(Видео) Политички прогон во Србија – пратеник и активистка во притвор
Српската јавност е вознемирена откако властите изрекоа казни за двајца претставници на Движењето на слободни граѓани (ПСГ). Пратеникот Радивој Јововиќ доби 30 дена затвор во Клиса, додека неговата сопартијка и активистка Исидора Челекетиќ е испратена во домашен притвор со можност да остане таму и до три месеци.Јововиќ беше приведен на 19 август за време на блокадата на Основниот суд во Нови Сад, кога се обидел да влезе од страничниот влез. Само неколку часа подоцна беше уапсена и неговата девојка Челекетиќ. Полицијата ги товари за тоа дека физички го спречиле јавниот обвинител да ја напушти или да влезе во зградата на судот за време на нерегистриран јавен собир.Според соопштението од полицијата, Јововиќ дополнително е обвинет за туркање на полицаец и навредување на службени лица, па против него се води постапка и за напад на службено лице при вршење службени должности.ПСГ реагираше остро, оценувајќи дека станува збор за најголемиот политички прогон врз нив досега.„Движењето на слободни граѓани денес има најмногу политички затвореници во Србија“, велат од организацијата, потсетувајќи дека покрај Јововиќ и Челекетиќ, претходно беше уапсена и Теодора Берак, а домашниот притвор на нивните членови неодамна е продолжен за дополнителни три месеци.„Продолжувањето на притворот на активисти кои се зад решетки повеќе од пет месеци е директно кршење на човековите права. Законот предвидува притвор како исклучителна, а не како редовна мерка“, стои во нивното соопштение.Партијата смета дека станува збор за координирана акција на власта чија цел е да се замолчат критичарите и да се заплашат сите кои бараат демократска и слободна Србија.ПСГ испрати повик до Европската Унија, Советот на Европа и меѓународните организации да реагираат на „системскиот прогон“ и да обрнат внимание на фактот дека, како што тврдат, Србија денес повторно има политички затвореници, а институциите се претворени во средство за политичка репресија.
Свет | пред 4 месеци