Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Wikipedia_14102022001

Единаесети состанок на Викимедија за Централна и Источна Европа

Почнувајќи од денес па се до 16ти во Охрид ќе се одржува единаесетиот состанок на Викимедија за Централна и Источна Европа. Оваа средба се организира во живо после пауза од две години поради Ковид пандемијата.На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.– Дозволете да го изразам моето задоволство што Охрид е домаќин на престижен настан посветен на важноста на Википедија еден од петте најпосетувани сајтови во Светот. Живееме во хипер поврзан Свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени и неизвесности. Сведоци сме на невиден технолошки напредок но и преиспитувања и парадокси. Социјалните мрежи постојано се продлабочуваат и мултиплицираат. Покрај физичките се понагласена улога имаат оптичките коридори и информатичките крстосници, истакна градоначалникот Пецаков.Претседавачот Кирил Симеоноввски ја потенцираше важноста од одржувањето на овој настан и развивањето на квалитетна дискусија поврзана со темите и посака успех на учесниците во работата.Предвидено согласно агендата на настанот да се води дискусија на повеќе теми кои се поврзани со потребите на заедниците од државите на Централна и Источна Европа.

Охрид | пред 3 години

11_Oktomvri_10102022003

Пецаков: Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе го содржи тој 11 Октомври, датумот кој го насочи текот на историјата

Во присуство на голем број граѓани, продолжувачи на слободарските традиции, пратеници и советници, денес со свечена академија се одбележа 81 година, од почетокот на антифашистичката и национално ослободителната борба на македонскиот народ во Втората светска војна.Во името на Општина Охрид пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков, кој во оваа прилика истакна:– Четиригодишната народно-ослободителна епопеја на Македонскиот народ во Втората светска војна, ги постави темелите на новата Македонска држава и го реализира многу вековниот сон на Македонскиот народ за создавање сопствена држава.Континтинуираната борба на македонскиот народ резултираше со формирање на самостојна и независна Република Македонија, како единствена државна територија на Македонскиот народ на овие немирни Балкански простори.Затоа, 11 Октомври, не претставува само придружување на македонскиот народ на светската антифашистичка коалиција, туку истовремено неговата големина е во спојување на временскиот континуитет на вековниот сремеж на Македонецот за опстојување на својата територија и приклучување на својот народ и својата држава кон големото Светско семејство на народите.За многу одлуки во животот потребна е храброст. Но, најголема е храброста да се задржи своето и подготвено и достоинствено да се одговори на предизвициите кои ги носи иднината. Нам ни е потребна онаква храброст каква што во себе го содржи тој 11 Октомври, датумот кој го насочи текот на историјата, поставувајЌи ги темелите на идниот националниот развој.Затоа овие датуми се неизбришливи и инспиративни за генерациите кои доаѓаат.Почитувани присутни, нека ни е честит и долговечен 11 Октомври, симболот на непокорот на македонскиот народ.Од името на Организацијата на Сојузот на борците – продолжувачи на слободарските традиции, говореше Љубиша Машановиќ:– 11 Октомври, Денот на народното востание, симболот на непокорот и слободарскиот дух на македонскиот народ, претставува продолжение на нашите револуционерни и слободарски традиции изразени на сите претходни буни и востанија.Од таа Народноослободителна војна израснаа крупни личности, водачи, народни херои, херои на своето време – Кузман Јосифоски – Питу, иделогот на движењето и борбата, Мирче Ацев, Страшо Пинџур, Цветан Димов, Христијан Тодоровски – Карпош, Невена Георгиева – Дуња, Ибе Паликуќа, големиот поет Коста Рацин, командантот на Народноослободителната војска, генерал Михајло Апостолски и многу други знајни и незнајни јунаци.Сега, кога имаме самостојна македонска држава, кога ја имаме долго очекуваната слобода, нашата најголема одговорност е да не дозволиме нивните жртви да станат залудни. Храброста се покажува тогаш кога треба да се даде животот за својата Татковина, но храброста се покажува и тогаш кога треба да се живее за неа. Не смееме да дозволиме нешто што е создавано со векови да дојде во опасност да биде загубено за миг.Нека ни е честит и вековит 11 Октомври, Денот на народното востание на Македонија и Ден на борецот. Нека овој голем ден ни биде патоказ и нам и на генерациите по нас, да ја чуваме слободата, сувереноста и независноста на нашата мила Татковина Македонија.Свечената академија продолжи со уметничка програма, од учениците од средните училишта “Св. Климент Охридски“ и “Тодор Скаловски – Тетоец“ и основното училиште “Ванчо Николески“, под менторство на професорите Светлана Голабоска, Даниел Чурковски и Емилија Блажеска.

Охрид | пред 3 години

Polaganje_cveke_11_22111022004

Делегации на Општина Охрид положија свежо цвеќе пред спомениците на борците од НОБ

Празнувањето на 11 Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ и почетокот на Народноослободителната борба, денес продолжи со полагање на свежо цвеќе пред спомениците на борците од НОБ.Делегации на Општина Охрид, ОО на Сојузот на борците, претставници на политичките партии и пратеници на повеќе локации во градов положија свежо цвеќе и се поклонија пред великаните на НОБ.

Охрид | пред 3 години

SPORTSKI-IGRI-13.10-1

(ФОТО) Започна училишните спортски игри во Охрид

Со натпреварите во мал фудбал помеѓу учениците од општинските основни и средни училишта, денеска во спортскиот центар „Климент Колески“ беше означен почетокот на овогодинешните Училишни спортски игри, кои ги организира Сојузот за училишен спорт.Во името на Општина Охрид, натпреварувачите и присутните ги поздрави градоначалникот Кирил Пецаков.-Се наоѓаме пред почетокот на една важна спортска манифестација, која ќе ги обедини учениците од нашиот град во повеќе спортски дисциплини и ќе има даде можност да го развиваат натпреварувачкиот дух, фер плејот и витештвото и да уживаат во радоста на играта и дружењето.Локалната самоуправа секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи ваквите манифестации, кои значат правилен психо-физички и социјален развој на нашите најмили – децата. Со спортската игра и натпреварувањето децата ќе имаат можност да научат како да не се возгордеат во победата, но и да не се разорачуваат во поразот. Спортот ќе ги научи дека постојаноста и посветеноста се најважни, а тие карактеристики ќе им помогнат така да се однесуваат и во сите други области од нивниот живот.Упатувам искрена благодарност до Сојузот за училишен спорт Охрид и до професорите кои ги организираат и ќе го понесат најголемиот товар за успешно одвивање на спортските игри. Верувам дека во текот на одржувањето на игрите ќе имаме можност да откриеме врвни таленти, кои во иднина ќе бидат достојни презентери на Охрид и Македонија на спортските арени, истакна градоначалникот Пецаков во своето обраќање.Училишните спортски игри се организирани во два дела, есенски и пролетен дел. Натпреварите ќе се одржуваат на неколку локации, а учениците ќе се натпреваруваат во мал фудбал, одбојка, баскет, ракомет, атлетика, пинг-понг и шах.

Охрид | пред 3 години

business-people-meeting-in-office-top-view-2021-08-26-16-33-05-utc-scaled-1

Јавна дебата за дефинирање приоритети пред објавување јавен повик за граѓанските организации

Општина Охрид е дел од проектот “Регионална програма за локална демократија на Западен Балкан“(ReLOaD2). Учеството во проектот е потврдено со потпишување на Меморандум за разбирање со Програмата за развој на Обединетите нации(УНДП).Распределбата на јавните финансии представува сериозна задача за секоја јавна администрација или управен орган. Соодветната распределба на јавните финансии ги потврдува добрите намери на институциите за одговорно управување со јавното трошење. Целта на оваа активност е правилна распределба на буџетски средства, особено средства од општинските буџети, со цел да се овозможи покорисно и потранспарентно префрлање на средства до граѓанските организации.Методолошкиот пристап за транспарентна распределба на средства наменети за организациите на граѓанското општество е изработен заради потребата од единствени алатки кои може првенствено да ги користат општините за распределба на сопствените буџетски ресурси.Овај пристап подразбира објавување на јавен и транспарентен повик за сите граѓански организации кои треба да поднесат предлог проекти во дадена област. Проектите потоа се отценуваат од страна на комисија и на крај се финансираат од општинскиот буџет. Транспарентниот и конкурентен процес за избор на проектите на граѓанските организации придонесува за обезбедување подобри услуги и конкретни резултати за локалното население.Дефинирањето на приоритетите за јавниот повик представува клучна задача во овој период пред објавување на јавниот повик. Во прилог следуваат предлог приоритети кои заедно со Вас ќе ги дефинираме на средбата.1.Младински активизам и партиципација1.1 Активности за спречување на врсничко насилство и реализација на активности за превенција и спречување за сите видови наскилство.1.2 Активности за поддршка на младите во руралните средини.1.3 Поддршка на младите, младинска партиципација и младински активизам.1.4 Поддршка на проекти и активности за подобрување на менталното здравје кај младите.2.Родова еднаквост, економска и социјална инклузија2.1 Активности за зголемување на вештините и знаењата на жените и ранливите групи во руралните средини со цел подобрување на нивната економска состојба.2.2 Поддршка на проекти и активности за развој, поттикнување и промоција на земјоделкото производство, како и активности и едукација за одгледување органско производство.2.3 Реализација на проекти и активности за социјална инклузија на ранливите категории на граѓани, особено на лицата со попреченост и деца со потешкотии во развојот со цел подобрување на квалитетот на живот.2.4 Реализација на проекти и активности за заштита и поддршка на на жртви од семејно насилство.3.Туризам, заштита на животната средина и култура3.1 Поддршка на активности за унапредување и заштита на животната средина.3.2 Проекти за подигнување на еколошката свест и зачувување на природното наследство и биодиверзитет.3.3 Поддршка на проектни активности за развој и промоција на туризмот, културата и културно историското наследство во Општина Охрид.3.4 Развој на алтернативниот и селскиот туризам како можност за подобрување на економската состојба на ранливите категории, пред се на жените и младите во руралните средини.Јавната дебата , за дефинирање приоритети ,ќе се оддржи во Понеделник(17-октомври) во Голема сала на Општина Охрид со почеток во 13 часот.

Охрид | пред 3 години

IMG-7dcc188fc2902c3aab5fdcb285c1453a-V

Кампањата „Подај рака и промени живот, стани згрижувач“ – утре во Охрид

Кампањата ,,Подај рака и промени живот, стани згрижувач”, која е наменета за промоција на згрижување, а има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во земјата, утре, петок, 14.10.2022 година во Охрид, на Градскиот плоштад, пред заинтересираните граѓани, ќе ги презентира придобивките од згрижување и начинот на кој можете да станете згрижувач.Националната кампања се спроведува од страна на СОС Детско село, во соработка со Центрите за поддршка на згрижувачки семејства ,,11 Октомври” и ,,Битола” , Министерството за труд и социјална политика и локалните самоуправи, а овозможена е од страна на Германското министерство за економски развој и соработка.Бројот на деца без родителска грижа и оние во ризик да го изгубнат сопственото семејство, е голем и потребни се повеќе згрижувачки семејства, за секое дете да може да биде заштитено од насилство и злоупотреба, да има стабилно домување и згрижувач.Настанот првенствено е наменет за сите заинтересирани граѓани , со потенцијал да станат згрижувачи, кои преку промотивни материјали и директни консултации со стручни лица, како и самите згрижувачи, можат да се информираат, повеќе за згрижуваањето.Згрижувачите добиваат услуга на стручна помош и поддршка преку цетри за поддршка за згрижувачки семејства, но и месечен надомест за згрижено дете, надомест за згрижувач, како и други придобивки, согласно потребите на децата за кои се грижат.За сите кои се заинтересирани да станат згрижувачи, а немаат можност да присуствуваат на настанот, повеќе информации за тоа како да станат згрижувач, можат да добијат на телефонскиот број 075/277-477 и веб страната http://www.zgrizuvanje.mkПОВЕЛЕТЕ, ПОСЕТЕТЕ ГО НАСТАНОТ, УТРЕ, НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО ОХРИД, ВО ПЕРИОДОТ ОД 11:00 ДО 15:00 ЧАСОТ И ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ КАКО МОЖЕ ДА СТАНЕТЕ ЗГРИЖУВАЧ.

Охрид | пред 3 години

310343854_534635948676424_7903018967917953872_n

Отворен Младинскиот Центар – Охрид, прв во Македонија и во согласност со стандардите на европските центри за млади

Денес со пригодна свеченост во просториите на некогашната касарна го отворивме Младинскиот Центар – Охрид, прв во Македонија и во согласност со стандардите на европските центри за млади, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Денешниот ден ме исполнува со искрена радост, затоа што успеавме по подолго време, конечно да го отвориме Младинскиот Културен Центар во Охрид. Ова покажува дека како Локална власт, покрај законските обврски, ние искрено сме посветени да го подобриме животот на младите.Верувам дека младите од Охрид со нивната енергија и елан, овде ќе имаат оптимални услови за развивање на креативни идеи и реализација на проекти од најразлични области, а со тоа ќе имаат лична и професионална сатисфакција за својот ангажман.Во името на Општина Охрид упатувам искрена благодарност до USAID за несебичната помош и поддршка за реализација на овој проект и до Младинската организација СЕГА и извршниот директор Зоран Илиески за нивниот ангажман.Ве уверувам дека во Општина Охрид, Младинскиот Центар, секогаш ќе има доверлив партнер и поддржувач на сите активности.Коалицијата на младински организации СЕГА во наредниот тригодишен период ќе раководи со центарот.Свеченоста беше збогатена со музички перфоманс на Арбен Бајрам и Христијан Томевски и изложба на фотографии од Анастасија Стојаноска, Никола Ставрески, Ива Јовановиќ, Ана Марија Момировска и Христијан Јанкуловски“, додава тој.

Охрид | пред 3 години

adsfasdgasdfghas

ВИДЕО: Бугарскиот клуб во Охрид се демолира со јајца

Седиштето на бугарскиот клуб именуван по контроверзниот цар Борис Трети, е демолирано со јајца. Демонстрантите ја заострија својата реторика и фрлаат со предмети кој новоотворениот клуб. Тие извикуваат: „АСНОМ живее“, а веат знаме од Југославија, знамето од Вергина и македонското државно знаме. Откако се фрлаше кон терасата на клубот и прозорците, полицијата се качи на спратот од Амамот во Охрид.Претходно, обидот за првото апсење на демонстрант во Охрид заврши со судир помеѓу полицијата и демонстрантите. Демонстрантот фрлаше со предмет кон клубот.Атмосферата во центарот на Охрид станува се потензична. Демонстрантите се се понервозни, а пцовките доаѓаат од двете страни, како од демонстрантите така и од гостите во бугарскиот клуб каде има низа провокации.

Охрид | пред 3 години

Cistenje_Ezero_12092022001

Исчистено дното на Охридското езеро кај Трпејца

Согласно годишната програма за 2022 на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, со одвиваше акција за чистење на дното на Охридското езеро кај Трпејца. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“.Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети бојлери, телевизори и покуќнина.Целта на акцијата е заштита на Охридското езеро и подигање на јавната свест.

Охрид | пред 3 години

Cinar_2_12092022010

Се отстранува паднатата гранка од чинарот кај Кошишта

Во текот на изминатата вечер, напукна голема гранка од чинарот во наслебата Кошишта. Поради постоење опасност по минувачите и околните објекти теренот во вечерните часови беше затворен за сообраќај.Екипи од ЈП „Охридски комуналец“ од рано утринава започнаа со санација на оштетениот дел. Големата и сува гранка која претставуваше опасност за минувачите и околните објекти беше отстранета.Предвидено е после завршување на вегетацискиот период, есенва да продолжи санацијата на чинарот која ќе се изведува под надзор на стручни лица.Проценетата старост на чинарот е 300 години. Претходно Општина Охрид во соработка со стручни лица изврши санација и ревитализација на чинарите во Охридската чаршија и населбата Воска.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-09-14-104540

Се одржа 16-та седница на советот на општина Охрид

Заврши шеснаесеттата седница на Советот на Општина Охрид . Советниците дадоа „зелено светло“ за 42-те точки на дневен ред,а се однесуваа на работата и функционирањето на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и точки од урбанистичката сфера.Советниците дадоа можност за формирање групи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“- Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број, зависно од потребите и барањата на родителите, а меѓу повеќето точки беа изгласани и Предлог Одлуките за разрешување и именување членови во управниот и надзорниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Со мнозинство гласови беше изгласана и Предлог Одлуката за давање согласност на годишен план за вработување на ЈП „Билјанини Извори“ за 2023 година. Станува збор за лица кои повеќе години се работно ангажирани во ова претпријатие со договор на дело односно имаат нерешен статус.Беа изгласани и Предлог одлуките кои беа на дневен ред од урбанистичката сфера меѓу кои беше и Предлог Одлука за утврдување начин на применување на „План за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион со акциски план (2020-2029)“ при донесување и спроведување на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за вон населено место, урбанистички план за село и урбанистички проект вон опфат на урбанистички план при планирање на намена е 1.13-фотоволтаични електрани. Беа изгласани и точките кои се однесуваа на Предлог Одлуките за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за поместување на границата на неколку градежни парцели поради неусогласеност на градежната со катастарката парцела.Советниците едногласно ги поддржаа и Предлог Одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти на неколку Катастарски Парцели во различни Ктастарски Општини.

Охрид | пред 3 години

Komunalec_higiena_28072022009-1440x1080-1

ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота

Поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно Програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.

Охрид | пред 3 години

Komunalec_cistenjes-star-grad_18082022005.jpg-nggid03730-ngg0dyn-300x300x100-00f0w010c011r110f110r010t010

ЈП „Охридски Комуналец“ со активности за миење на улиците во Стариот дел на градот

Со цел да се подигне нивото на јавна чистота, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ рано утринава спроведоа активности за миење на улиците во Стариот дел на градот.Заради специфичноста на теренот, тешката пристапност и тесните улици, чистењето било извршено со мала цистерна.Како дел од програмата за одржување на јавна чистота, ЈП „Охридски Комуналец“ врши секојдевно миење на улиците во централното градско подрачје, чаршијата и градскиот кеј, како и на улиците во сите населби, по претходно утврдена динамика.

Охрид | пред 3 години

294191184_502279788366516_4223917623100494049_n

Се врши дезинфекција и миење на контејнерите во Охрид

ЈП Охридски Комуналец во текот на минатата вечер извршија миење и дезинфекција на контејнерите во градот.„Согласно програмата за работа на ЈП Охридски Комуналец синоќа во вечерните часови кога е намален интензитетот на сообраќај извршивме миење и дезинфекција на контињерите и локациите каде што се поставени!Ќе продолжиме до зацртаната динамика и во наредниот период со цел да не се јавува непријатен изглед и миризба“, се вели во објавата.

Охрид | пред 3 години

Komunalec_higiena_28072022005

ЈП „Охридски комуналец“ ги интезивира активностите за одржување на јавната чистота

Поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно Програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања