Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

SVECENOST_7-MI_07.11-5-scaled-1

Свечена програма по повод 7 ноември - Денот на ослободувањето на Охрид

Со свечена програма, денес во големата сала на Општина Охрид беше одбележан 7 Ноември–Денот на ослободувањето на Охрид. Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, кој искажа искрена благодарност кон сите учесници во Народно ослободителната војна, а посебно кон оние херои кои пред 78 години, на Охрид конечно му ја подарија слободата:-Низ историјата Охрид и охриѓани секогаш знаеле да ги препознаат вистинските вредности и да застанат на страната на човекољубието, правдата и слободата. Илинденската епопеја, Балканските војни и Првата Светска Војна се трагични епизоди, но и скалило повеќе кон целосното оживотворување на идеалот за слобода, еднаквост и човечките правдини, кој се реализира со застанувањето на македонскиот народ на страната на антифашистичката коалиција во Втората светска војна во која беа положени илјадници животи, за конечна победа и слобода на Македонија.Денес 78 години потоа, жртвата на нашите херои не обврзува, да ја сочуваме и збогатуваме слободата со нови содржини кои ги наметнува современието. Ако идеалот на нашите илинденци и партизани беше национална слобода, денес слободата во Македонија треба да се освојува во секој сегмент од живеењето и работењето за секој граѓанин. Верувам дека ние како генерација успешно се справуваме со овој предизвик, а со тоа се ставаме на страната на демократските и просперитетни државни заедници. Исто така, уверен сум дека како локална власт ги правиме најдобрите чекори за развој на Охрид и негово уште поцврсто етаблирање на мапата на најпрепознатливи светски дестинации.Дозволете ми моето обраќање да го завршам со парафразирање на големиот Јане Сандански: Ако животот е борба во која нашите татковци се избориле за слобода, нашата генерација треба да се бори за совршенство и така најдобро ќе го исполниме аманетот на нашите предци за слободна, просперитетна и вековита Македонија, во која Охрид ќе биде нејзиниот најсјаен бисер – истакна Пецаков.Во името на ОО на Сојузот на борци, зборуваше потпретседателот проф. Љубиша Машановиќ:-Во редица на значајни настани и горделиви датуми од историјата на нашиот град, посебно место зазема 7 Ноември 1944 година. Во раните утрински часови пред 78 години, започнаа жестоки борби со германските окупаторски сили за конечно ослободување на Охрид.Борбените дејствија започнаа околу 3 часот наутро, а завршија во попладневните часови. Охрид беше конечно ослободен, а германските единици беа протерани од градот.На олтарот за слободата на нашиот град, останаа на вечна стража 40 храбри борци, а повеќе од 60 беа ранети. Кон нивното дело, сите ние треба да се однесуваме со особена почит. Седми ноември е денот кога Охрид слави за успехот, за храброста и херојството и се искажува почитта кон жртвите кои ги положија животите за слободен Охрид, за слободна Македонија. Ден на слава стана овој ден. Ден на победата, ден над деновите за овој град – рече во своето обраќање Машановиќ.Во продолжениe на свеченоста, ученици од повеќе училишта во градов и ансамблот “Билјана“, изведоа богата културно – уметничка програма.

Охрид | пред 3 години

IMG-235ede497ff3e883e6e5b387ae1cda6b-V

ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ од Охрид го одбележаа својот патронен празник

Со свечена приредба која се одржа доцна попладнево во спортската сала „Билјанини извори“, ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ го одбележаа својот патронен празник.Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.-Голема е радоста на овој прекрасен празничен ден, кога ја славиме слободата на нашиот Охрид, да бидам дел од оваа неповторлива атмосфера, исполнета со весел џагор и најубави детски насмевки, кои ни ја милуваат душата и ни ги топлат срцата.Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод патрониот празник на Детската градинка „Јасна Ристеска“ со желби за уште многу успешни години, значајни јубилеи и долга низа на нови генерации.Оваа установа речиси 6 децении е најубавото царство на детството и место кое е најзаслужно за правилниот раст и развој на најмладите. Сакам да упатам посебна благодарност до воспитувачките, негувателките и целокупниот работен тим на градинката.Тие заслужуваат огромна почит и внимание за целиот свој педагошки ангажман, за несебичната грижа и воспитувањето на нашите деца. Вистинската слика за нивниот труд е оваа денешна приредба која резултат на голема креативност и посветеност.Воспитувањето и образованието на децата се најважните работи во едно општество и затоа Локалната самоуправа континуирано работи на подобрување на условите за најмладите.Во тек е реализацијата на неколку проекти за обезбедување на подобри услови во сместувачките објекти на градинката, а во наредниот период ќе работиме и на важни инвстиции во насока на зголемување на капацитетот за згрижување на деца.Дечињата се нашето непроценливо богатство, највредното нешто на овој свет и нашата светла иднина. Затоа посакувам да имаат безгрижно детство исполнето со другарување и игри и секој ден да им биде поубав од претходниот!Денешната свечена програма за миг ќе не однесе во детскот свет, полн со искреност, нежност и невиност. На родителите ќе им донесе незимерна среќа, на воспитувачите голема гордост, а на сите останати вистинско уживање исполнето со надеж за поубаво утре!Нека е честит и вековит денешниот празник, нека е вечен нашиот Охрид!, истакна градоначалникот во своето обраќање.Во рамки на свечената програма беа изведени бројни музички и танцувачки точки подготвени од најмладите, под менторство на воспитувачите од градинката.

Охрид | пред 3 години

Pecakov-29.10.2022

ВМРО-ДПМНЕ и Пецаков направија многу повеќе за една година отколку СДСМ за четири години, вели опозицијата

Кристина Крлеска-Деспотоска се дрзна да ја критикува Локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Кирил Пецаков откако СДСМ залудно потроши четири години исполнети со неработа, неспособност и лаги. Охриѓани ги гледаат и чувствуваат промените, само одредени партиски послушници на СДСМ никако да се соочат со вистинската реалност, вели ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.„Штом веќе ги тргнале розовите наочари да им ја освежиме меморијата и да ги потсетиме и запрашаме:Кои катни гаражи и ликови на плоштадите ги бараат, тие кои за 4 години не ги направија?Но, нека не се грижат ние сме тука за да градиме и реализираме, за разлика од нив кои единствено беа експерти за бројните дивоградби и загрозувањето на статусот на Охрид под УНЕСКО.Градоначалникот Пецаков работи за подобар Охрид и мнозинството во Советот носи одлуки за доброто на сите охриѓани и транспарентно ги троши средствата од Буџетот.За една година долговите кои ги остави криминалната власт на СДСМ се исплаќаат без воопшто да не се генерираат нови.Вложено е посебно внимание на условите во кои работат училиштата и спроведени се инвестиции во сите училишта кои за првпат немаат никаков долг. За првпат првачињата добија по 3000 денари, за лицата со ретки болести и посебни потреби се обезбедија стипендии, како и образовен додаток по 6000 денари за студенти од семејства со социјален ризик. Отворен е Младински центар, прв во Македонија. Велгошти добива повеќенаменско игралиште. Санирани се и реконструирани детски игралишта на повеќе локации, а огромна финансиска поддршка се дава на спортски настани, клубови, манифестации и спортисти, како и на културни манифестации, здруженија и настани.Булеварот „Македонски просветители“ донесе автентичен лик на централното подрачје, реконструирани се улиците „Момчило Јорданоски“, „Прилепска“, „Будва“, асфалтирани се повеќе улици низ општината, извршена е санација на потпорни ѕидови и поплочување.Реконструкција на водоводна линија на улиците „Ѓорче Петров“, „Ирина Мирка Гинова“, „Бранко Шотра“, нов цевковод во Шипокно и уште многу проекти за осовременување на водоводната мрежа. Нова фекална канализација на „Будва“, „Винковачка“, „Живко Чинго“, во село Лескоец и уште многу инвестиции за подобрување на системот за отпадни води. Постигнатите резултати на јавните претпријатија доволно зборуваат за грижата конохриѓани и Охрид.Од партиски популизам и поигрување со националните чувства и понижување на Македонците друго ништо повеќе не знае СДСМ. Нека гледаат и учат како се работи, како се реализираат проекти и како се сака Охридсо дела“, се вели во соопштението.

Охрид | пред 3 години

314925497_557428949730457_3270656691378433654_n

Со низа свечености и поклон пред спомен обележјата на борците одбележан 7ми Ноември - Денот на ослободувањето на Охрид

Со низа свечености и поклон пред спомен обележјата на борците, денес, го одбележавме 7ми Ноември - Денот на ослободувањето на Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Низ историјата Охрид и охриѓани секогаш знаеле да ги препознаат вистинските вредности и да застанат на страната на човекољубието, правдата и слободата. Илинденската епопеја, Балканските војни и Првата Светска Војна се трагични епизоди, но и скалило повеќе кон целосното оживотворување на идеалот за слобода, еднаквост и човечките правдини, кој се реализира со застанувањето на македонскиот народ на страната на антифашистичката коалиција во Втората светска војна во која беа положени илјадници животи, за конечна победа и слобода на Македонија.Денес 78 години потоа, жртвата на нашите херои не обврзува, да ја сочуваме и збогатуваме слободата со нови содржини кои ги наметнува современието. Ако идеалот на нашите илинденци и партизани беше национална слобода, денес слободата во Македонија треба да се освојува во секој сегмент од живеењето и работењето за секој граѓанин. Верувам дека ние како генерација успешно се справуваме со овој предизвик, а со тоа се ставаме на страната на демократските и просперитетни државни заедници. Исто така, уверен сум дека како локална власт ги правиме најдобрите чекори за развој на Охрид и негово уште поцврсто етаблирање на мапата на најпрепознатливи светски дестинации.Тука сакам да го парафразирам големиот Јане Сандански: Ако животот е борба во која нашите татковци се избориле за слобода, нашата генерација треба да се бори за совршенство и така најдобро ќе го исполниме аманетот на нашите предци за слободна, просперитетна и вековита Македонија, во која Охрид ќе биде нејзиниот најсјаен бисер“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

314416551_556783429795009_8128414842447207895_n

Пецаков: Во изминатите 365 дена започнавме и изградивме нови улици и патишта и нова водоводна, фекална и атмосферска мрежа

Проекти, Промени, Победи, Идеи и Решенија - 365 дена за Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Во рамките на настанот „Саемот на промените што носат иднина!“ денеска имав можност да ги претставам и презентирам промените кои ги донесовме во Охрид.Реализацијата на бројните проекти се показател дека умееме, можеме и имаме идеја за содавање на нова иднина.Во изминатите 365 дена започнавме и изградивме нови улици и патишта, ги реконструиравме старите, изгградивме нова и ја реконструиравме водоводната, фекалната и атмосферската мрежа.Како никогаш досега ставен е акцентот на спортот и здравиот развој на децата, посветивме големо внимание на културата, се грижиме за младите и им обезбедивме центар за нивно истакнување, поддржуваме и субвенционираме. Градиме нови повеќенаменски игралишта. Штедиме и отплаќаме стари долгови. Воведовме ред во основното и средното образование.Покрај реализацијата на проектите, ја отворивме Локалната самоуправа да биде достапна за граѓаните. Постојано сме во комуникација со нашите сограѓани преку средбите кои ги организираме. Сето тоа охриѓани го чувствуваат и гледаат.Охрид се менува!Посветено продолжуваме да градиме нова иднина за Охрид“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

314495213_556026739870678_7890209096260808837_n

Пецаков: Фокусирани сме кон изработка на стратегија и план за непречено функционирање на локалните институции

Во рамки на „Саемот на промените што носат иднина“ заедно со соговорниците дискутиравме на тема: „Предизвиците на Локалната самоуправа во услови на енергетска криза“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Истакнав дека во енергетска криза функцинирањето на Локалната самоуправа навистина претставува предизвик, бидејќи зголемувањето на сметките за електрична енергија е речиси тројно. Доколку тука се вклучат и сметките за електрична енергија од Јавните претпријатија кои произлегуваат од Општина Охрид се доаѓа до фрапантни податоци.Но и покрај овие потешкотии, ние како Локална самоуправа веќе сме фокусирани кон изработка на стратегија и план за непречено функционирање на локалните институции. Во таа насока е поставувањето на фотоволтаични системи за производство на електрична енергија и уште неколку други мерки“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

POTPISUVANJE_JAPONSKA02.11-45-scaled-1

Јапонската амбасада со донација за општина Охрид

Амбасадорот на Јапонија во Република Македонија Н.Е. Хиронори Савада и градоначалникот Кирил Пецаков денеска во Охрид потпишаа договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ со цел да се набави комунално возило кое ќе обезбеди побезбедна животна средина. Вредноста на комуналното возило е 60,640 евра и ќе го користи ЈП „Нискоградба“.Церемонијата на потпишување на проектот ја отвори градоначалникот Кирил Пецаков кој во своето обраќање истакна:-Дозволете да го изразам моето задоволство што по неколку месечни интензивни комуникации и вложен труд од двете страни денес стануваме потписници на договорот со кој Амбасадата на Јапонија во Р. Македонија и доделува Комунално возило на Општина Охрид кое ќе е наменето за одржување на чистотата на најголемиот туристички центар во државата, а ќе го користи ЈП „Нискоградба“. Вредноста на возилото е 60,640.оо EUR. Станува збор за крупна и исклучиелно значајна субвенција, ако се земе во предвид дека ЈП „Нискоградба“ располага со застарени комунални возила.Новото комунално возило ќе овозможи навремена санација на дефектите во канализационата мрежа. Дополнително, испуштањето на загадена вода во Охридското Езеро ќе биде намалено за 40%, со што ќе се заштити неговата природна флора и фауна. Општина Охрид има 7 пумпни станици, и 175.84 км канализациона мрежа. Бројот на дефекти на истата во последните години бележи зголемување, најчесто поради тврд отпад кој се собира во канализационата мрежа.Секако на денешниот чин на потпишување на договорот за донацијата, претходеше подготовка и имплементација на „Проектот за обезбедување на Општина Охрид со комунално возило“.Во оваа прилика уште еднаш јавно му се заблагодарувам на амбасадорот Савада и на вработените во амбасадата на Јапонија во нашава земја што покажаа интерес и максимално се заложија да ја добиеме оваа донација којашто е прва за Локалната Самоуправа односно ЈП „Нискоградба“ иако претходно Јапонската Влада и јапонскиот народ има донирано значајна опрема за воспитно образовни и здравствени институции во градов- рече градоначалникот Пецаков.Амбасадорот Савада во своето обраќање укажа на предностите од донацијата.-Со новото комунално возило, дефектите во канализационата мрежа ќе се санираат ефикасно и навремено. Со тоа и загадувањето на Охридското Езеро ќе биде намалено за 40 %, подвлече амбасадорот Савада.Директорот на ЈП „Нискоградба“ Александар Трпеноски се заблагодари за вредната донација со која ќе се обезбеди квалитетно санирање на дефектите на канализационата мрежа во Охрид.

Охрид | пред 3 години

POTPISUVANJE_JAPONSKA02.11-92-scaled-1

Пецаков и амбасадорот Савада на увид во општата болница

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков и јапонскиот амбасадор во земјава, Хиронори Савада денеска во ЈЗУ „Општата Болница“ извршија увид на ренген апаратот што претходно го донираше јапонската амбасада.Во изјава за медиумите градоначалникот Пецаков се заблагодари за оваа вредна донација.–Денеска со амбасадорот Хиронори Савада направивме увид на новата опрема која ја донираа Јапонската амбасада и јапонскиот народ за потребите на Општата Болница. Станува збор за најсовремен подвижен Ренген апарат во вредност од 60. 000 евра. Упатувам огромна благодарност за оваа вредна и многу значајна донација за нас. Оваа донација е уште еден важен пример за нашето долгогодишно пријателство и меѓусебна соработка. Ја користам оваа можност да се заблагодарам на јапонската влада и јапонскиот народ за сите досегашни проекти кои ги реализиравме со нивна поддршка, а тоа се: Проект за реновирање на санитарните јазли во ОУ „Христо Узунов“, Проект за набавка на медицинска опрема во Медицински Центар- Охрид, Проект за набавување кревети и машини за копирање во детската градинка „Јасна Ристеска“, Проект за подобрување на медицинската средина преку набавка на пренослива ренген машина за Општа Болница и Проектот за обезбедување возило за чистење отпадни води во канализациониот систем за потребите на Општина Охрид односно ЈП „Нискоградба“. Искрено се надевам дека и во иднина ќе воспоставиме низа нови партнерства за институционален развој и градење капацитети во повеќе општествени сегменти – рече градоначалникот Пецаков.Амбасадорот Савада ги посочи донациите на јапонската влада во Македонија.-Преку проектите од програмата за мали грантови ( GGP), Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема за повеќе од 73 училишта и градинки, 64 здравствени установи и обезбеди 34 специјализирани возила за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина- истакна амбасадорот Савада – посочувајќи дека помошта е во различни сектори во вкупна вредност од 423 милиони евра.Директорот на ЈЗУ „Општа Болница“ д-р Асен Шајн се заблагодари за донираниот рентген апарат на кој во период од јуни до септември годинава имало 50.000 прегледи. Донациите од Јапонија во оваа здравствена установа датираат од 90-те години на минатиот век, а кулминирале во 2016 година кога институцијата добила амбулантно возило.

Охрид | пред 3 години

314011836_553325020140850_8553259127680104025_n

Пецаков на средба со атлетичарот Јован Стојоски

Остварив средба со Јован Стојоски, атлетичар на атлетичарскиот клуб „Охрид“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Јован Стојоски до сега има освоено десетина медали на престижни натпреварувања и митинзи.На средбата разговаравме за неговите успеси, учеството на Олимписките игри во Токио и за претстојните натпревари.Поддршката што му ја дава Локалната самоуправа ќе продолжи и во иднина, сѐ со цел постигнување уште поголеми резултати“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

TRSKA_MAPIRANJE_02.10-5-scaled-1

Теренска документација, лоцирање и евиденција на преостанатите појаси на трска на територија на Охрид

Во периодoт од 15.09.2022 до 17.10.2022 година, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина – Регионален зелен центар Охрид спроведе теренска документација, лоцирање и евиденција на појасите на трска долж крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од с. Подмоље до Свети Наум, Охрид. Активноста е една од примарните во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.Во периодот од 15.09.2022 до 17.10.2022 се спроведоа 12 денови теренско истражување. Во 8 од тие денови се спроведоа комбинирани теренски истражувања, од вода со пловен објект и од копно со теренско возило. Останатите 4 денови се спроведоа копнени теренски истражувања. Се изврши лоцирање и евиденција на сите појаси на трска долж крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од с. Подмоље до Св. Наум, се водеа дневни забелешки за моменталната состојба на секој од појасите (мерење на површината, дали појасите се проширени или намалени и сл.), се прибираше фото и видео материјал се со цел спроведување на идните предвидени активности и изработка на предвидената документација како финален продукт од овој проект. Голем придонест во оваа активност имаа членовите на РЗЦ Охрид, тимот за логистика од два волонтери од партнерската организација ИПО Крсте Јон- Струга и експерт од НУ Хидробиолошки Завод Охрид.[caption id="attachment_203410" align="alignnone" width="2048"] DCIM100MEDIADJI_0187.JPG[/caption]„Како долгогодишен сопственик на пловен објект и поединец засегнат од начинот на управување со трската, ми беше особено мило да придонесам во делот на комбинираните теренски истражувања. Вакви иницијативи сметам дека се од голема важност и треба почесто да се превземаат бидејќи на тој начин може да се пристапи кон навремено и правилно управување со ова наше природно наследство кое е од огромно значење за езерото“, изјави Трајче Каневчев.Целта на овие теренски истражувања беше ажурирање на постоечките податоци од 2011 година за појасите на трска во Охридското Езеро на територија на Општина Охрид. Тоа е првиот чекор кон креирање на извештајот за моментална состојба на појасите на трска и предлог- иницијативата за промена на степенот на законска заштита, кои пак, се основата за понатамошна разработка на план за управување со ваков тип на природно наследство. Исто така, во текот на овој еден месец се прибираше фото и видео материјал кој послужи за изработка на продукти од едукативно- информативен карактер кои ќе бидат достапни за пошироката јавност.

Охрид | пред 3 години

TRSKA_MAPIRANJE_02.10-3-scaled-1

Објавени едукативни видеа од проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“

Во периодот од 10.09.2022 до 19.10.2022 година, Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина – Регионален зелен центар Охрид спроведе изработка на 8 кратки видеа од едукативно- информативен карактер. Активноста е во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“.Во текот на еден месец, се снимаа и постпродукциски се обработуваа 8 кратки видеа со просечно времетрање од 2.30 минути. Со снимањето опфатени се сите 8 подрачја со трска од с. Подмоље до Св. Наум Охридски (на територија на Општина Охрид). Прибирањето на фото и видео материјалите се направија со помош на дрон и GoPro камера. Во видеата се вметнати и податоци од едукативно- информативен карактер. Изработените видеа како краен продукт се пласирани на YouTube каналот на РЗЦ Охрид и може да се погледнат на следните линкови:Целта на оваа активност е промоција на природното наследство и подигнување на јавната свест за значењето и потребата од правилно управување со трската во Охридското Езеро. Од аспект на едукативен карактер, видеата ќе служат како помагало во образовниот процес во основните училишта, со цел учениците да развијат поголема свест за животната средина и конкретно за трската, а од аспект на информативен карактер, ќе служат да ја доловат на јавноста реалната состојбата во која што се наоѓа трската како и потребата од превземање соодветни мерки. Во поглед на идни планови, по завршување на имплементацијата на проектот, планирано е ваквиот тип на пласирани продукти да се прикажува во сите основни училишта во Општина Охрид. Во однос на активности кои следат во рамки на проектот, во месец ноември планирано е да се одржат работилници- позитивни и негативни страни од управувањето со трската, на кои ќе бидат поканети сите засегнати страни.

Охрид | пред 3 години

LUND_POSETA_02.11-1

Пецаков на средба со претставници од универзитетот „Лунд“ од Шведска

Градоначалникот Кирил Пецаков, денеска во Охрид оствари работна средба со главните раководители на Програмата CIPSS 2022-2023- Ко-дизајн за одржливи, еластични и инклузивни јавни простори и услуги од универзитетот „Лунд“ од Шведска.Делегацијата ја сочинуваа програмските раководители Илхами Алкан Олсон и Јохана Алкан Олсон и проф. д-р Спирос Софос кој е програмски ментор на работната група и доаѓа од Центарот за Блискиот Исток на LSE (London school for economics and political science). Номинираниот тим на општина Охрид којшто присуствуваше на средбата е активен учесник во Програмата која започна во септември 2022, а ќе трае до април 2023.Градоначалникот Пецаков беше информиран дека фокусот на Програмата е преку менторски сесии, работни задачи и конкретни проекти да се зголемат капацитетите на општинските службеници т. е. истите да ко- дизајнираат одржливи, еластични и инклузивни јавни средини и услуги со фокус на SDG 11 – Одржливи градови и заедници.Шведскиот универзитет Лунд е реномиран европски универзитет кој е основан во 1666 година и постојано е рангиран меѓу најдобрите 100 универзитети во Светот. Универзитетот има околу 44.000 студенти и повеќе од 8. 000 вработени со седиште во Лунд, Хелсингборг и Малме.

Охрид | пред 3 години

313407458_552334413573244_7078062346289254118_n

Жителите на Велгошти ќе добијат современо повеќенаменско игралиште

На повеќенаменското игралиште во Велгошти денес се одвиваат подготвителни активности за поставување на подлогата.„Со овие активности, односно после поставувањето на горниот слој од подлогата градежните зафати ќе финишираат. Со тоа велгоштани ќе добијат современо повеќенаменско игралиште.Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 3 700 000 денари. Средствата се одвоени од буџетот на Општина Охрид“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Охрид | пред 3 години

312625283_552470880226264_3371093888219061291_n

Започнаа поплочувањето на пешачката патека до ООУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид

Започнаа активностите за поплочување на пешачката патека што води кон ООУ „Св. Климент Охридски“ непосредно над Горна порта.„Поплочувањето се врши со камени плочки автентични за Стариот дел на градот. Должината на патеката е 45 метри.По завршувањето на активностите охриѓани и туристите добиваат уште една пешачка патека во Стариот дел градот.Активностите се во рамките на договорот за уредување и поплочување на пристапни пешачки патеки и улички на територија на Општина Охрид. Вредноста на договорот изнесува 2 400 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид“, вели градоначалникот Кирил Пецаков.

Охрид | пред 3 години

ohrid-2

Забрането паркирање на ул. „Марко Цепенков“ во Охрид

Поради изведување на градежни работи – поставување на атмосферска канализација на улица „Марко Цепенков“ се известуваат граѓаните што живеат и гравитираат на тој потег дека во функција е времен режим на сообраќај, при што се забранува паркирање во должина на оваа улица, на потегот од кружната крстосница на пресекот со улица „Момчило Јорданоски“ до Инфективното одделение при Општа Болница, Охрид.Овие градежни активности се дел од годишниот план на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици на Општина Охрид, за што уредно се информирани сите засегнати институции.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања