„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

filipce-sdsm-co-3

Седница на ЦО на СДСМ: Конгрес за избор на ново раководство и нови политики, се воведуваат и два организациски секретари

На вчерашната попладневна седница на Централниот одбор на СДСМ се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во земјата а беа донесени и неколку одлуки.„Оценка е дека за само 5 месец Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните и ги показија сите изборни ветувања пред и за време на изборната кампања. Власта спроведува погрешни економски политики поради кои животниот стандард на граѓаните опаѓа, цените растат а се намалуваат платите, додека на грбот на граѓаните се товарат нови долгови.Секојдневно се случуваат бројни скандали и злоупотреби за кои нема одговорност од власта, се спроведува брутална партизација на институциите и целосно истиснување на професионалците“, велат од СДСМ.„Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ досега не испорача никаков резултат, ја загрози европската перспектива на земјата и Македонија ја води во голема неизвесност.Во однос на внатрепартиските постапки во рамки на СДСМ, Централиот одбор донесе одлука дека на 24 ноември ќе се одржи 30-тиот Конгрес на СДСМ на кој што ќе се избре новиот Централен одбор и ќе се разговара за идните политики на партијата.Согласно одлуката на Централниот одбор, на 30 тиот Конгрес ќе бидат предложени измени на Статутот на СДСМ со воведување на уште еден организациски секретар и со прецизирање на принципите на родова еднаквост за избор на заменик претседател на СДСМ.Воведувањето на два организациски секретари е поради потребата од засилување и подобрување на оперативната работа на партијата.Централниот одбор одлучи пред одржување на 30тиот Конгрес да продолжи со работа и 29-тиот Конгрес кој беше прекинат на барање на општинските организации.Заедничка е оценката дека интензивната работа во изминатиот период води до консолидација на СДСМ, забележано е подобрување на атмосферата во општинските организации и до посетепено враќање на довербата.СДСМ и во опозиција останува на страната на граѓаните и ќе продолжи да се спротивставува на погрешните политики на власта но и со активностите кои значат грижа за стандардот на граѓаните, преку законски решенија во Собранието“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

filipce

Филипче: Денот на ромскиот јазик е потсетник за важноста на културната инклузија и почитување на различностите

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче го честита Денот на ромскиот јазик – јазик кој е неразделен дел од културата и идентитетот на Ромската заедница, но и на богатството на нашето заедничко мултиетничко општество.„Како Претседател на СДСМ, упатувам искрена честитка до сите граѓани, особено до припадниците на Ромската заедница, кои со гордост го негуваат и пренесуваат овој јазик низ генерациите.Преку промоција на ромскиот јазик, не само што ја зачувуваме традицијата и историјата на еден народ, туку испраќаме и силна порака за почитување на различностите и за нашата заложба за инклузивно општество, во кое сите граѓани имаат еднакви можности и права.Нашата партија, СДСМ, останува посветена на градење на држава во која културните и јазичните богатства на секој народ ќе бидат признаени и вреднувани. Нека овој ден биде потсетник за значењето на ромскиот јазик и за нашата заедничка одговорност да го зачуваме како дел од богатото културно наследство на нашата земја. Честит Ден на ромскиот јазик!“, стои во честитката на Филипче.

Македонија | пред 1 година

JovanaTrencevska

(Видео) Со предлог на СДСМ за укинување на ДДВ ќе поевтинат над 250 категории на производи, вели Тренчевска

„Со усвојување на предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи храна, граѓаните ќе може да заштедат и до 2.000 денари месечно. Со ова законското решение се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти“, рече Јована Тренчевска - пратеничка на СДСМ.„Тоа ќе даде реален ефект и вистински ќе ги намали малопродажните цени на прехранбените производи, со што ќе се намали и вредноста на потрошувачката кошница.Учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, што значи ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети.Бенефитите ќе бидат за граѓаните а воопшто нема да ги оптоваруваат компаниите. Оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата.После еден месец се покажа дека владината мерка за замрзнување на маржите не донесе никаков резултат. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари во споредба со минатито месец, во период кога просечната плата се намали за 1.000 денари.Затоа СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат ова законско решение.Ја повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да не води политички инает врз грбот на граѓаните. Наместо постојано да одбива добри законски решенија предложени од опозицијата да се одважи и да ги поддржи.Нема ниту еден аргумент ВМРО-ДПМНЕ зошто е против оваа мерка, против ова законско решение за укинување на ДДВ-то на основните производи. Освен дека е против затоа што е поднесена од СДСМ.Споредбите со периодот кога СДСМ успешно спроведе мерки за намалување на цените се несоодветни. Само со една од мерките што СДСМ ја донесе пред две години, поевтинија над 500 производи, или околу пет пати повеќе од сега.Граѓаните немаат време да чекаат, додека трошоците за живот секој месец растат. Потребни се ефикасни, реални и системски решенија како ова законско решение.За овој предлог закон треба да дадат поддршка сите пратеници, затоа што е во интерес на граѓаните и ќе овозможи подобар животен стандард и одржлива економија. Тоа е обврска на сите пратеници, без разлика каква политичка идеологија имаат или од која партија доаѓаат“, изјави Јована Тренчевска - пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot_1Lj

Николовски: СДСМ реализираше 90% од ИПАРД 2

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во емисијата „На кавга со Иван“ на Канал 5 телевизија истакна од програмата ИПАРД 1 до 2015 година биле искористени само 10%, а 90% од средствата биле вратени.Програмата ИПАРД 2, во периодот од 2017 до 2023 година има искористеност од 90%. Тоа е огромна разлика, нагласи Николовски, додавајќи дека СДСМ ги креираше политиките заедно со земјодлеците во нивен интерес.Извозот на овошје и зеленчук драстично расте, извозот на преработувачката индустрија е зголемен за 100%, извозот на вино расте секоја година, има 300 нови винарии, земјодлеците користат зелена нафта, а членството во ЕУ мора да биде цел, за подобар квалитет на живот за граѓаните, за пристап до големиот европски пазар, но и за фондовите, кои ќе обезбедат модернизација на кој било сектор, вклучително и на земјодлеството, истакна пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски.

Македонија | пред 1 година

Fatmir-B

Битиќи: Трошоците за храна реално ќе се намалат со предлог-законот на СДСМ за укинување на ДДВ

„Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ДДВ кој го поднесовме вистински ќе помогне, не на опозицијата, не на власта, вистински ќе помогне на граѓаните, за да им помогнеме за потрошувачката кошница да се намали“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на „Телевизија 24“, во однос на законските измени поднесени од СДСМ, а со кои се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи од 5% на 0% ДДВ, а што ќе значи месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.Реплицирајќи на оценките на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, изнесени во емисијата, дека законот е „лицемерен потег“ и исто законско решение било предложувано од негова страна и претходно, пратеникот Битиќи потенцираше дека станува збор за носење на законско решение во различни времиња.„Законот за намалување на ДДВ се носи во различни времиња. Само да ве потсетам колку мерките кои што сме ги донеле ги променија економски состојби. Инфлацијата која беше увезена ја намаливме од 19% на 3%, за денес да може да зборувате за 2,5 % и тоа е поради одредени мерки што сме ги носеле. Во септември потрошувачката кошница е зголемена за 1.000 денари во однос на август, за во октомври да се намали за 940 денари. Односно 54 денари е разликата на цените во однос на тие што биле во август и тоа е реалноста“, рече Фатмир Битќи, пратеник од СДСМ.Тој истакна дека СДСМ е конзистентен во политиките, што се препознава во тоа што за време додека беше на власт се работеше да подобрување на стандардот на граѓаните и ублажување на последиците од зголемената инфлација.„Имаше намалување на цени, имаше шест различни мерки кои што го дадоа ефектот. Ние ги замрзнавме цените во одреден временски период, воведовме ограничување на маржи во одреден временски период. Го донесовме Законот за нефер трговски практики, кој што во суштина сега треба да се спроведува, со кој за првпат сме една од земјите на Западен Балкан која што има еден таков закон, а кој ни приближно не се спроведува. Ние си остануваме конзистентни, а тоа е дека ќе направиме се граѓаните да имаат подобар живот“, рече Битиќи и дополни дека за ова предлог законско решение за намалување на ДДВ-то треба да се соочат аргументите на комисиска расправа во Собранието.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

До 2.000 денари заштеда за граѓаните со предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи, вели опозициската партија

„Усвојување на предлог Законот на СДСМ за укинување на ДДВ на основните производи на храна значи месечна заштеда за граѓаните и до 2.000 денари. Со предлог Законското решение на СДСМ се опфатени над 250 категории на производи за кои ДДВ то ќе се намали од 5% на нула проценти“, соопшти СДСМ.„Бидејќи учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, ефектите од оваа мерка со заштеда и до 2.000 денари значително ќе влијае на заштита на стандардот на граѓаните и состојбата на семејните буџети.СДСМ ја разви оваа мерка во консултации со експерти и бизнис секторот и бенефитите ќе бидат за граѓаните а нема да ги оптоваруваат компаниите.За спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски.После еден месец примена владината мерка за замрзнување на маржите не донесе никаков ефект. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека просечната плата се намали за 1.000 денари.СДСМ ги повикува сите пратеници да го поддржат законот. ВМРО-ДПМНЕ да не води политички инает врз грбот на граѓаните и наместо постојано да одбива добри законски решенија предложени од опозицијата да се одважи и да ги поддржи“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

VFpessS2-1

(Видео) Филипче: Најавите за предвремени избори се доказ дека на Владата не и оди

СДСМ е подтовен за какви било избори, тоа што има најава за предвремени избори само 5 месеци по формирањето на Владата е доказ дека на Владата навистина не ѝ оди, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во одговор на новинарско прашање.-Нашата теренска анкета покажува дека 65 % од граѓаните не се задоволни од работата на Владата. Тоа значи дека двајца од тројца испитаници од граѓаните не се задоволни од животниот стандард, од тоа што Албанија не претрка на европскиот пат. Ова кокетирање со ДУИ би рекол дека е пред се порака до ВЛЕН и до ЗНАМ коишто очигледно имаат маргинализирана улога и практично преполовена поддршка. Што се однесува на СДСМ, ние сме спремни да одиме на какви било избори, од денеска па натаму. На секој следен циклус на избори ние ќе настапиме многу поорганизирано и многу поуспешно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

Филипче додека зема народни пари има обврска да дава отчет каде ги троши истите, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Довчерашниот државен функционер и денес претседател на СДС, Венко Филипче иако плата земаше од пари на народот како министер, а сега како пратеник во Собранието сака никој да не се интересира за неговиот приватен живот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на ставовите на Венко Филипче.„Епа Филипче додека зема на сметка од народот треба да даде отчет за се, дури и за приватниот живот.Обичен граѓанин не може да собере пари да го скрпи животот од први до први, а не уште да оди на приватни и елитни места за забава.Многу е едноставно, на СДС народот му даде црвен картон на изборите, а Филипче ако мисли дека е лидер на барем малку сериозна партија нека се погрижи истата да ја стави на нозе, а потоа да се вклучи како сериозен политичар во политичкиот и општествениот живот“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

(Видео) На 24 ноември Конгрес на СДСМ за избор на ново раководство

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, изјави дека на 24 ноември СДСМ ќе го избере новиот Централен и Извршен Одбор, како и целокупното партиско раководство. На Конгресот ќе се дискутира за идните политики и делување на партијата.„Имаме комуникации со граѓаните постојано, и јас лично и претставниците на пратеничката група во рамки на изборните единици каде што се избрани. За 24 ноември е закажан Конгресот на СДСМ на кој што ќе се избре новиот Централен одбор од кој ќе произлезе новиот Извршен одбор и целокупното партиско раководство, по што сите активности ќе се засилат“, рече Филипче.При тоа, Филипче потенцираше дека во моментов во СДСМ се случува значајна консолидација и активно се работи на враќање на довербата во партијата.„Тоа што го работиме интензивно изминатите месеци е враќање на довербата на нашите членови и симпатизери. Можам да кажам дека имаме позитивен фидбек. Има значително подобрување на атмосферата внатре во општинските организации и тука во централата во Скопје. Вратен е ентузијазмот, ни пристапуваат многу наши членови коишто не гласале или пак гласале за друг политички субјект. Така што , иако тој процес не е лесен, тежок е и одзема време, сметам дека патот на консолидација е дефинитивно почнат“, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

venk0f

(Видео) Жолтите комбиња станаа дронови, шилото стана црвче Мицкоски кажува лаги оти е неспособен да води држава, вели Филипче

„Немоќта на Христијан Мицкоски да се справи со водењето на државата, ги затскрива со измислени состојби и лаги“. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање за наводно следење со дронови на Мицкоски кога бил лидер на опозиција, ја потести јавноста за серијата измислени ситуации пласирано во јавноста од сегашниот премиер.„Лагите на премиерот еволуираат во зависност од тоа како еволуира технологијата. Во еден дел жолтите комбиња еве станаа дронови, во друг дел видовме на собраниската седница шилото, стана црвче. Премиерот откога е на функција, како да живее во некој паралелен Универзум, некои работи само тој ги гледа. Имаше некое мито за Коридорот, железничките кое само тој го виде, имаше дестабилизација, па сега нема. Па беше Бехтел и Енка скандалозно коруптивен проект на кој што сега се сликаат и повикуваат на промоција“-изјави Венко Филипче.На собраниска седница, Мицкоски одбегнувајќи да одговори на пратеничко прашање на претседателот на СДСМ, Филипче поврзано со скандалозното назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ, рече дека кога било ВМРО ДПМНЕ во опозиција, безбедносните го следеле со дронови. Познатата теза на претходникот на Мицкоски, Груевски „вистината е како шило“, сега Мицкоски ја преиначи во „вистината е како црвче“. Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека договорот со „Бехтел и Енка“ е историски криминал, за пред некој дена да каже дека е супер проект. Премиерот пред неколку месеци говореше и дека за Коридорот 8, секција 3 за железницата, му понудиле мито, но и од тој случај не излезе ништо на видело. Мицкоски исто така гледаше и најавуваше опасност од дестабилизација.„Би рекол дека тој измамнички пристап е карактеристичен само за луѓе кои што не можат да се носат со функцијата и бегаат во лага тогаш кога имаат сериозен предизвик и не може да изреагираат, немаат што да направат“-изјави Филипче, претседател на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Venko-FpressS1-2

(Видео) „До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени“, вели Филипче

Во насока на ублажување на ударот по стандардот на граѓаните и реално намалување на трошоците од месечната потрошувачка кошничка, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во Собранието поднесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.Предлог-законот го претстави претседателот на СДСМ, Венко Филипче според кого, измените ќе значат месечна заштеда за граѓаните од 1.200 до 2.000 денари.„Во Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се предвидува укинување на ДДВ-то за прехранбените производи, односно од 5% на нула проценти ДДВ, за сите основни производи за исхрана. Во предлогот се опфатени над 250 категории производи кои ќе бидат со нула проценти ДДВ“, истакна Филипче на денешната прес-конференција што се одржа во Собранието.Имајќи предвид дека учеството на храната и пијалакот во потрошувачката кошничка изнесува 23.000 денари, според Филипче, ефектите од намалувањето на ДДВ-то на нула проценти ќе донесе заштеда за граѓаните до 2 илјади денари месечно.„Она што е најважно е дека за спроведувањето на предлог-законот не е потребно обезбедување на финансиски средства и оваа мерка нема да може да биде изиграна од трговците како што тоа се случи со мерките на Владата на Христијан Мицкоски“, рече Филипче.СДСМ преку консултации со експерти и бизнис секторот разви мерки кои го штитат стандардот на граѓаните без да ги оптоваруваат компаниите и како опозиција и понатаму остануваме посветени на заштита на нивните интереси, додаде ФилипчеТој ги повика сите пратеници, без разлика на политичката идеологија, да го поддржат законот, но упати и критика до владините политики кои ги оставија граѓаните со сè помали буџети за кои основните прехранбени производи станаа луксуз, а мерките за нивно поевтинување се сведоа на празни налепници и неефикасна ПР кампања.„По еден месец, владината мерка за наводно поевтини основни прехранбени производи, се покажа како целосно неефикасна. Потрошувачката кошничка се намали само за 57 денари додека истовремено платите паѓаат. Реалноста е дека голем дел од цените не се намалија, некои се намалија минимално, а за некои производи цените дури и се зголемија“, потенцира Филипче.Претседателот на СДСМ потсети на ефективните економски модели што ги спроведуваше Владата на СДСМ, кои со само една мерка овозможија поевтинување на над 500 производи, или пет пати повеќе од сегашните резултати.

Македонија | пред 1 година

filipce-pres3

(Видео) Филипче: Владата итно да го примени законот за нефер трговски практики и да ги заштити граѓаните

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска на прес-конференција во Собранието, повторно ја повика Владата веднаш да почне да го применува Законот за нефер трговски практики, со кој ќе се заштити буџетот на граѓаните и ќе го намали самоволието на трговците и добавувачите. СДСМ со овој закон создаде системско решение со кое воспостави јасни правила за да не може да се манипулира со цените на производите, а од друга страна и со законското решение се воспоставува ред во односите меѓу трговците и добавувачите на прехранбени производи.„Владата да престане да тактизира со Законот за нефер трговски практики и веднаш да почне неговата примена. Овој закон опфаќа над 2.600 земјоделски производи кои се веќе дефинирани и готово применливо решение што го донесе Владата на СДСМ“-изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Со законот се регулираат 26 нефер трговски практики, со кои над 2.500 земјоделски и прехранбени производи ќе имаат ограничени маржи од 10%. Тоа значи дека нема да има неосновано покачување на цените и создавање на дополнителни трошоци кои директно ги погодуваат граѓаните.СДСМ создаде системски закон за разлика од владата на ВМРО ДПМНЕ која носи половични мерки кои не даваат резултати. Ограничувањето на маржите за 73 производи, кое го наметна власта, не ги намали цените и не донесе олеснување за граѓаните.

Македонија | пред 1 година

VFpessS2

(Видео) Законот за минимална плата од 450 евра е повторно поднесен, Владата да го прифати, бара Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието на Република Северна Македонија, соопшти дека денеска СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра. Овој закон, беше одбиен од владината коалиција со образложение дека нема фискални импликации.„СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра, кој владината коалиција го одби со образложение дека нема фискални импликации. А, во исто време прифати други закони поднесени од ВМРО-ДПМНЕ без фискални импликации. Најостро го осудуваме функционирањето на Собранието по двојни стандарди и имплементирањето на пракси на делување согласно индивидуални толкувања на деловникот“, рече Филипче.Владата предводена од СДСМ во период од седум години, креираше политики за постојан раст на платите и подобрување на животниот стандард на работниците. Растот на минималната плата беше приоритет за Владата на СДСМ и се зголеми од 8.000 денари на сегашните 22.567 денари. Оваа плата не само што го зголеми стандардот на работниците, туку влијаеше и на порастот на просечната плата во целата земја.На прес-конференцијата, Филипче порача дека во овој период граѓаните очекуваат одговорни политики и мерки кои ќе резултираат со реални ефекти.„Ова не е време за празни зборови, туку за храбри и одговорни политики кои ќе обезбедат видливи резултати. Граѓаните заслужуваат Влада која се грижи и работи во интерес на граѓаните. СДСМ како одговорна партија, секогаш ќе биде на страната на граѓаните. Нашата борба е за секое семејство да има достоен живот, подобар животен стандард со кој сите граѓани ќе можат да ги покријат основните потреби без грижа“, посочи Филипче.

Македонија | пред 1 година

market-pari

„Владата нема решение - ќе предложиме вистински мерки за намалување на цените на производите“, велат од СДСМ

„Владата на Христијан Мицкоски се покажа неспособна да го реши постојаното зголемување на цените на производите и целосно ги разочара граѓаните“, соопшти СДСМ,„Мерката за замрзнување на маржите требаше да биде спасот од високите цени но се покажа како големо промашување. Цените во маркетите не се намалија, во најголем дел цените останаа исти. За симболични 57 денари се намали потрошувачката кошничка за граѓаните за еден месец, ете толку „заштедија“ граѓаните за еден месец.Поскапувањето на цените се голем товар семејствата и родителите секој ден. Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари. Тоа е резултатот на погрешните економски политики на Мицкоски и ДПМНЕ.Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња и затоа СДСМ ќе поднесе законско решение за вистинско намалување на цените.Ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените. СДСМ е тука за граѓаните и ќе продолжиме да се бориме за подобрување на стандардот“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

nikoloski

Николовски повторно фатен во лага, немало никакви преговори за Коридорот 8, вели СДСМ

„Тунелот кон Бугарија дел од пругата на Коридор 8 за Николовски беше слет тунел и најавуваше нова траса“, вели СДСМ и додава:Одеднаш тунелот прогледа и ќе проектот ќе се прави онака како што беше испланиран од преходно, без измени.Заплеткан во своите лаги Николовски се обиде да се оправда со тврдење дека на средба помеѓу директорите за железничка инфраструктура на Бугарија и Македонија биле прифатени „три клучни аргументи„ на Николовски за проектот.И повторно, Николовски е фатен во нова лага. Се работело за технички состанок на којшто се прецизирале само технички прашања за доизградба на прекуграничниот тунел Деве Баир.Немало ниту прифатени аргументи, ниту измени во планот за градба, ништо.Ова е уште еден шамар за лагите на Николовски и признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните.Од историски криминал и коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти.Очигледно работата на Николовски се сведува на лажање на народот и фалење со проектите на СДСМ, ништо друго.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања