„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

палестина

gaza1

Палестински деца од Газа ќе бидат пренесена на лекување во Велика Британија

Во наредните недели, помеѓу 30 и 50 тешко болни и повредени палестински деца ќе бидат евакуирани од Газа и префрлени во Велика Британија на медицински третман, јави Би-Би-Си. Ова ќе биде првата група која ќе пристигне во рамки на владината програма за евакуација.Операцијата се реализира во координација на британските министерства за надворешни работи, за внатрешни работи и за здравство. Светската здравствена организација (СЗО) ќе биде одговорна за изборот на децата, кои ќе патуваат заедно со членови на своите семејства преку трета земја, каде што ќе им бидат земени биометриски податоци.Одлуката доаѓа по писмо испратено минатата недела од 96 пратеници од различни политички партии, со кое владата беше повикана итно да ги евакуира болните и повредени деца од Газа. Во писмото се нагласува дека децата се во животна опасност поради колапсот на здравствениот систем и дека сите административни пречки треба веднаш да се отстранат.Иако поединечни случаи на евакуација веќе беа спроведени преку иницијативата „Project Pure Hope“, досега британската влада немаше спроведено сопствена операција во текот на конфликтот. Во август властите најавија забрзување на плановите за прифаќање деца од Газа на лекување.Сè уште не е соопштено преку која трета земја ќе помине групата, колку деца точно ќе бидат опфатени и дали ќе следуваат дополнителни евакуации. Се претпоставува дека дел од нив би можеле да останат во Британија и по завршување на терапијата да поднесат барање за азил, со оглед дека враќањето во Газа е неизвесно.Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека од почетокот на војната во октомври 2023 година повеќе од 50.000 деца се убиени или повредени. Велика Британија досега обезбедуваше средства за лекување на повредени палестинци во болници во регионот и соработуваше со Јордан за доставување на воздушна хуманитарна помош.Децата кои ќе пристигнат во рамки на оваа владина програма ќе бидат згрижени и лекувани во болниците на Националната здравствена служба (НХС). Од Министерството за внатрешни работи информираа дека биометриските проверки ќе бидат направени пред патувањето на децата и нивните старатели.Палестинци со сериозни здравствени состојби веќе се евакуирани и во други држави – само во Италија досега биле примени повеќе од 180 возрасни и деца.Обединетите нации предупредуваат на масовна неухранетост во Газа, а експерти минатиот месец оценија дека се реализира „најлошото сценарио“ со глад. Израел, пак, тврди дека нема ограничувања за доставата на помош и ја обвинува ОН и другите организации за неуспешна дистрибуција.Според Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас, повеќе од 60.000 лица се убиени од почетокот на израелската офанзива. Израелската воена акција беше одговор на нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година, во кој загинаа околу 1.200 луѓе, а 251 лице беше киднапирано.

Свет | пред 4 месеци

MixCollage-01-Aug-2025-09-12-AM-4982

Словенија со ембарго за оружје за Израел и повик до светот: Признајте ја Палестина!

Словенија го прекинува секој вид трговија со оружје со Израел – воведе забрана за извоз, увоз и транзит на оружје, станувајќи првата земја во Европската Унија што презела ваков чекор. Одлуката беше донесена на владина седница, а ја соопшти премиерот Роберт Голоб, истакнувајќи дека станува збор за принципиелен став во насока на мир и почитување на меѓународното хуманитарно право.Овој потег следи по претходната одлука на словенечките власти да прогласат двајца министри од израелската влада за непожелни лица (persona non grata). Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерката за финансии Безалел Смотрич, чие делување, според Словенија, придонело за создавање на „неподнослива состојба“ во Појасот Газа.Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на Генералното собрание на Обединетите нации ги повика сите земји-членки да ја признаат државата Палестина, оценувајќи дека единствениот одржлив пат кон мир на Блискиот Исток е решението со две држави. Таа додаде дека „начинот на кој бараме мир денес ќе ја одреди историјата и иднината на генерациите што доаѓаат“.„Историјата не се пишува со големи зборови, туку со дела. А Словенија одлучи да дејствува – ја призна државата Палестина“, рече Фајон, најавувајќи и потпишување на меморандум за соработка со палестинските власти.Словенечката министерка посочи и дека врз некои држави се врши притисок да не ја поддржат Палестина, споменувајќи дека има слободни места во Генералното собрание на ОН, меѓу кои и држави-соседи на Словенија. Таа изрази несогласување со ставовите што го попречуваат прекинот на огнот во Газа и постигнувањето на траен и праведен мир.Словенија ја призна независноста на Палестина во јуни оваа година, по што и Холандија го следеше примерот. Вкупно 147 од 193 држави-членки на Обединетите нации досега официјално ја признале државата Палестина.фото: Unsplash/FB

Свет | пред 4 месеци

gaza-palestina-zname

Палестина добива нова поддршка: Канада и Малта ќе ја признаат во септември!

Канада и Малта најавија дека во септември ќе ја признаат државата Палестина, приклучувајќи се на напорите за обновување на решението со две држави (Two-state solution), предлог за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, кој предвидува создавање две независни и суверени држави – Израел и Палестина, кои би коегзистирале една до друга во мир. Со ова се предвидува завршување на деценискиот израелско-палестински конфликт. Со тоа, двете земји, односно Канада и Малта се приклучуваат на дипломатските чекори на Франција, како и најавата на Обединетото Кралство, во пресрет на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.Одлуката на Канада беше соопштена по седница на владата, на која премиерот Марк Карни информираше дека признавањето официјално ќе биде објавено на Генералното собрание што започнува на 23 септември. Според него, потегот ќе биде условен со одржување демократски избори во Палестина во 2026 година, без учество на Хамас, како и со целосна демилитаризација на идната палестинска држава. Овие услови, како што посочи, се веќе прифатени од палестинскиот претседател Махмуд Абас во писмо од 10 јуни.Од страна на Малта, постојаниот секретар во Министерството за надворешни работи, Кристофер Кутажар, ја објави одлуката за време на продолжената седница на Генералното собрание на ОН. Тој истакна дека Малта доследно го поддржува правото на самоопределување на палестинскиот народ и дека признанието претставува „конкретен чекор за претворање на тоа решение од концепт во реалност“. Претходно, премиерот Роберт Абела преку социјалните мрежи потврди дека оваа одлука е дел од надворешната политика на земјата за поддршка на траен мир на Блискиот Исток.Со оваа најава, Малта, како членка на Европската унија и поранешна британска колонија, ќе се приклучи на повеќе од 145 земји ширум светот кои веќе ја имаат признато Палестина, вклучувајќи и над десетина европски држави.Во вторникот, британскиот премиер Кир Стармер изјави дека Обединетото Кралство ќе ја признае Палестина пред почетокот на Генералното собрание во септември, освен ако Израел не се согласи на прекин на огнот и воспоставување долгорочен мировен процес во следните осум недели.Франција, Британија и Канада се трите најголеми западни сили членки на Г7 кои најавија ваков чекор. Израел и САД, кои остануваат против решението со две држави, го бојкотираат состанокот во ОН, иако 125 држави ја поддржуваат иницијативата.Израелскиот амбасадор во ОН, Дани Данон, остро ги критикуваше земјите учеснички, обвинувајќи ги дека со поддршката „легитимираат тероризам“ и дека „даваат празни изјави додека нашите заложници се во тунелите на Хамас во Газа“.Во одговор, Кутажар од Малта изјави дека признанието не е симболичен чин, туку „конкретен чекор кон праведен и траен мир“.На седницата, која беше прекината откако зборуваа 128 говорници, високи претставници повикаа на итна акција и изразија „непоколеблива поддршка“ за решението со две држави. Беше усвоена и „Њујоршка декларација“, седумстраничен документ кој предлага патоказ за завршување на конфликтот и формирање на независна, демилитаризирана палестинска држава што ќе коегзистира со Израел и ќе се интегрира во поширокиот регион.Дополнително, 15 западни држави усвоија документ под назив „Њујоршки повик“, со кој се повикуваат сите земји што сè уште не ја признале Палестина, да го сторат тоа. Во документот се наведуваат шест држави што веќе ја признале, девет кои најавиле позитивен став, вклучувајќи ги Малта и Канада, и седум земји кои допрва треба да се изјаснат, меѓу кои Австралија, Финска, Луксембург и Португалија.Постојаниот претставник на Саудиска Арабија во ОН, Абдулазиз Алвасил, соопшти дека финалната верзија на документот е испратена до сите 193 земји-членки и ќе остане отворена за потпишување до почетокот на септември.фото: Unsplash

Свет | пред 4 месеци

izrael-vojska

Израел го прифати 60-дневниот прекин на огнот; Трамп: „Прифатете ја понудата, следната ќе биде многу полоша“

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека Израел се согласил на условите за постигнување конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, во рамки на обидите за ставање крај на војната во палестинската енклава.„Израел се согласи на потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да го прекинеме воениот конфликт“, објави Трамп на социјалните мрежи.Тој додаде дека Катар и Египет, кои „работеа многу напорно на воспоставување на мир“, ќе го достават конечниот предлог.„Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати понудата – бидејќи подобра нема да добијат, само полоша“, заклучи американскиот претседател.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2025-06-16-at-11.35.28

Крајот на војната во Газа е „близу“, но бројот на жртви расте – Израел потврдува, Палестина тврди за масакр

Израелскиот министер за одбрана, Исраел Кац, изјави дека „операцијата во Газа се приближува кон својот крај“, наведувајќи го ослободувањето на заложниците и уништувањето на Хамас како клучни цели. Изјавата доаѓа по краткиот, но интензивен судир меѓу Израел и Иран минатата недела, и откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „брз прекин на огнот“.Но, на теренот – крвопролевањето продолжува.Палестински извори известуваат дека само во понеделник се убиени најмалку 100 лица во Појасот Газа, вклучувајќи најмалку 34 во напад врз кафуле на крајбрежната шеталишна зона во градот Газа. Меѓу загинатите има деца, жени и новинар, според медицински извори од болницата „Шифа“.Хамас тврди дека израелската ракета погодила камп за раселени лица, додека израелската армија соопшти дека целта биле „оперативци на Хамас“ во северна Газа и дека биле преземени мерки за заштита на цивили, вклучително и воздушно извидување. Случајот е во тек на истрага, но не се објавени информации за цивилни жртви од страна на израелските власти.И покрај најавите за деескалација, понеделникот беше еден од најсмртоносните денови во последните недели. Хуманитарните организации предупредуваат дека состојбата на теренот е катастрофална, а населението страда без вода, струја и медицинска помош.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-04-28-at-10.58.07

Палестински извори: Во израелски напади во Газа загинале 14 лица, меѓу нив и тројца деца

Најмалку 14 Палестинци, меѓу кои и тројца деца, загинале во најновите израелски воздушни и копнени напади ширум Појасот Газа, соопшти денеска Цивилната заштита на палестинската енклава. Според портпаролот на организацијата, Махмуд Басал, десетици други се повредени и пренесени во болници.Басал наведе дека 13 лица загинале во напади извршени со дронови и воени авиони: петмина на североистокот од градот Газа, две деца во истиот град, една жена во нејзиниот дом во Хан Јунис и уште пет лица – меѓу нив дете и две жени – во бегалски шатор во Ал-Маваси, на југот од Газа.Дополнително, 18-годишен маж бил убиен од израелска огнена сила додека чекал ред за дистрибуција на храна во секторот Ал-Алама, исто така на југот на Појасот Газа.Француската новинска агенција AFP објави дека не може независно да ги потврди овие информации.Во меѓувреме, израелската армија денеска издаде нов повик за евакуација на неколку населби на северот на Газа, каде што, според нивните тврдења, се одвиваат интензивни воени операции против борци на Хамас.

Свет | пред 5 месеци

palestina-mars

(Видео) Во Скопје марш за „слободна Палестина“: транспаренти ‘Нема гордост во геноцид’ низ центарот

Десетина граѓани денеска маршираа низ центарот на Скопје, носејќи транспаренти со пораки „слободна Палестина“, „нема гордост во геноцид“ и „тишината е смрт“. Акцијата беше проследена со извикувања преку разглас и гласно изразен став против насилството врз палестинскиот народ.Иако бројот на присутни беше симболичен, пораките беа директни и јасни.Овие пароли се дел од глобалниот протестен вокабулар против израелските воени дејства во Газа, кои предизвикаа масовни цивилни жртви, уништена инфраструктура и хуманитарна катастрофа. Војната избувна по нападите на Хамас врз Израел.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2024-04-28-at-10.58.07

Палестинци: Израел истрела проектили кон бегалски шатори, најмалку 25 мртви

Цивилната одбрана на Палестина денеска соопшти дека 25 лица загинале на неколку локации во Појасот Газа во израелските воздушни напади врз шатори во кои се сместени раселените лица.„Најмалку 16 лица загинаа, главно жени и деца, а уште 23 се повредени откако два израелски проектили директно погодија неколку шатори каде раселените семејства престојуваа во областа Ал-Маваси во Кан Јунис на југот на палестинската територија“, изјави за АФП портпаролот на цивилната одбрана Махмуд Басал.Во друг напад на шатор за раселени лица, во Беит Лахиа на северот на Појасот Газа, загинаа седум лица, „главно жени и деца“, а 13 беа ранети, додаде тој.Дете и неговиот татко беа убиени, а 13 лица беа повредени во трет напад на населба со шатори, исто така во близина на областа Ал-Маваси, рече тој.Израелската армија, контактирана од АФП, се уште не ја коментира оваа информација.Новинската агенција Анадолу пишува дека по бомбардирањето, во Хан Јунис избувнал голем пожар кој ги зафатил импровизираните засолништа, додека жителите се обидувале да ги спасат луѓето заробени во запалените шатори. Во нападот изгореа некои цивили.

Свет | пред 8 месеци

Screenshot-2024-10-04-080449

ИДФ: Го убивме шефот на Хамас во град на Западниот Брег; Палестинците: Ова е масакр

Најмалку 18 Палестинци загинаа во израелски воздушен напад врз градот Тулкарм на Западниот Брег, соопшти Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас. Израелската војска претходно соопшти дека извршила напад врз Тулкарм во кој загина шефот на мрежата на Хамас во градот.Захи Јасер Абд ал-Разек Оуфи, наводно, доставувал оружје за терористите на Западниот Брег и планирал да изврши терористички напад во „непосредна“ иднина. ИДФ додаде дека во нападот биле елиминирани „неколку други значајни терористи“.Во пост на X, палестинскиот премиер Мохамед Мустафа го нарече нападот „масакр“ и рече дека Израел „ги игнорира глобалните повици за правда“.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Во нападите загинаа 16 Палестинци, Израел нареди нова евакуација во јужниот дел на Газа

Најмалку 16 Палестинци се убиени во израелски напади во источните делови на Хан Јунис, соопштија денеска здравствените власти во Газа, веднаш откако Израел нареди евакуација на некои области од, како што рече, обновените напади.За да се овозможи ова, армијата соопшти дека ги прилагодува границите на хуманитарната зона во Ал-Маваси за да ги држи цивилите подалеку од борбената област.Палестинските здравствени власти соопштија дека најмалку 16 Палестинци биле убиени во гранатирање на израелски тенкови врз градот Бани Сухаил источно од Хан Јунис. Областа била бомбардирана и од воздух, велат извори.Армијата соопшти дека новите наредби следеле по обновените палестински напади, вклучително и ракети истрелани од целните области во источен Хан Јунис. Наредбите за евакуација не се однесуваат на здравствените установи, рекоа Палестинците.Палестинците, Обединетите нации и меѓународните хуманитарни организации предупредуваат дека повеќе нема безбедно место во Газа.Десетици Палестинци беа убиени претходно во јули во одделни израелски напади во областите означени како хуманитарни во Ал-Маваси.Израел изјави дека нападите биле насочени кон вооружени милитанти, вклучително и некои врвни воени лидери на Хамас. Палестинските власти рекоа дека наводите се лажни и дека Израел ги користи за да ги оправда нападите.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Дали Словенија го повлекува признавањето? Опозицијата бара Уставниот суд да ја преиспита одлуката

Најголемите опозициски партии Демократите (СДС) и Нова Словенија (НСи) денеска побараа од Уставниот суд да го разгледа словенечкото признавање на палестинската држава, потег што Националното собрание го официјализираше на почетокот на јуни.Опозициските пратеници, кои го бојкотираа гласањето, го оспоруваат признавањето врз основа на обвинувања за злоупотреба на собраниската процедура, јавува агенцијата СТА.Партиите би сакале судот да ја укине одлуката за признавање откако ќе утврди дека е неуставна и е во спротивност со соодветната собраниска процедура.На 4 јуни Словенија ја призна Палестина. СДС тогаш поднесе предлог за референдум во обид да се одложи гласањето за 30 дена во согласност со досегашната парламентарна практика, но коалицијата реши да го заобиколи ова со реинтерпретација на член од Деловникот на Собранието, потег кој беше критикуван од опозицијата, а некои правни експерти како злоупотреба на собраниската процедура.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Ерменија ја призна Палестина како држава

Ерменија официјално ја призна палестинската држава, се наведува во денешното соопштение од Министерството за надворешни работи на таа земја.Како што јави Ројтерс, Ерменија ја поддржува резолуцијата на ОН за сегашниот прекин на огнот во Газа и се залага за решение со две држави за палестинско-израелскиот конфликт, се наведува.Досега 147 од 193 членки на Обединетите нации ја признаа Палестина.

Свет | пред 1 година

palestina

Словенија го одложи признавањето на Палестина

Словенечкиот парламент денеска треба да расправа за признавањето на палестинската држава, но нема да гласа поради повикот на опозициската Словенечка демократска партија (СДС) да се одржи консултативен референдум за ова прашање, јавуваат медиумите.Словенечката влада во четвртокот објави дека се приклучува на малиот број европски земји кои ја признаваат палестинската државност. Премиерот Роберт Голоб тогаш рече дека неговата влада се согласила со одлуката за признавање на Палестина и ќе ја достави мерката до парламентот за конечно одобрување.Но, словенечката СДС вчера поднесе барање за одржување на консултативен референдум за признавање на Палестина. Според словенечките медиуми, лидерот на СДС Јанез Јанша изјавил дека одлуката на Владата да ја признае Палестина веќе и нанела долгорочна штета на Словенија „бидејќи ја поддржува терористичката организација Хамас“.Референдумот веројатно нема да го запре признавањето на Палестина бидејќи владејачката коалиција има мнозинство во парламентот, но ќе го одложи за најмалку 30 дена, наведува СТА. Со признавањето на палестинската држава Словенија би тргнала по патот на Ирска, Норвешка и Шпанија.Тие земји минатата недела официјално ја признаа независна Палестина. Шведска го направи тој потег пред десет години. Сите овие потези го зајакнаа палестинското прашање во светот, но го налутија Израел. Израелското Министерство за надворешни работи минатата недела ја осуди одлуката на Словенија да ја признае независната палестинска држава.Министерот за надворешни работи Израел Кац рече дека одлуката, за која ќе гласа парламентот, е награда за Хамас за убиства и силувања. Во соопштението за печатот, Кац рече дека овој потег го зајакнува и Иран, непријателот на Израел и му штети на „блиското пријателство на словенскиот и израелскиот народ“.„Се надевам дека словенечкиот парламент ќе ја отфрли оваа препорака“, додаде тој. Повеќе од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации ја признаваат Палестина како суверена држава. Западноевропските земји и САД долго време беа исклучок.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Шпанија, Ирска и Норвешка ја признаа Палестина

Ирска, заедно со Шпанија и Норвешка, официјално ја признаа палестинската држава, објави ирската влада, пркосејќи на израелската осуда на планот. „Владата ја признава Палестина како суверена и независна држава и се согласи да воспостави целосни дипломатски односи меѓу Даблин и Рамала“, се вели во соопштението на владата по одобрувањето на признавањето на претпладневната седница.„Ирскиот амбасадор во Државата Палестина ќе биде назначен заедно со сите други членови на ирската амбасада во Рамала“, се додава.Минатата недела, ирскиот лидер Сајмон Харис им се придружи на своите колеги во Шпанија и Норвешка во најавата дека трите земји официјално ќе ја признаат независна Палестина на 28 мај. Сите тројца го исполнија ветувањето во вторникот. Премиерот Харис истакна дека со овој потег сака да ја задржи надежта за мир.„Оваа одлука на Ирска значи одржување на надежта и верување дека решението со две држави е единствениот начин народот на Израел и Палестина да живеат рамо до рамо, во мир и безбедност“, рече Харис. „Сакавме да ја признаеме Палестина на крајот од мировниот процес, но го направивме овој чекор заедно со Шпанија и Норвешка за да го одржиме живо чудото на мирот“, додаде тој.Повторно го повикувам израелскиот премиер Нетанјаху да го слуша светот и да ја запре хуманитарната катастрофа што се случува во Газа, посочи ирскиот премиер.Шпанскиот премиер Педро Санчез рано изутрината објави дека неговата земја ја признава државата Палестина во границите од 1967 година во согласност со меѓународното право и историската правда. „Признавањето на државата Палестина не е само прашање на историска правда, со легитимните аспирации на палестинскиот народ, туку и неопходност доколку сите заедно сакаме да постигнеме мир“, додаде тој.Тој нагласи дека тоа е единствениот начин да се напредува кон решение со две држави, „што сите го сметаме за единствено решение“. „Ние не го прифаќаме признавањето на Палестина против никого, особено не против Израел, пријателска нација која ја почитуваме и со која сакаме да имаме најдобри можни односи“, додаде тој и рече дека од утре Шпанија ќе ги вложи сите свои напори. во постигнување решение со две држави.Во текот на утрото, Норвешка, една од трите европски земји кои официјално ја признаа Палестина во вторникот, го поздрави „важниот ден“ и изрази жалење за очигледниот недостаток на Израел од „конструктивен ангажман“. „Повеќе од 30 години Норвешка е еден од најверните застапници на постоењето на палестинска држава“, изјави шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Еиде.„Денот кога Норвешка официјално ја признава Палестина како држава е важен ден за норвешко-палестинските односи“, додаде тој. Во раните 1990-ти, Норвешка беше домаќин на првите израелско-палестински мировни преговори кои резултираа со Договорот од Осло, кој го отвори патот за мирно решавање на конфликтот меѓу двете конфликтни страни.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Словенија во четврток одлучува за признавањето на Палестина

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека словенечката влада во четврток ќе донесе одлука за признавање на палестинската држава, по што одлуката ќе биде испратена до парламентот на конечно одобрување.Шефот на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека гласањето во парламентот може да се одржи на 4 јуни.Голоб за време на денешната посета на Алжир рече дека во меѓувреме Словенија ќе продолжи да работи со други земји за да создаде максимален притисок за итен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас, пренесе агенцијата СТА.Голоб посочи дека Словенија како одговорна членка на Советот за безбедност на ОН е должна да направи се што е во нејзина моќ за да постигне траен мир на Блискиот Исток.„Ова е важна, навистина историска порака дека го признаваме постоењето на Палестинците, нивната државност и нивното право на самоопределување“, рече Фајон за СТА на маргините на отворањето на новите простории на словенечките дипломатски претставништва во Брисел.Фајон нагласи дека одлуката за признавање на палестинската држава не е насочена против Израел, наведувајќи дека Словенија ќе продолжи да се занимава со воспоставување мир на Блискиот Исток и безбедност и на Израелците и на Палестинците.Словенечката влада на 9 мај ја започна процедурата за признавање на Палестина, најавувајќи дека соодветната одлука ќе ја испрати до парламентот до 13 јуни.Шпанија и Ирска утре треба да ја признаат Палестина заедно со Норвешка која не е членка на ЕУ.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања