РАКОМЕТ

media-libraryd7fc6nj89ok53WprOSg

Скандал на Европското првенство: ЕХФ призна грешка по спорниот гол на Германија против Португалија

Во првото коло од главната рунда на Европското првенство во ракомет, Германија ја совлада Португалија со 32:30, но натпреварот доби и контроверзно продолжение поради погодок постигнат во последните пет секунди.Клучниот момент се случи по изведувањето од центар, кога еден германски играч во моментот на почетниот удар веќе се наоѓаше пред португалскиот гол, додека двајца негови соиграчи ја поминаа централната линија пред судискиот свиреж. И покрај тоа, акцијата продолжи и заврши со гол кој решавачки влијаеше на конечниот резултат.По жестоките реакции од португалската репрезентација, се огласи и Европската ракометна федерација, која призна дека е направена судиска грешка. Од ЕХФ појаснија дека правилната процедура во ваков случај би била повторување на почетното изведување.Дополнително, беше објаснето дека ситуацијата не можела да биде проверена со видео-технологија, бидејќи не спаѓала во категориите што се опфатени со т.н. „ситуации што го менуваат текот на натпреварот“.Селекторот на Португалија, Пауло Жорже Переира, изјави дека последниот погодок бил нерегуларен и изрази загриженост дека тој гол би можел да има сериозни последици во конечниот пласман. Во групи каде што одлучуваат нијанси, токму гол-разликата често е пресудна, особено ако повеќе репрезентации завршат со ист број бодови.

Спорт | пред 1 седмица

media-library62c3sel1bca79hVmGn9

Лазаров по победата над Романија: Имавме шанса за поубедлив триумф, мора да работиме на концентрацијата и менталитетот

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров изрази умерено задоволство по драматичната победа над Романија, истакнувајќи дека триумфот е значаен, но дека натпреварот можел да заврши и со поубедлива разлика.Лазаров нагласи дека Македонија одиграла добар меч против, како што рече, цврста и силна репрезентација. Според него, македонските ракометари делувале како да се изненадиле од фактот што уште во првото полувреме стекнале висока предност од седум до осум голови, иако, како што оцени, Романија во тие моменти била немоќна, а Македонија имала добри позиции за реализација.Селекторот објасни дека во продолжението тимот морал да биде поофанзивно внимателен поради повреди и исклучувања на дел од играчите, што неминовно се одразило врз играта во одбраната. Тој додаде дека се надевал на победа со поголема гол-разлика, најмалку од три до пет голови, но потенцираше дека надежта сè уште постои, иако шансите се минимални.Лазаров истакна дека пласманот понатаму зависи од висока победа на Данска, оценувајќи дека задачата е исклучително тешка, но не и невозможна. Сепак, упати честитки до своите ракометари, нагласувајќи дека нема што да им замери за прикажаното на теренот.Тој повторно се осврна и на, како што рече, проблемот со концентрацијата и менталната стабилност, посочувајќи дека желбата била Македонија да се најде меѓу најдобрите 12 селекции и дека за тоа било потребно повеќе присебност во клучните моменти. И покрај сè, Лазаров потенцираше дека не е незадоволен од настапот и дека репрезентацијата ќе остане да ја следи и бодри Данска, нагласувајќи дека тимот продолжува понатаму со крената глава.

Спорт | пред 2 седмици

media-librarybs9lvikgmoenaXz14OM

Драма до крај: Македонија триумфираше против Романија на ЕП

Македонската ракометна репрезентација оствари исклучително важна и драматична победа над Романија на Европското првенство, славејќи со 24-23 по неизвесна завршница што се реши во самите последни секунди од натпреварот.Херој на победата беше Ненад Костески, кој го постигна решавачкиот погодок неколку моменти пред истекот на времето, носејќи голема радост меѓу македонските ракометари и навивачите. Македонија фуриозно го отвори натпреварот, наметнувајќи висок ритам во нападот и цврста, дисциплинирана одбрана која долго време ја држеше Романија под контрола.Во текот на целиот меч се водеше борба, но македонскиот состав покажа карактер и смиреност во клучните моменти, што на крајот се претвори во заслужен триумф.Ова е прва победа за Македонија на турнирот, по претходниот пораз од Данска и нерешениот исход со Португалија, со што репрезентацијата останува во игра и ја задржува надежта за позитивен исход во продолжението на Европското првенство.

Спорт | пред 2 седмици

media-library7s892734v7psecfxlp3

ЕП во ракомет: Македонија – Романија, меч што носи надеж за Мундијал

Македонската ракометна репрезентација денеска против Романија го затвора настапот во групната фаза на Европското првенство. Натпреварот, кој започнува во 18 часот, носи големо значење за двете селекции, бидејќи победата е клучна во трката за подобра позиција во баражот за пласман на Светското првенство.И Македонија и Романија влегуваат во дуелот со јасна цел – освојување на бодовите кои можат да значат чекор поблиску до мундијалската сцена. За македонската селекција, евентуален триумф би бил прва победа на шампионатот и би ги отворил вратите кон Светското првенство што следува наредната година.Дополнително, иако шансите се мали, Македонија сè уште теоретски е во игра и за пласман во главната рунда на Европското првенство. За такво сценарио ќе биде потребна убедлива победа над Романија, како и поволен исход од другиот натпревар во групата, со помош од селекцијата на Данска.

Спорт | пред 2 седмици

media-library7s892734v7psecfxlp3

Македонија со големо реми против Португалија, Лазаров задоволен од борбата

Македонската ракометна репрезентација освои значаен бод откако одигра нерешено 29:29 против Португалија во натпревар од второто коло во групната фаза. Ова е првиот бод за нашите ракометари, по поразот од Данска во воведното коло (24:36), со што Македонија моментно има негативна гол-разлика од 12, додека Португалија по два меча е на плус шест.По голема борба и драматичен финиш, избраниците на Кирил Лазаров успеаја да се вратат од негатива од пет гола во второто полувреме и да стигнат до реми против селекција која беше полуфиналист на Светското првенство во 2025 година. Македонската репрезентација покажа карактер и дисциплина, а клупата одигра важна улога со тактички прилагодувања во продолжението.Во последното коло Македонија ќе се соочи со Романија. За пласман на второто место во групата ќе биде потребна убедлива победа над Романија, а паралелно и убедлив триумф на Данска против Португалија во натпреварот што ќе се игра по нашиот дуел. Победа над Романија, пак, отвора и реална можност за третото место во групата, што би значело подобар вкупен пласман и евентуално избегнување на два баража за пласман на Светското првенство следната година.По натпреварот, селекторот Лазаров го истакна значењето на бодот и околностите под кои е освоен:„Не е лесно да се игра против светска велесила како Португалија. Ремизиравме со полуфиналист од последното светско првенство и тоа е огромен резултат. Успехот е уште поголем ако се знае дека поради повреди останавме без двете десни крила, а црвен картон доби и Никола Маркоски. Да не беа повредите, уверен сум дека ќе ги победевме. На полувреме се реорганизиравме и со голема борба стигнавме до бод. Во вторник ќе се обидеме да победиме со што поголема разлика. Прво и основно е да ја победиме Романија, а потоа ќе видиме што понатаму. Утре нема да тренираме – потребен е одмор“, изјави Лазаров.Македонските ракометари со ова реми остануваат во игра за поволен расплет во групата, а одлучувачкиот натпревар против Романија ќе ја одреди нивната судбина во продолжението на турнирот.

Спорт | пред 2 седмици

media-library44763hu88e6bcDJliEX

По поразот од Данска, целосен фокус на Португалија: Македонија утре игра за продолжување на надежите

Македонската ракометна репрезентација со убедлив пораз го отвори настапот на Европското првенство, откако синоќа загуби од кодомаќинот Данска со 36:24. Иако разликата од 12 голови беше очекувана со оглед на квалитетот на противникот, избраниците на селекторот Кирил Лазаров во добар дел од натпреварот успеаја пристојно да му парираат на актуелниот светски и олимписки првак, пред речиси 15.000 навивачи во салата во Хернинг.Веќе утре Македонија ја очекува можеби клучната пресметка за пласман во следната фаза, противник ќе биде Португалија, селекција која шампионатот го отвори со победа над Романија од 40:34 и во текот на целиот меч имаше резултатска контрола.По поразот од Данска, селекторот Кирил Лазаров информираше дека денешниот тренинг е откажан, со цел репрезентативците да се одморат и физички и ментално пред важниот дуел во второто коло. Тој се осврна и на отсуството на двајцата искусни ракометари, Никола Митревски и Жарко Пешевски, кои не беа во составот против Данска.„Причината за нивното отсуство се ситни повреди. По разговор со играчите, медицинскиот тим и стручниот штаб донесовме одлука да не настапат. Да беа целосно здрави, сигурно ќе играа. И двајцата имаат добра сезона зад себе и се надевам дека ќе бидат подготвени за неделниот дуел со Португалија“, изјави Лазаров.И покрај убедливиот пораз, атмосферата во македонскиот табор останува оптимистичка. Павле Атанасијевиќ, кој постигна два гола против Данска, потенцира дека клучот за успех против Португалија ќе биде концентрацијата и минимизирањето на грешките.„Имаат опасна полуконтра и брз центар, знаеја да нè казнат по секоја наша грешка. Данска е минато, сега фокусот е Португалија. Мора максимално да се посветиме и да оствариме добар резултат. Тие играат брз ракомет, но ние одиме на победа“, изјави Атанасијевиќ.Фајтерски настап против Данска имаше и пикерот Марко Стојковиќ, кој успеа да се запише и во листата на стрелци. Младиот ракометар истакна дека, и покрај поразот, Македонија има реални шанси да ја мине групната фаза.„Мора да сме свесни дека Данска се светски и олимписки прваци. Дадовме максимум иако тие беа подобри. Пред нас се уште два натпревари. Чувството да се игра пред 15.000 гледачи е одлично, а сега фокусот мора да биде 200 отсто на Португалија и Романија ако сакаме пласман понатаму“, рече Стојковиќ.Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра во недела во Хернинг со почеток во 18 часот, додека последниот дуел од групната фаза против Романија е закажан за 21 јануари.

Спорт | пред 2 седмици

Screenshot-2025-06-05-at-10.48.08

Алкалоид шампион, ЕХФ со конечна одлука

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука за натпреварот со Алкалоид-АЕК во Скопје, во рамки од финалето во Европскиот Куп.-ЕХФ Судот за ракомет увиде дека АЕК задолжително мораше да учествува на закажаниот натпревар. Со одбивање ги прекрши правилата и регулативите на ЕХФ и е виновен.Одлуката на Судот е следната:Резултатот од реванш дуелот од финалето на Европскиот куп на ЕХФ 2024/25 меѓу РК Алкалоид и АЕК Атина е 10-0 и 2-0 во поени. Првиот меч заврши со 29-25 за РК Алкалоид.РК Алкалоид е победник на Европскиот куп на ЕХФ за сезоната 2024/25, стои во соопштението на ЕХФ.

Спорт | пред 7 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-20.50.34

Се огласи Ракометната федерација: Сметаме дека неизлегувањето на терен од страна на РК АЕК претставува директно прекршување на спортскиот кодекс

Ракометната Федерација на Македонија со жалење ја информира јавноста за инцидентот што се случи на вчерашниот натпревар од финалето на ЕХФ Европскиот Куп, на кој македонскиот претставник РК Алкалоид требаше да се соочи со грчкиот тим РК АЕК пред домашна публика во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.„Натпреварот не се одигра откако тимот на РК АЕК одби да излезе на теренот. Според информации со кои располага федерацијата, причината за оваа одлука на гостинскиот тим е поврзана со бројот на навивачи од Грција кои допатуваа во Скопје, и покрај тоа што за гостинскиот тим беа одобрени 200 влезници, значителен број навивачи бараа пристап на трибините без обезбедени билети. По повеќе од 30 минути неизвесност и чекање, организаторите беа принудени да го одложат натпреварот, поради отсуството на едниот тим на теренот. Со ова, спортскиот дух и фер-плеј беа сериозно нарушени, а публиката и македонскиот ракомет беа лишени од едно финале на кое долго се чекаше“, велат од Ракометната Федерација на Македонија.Тие додаваат: „Ракометната Федерација на Македонија остро го осудува ваквото однесување, кое е спротивно на правилата и регулативите на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Сметаме дека неизлегувањето на терен од страна на РК АЕК претставува директно прекршување на спортскиот кодекс и обврските кои произлегуваат од учеството во натпреварувањето организирано под капата на ЕХФ. Во таа насока, Ракометната Федерација на Македонија ќе достави официјално известување до ЕХФ, со барање за соодветна постапка и санкционирање согласно постојните прописи. Очекуваме ЕХФ да донесе праведна одлука која ќе го заштити интегритетот на натпреварувањето и фер односот кон клубовите кои ги почитуваат правилата. Истовремено, изразуваме целосна поддршка на РК Алкалоид, кој покажа максимална спортска подготвеност и професионален пристап. Убедени сме дека нашите клубови, навивачи и сите засегнати страни заслужуваат фер и транспарентен третман“.

Спорт | пред 8 месеци

IMG_5763

Се огласи грчкиот клуб: Одлуката беше принудна

АЕК на нивната официјална Фејсбук и интернет страница се огласи по повод мечот против Алкалоид кој вечерва не се одигра. Тие потврдија дека не излегле на терен поради тоа што на нивните навивачи не им било дозволено да влезат во Македонија.“АЕК значи чест, гордост, почит и морални вредности. АЕК значи семејство, АЕК значи УНИЈА! Најголема поддршка на АЕК со текот на времето се неговите навивачи. И непочитување во овој свет е и непочитување кон АЕК. Вечерва администрацијата на АЕК во еден глас донесе тешка, но принудна одлука. Ниту една сила не може да му направи неправда на овој свет, како што се обидоа да направат локалните власти што кулминираше со тоа што не им дозволи на некои од нашите навивачи да ја преминат границата и да влезат во земјата, како што беше договорено на утринскиот безбедносен состанок. Сите сме тука, продолжуваме обединети, не преговараме за цената на АЕК”, велат од клубот.

Спорт | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-25-at-20.50.34-1

Се огласи ЕХФ по откажаниот натпревар помеѓу „Алкалоид“ и „АЕК“: Не се одигра поради безбедносни причини

Натпреварот што требаше да биде круна на европската ракометна сезона за клубот Алкалоид заврши без одигрување. Финалето од Европскиот куп на ЕХФ против АЕК Атина официјално е откажано поради безбедносни причини, соопшти Европската ракометна федерација.„Финалето на Европскиот куп на ЕХФ, помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК Атина, е откажано поради безбедносни причини. Дополнителни информации за понатамошните процедури ќе бидат соопштени навремено“, наведуваат од ЕХФ.Сепак, извесно е дека грчки АЕК се откажал поради притисоци од навивачите кои поставиле ултиматум до сопственикот клуб. Во Македонија дошле повеќе од 200 навивачи, без карти и не можеле да влезат. Барале од управата на клубот да го напушти теренот за да не трпи последици по нивното враќање во Атина.

Свет | пред 8 месеци

alkaloid-grcija

„Алкалоид“ чекаше, „АЕК“ се повлече – финалето стопирано

Натпреварот што требаше да биде ракометен спектакл во Скопје – финалето меѓу Алкалоид и АЕК – е откажан пред самиот почеток. Причината? Екипата на АЕК одби да излезе на терен, поради спор околу влезот на нивните навивачи.„Натпреварот вечерва нема да се одигра за жал. АЕК нема да излезе на терен. Така што, за понатамошни инструкции што со овој натпревар, ќе чекаме информации. За вечерашниот натпревар што требаше да биде спектакл, се извинуваме. Добивме информација дека екипата на АЕК не сака да го одигра натпреварот“, рече официјалниот спикер.Вечерва требаше да се додели пехарот, но тоа нема да се случи. За судбината на ова финале ќе се одлучува дополнително. Според неофицијалните информации, екипата на АЕК се откажала оти сакале во салата да влезат повеќе од 200 нивни навивачи, што било недозволиво и надвор од дадените насоки.Неофицијално, играчите на АЕК сакале да го играат натпреварот, ама претседателот на клубот бил во кавга со навивачите и добивал закани. Па затоа, била донесена ваква одлука. Дали ќе има нов натпревар или ќе биде доделен пехарот на „Алкалоид“, ќе одлучува Европската ракометна федерација.

Спорт | пред 8 месеци

Screenshot-2025-01-19-at-15.04.52

Македонија казнета по скандалот на натпреварот со Холандија

Победата на Холандија над Македонија (37:32) во Вараждин остана во сенка на голем навивачки бунт.Испровоцирани од двата црвени картони, кои данските судии ги доделија на нашата репрезентација, македонските навивачи почнаа да фрлаат тврди предмети на теренот, па Холанѓаните мораа да истрчаат во соблекувалната.Mеѓународната ракометна федерација реагираше и им испорача казни и на Македонската федерација и на организаторите.Исто така, Хрватите беа предупредени дека Арената во Вараждин ќе биде затворена доколку се повторат слични инциденти, додека затворањето на трибината е задолжително.Дополнително, мора да се зголемат безбедносните мерки и бројот на обезбедувачи и полицајци.

Спорт | пред 1 година

473438293_941511261444007_1536244837461533096_n

Нерешено заврши натпреварот Македонија-Унгарија на Светското првенство во ракомет

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено на првиот натпревар од Светското ракометно првенство. Имавме напад за триумф, водство и меч-топка, но не ја реализиравме, а Унгарија знаеше да се извлече и да израмни за еден освоен бод.Македонските репрезентативци одиграа 27:27 (14:14) со Унгарија во салата во Вараждин, каде имаа голема поддршка од македонските навивачи.Унгарија се чинеше дека имаше успешен старт на натпреварот, Зоран Илиќ ги постигна првите два гола и исто така зголеми на 5-2 за Унгарците. Но, тогаш Мартин Митревски го блокира голот на Македонија, Унгарија исто така направи неколку лоши додавања и Македонија влезе во игра - прво директно израмнување, а потоа уште два гола. Пред сѐ Филип Кузмановски презеде голема одговорност во тимот на Кирил Лазаров и умешно ја водеше играта.Унгарците дури пред крајот на првото полувреме се доближија и конечно можеа да се изборат за резултат 14:14 на полувремето.Утре е ден одмор, а во петок нашите ракометари повторно ќе истрчаат на теренот, против селекцијата на Холандија (18 часот).

Свет | пред 1 година

rak-419749

Македонските ракометарки го освоија првиот бод на ЕП 2024

Македонската женска ракометна репрезентација вечерва одигра нерешено, 25:25 со Турција во 2. коло на Европското првенство 2024.Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски лошо го отворија натпреварот и по 20-ина минути имаа негатива од пет голови (6:11). Сеапк, до паузата успеаја да надополнат два гола и резултатот по 30 минути беше 12:15.Различна слика во вториот дел. Македонките со серија од седум последователни погодоци од 15:20 дојдоа во водство со 22:20. Во последните пет минути се влезе со 24:24. На една минута до крајот беше 25:25, Турција не го искористи нападот и двете селекции освоија по бод.За најдобар играч на натпреварот е прогласена Сара Ристовска која со осум голови беше и најефикасната во двете репрезентации.На другиот меч од 2. коло во А-групата, домаќинот Унгарија ја совлада Шведска со 32:25.Унгарија е лидер на табелата со 4 бода, Шведска има 2, Турција и Македонија по 1

Спорт | пред 1 година

d_sos20151120017-e1542306005905-1024x578

Груевски: Честитки за ракометарите, селекторот, стручниот штаб и федерацијата

По победата на македонските ракометари и пласирањето на светското првенство, се огласи и поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски.„Борбено, во напната атмосфера со тежок противник и многу добро одигран натпревар на македонскиот тим, кој резултира со пласман на светско првенство. Честитки за ракометарите, селекторот, стручениот штаб и федерацијата. Со успех на светското првенство#македонија се гордее со вас“, напиша Груевски.https://twitter.com/ilijadimovski/status/1515768879699607559?s=20&t=BW0N7Opr6wKXoip_1TCBJw 

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања