Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Pecakov-29.10.2022

Пецаков: Велгошти добива современо повеќенаменско игралиште

Втор пат во овој мандат, додека трае значи оваа година дена скоро веќе, каде што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан е на посета и имаме она кое што тековно се работи, вели Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид„Денеска ќе посетивме шест од проектите кои што во моментов се работат, инаку вкупно на десет локации во градот имаме проекти. И ова е градежна офанзива во наредниот период ќе продолжи по интензивно со асфалтирање на локални улици, улички и сокачиња и поплочување со бекатон плочки онаму каде што не е возможно да се асфалтира.А, секако и многу, многу други проекти за кој што финишот ќе го видиме во наредните месец дена. На неколку локации посетивме, каде што имаме фекална канализација, онаму каде што немало во населени места. Го решаваме водоснабдувањето во селото Лескоец со преку 500 метри водоводна нова линија главна, која што ќе ги снабдува жителите на село Лескоец. Ова е едно од двете ветени повеќенаменски игралишта во Охрид кои што беа во мојата програма и ова е пред самиот финиш.До крајот, односно на почетокот на наредната недела, веќе ќе го добие конечниот лик и во Велгошти ќе имаме современо игралиште, за кое што лично јас се гордеам, а секако и сите оние кои што тука живеат.Денеска продолжуваме на една улица, кракот на улица Мирка Гинова со асфалтирање, а веќе од понеделник продолжуваме, буквално, во секое населено место и секое село да ги решаваме тие проблеми.И за нас уште еден крупен проект кој што ќе го посетиме во текот на денот, односно на крајот на денот, а тоа се улиците Прилепска во Будва, каде што покрај решавањето на овие улици и добивањето на современ лик на самата реконструкција имаме и уредување на речното корито на реката Сушица, со тоа што ќе добие, буквално, модерен лик и таму се заокружува еден цел концепт во населбата Црногорци према Железничка, на уредувањето на улиците“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

313336903_549894803817205_1668642515846241969_n

Пецаков во обиколка на градежните активности во Охрид: Во моментов се работи на 10 локации

Денеска извршивме обиколка на дел од градежните активности кои се одвиваат на територија на Општина Охрид. Во моментов се работи на 10 локации, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Ги посетивме активностите за изградба на фекална канализација кои се одвиваат на краци од улиците ,,Дејан Војвода" и ,,Ариф Мустафа". На ,,Дејан Војвода" канализацијата е во должина од 130 метри, а на ,,Ариф Мустафа " во должина од 120 метри.Направивме обиколка на активностите за изведба на нова водоводна линија во Лескоец во должина од 610 метри. Вредноста на овој зафат е околу 1 800 000 денари.Ја посетивме улицата ,,Мирка Гинова". Тука асфалтирањето беше во должина од 140 метри и ширина од 4 метри.Велгошти добива ново повеќенаменско игралиште. Вредноста на овој проект е околу 3 700 000 денари.На крај ги посетивме активностите кои се одвиваат на крак на улицата ,,Радојца Новичиќ" и улицата ,,Будва".На ,,Радојца Новичиќ" се работи на оформување на тротоарски површини, се постави ново осветлување, каблите се спуштија под земја и се изгради ѕид во речното корито на реката Сушица.На ,,Будва" се врши гребење на стариот асфалт и улицата се подготвува за асфалтирањето. Претходно на двете улици се замени и прошири фекалната канализација“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

312188234_550052637134755_2545282813259857011_n

Пецаков учествуваше на Политичката академија 2022 - Стратегија и визија во време на криза

Имав чест и задоволство да учествувам со свое обраќање на Политичката академија 2022 - Стратегија и визија во време на криза, која денеска се одржа во Охрид, вели градоначалникот Кирил Пецаков.„Моето излагање беше на тема ,,Водење на општините - кохабитација со централната власт".Академијата е организирана од страна на фондацијата ,,Конрад Аденауер" (Konrad-Adenauer-Stiftung) и партискиот истражувачко-аналитички центар ,,Љубиша Георгиевски".Учесници на Академијата беа членовите на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ“, вели тој.

Охрид | пред 3 години

IMG-bd80cacb3eeeef482dda7fea9a67982c-V

Општина Охрид се приклучи на кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“

На Градскиот плоштад, денес, се реализираше кампања под мотото „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“. Во кампањата активно се вклучи и градоначалникот Кирил Пецаков.– Со цел да ја подигнеме свеста кај семејствата за што повеќе деца да бидат згрижани ја организираме оваа презентација денес во соработка со СОС Детско село. Како Локална самоуправа се вклучуваме во кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач” и веќе работиме на тоа за згрижувачките семејства да обезбедиме еднократен причен надомест од 15 000 денари. Ова ќе го предвидиме во програмата за социјална заштита за 2023 година. Оваа помош и поддршката од Општината за хуманите семејства кои ќе ја поддадат раката за да згрижат дете, ќе претставува почеток на поддршката која ќе придонесе децата да прдолжат да живеат во семејство, во заедница и во позната околина, истакна градоначалникот Пецаков.Денешниот настан се реализираше во рамки на националната кампања која се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,11 Октомври” и ,,Битола” , Министерството за труд и социјална политика и Општина Охрид.

Охрид | пред 3 години

IMG-bf3b5fe064fb1d780e15dfeb855aa5d8-V

Пецаков учесник на деветтата годишна дримска конференција во Тирана

Деновиве во Тирана, Република Албанија се одржа деветтата годишна дримска конференција. На конференцијата активно учество зеде и градоначалникот Кирил Пецаков.– Програмата е од исклучително значење за обезбедување на одржливо управување со сливот на Охридското езеро како и обезбедување на поглема прекугранична соработка во насока на заштитата и зачувување на овој уникатен природен басен. Се радувам што веќе сериозно имаме започнато да работиме на подобрување на капацитетот на сите засегнати страни за ефективно спроведување на активностите и носолодирање на институционалните, политичките и правните рамки за решавање на прекуграничните прашања, истакна градоначалникот во своето обраќање.Конференцијата се организирна во рамките на Дримската Координирана акција (CORDA) за имплементација на Меморандумот за разбирање за Дрим (MoU) и поддржувачкиот проект на ГЕФ/УНДП: “Овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во проширениот басен на Дрим” (Drin Project ).На 9-тата Дримска Конференција учество земаа претставници на надлежните институции во Дримскиот Басен од Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, како и претставници од меѓународните организации и донатори, кои дискутираа за тековните и планираните активности и ги презентираа своите видувања за сегашната и идна соработка за управување со Дримскиот Басен.

Охрид | пред 3 години

IMG-7cbb9e0c8f57dadb3f161749000b9bd3-V

Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите по повод 23 октомври

Делегација на Општина Охрид, положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на револуционерите во градскиот парк, по повод 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба.Пред спомен обележјата на великаните се поклонија и претставници од Сојузот на Борците од НОБ, здрженија, политичките партии и граѓани од Охрид.

Охрид | пред 3 години

23_Oktomvri_211022004

Во Охрид одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Денес во Спомен куќата на македонскиот револуционер и војвода Христо Узунов, свечено беше одбележан, 23 Октомври –Денот на македонската револуционерна борба. Во името на Општина Охрид, се обрати советникот Наум Јамандиев.– Славејќи го и одбележувајќи го 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, денес, после 129 години со нескриена восхит се сеќаваме на младите, храбри и одважни луѓе: Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев, кои го поставија темелникот на сите слободарски борби на македонскиот народ. Со јасна мисла, без доволно стратегија, но со нескриен жар и огромна верба, се заложиле за слободна Македонија. Повеќе чувствувале одколку што знаеле дека, поставуваат ТЕМЕЛ И ВИЗИЈА за идните генерации. Нивните заложби и идеи ќе се материјализираат преку Илинден од 1903, НОБ од 1941 – 1945 и 8 септември од 1991 –та година, со заокружувањето на Македонската државна независност.Со прогласувањето на независноста, сеништата на минатото не престанаа да се надвиснуваат над нашата Македонија. Во сите овие 31 година независнот, Македонија и Македонците продолжија да соочуваат со бројни тешкотии во остварувањето на своите национални и човечки идеали. Но, јас сум уверен дека кодот на Македонецот, да прости, да трпи, да се бори и да гради, одново и одново, е доволно силен, за ние како генерација да ги пребродиме сите предизвици, за извесна и просперитетна иднина.Затоа, денес со посебен пиетет ги спомнуваме нашите херои и основоположниците на Македонската револуционерна борба. Нека им е вечна слава и честит и вековит да ни 23 Октомври и вечна да ни е Македонија – истакна Јамандиев.Одбележувањето на празникот продолжува и во недела, со положување свежо цвеќе пред спомениците на македонските револуционери.

Охрид | пред 3 години

311977146_541050234701662_2876263023757822819_n

Пецаков: Се одржа општинското првенство во атлетика

Прекрасен ден исполнет со детски џагор. Денеска на Градскиот стадион, се одржа општинското првенство во атлетика, вели градоначалникот на Охрид ,Кирил Пецаков.„Учество зедоа учениците од општинските основни и средни училишта.Мене ми припадна честа да ги врачам дипломите и медалите за најдобрите од основните училишта.Со овој настан ги поттикнуваме спортските активности кај децата и го развиваме спортскиот дух“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

309596665_1501847873586182_3606384098056389309_n-1024x683-1

Одбележан патрониот празник на РЦСОО „Ванчо Питошески“

Со пригодна свеченост која се одржа вчера, РЦСОО „Ванчо Питошески“ го одбележа својот патронен празник.Директорот Марјан Радески им додели благодарници на учениците кои учествуваа на меѓународниот натпреват „ГАТУС 2022“ и освоија медаљи, а на вработените кои прославуваат јубилеј од своето вработување им додели пригодни награди.Во рамките на одбележувањето на патронатот, во просториите на училиштето беше приреден коктел подготвен од страна на учениците.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-10-18-192433

Пецаков: Стартуваше првата фаза за асфалтирање на улица „Будва“

Извршив увид на градежните активности за асфалтирање на улица „Будва“, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Денеска стартуваше првата фаза и се асфалтираше еден крак во должина од 250 метри. Активностите за асфалтирање на улица „Будва“ продолжуваат и во наредните денови. Претходно екипи на ЈП „Нискоградба“ на оваа улица работеа на поставување на нова атмосферска канализација.Вредноста на проектот изнесува 7 000 000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.Ги посетив и подготвителните работи за асфалтирање на улицата „Прилепска“. На овој дел крај реката Сушица се уредува и речното корито. Дополнително ќе се постави нова атмосферска канализација, ќе се изградат нови тротоари, а сите кабли ќе бидат поставени под земја по што ќе следува асфалтирање на улицата.Исто така извршив увид и во Лескоец каде се работи на поставување на нова водоводна линија која е во должина од 600 метри. Со завршувањето на оваа активност домакинствата кои живеат на оваа улица ќе бидат приклучени на новата линија“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

Klimatski_promeni_17102022003

Охрид домаќин на работилница за климатски промени организирана од УНЕСКО

Од денеска до 21-ви октомври Охрид ќе биде домаќин на работилница од проектот „Градење климатски отпорна иднина: развој на капацитети за адаптација на климатските промени и управување со ризици од катастрофи во избрани локалитети назначени од УНЕСКО на Југоисточна Европа“.Работилницата е организирана од страна на Регионалното биро за наука и култура од Европа во соработка со Националната комисија за УНЕСКО од Македонија и на неа ќе учествуваат експерти за климатски промени, заштита, промоција на Биосферни резервати и локалитети на светско наследство.На воведната сесија од работилницата пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.– Ми претставува особено задоволство што имам можност да Ве поздравам и да Ви посакам срдечно добредојде во Охрид. Почестени сме што токму нашиот град е избран да биде домаќин на оваа работилница, која се организира во рамките на еден значаен проект, посветен на развојот на капацитети за адаптација на климатските промени и управување со ризици од катастрофи во Југоисточна Европа.Охридскиот регион поседува непроценливо природно и културно богатство, кое повеќе од 40 години е под закрила на УНЕСКО. Навистина е голема привилегијата да се поседува една ваква уникатна убавина, која е препознаена и запишана како светско наследство, па токму затоа наша должност и обврска е да ги сочуваме овие вредности и да ги оставиме како аманет за идните генерации.Охрид отсекогаш бил и ќе остане космополитски центар на Балканот, па затоа верувам дека и сега ќе биде појдовна точка за нови видици на полето за заштита од климатските промени. Ова работилница е една извонредна шанса, сите пет региони кои се опфатени во овој проект да воспостават регионално сојузништво и преку заедничка соработка да покажеме дека поседуваме зрелост и способност да ги преземеме сите потребни чекори и да креираме мерки со кои ќе обезбедиме зачувување на светското наследство на долг рок.Потврдените заклучоци, кои ќе произлезат од оваа средба и сите научни показатели, ќе овозможат спроведување на нови, рационални и прифатливи решенија. Се надевам дека и во иднина заедно ќе ги детектираме сите климатски промени и природни опасности кои влијаат или ќе можат да влијаат врз заштитените вредности. Очекувам заедно да работиме на подобрување на капацитетите за ефикасност и подготвеност за итни случаи околу управувањето со културните богатства и биосферните резервати.Општина Охрид и јас како градоначалник секогаш ќе бидеме подготвени да поддржиме и да бидеме вклучени во вакви проекти, кои се посветени на ваква тематика и се во насока на заштита и зачувување на светското богатство кое го поседуваме, истакна градоначалникот Пецаков.На настанот свое обраќање имаа заменик министерот за животна средина, Христина Оџаклиевска и Татјана Краљевска, Генерален секретар на Националната комисија на УНЕСКО.Проектот има за цел да придонесе за поголема заштита на регионот на Југоисточна Европа и да овозможи поголема отпорност на климатските промени. Освен Македонија, во имплементација на проектот се вклучени и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија.

Охрид | пред 3 години

Meteo_17102022002

Охрид доби станица за мерење на квалитетот на воздухот

Денеска започна поставувањето на новата автоматска мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух. Станицата се поставува на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“.Мониторинг станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух и ќе биде управувана од Министерството за животна средина и просторно планирање.Со овој уред ќе се воспостави механизам за редовно следење на состојбата со квалитетот на воздухот и изворите на загадување, што е од особено значење за жителите на Охрид.Вредноста на мониторинг станицата е околу 100.000 евра, а средствата се обезбедени од МЖСПП. За поставување на станицата се обезбедени сите потребни одобренија и дозволи, согласно законската регулатива.

Охрид | пред 3 години

DSC0501

Одржана јавна дебата за дефинирање на приоритетите пред објавување на јавен повик за граѓаниските организации

Во просториите на Општина Охрид, денес, се одржа јавна дебата чија тема беше дефинирање на приоритетите пред објавување на јавен повик за граѓаниските организации. На дебатата учество зедоа претставници на 12 организации.Како предлог приоритети беа издвоени „Младински активизам и пратиципација“, „Родова еднаквост, економска и социјална инклузија“ и „Туризам, заштита на животната средина и култура“.Овој, нов пристап на Локалната самоуправа, подразбира обрајување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои ќе треба да изготват предлог проекти во дадената област. Понатака, проектите ќе бидат отценувани од страна на комисија и на крај се врши финансирање од буџетот на Општина Охрид.Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резулатати за локалното население.

Охрид | пред 3 години

Crven_Krst_17102022003

Општинската организација на Црвен Крст Охрид е добитник на највисокото признание за 2022 година

Денес во големата сала на Општина Охрид, се одржа свеченост, на која Општинската организација на Црвен Крст Охрид, го доби признанието за најуспешна во годинешната програма “Црвен Крст во акција – промоција на хумани вредности“ ( ЦКА-ПХВ).Пред присутните граѓани и гости, се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.– Денешната свеченост е убав повод уште еднаш да се потсетиме на највредното што го поседуваме – хуманоста, човекољубието, солидарноста, како највредни карактеристики што треба и мора да ги имаме и да ги споделуваме за добробит на целата заедница. Општинската Организација на Црвен Крст Охрид, веќе не навикна, постојано да сме сведоци на нивните врвни достигнувања во промовирањето и реализација на хуманите проекти.Со завршувањето на овогодишниот циклус на програмата “Црвен крст во акција –Промоција на хумании вредности“, Општинската организација на Црвен Крст Охрид е најдобра во Македонија, што го покажува и највиското признание – Златен пехар за најуспешно спроведени проекти.Најискрени честитки за Црвен Крст Охрид. Дозволете сепак, посебно да ги издвојам младите волонтери и од се срце да им упатам честитки за нивната посветеност, инвентивност, пожртвуваност и хуманизам. Секоја чест за вас драги мои млади сограѓани. Ви сте пример за хуманизам без граници, посветеност без заддршка и безусловна љубов. Се надевам дека вашиот пример ќе го следат се повеќе ваши млади пријатели, а Црвениот Крст од Охрид ќе биде уште поуспешен во спроведувањето на својата хумана мисија.Почитувани присутни, Општина Охрид секогаш имала одлични односи со Црвениот Крст. Ве уверувам дека така ќе биде и во иднина. Зошто за нас најголема вредност е човекот, а преку работата на Црвениот Крст најнепосредно допираме до основните хумани, социјални и културни потреби на нашите граѓани. Уште еднаш упатувам искрени честитки за остварениот успех и ви посакувам плодотворна работа и во иднина истакна во своето обраќање Пецаков.Во продолжение на програмата беа презентирани четирите наградени проекти, со кои младите волонтери на Црвен крст Охрид, по четврти пат го освоија пехарот на програмата ЦКА-ПХВ.

Охрид | пред 3 години

Praven_fakultet_14102022004

Охрид домаќин на конгрес на правници од Западен Балкан

Градоначалникот Кирил Пецаков се обрати на првиот „Охридски конгрес на правото 2022“ што синоќа свечено се отвори во Охрид. На настанот учествуваат 150 студенти по право од Западен Балкан.Во своето поздравно обраќање градоначалникот Пецаков истакна:– Почитувани организатори и учесници на Првиот Охридски конгрес на правото 2022, почитувани гости, дами и господа. Дозволете на почетокот да ве поздравам и да ви посакам успешна работа и пријатен престој во Охрид.Ми причинува особена чест и задоволство што овој голем конгрес од областа на правото се одржува во Охрид, градот крај убавото Езеро, Балканскиот Ерусалим кој периодов со вакви случувања станува центар за развој на конгресен туризам.Импозантниот број на учесници, 150 студенти по право од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина доволно зборува за важноста на овој настан на кој предавања и панел дискусии на тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“ ќе одржат еминентни судии и професори по право.Денес и наредните два дена тука ќе има размена на мислења и ставови, нови научни сознанија од областа на правото, ќе се дебатира и дискутира на значајни и сериозни теми.Драги студенти, идни правници, адвокати или судии ви посакувам да ви се остварат соништата, да уживате во убавината на младоста. Јас верувам дека трудољубиво и посветено учите и дека ќе станете врвни професионалци. Успесите не доаѓаат одеднаш. Луѓето кои се успешни сфаќаат дека не смееме да им дозволиме на неуспесите да не дефинираат, туку обратно тие да не научат, што и како да направиме за наредниот пат.На крај дозволете ми да ви посакам успешна и плодна работа и пријатен престој во убавиот Охрид, градот со Самулиовата тврдина, со цркви и манастири колку што има денови во годината, со галерии и музеи на копно и вода. Градот во кој има ресторани, кафулиња, забава и мир за сечиј вкус.Работете вредно и издвојте време да уживате во нашиот Охрид – рече градоначалникот Пецаков.Покрај градоначалникот Пецаков на отворањето се обрати и деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, проф. д-р. Сашо Георгиевски.Во работниот дел во наредниве денови свои обраќања ќе имаат еминентни судии, обвинители и професори по право тие ќе дебатираат на тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“.Организатор на настанот е Факултетското студентско собрание и студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје. Конгресот завршува на 16-ти Октомври.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања