ОХРИД

mkd-335175

Пецаков е револтиран! За него, одлуката за маратонот е срамна

Охридски пливачки маратон оваа година нема да се одржи, објави претседателот на Националната пливачка федерација, Горан Стојановски, на денешната средба со претседателот Стево Пендаровски.Стојановски кажа дека маратонот не може да се одржи поради блокираната сметка на федерацијата, што, како што додаде, се должи на лошото финансиско работење на претходното раководство. Оваа манифестација традиционално се одржуваше под покровителство на претседателот на државата.На социјалните мрежи се огласи и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков кој вели дека одлуката е срамна, и доаѓа во година кога се слави 60 години од првиот вистински маратон.„Драги мои охриѓани, но и почитувана македонска и светска јавност,Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија.Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки.Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон.Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање.Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер.Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија“, вели Пецаков.

Македонија | пред 3 години

FB_IMG_1660553065686

Еко-совеста кај граѓаните на најниско ниво, екипите на Ј.П. Охридски Комуналец со полни раце работа

Дежурните екипи на Ј.П.„Охридски Комуналец” задолжени за одржување на јавната хигиена, изминатиов викенд со полни раце работа."За жал, еко-совеста кај граѓаните на најниско ниво!Несоодветно депониран и расфрлан секаков вид кабаст и зелен отпад насекаде во градот. Сликите недолични за еден туристички центар. Екипите се сеуште на терен за да се надмине ситуацијата која ја затекнавме.Се подигаше кабаст и зелен отпад и градежен шут по улици Даме Груев, Јане Сандански, Питу Гули, 7-ми Ноември, Егејска, Пере Тошев, Сирма Војвода, населба Даљан, Булевар Туристичка, Јордан Мијалков, АСНОМ, Галичица, Никола Карев, Марко Несторoски и други локации.Секојдневно се интервенира и на градскиот кеј (потег градско пристаниште до Холандски парк) каде се подига разновиден тешко разградлив отпад, реса и муљ", стои во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-15-at-09.09.21

Потпорни ѕидови се градат во Охрид

Нови поторни ѕидови се градат во Кошишта и Месокастро во Охрид. За зафатот објави Кирил Пецаков - градоначалник на Општина Охрид.„Зафатот има за цел статичка стабилизација на земјиштето, како и подобрена безбедност на домовите на околните индивидуални станбени објекти. Изведувач на активностите е фирмата „Бокоп“ , а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид“, напиша тој.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-08-12-at-21.38.57

(ВИДЕО) Им пркоси на вандалите, виртуелниот Прличев повторно се разбуди!

„Виртуелниот Прличев повторно се разбуди! Неизмерна благодарност на сите за искрената поддршка. Ова дело е подеднакво ваше, бидејќи покажавте дека сите сме Прличев! Благодарност и до оние кои се понудија за донации, но материјалните оштетувања беа минорни и истите се веќе санирани. Сепак, незанемарлива е смелоста да се посегне по македонското културното наследство, симболите на градот и државата, без разлика дали се во материјална или дигитална форма“, напиша проф.д-р Анис Сефиданис.„Григор Прличев непрестано бил мета и на своите современици, блиските околу него дури го наклеветиле за невин да лежи во затвор, но тој секогаш одговарал со неговата поезија, која ќе остане недосежна за оние кои не си го љубат градот и таткојната…“…Секогаш, секогаш, Охрид ќе го наткрилуваат несреќи?Во него секогаш ли ќе се случуваат потреси и безредија?И секогаш ли во него ќе царува злото?Секогаш ли ќе триумфира интригата и злосреќата?Страдања, расцепи големи, расправии, групации?И големи ползења и штетни ласкавости?Ниски демагози, Садукејски банди?Лудости и безумности!На кој граѓанин срцето ќе остане незаинтересирано,И на илјада парченца нема да се расцепи од жалост?Јас сум сепак онај беден пријател на вистината.И потоа непријател бескомпромисен на измамата и лошотијата...Се пресметувам со се во светот и со глупостите,А состојбата на бедниот Охрид ја оплакувам...”Од необјавената поема на Григор Прличев, “Охридски џган”“, цитира проф.д-р Анис Сефиданис.

Охрид | пред 3 години

298777316_479490137517858_6638014015795964042_n

За помалку од два дена откако е поставен, уништен дигиталниот споменик на Прличев: Исечени кабли, отстрането знаме и натписи

Проф. д-р Анис Сефиданис кој работеше на креацијата на виртуелниот Прличев, кој е првиот дигитален споменик во Охрид, соопшти дека тој бил вандализиран. Сефиданис посочува дека пресечен е доводот на струја, ги искорнале натписите, ја онеспособиле работата.„Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите.Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство. Споменикот е времено надвор од функција, но активно работиме заедно со Општина Охрид на негово рестартирање како и со безбедносните служби за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот“, напиша Сефиданис.

Охрид | пред 3 години

ohridsko-ezero-ohrid-dron

Еврејската заедница против бугарското здружение „Цар Борис“ во Охрид

Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од регистрaцијата на Здружението Цар Борис III во Охрид.„Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани… или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи?!“, реагира заедницата.Од таму велат дека се работи за еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите и бараат од државата да не дозволи регистрирање на субјекти со имиња поврзани со фашизмот.„Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер?Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Северна Македонија.Кои се тие лојални граѓани на Северна Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични „културни здруженија”?“, гласи реакцијата.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-08-10-at-09.31.37

Охрид го „воскресна“ Григор Прличев, Пецаков: Дигиталниот споменик ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност

Синоќа Општина Охрид и Кирил Пецаков го промовираа дигиталниот паметен споменик кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на Охрид.„Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер.Иновативниот систем е изработен од страна на компанијата Сефиданис, која неодамна потпиша меморандум за стратешка соработка со Општина Охрид. Решението, покрај останатото, вклучува и технологија за препознавање на говор на македонскиот јазик, како и високо реалистичен приказ на живописен аватар кој го претставува Прличев, синхронизиран со говор кој ги отелотворува стиховите и емоциите на поетот.За виртуелниот модел на ликот беа користени оригинални фотографии, автентични скулптури со примена на напредни методи на машинска интелигенција за дигитална фотограметрија. Дигиталниот споменик ќе биде достапен за комуникација во текот на целиот ден и ноќта, лето и зима на плоштадот на уметноста Долна Порта.Дигиталното културно наследство претставува посебна научна дисциплина која се наоѓа на пресекот помеѓу компјутерските технологии и хуманистичките науки. Охрид, како град на УНЕСКО, има потреба од новите технологии кои овозможуваат дигитализација и трајна конзервација на културното наследство, во физичкиот и во метаверзумот. Ваквите иновации ја поттикнуваат промоцијата на градот и државата, со тоа што ќе понудат туристичко искуство кое не може да се најде на друго место“, вели Пецаков.

Охрид | пред 3 години

pozarna-suma-pozar

Пожар во околината на Охрид, екипи од сите општински јавни претпријатија на терен

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на социјалните мрежи објави дека од утринава теренот Вапила – Расино – Сирула е зафатен од пожар.„Од рано утринава на теренот Вапила – Расино – Сирула, кој е зафатен од пожар, на припомош се и екипи од сите општински јавни претпријатија. Дополнително на располагање е доставена и цистерната за вода од ЈП „Охридски комуналец“.На терен моментално се екипи од Територијалната противпожарна единица – Охрид со околу 10 пожарникари и две возила, членови на Добороволното противпожарно друштво „Ентузијаст“, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и ЈП „Национални шуми“.Согласно последните информации од терен во моментов пожарот према Расино е локализиран“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Снимки од две кражби во Охрид: Лопов ограби каса и украл новчаници

Охридски бутици изминативе денови се ограбени. Од еден, одземени се новчаници, а во друг, ограбена е касата. Постои сомнеж дека двете кражби ги извршило исто лице. Засега полицијата го нема пронајдено ниту уапсено. Снимките се објавени на социјалните мрежи и се бара помош - секој што ќе го препознае одма да јави на наджелните служби.На втората снимка се гледа како одзема предмети од ранец оставен во локалот.

Охрид | пред 3 години

pestani

Охридските комуналци не запираат, бараат од жителите и туристите на Пештани да не паркираат на улицата за може да се собира отпадот

Ј.П. ,,Охридски Комуналец" - Охрид испрати известување до жителите на Пештани, но и до сите туристи кои во овој период од годината, летуваат во туристичкиот центар.„Со цел навремено собирање, транспортирање и депонирање на комунален отпад се известуваат и замолуваат жителите на Пештани да не ги паркираат несоодветно возилата на улиците со што оневозможуваат возилата за собирање отпад благовремено го подигнат комуналниот отпад. Со тоа ќе се избегне лошата слика во однос на хигиената во Пештани“, велат од Ј.П. ,,Охридски Комуналец" - Охрид.Инаку, охридските комуналци изминативе месеци постојано се на терен. Дел од контејнерите се празнат и по неколку пати во денот. Се преземаат активности за градот да не биде затрупан во ѓубре.

Охрид | пред 3 години

IMG_4868

Охрид: Натепан малолетник, пожар во касарната, велосипедист заврши во болница

На 06.08.2022 година во 01.20 часот во Извиднички Центар во Охрид, А.А.(40) од Куманово го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет нападнал малолетник од Скопје. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 05.08.2022 година во 19.45 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар во една од собите на управната зграда на поранешна касарна „Михајло Апостолски“ во Охрид. Пожарот, во кој нема повредени лица, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица од Охрид.На 06.08.2022 година во 02.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека на 05.08.2022 година, М.У.од Охрид, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.На 05.08.2022 година во 17.00 часот во СВР Охрид пријавено е дека близина на хотел на брегот на Охридското езеро, М.Ј( 56) од Куманово, која управувала велосипед, била удрена од друг велосипед, кој го напуштил местото, при што паднала. Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Охрид | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) Украден мостот од плажата „Оревче“, која сега отсечена од Градиште, додека на „Џангл“ има забава до бесвест

Охридската плажа Оревче остана без мост која ја поврзува со трите плажи на Градиште. За тоа време, третата плажа Градиште која сега се вика „Џангл“ е преполна со посетители. Ова е вторпат „Оревче“ да биде отсечена од останатите плажи.„Некој во текот на ноќта ни го пресекол и украл мостот што води кон Оревче од соседните плажи. Полицијата врши увид, а за кражбата е известено и Јавното обвинителство. Ова е втор пат летово како ни го крадат мостот во намера да го спречат протокот на нашите гости, но вас не може никој и ништо да ве спречи во намерата да бидете наши гости“, велат од плажата „Оревче“.А ден претходно, на „Џангл“ имало журка без престан.

Охрид | пред 3 години

pecakov-4

Од канализации, до реконструкции и големи зафати; Усвоен ребалансот во Охрид, Пецаков ги објави плановите

Со Предлог-одлуката за изменување и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа на општина Охрид за 2022 година која беше усвоена од страна на советниците на 14-та седница на Советот на Општина Охрид, се врши внатрешна прераспределба на средствата по годишните програми за работа, со цел да се обезбеди подобра функционалност на самиот буџет и обезбедување на подобри услови за реализирање на приоритетните проекти за граѓаните.👉За уредување на градежно земјиште обезбедени се средства за набавка на градежна механизација и за изработка на проектна и техничка документација.➡8.000.000 денари за реконструкција на ул. ,,Ѓорче Петров”;➡2.800.000 денари за реконструкција и санација на улици во населба „Радојца Новичиќ“.➡2.000.000 денари за реконструкција на дел од ул. ,,7 Ноември”;➡10.000.000 денари за набавка и поставување заштитна опрема на ул. ,,Македонски Просветители”.➡750.000 денари за изградба на тоалети;➡9.000.000 денари за изградба на детски игралишта.👉Во делот за Изградба и реконструкција на локални патишта и улици обезбедени се 6.000.000 денари за реконструкција и асфалтирање на улици во рурални населени места.👉За одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за набавка и монтажа на заштитни огради на локални патишта и мостови, обезбедени се 1.000.000 денари за набавка и монтажа на заштитни огради на локални патишта и мостови.👉За изградба на сообраќајна сигнализација обезбедени се 1.000.000 денари за уредување велосипедски патеки и 800.000 денари за набавка и поставување заштитна сообраќајна опрема.👉За изградба на системи за водоснабдување обезбедени се:➡1.000.000 денари за изградба на улични водоводни линии во село Лескоец;➡2.000.000 денари за набавка и поставување на пумпна станица во Шипокно;➡1.000.000 денари партиципација на општина Охрид при изградба на водоводна мрежа на ул.,,Гоце Делчев”;👉Средства за реконструкција на постојна хидрантска мрежа во Стар Град.➡За изградба на системи за одведување и пречистување на отпадна вода2.000.000 денари партиципација на Општина Охрид при изградба на фекална и атмосферска канализација на дел од ул. ,,Гоце Делчев”;➡4.500.000 денари за изградба на фекална и атмосферска канализација на дел од улиците ,,Будва” и ,,Прилепска“;➡1.600.000 денари за изработка на проектна документација за фекална канализациона мрежа и пречистителна станица во Трпејца;👉За подобрување на условите во Основно образование:➡Се обезбедуваат дополнителни 500.000 денари за ангажирање кадар за организирање продолжен престој и ангажирање наставници по италијански јазик како факултативна настава во основните училишта ,,Св. Климент Охридски” и ,,Христо Узунов”;➡Се обезбедуваат средства за проектот „Нашите првачиња” со кој се предвидуваат по 3.000 денари еднократен надомест, за што се предвидени вкупно 1.550.000 денари;За изработка на ДУП со цел изградба на ново училиште ,,Григор Прличев” и надградба на детската градинка предвидена е сума од 250.000 денари;➡За комплетно исплаќање на долговите на ООУ ,,Григор Прличев” обезбедни се дополнителни 2.065.000 денари.👉За подобрување на условите во Средното образование:➡За ОСУ „Св. Климент Охридски” предвидени се дополнителни 2 милиони денари за партерно и хортикултурно уредување на дворно место и ограда, 2.000.000 денари за набавка на клупи и врати и 2.500.000 денари за тековно оддржување на училишни објекти.➡СОСУ „Св. Кирил и Методиј” обезбедни се дополнителни 5,5 милиони денари за инсталација на нов систем за греење, 17 милиони денари за реконструкција, партерно уредување и електрика и 500.000 денари за набавка на смарт табли.➡ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” обезбедни се 600.000 денари за набавка на компјутери и 2.900.000 денари за набавка на клупи.За сите три средни училишта обезбедени се нови 1.000.000 денари за изработка на проекти, а обезбедени се дополнитлени средства за купување училишна опрема мебел и книги за библиотеките.👉За обезбедување на подобри услови за детска заштита издвоени се дополнителни средства за промена на дограма во холовите и административниот дел во објектот на детската градинка ,,Лихнида”.➡За обезбедување на подобри услови во делот на здравствената и социјална заштита обезбедeни се средства за проектот „Образовен додаток” кој ќе овозможи еднократна помош од 6000 денари за студенти од Охрид кои потекнуваат од семејства со социјален ризик, многудетни или еднородителски семејства.👉Во програмата за култура и културни манифестации се обезбедуваат 1.200.000 денари за Фестивал на вино и музика кој ќе се одржи во месец септември.👉Во програмата за спорт и рекреација обезбедини се 4.690.000 денари за поддршка на спортските клубови, здруженија и школи и 92.000 денари за поддршка за спортисти индивидуалци и клубовите за подводни дејности.

Охрид | пред 3 години

297273281_476624374477582_1100234278402952257_n

Илинден во Охрид, Пецаков се поклони пред спомениците на хероите

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена и со пригодна празнична програма, го одбележавме 2. Август – Денот на Републиката, објави Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.Тој додава:Заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, и советничката Живка Ангелоска, се поклонавме пред спомен облежјата на Илинденците во Градскиот парк.Делегација на Општина Охрид положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинска делегација положи свежо цвеќе и на споменикот во село Плаќе, каде што се одржа историски час и културно-уметничка програма посветена на празникот.

Охрид | пред 3 години

296268678_474391848034168_3991550570247439334_n

ФОТО: Охрид го направиле депонија, „Охридски Комуналец“ од зори го чисти

Екипи на Јавното претпријатие "Охридски Комуналец" од рано утрово на терен ги расчистуваат големите количини смет кој беше направен во доцните часови.„Апелираме за подостоинствено однесување во користењето на јавните површини“, вели Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.Поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно Програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања