ОХРИД

309330726_519366293536723_6498304866494497533_n

Се санираат потпорни ѕидови во стариот дел на Охрид

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков преку социјалните мрежи информира дека саниран е потпорен ѕид во стариот дел од градот.„Санацијата на потрпониот ѕид на пресекот на улиците „Климентов Универзитет“ и „Рашанец“ заврши.Активностите за санација и уредување на потпорните ѕидови низ Стариот дел на градот продолжуваат.Во моментов се врши санација на потпорниот ѕид на улица 'Нада Филева'“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

308721906_516549930485026_3146509870095315469_n

542 првачиња во Охрид добија по 3000 денари

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков информираше дека успешно е реализиран проектот „Нашите првачиња“.„Денес на сметките на 542 родители на деца запишани во прво оддделение во рамки на основните училишта во општина Охрид се исплатени по 3000 денари финансиска поддршка во рамки на проектот „Нашите првачиња“. Средствата се обезбедени од буџетот на општина Охрид во вкупен износ од 1.626.000 денари.На сите првачиња им поскаувам среќно детство и успешно образование“, се вели во објавата.

Македонија | пред 3 години

Klub_mladi_19092022006

Пецаков за младите во Охрид со бројни активности за подобар статус во општината

Градоначалникот Кирил Пецаков денес во својот кабинет оствари работна средба со Претседателката на Клубот за младински прашања и политики при Собранието на Република Македонија, пратеничката Моника Зајкова и со претставници од Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП).На состанокот се разговараше за можностите да се преземат конкретни активности за зајакнување на соработката помеѓу Собранието и Општина Охрид , со вклученост на граѓанскиот сектор, а првенствено во интерес на подобрување на положбата на младите луѓе во општествените текови , како и процесот на дигитална трансформација кој е од интерес на сите граѓани. Заеднички беше истакнато дека Општина Охрид е една од ретките на територијата на државава во која веќе функционира општинскиот Совет на млади, а наскоро се очекува да профункционира Центарот на млади кој ќe биде сместен во просториите на ХАБ касарната во Охрид.По работната средба во Кабинетот градоначалникот и претставниците од Клубот за младински прашања и политики при Македонското Собрание и од ИДЕУЕП имаа работна средба со раководните лица за млади и спорт и за процесот на дигитализација во Општина Охрид, претставници од различни политички партии, Советници од советот на Општина Охрид и од општинскиот Совет на млади. Пред присутните беше објаснет начинот на формирање, управување и функционирање на Советот на млади како и постапките за дигитализација на општинските услуги кои се во тек. Свое излагање пред присутните имаа и членови на останати младински здруженија од градов.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-09-22-at-09.18.24

Охрид: „Нискоградба“ работат на изведба на фекална канализација на улица „Живко Чинго“

Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на фекална канализација на улица „Живко Чинго“. Должината на линијата изнесува 400 метри.Вредноста на проектот е 1 578 000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Охрид | пред 3 години

Gradonacalnik_Polska_20092022001

Пецаков на средба со градоначалничка од Полска: Ќе соработуваме!

Градноачалникот Кирил Пецаков денес оствари работна средба со Ана Пиларцук градоначалничка на Огоџењец, Република Полска.На средбата се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, образование, култура, туризам. Исто така се разговараше за размена на искуства и идеи во подготовката и аплицирањето на проекти во ЕУ фондовите. Република Полска котира многу високо во добиени финасиски средства од ЕУ фондовите за реализација на проекти. Општина Охрид веќе има воспоставено соработка со полски фондации во подготовката на проектни апликации.Соговорниците разговараа и за реализирање на промоција на Охрид во градот Огоџењец и Република Полска. Беа разменети мислења и идеи за концептот на промоција и за остварување на заеднички промоции на меѓународни саеми за туризам.Заеднички беше констатирано дека соработката ќе се продлабочи и ќе се насочи во области од кои двата града ќе имаат интерес.

Охрид | пред 3 години

Maraton_finish_20220910011

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на 35. Охридски пливачки маратон

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на 35. Охридски пливачки маратон што се одржа денеска на 25 километарската патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште.Во конкуренција на седуммина пливачи и една девојка второто место го освои Франческо Гетини од Италија, додека трет беше Македонецот Евгениј Поп Ацев.Златниот медал и паричната награда на Хернандез во името на градоначалникот Кирил Пецаков му ги врачи охридскиот пливачки херој Марко Пејчиноски. Сребрениот медал го додели претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски, а бронзата претседателот на организацискиот одбор на маратонот Ристе Јанкоски.Општина Охрид во корелација со Пливачката федерација на Македонија, оваа година во целост го организира Охридскиот пливачки маратон и за таа цел одвои 2 милиони денари, додека Агенцијата за млади и спорт го обезбеди наградниот фонд од 10 илјади долари.

Охрид | пред 3 години

Cistenje_Ezero_12092022002

Чистење на Охридско Езеро

Согласно годишната програма за 2022 на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, со одвиваше акција за чистење на дното на Охридското езеро кај Трпејца. Чистењето го реализираше „Клубот за подводни активности“.Од дното на езерото беше извадена поголема количина на отпад, стари гуми, пластични и стаклени шишиња, шпорети бојлери, телевизори и покуќнина.Целта на акцијата е заштита на Охридското езеро и подигање на јавната свест.

Охрид | пред 3 години

DSC_0262

Заврши шеснаесеттата седница на Советот на Општина Охрид

Заврши шеснаесеттата седница на Советот на Општина Охрид . Советниците дадоа „зелено светло“ за 42-те точки на дневен ред,а се однесуваа на работата и функционирањето на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и точки од урбанистичката сфера.Советниците дадоа можност за формирање групи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“- Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број, зависно од потребите и барањата на родителите, а меѓу повеќето точки беа изгласани и Предлог Одлуките за разрешување и именување членови во управниот и надзорниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“. Со мнозинство гласови беше изгласана и Предлог Одлуката за давање согласност на годишен план за вработување на ЈП „Билјанини Извори“ за 2023 година. Станува збор за лица кои повеќе години се работно ангажирани во ова претпријатие со договор на дело односно имаат нерешен статус.Беа изгласани и Предлог одлуките кои беа на дневен ред од урбанистичката сфера меѓу кои беше и Предлог Одлука за утврдување начин на применување на „План за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион со акциски план (2020-2029)“ при донесување и спроведување на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за вон населено место, урбанистички план за село и урбанистички проект вон опфат на урбанистички план при планирање на намена е 1.13-фотоволтаични електрани. Беа изгласани и точките кои се однесуваа на Предлог Одлуките за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за поместување на границата на неколку градежни парцели поради неусогласеност на градежната со катастарката парцела.Советниците едногласно ги поддржаа и Предлог Одлуките за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградени објекти на неколку Катастарски Парцели во различни Ктастарски Општини.

Охрид | пред 3 години

Forum_gradonacalnici_14092022013

Во Охрид, се одржа Форум на градоначалници организиран од УСАИД Македонија

Денеска во Охрид, се одржа Форум на градоначалници организиран од УСАИД Македонија, на кој беа презентирани резултатите од алатката за само-оценка. На форумот учествуваше и градоначаникот Кирил Пецаков, кој ги поздрави присутните.– Денес сме тука да најдеме начин да ги искористиме најдобрите можности за реализација на проекти од општ интерес. Заеднички ќе дискутираме за Подобрување на капацитетите на вработените во одделението за финансии и данок на имот при нашите општини. Развивање на ЛЕР планови по нова методологија, можност за за обучување на вработените од нашите општини кои би правеле внатрешна ревизија , како и разгледување на можностите за заеднички настап пред европските фондови и користење меѓународни средства за општествено корисни проекти, рече градоначалникот Пецаков.Согласно мерењата Општина Охрид доби оценка од 2,56, каде 1 е основно ниво на капацитет, а 3 високо ниво на капацитет. Проектот опфаќаше само-оценка на општините за општинското финансирање, во кои е вклучено управување со општинските јавни финасии, планирање и извршување на буџетот, фискална транспарентност и отчетност, планирање и прибирање на приходи од сопствени извори и пристап до надворешно финансирање.Настанот се реализира во рамки на проектот за “Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите”.

Охрид | пред 3 години

DSC_0237

Охридската полиција на нозе по сведоштвото, се трага по лицата кои лажат старци и им земаат пари

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на лица кои лажно се претставуваат како службени лица и вршат измами, претежно на повозрасни граѓани од Охрид, со телефонски јавувања за наводно случена сообраќајна несреќа со жртви или тешко повредени лица – членови на нивните семејства.„Притоа, користејќи ја нивната вознемиреност и загриженост, од нив изнудуваат парични средства. Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични измами, преку повици добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 112 или во најблиската полициската станица“, велат од СВР Охрид.

Охрид | пред 3 години

fasdfasdgfasd

(ВИДЕО) Страотно сведоштво од Охрид: Им кажале на родителите дека сестра ми прегазила дете и им барале пари, беше борба за живот

Охриѓанката Анета Јованоска преку социјалните медиуми сподели како нејзините родители биле мета на банда, кои со лаги, пробале да изнудат пари од нив. Кога се јавиле, според сведоштвото, непознато лице кое се претставило како инспектор од полиција кажало дека нивната ќерка (сестра на Анета) имала сообраќајка. Потоа, лицето кажало дека таа е во болница, но и дека прегазила дете. Непознатиот човек барал пари од возрасните лица, за да нивната ќерка не лежи во затвор.Целото сведоштво:„Во текот на вчерашниот ден, моите родители добија телефонски позив, во кој беше претставено некое непознато лице како инспектор полициски. Им беше кажано дека мојата сестра направила сообраќајка, прегазила дете, се наоѓа во болница, со искршени заби и дека родителите на детето бараат за сестра ми да не лежи во затвор 15 години“, вели Анета Јованоска.„Моите родители се возрасни, со тешки дијагнози, здравствено во тешка состојба. И тоа е причината што вчерашниот ден, бев да ги посетам и да ги видам. Сум имала голема среќа и му благодарам на универзумот што ме прати во вистинскиот момент. Кога разговорот беше при крај и по тие 30 минути малтретирање на моите родители, пиштење и вриштење, кои ги извадиле сите парите, па кажале колку, па им кажале дека ќе дојде човек да му ги дадат“, додава таа.„Тоа значи дека тоа е банда, каде се вклучени повеќе лица. Се јавило и женско лице, кое се претставило женско лице како мојата сестра, со потврда да татко ми ги даде парите. Во моментот кога влегов, телефонската линија не беше затворена. Татко ми ми го даде телефонот. На моето прашање: Ве молам да го кажете вашиот полициски број и од која полициска станица се јавувате, ми спуштија слушалка. Беше пријавено во полиција. Тие не можеа да дојдат, па јас отидов да дадам изјава. Би сакала се покрене иницијатива. Разбрав дека не сум единствена, дека моите родители не се единствената жртва со истава приказна. Дека има оштетени со многу повеќе пари. Сакам да спасам што повеќе луѓе. Беше траорно. Едвај ги смирив моите родители, со медикаменти, за да останат во живот. Беше страшно, тешко“, посочува Анета Јованоска.

Охрид | пред 3 години

306274328_506146424858710_3274180767255620598_n

(ВИДЕО) Започна 35. Охридски пливачки маратон

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им посака мирни води на пливачите на 35. Охридски пливачки маратон.„Започна 35. Охридски пливачки маратон.Им посакувам мирни води на пливачите.Ве поканувам на градското пристаниште да ги пречекаме, а од 14 часот да уживаме во настапот на Ансамблот "Билјана јуниор"“, вели Пецаков.Охридскиот маратон традиционално се одржуваше под покровителство на Претседателот на државата, но од неговиот кабинет стигна соопштение дека оваа година нема да се одржи поради блокирана сметка на федерацијата.Градоначалникот Кирил Пецаков синоќа на социјалните мрежи напиша дека Охрид бил целосно подготвен за одржување на пливачкиот маратон.„Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“, напиша претходно Пецаков на социјалните мрежи.

Македонија | пред 3 години

305988191_533933288534499_1024639479548728075_n

Охрид се чистеше и на празник

Ј.П.„Охридски Kомуналец" на граѓаните им го честита Денот на независноста на Република Македонија.Оттаму додаваат:📌И во овој празничен ден нашите дежурни eкипи се ангажирани на повеќе локации за градот да блесне во својот полн сјај📌🏳Украсување на градот со знамиња по повод 8.ми сепетември-Денот на независноста на Рeпублика Македонија📌Генерално расчистен делот во градскиот парк каде се наоѓаат спомен-обележјата на револуционерите📌По санирањето на дефектот со водоводната мрежа на ул.„Питу Гули", темелно се расчисти оваа улица од наталожените наноси од земја, песок и др.📌Генерално чистење на патниот правец до с.Велестово (метење, отстранување на наноси од земја, песок и др. и подигнување на расфрлани отпадоци покрај патот и видиковецот кај с.Велестово)📌Отстранување на реса, алга, трска и друг вид отпад од езерските води покрај кејот.

Охрид | пред 3 години

Sasho-Donev-29.04.2021

Нова седница во Охрид, дваесетина предлог одлуки на дневен ред

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), претседателот на Советот донесува:Р Е Ш Е Н И ЕЗА СВИКУВАЊЕ НА ШЕСНАЕСЕТАТА СЕДНИЦАНА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИДЈА СВИКУВАМ шеснаесетата седница на Советот на општина Охрид на ден 14.09.2022 година (среда ) со почеток во 09:00 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.За седницата го предлагам следниот:Д Н Е В Е Н Р Е ДПредлог Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ„Јасна Ристеска“- Охрид, со помал односно поголем број деца од законски утврдениот број.Предлог Одлука за давање согласност на одлуката за утврдување на работното време на вработените во Јавната општинска установа за деца – детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог Одлука за усвојување на годишниот извештај за работа на јавната општинска установа за деца – детска градинка „Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2021/2022 годинаПредлог Одлука за усвојување на годишната програма за работа на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ – Охрид за учебната 2022/2023 година.Предлог Одлука за разрешување и именување членови во управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог Одлука за разрешување и именување членови во надзорниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.Предлог Одлука за давање согласност на годишен план за вработување на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид за 2023 година.Предлог Одлука за утврдување начин на применување на „План за управување со светско природно и културно наследство на Охридскиот регион со акциски план (2020-2029)“ при донесување и спроведување на генерален урбанистички план, детален урбанистички план, урбанистички план за вон населено место, урбанистички план за село и урбанистички проект вон опфат на урбанистички план при планирање на намена е 1.13-фотоволтаични електрани.Предлог Одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за поместување на границата на градежната парцела ГП 2.5.68 поради неусогласеност на градежната со катастарката парцела, за Кп 16682 и дел од Кп 16679/1 КО Охрид 3 во ДУП за дел од УЗ 2, дел од блок 2.5 – опфат 1, со намена а1 – домување во станбени (а1.2 – семејни куќи со споен ѕид на меѓа – двокуќи).Предлог Одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за промена на границата на две соседни градежни парцели ГП 1 (на делови од Кп 1688/2 и Кп 1688/1) и ГП 2 (делови од Кп 1688/1 и Кп 1687/1) во ДУП за станбена населба „Радојца Новичиќ“ во КО Охрид 4.Предлог Одлука за донесување на план за парцелација од урбанистички проект со план за парцелација за формирање на две градежни парцели на ГП 7.2.31 формирана на дел од Кп. 8207 и дел од Кп. 8204/2 во КО Охрид 1 во ДУП УЗ 7 блок 7.2 – опфат 2 Охрид.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1329/1,1329/2, 1519/1, 1519/2 и 1519/3 КО Рамне.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 117 КО Трпејца.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 134 КО Охрид 4.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 187/5 КО Љубаништа.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 252/5 КО Велестово.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 252/6, 250/1 и 252/2 КО Велестово.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 939 КО Косел.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1296/1 и 1296/2 КО Трпејца.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1306/1 и 1320 КО Велестово.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1326 КО Трпејца.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1384 КО Лескоец.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1401/1 и Кп.бр 1401/2 КО Трпејца.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1535 КО Лескоец.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1659/1 и 1659/2 КО Пештани.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1870 КО Лескоец.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 1987/1 и Кп.бр 1987/2 КО Лескоец.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2059/1 и 2059/3 КО Пештани.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2083 КО Лескоец.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2115/2 КО Пештани.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2477/1 КО Коњско.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2623/1 КО Долно Лакочереј.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2634 КО Долно ЛакочерејПредлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 2874/1 КО Коњско.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 3242 КО Коњско.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 3259 ко КоњскоПредлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко – планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр. 6102/1 КО Охрид 4.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 3317 КО Охрид 4.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 9281/23 КО Охрид 2.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 11227/1 КО Охрид 2.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 13306 КО Охрид 3.Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко-планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр. 14240/1 КО Охрид 3.СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИДПретседателСашо Донев

Охрид | пред 3 години

305803202_504057605067592_7398459784703970457_n

Пецаков: И после 31 години, ние како Македонци, повторно сме пред предизвик, за да го зачуваме нашиот национален и идентитетски корен

Изминаа 31 година, кога сонот на многу генерации Македонци стана реалност, а нашата Татковина, Република Македонија ја прогласи својата независнот, вели градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Во историски контекст краток период за една држава, но доволно долг за да ја потврдивме нашата цврста определба за демократска и просперитна Македонија.За жал и после 31 години, ние како Македонци, повторно сме исправени пред предизвик, кој треба и мора да го совладаме, за да го зачуваме нашиот национален и идентитетски корен.Овој ден, сигурен сум, ќе не обедини сите во вечниот стремеж за подобра Македонија. Уверен сум дека граѓаните на Охрид како непресушен вруток на македонската историја, култура и духовност ќе го дадат својот несебичен придонес за просперитетна иднина на сите граѓани.Да ни е среќен и вековит празникот“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања