„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

охрид

ohrid

Посебен режим на сообраќај на подрачјето на СВР Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од 06 до 08 јуни 2022 година, поради реализација на самит иницијативата „Отворен Балкан“ што се одржува во Охрид, на подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки.Активностите се насочени кон физичко и сообраќајно обезбедување на сообраќајниците и други објекти за што се веќе остварени контакти со службите од локалната самоуправа како и со сите правни субјекти одговорни за одржување на патиштата и улиците во градот, со Фондот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид, со Јавните претпријатија како и со други релевантни субјекти.Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред сѐ по булеварот „Туристичка“, но и по другите патишта и сообраќајници каде не е дозволено запирање или паркирање на моторни возила и каде се врши непречено пропуштање на возилата со приоритет наменети за обезбедуваните личности.Воедно, сообраќајното обезбедување ги опфаќа и останатите магистрални, регионални и локални патишта, како и заштитниот појас на патиштата заедно со улиците во населените места и паркиралиштата.Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.СВР Охрид апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот, имајќи ги предвид безбедносните мерки што се реализираат за време на самитот „Отворен Балкан“, а своите моторни возила да ги користат во исклучителни случаеви или да користат алтернативни превозни средства.

пред 3 години

07062022_OtvorenBalkan_pristignuvanjelideri-4

(ВИДЕО) Во Охрид пристигнаа лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“

Лидерите на земјите од иницијативата „Отворен Балкан“ денеска пристигнаа во Охрид каде што утре ќе се одржи работниот дел од самитот.Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ и претседателот на Владата на Република Црна Гора Дритан Абазовиќ на охридскиот аеродром беа пречекани од министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска.Премиерот на Албанија Еди Рама во доцните попладневни часови ќе биде пречекан од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, додека претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија во Охрид пристигна во текот на вчерашниот ден.Според агендата на самитот „Отворен Балкан“ утре ќе бидат потпишани договори и меморандуми за соработка во туризмот, културата и меѓу даночните управи на земјите од иницијативата, како договорот за соработка за земјите од иницијативата за взаемно признавање на дипломи и научни степени издадени од високообразовни институции и други овластени институции.

Охрид | пред 3 години

elsani-cistenje-metenje-1

Од центар до Лагадин, се чисти во Охрид

Неколку населени места се чистат овој понеделник во Охрид. Покрај градското подрачје, Ј.П. ,,Охридски Комуналец" - Охрид од утрово ги средуваат и Елчани и Лескоец.„Косење и средување на зеленилото во с.Елшани, а има и внредно чистење во с.Лескоец. Истовремено екипи се на булеварот Туристичка, населбата Даљан и Лагадин“, објавија од ЈП.

Охрид | пред 3 години

272338648_1690697091131522_7467375549902334106_n

Охриѓани искршиле автомобил на охридска фирма

На 28.05.2022 во 09.40 часот на улицата „Александар Гушо“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.Т.(58) врз К.Б.(53) и Љ.Н.(64), сите од Охрид.Против напаѓачите, кои оштетиле и патнички автомобил „Опел Виваро“, сопственост на правно лице од Охрид, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 3 години

ohrid-turisticka-42

Две апсења во Охрид, едно среде центар

На 27.05.2022 во 23.10 часот во СВР Охрид приведен е М.Р.(23) од Охрид.Тој претходно, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, кога забележал полициски службеници, исфрлил кутија во која имало две пакувања со бела прашкаста материја и се обидел да избега. Истата е одземена, а по целосно документирање на случајот, против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.На 16.03.2022 година во 12,30 часот, во СВР Охрид приведен е С.М.(60) од охридското село Долно Лакочереј.При преглед извршен на улицата „Петрино“ во Охрид, полициските службеници кај него пронашле и одзеле кеса со опојна дрога Марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Охрид | пред 3 години

pecakov-65262

Пецаков до СДСМ: Видоа охриѓани колку го „сакате“ Охрид, преку хаосот кој го создадовте со плажите

Охридскиот градоначалник Кирил Пецаков и порача на СДСМ да си ја бараат вината кај нив бидејќи плажите во Охрид останаа неуредени. Пецаков посочи: „Оние кои го создадоа хаосот со плажите, оние со кои имаше урбан хаос, беззаконие, самоволие и уништување на Охрид и УНЕСКО, сега тие се дрзнуваат да кажуваат за градот и туристичката сезона“.„Вината да си ја барате во себе, во Министерството за транспорт и врски и во Агенцијата за просторно планирање која и по година и пол не го има изработено Планот за уредување на плажите. Локалната самоуправа не ви е виновна затоа што централната власт сè уште не ја завршила изработката на урбанистичкиот план во заштитеното подрачје на езерото.Ја повикувам Кристина Крлеска-Деспотоска, претседател на ОО СДСМ Охрид, да си одбере медиум и време, да поразговараме пред целата јавност не само за плажите, туку и за начинот на раководењето на Локалната самоуправа додека ја водеше СДСМ и секако за нејзиното работење во ЈП „Градски пазар“.Наместо снимени видеа без новинари и праќани до медиуми нарачани соопштенија од партиските ментори нека се одважат пред охриѓани да ја слушнат вистината од која и самите бегаат. Видоа охриѓани колку го „сакате“ Охрид и казната за тоа несакање ви ја испорачаа со катастрофален пораз на изборите!“, додава Пецаков.

Охрид | пред 3 години

263953705_245365050997953_3220740599356562784_n

Прегазен велосипедист во Охрид, однесен во болница со тешки повреди

На 21.05.2022 година во 10.50 часот на крстосницата од бул. Туристичка со ул. Аџи Мустафа во Охрид патничко моторно возило „фолксфаген артеон“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(42) од Охрид, удрило во велосипедист Х.А.(78) од Охрид.Со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот Х.А. кој е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош. За настанот е известен јавен обвинител а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 3 години

272460415_1404278773336696_2465730208885557802_n

Трговците во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници

Министерството за економија веќе предложи до Собранието измени и дополнувања на Законот за трговија со кои се овозможува работа во недела и празници на сите трговци на мало и на големо во туристичките места, утврдени со Законот за туристичка дејност, кажа Министерот за економија Крешник Бектеши при денешната посета на охридско-струшкиот регион.Бектеши при обиколката на Охридската чаршија каде оствари средба со стопанствениците истакна деке законските измени се веќе во собраниска процедура и во зависност од работата на Собранието очекува најмногу за две недели овие законски измени да бидат изгласани и да стапат на сила со почетокот на туристичката сезона.„Измените на Законот за трговија во делот на „Недела неработен ден“ се во собраниска процедура, со нив им се дава можност на сите трговци во туристичките места да можат да работат и во недела и празници преку целата година. Овие измени дополнително ќе ја поттикнат економската активност во земјата, посебно во туристичките места“ кажа Бектеши и потенцираше дека измените се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, а работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела ќе добијат дневница поголема за 100 проценти, а останатите во дејностите кои се определени согласно Законот за работни односи ќе добијат дневници поголеми за 50%.“Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи во првиот квартал, а и очекувањата за бројот на туристи согласно веќе направени резервации за странски туристи кои ќе ја посетат Северна Македонија оваа летна сезона, посебно Охрид и Струга овие законски измени очекуваме дека ќе придонесат за уште поуспешна сезона. Министерството за економија и Владата ќе продолжат со креирање на мерки за поттикнување на домашниот туризам со цел за зголемување на бројот на домашни и странски туристи во земјата“ кажа Бектеши.Како дел од мерките кои што и оваа година ќе се реализираат за поддршка на домашниот туризам како што истакна министерот е и мерката за ваучери за одмор во домашните туристички капацитети на работници со ниски приходи.“Со Ребалансот на буџетот се предвидени 15 милиони денари за да продолжиме со мерката за ваучери за туризам за работници со ниски приходи, согласно предвидените средства проекциите се дека ќе се обезбедат ваучери за 1.500 до 2.000 семејства“ кажа Бектеши.

Македонија | пред 3 години

280761394_420390856767601_9040086720438447235_n

Од улиците - писти: Пецаков го спрема Охрид за летово, но и за подобар живот на охриѓани

Започнаа активностите за асфалтирање на трите краци од улицата „Даме Груев“. За ова информираше охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.„Претходно овој дел беше партерно уреден и се изведе нова атмосферска канализација. Вкупната должина на асфалтираната и партерно уредена површина изнесува 677 метри. Овој проект се реализира преку соработка со Центарот за развој на југозападниот плански регион. Општина Охрид во реализацијата на целосното уредување на трите краци од улицата „Даме Груев“ учествува со 10.471.036 денари“, вели Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-05-07-at-12.53.19

„Годинава ќе измине со сериозно добри проекти“, охридскиот градоначалник најави решавање на проблемите на жителите

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков пред јавноста и Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, презентираше што е започнато, што сработено, а што ќе се сработи во Охрид. Тој посочи дека посетиле четири локации каде интензивно се работи. Додаде и дека се решаваат проблемите на граѓаните. Според Пецаков, се спроведуваат сериозно добри проекти.„Ќе посетиме неколку локации каде има градежни активности. Првата ја поминавме во селото Лесковец, каде 40 семејства ќе имаат можност да бидат приклучени на фекална канализација. Втората локација е оваа, улицата Момчило Јордановски и тртите краци на Даме Груев заедно со паркингот се проект ко финансиран од Општина Охрид и Бирото за регионален развој. Третата е булеварот Македонски просветители каде веќе започнавме како локална самоуправа третата фаза, а тој дел е финансиран лично до Охрид, со дополнителни средства. Рокот за завршување на тој проект е 1 јуни. А едната локација која ќе ја посетиме е завршена“, кажа Пецаков.Тековно се работи на четири улици во стариот дел од градот.„При крај е економското училиште, енергетско ефикасни фасади, секако реновирање на кров и менување на електрична инсталација. Плоден ден и почеток на неколку и завршување на неколку проекти кои ги започнавме изминатиот период. Тековно ќе имаме уште неколку активности за кои ќе информираме. Годинава ќе измине со сериозно добри проекти за кои што долг период граѓаните имале проблем, а ние го решаваме“, додаде Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-05-07-at-12.54.08

„Охрид почна повторно да се гради“, Мицкоски импресиониран од Пецаков

„Следните предвремени парламентарни избори многу брзо ќе се случат“, кажа Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ откако беше да погледне што се работи во Охрид.„Она што можам да го заклучам по разговорот со Пецаков, Охрид повторно почна да се гради и работите ќе се движат во таа насока. Беше замрено, а сега градежната офанзива е дел од Охрид и ова што се случува во Охрид“Мицкоски им честиташе на Пецаков неговиот тим.„Можеби ќе биде малку посложено за градежна офанзива, бидејќи доаѓаат туристичките месеци во Охрид. Пецаков покажува дека ние сме различни, па се ќе продолжи пред и по туристичката сезона“, додаде Мицкоски.Задоволен е поради тоа што има разлика и од тоа што граѓаните се задоволни.„Можам да кажам дека сегде каде имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, впечатокот е позитивен, многу подобар од оној пред да се случат изборите. Одлично е ова што се работи“, додаде Мицкоски.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-05-03-at-19.55.19

Дефекти на тринаесет улици санираше охридски „Водовод“

Екипите на ЈП ВОДОВОД Охрид, во периодот од 25ти април до 1ви мај, покрај редовните проверки и теренски активности, интервенираа на неколку локации во Охрид и околината, со цел непречено и квалитетно водоснабдување за сите корисници.🛠 Отстранети беа дефекти на следните улици:- "Гоце Делчев"- "Дејан Војвода" (ф 2")- "Коста Абраш" (ф 3/4)- "Никола Карев"- "Петар Поп Арсов" бр.23- "Железничка" (ф 3/4)- "Питу Гули " (ф 2")- "Даме Груев" бр. 78 (ф 3/4)- " Бистрица" (ф 150)- "Дејан Војвода" ( ф 100)- "Македонски Просветители" (ф100)🛠 Приклучен во мрежа е објект - зграда на ул. "Железничка".🛠 Извршена е замена на шибер со профил ф 200 на ул."Дејан Војвода".

Охрид | пред 3 години

271837595_519305872857905_3533568932593628447_n

Кончено: Иницијатива за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III - споменик на природата

На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III - споменик на природата.Како заклучок со оваа Информација Владата донесе Одлука за прифатливост на предлогот и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе јавна расправа по предлогот до 30 јуни 2022 година, врз основа на што ќе се изготви конечен предлог за прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во категорија III-споменик на природата.Оваа иницијатива доаѓа согласно препораките на УНЕСКО за заштита на Охридското Езеро за да се овозможи: заштита, зачувување и одржливо користење на природните вредности, назначување на субјект за управување кој ќе се грижи за заштитеното подрачје и донесување на План за управување согласно одредбите од Законот за заштита на природата.Со прогласувањето ќе се постигне прогрес во однос на имплементација на националната легислатива за заштита на природата, Националната стратегија за заштита на природата со Акционен План (2017-2027), Националната стратегија за биолошка разновидност со Акциски План за период (2018-2023), како и прогрес во имплементација на обврските од ЕУ директивите за живеалишта и птици, обврските од меѓународни конвенции, кои се ратификувани од нашата држава, како што се Конвенцијата за биолошка разновидност, Бернската Конвенција, CITES, Бонската Конвенција, Рамсарската Конвенција и други.

Охрид | пред 3 години

279678932_408147217991965_2859478653616373027_n

ФОТО: Почнале да уништуваат плажа во Охрид, градоначалникот во викенд ги најде и им поднесе кривични

Познатиот охридски нуркач Никола Паскали откри дека со ситен песок се уништува автентичноста на плажата „Сараиште“ во Охрид, а градоначлникот Кирил Пецаков експресно реагираше. Откако се откри дека некој си донел песок на плажата, која всушност како сите други има свој автентичен изглед и е прекриена со камења, Паскали напиша:„Активностите за уништување на се што е автентично околу Охридско Езеро. Значит на толку многу потрошени пари за комисии, правилници, состаноци, консултации и да донесиш ваква песок... Ова е веќе проблем и тоа голем“, напиша нуркачот.Охридскиот градоначалник, Кирил Пецаков, иако викенд, веднаш побара и испрати инспектори кои направиле увид. Тој констатира дека е истурена истурена ситна песок при тоа уништувајќи ја автентичноста на плажата.„Инспекторите изготвија записник за затекнатата состојба и на сторителите кои ја поставиле песокта им поднесе соодветни пријави, додека песокта во краток временски период ќе би биде отстранета. Заштитата на Охридското езеро и неговата автентичност треба да биде обврска на секој поединец, а не само на надлежните институции“, напиша Пецаков.

Актуелно | пред 3 години

278620032_439334514661044_2935866166371195354_n

(ФОТО) Плаошник исчистен и подготвен за празнување на Велигден

По повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден, ЈП Охридски Комуналец во соработка со Дебарско-кичевската епархија, хортикултурно го разубавија манастирот Св.Климент и Пантелејмон - Плаошник.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања