Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

ПРОТЕСТИ

media-libraryere1943k1k8i14XXdc0

(Видео) Студенти во Иран организираа антивладини протести

Студенти на неколку универзитети во Иран организираа антивладини протести, први од таков обем по минатомесечните насилни задушувања на демонстрациите и масовните апсења. Би-би-си ја потврди автентичноста на снимките на кои се гледа како студенти во саботата, на почетокот на новиот семестар, маршираат на Технолошкиот универзитет „Шариф“ во главниот град Техеран, додека сличен собир, според извештаите, бил одржан и во градот Машхад на североистокот на земјата.Снимките потврдени од Би-би-си прикажуваат стотици демонстранти кои мирно маршираат и извикуваат пароли на улица во близина на универзитетот. Студентите повикале и на нови собири во неделата. Се појавија и непотврдени видеа кои наводно покажуваат мирен седечки протест на Универзитетот „Бехешти“ во Техеран, а во текот на денот биле регистрирани демонстрации и на други локации. На интернет се објавени и снимки што наводно прикажуваат судири меѓу провладини и антивладини групи на еден универзитет во Техеран, но засега нема информации дали има уапсени.Американската организација за човекови права Храна кон крајот на јануари соопшти дека потврдила најмалку 6.159 загинати од почетокот на немирите, меѓу кои 5.804 демонстранти, 92 деца и 214 лица поврзани со властите, додавајќи дека се истражуваат извештаи за уште околу 17.000 смртни случаи. Иранските власти, пак, минатиот месец соопштија дека загинале повеќе од 3.100 лица, тврдејќи дека најголем дел биле припадници на безбедносните сили или случајни минувачи нападнати од, како што наведоа, „изгредници“.Протестите се одржуваат во период на зголемени тензии меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, кои ја засилуваат воената присутност во близина на земјата. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се разгледува можноста за ограничен воен удар. САД и европските сојузници се сомневаат дека Иран развива нуклеарно оружје, што Техеран постојано го негира. Американски и ирански претставници оваа недела се сретнаа во Швајцарија и известија за напредок во разговорите за ограничување на иранската нуклеарна програма.И покрај тоа, Трамп подоцна изјави дека светот „веројатно во следните десет дена“ ќе дознае дали ќе биде постигнат договор или САД ќе преземат воена акција. Американскиот претседател и претходно изразуваше поддршка за демонстрантите, во еден момент навестувајќи дека „помошта е на пат“.Иранската опозиција во егзил го повикува Вашингтон да ги реализира заканите и да изврши напад, надевајќи се на брз пад на актуелната тврдолиниска власт, додека други опозициски групи се противат на странска интервенција. Спротивставените страни во меѓувреме водат кампањи на дезинформации на социјалните мрежи, обидувајќи се да го наметнат сопствениот наратив за тоа што навистина го сака иранскиот народ.

Свет | пред 3 дена

458216579_1080783120077876_5900604469617049144_n

Гаши: Собранието ќе работи – пратениците нека најдат начин да дојдат, пеш или порано

Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите изјави дека Собранието утре ќе работи паралелно со протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).„Се договоривме сите координатори да разговараат со пратениците да најдат начин да дојдат на седница, без да го попречиме правото на протест на граѓаните. Не верувам дека некој со кола би дошол, дали ќе дојдат пеш или порано, не знам како ќе биде. Но, се договориме дека ние треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест на граѓаните. Нема да има специјално обезбедување на Собранието. Шефот на мојот кабинет се сретна со началниците во МВР, тие си имаат редовни безбедносни протоколи. МВР ги презема сите свои мерки. Се надевам дека се ќе биде мирно и ќе тече се како што треба. Така, тие ќе си протестираат, ние ќе си работиме“, кажа Гаши на денешниот брифинг со новинарите.Во однос на прашањето за коментар за синдикалните барања, Гаши смета дека проблемот не може да се реши само со зголемување на платите.„Сите се бориме за благосостојба на граѓаните. Тоа е прв наш приоритет, но не може да се реши само со зголемувањето на платите. Тоа да зависеше од мене, веднаш би ги покачил сите плати. Треба да се земе предвид целата економска слика. Мислам дека треба да се направи нивелирање на платите по приоритет, да определиме кои функции се најбитни во државата. Од таму да одиме – Претседател на државата, на Собрание, Премиер, пратеник, директор, наставници, доктори… и да имаме поправедно нивелирање на платите. Мислам дека на таков начин најправедно би било да се реши тој проблем“, рече Гаши.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryesms3nf31g9j1nLGof4

Илјадници се собраа кај Бранденбуршката порта во поддршка на народот на Иран

Илјадници луѓе денеска демонстрираа во Берлин во знак на поддршка на иранското национално востание, на денот кога се одбележува годишнината од револуцијата во Иран од 1979 година, со која беше соборена монархијата. Собирот следува по националните протести во Иран што започнаа во декември поради економски тешкотии, а брзо добија политичка димензија и беа задушени во најжестокиот судир со безбедносните сили од Исламската револуција наваму.Според берлинската полиција, околу 8.000 луѓе се собрале кај Бранденбуршката порта, додека организаторите пријавиле учество на 20.000 лица. Шахин Гобади, член на Комитетот за надворешни работи на Националниот совет на отпорот на Иран, изјави дека на протестот имало околу 100.000 учесници и дека илјадници не успеале да допатуваат поради откажани летови предизвикани од временските услови.На собирот се обрати новоизбраната претседателка на Националниот совет на отпорот на Иран, а поранешниот американски државен секретар Мајк Помпео се приклучи онлајн откако неговиот лет беше откажан. Настанот, според организаторите, го поддржале 344 организации и политички личности, меѓу кои парламентарни групи за пријателство со Иран, синдикати и претставници на граѓанското општество од повеќе европски земји, како и 312 ирански здруженија во Европа.„Пораката на иранскиот народ и неговиот Отпор беше и останува иста: без отстапки, без војна или странска интервенција, промена на режимот и суверенитет на република на народот, од народот и со неговиот организиран отпор“, изјави Маријам Раџави на собирот во Берлин.

Свет | пред 2 седмици

media-library7efnc1dq4rhedkld1Xc

(Видео) Мицкоски најави жесток одговор за заканите и нарушувањето на јавниот ред на протестите организирани од тие кои немаат возачки дозволи

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал решителна и силна реакција од полицијата за сите кои го прекршиле законот, упатувале јавни закани и го загрозиле мирот и безбедноста на граѓаните за време на вчерашните протести поврзани со одземањето на возилата на лица кои управувале без возачка дозвола.„Разговарав утрово со министерот за внатрешни работи. Тоа што го побарав од него е оној кој го прекршил законот, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните – жестоко да се одговори. И ќе се одговори за да не се повтори тоа дивеење вчера што се случи“, рече Мицкоски.Изјавата на премиерот доаѓа по серијата протести и блокади на патишта, при што дел од демонстрантите палеа и гуми и отпад и влегуваа во вербални конфликти со полициските службеници. Протестите се реакција на примената на измените на Законот за прекршоци, со кои е предвидено задолжително одземање на возилата на лица затекнати како управуваат моторно возило без положен возачки испит.

Настани | пред 2 седмици

media-librarykt7mfr6be2jn9shRSTK

Протест пред УЈП во Куманово, се приклучија и граѓани од Тетово

Група граѓани од Куманово, кои работеле во американски компании во базите во Ирак и Авганистан, денеска протестираа пред Управата за јавни приходи (УЈП), барајќи институциите да обезбедат проверка на доказите за платените даноци. На протестот им се приклучија и граѓани од Тетово.Учесниците нагласија дека нивната иницијатива нема политичка заднина и не е насочена против ниту една институција или личност, туку претставува борба за правична и законска постапка. Тие апелираат за поддршка од сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или друга припадност.„Упатуваме благодарност до градоначалникот на Куманово, кој јавно се обрати пред Советот на Општината и договори средба со директорката на УЈП. Планираме уште една јавна средба во големата сала на Комитетот со присуство на сите засегнати граѓани, како и на медиумите, за директорката транспарентно да ги образложи ставовите на институцијата“, рече Зоран Наковски во име на присутните.Граѓаните истакнаа дека доставиле и допис за средба до Управата за јавни приходи и изразија благодарност до Советот за отворената расправа. Сепак, нагласија дека биле разочарани од дел од советниците кои не го поддржале ставањето на точката на дневен ред.Протестантите појаснија дека не се против плаќање даноци, туку се спротивставуваат на присилна наплата, селективно толкување на законите и неприфаќање на доставените докази. Главното барање е еднаков и фер третман за сите граѓани.„Бараме правична законска регулатива, не смее да има двојно оданочување. Бараме еднаков третман за сите“, рече Фариз Бајрами од Тетово, најавувајќи дека и во Тетово ќе се одржат протести пред УЈП во вторник со почеток во 14 часот. Во Куманово, протестот продолжува пред општинската зграда во понеделник, исто така со почеток во 14 часот.

Македонија | пред 1 месец

media-librarys1asnt12mv4i8hMzQMa

(Видео) Деновите на кражба ви се одброени, порачаа студентите на протест во Нови Сад

Студентите од Нови Сад со протестот „Што значи победа?“ најавија нова етапа на студентскиот отпор, порачувајќи дека победата не е симбол, туку процес на демонтажа на корупцијата и неодговорната власт.Од Плоштадот на слободата јасно порачаа дека борбата не завршува, туку допрва почнува.„На народот му е преку глава од измами, кражби, перење пари и паѓање на надстрешници. Деновите на вашата кражба се одброени. Ќе дојде ден кога законите ќе важат за сите – и тој ден не е далеку“, порача студент.Поддршка добија и од правната фела. Адвокатката Тања Арсиќ истакна дека молкот е завршен и потсети на историскиот преседан кога судии, обвинители и адвокати заедно протестираа пред Уставниот суд.„Ќе се бориме за држава во која власта е минлива, а правото трајно“, порача таа.Студентите имаат цел да се борат за систем што не познава корупција, туку одговорност – нешто што, како што нагласија, актуелната власт и режимот очигледно не го познаваат. Пример за тоа го наведоа случајот со професорката Јелена Клеут, која и покрај исполнети услови не била избрана во редовно звање.

Свет | пред 1 месец

media-library86q0ro3t99i9bMZWUIa

(Видео)Убиство под федерална значка: Убиството на Рене Гуд ја крена Америка на нозе

Убиството на 37-годишната Рене Никол Гуд, самохрана мајка на три деца, која во Минеаполис беше смртно застрелана од агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE), предизвика масовни протести во Минесота и ширум САД. Случајот повторно ја отвори дебатата за прекумерната употреба на сила од страна на федералните служби.Локалните власти тврдат дека Гуд одбила наредба да го запре возилото и наводно се обидела да загрози службеник, но семејството и пријателите ја отфрлаат таа верзија, опишувајќи ја како грижлива мајка, активистка и наградувана поетеса. Според локални функционери, во моментот на инцидентот таа била „правен набљудувач“ на активностите на ICE.Стотици граѓани се собраа пред имиграциониот суд во Минеаполис барајќи итна и независна истрага, додека организациите за човекови права предупредија на сè почеста употреба на смртоносна сила во федералните акции. За време на протестите дојде и до судири меѓу демонстрантите и федералните агенти, со извици „Срамота“ и „Оставки“.Претседателот на САД изјави дека Рене Гуд сама е одговорна за инцидентот, што дополнително го зголеми гневот во јавноста и критиките кон администрацијата.

Свет | пред 1 месец

evzoni-greece

Убава вест за оние кои нова година ќе слават во Грција: Земјоделците нема да протестираат на граничните премини

Сите кои планираат патување во Грција за новогодишните празници ќе можат непречено да минуваат низ граничните премини и автопатите во следните три дена. Грчките земјоделци решија привремено да ги прекинат блокадите до петок, со цел да им овозможат полесно патување на граѓаните.Граничниот премин Евзони, кој изминатите четири дена беше затворан во повеќечасовни интервали, од денеска до петок ќе биде постојано отворен за сообраќај. Иако тракторите и понатаму остануваат паркирани во близина, тие нема да ја попречуваат проодноста.Сепак, протестите не се стопирани – земјоделците најавуваат дека тракторите ќе останат распоредени долж патиштата низ земјата, додека по празниците ќе одлучат како ќе продолжат со активностите.Во недела напладне, кај патарината Малгара во близина на Солун, е закажан голем состанок на претставници од сите блокади во Грција, на кој ќе се крои понатамошната стратегија.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryukrecpod5n132UjOuU2

(Видео) Бран протести ја зафати Словачка по најавените реформи: Граѓаните бараат оставка од Фицо

Словаците повторно излегоа на улиците, откако контроверзните законски измени најавени од владата на Роберт Фицо предизвикаа силна реакција низ целата земја. Во десет градови, меѓу кои и Братислава, илјадници граѓани синоќа протестираа против мерките што, според нив, ја ослабуваат борбата против корупцијата и го загрозуваат владеењето на правото.Во главниот град, Плоштадот на слободата беше исполнет со демонстранти кои упатуваа барања за оставка на премиерот, додека слоганите и транспарентите жестоко ја критикуваа владината политика. Присутните порачаа дека предложените измени ја отстрануваат една од клучните алатки за заштита на јавниот интерес.Протестите беа поттикнати од одлуката на парламентарното мнозинство, блиско до Фицо, да го поддржи укинувањето на Канцеларијата за заштита на свиркачите – институција која игра значајна улога во откривање злоупотреби и корупција. Овој потег предизвика реакции не само дома, туку и во меѓународната јавност, која го оцени како чекор наназад во заштитата на транспарентноста.Дополнително негодување предизвика и поддршката за измените во Кривичниот законик, со кои се елиминира можноста судовите да ги користат доказите обезбедени од осомничени што соработувале со полицијата во замена за полесна казна. Според новите правила, таквите докази нема да бидат дозволени дури ни во случаи кога соработникот дал лажен исказ во друг предмет.Правните експерти и граѓанските организации предупредуваат дека овие промени може сериозно да го ослабнат системот за гонење организиран криминал и корупција. Демонстрантите порачаа дека ќе продолжат со протестите доколку владата не отстапи од предложените измени.

Свет | пред 2 месеци

media-librarygnjv856a0pis4toKxg1

Протестите за буџетот во Бугарија пресудија: Колективна оставка на целата влада и на премиерот Желјазков

Политичката сцена во Бугарија доби пресврт денеска, откако премиерот Росен Желјазков најави дека кабинетот колективно поднесува оставка. Решението доаѓа по остри несогласувања околу буџетот за 2026 година и по неделите исполнети со масовни демонстрации низ земјата.Желјазков појасни дека коалициските партнери одржале состанок на кој ги разгледале состојбите, иако, според него, владата извесно би ја добила поддршката на гласањето за недоверба. Сепак, како што рече, одлуката ја донеле имајќи го предвид расположението на јавноста.Тој истакна дека протестите обединиле луѓе од различни заедници и генерации, испраќајќи јасен сигнал дека довербата во владата е нарушена. Желјазков нагласи дека коалицијата е формирана со проевропска ориентација, но дека демократските принципи бараат почитување на гласот на граѓаните.Во осврт на економската политика, премиерот тврдеше дека буџетската рамка што ја предложиле била насочена кон социјална поддршка и јакнење на куповната моќ, но дека јавноста или не добила доволно објаснување, или политичките опоненти ја интерпретирале на различен начин.Тој додаде дека демонстрациите биле реакција на „вредностите и на начинот на кој се спроведува демократијата“, а не само на бројките во буџетот.Со поднесувањето на оставката, земјата се соочува со нов политички момент во кој Националното собрание ќе мора да го утврди идниот расплет.

Свет | пред 2 месеци

media-librarykphrar1nroeuaH34lzc

(Видео) Масовни протести во Бугарија: Стотици илјади граѓани бараат оставка од владата

Тензиите во Бугарија не стивнуваат. Синоќа центарот на Софија повторно беше преплавен со демонстранти, кои под слоганот „Оставка. Пеевски и Борисов надвор од власта“ исполнија целиот простор околу т.н. триаголник на власта. Според проценките, присутни биле десетици илјади граѓани — повеќе дури и од масовниот протест од 1 декември. Зад повикот стои опозициската коалиција Продолжување на промените – Демократска Бугарија.Само неколку часа пред протестот, бугарското собрание одржа долга и напната расправа за иницијативата за недоверба на владата, поднесена од ПП-ДБ. И покрај критиките насочени кон економската политика, уште во текот на дебатата стана јасно дека четирите парламентарни групи кои ја држат власта – ГЕРБ, БСП, ИТН и ДПС–Нов почеток, предводена од санкционираниот со американскиот закон „Магнитски“ Делјан Пеевски – ќе ја поддржат владата на Росен Жељасков и во четврток ќе гласаат против недовербата.Организаторите го отворија протестот со саркастичен коментар упатен кон Делјан Добрев: „Вети дека новиот буџет содржи сè што го бараат демонстрантите. Го разгледав – зборот ‘оставка’ го нема никаде.“ Веднаш по тоа, плоштадот одекна со скандирања „Оставка“Улиците околу владиниот триаголник беа буквално непроодни од масите што доаѓаа од правец на Софискиот универзитет. Дури и по повеќе од еден час од почетокот на собирот, нови толпи постојано пристигнуваа.Студентското здружение исто така даде свој глас. Неговиот претставник, Александар Танев, ги праша присутните дали навистина чувствуваат спокој додека „мафијата“ останува на власт. Тој потсети дека на најстариот универзитет во земјата веќе стои огромен транспарент: „Студентите против мафијата“. „Немаме историско време – мора да ја спасиме земјата“, предупреди Танев.Пратеникот Атанас Атанасов од ПП-ДБ им се обрати на демонстрантите, потсетувајќи дека комисијата веќе дебатирала за недовербата и дека гласањето следува в четврток. „Подарете и на Бугарија божиќен подарок – гласајте за недоверба“, порача тој. Атанасов додаде дека владејачката структура „арогантно ги злоупотребила регулаторите и ги поставила своите луѓе да служат на корупциските модели“.

Македонија | пред 2 месеци

media-library6jkpnrge860hdvDDhB3

Студенти и граѓани се собираат пред ФДУ на годишнината од нападот: Пристигнаа и моторџии

Студентите од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ги повикаа сите граѓани да се приклучат на собирот пред факултетот. Денес се навршува една година од нападот врз студентите од страна на приврзаници на Српската напредна партија (СНС), додека студентите одаваа почит на настраданите во уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.По собирот, присутните ќе започнат протестна прошетка. На местото на настанот пристигнаа и групи моторџии кои им дадоа поддршка на студентите.

Свет | пред 3 месеци

media-library7umc01svs6i7c1PZTei

(Видео) 120 повредени лица на антивладините протести во Мексико Сити

На масовните антивладини протести, во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се полицајци, a 20 лица се уапсени.Протестите ги организираше „Генерацијата З“ против криминалот, корупцијата и неказнивоста. Демонстрантите демонтираа делови од бариерата пред Националната палата, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.Активистите се револтирани и поради убиствата на познати личности, вклучително и градоначалникот на Уруапан, Карлос Манзо, кој беше застрелан на 1 ноември поради неговата борба против нарко-картелите.Иако претседателката Клаудија Шеинбаум, која е на власт од октомври 2024 година, и понатаму ужива над 70% доверба, јавноста сè повеќе ја критикува поради серијата високопрофилни убиства и чувството дека безбедносната политика не дава резултати.

Свет | пред 3 месеци

media-library8galdj3qt84meG8BSDm

Нов бран студентски протести се подготвува, но фокусот сега е на Дијана Хрка

Студентските блокади низ Србија продолжуваат да бидат симбол на отпорот против власта, но и покрај плановите за нов бран протести, акциите засега се одложени. Причината, велат студентите, е поддршката што во моментов ѝ ја даваат на Дијана Хрка, мајката на трагично загинатиот Стефан Хрка, која веќе неколку дена штрајкува со глад пред Собранието во Белград.„Имаме подготвен план за нови протести и ништо не е стопирано, само сме се пренасочиле на нешто што сега е поважно – да ѝ помогнеме на Дијана и да ја поддржиме во нејзината борба“, велат студентите од Универзитетот во Нови Сад.Иако за ноември биле предвидени неколку поголеми собири, тие се одложени до понатамошно известување. Како можен датум за следниот протест се споменува 29 ноември – денот кога минатата година започнаа блокадите на факултетите.Покрај барањето за предвремени парламентарни избори, студентите веќе подготвуваат и политичка програма и заеднички настап. „Списокот е готов, а сега ја оформуваме платформата која ќе ги обедини сите универзитети“, појаснуваат тие.Претставниците од Белград и Нови Сад истакнуваат дека конечна изјава или потврда за следните акции ќе има дури откако сите пленуми ќе се усогласат. „Нема одмор, нема пауза, само внимателно ги координираме чекорите. Хоровите се состануваат секојдневно, а наскоро ќе излеземе со заеднички план“, велат студентите.„Ќе има протести – тоа е сигурно. Само сакаме сите да застанеме зад ист датум и ист настап. Нашите барања остануваат исти, борбата продолжува“, додаваат тие.Последниот голем собир се одржа на 1 ноември во Нови Сад – датум што студентите го избраа во спомен на уривањето на настрешницата на железничката станица. На митингот учествуваа студенти од сите делови на Србија, меѓу кои и група од Нови Пазар кои пешачеа 16 дена за да пристигнат.Веднаш по митингот, Дијана Хрка започна штрајк со глад, што повторно ги обедини студентите, средношколците и граѓаните пред Собранието – во време кога Српската напредна партија одржуваше свој паралелен собир.

Свет | пред 3 месеци

media-libraryfhv7j8at9d2ff2H863r

(Видео) Големи немири и инциденти во Белград, се шири снимката од апсењето на кошаркарот Владимир Штимац

Во Белград синоќа беше приведен поранешниот српски кошаркар и граѓански активист Владимир Штимац, јави N1 Srbija. На видеоснимките што се појавија на социјалните мрежи се гледа моментот кога полицијата го уапсила пред зградата на Радио-телевизија Србија (РТС).Според соопштението на српското Министерство за внатрешни работи, издадено околу два часот по полноќ, биле приведени вкупно 37 лица осомничени за нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување инциденти пред Парламентот во Белград. Од МВР соопштија дека потрагата по останатите учесници продолжува.Домашните медиуми објавија дека апсењето на Штимац било по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, поради наводно повикување на насилство во текот на денот пред Парламентот.Главниот град синоќа повторно беше сцена на немири. На снимките од социјалните мрежи може да се види хаотична атмосфера и полициско присуство пред законодавниот дом. До судири дошло меѓу групата наречена „ќаци“ и граѓаните кои протестираа против власта на Александар Вучиќ. Протестот беше организиран како поддршка за Дијана Хрка, мајката на едно од загинатите деца во несреќата во Нови Сад, која започна штрајк со глад.Пред овие настани, Штимац јавно реагираше на нападот врз млад човек кој дошол да ја поддржи Хрка. Според nova.rs, младиот човек бил нападнат од членови на кампот „Ќациленд“, кои му го одзеле знамето со натпис „Трчам за студентите“.Неколку часа подоцна, поранешниот репрезентативец на социјалните мрежи упати остар коментар кон претседателот Вучиќ, пишувајќи: „Дали, лигав, дали се извинуваш вака! Фолирант!“.Вучиќ во изјава за Информер ги нарече демонстрантите „кукавици“ и најави дека државните органи ќе реагираат на сите инциденти.„Кога видоа дека одговорот е подготвен, избегаа. Користеа шишиња, петарди и факели, обидувајќи се да запалат луѓе,“ изјави Вучиќ, додавајќи дека ситуацијата е последица на, како што рече, „дебаклот во Нови Сад“.Сепак, снимките објавени на интернет не ги потврдуваат тврдењата на претседателот дека демонстрантите нападнале студенти во Пионирски парк.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања