Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПОЛСКА

dron1

НАТО ќе го затвори небото над западна Украина?

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски смета дека Русија „ја загубила конфронтацијата“ што ја започна со упадот на дронови во Полска на 10 септември. Во интервју дадено на маргините на конференцијата Јалта Европска Стратегија (YES) во Киев, Сикорски изрази оптимизам во врска со одговорот на НАТО и понатамошниот развој на настаните, пишува Kyiv Independent.„Мислам дека Русија ја загуби оваа конфронтација“, изјави Сикорски.Тест за НАТОЗа време на нападот, Полска успеа да собори само три или четири од вкупно 19 дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор, а еден од нив падна речиси 400 километри западно од украинската граница. Инцидентот ги принуди сојузниците на НАТО да подигнат борбени авиони вредни милиони долари за да се соочат со дронови чија вредност се мери во илјадници.Варшава по нападот формално побара консултации според Член 4 од Договорот на НАТО, кој им овозможува на членките да дискутираат кога сметаат дека нивната безбедност е загрозена. Тој чекор сепак не ја достигнува тежината на Член 5, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите. НАТО на 12 септември најави нова операција за одвраќање под името „Источен стражар“, но Сикорски објасни зошто Русија не се соочи со одмазда: „затоа што имаше само помала материјална штета и никој не загина.“На прашањето дали „смрт на луѓе“ или напад врз аеродромот Жешов, клучно логистичко јадро за помош на Украина, би било доволно за активирање на Член 5, Сикорски се согласи. „На тоа Русија опасно се доближува“, додаде тој. „Некои медиуми шпекулираат дека патеката на некои дронови водела кон Жешов, главниот аеродром низ кој минува опрема за Украина. Нашата прва должност е да го заштитиме тоа од руска саботажа, шпионажа и кибер напади.“Јакне соработката со УкраинаПолскиот министер смета дека рускиот напад бил обид за тестирање на одбраната и решителноста на НАТО на источниот фронт. Иако одговорот на Полска го оцени како успешен, тој призна дека земјата мора подобро да се подготви за идни напади. Заканата се потврди само неколку часа по интервјуто, кога руски дрон влезе во воздушниот простор на Романија.Украина понуди помош на Полска во зајакнување на способностите за електронско војување и пресретнување дронови, користејќи поевтина опрема за нивно соборување. Полското министерство за одбрана потврди на 12 септември дека експерти од двете земји ќе вежбаат користење на системи против дронови на полска територија.„Тоа е уште една работа што (рускиот претседател Владимир) Путин ја постигна со овој напад. Нашата јавност сега бара поблиска соработка со Украина, бидејќи вие имате најново, најрелевантно искуство“, рече Сикорски, додавајќи дека Путин „можеби ја забрза полско-украинската соработка во производството на оружје.“„Затворањето на небото над Украина повторно е на маса“Сикорски потврди дека по нападот врз Полска повторно би можела да се разгледа идејата за затворање на дел од украинскиот воздушен простор со користење на противвоздушна одбрана стационирана во земјите членки на НАТО. „Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, повторно ја потврди оваа украинска понуда... мислам дека со своите постапки претседателот Путин можеби ја унапреди оваа идеја затоа што ние заедно управуваме со нашиот простор, а мислењето се движи кон таа идеја“, рече тој.И покрај сè, Сикорски верува дека НАТО покажа единство и подготвеност. „Верувам дека ѝ покажавме на Русија дека НАТО е подготвен и обединет“, заклучи тој.Од другата страна, изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп не беа толку охрабрувачки. Трамп за Fox News, коментирајќи го нападот врз Полска, рече дека „нема да брани никого.“ Подоцна додаде дека би ја погодил Русија со „големи“ санкции само ако сите членки на НАТО се обединат, престанат да купуваат руска нафта и воведат царини кон Кина.Сикорски го поддржа барањето на Трамп за прекин на увоз на руска енергија, прозивајќи ја при тоа Унгарија, но беше повнимателен околу прашањето за царини кон Кина. „Треба да го санкционираме агресорот. А агресор е Руската Федерација. Ние во Европа воведовме 18 пакети санкции. Работиме на 19 пакет“, рече Сикорски.Што би значело затворање на небото?Кога се зборува дека НАТО би можел „да го затвори небото“, се мисли на воведување зона забранета за летање (no-fly zone) над одредено подрачје.Во пракса тоа би значело дека НАТО би распоредио противвоздушна одбрана и борбени авиони за да спречи непријателски авиони, проектили или дронови да влезат во тој воздушен простор. Ако некоја летелица сепак влезе, би била соборена.Во контекст на Украина, затворањето на небото би значело дека НАТО би ја презел контролата над дел од украинскиот воздушен простор, користејќи системи за противвоздушна одбрана стационирани во земјите членки на НАТО (на пр. Полска, Словачка или Романија), со што Украина би била дополнително заштитена од руските ракетни и дронски напади.Ако НАТО го затвори небото над Украина или барем дел од него (на пример долж границата со Полска и Романија), тоа би значело де факто влез во војна со Русија, бидејќи сојузниците би морале да ги соборуваат руските авиони и ракети. Поради огромниот ризик од поширока војна, оваа опција досега секогаш била одбивана, но со зачестените инциденти како нападите со дронови врз Полска и Романија, таа повремено се враќа во политичките расправи.

Свет | пред 5 месеци

GOLF_20220417184153560_fbf71198c4efee9ae5351396bbb511b1-800x579

Прва реакција од Русија: Ако НАТО го затвори небото над Украина, тоа значи војна со НАТО

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски даде на знаење дека НАТО планира да воведе забранета зона за летање над западна Украина, поради честите руски напади при кои дронови навлегуваат и во земји членки на НАТО што се граничат со Украина. На оваа идеја пристигна и првата реакција од Русија.„Идиоти, тоа би значело војна меѓу НАТО и Русија“Заменик-претседателот на руското Совет за безбедност Дмитри Медведев изјави дека спроведувањето на идејата за воспоставување забранета зона за летање над Украина и можноста земјите од НАТО да уриваат руски дронови би значело војна меѓу алијансата и Русија.„Сериозно, спроведувањето на провокативната идеја на Киев и другите идиоти за создавање ‘зона забрана за летање над Украина’ и дозволувањето земјите на НАТО да ги соборуваат нашите дронови ќе значи само едно: војна на НАТО со Русија“, напиша Медведев на својот канал на Телеграм, коментирајќи ја изјавата на полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски за воведување на ваква зона.Политичарот се осврна и на посетата на украинската престолнина од страна на естонскиот министер за одбрана Хано Певкур. „Во Киев пристигна естонскиот министер за одбрана. Се заканува. Колку е земјата помала, толку нејзините лидери се посклони кон агресија и глупост“, наведе Медведев.

Свет | пред 5 месеци

putin-oresnik-nuklearka-

Се зголемува тензијата: Русија и Белорусија со воени маневри покрај границите на НАТО

Испраќањето на дронови-мамци во полскиот воздушен простор пред само два дена беше тест за одбраната на НАТО и подготвеноста на Полска да одговори на заканите од исток. Само неколку часа подоцна, Русија и Белорусија ја започнаа долгoочекуваната воена вежба „Запад 2025“, која трае од 12 до 16 септември и која предизвикува сериозна загриженост кај источните членки на Алијансата.Иако Кремљ тврди дека маневрите се одбранбени и „не се насочени против никого“, сценаријата вклучуваат и симулации за употреба на новиот руски балистички проектил Орeшник, способен да носи и нуклеарни боеви глави. Западните разузнавачки служби предупредуваат дека ваквиот тренинг силно потсетува на „Запад 2021“, кој му овозможи на Кремљ под параван на „обука“ да размести трупи во близина на Украина, пред инвазијата во февруари 2022 година.Полска и Литванија, како одговор на зголемената закана, го затворија целосно или делумно воздушниот простор на своите источни граници и распоредија дополнителни војници и противвоздушни системи. Полска испрати 40.000 војници на границата со Белорусија. Францускиот претседател Емануел Макрон најави испраќање три борбени авиони за заштита на полскиот воздушен простор, со порака: „Нема да попуштиме пред руските закани.“И покрај уверувањата од НАТО дека не постојат директни индикации за напад, на источниот фронт расте вознемиреноста. Аналитичари предупредуваат дека симулациите за користење на Орeшник – проектил со дострел од 2000 до 5000 километри и брзина од 10 маха – претставуваат отворена демонстрација на сила кон ЕУ.Белорускиот лидер Александар Лукашенко се обидува да ја претстави вежбата како „шоу“ и отвори врата за странски набљудувачи. Истовремено, во обид да испрати порака на добра волја, неговиот режим пушти 52 политички затвореници, меѓу кои и познати опозициски фигури. Сепак, повеќе од 1100 политички затвореници остануваат зад решетки, што ја одржува сликата за Белорусија како последна европска диктатура.Рускиот воен аналитичар Василиј Кашин предупредува дека ваквите паралелни маневри – руски и на НАТО – ќе станат редовна пракса, слично на периодот на Студената војна. Во меѓувреме, руските пропагандисти го слават фактот што НАТО користи скапи воздушни системи за пресретнување на евтини дронови, што, според нив, ја покажува „слабоста“ на Алијансата.„Запад 2025“ се одвива во момент кога Москва нема намера да ја деескалира војната во Украина, а демонстрацијата на ново оружје и координираните вежби со Белорусија дополнително ја зголемуваат нервозата во Варшава, Вилнус и Рига. За НАТО, тоа е нов тест на единството и способноста да одговори на заканите што доаѓаат директно на неговите источни врати.

Свет | пред 5 месеци

polska-granica

Полска го активира членот 4 од НАТО - што значи ова?

Полска официјално го активираше членот 4 од Северноатлантскиот договор, откако во средата беа забележани 19 повреди на нејзиниот воздушен простор од руски беспилотни летала. НАТО борбени авиони урнаа дел од дроновите што навлегоа на територијата на земјата за време на нападот врз соседна Украина, а полските власти го оценија настанот како „руска провокација“.Министерството за внатрешни работи на Полска потврди дека вкупно 16 дронови биле пронајдени на различни локации низ земјата. Полскиот премиер Доналд Туск упадите ги нарече „повреда без преседан“ и истакна дека голем дел од дроновите дошле од Белорусија.Членот 4 од НАТО овозможува државата членка да побара консултации во Северноатлантскиот совет кога е загрозен нејзиниот територијален интегритет, политичка независност или безбедност. Засега не станува збор за членот 5, кој предвидува автоматска воена реакција.По итниот состанок во Брисел, генералниот секретар на НАТО Марк Руте порача дека сојузниците ја изразиле својата солидарност со Полска и го осудиле „неодговорното однесување на Русија“.Полските вооружени сили воведоа ограничувања на воздушниот сообраќај во источниот дел на земјата до 9 декември, а Варшава најави и барање за итен состанок на Советот за безбедност на ОН. Москва пак демантира дека имала намера да таргетира цели на полска територија и го нарече инцидентот „мит што Полска го шири“.

Свет | пред 5 месеци

polska-dron1

(Фото) Полска собори руски дронови кои навлегле во нејзиниот воздушен простор

Полските вооружени сили соборија неколку беспилотни летала што навлегле во нивниот воздушен простор за време на руски воздушен напад врз Украина. Официјалните власти во Варшава соопштија дека се работи за сериозно нарушување и чин на агресија.Според Оперативната команда на полската армија, руските дронови континуирано го нарушувале воздушниот простор на Полска, што било оценето како реална закана по безбедноста на населението. „По наредба на оперативниот командант веднаш беа активирани одбранбени мерки. Полските и сојузничките авиони следеа неколку објекти на радар, со акцент на оние што би можеле да бидат опасни. Дел од беспилотните летала што навлегоа во нашиот воздушен простор беа соборени,“ наведуваат од командата.Властите ги повикаа граѓаните да останат во своите домови, особено во Подласки, Мазовјецки и Лублински регион, кои биле најризични. Воедно беше упатен апел доколку некој наиде на урнати дронови или нивни остатоци, да не им се приближува ниту да се обидува да ги помести.#PILNE: Portal Nowy Tydzień opublikował zdjęcie budynku w miejscowości Wyryki w powiecie włodawskim, na który spadły szczątki rosyjskiego drona. Na miejscu są służby. Nie ma osób poszkodowanych. pic.twitter.com/Oz8qjEaTM6— Remiza.pl (@remizacompl) September 10, 2025 Повод за оваа операција даде и полскиот премиер Доналд Туск, кој преку објава на Икс информираше дека станува збор за повеќекратно нарушување на воздушниот простор. Тој додаде дека за случувањето веднаш го известил генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.Полска е во состојба на повисока подготвеност уште од 2022 година, кога залутан украински проектил погоди село во јужниот дел на земјата и предизвика смрт на две лица, неколку месеци по почетокот на руската инвазија врз Украина.

Свет | пред 5 месеци

borben-avion-srusen

(Видео) Трагедија во Полска: пад на воен авион F-16

Ловец F-16 од полските воздухопловни сили се урна за време на проба за аеромитинг во градот Радом, во централна Полска, при што животот го загуби пилотот, соопшти портпаролот на полската влада.Според тамошните медиуми, несреќата се случила околу 17:30 часот по Гриничко време, кога авионот паднал на пистата и ја оштетил. Настанот предизвика откажување на воздушното шоу кое требаше да се одржи за време на викендот. На социјалните мрежи се појавија вознемирувачки снимки од моментот на уривањето.Портпаролот на владата Адам Шлапка преку платформата Х потврди дека пилотот починал, без да изнесе дополнителни детали. Министерот за одбрана е упатен кон местото на несреќата, каде што е започната истрага за причините за трагичниот настан.

Свет | пред 5 месеци

polska-dron

Полската одбрана со часови не забележала дека руски воен дрон лета над нивната земја

Рускиот борбен дрон „Шахед“ летал над Полска околу два и пол часа пред да се сруши, објави украинскиот портал „Милитари“, специјализиран за воени теми.Според анализата на надзорот на украинскиот воздушен простор, дронот летал над регионите Житомир, Хмелницки, Тернопол и Лавов во Украина ноќта од вторник кон среда, а потоа влегол во Полска.Растојанието од границата до местото на падот во селото Осини е околу 200 километри. Со оглед на просечната брзина на руските дронови „Шахед“ од 120 до 150 км/ч, се проценува дека поминал вкупно околу два часа во полскиот воздушен простор.Полската одбрана не го забележала тоаСпоред „Милитари“, дронот не бил откриен од полските системи за надзор во текот на сето ова време.До моментот кога се вклучија сирените за воздушен напад во Украина, околу 1 часот по локално време, дронот веројатно веќе го напуштил украинскиот воздушен простор и продолжил да лета над Полска сè додека не се урна во 2:22 часот по Варшавско време, пишува украинскиот портал.Украинците се сомневаат дека бил намерно насочен кон ПолскаПорталот пишува дека постојат само две сценарија според кои Шахед можел да влезе во Полска: намерно таргетирање или внатрешен дефект. Тие нагласуваат дека дури и во случај на електронско блокирање, автопилотот на дронот го пренасочува кон наменетата цел.Затоа, сè уште постои можност дронот да имал однапред одредена цел на територијата на земја-членка на НАТО, наведува украинскиот портал.Што велат Полјаците?Дронот што се урна во поле со пченка во Полска е од руско потекло, изјави вчера полскиот министер за одбрана Власислав Косињак-Камиш, нарекувајќи го тоа провокација.„Русија повторно ги провоцира членкита на НАТО“, рече тој, додека напорите за воспоставување мир во Украина продолжуваат, додавајќи дека „сите членки на алијансата се свесни за инцидентот“.Полската полиција претходно соопшти дека неидентификуван објект се урнал на поле во селото Осини во источната покраина Лублин, на границата со Украина, рано во неделата.Експлозијата скршила прозорци во неколку куќи, но никој не е повреден, објави полската новинска агенција ПАП. Полицијата пронашла изгорени метални и пластични делови на местото на настанот, додаде таа.Истражителите изјавија дека дронот оставил кратер широк шест метри и длабок 50 сантиметри. Не е јасно дали експлозијата се случила во воздух или кога удрил во земјата.Полски обвинител: Голема веројатност дека дошол од БелорусијаДронот што се урна на поле во источна Полска најверојатно дошол од Белорусија, изјави денес регионален обвинител. „Постои многу голема веројатност дека објектот дошол од Белорусија“, рече обвинителот на Лублин, Гжегож Трусиевич.Трусиевич рече дека не може да го потврди моделот на дронот. Белорусија, близок сојузник на Русија, го поддржува Кремљ од почетокот на инвазијата на Украина.Членката на ЕУ и НАТО, Полска е еден од најголемите политички и воени сојузници на Украина. Во ноември 2022 година, ракета падна врз селото Пжеводов на истокот од земјата, при што загинаа двајца мажи. Стануваше збор за залутан украински противвоздушен проектил.

Свет | пред 6 месеци

polska

(Видео) Непознат објект се урна во Полска, неофицијално тоа е руски борбен дрон

Неидентификуван објект синоќа се урнал во поле со пченка во градот Осини во округот Луков, во полскиот регион Лубелшчизна. Полицијата на местото на настанот пронашла јагленисани метални и пластични остатоци. Според неофицијални информации добиени од полскиот весник „Жечпосполита“, најверојатно станува збор за дрон „Шахед“, кој Русија го користи во војната против Украина.Полицијата добила пријава за експлозијата во 2:22 часот наутро. „Пронајдовме место во полето со пченка каде што можел да експлодира непознат објект. Пронајдовме јагленисани делови од различни големини, расфрлани во радиус од неколку десетици метри“, изјави за TVN24 Марчин Јозвик, портпарол на полицијата во Луково.Експлозијата била толку силна што прозорците на три блиски куќи биле скршени. За среќа, никој не е повреден. Полицијата го обезбедила подрачјето и собира расфрлани елементи. „Теренот е изгорен, но нема кратер од удар“, додаде Јозвик. Зенон Писиевич, командант на Државната противпожарна служба во Луков, изјави дека нема потреба од гаснење на пожарот.Полската оперативна команда објави дека радарите не регистрирале никакво нарушување на полскиот воздушен простор ниту од украинската, ниту од белоруската страна синоќа.„Информациите за пронајдениот предмет, кој според првичните проценки може да биде дел од стар мотор со пропелер, беа проследени до Центарот за воздушни операции. Сите надлежни служби се на терен, вклучително и воената полиција, која спроведува детална анализа. Активирани се и воздушни и копнени екипи за пребарување и спасување“, се вели во соопштението.Гувернерот на Лублин, Кшиштоф Коморски, изјави дека никој не е повреден, но дека се оштетени три згради. „Нема закана, сите можат да се чувствуваат безбедно. Радијацијата е проверена и измерена. Надлежните служби го истражуваат местото на настанот. Ќе им ја пружиме целата потребна психолошка помош на жителите“, рече Коморски.Тој додаде дека понатамошни дејствија ќе ги спроведат армијата и обвинителството. „Знаеме дека имало експлозија, знаеме дека се пронајдени остатоци. Во овој момент нема да ги потврдиме информациите за самиот објект“, рече гувернерот.Според неофицијалните информации објектот би можел да биде ирански дрон од типот „Шахед 131“ или „136“ (според руската терминологија „Гиран-1“ и „Гиран-2“).

Свет | пред 6 месеци

1L3A0929

Извонредните полски уметници Длугош и Јунгиевич ја воодушевија публиката на „Охридско лето“

Најнаградуваниот флејтист во полската музичка историја, Лукаш Длугош и извонредниот пијанист Анжеј Јунгиевич вчеравечер ѝ овозможија на публиката на „Охридско лето“ прекрасен концерт што долго ќе се памети.Полските уметници настапија во црквата „Света Софија“ со внимателно одбран репертоар кој започна со композиција на Моцарт, а продолжи со дела од Шуман, Шаминад и Пуланк.Вториот дел од концертот беше резервиран за композиции од Шимановски, Падеревски, Менделсон, Горецки, Лутославски и Шелиговски.-Многу сме изненадени од ова прекрасно место.Акустиката е фантастична, оригиналните фрески ни даваат поттик да го претставиме репертоарот онака како што го замисливме и подготвивме, рече флејтистот Длугош.Досега повеќе од 300 композиции се напишани специјално за него и за неговата сопруга,исто така флејтистка, Агата Кјелар-Длугош.-Ова е важен дел за нас музичарите. Многу сакаме да соработуваме со композитори бидејќи тие се посебени уметници и ни го прикажуваат најлесниот начин на интерпретација , формата и како да се свири добра музика во добра атмосфера. Сме соработувале со над стотина композитори. Сме снимиле повеќе од 80 компакт-дискови и за нас е огромна можност да прикажеме каков репертоар се свири на флејта во 21 век, додаде Длугош.Длугош студирал соло флејта на Високата школа за музика и театар во Минхен, а магистерските студии ги завршил на Конзерваториумот во Париз, како и на Универзитетот „Јеил“ во САД.Победник е на повеќе меѓународни натпревари за флејта, а како солист и камерен музичар настапува во Полска и на интернационалната музичка сцена.Настапувал во Карнеги Хол, во Златната сала на Музикферајн, во Концертхаус во Берлин, во салата „Карл Орф“ и „Херкулес“ во Минхен, во театрите во Пекинг, Гуангжу, Шангај, во операта во Катар, во салата „Шин Кобе“ во Кобе, како и во салата „П. И. Чајковски“ во Москва.Настапувал под диригентските палки на Зубин Мехта, Џејмс Левајн, Марис Јансонс, Валери Гергиев, Хесус Лопес Кобос, Јацек Капчук, Габриел Шмура, Агњешка Дучмал, а често изведувајќи го Концертот за флејта и оркестар од Кшиштоф Пенерецки настапува под диригентство на самиот композитор.Пијанистот Анжеј Јунгиевич важи за исклучителен камерен музичар. Студирал пијано во класата на проф. Јозеф Стомпел и камерна музика во класите на Марија Швајгер-Кулаковска и проф. Урсула Станчук на Музичката академија во Катовице.Добитник е на стипендии од полското министерство за култура во 1986/87 година, лауреат е на Натпреварот за уметничка стипендија од здружението „Фредерик Шопен“ во Варшава во 1985 и 1986 година, победник е на Натпреварот за современа камерна музика во Лоѓ во 1986 година и на Младинскиот фестивал во Аугустов во 1985 година.Како солист и камерен музичар настапува во: Полска, Франција, Германија, Хонг Конг, Малезија, Словачка, Шведска и Украина.Учествува на бројни фестивали и премиерно изведува дела од современите полски композитори кои се снимани за радио и ТВ.Неговите изведби се поместени на бројни носачи на звук, меѓу кои се и двата албуми со флејтистката Агата Кјелар-Длугош.Редовно е пијано придружник на бројни работилници и мајсторски курсеви со етаблирани музичари и педагози. Јунгиевич е професор на Музичката академија во Катовице.

Охрид | пред 7 месеци

3818b963-cade-42c0-a831-805c7da35831

(Видео) Полски европратеник брише чевли од знамето на ЕУ и го гори

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Гжегож Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали знамето, ги избриша чевлите од него.Имунитетот на Браун од Европскиот парламент беше укинат во вторник. Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот во декември 2023 година, кога, како член на полскиот парламент, користел противпожарен апарат за да ги изгаси свеќите за Ханука во знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска. Тој го бранеше потегот тврдејќи дека Ханука не е религиозен празник, туку историски настан на странска држава и изрази загриженост за она што го смета за контроверзни изјави и дејствија на претставниците на организацијата Хабад-Лубавич, која ја организира годишната прослава на Ханука во полскиот парламент. Поради фактот дека беше избран за член на Европскиот парламент на изборите во јуни 2024 година, Полското државно обвинителство поднесе барање до Европскиот парламент за одземање на неговиот имунитет од гонење.Браун се соочува со повеќе обвиненија, вклучувајќи навреда на религиозна група во полскиот парламент, прекинување на предавање за Холокаустот во Германскиот историски институт во знак на протест против наводите за вмешаност на Полска и отстранување на елка украсена со ЛГБТ симболи од судница во Краков и нејзино фрлање во ѓубре.

Свет | пред 9 месеци

tusk

Полскиот премиер тврди дека е постигнат напредок со Украина во однос на спорот од Втората светска војна. војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја посети Варшава во среда, соопшти кабинетот на полскиот премиер, по она што Полска го нарекува пробив во историскиот воен спор за ексхумација меѓу двата сојузници.Иако Полска е еден од најверните поддржувачи на Украина од инвазијата на Русија во 2022 година, врските меѓу соседите беа затегнати со генерации поради убиствата во Волинија од 1943 до 1945 година.Полска соопшти дека повеќе од 100.000 Полјаци биле убиени во масакри од страна на украинските националисти. Илјадници Украинци исто така загинаа како одмазда.Полска долго време бараше слободен пристап за своите експерти до местата каде што се верува дека се закопани останките на убиените, за да можат да бидат ексхумирани за пристоен погреб.Во петокот полскиот премиер Доналд Туск го поздрави „пробивот“ во односите, велејќи дека Украина одлучила да ги дозволи првите ексхумации на жртвите.Украина често се повикува на настаните во Волинија како дел од конфликтот меѓу Полска и Украина што ги зафати и двете нации.

Свет | пред 1 година

1d4ab88b-1cdc-4d3a-b0a4-af5eadecf9bd

Полскиот министер: Москва треба да биде принудена на мировни преговори, а не Киев

Полскиот министер за надворешни работи изјави дека Русија, а не Украина, треба да биде принудена на мировни преговори. Тој ги повика ЕУ и САД да и помогнат на Украина да постигне подобра преговарачка позиција.„Москва, а не Киев, треба да биде принудена на мировни преговори, бидејќи Кремљ е тој што не сака мир“, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, а пренесува Дојче веле.Поделбата на задачите треба да биде таква што и САД и Европската унија и помагаат на Украина да постигне подобра преговарачка позиција за потенцијалните идни преговори, кои треба да бидат поттикнати и принудени од агресорот, а не од жртвата, нагласи политичарот.Според него, Европската унија треба „да се мобилизира уште повеќе“ во светлината на претстојната администрација на Доналд Трамп.

Свет | пред 1 година

Polska-1

Поради рускиот напад низ Украина, Полска рано утринава ги активираше своите воздухопловни сили

Поради рускиот напад низ Украина, Полска рано утринава ги активираше своите воздухопловни сили.„Поради масовниот напад на Руската Федерација со крстаречки ракети, балистички ракети и беспилотни летала врз објекти лоцирани, меѓу другото, во западна Украина, полските и сојузничките воени авиони започнаа со операции во нашиот воздушен простор“, беше објавено утринава на платформата Х. од командниот центар полската војска.Во соопштението се додава дека се активирани сите расположливи сили и средства со кои располага полската армија, како и дека се подигнати дежурните борбени авиони, а системите за воздушна одбрана и радарско извидување се на највисоко ниво на будност.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2024-10-19-192434

(Видео) 22 возила се судрија во Полска, избувна пожар: четворица загинати и 12 повредени

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во голем судар во кој учествувале 22 возила недалеку од полскиот град Гдањск, јавија локалните медиуми.Несреќата се случила синоќа околу 23:15 часот по локално време на излезот од автопатот С7 кај селото Борково, јави полската ТВН24. Местото каде што се случи несреќата е дел од јужната обиколница на Гдањск и таму веќе некое време има градилиште. По инцидентот е приведен 37-годишен камионџија, кој наводно удрил во автомобилот пред него, соопшти полицијата, додавајќи дека алкотестот покажал дека мажот не бил под дејство на алкохол. Во несреќата учествувале вкупно три камиони, а се уште се утврдуваат точните околности под кои се случила.Полицијата соопшти дека меѓу повредените има и неколку деца. Идентитетот на загинатите не е соопштен. Медиумите јавуваат дека по судирот се запалиле неколку автомобили, а некои целосно изгореле. Според ТВН24, некои смртни случаи најверојатно се последица на пожарот.

Свет | пред 1 година

poplavi4

(Видео) Полска сѐ уште се бори со разорните поплави

Јужна Полска продолжува да се бори со разорните поплави. Ситуацијата е критична во Нисе, во областа Ополе. Поради опасност од пукање на насипот на улицата Виспианскиего, градоначалникот ги повика жителите веднаш да се евакуираат. На интернет се појавуваат фотографии и видеа од акцијата за крпење на насипот. Надлежните ги повикуваат граѓаните да ги следат известувањата и да апелираат на одговорност.Според локалните служби, во текот на ноќта од понеделник кон вторник, 76 хидрометеоролошки станици, главно во југозападниот дел на Полска, ги надминале нивоата на тревога, додека дополнителни 40 ги надминале нивоата на предупредување.Недолго потоа, се појави информација дека е санирана штетата на реката Ниса Клоџка, на улицата Виспианскиего. „Сега имаме работа со дупка во насипот веднаш до браната на езерото Ниски“, изјави капетанот Дариуш Прига од пожарникарската служба на округот Ниски додавајќи дека поставуваат вреќи со песок.После тоа пристигна информација дека се појавиле нови проблеми.„Имаме второ пробивање на насипот. Отпрвин беше мало, но сега значително се прошири“; изјави капетанот Дариуш Прига од противпожарната станица Ниса во интервју за РМФ ФМ. Тој исто така додаде дека се уште ја полнат дупката со учество на воени хеликоптери МИ-17 кои фрлаат големи вреќи со песок на насипот.Градоначалникот на Нисе во интервју за РМФ ФМ: „Се надеваме дека Нисе ќе се спаси од поплавата. Ова е најважната ноќ во историјата на градот во 21 век“, нагласи градоначалникот на Нисе, Кордијан Колбијарц. Тој ги пофали жителите на градот за нивната голема посветеност во зајакнувањето на оштетениот насип.„Пред само неколку минути, на насипот имаше околу 2.000 луѓе – жени, мажи, деца, постари луѓе“, наброја тој. „Огромна посветеност, голема љубов кон градот. Сите сакаме градот да опстане.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања