„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

Screenshot-2024-10-27-at-11.48.11

Освен сертификатот за англиски јазик на Христовски Обвинителството треба да го истражи и стажот, бара СДСМ

„Освен сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ, Бојан Христовски, за којшто медиуми и во Македонија и во Бугарија покажаа дека е фалсификат, Обвинителството треба да го истражи и стажот“, велат од СДСМ и додаваат:Документи доставени од свиркачи до СДСМ покажуваат сериозни пропусти. Според изводите од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, може да се оспори еден од клучните услови кој што е потребен а тоа е стаж од 5 години на раководна функција. Многу лесно може да се утврди дека го нема.Значи Христовски свесно употребил фалсификуван документ за да ја добие оваа позиција, што претставува кривично дело. Очигледно и свесно навел само години без прецизни датуми за неговиот стаж на раководни позиции. Затоа обвинителството треба да го истражи и овој аспект.Во контекст на овој скандал со партизација на АНБ, јавноста веќе е запознаена дека две директорки се казнети за лажни сертификати од истото место – компанијата Јулија ЦО ЛТД, од каде што е и сертификатот на Христовски.Ова се сериозни законски и етички прекршувања кои бараат итна реакција од надлежните институции.СДСМ повикува Министерството за внатрешни работи веднаш да покрене кривична пријава против Христовски, а Јавното обвинителство да го расчисти случајот во најкраток можен рок.СДСМ ќе продолжи да инсистира на законитост и одговорност, за да ги зачуваме професионалците и функционалноста на безбедносните структури на државата.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-28-1040PM

Дурмиши не бил во маркет, граѓаните „заштедиле“ 57 денари за еден месец, реагира СДСМ

„Со голема помпа најавуваната мерка на владата на Мицкоски за замрзнување на цените граѓаните не ја почувствуваа дека воопшто постоеше. Единствено граѓаните почувствуваа само разочарување. Симболични 57 денари, ете толку била заштедата на граѓаните за еден месец“, велат од СДСМ.„Дурмиши очигледно не бил во маркет, не ги видел цените дека нема намалување и дека најголемиот дел од производите останаа со исти цени.Тоа што само за неколку производи се намалија цените со незначителни суми е најголема потврда за неефикасната мерка, која беше лошо осмислена и им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред да стапи на сила.Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата на Мицкоски и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден.Бидејќи власта не планира да преземе конкретни и реални мерки СДСМ ќе поднесе закон за вистинско намалување на цените.Нема да дозволиме нашите граѓани да бидат жртви на празни ветувања и политички манипулации“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-12-at-15.09.15

Премиер, министри, пратеници да бидат само со македонско државјанство, СДСМ најавува иницијатива за законски измени

СДСМ најавува иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен услов, премиер, вицепремиери, министри и пратениците да можат да бидат лица кои само поседуваат македонско државјанство.- Бидејќи Мицкоски вели дека имало поголеми Македонци и помали а Божиновска била најголема Македонка, тие измени ќе бараме да важат веднаш, од актуелниот состав. Нашите институции мора да ги водат луѓе кои имаат само една држава, и лојалност кон само една држава, кон Република Северна Македонија. Време е оваа Влада да покаже дали сака вистински патриотизам или ќе се служи со лажниот и понатаму. Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот, на државата и на иднината на оваа земја. Затоа, бараме веднаш Божиновска да поднесе оставка и повикуваме сите граѓани да ја поддржат оваа иницијатива за да осигураме дека само луѓе кои искрено стојат зад државата ќе можат да ја водат државата, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-01-15-at-09.33.00

Од економската „експертиза“ на СДС во изминатите години може да се основа музеј и таму да се изложат сите нивни големи успеси со инсталација наречена „Дупка без дно“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на тоа економијата да застане на стабилни нозе и да се покачи животниот стандард на граѓаните. Само во првите 4 месеци има повеќе нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1600 вработувања“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Богданка Кузеска.„ВМРО- ДПМНЕ со своите мерки, постигна намалување на трошоците за храна и пијалоци за 5%, односно околу 1000 денари месечно, додека на годишно ниво тоа резултира со заштеда до 18000 денари за едно домаќинство, истовремено обезбедувајќи раст на платите и пензиите.ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите наставниците и професорите за 5 % уште во октомври годинава и секоја година ќе растат со тенденција за раст од минимум 46 % вкупно до 2028 година.Навиката на СДС е да прават театар таму каде што го нема.СДС доколку имаше срам ќе направеше реформи во својата партија, но навиката не им го дозволува тоа.На македонските граѓаните не им се потребни евтини политики, и покрај тоа што народот ги казни СДС, нивната беда не престанува.ВМРО-ДПМНЕ обезбеди повисоки пензии, ги исплати заостанатите плати, постигна историски договор за платите на наставниците, ја прошири позитивната листа на лекови, обезбеди учебник за секое дете.ВМРО-ДПМНЕ со замрзнување на маржите ги заштити граѓаните да не плаќаат повеќе од реалното.ВМРО-ДПМНЕ не дозволи само одредени групи да се збогатуваат на грбот на граѓаните.Економските мерки на ВМРО-ДПМНЕ даваат резултат на долгорочен план.СДС да научи дека дека економијата е наука за заштита на средствата на граѓаните, а не печатница за пари за нивни лични интереси.СДС не може да ја замајува јавноста со лажно зголемување на плати и предизвикување инфлација и обезвреднување на парите.ВМРО-ДПМНЕ не прави долгови на штета на идни генерации. ВМРО-ДПМНЕ работи за секоја генерација да живее достоинствен живот. СДС ја уништија државата и го разрушија системот. СДС да ја научи лекцијата дека со лага не се станува ага“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-31-103317

(Видео) Оставка од Божиновска, побара СДСМ и најави иницијатива за фунционер да може да има само македонско државјанство

„Сања Божиновска, која што е вмешана во бројни скандали, продолжува да ја лаже јавноста. Денеска прашуваме: Како можеше Божиновска да го излаже народот за своето бугарско државјанство? И што вистински се крие зад нејзините мотиви за негово добивање? Јавно беше објавен документот со кој таа самата потврдува бугарска самосвест, и тој документ носи нејзин личен потпис. Ова ја разобличува нејзината лага дека „адвокати и ја потпишале изјавата“, рече Богданка Кузеска- портпаролка на СДСМ.„Дополнително, нејзиното тврдење дека бугарско државјанство добила за економски причини е далеку од вистината. Бугарија не беше членка на ЕУ во 2004 година, кога Божиновска го добила државјанството. Економските можности во Бугарија беа послаби од оние во Македонија во тоа време. Ако економски причини не се причината, тогаш прашањето е: кои се вистинските мотиви? Дали навистина има бугарски национални чувства кои ја мотивирале на ваков чекор?Додека Мицкоски тврди дека се бори против вклучувањето на Бугарите во уставот, тој очигледно нема проблем со државни функционери кои поседуваат бугарско државјанство во најтесното опкружување на Владата. Ова е лицемерие на највисоко ниво кое ги погодува сите граѓани и отвора многу прашања. Колку уште лица во тесното владино опкружување имаат двојно државјанство, и дали тие служат на интересите на Македонија или на странски интереси?Затоа, СДСМ ќе поднесе иницијатива за законски измени со кои ќе се постави јасен и конкретен услов - премиер, вицепремиери, министри и пратеници во Република Северна Македонија да можат да бидат лица кои поседуваат само македонско државјанство.Бидејќи Мицкоски вели дека имало поголеми Македонци и помали а Божиновска била најголема Македонка, тие измени ќе бараме да важат веднаш, од актуелниот состав.Нашите институции мора да ги водат луѓе кои имаат само една држава, и лојалност кон само една држава, кон Република Северна Македонија. Време е оваа Влада да покаже дали сака вистински патриотизам или ќе се служи со лажниот и понатаму.Нашиот став е јасен: политичарите мора да бидат лојални на народот, на државата и на иднината на оваа земја. Затоа, бараме веднаш Божиновска да поднесе оставка и повикуваме сите граѓани да ја поддржат оваа иницијатива за да осигураме дека само луѓе кои искрено стојат зад државата ќе можат да ја водат државата“, изјави Богданка Кузеска- портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

bo-kuzeska

(Видео) Фијаско на замрзнатите маржи – Владата без решение за високите цени, рече Кузеска

„Сведоци сме на уште едно разочарување од страна на Владата на Мицкоски. Со голема помпа најавената мерка за замрзнување на маржите требаше да биде спасот за граѓаните од виоките цени. Мерката заврши, а граѓаните не ја ни почуствуваа дека постоеше“, рече Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.„После еден месец од примената на оваа мерка, граѓаните почувствуваа само разочарување. Синдикалната кошничка се намали за симболични 57 денари - толку се „заштедило“ за еден месец. По ова легитимно е прашањето, дали ова е сериозна економска политика или само замајување на јавноста?Цените во маркетите за најголемиот дел од производите останаа исти. Неколку производи се намалија за незначителни суми, но тоа граѓаните не го почувствуваа. Ова не е случајност, неефикасната мерка е последица на лошото и непромислено работење на Владата.Мерката не беше добро подготвена, а Владата им дозволи на трговците прво да ги зголемат цените пред нејзиното стапување во сила.Нереалните трошоци кои ги имаат граѓаните заради слабите политики на Владата и нереалните цени се товар семејствата и родителите секој ден. Просечната плата, наместо да расте, се намали за 1.000 денари, а четиричлено семејство има потреба од најмалку 61.249 денари за основните потреби.Граѓаните се принудени да одбираат - дали да купат основни прехранбени производи или да ги платат сметките? Секој ден е битка за достоинствен живот, а оваа Влада не понуди никакво решение, ниту план.Граѓаните заслужуваат стабилност и поддршка во овие тешки времиња.Затоа, поднесовме Закон за зголемување на минималната плата на 450 евра, но Владата го одби. Одбивањето на оваа мерка е истовремено одбивање на пристоен живот за илјадници наши сограѓани. Ќе продолжиме со нашата борба и повторно ќе го поднесеме Законот, затоа што подобриот животен стандард не е луксуз - тоа е право на секој граѓанин.Сега, кога Владата покажа дека нема ниту стратегија, ниту волја да ги реши овие горливи проблеми, СДСМ најавува дека ќе поднесеме закон за вистинско намалување на цените. Ова нема да биде уште една мерка за „мачкање очи“ - ова ќе биде вистинска и реална мерка за намалување на цените. Нема да дозволиме нашите граѓани да бидат жртви на празни ветувања и политички манипулации.Секој човек е важен - секој родител кој се труди да ги нахрани своите деца, секој млад кој сака да остане во земјата и да гради своја иднина тука, секој пензионер кој треба да ужива во плодовите на својата работа.Граѓаните заслужуваат Влада која ќе работи за нив, која ќе покаже одговорност и посветеност. СДСМ е тука за секој од вас, и нема да запреме додека не обезбедиме подобар живот за сите“, изјави Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-28-6180PM

Нов ден, ново погазување на ветувањата: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја гради пругата кон Бугарија по истиот проект, вели СДСМ

„Секој ден ВМРО-ДПМНЕ си погазува по едно ветување и ретерира од своите позиции. Најновата вест е дека пругата кон Бугарија која беше слеп тунел, која не беше приоритет за Николоски и Мицкоски, која беше криминална и за кој требаше да се прави нова траса ќе се прави онака како што беше планирано претходно“, соопшти СДСМ.„Нема никаква измена во планот за градба и ова е практично уште едно признание за работењето на Владата на СДСМ и стратешките проекти кои реализиравме за граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ освен што се фали со проектите на СДСМ и си ги погазува сите ветувања засега нема реализирано ништо значајно или ново за граѓаните.Од историски криминал, коридорите на Бехтел и Енка станаа историски значајни проекти, слепите тунели прогледаа, а наводните криминални зделки сега се добри за ВМРО-ДПМНЕ.Очигледно ВМРО-ДПМНЕ се што сакале е само да бидат СДСМ и да може да се пофалат дека нешто важно сработеле за земјата бидејќи засега немаат ниеден свој проекти ниту автентична политика“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-11.48.55

Освен лажните сертификати, Христовски нема ниту 5 години стаж на раководна позиција, велат од СДСМ

„Скандалот со незаконското поставување директор на АНБ се проширува. Документи доставени до нас од свиркачи покажуваат дека Бојан Христовски нема вкупно 5 години стаж на раководна позиција, што е законски услов за да може да биде директор на АНБ“, соопшти СДСМ.„Станува збор за изводи од Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, од кои со малку математика може да се оспори и главниот услов за негово назначување.Медиуми во Македонија и во Бугарија веќе покажаа дека Христовски нема ниту вистински сертификат за Англиски јазик, што е исто така законски услов кој не е исполнет.За да стане директор свесно употребил фалсификуван документ и тоа е кривично дело.Во меѓувреме се редат кривични пријави за лажни сертификати. Се дозна дека две директорки се веќе казнети за лажни сертификати од истото место каде што е сертификатот на Христовски, компанијата Јулија ЦО ЛТД.Ова се премногу спорни моменти и незаконитости и надлежните институции нема што да чекаат туку треба веднаш да постапуваат, МВР да му поднесе кривична пријава на Христовски а Обвинителството што побрзо да го расчисти целиот случај.Законот мора да се почитува а професионализмот на АНБ да се заштити“, се додава во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-11.48.35

Каде бил Христовски на денот кога тврди дека полагал англиски јазик, прашува СДСМ

„СДСМ поднесе иницијатива со којашто бараме свикување на отворена седница на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ. На ова седница, отворена за јавноста треба да биде поканет директорот на АНБ и да даде одговор на сите прашања и основани сомнежи за неговото незаконско поставување, но и основани сомнежи за прекршување на законите“, велат од СДСМ.„Едно од тие прашања е врз основа на информацијата којашто е доставена до нас од свиркачи за тоа каде бил Бојан Христовски на денот кога тврди дека полагал за сертификат по англиски јазик?Одговорот на ова прашање очекуваме да ги потврди основаните сомнежи за овој скандал.Седница на Комисијата за надзор на работата на АНБ е неопходна за јавноста да може да се увери дека после оставката на членовите на Комисијата за помилување, треба да следи уште една оставка на Бојан Христовски а потоа и да следи одговорност“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-30-084749

Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати како тој на Христовски, Обвинителство мора да реагира, бара СДСМ

„Се редат пријави за лажни ТОЕФЛ сертификати од Пловдив, Бугарија. Медиумите јавуваат за поднесени нови пријави до ЈО како и за веќе завршени судски пресуди на директорки на јавни установи кои по кривична пријава од МВР се казнети затоа што приложиле сертификат од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“, соопшти СДСМ.„Станува збор за истото место и истото правно лице од каде што е и сертификатот на партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски.За случаите со двете директорки, МВР постапило и воопшто не чекало да се изјасни Државната комисија за спречување на корупцијата туку реагирале.МВР и Тошковски и во случајот со Христовски треба да реагира на истиот начин. Да не чека туку неселективно да постапи по закон и да му поднесе кривична пријава за основано сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистината содржина“.И Јавното обвинителство мора да реагира, согласно своите надлежности да отвори истрага за утврдување на одговорност за скандалот со незаконското поставување на директор на АНБ.СДСМ поднесе иницијатива и бараме свикување на собраниската Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР на којашто ќе биде поканет директорот на АНБ и ќе даде одговор на сите прашања и основани сомнежи“, се додава во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

filipce-galetanovski

Галетановски е нов претседател на Градската организација на СДСМ Скопје

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го назначи Ѓорѓи Галетановски за нов Претседател на Градската организација на СДСМ Скопје.„Ѓорѓи е млад и амбициозен човек, со свежи идеи и желба за работа, со успешен професионален ангажман зад себе. Веруваме дека ќе донесе нова енергија во работата и функционирањето на Градската организација на СДСМ“, вели Филипче.

Македонија | пред 1 година

Slavjanka-P-1

(Видео) ДПМНЕ го одбра тренерот по кик бокс за директор и не почестија со фалсификуван сертификат, рече Петровска

„Поминаа првите 100 дена на новата власт, но на нивната неспобност не и се гледа крајот. Напротив, секој ден сме сведоци на скандали, потреси, но и лаги. Една по една доаѓаме до нивната најголема лага, а наша реалност: државата никогаш не им била важна, само власта“, рече Славјанка Петровска од СДСМ.„Именувањето на директорот на Агенцијата за национална безбедност под сомнителни околности и со сомнителен сертификат за познавање на англиски јазик е најголемиот срам, но и понижување на државата и на професионалците кои животот и работниот век го посветија во безбедносно-разузнавачката заедница.Од сите професионалци кои ја градеа оваа заедница, дпмне го одбра тренерот по кик бокс за директор и не почестија со фалсификуван сертификат.Агенцијата за национална безбедност денес не е истата онаа од времето на Горан Грујоски и Сашо Мијалков, денес оваа Агенција има углед во НАТО безбедносно разузнавачката заедница и е вклучена во активности и проекти од стратешки интерес за државата, но и НАТО приоритетите. Но, очигледно дека ДПМНЕ дава се од себе овој углед да го уништи и да го врати како во времето на фамилијата.И токму затоа имаме многу прашања кои се од значење за иднината на државата кои во интерес на јавноста сакаме јавно да ги поставиме и да добиеме одговори.Едно од тие прашање е добиено од свиркачи, вработени безбедносно-разузнавачката заедица, и е следно: каде бил Бојан Христовски на денот на полагањето? Каде престојувал, неколку дена пред датумот на полагањето. Но, и многу други поврзани со неговите сегашни активности во Агенцијата. Како на пример, што тој знае за скандалозните помилувања?Бидејќи ова се прашања од јавен интерес, јавноста, граѓаните и тие 500.000 што гласаа за ДПМНЕ и Силјановска на последните избори, и веќе се каат, но и сите граѓани на Република Северна Македонија имаат право да ја знаат вистината.Токму затоа денес поднесовме иницијатива до претседателот на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР за свикување на седница на која ќе биде поканет директорот на АНБ и ќе даде одговор на овие, но и други прашања.Бараме оваа седница да биде отворена за јавност за да може да биде сведок на поставените прашања, но и дадените одговори.Од таа седница јавноста ќе може да се увери дека после оставката на членовите на Комисијата за помилување, кои беа наместени од структури на ДПМНЕ, треба да следи уште една оставка, овој пат во интерес на државата, а не партијата на власт“, изјави Славјанка Петровска од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-30-084749

Две директорки осудени за лажни сертификати како на Христовски, Обвинителството мора да постапи, бара СДСМ

„Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија“, велат од СДСМ.„Тоа е од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски.За случаите со двете директорски институциите постапиле и не чекале ниту да се изјасни ДКСК, ниту јавно некој да ги повикува, МВР поднело кривични пријави и лицата се осудени.Сега зошто Панче Тошковски не постапува, по ист пример и за исто дело, употреба на исправа со невистината содржина? Зошто МВР нема поднесено кривична пријава за Христовски?Тошковски штити некој што прекршува закон? Или за него партиската припадност на Христовски е карт бланш дека не смее да биде гонет?МВР би требало да има исти критериуми и да постапува по закон, неселективно а не да штити прекршување на законите.Го повикуваме Тошковски да почне да ја работи работата за којшто е платен од граѓаните.Јавното обвинителство не треба да чека, согласно своите надлежности трева да постапи и да отвори истрага за утврдување одговорност на Христовски за овој скандал со незаконско поставување на директор на АНБ“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

koridor-deset34

СДС е распадната структура, коридорите и беа маска за полнење на сопствените џебови, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Во СДС се далеку од реалноста и се дезориентирани. Политичката сцена бара сериозност и одговорност, а СДС наметнува реторика без суштина. СДС е само распадната структура која нема кредибилитет, компетентност, ниту има слух за проблемите на граѓаните и нивно решавање“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Благој Бочварски.„ВМРО ДПМНЕ не игра на карта на тврдоглавост, туку работи во интерес на граѓаните. ВМРО – ДПМНЕ никогаш не е против коридорите, планот е јасен, коридорите се неопходни за поврзување и развој на Македонија.ВМРО-ДПМНЕ не е против реализирање на проекти. За ВМРО-ДПМНЕ е клучен начинот на реализирање на проектите. ВМРО – ДПМНЕ со домаќинското работење покажа дека всушност коридорите може да се реализираат со намалување на средствата. Со коридорите Македонија ќе има значајна улога во транспортната и енергетската инфраструктура на европската мапа.СДС е поим за најнеодговорна партија и партија која се грижи само за корупција и за сопствените интереси.СДС на 8 мај доби црвен картон од граѓаните и време е да ја научи лекцијата. СДС мора да ја прифати реалноста, нивното време заврши!“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-29-135356

Разговараа ли Мицкоски и Борисов за пачките злато и оставката на Николоски, прашува СДСМ

„Премиерот Христијан Мицкоски се пофали дека телефонски разговарал со Бојко Борисов, му ја честитал победата и изразил оптимизам дека ќе успее да формира влада. Но, само пред еден месец јавноста во Македонија слушна меѓусебни отровни искази, навреди, барања за оставки на релација Борисов – Александар Николоски. Па дури и обвинувања за криминал“, велат од СДСМ.„Николоски споменуваше „златки пачки“ и „стотици илјади евра“ како одговор на барањето на Борисов за негова оставка.Затоа, логично е прашањето дали во овој телефонски разговор Мицкоски го прашал Борисов за неговото барање оствка од Николовски и за пачките злато?Имајќи ги предвид односите меѓу двете земји, Мицкоски треба да излезе и да одговори пред јавноста.Ако не разговарале, тоа значи дека двојните аршини, политичкото лицемерие и лажењето на граѓаните се единствена константа и одлика на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања