Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ОХРИД

Нема фотографија

(ВИДЕО) Украден мостот од плажата „Оревче“, која сега отсечена од Градиште, додека на „Џангл“ има забава до бесвест

Охридската плажа Оревче остана без мост која ја поврзува со трите плажи на Градиште. За тоа време, третата плажа Градиште која сега се вика „Џангл“ е преполна со посетители. Ова е вторпат „Оревче“ да биде отсечена од останатите плажи.„Некој во текот на ноќта ни го пресекол и украл мостот што води кон Оревче од соседните плажи. Полицијата врши увид, а за кражбата е известено и Јавното обвинителство. Ова е втор пат летово како ни го крадат мостот во намера да го спречат протокот на нашите гости, но вас не може никој и ништо да ве спречи во намерата да бидете наши гости“, велат од плажата „Оревче“.А ден претходно, на „Џангл“ имало журка без престан.

Охрид | пред 3 години

pecakov-4

Од канализации, до реконструкции и големи зафати; Усвоен ребалансот во Охрид, Пецаков ги објави плановите

Со Предлог-одлуката за изменување и дополнување на буџетот на единицата на локална самоуправа на општина Охрид за 2022 година која беше усвоена од страна на советниците на 14-та седница на Советот на Општина Охрид, се врши внатрешна прераспределба на средствата по годишните програми за работа, со цел да се обезбеди подобра функционалност на самиот буџет и обезбедување на подобри услови за реализирање на приоритетните проекти за граѓаните.👉За уредување на градежно земјиште обезбедени се средства за набавка на градежна механизација и за изработка на проектна и техничка документација.➡8.000.000 денари за реконструкција на ул. ,,Ѓорче Петров”;➡2.800.000 денари за реконструкција и санација на улици во населба „Радојца Новичиќ“.➡2.000.000 денари за реконструкција на дел од ул. ,,7 Ноември”;➡10.000.000 денари за набавка и поставување заштитна опрема на ул. ,,Македонски Просветители”.➡750.000 денари за изградба на тоалети;➡9.000.000 денари за изградба на детски игралишта.👉Во делот за Изградба и реконструкција на локални патишта и улици обезбедени се 6.000.000 денари за реконструкција и асфалтирање на улици во рурални населени места.👉За одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај за набавка и монтажа на заштитни огради на локални патишта и мостови, обезбедени се 1.000.000 денари за набавка и монтажа на заштитни огради на локални патишта и мостови.👉За изградба на сообраќајна сигнализација обезбедени се 1.000.000 денари за уредување велосипедски патеки и 800.000 денари за набавка и поставување заштитна сообраќајна опрема.👉За изградба на системи за водоснабдување обезбедени се:➡1.000.000 денари за изградба на улични водоводни линии во село Лескоец;➡2.000.000 денари за набавка и поставување на пумпна станица во Шипокно;➡1.000.000 денари партиципација на општина Охрид при изградба на водоводна мрежа на ул.,,Гоце Делчев”;👉Средства за реконструкција на постојна хидрантска мрежа во Стар Град.➡За изградба на системи за одведување и пречистување на отпадна вода2.000.000 денари партиципација на Општина Охрид при изградба на фекална и атмосферска канализација на дел од ул. ,,Гоце Делчев”;➡4.500.000 денари за изградба на фекална и атмосферска канализација на дел од улиците ,,Будва” и ,,Прилепска“;➡1.600.000 денари за изработка на проектна документација за фекална канализациона мрежа и пречистителна станица во Трпејца;👉За подобрување на условите во Основно образование:➡Се обезбедуваат дополнителни 500.000 денари за ангажирање кадар за организирање продолжен престој и ангажирање наставници по италијански јазик како факултативна настава во основните училишта ,,Св. Климент Охридски” и ,,Христо Узунов”;➡Се обезбедуваат средства за проектот „Нашите првачиња” со кој се предвидуваат по 3.000 денари еднократен надомест, за што се предвидени вкупно 1.550.000 денари;За изработка на ДУП со цел изградба на ново училиште ,,Григор Прличев” и надградба на детската градинка предвидена е сума од 250.000 денари;➡За комплетно исплаќање на долговите на ООУ ,,Григор Прличев” обезбедни се дополнителни 2.065.000 денари.👉За подобрување на условите во Средното образование:➡За ОСУ „Св. Климент Охридски” предвидени се дополнителни 2 милиони денари за партерно и хортикултурно уредување на дворно место и ограда, 2.000.000 денари за набавка на клупи и врати и 2.500.000 денари за тековно оддржување на училишни објекти.➡СОСУ „Св. Кирил и Методиј” обезбедни се дополнителни 5,5 милиони денари за инсталација на нов систем за греење, 17 милиони денари за реконструкција, партерно уредување и електрика и 500.000 денари за набавка на смарт табли.➡ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” обезбедни се 600.000 денари за набавка на компјутери и 2.900.000 денари за набавка на клупи.За сите три средни училишта обезбедени се нови 1.000.000 денари за изработка на проекти, а обезбедени се дополнитлени средства за купување училишна опрема мебел и книги за библиотеките.👉За обезбедување на подобри услови за детска заштита издвоени се дополнителни средства за промена на дограма во холовите и административниот дел во објектот на детската градинка ,,Лихнида”.➡За обезбедување на подобри услови во делот на здравствената и социјална заштита обезбедeни се средства за проектот „Образовен додаток” кој ќе овозможи еднократна помош од 6000 денари за студенти од Охрид кои потекнуваат од семејства со социјален ризик, многудетни или еднородителски семејства.👉Во програмата за култура и културни манифестации се обезбедуваат 1.200.000 денари за Фестивал на вино и музика кој ќе се одржи во месец септември.👉Во програмата за спорт и рекреација обезбедини се 4.690.000 денари за поддршка на спортските клубови, здруженија и школи и 92.000 денари за поддршка за спортисти индивидуалци и клубовите за подводни дејности.

Охрид | пред 3 години

297273281_476624374477582_1100234278402952257_n

Илинден во Охрид, Пецаков се поклони пред спомениците на хероите

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјата на хероите од двата Илиндена и со пригодна празнична програма, го одбележавме 2. Август – Денот на Републиката, објави Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.Тој додава:Заедно со претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев, и советничката Живка Ангелоска, се поклонавме пред спомен облежјата на Илинденците во Градскиот парк.Делегација на Општина Охрид положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците кај Прентов мост. Исто така, општинска делегација положи свежо цвеќе и на споменикот во село Плаќе, каде што се одржа историски час и културно-уметничка програма посветена на празникот.

Охрид | пред 3 години

296268678_474391848034168_3991550570247439334_n

ФОТО: Охрид го направиле депонија, „Охридски Комуналец“ од зори го чисти

Екипи на Јавното претпријатие "Охридски Комуналец" од рано утрово на терен ги расчистуваат големите количини смет кој беше направен во доцните часови.„Апелираме за подостоинствено однесување во користењето на јавните површини“, вели Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.Поради зголемениот број на туристи и гости кои го посетуваат охридското крајбрежје ЈП „Охридски комуналец“ ги интензивира активностите за одржување на јавната чистота. Ангажирани се две цистерни за миење на улици, а како дополнување на тековните активности ангажирана е и метачка.Со големата цистерна се врши миење на јавните површини согласно Програмата за работа, на локациите каде има поголема фрекфенција на луѓе и автомобили и на местата каде се одржуваат манифестации. Со малата цистерна се врши миење на површините каде пристапот е ограничен, односно потесни улици. Интензивно се врши и машинско метење на јавните површини, тротоари и коловози, со цел за одржување на јавната чистота на повисоко ниво.

Охрид | пред 3 години

proba.00_39_21_00.Still003

(ВИДЕО) Невреме во Охрид откорна кровови, ќерамидите завршија на улица

Силно невреме денес го зафати Охрид.Поради слниот ветер летна кров на куќа. На едно од објавените видеа можат да се заблежат куп ќерамиди среде улица.За сега нема информации дали има повредени лица во несреќата.

Актуелно | пред 3 години

10-1

(ВИДЕО) Охрид има нова атракција на плажа во Трпејца

Охрид деновиве е преполн. Туристи има од цела Македонија но и од светот.Плажите се полни, особено оние кои од лани се слободни и каден е се наплаќа влез и лежалка.Во Трпејца има и повеќе од обично посетители. На дивите плажи кои се едни од најубавите и непознати за повеќето, покрај езерото имаше и кравиТие за кратко станаа атракција за присутните на плажата, кои се сликаа со нив.

Македонија | пред 3 години

294840802_467402288733124_5664961317215293085_n

(ФОТО) Во Охрид има паркинг места, за кои кога се плаќа користење, се донира во хуманитарни цели

„Денешниот ден го збогатуваме со уште една убава вест“, посочи охридскиот градоначалник Кирил Пецаков. Од денес на Кеј Македонија започнуваат да функционираат хуманитарните паркинзи.„Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно.За почеток се предвидени две паркинг места, а во иднина нашата цел е проширување на повеќе локации низ градот.Охрид е правата општина во Македонија која воведува хуманитарни паркинг места“, додава Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Screenshot-2022-07-15-at-08.17.15

Во Охрид граделе зграда и оштетиле водоводна линија, па пола центар на градот е без вода

При вршење на ископ за изградба на станбен објект од страна на градежна компанија на улицата "Асном", настанат е дефект на главната водоводна линија, односно оштетена е цевка со голем профил ф 350 мм.„Поради комплексноста на целата операција односно непристапен терен за работа, прекинот во водоснабдувањето може да потрае повеќе часа, а за целосната санација и враќањето во првобитна положба ќе бидат потребни и неколку дена.Се известуваат корисниците од улиците: "Асном" , "Никола Карев", "Галичица", "Мирче Ацев", "Карпош Војвода", "Ванчо Питошески" и дел од Бул.Туристичка дека прекини во водоснабдувањето ќе има и во наредните неколку дена, до целосно завршување со санацијата“, напишаа од ЈП Водовод-Охрид.

Актуелно | пред 3 години

kucinja-kuce

Бездомни кучиња се испуштаат во Охрид, локалната власт објави какви мерки превзема

Повторно проблем со бездомни кучиња во Охрид. Јавното претпријатие Охридски Комуналец се обидува да го реши. Според инвормациите, се превземаат активности за хумано заловување. Кучињата се донесени од други места и оставени во центарот на градот.Целото соопштение:

Охрид | пред 3 години

38230711_2173916715969677_4848593373637902336_n

Објавено кој ќе настапува на Ohrid calling

Авалон продукција ја објави програмата за овогодинешниот Охрид колинг кој ќе се одржии од 29 јули до 01 август.„ТIMMY TRUMPET, LOST FREQUENCIES, W&W, И VINI VICI- HEADLINE-РИ НА СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ ЕЛЕКТРОНСКИ ФЕСТИВАЛ OHRID CALLING, ИЗДАНИЕ 2022!29 ,30, 31 ЈУЛИ И 01 АВГУСТ, КАСАРНА ОХРИДНа верното племе кое цела година ја планира според Оhrid Calling, како и случајните посетители кои веќе одамна не се случајни, со огромно задоволство му најавуваме дека оваа година фестивалот се враќа на стариот pre - corona сјај со својот line up!Како хедлајнери ги имаме:Во моментов апсолутно најатрактивната DJ ѕвезда ТIMMY TRUMPET со својата балканска премиера, омилениот LOST FREQUENCIES кој и самиот не знае колку хитови има… Big Room пионерите W&W и милениците на македонската публика VINI VICI!Со нив, исто така премиерно на балканот, Blasterjaxx и Will Sparks, како и детето на Оhrid Calling, GALOSKI кој оди напред во својата кариера со светлечка брзина!Тука се и нашето братско дуо CYRILLIC, Howard Hill, Divolly Markward, Chico Rose, Nicholas Adams, RASTIK, Lady Lee, Delovski, Christian Karan, Kemaro, Erick Kassel, Jana Slayy, Yaksa и DJS FROM MARS!Влезниците се во продажба од понеделник (20ти јуни) на нашата продажна мрежа низ Македонија како и онлајн на avalon.mk“, стои во објавата.

Магазин | пред 3 години

275254065_389170589701481_2507496493400034609_n

Страшна сообраќајка, загина едно лице

На 15.06.2022 околу 02.30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебарца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун.Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Македонија | пред 3 години

26

(ВИДЕО) По силното невреме Охрид стана Венеција

Охридската чаршија по секое поголемо невреме се претвора во водопад. Така и денеска, вода се сливаше од сите страни. Јавните претпријатија брзо реагираа и се обидуваа да се справат со големиот наплив на вода, а по невремето ја исчистија и чаршијата.Денеска во Охрид, невремето поплави и низа улици. Прокисна и градскиот пазар, кој е новоизграден и пуштен во употреба пред повеќе од година.На терен се излезени сите служби.

Македонија | пред 3 години

Dodik

Османи не го поканил Додик во Охрид

Српскиот политички лидер од БИХ, Милорад Додик, не доби согласност на неговото барање да присуствува на Форумот за дијалог - Преспа Форуморганизиран од Министерството за надворешни работи во Охрид од 16 до 18 јуни.Босна и Херцеговина најави присуство на Шефик Џаферовиќ, претседател на Претседателството и министерката за надворешни работи Бисера Турковиќ.На Форумот за дијалог во Преспа ќе присуствуваат високи европски и светски претставници, како што се Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет, Борут Пахор, претседателот на Словенија, Мирослав Лајчак (ЕУ), Стјуарт Пич (Велика Британија), Мануел Саразин (Германија) и Габриел Ескобар (Соединетите Американски Држави).Официјални лица го инфоирмирале политичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додик дека не е добредојден на форумот во Преспа.„Стигна порака од главниот град на Северна Македонија: Извинете, не сте добредојдени“, пишува politicki.ba.

Македонија | пред 3 години

pat

Изминаа 3000 денови како „се гради" автопатот од Кичево кон Охрид, министерот за транспорт и врски никаде го нема, вели Ивановски

Верувале или НЕ, изминаа над 3000 денови како „се гради" автопатот од Кичево кон Охрид, вели Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.„57 км долгиот автопат кога ќе го поделиме со 3000 денови би значело дека онаа машинерија од 600 машини (за која што лажат дека е на терен, нема ни 60) до сега да градела само по 19 метра на ден, автопатот ќе беше готов.А тие заглавени на некои си 65% од вкупната реализација откако во 2017та наследила 50% прогрес.Единствено цената на чинење ја зголемија за 200 мил евра, и си потпишаа анекси за продолжување на рокот на завршување на автопатот кој пред тоа сами си го зададоа и пробија.Со министерот за транспорт и врски никако да се видиме пред камера, и го разбирам, после ваков неуспех не би сакал да се соочи со фактите.Премногу е“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

287060344_437211691752184_5475157636454977578_n

Охрид ќе го врати сјајот на градскиот базен

Започнуваме со реконструкција на Градскиот базен „Атина Бојаџи“, објави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.„Согласно проектот се изврши расчистување и уредување на целиот простор на Градскиот базен. Со проектот предвидено е да се изврши подготовка, односно пескарење на површините пред нанесување на заштитна обвивка. Понатака следува премачквање со специјализирана боја за оваа намена во два слоја. Трибините кај големиот базен кои се уништени ќе бидат санирани и оспособени за користење. Просторот околу малиот и големиот базен дополнително ќе биде хортикултурно уреден, а ќе бидат поставени и клупи и чадори. И во наредниот период продолжуваме со инвестиции во спортската инфраструктура во СРЦ „Билјанини извори““, напиша Пецаков.

Охрид | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања