Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

ОХРИД

Obrazovni_asistenti_02092022003

Ангажирани 10 образовни асистенти за помош на децата со полесна попреченост од школска возраст

Денеска, градоначалникот Кирил Пецаков, ги поздрави ангажираните образовни асистенти кои ќе даваат дополнителна помош на децата со полесна попреченост од школска возраст, за поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес.– Најпрвин сакам да Ви се заблагодарам за Вашата благородна работа што ја работите и да Ви посакам успех во новата учебна година. Нашата замисла како Локална самоуправа е квалитетно и модерно образование. Во таа насока е и реализацијата на програмата, Општинско Корисна Работа – од граѓаните за заедницата од заедницата за граѓаните, со налов на проектот ,,Отворени можности за еднакво образование за сите деца” која се реализира во текот на учебната година од 01.09.2022 до 10.06.2023. Целта на проектот е поефикасно спроведување на воспитно образовниот процес на децата со полесна попреченост од школска возраст. Со програмата се ангажираат соодветни стручни лица, образовни асистенти, со што ќе се овозможи дополнителна помош во совладување на наставата. Нашата цел е да се подобри квалитетот на живот посебно на децата со полесна попреченост кои имаат потешкотии во совладување на редовната настава , со тоа ќе им биде олеснета работата како на наставниците така и на родителите. Образовните асистенти ќе работат пола работно време, секој ден, во согласност со наставната програма и во соработка со стручната служба во училиштата како и со координаторот од Општина Охрид. Сакам да Ви порачам да бидете трпеливи и секогаш позитивни, бидејќи само со таков пристап ќе може да бидете сигурни дека ќе ги пренесете вистинските пораки за човечност и добро воспитување, истакна градоначалникот Пецаков.Со програмата се ангажираат 10 образовни асистенти во средните училишта ОСУ Климент Охридски – 1 образовен асистент, ОУТУ Ванчо Питошески – 4 образовни асистенти, ОЕМУЦ Наум Охридски – 4 образовни асистенти и СОСУ Кирил и Методиј – 1 образовен асистент.

Охрид | пред 3 години

thumbs_Prv_skolksi_cas_Prlicev_01092022011

Започна учебната година во охридските училишта

Градоначалникот Кирил Пецаков присуствуваше на пригодната свеченост за првооделенците по повод почетокот на новата учебна година, која се одржа во ООУ „Григор Прличев“ во Охрид. Во своето обраќање пред присутните градоначалникот рече:„Драги момчиња и девојчиња, драги наши првачиња, добре дојдовте во царството на буквите и бројките, царството на песничите и цртежите, царството на најубавите приказни и незаборавните игри.Особено ми е мило што имам можност да ги видам вашите весели очиња, да ја почувствувам радоста на вашиот прв училишен ден и да ви упатам најубави желби за успешен почеток. Неизмерно сум среќен што денес сум тука заедно со вас, во моето училиште, каде што пред 30 години и јас бев прваче како вас.Верувам дека сте возбудени и сигурно се прашувате што ли ќе се случува на овој ден. Се сеќавам колку трема имав и јас на мојот прв училишен ден, кога за прв пат се сретнав со другите првачиња, со кои во текот на годините што следуваа, делевме клупа, знаење и многу убави моменти, кои засекогаш се паметат. Тука ќе научите да читате и да пишувате, да броите и да сметате, но најважното нешто ќе го научите ќе биде способноста да споделувате, да бидете вешти и посветени.Училиштето ќе биде вашиот втор дом, место каде ќе ви биде убаво и каде што ќе се чувствувате сигурно, бидејќи вашите учителки ќе се грижат за вас исто како што тоа го прават и вашите родители. Тука ќе ги стекнете вашите први пријатели и ќе ги запознаете вашите први симпатии. Од денес па натаму, секој ден ќе ви биде поубав и поинтересен од претходниот и секој нов ден ќе откривате нови тајни и ќе станувате побогати со знаења.Бидете мирни, внимателни на часовите и решавајте ги училишните задачи. Само така ќе бидете примерни ученици кои ќе бидат пофалени и наградени со добри оценки. Вашиот училишен успех ќе ви овозможи да остварите високи цели со кои ќе бидете гордост на сите нас.Почитувани родители и ценети наставници „Најдобар начин да ги направите децата добри е да ги направите среќни“ рекол познатиот светски писател Оскар Вајлд, па токму затоа сакам да ви порачам да бидете трпеливи и секогаш позитивни, бидејќи само со таков пристап ќе може да бидете сигурни дека ќе ги пренесете вистинските пораки за човечност и добро воспитување.Како локална самоуправа во континуитет вложуваме во училишната инфраструктура и даваме поддршка за остварените успеси, а оваа година на мое големо задоволство за прв пат преку проектот „Нашите првачиња“ обезбедивме скромна помош за овие нови ученици.Радувајте се првачиња! Бидејќи овој ден е ваш ден, бидете ни секогаш здрави и насмеани и имајте многу многу петки!, истакна градоначалникот Пецаков.По повод првиот училишен ден, градоначалникот беше гостин и на пригодната свеченост во ООУ „Ванчо Николески“ во село Лескоец, каде што исто така ги поздави присутните.

Охрид | пред 3 години

Maturanti_10082022001-1440x1080-1

Доделени дипломите на матурантите од гимназијата „Свети Климент Охридски“

На пригодна свеченост која се одржа вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“ беа доделени дипломите на матурантите од гимназијата „Свети Климент Охридски“ од генерацијата 2021 – 2022 година.Свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.– Голема е честа, на овој прекрасен празник, посветен на нашиот светител и најголем учител Свети Климент Охридски, да се биде вечерва овде, на оваа свечена церемонија, за да ја прославиме титулата на зрелоста и да отвориме нова страница oд животното патување на уште една генерација млади охриѓани.Среќен сум што заедно со сите вас можам да го почувствувам силниот интензитет на емоции, кои ја красат оваа неповторлива атмосфера.За матурантите тоа е возбудата пред новиот почеток, за родителите тоа е радоста да ги видат своите синови и ќерки во матурска наметка, а за наставниците тоа е гордоста што успеале да ги подготват своите ученици за иднината која ги очекува.Драги мои матуранти,Изминатите две години не научија да ги негуваме и да им се радуваме на малите, но сепак важни аспекти во животот. Вие сте младина која се соочи и успешно се бори со еден од најголемите предизвици во историјата на човештвото. Сигурен сум дека токму ова искуство ќе ви даде самодоверба, цврсто да чекорите напред и да ја надминувате секоја препрека.Со мојата искрена честитка за вашето матурирање, сакам да ве поттикнам неуморно да ја продолжите потрагата по знаење и да откривате нови и уникатни начини да станете најдобрата верзија од себе си. Искористете го ентузијазмот што ве опкружува и храбро осварувајте ги сите соништа. Нека вашата ѕвезда водилка биде сознанието дека сте позитивен пример и инспирација за другите. Затоа потрудете се да бидете добри луѓе, полни со човечност и вредни за почит.Од вас очекувам успешни професионалци во многу општествени области и верувам дека вашите имиња и презимиња ќе остават значаен печат во историјата на нашиот Охрид.Големиот писател Марк Твен рекол „Двата најважни денови во вашиот живот се денот кога сте родени и денот кога ќе сфатите зошто сте родени“. Токму затоа водете се од вашата желба и личното убедување кога ги носите сите одлуки. Нека сè во вашиот живот биде онака како што вие самите посакувате.Во мое лично име и во името на Локалната самоуправа уште еднаш ви упатувам најсредечни честитки за вашето матурирање и посакувам заедно да прославиме уште многу ваши значајни успеси.Нека е за многу години денешниот празник и нека е вечно името на Свети Климент!, истакна градоначалникот Пецаков во своето обраќање.

Охрид | пред 3 години

IMG_20220715_125411

Пецаков изврши увид на новите инвестициски ативности во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска изврши увид на новите инвестициски активности во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.Во моментот се врши поставување и инсталирање на 14 смарт табли во училниците, кои значително ќе го подобрат квалитетот на наставната програма и ќе придонесат за поголема интеракција на часовите. За набавка на овие електронски уреди, од буџетот на Општина Охрид се издвоени 1.200.000 денари.Исто така, во моментот се изведуваат и градежни зафати за поставување на лифт во училишната зграда и се врши уредување на два тоалети кои ќе бидат наменети за лица со посебни потреби. Овие активности се дел од проектот на Министерството за образование финансиран од Европската Унија во вредност од 120.000 евра. Во рамки на истиот проект, ќе бидат поставени и пристапни рампи и соодветна сигнализација за лица со оштетен вид.Градоначалникот Пецаков во својата изјава за медиумите рече дека ова училиште во текот на изминатиот период значително го променило својот изглед и содржините кои ги нуди за учениците. Поради добрите резултати во работењето донел одлука менаџерскиот тим на училиштето да продолжи со својот мандат.Градоначалникот истакна дека Локалната самоуправа и во иднина ќе настојува да ја следи и да ја воведе напредната технологија во образовниот процес на локално ниво и да ги опремува училиштата согласно современите стандарди за настава. Тој најави дека во наредниот период ќе следуваат уште низа нови инвестиции и во останатите училишни објекти во општината.Во иднина, со средства обезбедени од буџетот на Општина Охрид за ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ планирана е набавка на нов инвентар и опрема за училниците. Наскоро во истото училиште се очекува да започне и имплементацијата на проектот за опремување на сите кабинети за практична настава кој е финансиран преку гранд од од RCF-fond и Германската банка за обнова (KfW), во вредност од 580.000 евра.

Охрид | пред 3 години

Press_Gradonacalnik_13072022002

Нови мерки и проекти за поуспешен наставен процес за сите училишта во Охрид

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес одржа прес конференција на која ги претстави новите мерки и проекти, кои ќе бидат реализирани во новата учебна година.– На мое особено задоволство, сакам да ја информирам јавноста дека Советот на Општина Охрид на својата вчерашна седница донесе многу важна одлука со која се прецизираат сите мерки кои локалната самоуправа ќе ги преземе во насока на поддршка на учениците и студентите од општината.За првпат оваа година општина Охрид воведува: Проект „Нашите првачиња“ со кој предвидува финансиска поддршка од 3000 денари за секое запишано прваче во општинските основни училишта.Ја зголемуваме вредноста на стипендиите за ученици од основните и средните училишта за учебната 2022/2023 година од 1500 на 2000 денари. Стипендиите ќе се доделуваат за 9 месеци и ќе бидат наменети за талентирани ученици, ученици со посебни постигнувања и за ученици од ранливи семејства. Исто така врз основа на јавен повик ќе се доделуваат и стипендии во месечен износ од 3000 денари за редовни студенти во неколку категории.За прв пат се воведува нова мерка „Образовен додаток“ која е наменета за студенти кои студираат надвор од Охрид, а потекнуваат од семејства со социјален ризик, многудетни и еднородителски семејства. Со оваа мерка е предвидено е да бидат еднократно доделени по 6000 денари на најмногу 120 студенти.И во текот на наредната година, Општина Охрид ќе ја подолжу поддршката за ученици во основно и средно образование, студенти, магистранти и докторанти кои се лица со ретки болести и посебни потреби. За учениците е предвиден е зголемен износ од 2000 денари месечно за 9 месеци, а за студенти, магистранти и докторанти износ од 3000 денари месечно за 9 месеци.Обезбедивме зголемување на надоместокот за наставниците ангажирани во продолжен престој. Од оваа учебна година тој ќе изнесува 15.000 денари за пола работно време, наместо досегашните 10.000. Се прават и напори за решавање на проблемот со работниот стаж на овие наставници кој досега беше нерегулиран. Предвидено е сите основни училишта да организираат продолжен престој од 15 ти септември.Овозможуваме дополнително вреднување на постигнатиот успех на учениците на напреварите во знаење кои се организираат по наставните предмети. За таа цел, покрај доделување стипендии и традиционалното доделување признанија на денот на сесловенските просветители „ Св. Кирил и Методиј„ ќе се доделуват и парични награди за учениците и нивните ментори и тоа:– За освоено прво место на државен натпревар во знаење по наставен предмет ќе се доделува еднократно по 10.000 денари за ученикот и неговиот ментор; за освоено второ место ќе се доделува по 7000 денари, а за освоено трето место на државен натпревар ќе се доделува по 4000 денари;– За освоено прво место на меѓународни натпревари ќе се доделува еднократно по 18.000 денари за ученикот и неговиот ментор; за освоено второ место на меѓународни натпревари ќе се доделува по 15.000 денари, а за освоено трето место на меѓународни натпревари ќе се доделува по 12. 000 денари.Целта на овие мерки е да се поттикнат учениците и нивните ментори да учествуваат на натпреварите во знаење и да постигнуваат врвни резултати- истакна во своето излагање Пецаков.Градоначалникот подвлече дека од учебната 2022/2023 година за првапат во две основни училишта во Општина Охрид: ООУ „Св.Климент Охридски“ и ООУ „Христо Узунов“, ќе отпочне да се реализира пилот-проектот „Италијански јазик во основното образование“. Факултативно изучување на италијанскиот јазик ќе биде по два часа неделно за учениците од 5- то и 6 -то одделение. Со овој пилот –проект, на почеток ќе бидат опфатени само последната година од одделенска настава и првата година од предметна настава( во овие две училишта), а понатамошниот опфат ќе оди согласно потребите и интересот на учениците и родителите.За учебната 2022/2023 година општина Охрид за првпат ќе додели награда и за „Првенец на генерацијата“ во основните и средните општински училишта. По изборот согласно процедурите на училиштето, директорот на училиштето доставува известување до општина Охрид по што на ученикот ќе му биде исплатена награда во вредност од 10.000 денари.

Охрид | пред 3 години

Pozarna_20220704006

Противпожарната бригада во Охрид доби донација од Дирекцијата за заштита и спасување

Територијалната против пожарна единица од Охрид, од денес на располагање има и спасувачки систем за стабилизирање и подигнување при елементарни непогоди и комплексни сообраќајни незгоди и сет за спасување со поплави.Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување истакна дека со опремата се овозможува полесно справување со елементарните непогоди во општината.– При крај сме со набавка на теренски противпожарни возила заедно со пумпи, за 14-те републички сили за справување со пожари. Целта е да сме што поподготвени да се справуваме со пожарите кои секоја година се во поголем број, рече Максути.Градоначалникот Кирил Пецаков се заблагодари за донацијата и истакна дека таа е доста значајна за градот.– Верувам и убеден сум дека ова ќе ја зголеми ефикасноста противпожарната единица. Сметам дека во иднина треба многу повеќе да вложуваме за да имаме максимално спремни противпожарни единици, кои ќе можат да реагираат во истиот момент кога ќе е потребно. Како Општина Охрид во изминатиот период почнавме да вложуваме во пожарната посебно во оспособување на возила кои не функционирале претходно, а секако дека и во наредната година ќе го зголемиме тој дел од помошта за ТППЕ и зголемување на капацитетите и сите оние работи кои се потребни за нормално функционирање, рече Пецаков.Борко Јанкулоски командир на ТППЕ Охрид забележа дека донацијата ќе ја подобри технички институцијата, каде недостасувале седум пожарникари, како и дополнителна опрема, со која според него, ќе заличи на европска пожарна.Ваква опрема доби и Територијалната противпожарна единица од Струга.

Охрид | пред 3 години

dezinsekcija

Во понеделник ќе се прска против комарци во Охрид, општината апелира пчеларите да преземат мерки

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното соопштение:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 11.07.2022 год. (понеделник) ќе се спроведе терестријална (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во понеделник до 06 часот во вторник.Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Охрид | пред 3 години

pecakov-4

Пецаков со честитка за празникот Курбан Бајрам

Градоначалникот Кирил Пецаков упати празнична честитка по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам.-Со најискрени желби за добро здравје, мир и благосостојба на сите граѓани од муслиманска вероисповед им го честитам празникот Курбан Бајрам!Овој голем празник ги потврдува универзалните вредности на човекољубието, носи поголема солидарност, не учи да помагаме и простуваме.Посакувам вербата и љубовта кон Бога да ни даваат сила за да продолжиме да чекориме по патот на соживотот, како една од главните придобивки на нашето мултиетничко општество. Само сплотени и со заедничка желба можеме да го направиме Охрид подобро место за живеење.Нека овие празнични денови Ви поминат во радосна семејна атмосфера, со добра мисла и меѓусебна почит. Нека е за многу години!, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.

Охрид | пред 3 години

neparkiraj

Ќе се врши хоризонтално обележување на улица во Охрид

Се известуваат сите жители и учесници во сообраќајот дека на улицата „Момчило Јорданоски“ – потег од кружна кртстосница ул. „Момчило Јорданоски“ со ул.„Марко Цепенков“ до населба Гоце Делчев – Бараки, Општина Охрид ќе врши хоризонтално обележување на ден 13.07.2022 година и 14.07.2022 година.Се молат сите учесници во сообраќајот да се отстранат сите моторни возила од коловозот со цел непречено одвивање на активностите.

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

Неколку улици во Охрид денес целосно затворени за сообраќај

Поради хоризонтално обележување на централното градско подрачје на ден 14.07.2022 година од период 18:00 ч. до 05:00 ч. целосно ќе бидат затворени за сообраќај улиците:Димитар Влахов – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Кузман Јосифоски Питу до раскрсница на ул. Димитар Влахов со ул. Македонски Просветители;Партизанска – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Кузман Јосифоски Питу до раскрсница на ул. Партизанска со ул. Македонски Просветители ;Македонски Просветители – потег од раскрсницата на оваа улица со ул. Даме Груев до кружна крстосница со ул. Кеј Македонија.(Во овој период сообраќајот за Стар Град ќе се одвива исклучиво преку Горна Порта).Се молат сите учесници во сообраќајот да се отстранат паркираните возила на наведениве улици со цел непречено одвивање на активностите.

Охрид | пред 3 години

patnici-vo-avtobus

Објавен возниот ред за сезонски превоз на патници во Охрид

Согласно решението за избор за вршење на дополнителен сезонски превоз на патници, донесено од страна на Градоначалникот на општина Охрид, како најповолни по пакет линии се избрани следните превозници:ПАКЕТ ЛИНИЈАСОГЛАСНО ПОСТОЈНАТА ОДЛУКА ЗА ВРШЕЊЕ НА ОПШТИНСКИ ЛИНИСКИ ПРЕВОЗ, МАКСИМАЛНАТА ЦЕНА НА БИЛЕТОТ ПО ПАТНИК ТРЕБА ДА ИЗНЕСУВА:Охрид-Св.Стефан -Охрид 30 денариОхрид-Лагадин-Охрид 40 денариОхрид-Градиште-Охрид 70 денариБРОЈ НА ПАКЕТ ЛИНИЈА И НАЗИВ НА ПРЕВОЗНИК1 Омега 2006 ДООЕЛ2 Ина П Компани ДОО4 Трансфер Турист ДООЕЛ Охрид5 Бале Турс ДООЕЛ6 Галеб АД7 Дебарца Експрес ДООЕЛ8 АБ Вип Турс ДООЕЛ Охрид10 Класик Компани ДООЕЛ11 Кеди Мобил ДООЕЛ Охрид12 Димакс Травел ДООЕЛ13 Алма-Компани ДООЕЛ Охрид14 Виа Орбита ДООЕЛ15 Ластовица Експрес ДООЕЛ17 Мики-Компани ИМП ДООЕЛ

Охрид | пред 3 години

dedo_mi_so_edna_plata-678x381-1

Извршен увид и интервенција на улица АСНОМ во Охрид, поради неправилности во градежните работи

Денес општинските надлежни служби, во присуство на вешто лице и асистенција на полиција, извршија увид и интервенција на улица АСНОМ, поради неправилности во градежните работи на заеднички станбен објект.При увидот, утврдено е дека инвеститорот ДГУПТ “Еуро –Билдинг 2012 ДООЕЛ Охрид“, гради спротивно од одобрението за градење. Од страна на градежниот инспектор утврдено е дека, инвеститорот узурпирал дел од соседната катастарска парцела и направил големо оштетување на улицата и водоводната мрежа.Од страна на овластениот градежен инспектор изготвено е решение за прекин на изградбата, со дополнително решение за надомест на причинетата штета.Според Законот за правното лице ќе следат и соодветни законски управни акти.

Охрид | пред 3 години

Parking_Brza_pomos_28072022001

Обезбеден подобар сообраќаен пристап до брзата помош во Охрид

По налог на Одделението за сообраќај и улици при Општина Охрид, екипи на ЈП „Градски пазар“ денес поставија монтажни столпчиња на паркингот пред Брзата помош во ОхридОформена е нова коловозна лента и обезбедено е ограничување на паркинг просторот, кои ќе бидат наменети само за специјалните возила на оваа здравствена служба. Со ова се обезбедува решавање на долгогодишниот проблем, кој Брзата помош го имаше поради попречен пристап до просториите од несоодветно паркирани возила.Останатиот дел од паркингот кој не е ограничен со столпчиња и понатаму ќе биде достапен за користење од страна на граѓаните.Се упатува апел до возачите да го почитуваат поставеното ограничување, со што ќе се обезбеди брзо и навремено интервенирање на службите на Брзата помош.

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

Рампите за регулирање на сообраќајот во стариот дел од Охрид ќе бидат ставени во функција

Општина Охрид ги известува жителите и туристите кои престојуваат во Охрид дека од утре 29.07.2022 година (петок) ќе бидат ставени во функција рампите за влез и излез во стариот дел на градот. Моторните возила ќе може непречено да сообраќаат, само доколку поседуваат ревидирана картичка за движење во овој дел од градот од 2021 година.Рампите пред „Горна Порта“ и пред „Каменско“ ќе функционираат 24 часа, а рампата пред Капетанија ќе биде во функција од 05:00 до 20:00 часот. Од 20:00 до 05:00 часот, оваа рампа ќе биде затворена за пропуштање на сообраќај, а во истиот период, затворени за сообраќај ќе бидат и улиците „Коста Абраш“ и „Самоилова“.Дотурот на стока во стариот дел на градот, правните лица ќе може да го вршат со издадена картичка, секој ден во периодот од 05:00 до 10:00 часот.Такси возилата кои вршат превоз на патници ќе бидат пропуштани во стариот дел на градот само преку влезот кај „Горна Порта“.Се известуваат сопствениците на сместувачките капацитети кои немаат обезбедено сопствен паркинг, дека своите гости можат да ги насочат за влез исклучиво преку „Горна Порта“, само за да извршат истовар на патници и багаж. За овие возила дозволен е престој во стариот дел на градот во времетраење од 15 минути.Се упатува апел до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат воспоставениот режим на движење во стариот дел на градот со цел да нема непотребен застој.

Охрид | пред 3 години

Brodska_nesreka_polaganje_05092022006

Денес се навршуваат 13 години од најголемата бродска несреќа во Охридското Езеро

Денес се навршуваат 13 години од најголемата бродска несреќа во Охридското Езеро, кога потона бродот “Илинден“. По тој повод, денес делегација од Бугарската амбасада во Скопје, претставници на локалната самоуправа, Капетанијата од Охрид и граѓански здруженија положија свеже цвеќе на меморијалнииот споменик, посветен на жртвите.Бродот “Илинден“ превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, а потона на 250 метри од брегот, при што загинаа 15 бугарски туристи.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања