Балистички ракети и дронови над Киев и Харкив: погодена станбена зграда, најмалку петмина загинати
Русија во ноќеска изведе напад со балистички ракети и беспилотни летала врз Киев и други украински градови. Во Харкив, при директен удар врз повеќекатна станбена зграда, загинаа најмалку пет лица, а десетмина се повредени, соопштија локалните власти.Според првичните информации, проектилот ја погодил зградата во киевскиот реон на Харкив, по што избувнал пожар и настанале големи разурнувања. Спасувачките екипи извлекле тела на жртвите од урнатините, додека потрагата и расчистувањето продолжија и по нападот.„Потврдено е дека балистички проектил директно погоди повеќекатница. Има значителна штета, избувна пожар, а можно е луѓе да се заробени под урнатините“, соопшти градоначалникот на Харкив, Игор Терехов.Државната служба за вонредни состојби наведе дека меѓу повредените има и две деца. Во меѓувреме, во Чугуев во Харкивската област, уште две лица биле повредени откако руски дрон околу 01:20 часот погодил семејна куќа.Експлозии биле пријавени и во украинскиот главен град. Првите детонации се слушнале околу 01:30 часот по локално време, а нови следеле десетина минути подоцна. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, ги повика граѓаните да останат во засолништа додека дејствува противвоздушната одбрана.„Во главниот град дејствуваат силите на противвоздушната одбрана. Останете во засолништа“, порача Кличко.Поради нападот, околу 03:00 часот била прогласена воздушна тревога за целата земја. Експлозии биле забележани и во Одеса, а украинските воздушни сили известиле за повеќе групи дронови кои се приближувале кон градот.Украинските власти повторно укажаа дека нападите сè почесто ги погодуваат цивилните населби и критичната инфраструктура, додека службите на терен се обидуваат да ја проценат штетата и да обезбедат помош за погодените населени места.
Свет | пред 1 седмица