-та седница на Советот на oпштина Охрид, со мнозинство гласови беа изгласани сите 64 точки на дневниот ред.Советниците ги усвоија Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за подршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2022-2024 за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2022 година за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за спорт и рекреација за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за културни манифестации и творештво за 2022 година за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образование за 2022 година (Н1) за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2022-2024 (НА) за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на годишната Програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2022 година (Н2) за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2022-2024 (НБ) за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на годишната Програма на општина Охрид за детска заштита за 2022 година (В1) за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2022-2024 (ВА) за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на годишната Програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за енергетска ефикасност за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за други комунални услуги за 2022-2024 година за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за одржување јавна чистота за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за јавно осветлување за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2022 година за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за изградба на системи за водоснабдување за 2022-2024 година за период 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за изградба на системи за одведување и пречистување на отпада вода за 2022-2024 година за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година, Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за уредување на градежно земјиште за 2022-2024 година за период од 01.07. до 30.09.2022 година и Предлог-одлуката за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот на Општина Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2022 година.Со мнозинство гласови беа усвоени и Нацрт- годишната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2023 година, Нацрт-програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2023 година, Нацрт-програмат за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за 2023 година, Нацрт-годишната програма за спорт и рекреација за 2023 година, Нацрт-Годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на основното образованието за 2023 година, Нацрт-Развојната Програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2023-2025 година, Нацрт-Годишната програма за активностите на општина Охрид во областа на средното образование за 2023 година, Нацрт-Развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на средното образование 2023-2025 година, Нацрт-Годишната програма на општина Охрид за детска заштита за 2023 година, Нацрт-Развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на детската заштита 2023-2025 година, Нацрт-Годишната програма на општина Охрид за социјална и здравствена заштита за 2023 година, Нацрт-програмата за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2023 година, Нацрт-програмата за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2023 година, Нацрт-програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2023 година, Нацрт-програмата за заштита на животната средина и природата за 2023 година, Нацрт-програмата за млади и невладини организации за 2023 година, Нацрт-програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2023 година, Нацрт- програмата за реализација на активностите на општина Охрид од областа на заштитата и спасувањето за 2023 година, Нацрт- програмата за безбедност и здравје при работа на општина Охрид за 2023 година, Нацрт- програмата во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на РМ на подрачјето на општина Охрид за 2023 година, Нацрт- Развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2023-2025 година, Нацрт- Програмата за уредување на градежно земјиште во 2023 година, Нацрт-програмата за енергетска ефикасност за 2023 година, Нацрт-програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2023 година, Нацрт- програмата урбана опрема-изградба и одржување за 2023 година, Нацрт-програмата за други комунални услуги за 2023 година, Нацрт-програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2023 година, Нацрт-програмата за јавно осветлување за 2023 година, Нацрт-програмата за одржување јавна чистота за 2023 година, Нацрт-програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2023 година и Предлог-одлуката за усвојување на Нацрт буџетот на општина Охрид за 2023 година.Исто така беа усвоени и Предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП Градски Пазар – Охрид, Предлог-одлуката за давање согласност на Правилникот и Каталогот за стандардизација и визуелна унификација на локациите опфатени со анализата на визуелното оптеретување на градот Охрид, Предлог- одлуката за давање согласност на Статутот на приватна установа за деца-детска градинка АБЕЦЕДАР Охрид, Предлог-заклучокот за усвојување на Информација за постапката за ДУП за УЗ 10 дел од УБ 10.1 – опфат 1 и Предлог-одлуката за донесување техничка исправка за ГП А1.5 во ДУП за дел од УЗ 16-Рача, дел од УБ 16.2, опфат 1, Охрид, Oпштина Охрид.

Охрид | пред 3 години

Multifunkcionalno_igraliste_28112022005

Ново мултифункционално игралиште во ООУ “Христо Узунов“ во Охрид

Ново мултифункционално игралиште за ракомет, фудбал и кошарка доби ООУ “Христо Узунов“. На свечениот настан што денес се организира по тој повод присуствуваше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.– Денес сме собрани тука да го одбележиме пуштањето во употреба на мултифункционалниот терен за ракомет, фудбал и кошарка во рамките на ОУ “Христо Узунов“. Овој племенит инфраструктурен зафат го покажува нашиот однос кон образовните институции и нашата грижа за најмладите. Дозволете ми да изразам искрена благодарност до Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа за донираната опрема, со која учениците ќе имаат оптимални услови за спортување на отворен простор. Ние како локална самоуправа, целосно сме посветени да обезбедиме најдобри услови за одвивање на воспитно образовен процес на целата територија на Општина Охрид. Верувам дека овој терен ќе им пружи на учениците и нивните наставници огромно задоволство во играта и совладувањето на спортските вештини, што е многу важен чекор во градењето на нивните карактери. Почитувани присутни, ве уверувам дека како локална власт и во иднина ќе вложуваме во образованието и спортот, зошто сметаме дека тоа се две најважни дејности за правилно подигање на нашите деца, на кои почива иднината на Охрид и Македонија – рече градоначалникот Пецаков .Мултифункционалното игралиште за ракомет, фудбал и кошарка е инвестиција на Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа и е вредно 3 300 000 денари. Истото е дел од проектот „Играј со најдобрите“ и е петто по ред игралиште во државава опремено од оваа компанија.Пред присутните пригодни обраќања имаа Маркетинг директорот на Државната Видеолотарија – Касинос Аустриа, Вики Чадикоска и директорката на училиштето, Марина Ѓоргоска.

Охрид | пред 3 години

Dame_Gruev_291122002

Завршуваат градежните активности на улицата „Даме Груев“ во Охрид

Со асфалтирање на потегот каде претходно се изведуваше нова фекална канализација се заокружуваат градежните активности на улицата „Даме Груев“. Целиот потег каде се работеше е вратен во првобитна состојба.Старата и нефукционална фекална канализација се замени со нова, која се стави во фунцкија за жителите од овој дел од градот.Вредноста на проектот е 900 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Охрид | пред 3 години

Skolo_Lakocerej_23112022001

Реконструирани тоалетите во подрачниот училишен објект на ООУ „Кочо Рацин“ во Долно Лакочереј

Завршија работните активности за реконструкција на тоалетите во подрачниот училишен објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј.Извршена е нивелација на подовите во тоалетите, поставени се нови подни плочки и извршена е демонтажа и монтажа на санитраните елементи.Активностите се реализирани со средства од буџетот на Општина Охрид во рамки на Програмата за капитални инвестиции во областа на основното образование.

Охрид | пред 3 години

Bulevar-sadenje_drvja_18112022003

Се засадува нов дрворед на улицата „Македонски просветители“ во Охрид

Како дел од проектот за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ денеска започнаа работни активности за засадување на новиот дрворед. Согласно проектната документација, ќе бидат засадени вкупно 96 стебла од видот Malus.Претходно, на оваа улица се пристапи кон отстранување на стариот дрворед при што беа отстранети вкупно 76 стари стебла. Согласно Планот за ревегетација, како замена за отстранетите дрвја, Општина Охрид ќе засади вкупно 219 нови садници. Покрај предвидените 96 стебла на улица „Македонски Просветители“ во текот на наредниот период планирано е да бидат засадени уште 123 нови садници од автохтони видови на потегот покрај пешачката патека кон „Горица“.Активностите за засадување на новиот дрворед ги спроведува фирмата изведувач на проектот за реконструкција на улицата, во соработка и под надзор на стручни лица од ЈП „Охридски Комунелец“.

Охрид | пред 3 години

Naum_Jakovlev_18112022003

Пецаков оствари средба со младиот каратист Наум Јаковлев

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари средба со младиот каратист Наум Јаковлев, кој освои бронзен медал на 21-то Светско првенство во традиционално карате ИТКФ.Градоначалникот Пецаков упати честитки до младиот Јаковлев и неговиот матичен клуб „Фудошин“ за остварениот успех, со желби за уште поголеми спортски достигнувања. Градоначалникот потенцираше дека Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена за поддршка на спортските клубови и младите спортисти кои учествуваат на врвни натпревари, бележат значајни успеси и го промовираат Охрид во светот.Овогодинешното Светско првенство во традиционално карате ИТКФ се одржуваше во Скопје од 11-ти до 13-ти ноември 2022 година, во организација на МТКФ (Македонска Традиционална Карате Федерација).На натпреварот учествуваа преку 40 држави и 450 натпреварувачи, а младиот Јаковлев освои 3-то место во младинска категорија, во дисциплината кумите. Како дел од македонската репрезентација, на светското првенство учествува уште две натпреварувачки од охридскиот карате клуб „Фудошин“, Ана Томоска во категоријата пионери и Ангелина Симиџиоска во категоријата кадети.

Охрид | пред 3 години

EMUC_18112022007

По европски терк се опремува и усовршува ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес беше во посета на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ којшто периодов со финансиска поддршка на локалната власт доби нова најсовремена oпрема која го олеснува воспитно образовниот процес, а на учениците им овозможува пристап до информации.По распишан тендер и јавна набавка со средства од Општина Охрид, училницата по информатика се опреми со 25 нови компјутери со високи перформанси. Вредноста на инвестицијата е 580.000 денари.Во четиринаесет училници се монтирани смарт табли со озвучување во вредност од 1.200.000 денари, а набавени се и 180 училишни клупи и столови за кои општината издвои 2. 900.000 денари.Локалната самоуправа заедно со МОН и поддршка на ЕУ обезбедија лифт и тоалети за лица со посебни потреби кои веќе се ставени во употреба. Вкупната вредност на проектот е 6.000.000 денари.Учениците од ЕМУЦ –Охрид освоија прво место на натпреварот GreenTech Entrepreneurship Challenge во кој беа вклучени пет средни стручни училишта од Република Македонија. Од дизајнирање бизнис идеи базирани на зелени и одржливи технологии за најдобар беше избран проектот на охридските ученици. Тие изработија апликација за мобилен телефон за лоцирање депонии со цел побрзо решавање на овој проблем.Неодамна во Скопје беше промовирана од петтата генерација на ученици кои се запишаа во паралелките со дуално образование. Бројот на запишани деца годинава е четириесет и два и радува фактот што овој број од година во година расте, а тројца ученици од првата генерација веќе се вработени во „КОСТАЛ“. Од седумнаесетте ученици од првата завршена генерација десетмина добија меѓународен сертификат, Техничар за индустриска мехатроника.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-24

Заврши деветнаесетата седница на советот на општина Охрид, изгласани сите 58 точки на дневниот ред

На денешната 19-та седница на Советот на oпштина Охрид, со мнозинство гласови беа изгласани сите 58 точки на дневниот ред.Советниците ги усвоија Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за поттикнување на развојот на турузмот на општина Охрид за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за финасиските потреби на ТППЕ Охрид за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за заштита на животна средина и природа за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за спорт и рекреација за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за млади и невладини организации за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за активностите на општина Охрид во областа на културата за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на годишната програма на општина Охрид за здравствена и социјална заштита за 2022 година (Т1); Предлог-Програмата за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2022-2024 година (НА); Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2022-2024 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за јавно осветлување за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2022-2024 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2022 година; Предлог-Програмата за измени и дополнувања на програмата за одржување на јавна чистота за 2022 година; Предлог-одлуката за изменување и дополнување на буџетот на ЕЛС Охрид за 2022 година и Предлог-oдлуката за донесување на буџетскиот календар.Со мнозинство гласови беа усвоени и Предлог-oдлуките за усвојување на извештаите за работaтa на сите општински јавни претпријатија за периодот од 01.07. – 30.09.2022 година. Беа изгласани и Предлог-одлуката за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид број 02-688/6 од 29.03.2022 година; Предлог-одлуката за усвојување на оперативниот план за заштита и одбрана од поплави за загрозените подрачја на територијата на општина Охрид; Предлог-одлуката за давање во закуп на недвижен имот; Предлог-одлуката за изменување на Правилникот за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица; Предлог-одлуката за утврдување на критериумите и постапката за доделување еднократна парична помош за новороденче; Предлог-одлуката за прифаќање донација на спортска опрема и веслачки реквизити; Предлог-одлуката за пренесување на правото на користење спортска веслачка опрема и веслачки реквизити, сопственост на општина Охрид на Веслачкиот клуб „Горица Ремо“ – Охрид и Предлог-одлуката за утврдување престанок на важност на одлуки за донесување план за парцелација. и Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 4.32, ГП 4.33, ГП 4.34, ГП 4.35, ГП 4.36, ГП 4.37, ГП 4.38, ГП 4.39, ГП 4.40, ГП 4.41, ГП 4.42, ГП 4.43, ГП 4.44, ГП 4.45, ГП 4.46, ГП 4.47 и ГП 4.48, сите на кп.бр. 497 во КО Велгошти во ДУП за дел од МЗ-15ти Корпус во Охрид.Советниците усвоија и 22 Предлог-одлуки за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти, една Предлог-одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето, една Предлог-одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект и една Предлог-одлука за изменување на одлуката за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на земјиштето.

Охрид | пред 3 години

SAD_AMBASADOR_14.11-5

Пецаков на средба со новата американска амбасадорка Ангела Агелер

Протоколарна средба, денеска, остварија градоначалникот Кирил Пецаков и новата американска амбасадoрка во Македонија, Н.Е. Ангела Агелер. На средбата се зборуваше за предизвиците со кои се соочува Охрид, како и за чекорите кои се преземаат за надминување. Разговараа и за УНЕСКО, и зачувување на статусот на градот.Американската амбасадорка истакна дека Охрид и градоначалникот ја имаат нејзината поддршка во насока на исполнување на чекорите за зачувување на статусот. Соговориниците разговараа и за изминатата туристичка сезона, како и за соработка во повеќе области. Беше разговарано и за соработка во реализацијата на заеднички проекти со Американската амбасада.Амбасадорката Агелер изрази подготвеност да помогне во привлкувањето на американски инвестиции во градот. Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за повеќе актуелни теми. Заеднички беше констатирано дека меѓусебната соработка ќе се унапредува. Инаку, ова е прва официјална средба помеѓу градоначалникот Кирил Пецаков и амбасадорката Ангела Агелер.

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

Пецаков го презентираше сработеното во првата година од својот мандат

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска одржа прес-конференција на која презентираше детали од сработеното во првата година од својот мандат. На настанот беше промовирана брошурата „365 дена промени што носат иднина“ во која е поместен детален преглед на проектите и активностите кои се реализирани во периодот од ноември 2021 година до ноември 2022 година.Обраќањето на градоначалникот Кирил Пецаков ви го пренесуваме интегрално:-Ценети медиуми, драги охриѓаниНајпрво би сакал да искажам голема благодарност до сите Вас за досегашната успешна соработка и целокупната поддршка која секојдневно ја добивам на овој наш заеднички пат кон посветла и подобра иднина за Охрид.Минатиот ноември, со голем ентузијазам кажав дека довербата која ми ја доделија моите сограѓани за го предводам нашиот град е огромна одговорност за мене и дека ќе ги вложам сите напори за да ги исполнам очекувањата и да ги реализирам ветените проекти.Денес, 12 месеци подоцна, по многу напорна и посветена работа, со уште поголем ентузијазам можам да кажам дека успеавме да донесеме значајни промени. Покажавме дека може подобро, дека навистина може поинаку!Водени од принципот на достапност и отвореност кон граѓаните, воведовме повисоко ниво на транспарентност на локалната самоуправа и во таа насока подготвивме едно резиме, во кое се сублимирани најважните детали и преку кое може да се направи анализа на сето она што го направивме во изминатите 365 дена.Управувањето со народните пари не е никаква вештина, туку, чест, чесност и одговорност за секој денар. Граѓаните имаат право да знаат каде и за што се трошат нивните пари. Ние не работиме паушално и површно, нашата работа се темели на голема прецизност. Токму затоа, во оваа брошура преку точни бројки и разбирливи текстови се прикажани проектите и активностите на сите полиња од нашето делување.Свесни дека финансиската стабилност на општината е главната основа за успешно функционирање, исклучително бевме посветени на процесот на раздолжување. На мое огромно задоволство, со гордост можам да кажам дека затекнатиот долг од 856.831.830 денари, успеавме да го намалиме за 202.214.512 денари.Особено би сакал да истакнам дека успевме да ја санираме лошата финансиска состојба во образованието. Ги сервисиравме сите заостанати обврски и за прв пат сите општински училишта ја започнаа новата учебна година со нула долгови. Посветено работиме и на подобрување на финансиската состојба во сите јавни претпријатијата кои ги затекнавме во многу лоши услови.Покрај враќањето на старите долгови, нашиот главен фокус беше насочен и кон подготовка и реализација на инфраструктурни проекти кои ќе обезбедат подобри услови за живеење на сите граѓани.За само 365 дена–изведена е водоводна линија со вкупна должина од 1520 метри,-поставена е фекална и атмосферска каналаизација во вкупна должина од 3295 метри,–асфалтирани се улици со вкупна површина од 14.138 м2,-извршено е поплочување на улици во вкупна површина од 1550 м2 и-извршено е партерно уредување со вкупна површина од 5600 м2.–изградени се два резервоари за вода кои беа неопходни за граѓаните,-санирани се и изградени голем број потпорни ѕидови,-инвестирано е во спортската инфраструктура и урбаната опрема-подготвени се основни проекти и технички документации за 20-тина инфраструктурни проекти кои ќе бидат реализирани во текот на наредната година.Особено сме посветени на подобрување на условите за учениците. Покрај сервисирањето на долговите на сите училишта реализиравме значајни инвестиции во сите училишни објекти во вредност од 20.148.000 денари.Оваа година воведовме многу новини во делот на поддршката на талентирани ученици, а за прв пат обезбедивме и поддршка за семејствата на првачиња. Во насока на обезбедување на подобри услови за настава, подготвени се неколку проекти за реконструкција на училиштата и за иаградба на нови училишта, кои ќе бидат реализирани во наредните три години.Во континуитет даваме поддршка на проекти за промоција на туристичките потенцијали, културното и природното наследство, како и унапредување на културните и духовни вредности.Бевме исклучително посветени на поддршка на спортот, а на наша голема гордост оваа година застанавме зад организацијата на јубилејното издание на „Охридскиот пливачки маратон“. Во насока на продолжување на туристичката сезона, оваа година за прв пат организиравме „Фестивал на вино“ кој беше надополнет со богата забавна програма со што се привлече вниманието и на жителите и на туристите.Почитувани,Успехот нема да е загарантиран доколку не е плод на тимска работа. Среќен сум што околу мене имам големи професионалци кои имаат сериозен пристап и силна посветеност. Оваа можност сакам да ја искористам и да им заблагодарам за целокупниот ангажман, со надеж дека во иднина ќе можеме да се радуваме на уште поголеми успеси.Но секој успех не би бил вреден доколу не е верификуван од граѓаните, бидејќи тие се нашите најголеми сојузници во борбата за подобар Охрид. Ние постоиме за нив и работиме за нивните потреби и секогаш сме подготвени да ги слушнеме нивните пофалби и критики.Би сакал оваа можност да ја искористам и да ги повикам локалните опозиционери на поголема конструктивност и објективност и да им порачам конечно да го прекинат застарениот принцип на празни прес-конференции и соопштенија, кои никој не ги вреднува.Охриѓани гледаат кој работи, кој е искрено посветен и кој вистински работи за интересите на градот. Нивната оценка ќе остане мојот најголем мотив и заедно со нив, преку јасна визија и план ќе продолжуваме понатаму кон остварување на нашите цели, а тоа се подобри услови за живеење во нашиот Охрид!, истакна градоначалникот Пецаков.

Охрид | пред 3 години

POLAGANJE_CVEKE_07.11-1-scaled-1

Положено свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата.

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата.Делегации од општина Охрид, од Сојузот на борци и останати претставници на политичкиот и јавниот живот од градов положија цвеќе и пред Спомен обележјето на Јасна Ристеска во с. Рамне каде се одржа панихида и културно- уметничка програма.Свежо цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања